За списанието
Macedoniae acta archaeologica е стручно списание на Македонското археолошко друштво. Во списанието се публикуваат извештаи од теренските истражувања на македонските археолошки локалитети, прикази и рецензии на книги и изложби, библиографии итн. Хронолошки се опфатени периодите од длабоката праисторија па сѐ до доцниот среден век. Првиот број на списанието е публикуван во 1975 година, излегува во временски интервал еднаш на две години.
Macedoniae Acta Archaeologica
Извештаи од теренските истражувања на македонските археолошки локалитети, студии, прикази и библиографии, од праисторијата до доцниот среден век.
- 1975
- прв број на списанието
- 2 год.
- излегува еднаш на две години
- 0 ден.
- без надоместок за поднесување и објавување
- OA
- отворен пристап, без ограничување
Поднесување трудови
Трудовите подлежат на рецензија од редакцискиот одбор. Пред поднесување, проверете ги правилата за подготовка на текст, цитирање и илустративен материјал во Упатството за авторите.
Содржините се архивирани во PKP Preservation Network, LOCKSS, CLOCKSS и во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје.