Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 133–138
Случајни антички наоди од Кичевско
Предмет на нашето разгледување се антички монети најдени случајно во с. Лазоровци и Кичево, кои хронолошки припаѓаат на II-I в. пред н.е., на првите векови од римското владеење на Балканот, како И еден наод од римска ситна бронзана пластика-статуетка на бог Меркур > од с. Кладник.
Приказот на монетите не се должи на некоја посебна нумизматичка вредност или реткост, бидејќи монети од Дирахионската ковница, како и римски републикански монети се распространети во нашата земја, презентирани преку депои од Заклопача, Пеќинци, Нова Пазова, од музејските збирки во Охрид, Скопје и др, туку на потребата да преку нив осветлиме дел од античкото минато на оваа територија населено со илирско племе Пенести и пренесувајќи ги како показатели на можностите за постоење на некоја населба од урбан карактер. Монетите се приватна сопственост добиени заради евиденција од страна на музејската служба.
с. Лазоровци
Монетите се најдени во месноста „Задел-Еѓупски дол“ во 1960 год. при вадење на камен?.2 Од нив се зачувани само 5 примероци, што значи се работи за депо кое со тек на време е растурено. Од извршениот увид на месноста, како и потесната локација на наодот, не добивме конкретни показатели за постоење на остатоци од материјалната култура.
КАТАЛОШКИ ОПИС НА МОНЕТИТЕ
1. A. T.:2,95 гр.
Ав.: ZQIAOZ. Крава дои теле свртена в десно, пред неа утка (орел?) а над нив глава на Хелиос.
Рѕ.:АУР. 2ОПУРОУ. Двоен квадрат со флорален орнамент. (сл. 1) Н. Сека, бр. 199°.3 2. A. T.:3,15 гр.
Аѕ.:КАААІКРАТНЕ. Крава дои теле свртена на десно, над нив глава на Хелиос. Рв.:ДУР. MAPMENIZKOY4 Двоен квадрат со флорален орнамент "Н. Сека, бр. 2464.
3. Монетата е оштетена. А. Т.:1,8 гр.
As.:KAEQN. Крава дои теле, евртена на десно; во отсечката овс спротивно поставени огледала со рачки?. Ps.:AYPECAKEZTOY. Двоен квадрат со флорален орнамент. (сл. 3) Н. Сека, аверс бр. 257 и реверс бр. 334.
4. Монетата е оштетена. А.Т.: 2,75 гр.
As.:(MA)XATAZ. Крава дои теле, свртена кон десно, лево со лак и кожена торбичка високо над нив со претстава на петел. Во. отсечката е спирално обвиена змија околу хоризонтално поставен прат.
Рв.: ДУР. NI(КОД)AOY. Двоен квадрат со флорален орнамент
Н. Сека, бр. 311“.6
5. A. T.: 3,15 гр.
As.:AYZHN. Крава дои теле, свртена кон десно. Десно е претстава на утка (буф).
Рв.:ΔΥΡ.ΖΩΠΥΡΟΥ. Двоен квадрат со флорален орнамент (сл.5).
Н. Сека,9 бр. 3007.
Дирахиум-Епидамнос е грчка колонија формирана на илирскиот брег во 627 год. пред н.е. од страна на Коркира (Тукидит I 24). Ковницата на овој град почнала со работа кон крајот на IV в. пред н.е.
По илирските војни, Дирахиум потпаѓа под римска власт. Ковницата ја продолжува својата работа а монетите се коваат по римски стандарди. Сребреник-драхма, кој е основа на дирахионскиот монетарен систем, во овој период е тежок како римскиот викторијатус. Покрај драхмата постоела и полудрахма, со тежина половина од драхмата.
Монетите од Лазаровци, според хронолошката табела што ја дава Н. Сека, би биле во промет во временскиот распон од 200 год. до 37 год. пред н.е. т.е. третиот и четвртиот период по неговата табела.
На аверсот на монетите е испишано името на магистратот во номинатив а на реверсот Avp, ознака на ковницата и името на епонимусот во генитив. Монетите се со јасна претстава, убава изработка, со длабок релјеф кај првиот и третиот примерок а останатите три имаат помала пластичност. Само кај двете монети, втората и петтата, на аверсот се јавуваат пластични зрнца, кружно поставени по работ на полето. На реверсите претставата на двојниот квадрат и натписот се порабени со пластична кружна линија.
На аверсот, од веќе познатите симболични знаци, кои се јавуваат на драхмите од Дирахион, покрај вообичаената претстава на крава која дои теле, на монетите од Лазаровци застапени се: Хелиос-утка (орел); само Хелиос; само утка (орел 7); змија спирално обвиена околу хоризонтално поставен прат; спротивно поставени огледала).
