Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 65–81

Рачно изработената керамика од долноповардарските некрополи

Содржина
  1. НЕКРОПОЛА .СУВА РЕКА - ГЕВГЕЛИЈА
  2. НЕКРОПОЛА „МИЛЦИ“ - ГЕВГЕЛИЈА
  3. НЕКРОПОЛА „МЕЛЕЗНИК“, с. ДЕДЕЛИ - ВАЛАНДОВО
  4. ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, аналогии И ДАТИРАЊЕ

Археолошките истражувања кои веќе една деценија се вршат на неколку некрополи од подрачјето на општините Гевгелија и Валандово дадоа обемен материјал за проучување на протоисториското раздобје и почетоците на антиката во овој дел од Долното Повардарје. Како резултат на тоа, досега се објавени неколку стручни извештаи и трудови, кои третираат одделни проблеми, се осврнуваат кон некои специфични појави или презентираат одделни наоди.1

Меѓу материјалот на кој досега не му било посветено доволно внимание се вклучуваат група садови или делови од садови кои се моделирани со слободна рака. Во споредба со керамиката која е изработена на грнчарско колце, а чие масовно присуство претставува една од најмарратно помал, така што се добива впечаток дека тука рачно изработена керамика практично отсуствува. Поради потребата овој интегрален и мошне значаен дел од движниот археолошки материјал да биде достојно вреднуван во поглед на неговиот културен карактер и хронолошко место, нужно е тој да биде презентиран одделно преку каталошки преглед на позначајните, т.е. типолошки одредливите наоди, вклучувајќи податоци за нивната диспозиција, услови на наоѓање и материјал што ги проследува.2 Согледбите во врска со типологијата, потеклото и хронологијата на оваа керамика,3 не само што овозможуваат да го дефинираме нејзиниот карактер, туку отвораат простор за дискусија на многу поширок план, допирајќи ги деликатните етнички прашања и недоволно јасната гео-диспозиција на старобалканските народи што живееле на територијата од денешна ср Македонија.

НЕКРОПОЛА .СУВА РЕКА - ГЕВГЕЛИЈА

Наоди во гробовите

1. Шолја со кесест облик и рачка која го надвишувала отворот на садот. Изработена е од глина мешана со кварцитни зрна. Груба фактура, сиво-кафеаво печење и сиво-црна посна енгоба (сл. 1, а). Најдена е во гро- 6-циста 6p. 8, како единствен прилог.4

2. Бокал со биконусно тело, рамно дно и конусен врат со длабок израз од задната страна. Сиво-кафеаво печен и покриен со сосема тенка

светлокафеава енгоба. Вратот е украсен со три хоризонтални обрачи од

Сл. | Сува Река, Гевгелија: А-В, Д-Ѓ гробни наоди близу0 гробовите Fig. | Suva Reka, Gevgelija: A-B, D-G grave findings near the graves Fig. | Suva Reka, Gevgelija: A-B, D-G grave findings near the graves
Сл. | Сува Река, Гевгелија: А-В, Д-Ѓ гробни наоди близу0 гробовите Fig. | Suva Reka, Gevgelija: A-B, D-G grave findings near the graves Fig. | Suva Reka, Gevgelija: A-B, D-G grave findings near the graves
Сл. 2 Сува а Река, Гевгелија близу гробовите Fig. 2 Suva Reka, Gevgelij findi Ings near the. Fig. 2 Suva Reka, Gevgelij findi Ings near the.
Сл. 2 Сува а Река, Гевгелија близу гробовите Fig. 2 Suva Reka, Gevgelij findi Ings near the. Fig. 2 Suva Reka, Gevgelij findi Ings near the.

врежувани линии во снопови; од последниот низ рамената на садот се спуштаат вертикални снопови (сл. 1, 6). Најден е во гроб-циста бр. !!, заедно со боени садови што се изработени на грнчарско тркалце и со железно оружје.5

3. Шолја со полутопчест реципиент, рамно дно и рачка која го надвишува отворот на садот. Груби, дебели зидови со многу примеси на кварцитни зрна. Темнокафеаво-црвеникава боја на печење, без траги од површинска доработка (сл. 1, в). Најден во Крон ЦВЕТА бр. 36, заедно со дел од железен нож6 (7).

4. Шолја со конусна форма и нагласено дно. Недостасува. рачката која се издигнувала високо над работ од отворот, поаѓајќи од него и завршувајќи на него. Светлокафеаво печена глина, со малку примес на кварцитни зрна и тенок кафеав површински премаз (сл. |, г). Најдена е во гроб-циста бр. 41, заедно со керамика што е изработена на грнчарско колце.7

5. Бокал со крушовидно тело, цилиндричен врат и рачка која директно ги поврзувала вратот и стомакот од садот. Груба порозна фактура; глина мешана со големо количество на кварцитни зрна. Темнока- 7 боја на печење, без површинска доработка (сл. 1, 4). Најден во гро- -циста бр. 50, заедно со боени садови што се изработени на грнчарско колце и со железно оружје.8

6. Кантарос со топчесто тело, кус цилиндричен врат и рамно дно. Рачките го надвишуваат отворот на садот и врз темето носат додатоци во вид на печурка. Црно-кафеава боја на печење,; темен премаз со траги од механично полирање (сл. 1, fF). Најден е во гроб-питос, како единствен прилог.9

Наоди надвор од гробовите

7. Конусна шолја со високо издигната масивна рачка која што е извлечена од работ на отворот. Темнокафеаво печена глина, со многу примес на кварцитни зрна. Садот е прекриен однадвор со мрко-црн премаз, механички полиран (сл. 2, а). Најден е покрај гробот-циста бр. 32, - ВО висина на покривните плочи.

8. Плитка шолја со конусна форма. Рачката се издига над отворот и се спушта до дното. Груба фактура, со примес на кварцитни зрна; темнокафеаво печење. Површината е прекриена со тенка окер енгоба која не покрива секаде (сл. 2, 6). Најдена е во близина на гробот-циста бр.4!.

