Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 113–126
Ликовни претстави на Кибела
Содржина
Прилог кон проучувањето на ориенталните култови во Македонија
Како одраз на исконската желба и природниот нагон за одржување на врстата, култот на плодноста се јавува од најраните епохи на човечката цивилизација. Уште од времето на праисторијата неговите манифестации можат да се следат низ ликовните претстави со јасна основна концепција и стремеж кон духовен и уметнички израз. Во времето на неолитот среднобалканскиот простор познава определена женска претстава со специфични обележја, која го одразува интимното чувство на човекот кон мајката на природата, мајката на земјата и на се она што се раѓа и развива на неа.1 Оваа основна идеја содржана е и во култот на ориенталното божество Кибела.
Потеклото на Кибела (KupéAn, Magna Mater Deorum) се врзува за Мала Азија. Така е наречена според répata Cybele во Фригија, која се смета за нејзино митолошко место на раѓање. Почитувана е на планинските врвови во Мала Азија, каде се одржувале религиски обреди поврзани со нејзиниот култ. Нејзините омилени животни - лавови, кои ја влечат кочијата на Кибела, подоцна ќе станат составен дел на иконографската претстава на богинјата. Култот на Кибела е поврзан со митот за Атис Ас), нејзин следбеник и миленик. Кога тој ја засакал нимфата Сагаритида, љубоморната Кибела му2 го помрачила умот и тој во лудило извршил самокастрација под еден бор и потоа умрел. Од неговата крв никнале Јубичици. Оваа, најверојатно изворна верзија на митот за Атис и Кибела, го одразува суштествениот карактер на култот како инкарнација на создавањето и пропаѓањето на животот на земјата. Митот за Кибела содржи инцестуозен Едипов комплекс. Кибелините свечености — мегалезии, одржувани од 4 до 9 април, имаат оргијастички карактер, при што, нејзините свештеници Гали (Galloi) биле кастрира-
Грците рано го прифатиле култот на Кибела. Во Атина, Коринт, Олимпија и други градови подигнати се храмови посветени на неа. Меѓутоа, суровиот ритуал на кастрирањето поврзан со култот на Атис не одговарал на хеленскиот дух. Дури кон крајот на III век пред н.е. во култот на Кибела повторно оживува оргијазмот. Во хеленистичко-римското no6a Реа е изелначена со Кибела и почитувана како сеопшто божество на природата.3 На грчкото копно Кибела е ликовно прикажувана уште во текот на VI век пред н.е. Многубројни вотивни релјефи и статуети од класичниот и хеленистичкиот период откриени на егејските острови и во Атика, 360- руваат за масовното прифаќање на нејзиниот култ.4 Во крајот на У или почеток на IV век пред н.е. датиран е еден калап за изработка на теракоти со претстава на Кибела најден во Олинт, што без сомнение зборува дека култот на ова фригиско божество во ова време е почитуван на Халкидик.
Римјаните, култот на Кибела го прифаќаат официјално, во 204 година пред н.е., кога од фригискиот град Песинунт е пренесен со брод во Рим еден црн метеоритски камен кој бил поставен на Палатин, каде подоцна, во 191 год. пред н.е. И е подигнат храм со статуа, чии остатоци и денес се сочувани.
Во републиканското доба претстава на Кибела веќе се наоѓа на монетите на С. Fabius, ковани во 100 година пред н.е., каде богинјата е прикажана со corona muralis со што и е даден карактер на заштитничка на градските 5идини.6 На подоцнежните монети се среќава претстава на Кибела во кола што ја влечат лавови, каде се претставени и нејзините атрибути.7 Во периодот на раното римско царство култот на Кибела8 станува популарен. Клаудиј ги има реорганизирано и проширено нејзините празници на 13 дена дозволувајќи им на Римјаните да влезат во свештенството на Кибела.8 Хадријан кове монети со претстава на Кибела, издадени во чест на неговата жена Сабина. Антониј Пиј покажува голем интерес кон Magna Mater. Во времето на Септимиј Север култот на Кибела9 се шири низ цела Италија, северна Африка, како и во европските провинции Галија и Британија. Со Александар Север култот на Magna Mater започнува да се поместува во заднина. Во прв ред култот на Митра, омилен во војската, како и христијанството, во прво време фаворизирано од пониските класи, доведува до тоа да култот на Магна Матер не е веќе популарен.
