Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 83–102
Карактеристични форми на „македонски бронзи“ од наоѓалишта по долината на Вардар
Една од најинтересните културни појави во праисторијата на Македонија се таканаречените Македонски бронзи-група бронзени предмети, амулети, приврзоци и висулци, кои се јавуваат меѓу археолошките манифестации од крајот на VIII до VI век пр. н. ера, на територијата на Северна Егеја и Македонија. По своите археолошки и естетски вредности претставуваат културен феномен кој долго време го привлекува вниманието на проучувачите на железното време во овој регион. За последните 70-тина години откриени се многубројни вакви наоди, кои доведоа до изработка на неколку типолошки, територијални и хронолошки класификации. Меѓутоа, се уште недоволно се знае за карактерот на поедини форми или пак за нивните хронолошки и културни вреднос-1 ти. Се уште е нејасно нивното место и улога во железнодопската култура на Македонија, посебно по долината на Вардар, која се одвојува како регион со нивна најголема концентрација.
Благодарение на ископувањата што ги врши Музејот на Македонија во рамките на својот научно-истражувачки проект „Долината на Вардар во І-оТ милениум пред новата ера“,2 во последните десеттина години листата на Македонски бронзи од повардарските наоѓалишта брзо се зголеми. И додека најголемиот број познати Македонски бронзи се откривани во околности кои не нудат доволно податоци за поцелосна определба, новите повардарски наоди потекнуваат од систематските ископувања на повеќе некрополи во Јужното Повардарје, каде се откривани во значително поговорливи околности. Во истражуваните 6 железнодопски некрополи во Валандовско-гевгелискиот регион откриени се близу 250 гробови и завиден фонд археолошки наоди, кои доста добро го документираат развиеното железно време. Предметите од групата Македонски бронзи заземаат доминантно место во инвентарот од овие некрополи. Од друга страна, се побројни стануваат и случајно откриените вакви наоди, кои се чуваат во музеите во Скопје, Титов Велес, Гевгелија и Струмица. Без овие, главно непубликувани наоди, непотполна би била
сликата и вреднувањето на одделни форми, како и на долината на Вардар во железното време. Меѓутоа, во оваа прилика нема да влегуваме во детална анализа на сите досега откриени Македонски бронзи по долината на Вардар. Наша цел ќе биде, покрај објавувањето на непубликуваните наоди, да укажеме на можното издвојување на посебна група Македонски бронзи, предмети тесно поврзани со заеднички територијални,
хронолошки и културни параметри, поточно, од општиот комплекс наоди3 да ги издвоиме најкарактеристичните, они форми кои претставуваат израз на оваа територија, историски посведочена како пајонска.
Предметите во форма на бронзени чашки со капаче, познати се во литературата како приврзоци - садчиња, бронзени чашки или ,,Pyxis pendants“. Извесни автори, пред се J. Боузек и Р. Васиќ, работејќи на нив направиле најцелосни типолошки и хронолошки скали и дале најкомплетни листи на вакви наоди. Меѓутоа, во последниве години бројот на новооткриените привезоци-садчиња е знатно зголемен, токму со примероците од повардарските наоѓалишта. Затоа, најпрво ќе ги сумираме досегашните резултати, презентирајќи ги необјавените наоди.
Од досега публикуваните приврзоци-садчиња близу 80% потекнуваат од наоѓалиштата во Македонија и Северна Егеја, од кои пак, повеќе од половината се откриени по долината на Вардар (од Чаушица 6 комплетни садчиња и едно, капаче, од Дедели 6, од Долно Оризари 2, од Титов Велес, 2, од Орешани | и од Куманово | примерок)“.4 Во некрополите од Валандовско-гевгелискиот регион откриени се уште 1! досега необјавени примероци, кои знатно ја надополнуваат претходната листа.
Во реонот на големата Суворечка некропола во Гевгелија, како случајни наоди откриени се 6 приврзоци-садчиња и едно засебно капаче, и тоа:
– приврзок–садче со тело во форма на чушка од афион, без капаче, висина 5,3 см. (Т.1,1). Сопственост на Народниот музеј во Титов Велес.5
– приврзок-садче со тело во форма на чушка од афион, без капаче, висина 4,5 см. сопственост на Општинскиот музеј „Митко Зафировски“, Гевгелија (Т.1.2).е
- приврзок-садче со ненагласен стомак, без капаче, висина 4,5 см., сопственост на Општинскиот музеј „Митко Зафировски“, Гевгелија (Т.1,3).
- Приврзок-садче со капаче, со птичји протоми на работ од отворот и на капачето, висина 9 см., сопственост на Музејот на Македонија, Скопје (Т.1,5).
– прврзок-садче со капаче, со птичји протоми на работ од отворот, на капачето и на вертикалната држалка од капачето; на дното од садчето се обесени три биконусни, ажурирани висулци, висина 10,5 см., сопственост на Музејот на Македонија, Скопје7 (Т.11,1).
- приврзок-садче со капаче, со високи протоми на работ од отворот и на капачето; на долниот дел носи пластичен додатек во форма на стилизирана птица во лет, висина 14 см., сопственост на Општинскиот музеј, „Митко Зафировски“, Гевгелија (Т.11,2).
- бронзено капаче фланкирано со птичји протоми од страните, сопственост на Општинскиот музеј „Митко Зафировски“, Гевгелија (Т.1,7).
Во некрополата во с. Дедели кај Валандово, откриен е приврзок-- садче со капаче, како вонгробен наод. Има форма на чушка од Афион, а на капачето високи птичји протоми, од кои едниот е откршен, висина | см., сопственост на Музејот на Македонија, Скопје (Т.1,4).
Од нскрополата „Глос“ во ссло Грчиште, отркиен е приврзок-садче
со капаче, како вонгробен наод. Има форма на чушка од афион, а на
капачето високи птичји протоми, од кои едниот е откршен, висина 7 см., сопственост на Музејот на Македонија, Скопје (Т.1.).
