Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 43–63
Истражување на локалитетот "На Брег", село Младо Нагоричане
делски агломерации во ср Македонија од аспект на хронолошко и културно определување“",1 во периодот април-мај 1986 година, беа извршени археолошки истражувања на овој локалитет.2 Тој е откриен со тематската теренска проспекција преземена во месец март, со цел да се проверат информациите за постоење на археолошки локалитет на тоа место. Притоа е утврдено дека се работи за една поголема населба од периодот на младото камено време.
Локалитетот „На брег“ се наоѓа во атарот на село Младо Нагоричане, оддалечен 16 км од Куманово на патот за Крива Паланка. Стариот и новоизградениот пат го оштетиле локалитетот во широчина од20ми го поделиле на два дела во правец исток-запад. Микролокацијата се
or. 1, Лок. На Брег, Младо Нагоричане
Fot. 1, Lok. Ma Breg, Mlado Маропеапе наоѓа на една речна тераса заградена од север и исток со брзоводната бистра Пчиња, која тука прави големо свртување кон лево заради карпестиот рид-брег со 330 м надморска висина, и продолжува на југ. Од северозападната страна на ридот е една мала котлина со високи стрмни страни (фотос 1). Единствено јужната страна и дел од западната е отворена и без природен заклон. Населбата лежи на овој брег со вонредно широк хоризонт на сите страни, изложена на постојани ветрови. Долината на Пчиња е составена од речни наноси и обилува со вегетација: врби, тополи, вреж и бујна трева. Денеска тука се наоѓаат плодородни ниви и градини од селата Младо Нагоричане, Војник и понадолу Клечовце.
Локалитетот зазема површина од над 6000 м?. Покрај веќе кажаното за местоположбата, уште еден елемент е важен. Имено, отсекогаш на ова место се наоѓал преминот преку Пчиња. Денеска се видливи остатоци на неколку мостови од различни временски периоди. Во римскиот период тука поминувала етапа од патот Scupi-Pautalia. Исто така, потребни се неколку километри кон запад за да се дојде до патот што оди по Моравско-вардарската долина. На исток од нашиот локалитет се наоѓа истовременскиот „Дрезга“ во с. Орах, а понатаму спуштајќи се во Славишкото Поле е „Блидеж“ кај с. Опила. На запад се наоѓаат локалитетите „Костоперска Карпа“ во с. Младо Нагоричане, „Прибовце“ и „Амам“ во с. Лопате, „Аништа“ во с. Никуштак, „Тумба“ во с. Арачиново, „Тумба“ во с. Стајковци, „Тумба“ во с. Маџари и „Дервен“ во с. Долно Коњаре. Во правец на Овче Поле се населбите: „Млака“ во с. Шупли Камен, „Руг Баир“ кај с. Горубинци, „Барутница“ кај с. Анзабегово, „Алин Дол“ кај с. Немањици и понатаму „Вршник“ кај с. Таринци. Во правец на север, преку Прешевската вододелница лесно се комуницира со населбите од овој период по долината на Јужна Морава.3 Така населбата „На брег“ се наоѓа на крстопатот на споменатите комуникации. Тие природно-географски рамки го определуваат карактерот на стопанскиот и културниот живот на населбата и значењето што таа го имала. Пчиња како извор на вода за пиење, живеење и риба (со истражувањата се откриени коски од риба, тегови за рибарски мрежи и аскоси за носење вода) секако претставувала важен фактор во историјата на населбата. Друг елемент се блиските дабови шуми богати со дивеч (во истражувањата се откриени остеолошки остатоци од диви животни), пасишта и секако плодната долина се природните ресурси во кои се одвивал животот во У-от милениум пред н.е.
Целта на истражувањата беше да се утврди вертикалната и хоризонталната стратиграфија и хронолошката и културната припадност на населбата. Стратиграфски се констатирани четири слоја настанати како резултат на културното живеење и еолските напластувања (План 1). За последното зборува и фактот што фрагменти од ист сад се наоѓаат на различна длабочина со релативна разлика и до 0,30 м. Структурата на земјата во првите три слоја е песоклива, лесно напластувана и со голема пропустлива моќ на водата. Тоа се гледа од големиот слој калцинација врз движниот археолошки материјал.
