Macedoniae acta archaeologica 5 (1979) · стр. 141–149

Југословенско-полски археолошки ископувања на локалитетот Градиште кај с. Дебреште во 1977 г.

ЛОКАЛИТЕТОТ ГРАДИШТЕ КАЈ С. ДЕБРЕШТЕ ВО 1977 Г.

БОШКО БАБИЌ -- Прилеп

ВИТОЛД ХЕНЗЕЛ

ЈАДВИГА РАУХУТ

Во рамките на договорот за соработка меѓу Народниот музеј од Прилеп и Институтот за историја на материјалната култура на Полската академија на науките во Варшава, археолошките ископувања на локалитетот Градиште кај с. Дебреште во 1977 г. беа спроведени во времето од 31 август до 23 септември.1

Со односниве ископувања беше опфатен просторот западно од квадрантите истражувани во поранешните години? Главната цел при ископувањата беше насочена кон расветлување на откопаните делови на остатоците од градбата, кои И припаѓаат на откриената, во поранешните години, базилика од VI в. Со овие работи беше извршена експлорација и на некои квадранти во рамките на црквата И, на тој начин, да се овозможи нормално изведување на конзерваторските работи на откоцаните остатоци на некогашната градба. Со експлорацијата беа опфатени квадрантите 28 и 29 во секторот ју и 313, 293, 294, 295, 276, 257, 220 и 221 во секторот II. Во сите тие квадранти истражувањата беа изведени до нивото на градење во VI в., а само во квадрантот 276 дојде до слојот од IV/V в. На тој начин, добивме податоци што ни овозможуваат да се запознаеме со хоризонтите на градење и начинот на користење на тој дел од рановизантиската тврдина во следниве хронолошки оддели:

IV/V в., VI B., УШ/ТХ в., X—XI1B.,

со забелешка дека, најсиромашните информации се добиени во горенаведените хронолошки оддели под ги 3.

Од IV/V в. потекнува фрагментот на ѕид од камен, откриен во квадрантот 276 на длабочина од 621,04 до 620,98 м. Овој 5ид, со широчина од 1,12 м., се протега по оска исток-запад. Според начинот на градење, овој ѕид потсеќава на остатоците од зидовите откриени под апсидата на базиликата од VI в. во квадрантите 280 и 299. Врз основа на стратиграфеките односи и на гореизнесенава аналогија, можно е тој да се датира во ТУ/У в. Бројните фрагменти од зидови откриени во квадрантите источно од квадрантот 276 дозволуваат сугестија просторот на кој тие лежат да биде густо покриен од големи згради со дебели зидови.

Најинтересни резултати беа добиени во истражувањата на објектите од VI в. Посебно внимание заслужуваат податоците од експлорацијата на квадрантите 276 и 257, а и сто така и квадрантите 313, 295 и 294. Во квадрантите 276 и 257 беше откриен источниот дел од градбата, кој е од кршен камен и варов малтер. Источниот ѕид на таа градба, од внатрешната страна, бил долг 5,10 mM. Самите зидови се проучени до длабочина од околу 1,20 м. Нивната максимална ширина изнесува околу 0,80 м. Таа градба од источната страна морала да има галерија. Платформата без столбови на источната галерија се наоѓала на длабочина од 620,38 м. Од некогашната колонада е зачувана единствено, in situ пронајдена, база, на колумната на оддалеченост од 2,40 м. од југоисточниот агол на градбата. Ходникот на источната галерија бил широк околу 1,00 м. До него водел влез поставен на растојанија од 2,00 м од југозападниот агол на градбата. Влезот бил широк 0,90 м. Самиот ходник, веројатно под себе, имал приземен затворен дел. На траги од под на овој приземен дел нандовме во северниот дел од квадрантот. Врз основа на овие траги, може да се заклучи дека тој под бил изведен во облик на калдрма. Долниот дел од влезниот отвор бил, до висина 0,40 м. исполнет со слој темножолта земја. Над него се наоѓале неколку слоја камења измешани со парчиња искршени тули. Тие слоеви биле фиксирани како зидна маса со варов малтер. Всушност, тоа бил остаток од 3аѕНАаН влез. Според извесни индикации, може да се насети дека оваа градба во еден период останала напуштена и дури во подоцнежно време, по адаптацијата, била повторно користена. Во земјата што се наоѓаше во внатрешноста на галеријата беа најдени многубројни фрагменти од стаклени садови, меѓу кои помал број со рачки, како и фрагменти од стаклени прозорци. Внимателната обработка на зидовите од градбата, како и содржината на културните слоеви поврзани со неа, укажува дека оваа градба имала некоја поважна функција.

