Авторски права

Со испраќање на ракописите, авторите се согласни да се придржуваат до следнава Политика за авторски права на списанието Macedoniae acta archaeologica:

  • Авторите ги доделуваат авторските права на списанието.
  • Авторите се одговорни за содржината на ракописите.
  • Поднесокот да не е претходно објавен, ниту предаден во друго списание за разгледување, без разлика на јазикот на кој е објавен или доставен ракописот.
  • Ако поднесокот има повеќе автори, еден од нив мора да биде идентификуван како автор одговорен за контакт со Macedoniae acta archaeologica. Соодветниот автор изјавува дека сите коавтори се согласуваат со поднесокот, се информирани за процесот на рецензирање и се согласиле со конечната верзија на ракописот и нивната позиција во списокот на автори.
  • Кога се користи материјал кој не е сопственост на авторите, истите треба да поседуваат дозвола од сопственикот на авторските права пред поднесувањето.

Авторите изјавуваат дека се согласуваат со Политиката за отворен пристап на списанието Macedoniae acta archaeologica.