археолошки материјал-керамика, кроемени ножеви, перкутери и рачни камени мелници.
1. Првиот, преоран слој има сиво-кафеава боја и растресита структура со многу камен. Неговата дебелина е околу 0,40 м и обилува со дви- | ИНИ Блок Ш- јужен Upodun
ПЛАНИНИ е BF 1986 Yyy YH Yy тула шко СЕА i ЕНЕ ОД светпо-кафеава земја — темно- Кафеава земја стена од црно песоклива а ани = ЕЕ темно-жота
CBeTAO-KOATAa NecokA nba глина
Blok Ш-зошт profil
2. Вториот слој е со сиво-окер боја, растресита песоклива структура и дебелина 0,70 м. На длабочина од сса 0,50 м констатиран е куќен лепеж со некомпактна структура и нецелосно изгорен. Меѓу грутките лепеж откриени се in situ три рога од говедо. Движниот археолошки материјал го сочинуваат фрагменти керамика, животински коски и камен.
3. Третиот слој, со светлосиво-кафеава боја, дебелина 0,50 м, со убава ситнозрнеста песоклива структура, го карактеризира компактен куќен лепеж констатиран во сите четири блока. Остатоците се со интензивна циглено-црвена боја и со лежишта од дрвената арматура. Движниот археолошки материјал е особено богат.
4. Четвртиот слој има песоклива структура (крупен влажен чакал), со окереста боја. Освен во некои упади, немаше археолошки траги.Помеѓу него и третиот слој, сосема тенок, е констатиран протохумусот. Четвртиот слој, почнувајќи од површината, е истражуван до 2,80 м длабочина. На оваа кота почна да излегува крупен чакал и вода.
Според стратиграфските податоци и анализата на керамичкиот материјал, во хронолошкиот и културниот развиток на населбата на локалитетот „На брег“ се издвојуваат, барем на истражените периферни делови, два хоризонта на живеење:
І-оТ културен хоризонт, постариот, започнува од нивото на протохумусот на кота 1,30 м и оди до 0,90 м. Го карактеризира постоење на компактен, добро испечен куќен лепеж со интензивна црвено-циглена боја. Неговата структура е со груба плева и плетер (сл. 1). Најверојатно припаѓа на објект чии остатоци, широки 8,0 м, се констатирани во северната половина на блок I и јужната на блок II. Остатоците од колци не се откриени. Можеби тие биле поставени во двата рова, констатирани на западниот профил на блок I и II, што се наоѓаат на меѓусебно растојание од 8,0 м, видливи на крајот од остатоците на куќен лепеж. Во блок Ши IV, заради нивната големина, овие остатоци се сосема мали. Подот на објектот е од зарамнета набиена земја и на него in situ е откриен еден сад - чинија со црвена боја и груба фактура (сл. 78). Работ му е рамен, со мали вдлабнатинки, површината декорирана со impresso убоди од прсти. Под работ не е декориран но е само замазнет. До него е најден и еден крушковиден сад (сл. 131) со сива боја, мазнета површина, рамно дно и четири вертикални тунелести рачки.4
Овој постар културен хоризонт го карактеризира доминирање на црвената и розовата керамика во однос на кафеавата, сивата и сликаната. Има вонреден квалитет и сјајно мазнети површини. Формите се повеќе топкалести и крушковидни садови (сл. 112-115. 117, 118), со затворени или благо разгрнеи рабови. Од сликаната керамика, која го има истиот квалитет, најдени се фрагменти од пехари со црвена боја и кафеаво сликање. Имаат мала празна или полна нога, тенки зидови украсени на стомакот со вертикални подебели и потенки линии во алтернатива или спирала што завршува со шепа (сл. 92, 97, 102, 104). Овие керамички предмети со сјајно мазнети површини, хармонични форми и украсни зборуваат за високото техничко и уметничко ниво на мајсторите, но и на „купувачите“. Покрај нив и садовите-амфори, иако во помал број, се на особено техничко и уметничко ниво (сл. 103). Тоа се добро познатите амфори од Тумба Маџари. Имаат црвена или црвенопортокалова боја, нешто подебели зидови, висок конусен врат, елипсест благо сплексан стомак и рамно мало дно. Декорирани се со кафеави спирали и шрафирани орнаменти. Грубата керамика е релативно послабо застапена и главно тоа се фрагменти од садови-питоси или грнци за чување храна. Во блок ГУ е откриен еден питос со големи димензии, широк разгрнет раб и замазнет врат, одвоен од перјесто-барботинираниот стомак со пластична лента во која се втиснати прсти. Питосот има шест вертикални лентести рачки, мало рамно и децентрирано дно со отпечаток од ткаенина. Воопшто барботинот во овој постар хоризонт е многу експресивен и разигран (сл. 54,57).