Од некрополата „Глос“ во село Грчиште, помеѓу Валандово и Гевгелија, потекнува приврзок-садче со птичји протоми на работ од отворот, случаен наод, висина 8 см., сопственост на Музејот на Македонија Скопје (Т.1,6).5
Во некрополата „Мици“, Гевгелија, откриен е еден приврзок-садче со капаче, со птичји протоми на работ од отворот и на капачето, наод од Pay8 висина 9,5 см., сопственост на Музејот на Македонија, Скопје
Од околината на Марвинци потекнува еден примерок на приврзок-- садче со птичји протоми на работ, случаен наод, висина 6,5 см, сопственост на Народниот музеј од Струмица10 (Т.1,9).
За намената на приврзоците-садчиња општо прифатено е мислењето дека служеле во култни цели, за чување на разни амајлии или магиски предмети. Се претпоставува дека биле носени, обесувани околу вратот како приврзоци, врз основа на дупчињата низ кои се провлекувал ѓерданот за обесување. Сепак, недостатокот на повеќе примероци откриени во изворна положба, не дозволува овие интепретации да прераснат во нешто повеќе од претпоставки. Од друга страна, приврзокот-садче од гробот 48 во Милци, претставува редок примерок откриен во затворена целина и во конкретни околности. Припаѓа на гробна конструкција од нафрлени, аморфни камења, откриен In situ, во висина на карлицата, од десната страна, обесен на гердан од жолти, коскени мониста со кружен пресек, опашен околу појасот. Гробот има димензии 1,20 X 0,70 м.и откриен е во групата на детски гробови, на северниот крај од некрополата. Придружните наоди, посебно белегзиите се пречник од само 5 см јасно зборуваат, и покрај минималните остеолошки остатоци, за детскиот карактер на гробот (сл.2). Овие моменти бараат да се прошири досегашното верување во женскиот карактер на приврзоците-садчиња!!11 и на можноста да биле обесувани исклучиво околу вратот, како накит.
Според постоечките типолошки класификации, трите примероци од Гевгелија (Т.1,2 и 3) и наодот од Дедели (Т.1,4) припаѓаат на третата група „садчиња“ во класификацијата на Р. Васиќ или на групата „А“ според класификацијата на J. Боузек.12 Се одликуваат со мали димензии, висината на садчето е од 4 до 6 см и со форма која имитира афионова чушка, без притчји протоми на работ на садот, додека на капачето се издигаат две високи протоми од страните и една вертикална држалка во средината. Третиот примерок од Гевгелија (Т.1,3), поради слабата нагласеност на стомакот, останува, во мала мера, од оваа шема, со што се одвојува како посебна варијанта на споменатата типолошка група. Со нашите 4 примероци овој пат „садчиња“ уште повеќе се потврдува, не само13 како „македонски тип“, за каков е познат во литературата, туку што потесно како „вардарско-брегалнички“. Со исклучок на неколку садчиња откриени во Грција, како дарови во депоата а тамошните светилишта (Хортата Леукас на Итака, Аргив Хереум на Пелопонез и Самос Хереум на Самос) заедно со други геометриски и архајски предмети од различно потекло, сите други наоди потекнуваат од наоѓалиштата по долината на Вардар и Брегалница. Се датираат од крајот на VIII до средината на УП век пред н.е., според хронолошки осетливите грчки предмети откриени со нив: За ова најдобар пример кај нас се наодите од Радање, откриени заедно со грчки геометриски фибули, или пак примероците од Чаушица во гробовите од фазата па (според К. Килијан) датирана во првата половина на УП век пред н.е.14 На истото време упатува и ситуацијата во Валандовско-гевгелиските некрополи. Тука, приврзоците-садчиња од овој тип откривани се надвор од гробовите или како случајно наоди, што индицира поголема старост од материјалот во 250-те истражени гробови-цисти, датирани во втората половина на VII век и во текот на VI век пред н.е.
Останатите наши приврзоци-садчиња припаѓаат на различни групи, поточно имаат други типолошки карактеристики.
Наодите од Глос, Грчиште (Т.1,6), од Гевгелија (Т.1,5) од грбот 48 во Милци (Т.1,8), од околината на Марвинци (Т.1,9) и капачето од Гевгелија (Т.1,7), според класификацијата на Р. Васиќ припаѓаат на IV група садчиња или на групата Б во класификацијата на Ј. Боузек. Се одликуваат со поголеми димензиии од претходниот тип, со крушкасто до кесесто тело и со птичји протоми на работ и на капачето. Украсени се на стандарден начин, со снопови од врежани линии или со мошне експлоатираниот мотив на втиснати концентрични кругови (Т.1,6). И овој тип садчиња го познаваме главно од наоѓалиштата по долината на Вардар и Брегалница, со исклучок на два примерока, повторно од храмот во Самос, прецизно датирани од 730-670 г. пред н.е.15 Но токму овој податок се зема како најважен за хронологијата на сите приврзоци-садчиња. Заради тоа J. Боузек ги датира ваквите садчиња кон крајот на уши почетокот на УП век, за разлика од К. Килијан кој ги става во својата фаза па и ПБ од хронологијата на железното време на Македонија, односно во текот на УП век пред н.е.16 Сепак се чини е најприфатлива забелешката на Р. Васиќ кој овој тип го смета за помлад од претходната форма приврзоци-садчиња.17 Ваквата констатација ја потврдува и нашиот наод од гробот 48 во Милци, кој според придружните наоди не би можел да биде постар од средината на УП век пр. н.ера (сл. 2).
Последните наши два приврзоци-садчиња, наодите од Гевгелија (Т.ІІ, 4 2),и покрај тоа што содржат елементи од претходните типови, сепак претставуваат засебни форми.
Првиот приврзок се одвојува по кружната форма на садот кој на дното носи три алки на кои се обесени висулци од типот на т.н. „кафези за птици“. Самата форма не18 наоѓа поблиски аналогии меѓу познатиот материјал, но затоа висулците претставуваат мошне раширена форма меѓу железнодопскиот накит од Македонија. Се јавуваат во повеќе варијанти, главно низ УП век пред н.е. Нашата варијанта, со биконусно тело, најблиски аналогии има во наодите од Бразда, Орешани и Нерези околу Скопје, потоа во Радење (близу Штип) и Конопница кај Лесковац, како и во гробот 16 од тумулот I во Кучи Зи(Југоисточна Албанија) каде што е откриен заедно со грчки, геометриски фибули, датирани во крајот на VIII и УП век пред н.е. И во содржината Д(во Британскиот Музеј) од Чаушица, датирана во исто време, среќаваме сличен висулец. Споменатите аналогни висулци го поврзуваат нашиот приврзок-садче со останатите „садчиња“ и други бронзи од овие локалитети, поради што не би можеле да постојат поголеми хронолошки разлики меѓу нив.