Симболичниот знак: Хелиос и утка се јавуваат со името ZOIAOYL на аверсот и ZQITYPOY на реверсот, на монетите од бр. | од Лазоровци. Н. Сека, обработувајќи ги депоите од тоа време во Албанија,10 забележува дека драхмата во Хелиос и утка заедно со името ЛОПУРОУ е констатиранасамо од нумизматичарот Mionnet,a дека во неговите сознанија од проучените депоа ја нема. Но, нашиов примерок зборува дека такви монети биле ковани. Во случајов ZQITYPOY се јавува на реверсот како име на епонимусот во генитив. Претставата на петелот во за нас достапната литература, ја среќаваме на монетите од градот Химера на Сицилија! како амблем кој го најавува раѓањето на денот. Појавата на петелот на дирахионската драхма и на монетите од Химера можат да се споредуваат, односно, двата града се грчки колонии а и со трговски врски постоела циркулација на монетите па на таков начин амблемот преминал од еден во друг град, или пак, секој град за себе ја зема претставата на петелот. Петелот како симбол се јавува и во римското монетно
Бидејќи не сме во можност да користиме определена нумизматичка литература12,13 3a нас остануваат непротолкувани симболите:14 лак и кожна торбичка, спирално обвиена змија и др. Во каталогот „Ковање и ковнице античког и средњевековног новца“, авторот ги толкува симболите!“ во врска со магистратот или пак дека преставуваат симболи на ковничари, официни или пак како контролни марки.
По битката кај Пидна во 168 год. пред н.е. во која Римјаните извојувале победа над македонската држава15 и нејзиното потчинување во 148 год. во новонастанатата политичкоекономска ситуација, со вклопување на овие краеви во границите на римската држава"“, овие монети ќе се најдат како одраз на развиените трговски врски. Како и кога депото во Лазоровци е закопано в земја, не може да се утврди.
Кичево
Монетата бронзен ас пронајдена е во близина на старата бензинска пумпа при рушење на ограден зид!“16 (Т. 2,8 гр.; P=3 см.). Ав.: Претстава на бог Јанус со две лица. Рв.: Претстава на преден дел од брод со натпис KLARE ЛИВО над предниот дел а под него ВОМА.17 Искована е во ковницата на градот Рим, во 1 в. пред н.е. Попатно во непосредна близина на местото на наоѓање на асот, пак случајно, најдени се три монети од бронза од подоцнежно време: мала бронза на Максимин (235-238); сигнатурата на ковницата е оштетена; Диоклецијан (284-305), ковница во трачка Херонеја и Јустин 1(518-527), фолис од 40 нумии, ковница во Константинопол.
с. Кладник
Случајниот наод-статуетката на богот Меркур (сл. 6) од локалитетот Корита кај с. Кладник, го презентираме со цел да одбележиме постоење на римска ситна бронзена пластика во овој регион. Статуетката е пронајдена при обработка на земја пред околу 20 години.18 Во околните ниви, мештаните при обработка на земјата наоѓаат: керамички фрагменти, остатоци од архитектура-темели, монети, гробови. Сево ова зборува за постоење на една античка населба, веројатно викус.
Статуетката е направена од лиена бронза (виена 6 см.); поставена е на конусно профилирано постолје, во стоечка положба. Тежината на телото му почива на десната нога. Десната рака е спуштена покрај "телото и во неа се наоѓа кесе. Преку левото рамо префрлена е наметка која паѓа на раката, свиткана во лактот, а над рамото се назира горниот дел од каудицејот. На главата има петасос со високо поставени крилца. Целата статуетка е површно претставена така да градните мускули и наметката се изведени со врежување а очите со точкасти врежувања. Задната страна на статуетката е исто така површно обработена. Таа е прво лиена е подоцна деталите се доработувани со турпија и алатки за гравирање.19 Претставува груба изработка за масовна продукција наменета за романизирано сиромашно население.
Бројни се статуетките на Меркур како што е оваа од Кладник, најдени на наоѓалиштата во Македонија, Србија и во соседна Бугарија кои денес се чуваат во музеите: во Прилеп, преку 20 примероци (непубликувани-по усменото соопштение на колегата К. Кепески), Охрид, Белград и Софија. Скоро идентична на нашата е статуетката на Меркур од збирката во Народниот музеј во Белград (бр. 35 inv. br. 3415/11), најдена на непознато наоѓалиште во околината на Прилеп.20 Се добива впечаток како да се изработени во еден ист калап. Накрај, би ги споменале и двете статуетки од збирката на Народниот музеј во Белград (inv. br. 2739/ Ши 2738/11) од околина на Титов Велес, непознато наоѓалиште. Хронолошки припаѓаат на III в. на н.е. Нив ги среќаваме во воени и трговски центри, ширум римската држава, како заштитници на трговијата и на се што е во врска со паричното работење. Заради бројноста на наодите кои потекнуваат од Македонија (само во Прилеп преку 20 примероци), но со упростен карактер оддаваат впечаток на сериска изработка, М. Величко-ВНК е на мислење дека во околина на Прилеп?“ постоела работилница која работела за широкиот круг на нижите слоеви од римското општество, чиј вкус била во можност да го задоволи. Мислењето на М. Величковиќ, за постоење на работилница го сметаме за оправдано ако се земе предвид близината на Прилеп до богатите рудни наоѓалишта во Мариовскиот и Демирхисарскиот крај каде што се вршела експлоатација и во римскиот период?!.21 Двете убаво изработени статуетки во Народниот музеј во Белград кои потекнуваат од околината на Прилеп, непознато наоѓалиште 67.16?? (inv. br. 2763/11! и 2762/111)?,, се инспирирани од оригиналот на Хермес од Поликлет (У в.) и Дорифорос кои се римско-хеленистичка изработка и припаѓаат на I или почеток на II в. на н.е.