На исток од градбата, во квадрантите на откриените два слоја ѕид од камен широк 0,60 м., поставени во горниот АСА на културниот стратум III. Хронолошки, тој ѕид е современ со втората фаза на погоре опишаната градба со галеријата.

Од самата таа фаза потекнува дел од зидовите откриени во квадрантот 295. Всушност, тоа е северозападниот агол на градбата, чијшто северен зид, откриен во 1976 г. се зачувал во квадрантот 296. Тој бил широк 0,60 м., а неговата круна се наоѓала на длабочина од 621,13 до 621,25 м. Јужниот зид од градбата, која во втората фаза од користењето на црквата била прилепена до западниот ѕид на нејзиниот нартекс, не е зачуван. Северозападниот ѕид на градбата е оштетен во моментот на градењето на гробницата 71, благодарение на што можеше да се постави заемна хронолошка релација меѓу камената градба и гробницата. Во западниот дел од самиот квадрант беа откриени остатоци на уште конструкции. Во северозападниот дел беше пронајден фрагмент на зид од камен широк 0,60 м., изграден во втората фаза од функционирањето на црквата. Во самиот тој квадрант, се зачувани елементи поврзани со третата фаза од егзистенцијата на црквата. Тоа е всушност, вид под од варов малтер откриен на длабочина од 621,24 м., со површина 084110 м., поставен врз слој кршен камен, чукани тули и варов малтер, во јужниот АСА од тој квадрант, како и во соседниот квадрант 294, на длабочина од 620,27 Ао 620,62 м., беа најдени четири камени плочи, кои всушност претставувале капак на гробницата 73. Двете средни плочи беа пукнати. За време на градењето на источниот дел од гроб-

Источен дел од градбата со столбови во квадрантите 276 и 277
Источен дел од градбата со столбови во квадрантите 276 и 277

ницата незначително била оштетена западната фасада на градбата откриена во квадрантот 294. Самата гробница, со длабочина околу 0,90 м, била изградена од кршен камен и парчиња тули без варов малтер како спојувач. Нејзината основа била трапезоидна, со димензии: должина 2,50 м.; ширина 1,27 м. (кај главата) и 1,20 м. Скелетот е сочуван делумно. Неговиот горен дел покажува знаци на испревртување. Черепот и долните завршетоци лежеле во исправена хоризонтална позиција на камените плочи. На черепот, под него и во негова близина се пронајдени златни нишки од некоја разложена ткаенина. Во земјениот насип на гробницата, меѓу другите, беа пронајдени и фрагменти од стаклени садови. Нејзиниот стратиграфски состав покажува дека таа временски се поврзува со третата фаза од егзистенцијата на црквата.

Со оваа трета фаза сигурно се поврзува и камената конструкција откриена во квадрантите 313 и 294. Тоа е зид широк 0,70 м, откриен во западниот дел од тие квадранти. Тој веројатно претставува остаток од градбата чии преостанати делови се наоѓаат западно од него. Откопани во самите квадранти, камените реликти поврзани со варов малтер, со видливи траги на ѕидно малтерно платно, сигурно претставуваат остатоци од ѕидни површини настрадани за време на руинирањето. Од другите градби од истото време можеме Аа ги посочиме зидовите откриени во северниот АСА од квадрантот 294 и во јужниот дел од квадрантот 313. Во случајов не е можно Аа се исклучи веројатноста дека, двата споменати зида се остатоци од ограда на двор. На самото тоа ниво откриените остатоци на конструкцијата, со потковичеста основа, изведени од поединечно наредени камења, во квадрантот 294, можеби претставуваат остаток од некој објект наменет за продукција, кој функционирал во погоре сугерираниот двор.

Експлорацијата на квадрантот 220 е спроведена до најдлабоката точка на котата 620,77 м, па затоа не успеа да се фати нивото на лежиштето на откриениот, помалку или повеќе, во средишниот дел од квадрантот, на камениот ѕид со незначителна сферна линија на основата. Во неговиот западен дел беше откриена правоаголна гробна циста на недоносче (гроб 69) за чија конструкција бил искористен фрагмент од руината на тој ѕид.