Вториот наод од Гевгелија припаѓа на групата големи садчиња со необични протоми, како на работ од садот така и на поклопецот (1.11,2).
Карактеристични се по посебниот додаток на долниот дел од садот. Засега во литературата познати се само три вакви наоди и тоа: наодот од Кратово (во Народниот музеј, Белград), наодот од Радање и наодот од околината а Т. Велес (во Бенаки музејот, Атина(??20 Врз основа на стилските анализи, Р. Васиќ овој тип го поврзува со приврзоците-садчиња од својата IV група, која ја датира кон средината и втората половина на VII век пред н. e.21 Во недостаток на затворени наоди мораме да се задоволиме со стилско-ликовните карактеристики како единствени податоци за овој тип приврзоци. Така, неоспорни се конструктивните и орнаментални сличности со „садчињата“ од IV тип, кај Васиќ, но мора да се спомне и идентичноста во украсувањето и со другите бронзени форми, карактеристични за Повардарјето во У век пред. н.е. Декорацијата на снопови од врежани линиии и ажурираниот завршеток на држалката од капачето се вклопуваат во орнаменталниот систем на останатите „карактеристични бронзи“, од кои не би требало да се одвојува, ни хронолошки ни културно.
Покрај приврзоците-садчиња, во фамилијата на „Македонски бронзи“ значајно место имаат и минијатурните бронзени кани-бокалчиња. Широко се познати како македонски продукт, каде што самата форма на кана или бокал со косо издлабена, отсечена задна страна на вратот претставува основен тип во керамичката продукција низ железното време.
Врз основа на досегашниот фонд познати наоди, 72% бокалчиња потекнуваат од Македонија односно Северна Егеја, 20% од Грција и тоа најчесто како македонски импорт во грчките светилишта и 7,590 припаѓаат на неколкуте примероци, откриени како македонски продукти, во внатрешноста на Балканот.22
Меѓу регионите од посебно значење за нивната продукција и дистрибуција секако е и долината на Вардар, која дала свој печат во формирањето и развојот на определен тип вакви наоди. Познати се во литературата 14 повардарски наоди, и тоа од: Чаушица (4), Гевгелија (2), Долно Оризари (2) и од околината на Куманово23 (6). Но постојат уште три помалку познати или непознати примероци, кои ги презентираме во оваа прилика:
- минијатурно. бронзено бокалче со косо отсечен врат, висина 3,5 см., случаен наод од раноантичката наслба на локалитетот „Градиште“, Средно Нерези, Скопје,24 сопственост на Музејот на град Скопје25 (Т.ІІ,3).24
- минијатурно, бронзено бокалче со косо отсечен врат, висина 3,5 см., случаен наод од локалитетот „Градиште“, село Бучинци, Скопје, сопственост на Музејот на град Скопје (Т.11,4).
- минијатурно, бронзено бокалче со косо отсечен врат, висина 5 см., случаен наод од некрополата во с.Дедели, Валандово, сопственост на Музејот на Македонија, Скопје (Т.ІІ,5).
Во определбата на минијатурните бронзени бокалчиња среќаваме различни толкувања, пред се на нивната типологија и хронологија. Преовладуваат мислењата дека се работи за приврзоци во кои се чувале материи слични на оние од приврзоците-садчиња и дека биле во служба
на определени ритуални дејства. Нивниот сакрален карактер потенци-
ран е и од поврзаноста со другите култни бронзи. Така на пример, во грбот 13 од Чаушица откриени се две бронзени птици кои на грбот носат минијатурни бокалчиња, некои приврзоци од групата на т.н. „затворачи за кани“ (Патели, Кучи Зи,26 Олинт, Халкидик) кои место вообичаената стилизирана човечка фигура во седечки став, на горниот дел, носат минијатурни бокалчиња, а и одредени примероци од типот „кафези за птици“ кои можат да носат бокалчња наместо птица или друга животинска престава (Т.Месимери, Кучи Зи).?“ За тоа дека биле приврзоци,27 најповеќе зборува еден наод од Западен Халкидик, кој претставува две мали бокалчиња споени во заедничка држалка на чиј највисок дел се наоѓа алка за прикачување, како кај останатите потврдени приврзоци. ??
Откривани главно по некрополите, овие наоди некои автори ги поврзуваат со машки гробови, што сепак не може со сигурност да се земе, поради малиот број бокалчиња откриени во затворени целини, а уште повеќе, нивниот култен карактер не дозволува тесно да ги определиме како машки или женски накит.28
Во врска со типолошките и хронолошки вредности на минијатурните бокалчиња, постојат различни гледишта. Додека едни автори ги истакнуваат типолошките разлики како битни за хронологијата, други на нив гледаат како на регионални белези. Во типолошката класификација на Ј.Боузек среќаваме 7 групи бокалчиња, поредени со тенденција да задржуваат извесен хронолошки ред.29 Првите групи A и Б се најрано датирани, кон крајот на VIII и почетокот на УП век пред н.е., додека последните групи30 влегуваат во VI век пред н.е. Сепак, веруваме дека типолошките разлики не се во толкава мера резултат на хронолошко колку на регионално одвојување. Бронзените болкалчиња од Пелагонија, Патели или Југоисточна Албанија ја следат локалната форма на керамичкиот бокал со јако истакнат и назад отсечен врат, карактеристичен за западно-македонската керамичка група. Дури и декорацијата, со специфичното мат-сликање кај керамичките бокали, е копирано од малите, бронзени бокалчиња, секако во друга техника-со врежување. Слична е ситуацијата и со грчките примероци, кои ги следат тамошните керамични форми на лекитоси, амфорискоси, арибалоси и др.31 Во таа смисла и нашите повардарски бронзени бокалчиња ја копираат домашната форма на керамичен бокал, формирајќи засебна група или тип, кој можеме да го наречеме, „повардарско-брегалнички“ или „пајонски“ тип, на кои припаѓаат и наодите по Брегалница (Радање и Виница)".32 Сите тие се одликуваат со послабо или појако биконусно тело, симетрично изведен врат со косо отсечен раб и држалка со правоаголен пресек која по должината од надворешната страна има 1-3 канелури. Украсени се по системот на керамичките примери, со хоризонтално врежани линии во појасите, под рабовите, на преминот во рамото и на најширокиот дел од стомакот. Често се среќава и мотивот на втиснати, концентрични кругови, посебно популарен во декорацијата на бронзениот накит од овој регион.