9. Бокал со биконусно тело, конусен врат со рамен раб и рачка што го надвишува отворот. Груба фактура, со примес од кварцитни зрна; сиво печење и тенка кафеава енгоба (сл. 2, в). Најден е во близина на гробот бр. 41, заедно со претходниот сад и со лачна бронзена фибула.10

10. Рачка од кантарос, со испуст во вид на печурка врз темето. Сиво печена глина без примес на кварцитни зрна; црвено-кафеав премаз (ел. 2, г). Точно место на наодот во однос на гробните конструкции не е регистрирано.

. 12. Лентеста хоризонтална рачка со правоаголен пресек. Од темето израснува долг и на крајот проширен испуст. Пречистена глина; сиво печење и кафеав премаз (сл. 2, Ff). Местото на наодот не е регистрирано.

13. Фрагмент од плитка чинија со биконусна профилација и јазичести рачки во висина на работ. Сиво-црно јадро, прекриено со кафеав премаз и со траги од механичко полирање (сл. 2, е). Местото на наодот не е регистрирано.

НЕКРОПОЛА „МИЛЦИ“ - ГЕВГЕЛИЈА

Наоди во гробовите

14. Кантарос со топчесто тело, цилиндричен врат и печуркасти додатоци врз темето од рачките. Глината мешана со големо количество кварцитни зрна; кафеава боја на печење; површината покриена со црно-- кафеава енгоба (сл. 3, а). Најден е во гробот бр. 31/35 (могила), заедно со бројни метални прилози.11 :

15. Гутус во облик на бокал со изрежана задна страна од вратот. Глината мешана со кварцитни зрна; окер-кафеава боја на печење, без површинска доработка (сл. 3, 6). Најден е во гроб (7?) бр. 34, заедно со сива керамика, изработена на грнчарско колце.12

Наоли надвор од гробовите

17. Дел од шолја (или кантарос) со слична профилација како пре-TXOQHHOT сад и идентичен испуст на рачката. Црвено печена глина, мешана со ситни кварцитни зрна, многу порозна. Без површинска доработка (сл.13, г). Најден е во близина на јужниот агол од гробот бр. 51.

18. Фрагмент од шолја, со дел од рачката и работ од отворот. Врз темето од рачката се наоѓа лежиште за палец и две странични брадавичести испакнатини. Глината со многу кварцитни зрна; црвена боја на печење; без површинска доработка (сл. 4, а). Најден е југозападно од гро-

19- Дел од плитка чинија со вовлечен раб и јазичести рачки, поставени непосредно под работ. Кафеаво печена глина со примес од кварцитни зрна; сиво-црна енгоба со мика (сл. 4, б). Најден е заедно со претходниот фрагмент.

НЕКРОПОЛА „МЕЛЕЗНИК“, с. ДЕДЕЛИ - ВАЛАНДОВО

Наоди во гробовите

20. Скифос со развиена „5“ профилација, нагласено дно и рачки кои го надвишуваат работ од садот. Сиво печена глина, со примес на многу кварцитни зрна; површината со тенка кафеава енгоба која недо-

Fig. 3 Milci, Gevgelija: A, B grave objects: V-G findings near the graves
Fig. 3 Milci, Gevgelija: A, B grave objects: V-G findings near the graves
Сл. 4 А,Б Милци. Гевгелија, наоди близу гробовите: В-Д Дедели, гробни наоди Fig. 4 A, B Milci, Gevgelija, findings near the graves; V-D реден, grave objects Fig. 4 A, B Milci, Gevgelija, findings near the graves; V-D реден, grave objects
Сл. 4 А,Б Милци. Гевгелија, наоди близу гробовите: В-Д Дедели, гробни наоди Fig. 4 A, B Milci, Gevgelija, findings near the graves; V-D реден, grave objects Fig. 4 A, B Milci, Gevgelija, findings near the graves; V-D реден, grave objects

водно покрива (сл. 4, в). Најден е во гробот-циста бр. 33, како прилог кон помладо (секундарно) погребување, заедно со накит од бронза и железен брич.

21. Шолја со полутопчест реципиент. Рачката која недостасува го надвишувала отворот, а потоа се спуштала до дното на садот. Изразено груба фактура и дебели крути ѕидови, со мрко-црно јадро и кафеав премаз (сл. 4, г). Најдена е во гробот-циста бр. 37, заедно со боена керамика што е изработена на грнчарско колце и со лачна бронзена"фибула.

22. Паница со полутопчест облик и високо крената хоризонтална рачка, која е извлечена од работ на садот. Груба фактура; порозни и крути ѕидови; мрко-кафеава боја на печење (сл. 4, д). Најдена е во гробот-циста бр. 41, заедно со боен сад што е изработен од грнчарско колце; накит од бронза и стаклена паста.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, аналогии И ДАТИРАЊЕ

Рачно изработената керамика од долноповардарските некрополи се одликува со груба, порозна фактура и дебели крути зидови. Глината редовно содржи поголем или помал примес од кварцитни зрна, кој бил користен во технолошкиот процес како средство за поснење на глинената маса, што овозможува регулација на природното собирање на садовите при сушењето и, истовремено, го спречува нивното пукање, а на готовиот производ му дава способност да поднесува брзи промени на температурата. Бојата на печењето се движи од мрко-црна или сиво-црна до црвено-кафеава и најчесто не е изедначена. Грубата фактура и нееднаквото печење се закривани со површински премаз од пречистена глина, главно со црна или кафеаво-црна боја, кој понекогаш е механички полиран или пак, најчесто со посна енгоба (окер-кафеава до кафеаво-црна), која недоволно покрива, лесно се трие и претежно отпаднала од садовите. Во поглед на финалната доработка, оваа керамика покажува отсуство на каква и да е декорација. Исклучок е само бокалот од гробот 11 во Сува Река, кој е украсен со техника на врежување.

Репертоарот на присутни форми го сочинуваат во прв ред шолји (36,3% од типолошки определливите и тука прикажани садови), кантароси (27,7 %) и бокали (13,6 2). Други облици - чинии, паници, скифоси и гути, застапени се само со по еден до два примероци (или сите заедно 27,2 % од вкупниот број).

Шолјите се одликуваат со конусен, кесест или полутопчест реципиент, а14 основната разлика меѓу нив се забележува во обликот и поставеноста на рачката. Притоа, можно е да се издвојат три основни групи, макар што, поради малубројноста на садовите со кои располагаме и несомненото постоење на вариетети, ваква диференцијација би била само условна. Кај шолјите од првата група рачката високо се издигнува над конусен реципиент, така што двата нејзини краја имаат заеднички корен на работ од отворот (сл. 1, г; сл. 2, а).“ Обликот кај шолјите од втората група може да биде конусен, кесест или полутопчест, а рачката го надвишува отворот и се спушта до стомакот на садот: често оди и поблизу до дното или пак се стопува со него (сл. 1, а, в; сл.2, 6; сл.4, г). Ова е всушност основната група, во која се вклучуваат повеќето шолји. Прстставниците од третата група имаат заоблен профил и разгрлен отвор. Кај овие се јавуваат две варијанти во обликувањето на рачките: рачки со лежиште за палец врз темето и рачки со вертикален испуст, идентично функционален во пракса (сл.3, в; сл.4, а).

Аналогии за овие форми има на повеќе наоѓалишта во Долна Македонија, каде тие егзистирале многу долго - во текот на целото бронзено време (Хагиос Мамас и Крицана на Халкидик: Сараце, Седес, Арменохори, Вардаровца и други)15 како и во текот на целото железно време (Вардаровца, Чаушица, Патели).!“16 Шолјите од третата група се добро познати од некрополите во Чаушица и Олинт, од слоеви што претходат на персиското рушење на градот во 479 година пред н.е.17 На неодамна истражуваната долноповардарска населба кај Кастанас, нивното последно присуство е констатирано на преминот од архајскиот во класичниот период.

На територијата на ср Македонија се среќаваат паралели претежно за шолјите од втората група и тоа во Пелагонискиот регион: меѓу наодите од Варош- Прилеп, датирани делумно во раното бронзено и делумно во раното железно време;19 потоа од гробот |! на некрополата „Сарај“ кај с. Брод, Битолско, датиран во рано железно време?д020 и меѓу гробните прилози од Висои кај с. Беранци, од зрелото железно време.21

Кантаросите се одликуваат со топчесто тело, цилиндричен врат и рамно дно, а основна карактеристика им се печуркастите додатоци врз темето од рачките. Оваа форма е типична за долномакедонската керамика од железно време. Позната е од Вергина,22 Вардаровца, Чаушица, Бубушти, Сараце,23 Олинт,24 Кастанас25 и други наоѓалишта. Надвор од долномакедонското подрачје се среќава на населбите и некрополите од железно време во Албанија, во околината на Корча (Кучи Зи,26 Шимизе)27 и околината на Скадар (Гајтан).28 Потврдена е и под темелите на архајскиот Хераклов храм на Тасос.29 Кај нас се појавува само во јужните делови од Републиката: меѓу боената доцногеометриска керамика од околината на Битола (Зовиќ,30 Беранци,31 Брод);32 потоа во долното течение на Вардар, каде освен на наведените некрополи ја наоѓаме и на населбите од Исар кај с. Марвинци- Валандово?"33 и Вардарски Рид кај Гевгелија,34 а најзападните наоди потекнуваат од Требенишко Кале кај

Основа за датирање на садовите со вакви рачки (кантароси и шолји) долго време претставуваа железнодобните гробни наоди од Чаушица, како и од Олинт, каде што истите се јавуваат во слоеви што претходат на урбаната фаза која настрадала во 479г. пред н.е.36 Потпирајќи се врз тие наоди, Г. Милонас претпоставил дека садовите со овој карактеристичен елемент не му претходат на VIII век, а персиското рушење на Олинт го посочил како terminus ante диет за ваквата керамика.37 Претпоставките на Милонас денес добиваат целосна поткрепа преку стратиграфијата на Кастанас, каде што кантаросите со печуркасти додатоци врз рачките егзистираат континуирано од шестиот до третиот слој, односно од околу 800 година пред н.е. до во архајскиот период.38

Сите рачно изработени бокали од Долното Повардарје ги даде некрополата „Сува Река“. Тие се одликуваат со мошне примитивен облик: кесесто или биконусно тело, рамно дно, средно висок цилиндричен или конусен врат и рамен отвор, кој кај некои примероци ја надвишува рачката. Исклучок прави само бокалот од гробот бр. 11, кој со својата длабоко изрежана задна страна од вратот го претставува познатиот егејски облик, што во железно време39 се одомаќил на македонската почва. Аналогии за сите нив има во Долна Македонија, на локалитети од бронзеното и железното време, дури и подоцна; во Долното Повардарје бокалите со изрежан врат егзистираат до раниот класичен период.3да

Останатите керамички форми, што се застапени на нашите некрополи во помал број, исто така имаат аналогии во Долна Македонија. Скифосот од гробот 33 во Дедели ги имитира постарите претставници на геометрискиот стил, чии територијално најблиски (но секако постари) примери се познати од Чаушица,40 а гутусот во форма на бокал со изрежан врат од Милци има директни паралели како во Чаушица,41 така и во Патели,42 Козани,43 Флорина и Вергина.44