На територијата на Југославија култот на Кибела посведочен е во Далмација и горна Панонија. Во Незакциј е најдена една скулптура на фригиската богиња. Во Пула постоел организиран колегиј на дендрофори, по што се заклучува дека тука постоел храм посветен на Кибела.
На територијата на ср Македонија откриени се неколку статуети и рељефи кои ја прикажуваат фригиската богиња Кибела. По правило, таа се секогаш претставена во познатата положба како седи на престол. Во повеќето случаи придружена е од своите свети животни - лавови. Сите наоди откриени се на теренот случајно или надвор од својот хронолошки контекст, со што, на овој драгоцен материјал му е намалена вистинската вредност. Оваа околност особено се одразува на прашањето за прецизното датирање на наодите што би било од особено значење за утврдувањето на воведувањето и траењето на култот на Големата Мајка на Боговите (Magna Mater Deorum) на нашиот простор.
Од античкиот град Стоби потекнува еден релјеф (Но. 10, сл. 13). Откриен е во палатата Партениос во 1927 r.10
Во Новоселани кај Прилеп најдена е фрагментирана статуа (Но. 9, сл. 12).11 Сите останати наоди - една икона, две статуети, една теракота и неколку фрагменти, откриени се на локалитетот Исар оа Марвинци, недалеку од Валандово (Но. 1-8, сл. 1-11). Оваа, макар и скромна бројка, покажува дека на територијата на Македонија во античко време бил почитуван култот на Кибела и, како што ќе видиме, траел еден подолг временски период од неколку векови.
ДЕСКРИПЦИЈА НА СПОМЕНИЦИТЕ
Но. 1 - Статуета на Кибела
Исар-Марвинци. Гевгелија, Музеј на Гевгелискиот крај, Инв. бр. 3. Бел мермер. сочувана вис. 0,35 м. Главата е откршена. На површината има мали оштетувања. Тимпанонот недостасува. Наслонот од престолот е значително оштетен. (В. Соколовска, Исар-Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје 1986, 92, Т. 39, 4; В. Битракова-Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје 1987, 126, T.V.1; В. Соколовска, Античка скулптура во ср Македонија, Скопје 1987, 208, Т. 78, 1.)
Богињата седи фронтално на масивен престол со висок наслон. Во десната испружена рака држи патера. На левата рака, наслонета на престолот, сочувани се две вдлабнатинки во кои бил прицврстен голем тимпанон, кој сега недостасува. Од десната страна на богинјата се наоѓа фронтално прикажана фигура на лав.
"л. Но. Статуета на Кибела, Марвинци Сл.4 Но. Craryera на Кибела, Марвинци “8.1. No.1 Statuette of Cybele, Marvinci Fig. 3 No. 3 Statuette of Cybele, Marvinci Богинјата е облечена во долг хитон (χιτὼν ῥόδερες) без ракави, препашан на половината. Нејзините раширени нозе се одмараат на ниско, напред поддадено столче. Долниот дел од телото завиткан е со химатион, чиј еден крај е префрлен преку левото рамо, додека другиот, во поголема маса преминува преку скутот и паѓа вертикално надолу. Десната нога е поддадена напред, а левата е изразито вовлечена. (сл.- 1).
Но. 2 - Двоен релјеф на Кибела
Исар-Марвинци. Белград, Народен Музеј, Инв. бр. 819/1. Бел мермер. Вис. 0,25 м. Релјефот е добро зачуван со незначителни површински оштетувања. Откршени се средната и десната акротерија на наискосот. 5. Dill, Die Gétterkulte nordmakedoniens, Berlin 1977, Mo. 280, Abb. 69; B. Соколовска, Исар-Марвинци, 91, Т. 40,1: В. Битракова- Грозданова, Ор. cit. 124, T. V, 3.)