За хронологијата на бронзените, минијатурни бокалчиња, најзначајни се наодите од Чаушица (гроб 13, гроб 22, содржани „Д“ во Британскиот музеј и содржината А во Единбург) датирани во доцниот VII и низ првата половина на УП век npen н.е.33 Тука тие врзуваат одредена група наоди (приврзоци - садчиња, птици, роглести предмети и сл.) кои ги среќаваме, заедно со бронзените бокалчиња и во другите наши наоѓалишта. Вакво заедништво е најевидентно во новооткриениот гроб | од некрополата „Кршлански гумења“ во Виница (сл.1), чија што конструкција и инвентар се датираат во првата половина на УП век, врз основа на аналогиите со Радање и Чаушица.34 Од друга страна, во бројните гробови од Валандовско-гевгелиските некрополи, од Бохемица и од помладите гробови во Чаушица, датирани во втората половина на УП и:во VI век пред н.е., повеќе не ги среќаваме минијатурните, бронзени бокалчиња. Во ова време тие стануваат се попопуларни во внатрешноста на Балканот.35
Меѓу старите наоди од Дедели, од Драгендорфовите истражувања во 1917 година се наоѓа и еден предмет со топчеста форма.36 Целото тело му е ажурирано со долгнавести и триаголни прорези, распоредени меѓу 6 симетрични поставени кружни отвори. Покрај овој наод, во литературата е познат уште еден, идентичен примерок, откриен во Линдос, на Родос.37 И во двата случаи немаме подетални податоци за околностите на октривањето, така што нивната определба е сведена само врз основа на стилската анализа. Заради тоа, често се потенцира нивната сродност и припадност кон големата фамилија ажурирани, топчести приврзоци, наголемо раширени, од исток по Европа, во текот на VIII, низ УП до длабоко во VI век пред н.е. Меѓутоа, во последните години откриени се уште 5 вакви наоди и тоа во околности кои нудат значајни податоци за поцелосна определба. Тие се:
- топчест, ажуриран приврзок, со 5 кружни отвори, наод од гроб 55 во некрополата во с.Дедели, Валандовско, пречник 4 см., сопственост на Музејот на Македонија, Скопје (Т.ІІ,6).
- топчест, ажуриран приврзок, со 6 кружни отвори, вонгробен наод од некрополата во с.Дедели, Валандовско, пречник 4 см., сопственост на Музејот на Македонија, Скопје (Т.ІІ,10).
- топчест, ажуриран приврзок, со 6 кружни отвори, наод од гроб 48 во некрополата „Милци“, Гевгелија, пречник 4 см., сопственост на Музејот на Македонија, Скопје (T,11,12) сл. 26.
— топчест, ажуриран приврзок, со 6 кружни отвори, наод од гроб 54 во некрополата „Милци“, Гевгелија, пречник 3 Аа сопственост
- топчест, ажуриран приврзок, со 6 кружни Доо случаен наод,
на Музејот на Македонија, Скопје (T.11,13) сл.
Демир Капија, пречник 3 см:, сопственост на Музејот на Македонија, Скопје (Т.11,11).38
Како што се гледа од претставената листа повеќето од наодите припаѓаат на затворени гробни содржини, што значи, за прв пат сигурно врзување за одредени податоци. Гробот 55 од Деделската некропола, според стратиграфската позиција, конструкцијата и инвентарот, се издвојува од останатите гробови како постар. Покрај топчестиот, ажуриран приврзок, во овој гроб се откриени и други наоди (лачни фибули, долги спирални белегзии, бронзена фалера, бронзени биконусни и тролисни мониста, калотни копчиња и бронзени обетки) меѓу кои ги издвојуваме двете мали, лачни фибули (Т.11,7,8). Едната припаѓа на големата фамилија Навичела фибули, од кои се развиле бројни варијанти, пред се на италско тло, во текот на доцниот VIII и раниот УП век пред н.е. На
ова време одговараат и најблиските наши паралели, наодите на вакви фибули во Тесалија.39 Втората наша фабула е позната во Грција како „островски импорт“ од доцногеометриското време. Посебно е популарна во Тракија (Проглед, Капели, Долно Сахране и.т.н), каде се датира од VIII до VI век пред н.е.40
Вториот топчест, ажуриран приврзок од Дедели не41 е откриен во гроб, туку, заедно со уште еден приврзок (алка со закачаени 3 ажурирани висулци) претставува вонгробна содржина, открииени до гроб 59 (Т.ІІ,9 и 10). Ваков приврзок, среќаваме во еден од постарите гробови во Бохемица, гроб 25, кој не би можел да биде помлад од крајот на УП век пред
Третиот топчест приврзок припаѓа на веќе разгледаниот гроб 48 од некрополата „Милци“ во Гевгелија. За разлика од овој гроб, конструкцијата 54 од истата некропола претставува циста од камени плочи, во која биле погребени две особи, во два наврати. Нашиот наод е откриен во дислоцираната содржина, со две очилести фабули со „осмица“ и остеолошки материјал собран во јужниот крај на гробот (сл.5). Позицијата на сета содржина ги определува овие наоди како постари од останатиот »in situ материјал во гробот.
На крајот, за да биде целосна листата на овие наоди, уште еднаш ќе се потсетиме на гробот | од лок.Кршлански гумења во Виница, каде што, покрај приврзокот-садче, минијтурното бокалче, празно лиената птица и другите наоди, откриени е и еден топчест, ажуриран приврзок со само два кружни отвори на половите, меѓу кои целото тело е пробиено со долгнавести прорези (сл.1Ѓ).