Паницата со хоризонтална рачка што е извлечена од работ на садот, од гробот 41 во Дедели, претставува еден од најтипичните и чести облици на керамичката продукција од долномакедонското подрачје. Нејзиниот долг живот го илустрираат аналогните појави од Седес, датирани во раното бронзено време;45 од Хагиос Мамас на Халкидик, од доцното бронзено време; и од Сараце, од доцното бронзено и раното железно време. Во Кастанас, паници со идентично конципирани една или две рачки се јавуваат уште во осумнаесеттиот слој (од околу средината на П милениум пред н.е.), а најдоцнежните потекнуваат од вториот слој (од класичниот период).46

Чиниите со вовлечен раб и со јазичести рачки, чии фрагменти се среќаваат во Сува Река и Милци (сл.2, е; сл.4, 6), на населбата кај Кастанас за прв пат се појавуваат во дванаесетиот слој и главно егзистираат во протогеометрискиот период, макар што ги има и подоцна.47 Меѓутоа, овој керамичен облик не настанал во Долна Македонија. Тој води потекло од север, од Подунавјето, каде што - според стратиграфијата на Калакача, Босут и други истражувани наоѓалишта - постои веќе оформен во преодната фаза од бронзено во железно време.48 Инаку, распространет е на сето централнобалканско подрачје, вклучувајќи го и континенталниот дел од ср Македонија.49

Со оглед дека повеќе од половината прикажани садови и фрагменти се најдени надвор од гробовите, односно за еден дел од истите форми нема податоци за местото на наоѓање, датирањето на оваа керамика може да се заокружи во определени општи рамки, а врз основа на неколку гробни целини кои, покрај керамика, содржат и метални прилози. Како најран наод се издвојува кантаросот од могилата во Милци (сл.3, а), кој според бројните придружни прилози датира од околу 700. година пр.н.е. и засега претставува најстарото погребување што е откриено во Гевгелиско-валандовската котлина.50 Следниот по ред наод е веќе значително помлад: садовите од сл. 2, 6-в придружени се со лачна бронзена фибула, која има директни аналогии во гробовите од Чаушица,51 од втората половина на УП век. Од друга страна, како еден од најмладите може да се издвои гутусот од Милци (сл.3, 6), бидејќи е најден заедно со сива керамика што е изработена на грнчарско колце, а меѓу која е и една карактеристична форма на кантарос, чии аналогии се појавија во доцноархајските гробови од Зелениште кај Валандово.52 Останатите садови се врзуваат за погребувањата во гробови со конструкција од камени плочи-цисти, кои дадоа материјал од VI век, или пак, во помал број случаи, за дислоцирани гробни содржини кои не се постари од крајот на VII век. Временските рамки што ги фиксираме преку овие гробни наоди (VII и VI век) секако не ја отсликуваат оптималната хронологија на ваквата керамика кај нас. Поради својата ограничена и релативно ниска хронологија, нашите долноповардарски некрополи не даваат одговор на прашањето колку долго пред тоа ваквата керамика егзистирала во Гевгелиско-валандовската котлина, ниту пак можат да покажат во колкав процент таа го надживеала крајот од VI век. Меѓутоа, имајќи ја предвид распространетоста на керамика со исти типолошки и стилски одлики на долномакедонскиот простор, особено во долното течение на Вардар, каде-како што покажува стратиграфијата на Кастанас-рачно изработената керамика од VIII-VI век па и подоцна во голем дел се потпира врз автохтоните бронзенодобни традиции, станува јасно дека Гевгелиско-валандовската котлина претставува интегрален дел на тој културен простор и дека треба да се очекуваат истите манифестации во рачната керамичка продукција, почнувајќи од бронзеното време па се до истекот на хеленистичката епоха. Евентуалниот, или подобро речено, веројатниот ваков културен континуитет во јужните делови од ср Македонија, кој не бил сосема прекинат во немирните векови на Егејските миграции, во иднина ќе треба да го поткрепат керамички наоди од доцното бронзено и раното железно време, проследени со микенска керамика, која кај нас досега е сигурно потврдена само во околината на Битола.53 Што се однесува до долната хронолошка граница од егзистенцијата на рачно изработена керамика со типолошки карактеристики на продукцијата од У-П век во долномакедонското подрачје, позитивни резултати дадоа истражувањата на населбите од Вардарски Рид кај Гевгелија и Исар- Марвинци кај Валандово.

Археолошката вредност на презентираната керамика и нејзиниот научен значај доаѓаат до израз кога таа ќе се спореди со т.н. „типично халштатска“ керамика од исто време, што е распространета во северните делови на ср Македонија. Керамиката од неколкуте истражувани некрополи во Овчеполско-брегалничкиот и Скопско-кумановскиот регион, датирана во УП-УТ век пред н.е., а која со теренски рекогносцирања се констатирана и на поголем број населби што во истото време егзистирале на тој простор, се одликува со вонредно богат репертоар на декоративни мотиви и применети техники на украсување (врежување, боцкање, канелирање, орнаменти изведени со „радло“, поретко шнур или лажен шнур). Оваа керамика нема никаква сродност, ниту стилска ниту пак типолошка, со материјалот од Долното Повардарје, така што е повеќе од очигледно дека се работи за две различни и издвоени керамички групи кои егзистирале паралелно. Оттаму, а со оглед дека стилските и типолошките карактеристики кај керамиката, особено кај рачно изработената, во основа претставуваат фолклорен израз и обележје на определена етно-културна средина, се поставува прашањето за етничките носители на овие две поларизирани керамички групи.

Основни и најрелевантни насоки за размислување околу тоа прашање претставуваат територијалната распространетост на секоја од овис керамички групи, потоа нивното потпирање врз традициите од претходните векови и податоците од скудните антички извори. Географските рамки на простирањето на долноповардарската рачно изработена керамика се уште неможат да се определат попрецизно, поради малиот број соодветно истражувани наоѓалишта од поширокиот долномакедонски простор. Наодите од постарите истражувања, кои ги резимирал В. Хертли, а особено резултатите од ископувањата на повеќеслојните населби Тумба кај Кастанас и Асирос Тумба близу езерската област Лангада, покажуваат дека нејзино централно матично подрачје претставува долното течение на Вардар и областите источно од него. Стратиграфијата на последните наоѓалишта открива континуиран живот на основните керамички облици и стил, од бронзеното време до длабоко во историската епоха. Тој континуум не успеале сосема да го прекинат среднобалканските елементи кои го преплавиле Долното Повардарје во немирните векови на Егејските миграции, макар што наметнале определени нови форми и туѓ декоративен стил кој во долноповардарската керамичка продукција ќе биде делумно асимилиран и ќе се задржи подолго, но во се поредуциран обем. Старите традиции не исчезнале и покрај внатрешната еволуција на локалните форми во следните векови, ниту пак биле прекинати со потпаѓањето на Долното Повардарје (подоцнежна Амфакситида) под политичка доминација на македонската држава. Тие не се повлекле сосема дури ни пред паралелно употребуваната локално копирана хеленизирана керамика, чија масовна појава била овозможена со прифаќањето на грнчарското колце како нова технологија, а при тоа не подлегнале ни под влијанието на хеленизираните форми. Сето тоа говори дека таквата традиција можела да произлезе и да се одржи само во една кохерентна етно-културна средина, која што своите етнографски обележја ги оформила уште во бронзеното време. Оттаму, творците и носителите на тие обележја не ќе биде тешко да ги идентификуваме ако се повикаме на Хомеровото сведочење за Пајоните, кои во крајот од бронзеното време ги населувале бреговите на „широкиот Аксиос“ како и на податокот од Тукидид, според кој Долното Повардарје некогаш го населувале Пајони.

Во овој контекст, ни се чини вредно е да се спомене и присуството на Пајоните во Пелагонија, за кое Хомер се искажал преку епонимниот претходник на пајонскиот војсководец Астеропај, синот на Пелагон и внук на Аксиос (Илиада, XXI, 140, 152-160). Веродостојноста на тој исказ има археолошки потврди во Пелагонија токму преку керамичките наоди. Имено, т.н. „керамичко депо“ од Варош- Прилеп, што е датирано во доцнобронзено-раножелезното време, се состои од форми чии аналогии се наоѓаат во Долното Повардарје и, како што веќе забележал Б. Хензел, во целост се врзуваат за идентични наоди од слојот 13 во Кастанас. Исти типолошки и стилски карактеристики поседуваат и садовите од гробовите во Варош- Прилеп, кои Б. Китаноски ги датирал во раното бронзено време, макар што, ни се чини, многу поверојатно е дека тие исто така му припаѓаат на крајот од тоа време или дури на преодната фаза кон железното доба. Во централниот дел од Пелагонија ваквата керамика покажува дури и натамошен живот: потврдена е во преодот кон железното време (гроб 11 од Сарај-Брод, Битола), апсолутно доминира меѓу рачно изработената керамика од гробовите во могилата Висој-Беранци, датирани во УШ!-У! Вех, присутна е меѓу архајскиот материјал од Прогон-Букри. Подоцнежни наоди на рачно изработени садови од Пелагонија не се објавени, но би било важно да се утврди дали и во колкава мера ваквата керамика се одржала низ следните векови, бидејќи тоа би можело да фрли соодветна светлост врз прашањето за етничката припадност на Пелагонците и Девриопите, кои се споменуваат во подоцнежните антички извори.64

Што се однесува до керамиката од VII-VI век во Овчеполско-брегалничкиоти Скопско-кумановскиот регион, во литературата одамна е укажано на нејзината сродност и генетска поврзаност со материјалот од внатрешноста на Балканот.6:65 Истражуваните населби од железно време во Врањско-прешевската котлина покажаа дека оваа керамика во својата постара фаза носи белези на манифестациите кај керамиката од долината на Велика Морава, па според тоа има врска со босутскиот хоризонт на Басараби стилот, додека во помладата фаза е истородна со наодите од северниот дел на ср Македонија. Општо земено, оваа керамика стилски се врзува за поширокиот среднобалкански круг, каде во оформувањето на културниот профил значајна улога имала Дако-мезиската етничка групација. Во Јужното Поморавје67 (а според некои необјавени наоди и во северниот дел од ср Македонија) на оваа керамика непосредно И претходи материјал што се надоврзува на третата фаза од групата Медијана, чија матичност исто така гравитира кон средниот Балкан и која поседува некои елементи на продукцијата од преодниот период во Подунавјето.68

Според тоа, материјалот од VII-VI век во Овчеполско-брегалничкиот и Скопско-кумановскиот регион воопшто не може да се поврзе со Пајоните, иако истиот веќе неколку децении се припишува на тој палеобалкански народ.69 Напоменуваме дека неодамна во оваа смисла истапи и М. Гарашанин, искажувајќи по втор пат колебање помеѓу Пајоните и Дарданците, при што приоритет им даде на последните.70 Меѓутоа, треба да се има предвид фактот дека Дарданците стануваат на историската сцена дури во IV век и дека како северни соседи на Пајоните прв пат се споменуваат дури во втората деценија од III век пр.н.е.71 Исто така, во северниот дел на ср Македонија археолошки се уште неможат да се издвојат типични елементи на дарданската материјална култура кои би покажувале континуирано присуство на тој етнички елемент од пред и протоисториско време72 до IV-III век. Иста состојба е евидентна и на Косово, па и источниот дел на Метохија, каде керамичката продукција од VII-VI век се врзува за паралели од Јужното Поморавје и северниот дел на Македонија. Единствениот археолошки блок кој дивергира и кој би можел да се припише на дарданскиот елемент претставува керамиката од типот Ромаја- Прчево во западна Метохија од VI-V век, бидејќи таа, заедно со други манифестации на духовната и материјалната култура во тоа подрачје, сосема се врзува за групата Мати во североисточна Албанија и ІІТ фаза од тамошното железно време. Нашата „радањска“ керамика, која кон исток го покрива и Кратовско-кривопаланечкиот басен, со тој блок нема релации, ниту стилски ниту пак хронолошки. Поради сето тоа, повеќе веруваме дека носители на керамиката од VII-VI век во северниот дел на Македонија биле Трибалите и дека Ф. Папазоглу била во право кога уште одамна го претпоставила нивното простирање кон југ по должината на Јужна Морава, се до Скопје и Кума-