Околноста дека таа гробна циста е изведена од керамички плочки и камења од урнатиот зид од градбата од VI в. покажува дека тој зид за време на градењето на гробот бил во стадиум на значително поодмината девастација. Димензиите на гробот се 0,670,36 м. Во неговата внатрешност, на дното, во неговиот западен дел беа пронајдени остатоци на череп од недоносче, а во преостанатиот дел неколку растурени ковчиња од неговиот скелет. Недостатокот на анатомскиот склад на скелетот укажува дека тој гроб можел исто така да биде ограбен. Во југозападниот агол на тој квадрант беа откриени другите делови од камениот ѕид на баптистериумот. Во квадрантот 221 континуираните работи беа извршени со цел да се открие продолжението на зидот од баптистериумот. Другата задача на оааа континуирана работа се однесува до испитувањето на градбата ІТО е прилепена до баптистериумот. Испитувањата на ова место беа извршени до длабочина на котата од 620,61 м. (источниот дел од квадрантот). Тука беше откриено лежиштето на баптистериум cruotsug пронајден во овој квадрант. Се покажа дека и тој се наоѓа во иста стратиграфска позиција како и базиликата. Од тоа произлегува дека, и баптистериумот бил изграден истовремено со базиликата. Северно од споменатиот ѕид беа откриени остатоци од камена калдрма што некогаш ја покривала површината непосредно до баптистриумот. Меѓутоа, откриениот зид во северниот дел на квадрантот она делумно поставен врз оваа калдрма. Тоа значи дека треба да се поврзи со втората фаза од егзистенцијата на базиликата.

Во врска со конзерваторските работи, при ликвидирањето на некои контролни профили беа откриени подолу опишаните елементи сврзани за изградба од VI в. Во јужниот дел од нартексот беше откриена гробната циста 70, со трапезоидна основа, изградена од тула и варов малтер во пет редови, со под од исти такви тули. Таа циста била покриена со две камени плочи. Западната плоча била покриена со слој камен, фрагменти од тули и варов малтер. Димензии на тулите: 29537 4,5 см.; 383054 см.; 38 30,54 см.; 37,5 28,5 х 4,5 см. Веројатно на сличен начин била покриена и источната покривна камена плоча. Слојот на источната плоча бил отстранет, секако, во моментот на ограбувањето на гробот. Постоењето на тој слој над гробот ја наметнува мислата дека гробот би можел да биде покриен со некол или некои украсни плочи, или дека бил издигнат над нивото од подот на нартексот. На источната плоча, на нејзиниот источен A€A,HaofaMe кружен отвор со пречник од 0,4 см. По вадењето на плочата беше утврдено дека од нејзината внатрешна страна постои врежан рамнокрак крст. На дното од гробот беше најден скелет без глава, а со градниот кош на западната страна. Беше регистрирана повреда на десната тибија и фибула, како и недостаток на хумерусот, радиусот и улната на левата рака. Скелетот бил положен на плеќи, со десната рака свиткана во лактот и со дланките на карлицата на длабочина од 620,59 до 620,54 м. Димензиите на гробот пред откривањето изнесувал: должина 2,30 м и ширина 1,15 м. По вадењето на плочата се покажа дека гробот е длабок 0,40 м. Експлорацијата на контролниот ѕид ОА северниот ѕид на нартексот, покажа задебелување на зидот на тоа место во ширина на зидот од наосот. Тоа задебелување можеби претставувало подест за скала што се наоѓала.

Во квадрантот 257, на длабочина од 62093 м., во основата се покажа кружна темно сива флека со пречник од околу 1 м. По неј- 3ННОТО испитување беше утврдено дека, на тоа место се наоѓала тука. јама, приближно округла со рамно дно на длабочина од 0,40 м. до нивото на регистрираната темно сива флека. Нејзината содржина освен земја, имала уште многу парчиња коски од животни како и фрагменти од керамички садови, а меѓу нив се наоѓале и фрагменти кои оринтационо можно е да датираат од VIITI—IX в. Оваа јама можеби претставувала магацин на зрнеста храна во дрвена зграда, подигната на површината од земјата, или нешто под површината. Од таа зграда не се зачувани никакви траги.

Ископувањата на квадрантите 221 и 295 покажува дека некрополата со закопани покојници во пределот на базиликата, датирана во X—XI в. евентуално и во горната временска граница во втората половина на XII в. се протегала понатаму на запад и север, што порано не беше претпоставено. Во квадрантот 221, на длабочина од 622,42 м., беше откриен гроб со делумно зачувана камена конструкција покрај главата на покојникот. СКеЛеТОТ почиваше во анатомски склад, поставен на грб, со глава на западната страна, незначително свртен на лево. Десната рака беше свиткана во лакотот и положена врз горниот АСА од градниот кош, а левата врз карлицата. Во овој гроб не беа откриени гробни дарови.