Во генералниот развоен систем на Македонските бронзи, нашите топчести предмети Ј.Боузек ги поврзува со останатите „маниристички“ бронзи од доцниот УП и VI век, врз основа пред се, на еден висулец од Олинт, откриен во гроб со коринтски арибалос од средината на У век пред н.е.42 Но, овој висулец, покрај извесните ликовни сличности, битно се разликува од нашите наоди. На горниот дел има извлечена држалка со алка за прикачување, што би можело да значи, не само формална или хронолошка, туку и содржинска, поточно наменска разлика. Од другата страна, типолошките особености на нашите наоди покажуваат дека се работи за строго определена форма која и кога развива свои варијанти, тие ги задржуваат основните конструктивни белези, како би одговарале на определената намена.
Иако располагаме со само 8 вкупно познати топчести приврзоци, благодарение на околностите во кои се откриени, се чини можно типолошкото издвојување на неколку варијанти, кои воедно би претставувале и одделно етапи во развојот на основната форма. Така, наодот од Виница би претставувал елементарен облик, прва фаза во евентуалниот типолошки развиток, форма која ги содржи само најнеопходните елементи со кои може да се одговори на функцијата. Кај него среќаваме само два кружни отвори, излижани од долготрајната употреба, што наведува на помислата дека би можеле овие предмети да бидат обесувани и носени како големи топчести монистра. Следните наоди можеме да ги сметаме за варијанти кои се разликуваат по бројот на кружните отвори и издолжените прорези меѓу нив. Воочлива е тенденцијата, примероците со помалку кружни,а повеќе издолжени прорези да претходат во развојот на оние со 6 кружни и само по еден издолжен прорез меѓу нив. Во таа смисла, наодот од гроб 53 во Дедели и оној од гробот 48 во Милци би биле следна фаза во развојот на виничкиот примерок. Вонгробниот наод од Дедели, наодот од гробот 54 во Милци, случајниот наод од Демир Капија и старите наоди Дедели и Линдос (на Родос) би претставувале последна развојна фаза, која не би можела да биде помлада од крајот на УП век пред.н.е. Покткрепа за ова е нивната поврзаност со останатите карактеристични форми на „Македонски бронзи“ и нивното отсуство меѓу материјалот од јужноповардарските некрополи, датиран главно во втората половина на VII и низ целиот VI век пред.н.е. Нашите топчести приврзоци откриени се во гробни конструкции од нафрлени камења, постара форма на погребување во Повардарјето, која И претходи на појавата на доцногеометриските цисти. Единствено гробот 54 од Милци претставува циста, но, како што веќе истакнавме, нашиот наод припаѓа на постариот, дислоциран покојник во гробот (сл.5).
Во групата археолошки предмети од Бенаки музејот во Атина, кои потекнуваат од околината на Титов Велес, се наоѓаат и два наоди во форма на свиткани, бронзени „прачки“ со алка на средината и пластични фигурални претстави на горниот дел, идентификувани како делови од коњска опрема, псалии или узди (Т.|1,1 и 2).43 Обработувајќи ги овие предмети, уште Р.Васиќ ги определил како една од карактеристичните форми во материјалната култура на Повардарјето во VII век пред н.е.44
Во меѓувреме, откриени се уште 3 вакви предмети тоа, покрај веќе познатиот наод од с.Орешани,45 близу Скопје (Т.П1,3) уште други два, случајно откриени во Гевгелија, најверојатно од некрополата „Сува Река“, и тоа:
лачно свиен бронзен предмет со алка во тежиштето, со инкаст ажуриран завршеток и три печатести додатоци на држалката. По должината на лачниот дел, од задната страна изведена е пластична фигура на змија од извиена бронзена лента со правоаголен пресек. Должина 15 см., сопственост на Музејот на Македонија, Скопје (Т.|П, 4 сл.3).
лачко свиен бронзен предмет со празно лиено тело и полна
држалка со инкаст ажуриран завршеток. На горната страна носи алка и откршен дел од пластична претстава. Телото му е проби-
ено со по 3 триаголни прорези од секоја страна. Должина 12,5 см., сопственост на Општинскиот музеј „Митко Зафировски“, Гевгелија (Т.ІІІ,5).
Доколку ги прифатиме ваквите предмети како дел од узди, тие би биле единствените наоди од овој тип во Македонија и тоа познати само по долината на Вардар.
Можните фактори и влијанија во формирањето на оваа специфична форма во Повардарјето, детално се обработени во споменатата анализа на Р.Васиќ. Но сепак, заради ограничениот број наоди, се уште се е сведено на претпоставки.
Сите досега 5 откриени примероци покажуваат единствени стилски особености, со кои повеќе се доближуваат до останатите повардарски „бронзи“, отколку до познатите примери на узди, со кои ги врзуваат само извесни формални сличности. Кружните, ажурирани завршетоци се идентични со оние од држачите на капачињата кај приврзоците-садчиња. Декорацијата од паралелно врежани линии во снопови, втиснатите концентрични кругови како и печатестите додатоци, се вклопуваат во орнаменталниот систем на повардарските „бронзи“.
Пластичните, животински фигури им даваат посебно обележје, мошне значајно за нивната определба. На едниот примерок од Титов Велес среќаваме претстави на две животни, една птица и другата идентификувана како коњ. Формално-стилски, овие фигури се врзуваат за грчката геометриска пластика, но во тие рамки покажуваат извесни специричности во изведбата, посебно кај птицата, карактеристични за македонските птици или уште повеќе, за птичјите протоми од приврзоците-- садчиња. На вториот примерок од Титов Велес не е сочувана фигуралната претстава, но на соодветното место на горната страна, постои остаток од откршен дел кој би можел да претставува слична животинска фигура. Ваква е ситуацијата и со едниот примерок од Гевгелија, на кој исто така, среќаваме остаток од откршен дел, најверојатно од фигура на животно. Кај вториот наод од Гевгелија и кај оној од Орешани (иако доста оштетен) исто така среќаваме животинска претстава, но овој пат на змија, по целата должина на кракот, до алката (Т.ІІІ, Зи 4, сл.3).