ново. Секако, прифаќајќи го авторитетното мислење на И. Венедиков

за пајонската припадност на наодите од Радање (а кое го поддржале и подоцнежните истражувачи), при тогашниот малку познат соодветен материјал северно од Македонија, Ф. Папазоглу објективно не можела евентуално да го претпостави простирањето на Трибалите до Титов Велес и Брегалница, до каде што всушност најјужно се протега керамиката од „Радањски“ тип. Според некои индикативни податоци за карактеристиките на „праисториската“ керамика од Средното Повардарје, што се изнесени во извештаите од постарите рекогносцирања,74 и колку што ни е познато од аутопсија, рачно изработената керамика од предримските наоѓалишта во Средното Повардарје поседува особености на материјалот од Пелагонија и од Долното Повардарје, а керамиката од „радањски“ тип отсуствува, освен, можеби, во потесниот граничен појас непосредно јужно од Титов Велес и долното течение на Брегалница. Но, ова е веќе друг проблем, за кој нешто повеќе ќе може да кажат само идните истражувања на тој простор.

Белешки

  1. МАА Р. Пашиќ, Археолошки истражувања на локалитетот Сува Река во Гевгелија, Масеԁ. acta arheol. 3, Прилеп 1977, 53 и н.; истата, Археолошки истражувања на лок. Сува Река во Гевгелија, Зборник на Археолошкиот музеј, кн. VIII-IX, Скопје 1978, 21; -3. Георгиев, Карактерот и значењето на вонгробните наоди во јужноповардарските некрополи од железно време, Масеԁ. acta archaeol. 6. Прилеп 1980, 37 и н.; истиот, Архајски тоалетни реквизити од Долното Повардарје, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, кн.8, Скопје 1982, 97 и н.; истиот, Гробот 31/35 од некорполата Милци кај Гевгелија, Зборник на Архоелошкиот музеј кн. X-XI, Скопје 1983, 65 и н.; истиот, Елементи на раната антика во Долното Повардарје, Год. зборник на Фил. факултет, кн.2, Скопје 1984, 51 и н. ↩
  2. Одделни гробни наоди споменува Р. Пашиќ во своите извештаи. Некои од нив повторно се разгледувани од афторот на овој труд, во погоре наведените статии. Меѓутоа, најголемиот број вакви садови останаа технички недокументирани. ↩
  3. Покрај наодите што тука ги разгледуваме, фондот на рачно изработена керамика ох Долно Повардарје засега го сочинуваат материјалот од сондажните ископувања на Вардарски Рид kaj Гевгелија (Ž. Vinčić-M. Ivanovski, Vardarski Rid, Gevgelija-praistoriska i antička nasleba, Arheološki pregled. 22. Boegrad 1981, 40–51; материјалот од систематските искоопувања на Исар-Марвинци кај Валандово (В. Соколовска, Исар - Марвинци, археолошки истражувања во 1977 и 1978 година, Зборник на Археол. музеј, кн. X-XI, Скопје 1983, 13–15), како и определен број површински наоди oднekpolicy локалитети, сега во археолошката збирка на Фил. Факултет во Скопје. Сето тоа не е објавено. ↩
  4. P. Пашиќ, Maced. acta archaeol., 3, 47, Сл.21. ↩
  5. Истата, Зборник на Арх. музеј, кн.VIII-IX, 22 (садот е погрешно влучен во инвентарот од гроб 10. За ова сп. З. Георгиев, Maced. acta archead., 6, 46, bel.»7). ↩
  6. R. Pašić, op.cit., 25. ↩
  7. Ibid., 26, сл.13-б ↩
  8. Ibid., 27-28. Авторот испуштил ла го наведе садот меѓу гробниот инвентар. ↩
  9. Р. Пашиќ, Maced. acta archeaeol. 47-48; – З. Георгиев, Елементи на раната натика, 73, Сл.8-б ↩
  10. Р. Пашиќ, Зборник на Арх. музеј VIII-IX, 26; 3. Георгиев,оп.цит., 39. Сл. 4. ↩
  11. Дел од кантарос со топчесто тело, конусно разгрлен врат и коленесто прекршени рачки. Тенки ѕидови; глина без кварцитни зрна; сиво печење; површината е прекриена со окер-кафеава енгоба (сл. 2, д). Местото на наодот не е регистрирано. Дел од шолја со топчест реципиент и малку разгрлен отвор. Од горниот корен на рачката, над работ од садот, се издига долг вертикален испуст. Глината е мешана со ситни кварцитни зрна и мика. Црвено-кафеава боја на печење; површината покриена со мрко-кафеав премаз и има траги од механичко полирање (Сл. 3, в). Најден е покрај источниот агол од гробот- циста бр. 51, во висина на покривните плочи.13 ↩
  12. "Овој наод веројатно не претставува интактна гробна содржина, бидејќи не е констатирана горбна конструкција. Во теренската документација фигурира како гроб, па како таков и го наведуваме. ↩
  13. Истражувања во 1983 год., под раководство на Р. Пашиќ, не објавено. ↩
  14. Во текот на првата световна војна сроден примерок е откриен и кај Марвинци (Р. Васиќ, Нови елементи за проучување гвозденог доба Вардарске долине, Старинар нс, књ. 27/1976, Београд, 1977, 8, Сл.3). ↩
  15. W. A. Heurtley, Prehistoric Macedonia, Gambridge 1939, Fig. 171.183, 226-227, 256, 279, 281, 305-306, 319. ↩
  16. Ibid., Fig. 411-412; Пл. XXXIII. Ibid.,+16 Fig. 476-477; 490; – G.E. Mylonas, Pre-Persian pottery from Olynthus, Exavation at Olynthus, Vol. V, Baltimoore 1933, 52. ↩
  17. A. Hochstetter, Kastanas, die handgemechte keramik, Prähistorische arhäologie in Südosteuropa, Berlin 1984, Taf. 247, 8-9. ↩
  18. Б. Китаноски, Раобронзенолопски гробови ол Варош кај Прилеп, Масеԁ. acta archae., 4. Прилеп 1976, 35, 39: Сл.9- 10: истиот, Праисториско керамичко депо од Варош во Прилеп, Maced. acta arceaeol., 6 (1980), 31,Сл.2-3. ↩
  19. I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Skopje-Beograd 1966, 1; T. III. Sl. 5. ↩
  20. Ibid., 18; T.IV. ↩
  21. Μν. Ανδρονικοσ, Βεργινα I, Αθηναι 1969, 202-204,Εικ.42.43. 2Mv. Avipovixoo, Bepytva 1, Адпуа 1969, 202-204, EiK.42.43. ↩
  22. W. A. Heurtley, op. cit., ↩
  23. G. E. Mylonas, op. cit. 52. ↩
  24. A. Hochstetter, op.cit., Taf 212, 2; 213, 6; 240, 1. ↩
  25. Zh. Andrea, Tumat e Kucit të Zi, Iliria VI, Tirana 1976, 172, T. III V 13/2. ↩
  26. Fouilles archéologique 1973, Iliria III, Tirana 1975, 475; Pl. II. 5. ↩
