Поднесоци

Најава или Регистрација да направите поднесок.

Список за проверка за подготвување на поднесок

Како дел од процесот на доставување, од авторите се бара да ја проверат усогласеноста на поднесувањето со сите следни ставки, а поднесоците може да им бидат вратени на авторите кои не се придржуваат до овие упатства.
  • Текстот треба да се достави во електронска форма на следната е-маил адреса: contact@macedactaarchaeol.mk
  • Текстот кој се предлага за печатење треба да биде отчукан во MS Word во фонт Times New Roman со македонска поддршка, со големина на букви 12, со растојание меѓу редовите 1,5. Текстот не треба да е подолг од 15 страни. Доколку користите старогрчко, старословенско или други специфични писма, доставете го и фонтот кој го користите.
  • Во текстот да не се користи Tab, Numbering and Bullets.
  • Пагинацијата се става доле десно на страната.
  • На првата страна, горе лево се пишува име и презиме на авторот со големи букви, а под него полното име на институцијата со мали букви. Насловот на текстот се пишува на средина со големи букви.

Упатства за авторот

Пример:

 

ГОРАН  САНЕВ

Музеј на Македонија - Скопје

 

НОВИ НАОДИ ОД ГОРНО ПОЛЕ - БАЛАБАНИЦА, ШТИП 

                                  

 

  1. Ве молиме за пократки и концизни наслови.

 

  1. Не се приложува апстракт.

 

  1. Забелешките се внесуваат доле, на крајот од страната. Тоа го постигнувате преку: Reference/Insert Footnote. Забелешките се пишуваат со големина на букви 10. Бидејќи на крајот на текстот се доставува комплетна користена библиографија, заради поедноставување и унифицирање Ве молиме да се придржувате до следните правила за цитирање:

 

- Ве молиме да го запазите правилното акцентирање на странската литература (француска, грчка итн.). За цитирање на делата напишани на грчки јазик доколку сакате да го избегнете акцентирањето, може презимето и името на авторот да го напишете на латиница, а во библиографијата насловот на делото кое го цитирате да го напишете со големи букви.

 

Пример:

Δρύγου Σ., 1992, Ανασκαφή Πέλλας 1957-1964. Οι πήλινοι λύχνοι, Αθήναι

Drougou S., 1992, ΑΝΑΣΚΑΦΗ ΠΕΛΛΑΣ 1957-1964. ΟΙ ΠΕΛΙΝΟΙ ΛΙΗΝΟΙ. ΑΘΗΝΑΙ

 

 

- Библиографските единици се наведуваат по азбучен редослед.

 

- за монографии:

Во библиографија (Б.) се пишува: презимето на авторот, иницијал од името, година на издавање, насловот на книгата, место на издавање.

Во забелешка (З.) се пишува: презимето на авторот, иницијал од името, година на издавање, бројот на страната, број на таблата или фотографијата на која се повикувате, по што следи коментар доколку имате.

 

Пример:

Во библиографија (Б.) Соколовска В., 1986, Исар-Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје.

Во забелешка (З.) Соколовска В., 1986, 121, Т. 42, 1.

 

 - за периодики, зборници и списанија

Во библиографија (Б.) се пишува: презимето на авторот, иницијал од името, година на издавање, насловот на текстот, името на периодиката, зборникот или списанието (полното име или официјалната кратенка), место на издавање, број на страни.

Во забелешка (З.) се пишува: презимето на авторот, иницијал од името, година на издавање, бројот на страната, на таблата или фотографијата на која се повикувате.

 

Пример:

Во библиографија (Б.) Темелкоски Д., 1999, Енеолитска населба Крушеанска Чука, Maced. acta archaeol. 15, Скопје, 33-47.

(Во забелешка З.) Темелкоски Д., 1999, 39, сл. 9.

 

- ЗА МОНОГРАФСКИ СЕРИИ:

- монографии кои излегуваат во серии кои се резултат од истражувањата на познатите школи или институти, како на пример: Agora, Corinth, Olynthus, Délos, Nea Paphos итн., покрај вообичаеното цитирање наведено погоре за монографии, можат да се цитираат и според името на серијата:

 

Пример:

Во библиографија (Б.) Agora IV = R. H. Howland, Greek Lamps and Their Survivals, The Athenian Agora IV, Princeton 1958.

Во забелешка (З.) Agora IV, 118, no. 492, pl. 18. 

 

- ЗА ЕДИЦИИ:

- за збир на трудови каде еден автор се јавува како главен едитор во библиографијата најпрво се наведува презимето на авторот, иницијал од името, година на издавање, насловот на текстот, па потоа името на едиторот, во загради едитор скратено, името на едицијата, број на страни, место на издавање.

 

Пример:

Во библиографија (Б.) Видески З., 2005, Бронзеното време на Вардарски Рид, во: Митревски Д. (ед.) Вардарски Рид Том I, Скопје, 91-115.

Во забелешка (З.) Видески З., 2005, 95.

 

ОДВОЈУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ АВТОРИ:

- двајца автори се одвојуваат со црта:

 

Пример:

Во библиографија (Б.) Хусеновски Б. - Спасовска Димитриоска Г., 1999, Вардарски Рид - Гевгелија, истражувања 1994 година, Maced. acta archaeol 15, 157-183, Скопје.

Во забелешка (З.) Хусеновски Б. - Спасовска Димитриоска Г., 1999, 160, Т. V, 1-7.

 

- во случај на повеќе од двајца автори се пишува првиот и други:

 

Пример:

Во библиографија (Б.) Санев В. - Симоска Д. - Китаноски Б. - Саржоски С., 1976, Праисторија во Македонија (Каталог), Скопје.

Во забелешка (З.) Санев В. et al., 1976, 49, сл. 370.

 

- доколку авторот објавил два труда во иста година тогаш и во библиографијата и во забелешките веднаш до годината на издавање на трудот се додаваат букви а и б итн.:

 

Пример:

Во библиографија (Б.) Митревски Д., 1988, Карактеристични форми на Македонски бронзи од наоѓалиштата по долината на Вардар, Maced. acta archaeol. 9, 83-103, Скопје.

Митревски Д., 1988а, Железнодопски наоди од Виница, Културно Наследство 12/13, Скопје

Во забелешка (З.) Митревски Д., 1988, 83.

                                Митревски Д., 1988а, 58.

 

  1. На крајот од текстот доставете ја својата e-mail адреса.

 

  1. Кратко резиме се доставува во посебен MS Word документ. На почетокот ги додавате истите информации за авторот, насловот на текстот (види точка 4). Должината на резимето зависи од големината на главниот текст. Ве молиме резимето да не е подолго од 2 страни.

 

 

Подготовка на илустративен материјал:

 

  1. Дигиталните фотографии или скенираниот илустративен материјал (цртежи, фотографии, слајдови, планови) се предаваат во JPEG или TIFF формат со резолуција од најмалку 300 dpi. Илустративниот материјал треба да е јасно означен. Фотографиите или таблите задолжително да ја имаат истата нумерација како во текстот. Ве молиме да не интервенирате на фотографиите или скенираниот материјал во Adobe Photoshop или било кој друг програм.

- Легендите за илустративниот материјал се доставуваат во посебен MS Word документ, насловен: Легенди. 

         

  1. Сите пристигнати трудови ќе подлежат на оценка на рецензенти, кои за таа цел ќе ги одреди редакцијата. Авторите ќе бидат известени за мислењето на рецензијата, по што сите текстови ќе бидат доставени на лектура на македонски јазик.

Статии

Section default policy

Изјава за приватност

Имињата и и-меил адресите внесени на страницата на ова списание ќе бидат користени исклучиво за наведените цели на ова списание и нема да бидат достапни за било која друга цел или на било кое друго лице.