Релјефот има форма на наискос со плиток триаголен забат со акротерии. Во две ниши формирани од три дорски столбови, сместени се две скоро идентични претстави на Кибела. Двете богинји седат на престол, прикажани еп face. Облечени се во тенок хитон со полукружен израз, високо препашан под градите. Химатионот го обвиткува долниот дел од телото создавајќи полукружни набори кои висат помеѓу раширените коленици на богинјата. Едниот крај од химатионот префрлен е преку левото рамо, додека другиот преминува преку скутот и паѓа каскадно од левата страна на фигурата. Богинјата има коса поделена на патец, моделирана во ситни бранови и собрана зад ушите, од каде започнуваат две долги плетенки кои паѓаат напред. На главата е полос. Двете фигури во десната рака држат патера. Тимпаноните се симетрично поставени од надворешната страна на фигурите. Од десната страна на богинјата во левата ниша прикажана е фигура на лав. (сл. 2)
Но. 3-Статуета на Кибела
Исар-Марвинци. Гевгелија, Музеј на Гевгелискиот крај. Инв. бр. 2. Бел мермер. Вис. 0,33 м. Статуетата е добро сочувана со тоа што лицето на богинјата е целосно оштетено В. Соколовска, Исар-Марвинци, 92, Т. 39, 3; B. Битракова-Грозданова, Ор. cit. 125, T. У, 2: В. Соколовска, Античка скулптура, 209, Т. 78,2.)
Статустата ја прикажува богинјата Кибела како седи на престол со висок наслон. Во десната испружена рака држи патера, а со левата придржува вертикално поставен голем тимпанон. Таа носи долг проширен хитон, препашан високо под градите, под кој се назира папокот. Долниот дел од фигурата е завиткан со химатион, со едниот крај префрлен преку левото рамо, додека другиот паѓа- каскадно покрај левата нога.
На предната страна од ногалките на престолот претставени се две фигури во плиток релјеф. Десно е жена прикажана en face, со главата незначително свртена кон десно, облечена во двојно препашан долг хитон. Десно е машка фигура облечена во куса облека што досегнува до колениците. Преку левата рака има префрлено наметка. Фигурата е свртена кон богинјата, во полупрофил. (сл. 3).
Но. 4-Теракота на Кибела
Исар-Марвинци. Гевгелија, Музеј на Гевгелискиот крај, Инв. бр. 1. Жолто-црвена глина, средно печена. Сочувана вис. 0,41. м. (В. Соколовска, Исар-Марвинци, 87, Т. 34,1 В. Битракова-Грозданова, Ор. cit. 136, T. IX, Во една мошне рустична изведба прикажана е богинјата Кибела како седи фронтално на масивен престол со висок наслон. Ногалките од престолот претставени се во форма на правоаголни столбови со декорирана база и капител во форма на палмета. Столчето на кое богинјата ги одмара своите нозе е значително поддадено напред. Неговите ногалки изведени се во форма на лавовски шепи, над кои, во висок релјеф се прикажани глави на постари мажи со бујна коса и брада - Гали.
Богинјата е облечена во долг хитон препашан под градите и химатион кој го обвиткува долниот дел на фигурата. На рамениците сочувани се парчиња од долгата коса на богинјата. Од десната страна на богинјата претставена е фигура на лав во клечечка положба, која во случајов имала улога на наслон од престолот (сл. 6). Веројатно дека ваква фигура стоела и од левата страна на престолот, судејќи барем според оштетените делови на теракотата.
Внатрешниот дел на престолот и фигурата на богинјата се шупливи, со што е значително редуцирана тежината на теракотата (сл. 4,5)
Но. 5-Теракота на лав
Исар-Марвинци. Гевгелија, Музеј на Гевгелискиот крај. Инв. бр. 22, Вис. 0,38 м. Теракотата е изработена од црвено-жолта добро пречистена глина. Фигурата е добро сочувана со тоа што муцката е откршена. (В. Соколовска, Исар-Марвинци, 87, Т. 34, „; В. Битракова-Грозданова, Ор. си. T. IX, 4.
Лавот е прикажан во седечка положба со задните нозе подвиткани, а предните исправени, на кои животното се потпира. Високо поткренатата глава и вратот ги прекрива богата грива, која делува изразито контрасно во однос на мазното тело. Опашката е подвиткана и прилепена до телото, со благо назначени космати делови (сл. 6a,6).
Но. 6-Теракота на лав
Исар-Марвинци. Теракотата е изгубена во времето на земјотресот од 1963 година во Археолошкиот музеј на Кале. По величина и став потполно е идентична на претходната (Но. 5). Секако претставувале пар од една статуарна група.