  27. B. Jubani, La céramique illiriene de la sité Gajtan, Iliria I], Tirana 1972, 421-423: Fig. “o ↩
  28. P. Bernard, Céramique de la première moité VII-e seicle a Thasos, BCH 1974-I, 130; Fig. 41. 171. ↩
  29. IMikuličić, op. cit.., 28; T. VII, 14-д. ↩
  30. 2. Симовска. В. Санев, Праисторија во Централна Пелагонија (каталог), Битола 1976, кат. бр. 293. ↩
  31. П. Маќкиќ и други, Ранохалштатска некропола Сарај у Броду, Старинар Н.Ѕ. књ. XI, Београл 1961, 201. Сл. 10. ↩
  32. Површински наод, сега во археолошката збирка на Фил. факултет. 2 ↩
  33. Тер. инв. бр. 157, во Археолошкиот музеј во Скопје. ↩
  34. В. Лахтов, Археолошко ископување на „Требенишко кале“ кај селото Требениште- -Охридско 1953-1954 година, Лихнид, I-III], Охрид 1959, 14, Т. 1, 6-7. ↩
  35. G. E. Mylonas, op, cit., 52. ↩
  36. Ibid., Lok. cit. ↩
  37. A. Hocstetter, ор. cit., Taf. 164, 4; 211, 2; 213, 1; 240, 1. Информативен преглед и датирање на слоевите од Кастанас авторот дал и во написот Spatbronzezeitliches und friheisenzeitliches formengut in Makedonien und im Balkanraum (Siidosteuropa zwisohen 1600 und 1000 v. Chr., Prahistorische arhdologie in Siidosteuropa, Berlin 1982, 100-102; Abb, 2 und 9). ↩
  38. W. A. Heurtley, op. cit., 82, 98, 103-104; Fig. 197, 215, 293 - 297; - G. E. Mylonas, op. cit., 20; P. 17; - M. Ανδρονικος, op. cit., 194-201, Εικ 39-41. A. Hocstetter, Kastanas, Taf, 243, 8; 246, 10. ↩
  39. W A. Heurtley, op. cit., 480,481. ↩
  40. K. Kilian, Trachtzubehör der Eisenzeit zwischen agäis und Adria, Prachistorische Zeitschrift 50. 1975, Taf. 8,2-3. ↩
  41. W. A. Heurtley, op. cit., 105, Pl. XXIII-b. ↩
  42. G. Dauk, Chronique des fouilles, BCH 1961-II, 777, Fig. 3. ↩
  43. Ibid., BCH 1960-III, 769, Fig. 8; –M. Ανδρονικος, op. cit., Πιν 38.5; 57, 29; 61-14. ↩
  44. W, A. Heurtley, op. cit., 187, 222, 225, 251, Fig. 280, 439, 456. ↩
  45. A. Hocstetter, op. cit,, Taf. 231, 7; 243, 3. ↩
  46. Ibid., Taf. 71, 1; 79, 6. ↩
  47. P. Medović, Naselja starijeg gvozdenog doba u Jugoslovenskom Podunavlju, Beograd 1978, 25, 30 i n.; T. XXVIII, 3, 5-8; T. XXVIII, 3. ↩
  48. M. Jeftic, Keramika strijeg gvozdenog doba na centralnobalkanskom podru¢ju, Beograd 1983, 39-40; Т. XXVI, 17; XXX, П; XXXVII, I; XLI, 3. Со теренски рекогносцирања вакви садови регистриравме на неколку градишта од железно време во Скопско, Кумановско и Кривопаланечко. ↩
  49. 3. Георгиев, Гробот 31/35, 69-70. Редатација на овој наод дадовме во написот „Нови и необјавени наоди од Повардарјето“, Год Зборник на Фил. факултет, кн. 14 (40), во печат. ↩
  50. K. Kilian, op. cit. Taf. 37, 10. ↩
  51. З. Георгиев, Елементи, 64-66, Сл. 5 и 6. ↩
  52. K. Kilian, op. cit., 79. Неодамна, М. Паровиќ-Пешикан објави десеттина фрагменти од доцнохеладска керамика (XIII-XII век) кои, наводно, потекнуваат од околината на Гевгелија (M. Parović-Pešikan, Find of Miceanean Pottery imported into Macedonia, Arch. Iug. XX-XXI, Beograd 1980/81, 56-61, Figs. 1 2). Во својот најнов труд (Неки нови аспекти Vranjsko-presevske kotline, Godišnjak ČBI XX, knj. 18, Sarajevo 1982, 203-204. ↩
  53. Д. Гарашанин-М. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању на локалитету Криви Дол, Зборник на штипскиот Народен музеј, кн. 1, Штип 1959, 27-39, Сл. 1-52 И. Микулчиќ, Извештај са пробног ископавања халштатске некрополе код с. Стар Караорман, Зборник на штипскиот Народен музеј, кн. 1, 96-98, сл. 1-10-Истиот, Могили од Орлова Чука кај село Караорман, Зборник на штипскиот Народен музеј, кн. 1, Штип 1961, 56-58; ↩
  54. IV-V; В. Санев, Могили од Куново-Чуки кај с. Оризари, кочанско, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија, кн. VITI-IX, Скопје 1978, 12, Сл. 2-9. Преглед на керамиката on Волково кај Скопје види кај K. Kilian, ор. cit., Taf. 56. зе K. Wardle, Excavations at Assiros Tumba in Macedonia, Iliria 2, Tirana 1985, 265-267. 57 Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Жива Антика, Посебно издање кн. 1, Скопје 1957, 131. 58 5. Китаноски, Мас. Acta arch. 6, 31. 59 B. Hansel, Wanderungen in siidosteuropa wahrend der spaten Bronzenzeit und ihr Verhaltnis zum*Territorium Albaniens, Шпа 2, (1985), 228-229, Fig. 7 60 Б. Китаноски, Macet. Acta archaeol 4, 51. -*' П. Мачкиќ и други, оп. цит. 201, Сл. 10. 6 И Микулчиќ, Пелагонија, 17-18: T ГУ, Сл. 7 а-а. +63 Ибид., 28, T. VIII, Сл. 16-е. ‘4 Ф. Папазоглу, ор. cit., 199-201. +65 M. Garašanin, Ka bronzenodobskim osnovama kulture gvozdenog doba u Srbiji i Makedoniji, Materijali VII, Beograd 1971, 93. +66 M. Kuzmanović-P. Popović, Sondažna istraživanja gradinskih naselja na području Vranjsko-presevske kotline, Godisnjak CBI XX, knj. 18, Sarajevo 1982, 203-204. "7 Ibid., 192. 68 M. GaraSanin, Centralnobalkanska regija, Praistorija jugoslovenskih zemalja IV. Sarajevo 1983, 769-771. ‘ ↩
  55. Ibid., 192. ↩
  56. M. Garašanin, Centralnobalkanska regija, Praistorija jugoslovenskih zemalja IV. Sarajevo 1983, 769-771. ↩
  57. Види литература наведена во за бел. 55. ↩
  58. M. Garašanin, o utvrđenjima i odbrambenim sistemima u jugoslovenskom delu centralnobalkanske regije, materijali XXII, Novi Sad 1986, 17. ↩
  59. F. Papazglu, Srednjebalkanska plemena u predrimsko doba, Sarajevo 1969, 107. ↩
  60. M, Jeftić op. cit., 40-41, 44 и наведената литература. ↩
  61. Ф. Папазоглу, op. cit., 51, III. ↩
  62. М. Грбић, Археолошки наоѓалишта во Македонија, Glasnik на MKD, кн. I, Скопје 1954, 107; – Б. Јосифовска-Драгоевиќ, Извештај за рекогносцирање по долината на Среден Вардар, Зборник на Археолошкиот музеј, кн. IVV, Скопје 1966, 107-108. valley. ↩
  63. ZORAN GEORGIEV2 - Skopje ↩