Овие животински претстави, посебно змијата, им даваат на нашите предмети подлабока култна содржина и претставуваат нејзин ликовен израз, во духот на постоечките уметнички норми. Од другата страна, некои од овие предмети се премногу грацилно изработени за да можат да служат како узди, кои морале да поднесуваат голем притисок. Наодите од Орешани и Гевгелија имаат празно лиено или ажурирано тело, кое тешко може да ја издржи функцијата на утилитарен предмет каков што е уздата. Затоа, овој тип предмети можеме да ги сметаме за уште една необична форма приврзоци, карактерно и стилски тесно поврзани со останатите повардарски „култни бронзи“ од УП век пред н.е.
Предметите од групата, т.н. „Македонски бронзи“ го даваат основниот белег на материјалната: култура во развиеното железно време по долината на Вардар. Нивната појава е резултат на специфичниот културен развиток на овој регион, во кој ред фактори, а најповеќе геостратегиската положба, одиграле пресудна улога. Наоѓајќи се меѓу трите културни сфери: западнобалканската, тракиската и грчката, со сите предиспозиции за брз општествено-економски и културен развиток, Вардарската долина апсорбирала различни влијанија и културни искуства. Почнувајќи со елементите од старата микенска традиција, преку влијанијата од халштатската или западнобалканската културна сфера, па до Кобанско-кавказките продори, низ Повардарјето, како централно комуникативно подрачје, се преплетувале странски културни елементи кои битно влијаеле врз формирањето на домашниот вкус и култура. Во оваа смисла, со посебна оригиналност се одликуваат предметите од групата „Рани македонски бронзи“, поточно, нашите карактеристични форми. Откриевани главно по наоѓалиштата на долината на Вардар и Брегалница - Чаушица, Бохемица, Гевгелија, Дедели, Д.Оризари, Т.Велес, Орешани, Куманово, Радање и Виница - (карта 1) тие се израз на производството во овој регион, главно низ VIII век пред н.е. со посебен интензитет во првата половина. Воедно, за нив се врзани и почетоците на продукцијата на целата група т.н. „Македонски бронзи“.
Во рамките на развиеното железно време или на железното време П (според М.Гарашанин), тие јасно одбележуваат една хронолошка фаза, помлада од времето на употреба на родовските тумули, а претходна на појавата на доцногеометриските цисти, во погребувањето. Нивната појава одговара на употребата на малите гробови-могилки од нафрлени камења, кои во јужното Повардарје, за разлика од брегалничкиот регион, биле побрзо надминати како форма на погребување и заменети со доцногеометриските цисти. Со тоа, веќе во текот на втората половина на УП век, јужното Повардарје влегува во нова хронолошка фаза, како резултат на зајакнатите културни струења од југ и посебно заради непосредните врски со грчките колонии на Халкидик. Покрај новиот начин на погребување во цисти, се јавува и нова технологија во керамичката продукција со употреба на грнчарско коло, под влијание на јонско-родската керамика. И „Македонските бронзи“ се збогатуваат со низа нови форми кои се јавуваат под влијание на грчката пластика, односно на грчките занаетски центри на Халкидик. Старите, оригинални форми, карактеристични за долината на Вардар и Брегалница, со појавата на новите манифестации, постепено излегуваат од употреба.
Со оглед на тоа дека најголемата концентрација на „Македонски бронзи“, со најмногу форми и варијанти, се познати по Вардар и Брегалница, во литературата е веќе изнесена претпоставка за Пајоните како нивни можни носители.46 Со археолошките истражувања на овој регион, се повеќе се потврдува ваквата констатација. И покрај познатиот став на Хамонд дека Пајоните не оставиле значајни траги, поточно дека ништо од материјалната култура не може да се окарактеризира како нивно,47 се поевидентна е пајонската припадност на „Македонските Бронзи“, посебно на т.н. рани форми.
Како што веќе истакнавме, нашите наоди ги поврзуваат наоѓалиштата по долината на Вардар и Брегалница, но во исто време, се откриваат и извесни аналогии со источноегејските малоазиски острови (Самос, Хиос, Родос). Оваа интересна културна поврзаност се уште е необјаснета и секако претставува предмет на натамошните проучувања. Од друга страна, веќе не постојат сомненија во единствениот културно-историски развиток на Повардарскиот и Брегалничкиот регион во развиеното железно време. Овие два региона се често пати истакнувани како етно-кутлруна целина, потврдена со соодветноста на манифестациите во материјалната и духовната култура.48
Од друга страна, најстарите историски податоци, од хомеровата Илијада, преку белешките на Херодот, Полибие, Тукидид и Страбон, до современите истражувачи на пелобалканската географија (Кислинг, Томашек, Ленк, Кацаров, Папазоглу, Хамонд, Соколовска и др.) единствени се во мислењето за долината на Вардар како пајонска територи-49 Времето кое нас не интересира, после големите Егејски преселби, поточно времето на културната стабилизација до целосното хеленизирање на железнодопската култура, претставува единствен можен интервал за самостоен културен развиток на домашното население, единствено поволен период за продукција и дистрибуција на пајонски продукти. Токму во ова време паѓа појавата и развојот на т.н. рани форми
Македонски бронзи или на нашите „карактеристични“ форми, пред