Но. 7-Фрагмент од грива
Исар-Марвинци. Музеј на Македонија, Инв. бр. 914/1У. Максимално сочувани димензии 0,11 х 0,10 м. Изработен од црвено-жолта добро пречистена глина.
Фрагментот претставува дел од грива. Припаѓал на теракота на лав, изработен во ист стил, а веројатно и величина на претходно опишаните но. 5 u 6. (сл. 7a).
Но. 8-Нозе од теракота на лав
Исар-Марвинци. Гевгелија, Музеј на Гевгелискиот крај, Инв. бр. П-СН - 23 и 24. Случаен наод. Сочувана вис: а) 0,095 м. 6) 0.075 м. Изработени од црвено-жолта глина, добро пречистена (В. Соколовска, Исар-Марвинци, Т. 34,4.)
Сочувани се делови од двете задни нозе и левата предна нога. Стилот на изведбата, како и глината укажуваат дека нозете припаѓале на една теракота на лав, на кој најверојатно припаѓал и фрагментот од гривата но. 7. (сл. 7 б,в).
Но. 9-Статуа на Кибела
Новоселани, Прилепско. Музеј на Македонија, Инв. бр. 2. Бел мермер. Сочувана вис. 0.50 м. Сочуван е долниот дел од статуа на седечка женска фигура (Н. Вулиќ, Споменик LXXI, но. 426; Б. Јосифовска, Водич низ лапидариумот, Скопје 1961, 68, Сл. 26. 5. Dill, Ор. си. 416, No. 281, Abb. 71. В. Соколовска, Античка скулптура, 210, Т. 78, 3.)
Сочуваниот дел од статуата претставува долниот дел од седечка фигура. На престол без странични наслони, со слободно извајани задни ногалки, седи богинјата Кибела. Нозете на богинјата се одмараат на ниско столче чиви ногалки се прикажани во форма на лавји шепи. Од двете страни на богинјата претставени се лавови во седечка положба. прикажани фронтално. Кибела е облечена во долг хитон, кој ги остава откриени предните делови од стопалата со назначени прсти. Сочувани се траги од обувки. Химатионот го обвиткува долниот дел од телото, со едниот крај префрлен преку скутот на богинјата (сл. 8).
Но. 10-Релјеф на Кибела
Стоби. Белград, Народен музеј, Инв. бр... Бел мермер со жолта патина. Релјефот е на повеќе места оштетен: забатното поле, левата акротерија и левиот долен агол на плочата. Висина 0.47 м. широчина 0.47 м. (Вулиќ, Споменик 71 (1931), но. 638; Петковиќ, Античке скулптуре из Стобиа, Старинар XII (1937), Сл. 14.).
Релјефот има форма на наискос со дорски пиластри, забат, чии агли се украсени со акротерии во форма на палмети. Во вдлабнатото поле прикажана е богинјата Кибела како седи со раширени нозе што се одмараат на ниско пространо столче. Во десната испружена рака држи патера. Од двете страни на богинјата прикажани се фронтално фигури на лавови, претставени во седечка положба. Лево од богинјата закачен е на зид мал тимпанон. Богинјата е облечена во хитон со У израз со ракави до лактите, високо препашан под градите. Преку левото рамо префрлен е едниот крај од химатионот кој паѓа во каскадни набори. На главата богинјата носи круна во вид на градска тврдина (сл. 9).
Дескрипцијата на спомениците покажува дека иконографската претстава на Кибела ја следи установената шема според која богињата е прикажана седната фронтално на престол. Скоро по правило, во десната рака таа држи жртвен сад - патера. Обично од левата страна на богињата се наоѓа тимпанон. Во најголем број случаеви богинјата е придружена од своите свети животни - лавови. Всушност, тоа е установениот приказ на Големата Мајка на Боговите, кој се среќава на многубројните ликовни претстави - статуети и релјефи, почнувајќи од доцноархајскиот период, преку класичното и хеленистичкото време, како и во текот на римската епоха, кога оваа претстава ја среќаваме и на монетите. Овој тип широко распространет во егејските и црноморските земји произлезен е од стариот атички тип на Мајката на Боговите, креиран во доцниот V век пред н.е. од Агоракритос. Од Паузаниј дознаваме дека учителот на Агоракритос, самиот Фидиј, изработил за атинскиот Метроон една статуа на седната Кибела, придружена од лавови.12
Основната шема запазена е кај сите наши споменици. Меѓутоа, иконографските детали кои ја следат се јавуваат во различни варијанти.