Summary

Handmade Vessels from the Necropolises at the Lower Course of the Vardar River

(SUMMARY)

The handmade vessels that are presented here came from the excavated necropolises at the lower course of the Vardar River. Two of the vessels came from Gevgelija (Suva Reka and Milci) and one of them from Valandovo (..Meleznik“ from the village of Dedeli). The vessels were found in well preserved graves, together with painted or natural gray wheell-made Ionic pottery and jewelry from the end of the seventh and the sixth centuries B. C. Some vessels, discovered near the graves, belonged to earlier graves. One vessel (PL. lg) was found in a grave (pithos) and a similar one (PI. За) in another grave (tumulus) dating about 700 B.C.

The collection consisted only of cups, jugs and cathari (other forms are rare). The vessels were decorated, except one which was engraved.

Examples of this kind of pottery from the severnth and the sixth centuries B. C. can be found in the Aegean part of Macedonia (today’s Northern Greece), along the Vardar River and in the regions east of the Vardar as well as on the Chalcidice. There is continuity in form and style in pottery, especially in the cups and jugs, from the late Bronze Age, Iron Age and Archaic Age. Handmade pottery with characteristics from Aegean Macedonia dominated in central and north Pelagonia in the region near Bitola and Prilep. The former findings dated from the end of the Bronze Age to the end of the Archaic Age. Because of that, Pelagonia and the lower course of the Vardar River was inhabited by the same ethnic group whose handwork was established in the Bronze Age and continued for centuries. Archeological findings and written records show the ethnic connection of these regions in the time of Homer, as stated by the eponymous predecessors of the Pionnian leader Asteropaj (Iliad, XXI, 140, 152-160) and later classical sources which spoke further of1 the presence of the Pionnians in the same region.

On the other hand pottery from the graves and the settlements in the north part of Yugoslav Macedonia (the Bregalnica River and Titov Veles) from the seventh and the sixth centuries B. C. shows different typological and stylistic characteristics. This pottery which was present throughout South Srbia and Kosovo was linked to the Middle Balkan stylistic tradition, was similar to the discoveries of the earlier phase of the so-called „ВазагаБ!“ style a probably created by the tribes along the Danube River and in the Morava valley.