Грчкото божество Хермес, откако ќе биде преземено во римската религија под името Меркур,24 ќе се рашири во римското општество, зафаќајќи ги припадниците на повисоките слоеви а подоцна и нижите, за што зборуваат и наодите со својата хронолошка припадност и различниод приод во изработка на статуетки на едно исто божество.
Во тоа ја гледаме и постепената романизација на автохтоното население во текот на римската окупација а од друга страна рустификацијата на официјалната римска уметност.
Белешки
- Ковање 4 ковнице античког и средњевековног новца, Народни Музеј - Београл, Београд 1975, 16-17: В. Соколовска, од нумизматичката збирка на Археолошкиот музеј во Скопје, Зборник на Археолошкиот музеј - Скопје, Скопје 1966, 24; I. Mikul¢i¢, Pelagonija и svetlosti arheoloskih nalaza, - Od egejske seobe до Avgusta, - Skopje 1966, 79. ↩
- По кажување на Д. Милососки – сопственик на монетите, тие биле повеќе на број во земјена ваганка. ↩
- Н. Ceка, Questions de numismatique, Tirana 1972, 192. ↩
- Ibid., 194. ↩
- Ibid., 194-196. ↩
- Ibid., 195. ↩
- Ibid., 195. ↩
- Ibid., 97. ↩
- Ibid., 97. ↩
- J. Babelon, Anti¢éka Numizmatika, Beograd, 1970, 58. ↩
- Н. Мушмов, Античните монети на Балканския Полуостров, София 1912, табл. IX сл. 36. ↩
- Syllogue nummorum graecorum, Copenhagen 1943 и др. ↩
- Каталог, ibid., 10 ↩
- Н.А. Машкин, Историја старог Puma, Београд 1951, 142. ↩
- Според искажувањето на сопственикот Живко Миркоски најдена е само една монета. Истата ни ја даде на увид и обработка; фотографија не поседуваме. ↩
- J. Babelon, op. си., 86-87; H.A. Машкин, op. cit., 110-111 ↩
- Сопственост на Родољуб Настески од кој ги добивме податоците за наодот за обработка и на кого најтопло му се заблагодаруваме. ↩
- М. Величковиќ, Римска ситна бронзена пластика у Народном Музеју, Народни Музеј, Београд 1972, 33: Од Археолошкото богатство на Македонија (Каталог), Археолошко друштво на ср Македонија, Археолошки музеј на Македонија 1980.; Lj. Ognenova, ee en bronze - Du musse national archeologique a Sofia (Statuettes de culte), Sofia 1975, ↩
- М. Величковиќ, ор. cit., 23. ↩
- A. Керамитчиев, за старото рударство во Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 2, Прилеп 1976, 237; A. Керамитчиев, Извори за рударството и металургијата во античка Македонија, Maced. acta archaeol. 3, Прилеп 1977, 103. ↩
- М. Величковиќ, ор. cit., 23. ↩
- Ibid., 24. ↩
- Фотографиите на монетите ги изработи Д. Ивановски, фотограф при Музејот на Македонија; фотографиите на статуетката ги изработи М. Димески, фотограф при Музејот на град Скопје. ↩
- GORDANA SPASOVSKA DIMITRIOSKA – Kičevo ↩
Summary
Chance Ancient Findings from Kičevo Region
(SUMMARY)
Chance findings, including coins and the STATUETTE OF3 THE GOD Mercury, come from the village of Lazorovci in the region of Egjupski Dol - Zadel, from the town of Kicevo and from Korita in the village of Kladnik.
All these findings belong to ptivate collections. The silver coins from the village Lazorovci (Pl. 1, la—5, ба) were minted in the town of Dirahion. They were part of the depot out of which five coins were preserved. They belong to the second and the first cenntury B.C. The bronze Roman coin, found in Kiéevo was minted in Rome and belonged to the first century B.C.
The statuette of the god Mercury (Pl. 6-ба) was moulded out of bronze and belonged to the third century A.D. It is an example of the Roman bronze plastic art. The statuette was made for the people and suited their taste. The coins and the statuette of the god Mercury are of interest not for their numismatic value nor for their esthetic value but because they verify that those regions were part of the Roman Empire.