Со исклучок на статуетата но. 3, лавот е присутен на сите споменици. На релјефот но: 2, во левата ниша од едикулата, лавот е прикажан како седи од десната страна на богинјата. Истата положба лавот ја зазема и на статуетата но. |. Кај теракотата на Кибела но. 4, наслонот од престолот за десната рака изведен е во вид на малечка фигура на лав. На статуата но. 9 и релјефот од Стоби но. 10, богинјата е фланкирана со седечки фигури на лавови. Карактеристичните атрибути на Кибела - патерата и тимпанонот, прикажани се на вообичаениот начин. Од оваа претстава отстапува релјефот од Стоби но. 10 Тука богинјата не држи патера, а темпанонот е закачен на зидот, зад неа.
Статуетата на Кибела од Марвинци, но. 1, претставува мошне добар труд. во ставот на фигурата се чувствува извесна лежерност и подвижност. Горниот дел на хитонот е аранжиран во духот на класичната уметност. Блиски по стил и изведба се бројни статуети откриени во Атина, на островите Делос и Санторин, во Сардис и Хистрија, што ни дава за право нашата статуета да ја датираме во раното хеленистичко време.13 Во Битракова-Грозданова во неа гледа одлики на малоазискиот уметнички круг кој се датира во II век пред н. e.14
Двојниот релјеф на Кибела може да се вклучи во серијата адекватни споменици со мали димензии, изработувани за потребите на поширокиот слој обожаватели и дародавни. Покрај установената шематизирана претстава на богинјата, кај нив се чувствуваат рутински изведени детали, но и покрај тоа, нивната изведба е мошне допадлива. Меѓу бројните зачувани примероци се насетуваат раце на разни мајстори, што значи дека ваквите споменици ги израбоувале бројни, често пати локални мајстори-уметници.
Нашиот релјеф од Марвинци претставува мошне добар труд, технички добро изведен. Стилот на работата, квалитетот на мермерот, како и времето во кое настанал, зборуваат дека се работи за импорт. Датирањето на иконата во IV век пред н.е. предложено од 3. Дил, сметаме дека е мошне рано.15 Високо преврзаниот појас на богинјата, како и општиот впечаток за стилот на претставата, зборуваат за уметноста на развениот хеленизам. Како добра аналогија може да се посочи релјефната икона од Истмос, датирана во хеленистичко Bpeme.'®16 Статуетата но. 3 е значително површински оштетена, заради што не можат да се забележат нејзините квалитети. Сепак се наслутува квалитетен труд. Особено е значајна претставата на машка и женска фигура, кои покрај култното значење имаат и декоративна улога. Спрема својата концепција и стилот на изведбата статуетата можеме да ја датираме во раното хеленистичко време. Вака претставени аколити наоѓаме на еден релјеф откриен на Атинската Агора. И стилските особености на претставата наполно се адекватни.17
Теракотата на Кибела од Марвинци побудува посебен интерес. Трудот е мошне примитивен. Фигурата е моделирана сумарно. Наборите од облеката се изведени сумарно со крупни потези на прсти, а завршното обликување е со остер алат. Додека целата фигура е рачно обликувана, поедини дополнителни детали изведени се по пат на калапење. Таков е случајот со деталите од ногалките на престолот. Особено добро се изведени (за жал многу излижени) машките ликови на ногалките од столчето на кое богинјата ги има ставено своите нозе. И во овој случај тоа е претстава на аколити. И покрај примитивната изведба, теракотата е мошне интересна. Повеќе елементи укажуваат на тоа дека се работи за локален производ.
Истите критериуми се однесуваат и на двете фигури на лавовите и другите фрагменти од Марвинци (Но. 5-8). И покрај тоа што се работи за примитивна изведба, нивните уметнички квалитети се на завидно ниво. Повеќе елементи укажуваат дека се работи за локален производ во едно определено време - подоцнежното хеленистичко доба.