Во квадрантот 295, на длабочина од 621,39 м. се наиде на остатоци од камена конструкција. По ископувањето се покажа дека тој наод по обликот на конструкцијата, потсеќава од Х--ХТ в., евентуално XII в., на откриените гробови од другите квадранти. Во случајот на таа градба биле искористени остатоците од веќе постојниот каменен 5ид, т. е. за време на градењето на гробот тој дел од зидот бил оштетен. Камените плочи на гробната циста се зачувани само во западниот дел, на длабочина од околу 1 м., ширината на гробот изнесувала 0,60 м. Во тој леа содржината на гробот имала освен земја, траги на палеж, голем број камења од разна големина како и ситни коски на животни. Не беа пронајдени никакви траги од скелет. Може да се претпостави дека тоа бил гроб од типот кенотаф, над кој биле вршени погребни свечености.

Од тоа време е и откриениот гроб 72 во контролниот ѕид ВО квадрантот 279. Гробот бид закопан во ѕидот што го дели централниот брод на базиликата од северниот брод. Скелетот беше најден во анатомски склад со десната рака свиткана во лакотот и поставена врз горниот АСА од градите, а левата вра карлицата. Главата беше на западната страна на длабочина од 620,82 mM.

Најинтересно откритие даде завршното истражување на гробот 44, пронајден во квадрантот 299. Се покажа дека во гробот со камена конструкција се наоѓаат два скелета. Постариот скелет, 44a ВО моментот на повторниот закоп бил нарушен. Скелетот 44 се наоѓаше во анатомски склад со глава на западната страна, со десна рака свиткана во лакотот и положена врз горниот дел од градите, а Лсвата, веројатно, врз карлилацата. Меѓу коските на скелетот беа пронајдени ситни коски на недоносче, што пакажува дека покојната пред да умре можела да се наоѓа непосредно пред или по породувањето. Кај черепот и под него беа пронајдени по една сребрена алка. Близу до коските од левата рака беше откриен сребрен прстен, а во пределот на левиот колк 5 сребрени монети, кои во моментот на закопувањето, најверојатно, се наоѓале во кесе приврзано за појасот. Алките од сребрена жица со неспоени краишта, имале надворешен пречник од 2,3 и 2,4 см. а внатрешен 1,9 см. Прстенот бил изведен од сребрена лента широка 0,4 см., украсена на надворешната страна со ребра. На рамната плоча, со тркалеста глава, се наоѓаат три гранули. Пречникот на прстенот е 1,5--2 см. Сите монети потекнуваат од пет емисии на византискиот владетел Михајло VII и неговата жена Марија (1071-1078).

Од посебните подвижни споменици, покрај горниве, внимание заслужуваат неколку примероци на римски и рановизантиски бронзени монети, фрагменти на рановизантиски фибули, бронзени приврзоци во облик на алки, керамичка ламба со натпис на дното, од коски или рог корица во фрагменти и поголем број делови од стакло. Покрај ова беа пронајдени поголем број парчиња од згура и стопено железо што зборува за локалното производство на железни предмети.

Ископувањата во 1977 г. дадоја нови вредни податоци кои до- 3ВОАУВааТ Аа се збогати нашето знаење 3a изградбата и користењето на проучениот дел од тврдината. Тие истражувања овозможија и верификација на порано формулираните хипотези. Најмногу податоци беа добиени за познавањето на станбената егзистенција во периодот на VI B., пред се изгледа дека градењето на базиликата треба да се датира кон средината на VI в., а можеби и нешто порано. Се покажа дека пред користењето на еден АСА од базиликата за гробна капела на некрополата од Х—АХІ в. и евентуално и првата половина од ХП в. таа има најмалку три фази на функционирање. Слична ситуација може да се следи и во делот на баптистериумот, како и во делот што служел за живеење во тие времиња. Од тие три фази на егзистенција на базиликата потекнуваат и пронајдените гробови во неа и околу неа. Најинтересен нов елемент од археолошките откритија во 1977 година претставува делот од камената градба со галерија, веројатно објект од поголемо јавно значење. Понатаму беше потврдено дека во базиликата и во нејзиното соседство, во овој ран визанчиски период биле погребувани само покојници од ВИШИОТ опште-. ствен сталеж. Сите покојници биле закопувани во многу солидно града- " ни гробници, понекогаш со трапезоидна основа. Повторното покривање на гробниците со камени плочи по извршениот грабеж, покажува не:.. само едеинствен принцип за време на грабежот, туку исто така факт: се дека, грабежот бил извршен во период што не е многу далеку Ох2 моментот на закопувањето. ГА