експанзијата на Македонците кон исток, а за време и по формирањето на првите грчки колонии на Халкидик. Во ова време Македонците се западно од долниот Вардар. Просторот северно од Солунскиот залив и Халкидик, узводно по Вардар и Струма cé уште не е македонски, туку територија на пајонските племиња. Заради тоа, терминот „Македонски бронзи“, доколку претендира на некаква етничка квалификација, би требало да се замени со „Пајонски бронзи“, кој назив далеку повеќе ги определува нашите карактеристични форми или т.н. рани Македонски брон-
Белешки
- J. Bouzek, Graeco-Macedonian bronzes (analysis and chronology), Universita Karlova, Praha 1973; J. Bouzek, Macedonian bronzes-Thier origins, distribution and relation to other cultural groups of the earli irone age, Památky archeologické LXV, Praha 1974; K. Kilian, Trachtzubehör der Eisenzeit zwischen Agäis und Adria, Praehistorische Zeitschrift Band 50, Berlin-NewYork 1975; R. Vasić, Bronze iz Titovog Velesa u muzeju Benaki, Živa antika 24, Skopje 1974. 213-232 ↩
- Во рамките на овој проект, раководен од В. Соколовска и Р. Пашиќ, од 1976 година се вршат археолошки ископувања на следниве железнодопски некрополи во Валандовско-- гевгелискиот регион: лок. Милци и Сува Река кај Гевгелија, лок. Мелезник во с. Дедели, лок. Глос во с. Грчиште и во селото Марвинци. ↩
- J. Bouzek, Graeco-Macedinian bronzes....... 1973, 24-37: R. Vasié, op. cit. 220-226. ↩
- J. Bouzek, Macedonian bronzes....... 1974, 286: K. Kilian, op. cit. Tf, 34-39; P. Васиќ, Нови елементи за проучавање гвозденог доба Вардарске долине, Старинар XXVII/76, Београд 1977, стр. 2-5 сл. 2; Б. Алексова, Археолошки наогалишта по долниот ток на реката Тополка, Гласник на мкд на Македонија Вол. 1, Скопје 1954; R. Vasi¢, Bronze... 1974, Т. I, 6; Т. II, 1; K. Kilian, ор. си. ТЕ. 57-13; Н. Вулиќ, Споменик сан 98 (1941-48) 271; K. Kilian, ор. cit. Tf. 11, 1; Во Археолошкиот Музеј во Кукуш изложен е приврзок-садче со капаче од III група салчиња (според Р. Васиќ) откриено во Понтоера Клеја, наоѓалиште на чеколку километри северно од Чаушица. ↩
- Овој наод е откриен заедно со две наочарести фибули со „осмица“ и две белегзии зо прекрстени краишта, најверојатно од еден гроб во месноста Под Реката или Циглана, а 30 1955 гол. е откупен за Народниот музеј во Т. Велес. За информациите му благодарам на Ѓорѓи Петачки, кустос во споменатиот музеј. ↩
- Благодарение на директорот на Гевгелискиот муезј Владо Аврамов, овозможено е публикувањето на наодите, сопственост на овј музеј. ↩
- Наодот е откриен во близината на гробот4 30. За истражувањата на некрополата во >. Дедели, види: Р. Пашиќ, Некрополата од постаро железно време во селото Дедели кај Валандово, Зборник 1979-1982, Археолошки музеј на Македонија кн. XI, Скопје 1983, 57-65. ↩
- Наодот е откриен при земјоделски работи во реонот на некрополата Глос кај senote Грчиште. Тука, во 1977 година, вршени се мали сондажни ископувања и откриени се неколку гробови-цисти.+9 Наодот е откриен со археолошките истражувања на Мзејот на Македонија, 1983 година. Резултатите не се публикувани. ↩
- Наодот е изложен во постојаната поставка на Заводот и Музеј, Струмица. 3a информациите й благодарам на М. Стаменова, кусотс во оваа инстутуција. ↩
- J, Bouzek, Graeco-Macedonian bronzes..... 1973, 24 ↩
- J. Bouzek, op. cit., 25; R. Vasić, op. cit, 222. ↩
- J, Bouzek, op. cit., Fig 6: 5, 6; истиот, Macedonian bronzes...., 301, 305. ↩
- Д. Гарашанин, Проблемот на датирањето на „македонската бриоза“ со посебен осврт на наодите од Радања, Maced. acta arcaeol. 2, K. Kilian, op. cit., Tf. 101. ↩
- J, Bouzek, op. cit., Fig 8: 4, 31. ↩
- J. Bouzek, op. cit. Fig 49, 31: K. Kilian, op. cit., TE. 101. ↩
- R. Vasić, Bronze...., 223. ↩
- Д. Корачевиќ, Наод од халштатското време од Бразда кај Скопје, Maced. acta archaeol. 3, Прилеп 1977, сл. 12; Р. Пашиќ, Бронзени предмети од околината на Скопје Maced. acta archaeol. 4, Прилеп 1978, T. 1, 5; В. Санев и др., Праисторија во Македонија (каталог), Скопје 1976, сл. 574; Z. Andrea, Les tumuli de Kuc i Zi, Iliria VI, Tirane 1976, T. III, 5. ↩
- Наодот ол Белград не е публикуван, види: J. Bouzek, ор. cit., 31. ↩
- R. Vasić, op. cit., 224, T. II, 1. ↩
- K. Kilian, op. cit., Tf. 101; R. Vasi¢é, Ronja Dolina i Makedonija, Godisnjak CBI XIV, Sarajevo 1975, 84. ↩
- Р. Поповъ, Гробни нахотки, сбан София 1917, T. IX 2, 3; Б. Алексова, Арх. наоѓалишта по Тополка, гмкд вол. I, Скопје 1954; Н. Вулић, Споменик сан 98, 271; J. Bouzek, op. cit., 38-49; K. Kilian, op. ct., Tf. 34-39. ↩
- И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини, Македонска книга, Скопје 1982, стр. 30. ↩
- За дадените информации му благодарам на Милош Билбија, кустос во Музејот на град Скопје. ↩
- P. Amandry, Collection Hélène Stathatos I, Strasbourg 1953, sl. 176, Fig 36-9; Z. Andrea, op. cit. T. III, 7; IV, 3; T. XIV, 11. D. Robinson, Excavation of Olinthus X, Metal and minor miscellaneous finds, Baltimore 1941, pl. 167; J. Bouzek, Graeco-Macedonian... 1973, Fig. 21:7, Fig. 22:11, Fig. 24:5, 9, 12, Fig. 1:1, 2. ↩
- P. Amandry, op. cit. Fig 36:8. ↩
- J. Bouzek, op. cit., 38. ↩
- J. Bouzek, op. cit. 36-50. ↩
- P. Amandry, op. cit. Fig. 42; pl. 27:197; I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Skopje-Beograd 1966, pl. 9:17; Д. Симоска-В. Сандев, Праисторија во Централна Пелагонија (каталог), Народен Музеј - - Битола 1976, сл. 301. Z. Andrea, La nekropole de Germenj (Lushnje), Iliria I, Tirane 1981, T. II, 213. ↩
- Buzek, op. cit., 47, Fig. 14:2, 7, 8. ↩