Статуата од Ново Село припаѓа на римската провинциска уметност. Техниката на работата која се чувствува особено во моделирањето на облеката, каде покрај рамното и шилесто длето се насетува употреба на текука бургија, го навестува П-от век.18 Дил ја датира во втората половина на П век. Оштетеноста на статуата не дозволува подетална анали-
Релјефот од Стоби, но. 10, се чини дека е работен според хеленистички образец. И покрај прецизноста во изведбата, јасни се одликите на осрелен провинциски мајстор. Изработен е најверојатно во ІІВ.
Студијата на ликовните претстави на Кибела покажува дека култот на малоазиската богинја продира на територијата на Пајонија уште во времето на раното хеленистичко доба. Во текот на овој период интензивно е почитуван во античкиот град на Исарот кај Марвинци. Бројноста на нејзините претстави зборува дека тука постел храм посветен на Кибела. Покрај ликовните претстави во мермер, кои можеме да ги сметаме како импорт, домашните коропласти изработувале теракоти за потребите на дародавците. Двете фигури на лав секако припаѓале на поголема композиција во слободен простор која била поставена во светилиштето. Во текот на раноримскиот период Кибела е почитувана и во други градови во Македонија. Некаде во III век, под притисок на новите религиозни сфаќања, култот на Кибела ја губи својата популарност. Во какво својство е почитуван нејзиниот култ, засега не може ништо поопределено да се каже. Новите наоди можеби ќе придонесат за осветлување на овој проблем.
Белешки
- За култот на Големата Мајка во неолитот, види: Т. Р. Vukanovic, Cult of the Goddess of Gravidity in the Neolithic Society of the Blakan Peninsula, Врањски гласник VIII, Врање 1972, | и н.: Б. Гавела, Magna Mater као појам и ликовни израз, Жива Антика VI, 2, Скопје 1956, 255 и u.; Д. Cpejosuh, Неолитска пластика централнобалканског подручја, Неолит централног Балкана, Београд 1968, 215 и н. Во ср Македонија, неолитските локалитети кај Маџари, Зелениково и Говрлево дадоа неколку значајни карактеристични претстави на Големата Мајка во теракота: З. Георгиев – М. Билбија, Неолитска населба кај Говрлево, Културно наследство IX (1984), Сл. |. ↩
- За култот на Кибела воопшто: H. Graillot, Le cult de Cybéle, mére des dieux à Rome et dans l'Empire romaine, Paris 1912; F. Cumont, Les religions orientales dans le paganisme romain, Paris 1929; за култот на Кибела во Југославија: Љ. Зотовић, Историјски услови развоја оријенталних култова у римским провинцијама на територији Југославије, Старинар XIX, 1969, 59 и V. Jurkić-Girardi, Rasprostranjenost kulta Magne Matris na području Istre u rimsko doba, Histria Archaeologica III/1, Pula 1972, 43 и н.; Истата, The Cult of Magna Mater in the region of Istra, Жива антика XXV/1-2, Скопје 1975, 285 и н.; Истата, Skulptura Atisa iz Pule, Građa i rasprave, Sv. VII, Pula 1978, 173 и н. ↩
- > Во грчката митологија Геа се јавува како најстаро женско божество, Terra Mater, персонификација на земјата. Слично значење има и Реа, мајка на олимписките богови. ↩
- M. J. Vermaseren, Corpus Cultus Cybelae Attidisque, Leiden 1982. ↩
- D. M. Robinson, The Terraccotas of Olynthus found in 1928, Olynthus Part IV, 92, Pl. 51, No. 410. ↩
- E. A. Sydenham, The Coinage of the Roman Republic, London 1952, 82, по. 589-591, pl. 19. ↩
- Ibid. 127, no. 777, pl. 22; 188, no. 1155. ↩
- M. Bieber, The Images of Cybele in the Roman Coins and Sculpture, Hommages a Mariel Renard, Collection Latomus, 29. ↩
- Види заб. 2. ↩
- Вулиќ, Антички споменици наше земље, Споменик 71 (1931), но. 638; В. Петковић, Античке скулптуре из Стобиа, Старинар XII (1937), Сл. 14. ↩
- Н. Вулић, ор. cit. Но. 426. ↩
- A. von Salis vo Jahrbuch d. Inst. XXVIII, 1913, p.p. 1, ff. Fig. 1-2; Pausanias, 1, 3, 5. ↩
- Allard Pierson museum Amsterdam, Selected Pieces, 88, 89: M. J. Vermaseren, op. cit. No. 464; G. M. A. Hanfmann - N. H. Ramage, Sardis, No. 259, Fig. 447; G. Bordenache, Sculpture Greche e Romane, No. 50, Tav. XXIII. ↩
- В. Битракова-Грозданова, ор. cit. 126. ↩