Со овие истражувања се потврди порано изнесената сугестија“ дека рановизантиската тврдина во. овој дел од истражениот простор, за време на својата егзистенција, била густо изградена. y

За познавањето на минатото на локалитето Градиште/би“ би бидо од посебна важност кога предложеното од нас датирање на откри: еНаТа јама, во квадрантот 257 во VIII—IX в., би се лево КОЊ Со. ІТО би се покажало дека некои делови од, тврдината од тоа време. биле населени од Словени. ОТИ Многу се ценети податоците за познавањето на хронологијата на некрополата од X—XI B., евентуално од првата половина на XII в., добиени во завршниот дел од истражувањата на гробот 44. Монетите што се пронајдени ни овозможуваат доста сигурно датирање на закопувањето во овој гроб во втората половина на XI в.

Постигнатите резултати укажуваат на оправданоста од прифиќање. на планот за досегашните истражувања. Нивната јасност и прецизност ја овозможуваат и скиците на програмите за археолошките ископувања во идните години. Во натамошниот период археолошките истражувачки работи ќе бидат спроведени по оската кон запад .

Други соработвници: Соња Зоговиќ, кустос при Народниот музеј во Прилеп, и Васко Богески, студент по историја на уметност и археологија од Скопје, Тадеуш Павлицки и Катарина Зјентетска, студенти по археологија од

Илустрација, стр. 150
Илустрација, стр. 150
Илустрација, стр. 150

Белешки

  1. Ископувањата ги раководел Бошко Бабиќ директор на Народниот музеј во Прилеп, и Д-р Јадвига Раухут, соработник на Институтот за историја на материјалната култура на Полската академија на науките од Варшава. Научен консултант проф. Др. Витолд Хензел, директор на Институтот за историја на материјалната култура на Полската акдемија на науките. Други соработници: Соња Зоговиќ, кустос при Народниот музеј во Прилеп, и Васко Богески, студент по историја на уметност и археологија од Скопје, Тадеуш Павлицки и Катарина Зјентетска, студенти по археологија од Варшава. ↩
  2. За поранешните истражувања види: Бабиќ Б., Хензел В. и Раухут Ј. „Археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај селото Дебреште“, Macedoniae acta archaeologicae 2, Prilep 1976. ↩
  3. plundering: but also calls our attention to the fact that those plunders were done not long after the moment of interment. ↩

Summary

Yugoslav-Polish Archaeological Excavations on the Locality Gradište near the Village of Debrište in 1977

Witold Hensel

Jadwiga Rauchut

In the excavation project. this year quadrants 28 and 29 in sector IV and quadrants 313, 293, 294, 295, 276, 257, 220 and 221 in sector II have been included. In all these quadrants excavations were carried out to the building level of thé 6th century, only in quadrant 276 we went down to the layer of the 4th and 5th -centuries.

-.. , The excavations шт 1977 gave new important data, which have considerably enriched.our knowledge of the way of building and the usage of the investigated part of fortress. First of all, it seems that the time of building of the basilica should be fixed back towards the middle of the 6th century and probably somewhat earlier. During its full existence, the basilica had at least three stages of function. Similar situation to this can be seen in the baptistry as well as in the part which served for living. The most interesting new element of the: buildings has been.presented to. us- Бу discovering the east part :of a building with traces. of columns in pe sage ise 276 and 257. It had a gallery.and surely a special public significance at that time. b

“+2. The3 investigations have shown that only deceased persons: who belonged to the-upper- social classes were buried in-the basilica:and around it in that early Byzantine period and as a rule in solidly built graves. Covering.the graves again with stone plates after their being plundered shows not only the only principle The discovery of the pit in quadrant 257 which belonged to a house complex probably from the 8th and 9th centuries gives us besides the previously obtained data another support in our knowledge that this locality was settled by Slav inhavitants in that time.

Exceptionally significant data for the study of the chronology of the iecropolis from the 10th and 1lth centuries have been obtained in grave. No. 44. [he silver coins found in it which come from five issues of the Byzantine ruler Mihajlo VII and his wife Marija (1071—1078) fix quite surely the time of the ourial of the deceased woman in this grave.

Radmila Radevska 233 234 235 23с 244 245 246 252 253° 254 гео 263 264 265 Коа 340 /7 |314 342 20 1 322

ИСТРАЖУВАЊА (9/4 год.

197 5 . ( 6 (ros.

fof 61 ба 82 ва 85 86 87 88 СЕ 90 92 93

НИ | М 1:250