- В. Санев и др., Праисторија........., сл. 579: Наодот од Виница потекнува од гроб I на лок. Кршлански Гумења (сл. 1). ↩
- K. Kilian, op. cit., str. 75: J. Bouzek, op. cit., Fig. 49. ↩
- Д. и М. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању, на локалитету „Криви Дол", Зборник на Штипскиот Наорден музеј I, Штип 1959, 47. ↩
- R. Vasić, Donja Dolina i Makedonija, Godišnjak CBI XIV/12, 81-95. ↩
- у, Pingel, Eisenzeitliche Graber von Dedeli und Mravince in Jugoslawiche Macedonien, Marburger Wincelnanns Programm 1970, Tf. 4-5; R. Vasi¢, Novi elemeniti....... str. 4, sl. 2, 8. ↩
- J, Bouzek, op. cit., Fig 20:6. ↩
- Наодот е откриен во секторот „Болница“ за време арх. ископувања во 1970 година. ↩
- K. Kilian, Fibeln in Thessalien von der mykenischen bis zur archaischen Zeit, Prahistorische bronzefunde, Miinchen 1975, 82-85. Во Киме, во гроб 16 заедно со слична „навичела“ фибула откриено е и минијатурно бронзено бокалче - види К. ↩
- Г. Табакова, Фибула од Казанлк и околината, Археология 3-4, 1959, 87-88. „Het goud der Tharaciers", Mouseum Boymans, Rotterdam 1984, inv. br. 264 (Каталог од изложбата „Троја-Тракија" во Ротердам 1984). ↩
- Rey, Bohemitsa, Albanija IV7 1928, 43, Fig. 7:3; J. Bouzek, Macedonijan bronzes........ - .1974, 284. ↩
- J, Bouzek, Graeco-Macedonian........ 1973, 69, Fig. 38:8; D. Robinson, op. cit., grob 516, 419, pl. 24:406. ↩
- Р. Васић, Бронзе из Титовог Велеса у музеју Бенаки, Жива антика год. XIV кн. 1-2, Скопје 1974, T. III, IV. ↩
- Р. Васиќ ор. cit., стр. 219. ↩
- Р. Пашић, Бронзени предмети....., T. I, 11; K. Kilian, op. cit., Tf. 57, 11. ↩
- Р. Васић, op. cit., стр. 228. ↩
- N.G.L. Hammond, A history of Macedonia, Vol. I, Oxford 1972, p. 418. ↩
- Р. Васиќ, Нови елементи за проучување..., стр. 5. ↩
- А. Фол-Т. Спиридонов, Историческя география на тракиските племена до III век пр. н. ера и атлас, бан София 1983, стр. 49 со наведената литература; В. Соколовска, Исар-Марвинци и Повардарјето во античко време, Музеј на Македонија, Скопје 1986, стр. 23 со наведената литература; N.G.L, Hammond, op. cit., 430. ↩
Summary
Typical ѕнареѕ of "Macedonian bronzes" from тие ѕitеѕ along тие Vardar River
(SUMMARY)
The high development of Macedonian culture in the Iron Age is confirmed by findings from a group of objects which have been called Macedonian bronze. Several archeologists studied the findings of this period and, as a result, a number of territorial, typological and chronological classifications were made, including various (,,bronze“ artifacts from the VIII and the VI centuries B. C. They were axcavated mainly at archeological sties in Macedonia and North Aegea. Little is known about the value of some of the artifacts. The lenghty excavations of the sites along the Vardar River from the Iron Period yielded a number of undisturbed graves which date the findings. A group of bronze artifacts that stands out for its originality and distinct shapes was discovered in the Vardar and the Bregalnica River valleys. About 85% of these findings were discovered in this region.
Some of the recently discovered findings are presented here: Pedants - vessels (Pyxis pendants)
- Five examples of vessels and one lid were chance findings in the necropolis Suva Reka in the region of Gevgelija. (Pl. I-1, 2, 3, 7,; Pl. fi - 1,2).
- A pendant vessel, a chance finding in the necropolis Glos at the village Gréiste at Valandovo. (Pl. 1 - 6).
- A pendant vessel, a chance finding from the region of Marvinci at Valandovo.
- A pendant vessel, discovered near grave 30 in Dedeli Necropolis at Valandovo. (pl. I - 4)
- a pendant vessel, a finding from grave 48 in Milci Necropolis at Gevgelija (Pl. 1 - 8; P. 2)
Pendants - miniature bronze cups from the Vardar and the Bregalnica region.
. - A jug - shaped pendant, a chance finding at the GradiSte site, Sredno
Nerezi, near Skopje from the Pre-Roman Period (PI. II-3)
- A jug - shaped pendant, a chance finding from the Gradi&te site, the village of Bucinci near Skopje (PI. II-4).
- A jug-shaped pendant, a chance finding from Dedeli Necropolis at Valandovo (PI. П-5).
Ball-shaped pendants with long and circular cuts:
- A ball-shaped pendant with five circular openings, a finding from grave 55 in Dedeli Necropolis at Valandovo (PI. П-6). It was discovered together with two arch fibulae (PI. II-7, 8).
- A ball shaped pendant with six circular openings, a finding excavated together with another pendant (PI. П-9, 10) near grave 59 in Dedeli Necropolis at Valandovo.
- A ball-shaped pendant with six circular openings, a finding from grave 48 in Milici Necropolis at Gevgelija ?P!. II-12; P. 2).
- A ball-shaped pendant with six circular openings, a finding from grave 54 in Milci Necropolis at Gevgelija (PI. II-13; P. 5; P. 4;). - A ball-shaped pendant with 6 circular openings, a chance finding from D. Kapija. (pl. II-11).
Pendants in the shape of arch bent bars with animal reliefs. - An arch bent pendant depicting a snake, a chance finding from Suva Reka Necropolis, Gevgelija (Pl. III-4; P. 3).
- An arch bent pendant with a broken animal figure, a chance finding in Suva Reka Necropolis at Gevgelija (Pl. 1-5).
All these pendants were excavated in the valleys of the Vardar and the Bregalnica Rivers, the territory where the Pionian tribes lived. They were all used for the same purpose and date from the VII century A. D. For ethnic distinction, the term Paionian bronze is more suitable than the term Macedonian