- S. Düll, Die Götterkulte nordmakedoniens, Berlin 1977, No. 280. Abb. 69. ↩
- Vermaseren, op. cit. No. 454, Pl. CXXXV. ↩
- Ibid. No. 45. ↩
- S. Düll, op. cit. No. 281, Abb. 71. ↩
- VIKTORIJA SOKOLOVSKA - Skopje ↩
Summary
The Images of Cybele in Macedonia
(SUMMARY)
A few statuettes and reliefs representing the Phrygian goddess Cybele were discovered in SR Macedonia. Cybele was always represented seated on a throne and accompanied by her sacred animals, lions. With the exception of the relief from Stobi (No. 10), all the findings were discovered by chance on the site, a circumstance that made it difficult to date the monuments and to find out when the cult of Magna Mater Deorum was established.
Relief N. 10 (fig. 13) was discovered in the palace of Parthenius in the ancient town of Stobi. Statuette No. 9 ‘+i 12) was discovered at Novoselani near Prilep. All the other findings (Mo. | - 8, figs. 1-11) were discovered at Isar - Marvinci, not far from Valandovo. The statuette of Cybele (по. 1) shows the goddess in a frontal position seated on a massive throne. She holds a patera in her right hand. A figure of a lion is on her right. The timponon is missing. The goddess is dressed in a long chiton and chimation. The statuette is a beautiful piece of work with fluidity and movement. The upper part of the chiton is in a classical style. A number of statuettes discovered in Athens and in Sardis and Histria on the islands of Delos and Santorin are similar to the ice, statuette. This proves that the statuette belongs to the Pre-hellenistic eriod.
The double relief of Cybele No. 2 is in the form of naiskos with a shallow13 timpanon and acroterion. Two almost identical statuettes of Cybele seated in a frontal position on a throne are placed in the niches. They are dressed in transparent chiton and chimation. They have polos on their heads. Both
figures hold a patera in their hands and the timpani are placed on the outer side. There is a lion figure beside the goddess in the left niche. We think that the dating of the icon from the fourth century A. D., as was suggested by S. Dill, is too early, The highly tied belt of the goddess as well as the entire stylistic impression indicate that it belonged to the Hellenistic Period. Statuette No. 3 presents Cybele in her usual posture seated on a throne with a patera and timpano. A male and a female figure are presented in a shallow relief on the front side of the tripod. According to its conception and style, the statuette could date from the early Hellenistic Period.
The Cybele in terracotta from Marvinci (No. 4) is of a particular interest. It is a rather primitive piece of work. The details are additionally moulded. The same criterion can be applied to both lion figures (No. 5 and 6) Although it is a primitive piece of work, its artistic qualities are obvious. A number of elements show that it is a local piece of work from the late Hellenistic Period.
The statue from Novoselani is representative of Roman provincial art. The technique, especially evident in the moulding of the clothes, suggests, that the statue belonged to the second centry.
The relief from Stobi (No. 10) appears to have followed the Hellenistic pattern. It is obvious that it was made by an average local craftsman. It probably came from the second century.
Study of the Cybele statuettes shows that the cult of the Asia Minor goddess was present in the Paionian territory at the time of the early Hellenistic Period. During this period tha goddess was worshipped in the ancient town of Isar at Marvinci. The great number of statues suggest that there was a temple devoted to Cybele. In addition to marble statues, which were probably imported, local cratsmen also made terrracotta statues for grift purposes. Both lion
figures most likely belonged to a larger composition which was placed in the temple. During the early Roman Period, Cybele was worshipped in other towns in Macedonia. The cult of Cybele waned around the third century and (when it) was replaced by new religious beliefs.