Impresso керамиката е застапена со поголем број, од кои примероците садови (ел. 77.78) и фрагменти (сл. 64, 65,66,70,72) се вонредни. Фрагментираната мала чинија (сл. 77) со кафеава боја и брановиден раб има елипсовидно-четвртеста форма, украсено со остри убоди од нокти косо поставени. Еден фрагмент од сад-тава, со груба фактура и рамно дно, има стомак декориран со убоди од нокти (сл. 66). Еден фрагмент од стомак (сл. 64) на сад со средна фактура, светло кафеава боја, декориран е со коси триаголни убоди кои личат на зрна жито. Друг фрагмент (сл. 70) од стомак на сад со сива боја декориран е со impresso подлабоки убоди од нокти поставени во правилни редови. Сличен со него е фрагментот (сл. 72) со пепелавосива боја. однатре црвена. а површината е украсена со поотворени убоди. Бројна група се фрагментите од садови-панички (сл. 105, 107) со светлоцрвена боја, фина фактура, убаво мазнети со дна од мали прстени.
Меѓу многубројните рачки доминираат вертикалните тунелести кај топкалестите садови со средна и фина фактура, црвена боја и сјајно мазнети (сл. 112-115). Еден фрагмент од мал сад (сл. 123) со фина фактура, мазнета кафеава површина со благо разгрнет раб има малку понагласена тунелеста рачка. Интересен е сосема малиот сад, или капак, (сл. 128) со средна фактура и кафеава боја. На ногата се видливи три мали оштетувања, како да имал три сосема мали нозе или, доколку с капак, некакви апликации.
Во истражувањата на овој културен хоризонт не беа откриени предмети од категоријата пластика. Исто така, орудијата и оружјата се малубројни. Тоа се: една фрагментирана тесла (сл. 19) и шест кремени ножиња (сл. 22,24,26,27,28,30). Од коскените орудија особено се убави една игла (сл. 34), неколку спатули (сл. 32) и точила (сл. 37,40,43). На овој хоризонт, најдени на подот од објектот во блок | ( My припаѓаат И КОСките од помало диво животно (сл. 44-46). На нивото на куќниот лепеж се откриени идве цевкасти коски со убаво обработени краеви и површини, со непозната намена, можеби накит?“5 (сл. 33,36).
Во овој репертаор влегуваат и алатките изработени од рог на елен (си. 35,39,41). Инаку, во истражувањата на овој хоризонт се откриени многубкројни остеолошки остатоци од животни.
П-от културен хоризонт, помладиот, се следи од површината до нивото на откоп 6, односно до длбочина од сса 1,0 м во блок I и II и во блок III 1,5 м (план 2,4). Во првите два блока е констатирано постоење на куќен лепеж со некомпактна структура, послабо испечен и многу развлечен. Меѓу лепежот откриени се in situ два фрагменти од рог на говедо
Керамичкиот материјал и тука е многуброен. Монохромната сјајна мазнета црвена керамика и понатаму го задржува квалитетот и квантитетот, само се намалува бројноста на топкалестите садови во корист на поотворените и тоа поголеми паници. Бројноста на сивата сјајно мазнета керамика со убава фактура, се зголемува. Таа ги задржува формите од предходниот хоризонт (сл. 89,106,108,121,129), меѓу која ќе ја споменеме една мала чинија (сл. 121) со рамен раб и една мала рачка-тртка на стомакот.
Impresso керамиката и тука е присутна, со истиот добар квалитет, како и впрочем целата керамика. Меѓу најдените, овде презентирани фрагменти сл. 67,76,75,94 се црвено-кафеави, а сл. 79,71,80,85,63 се сиви. Орманентите се отпечатоци од прсти (сл. 69,71), нокти (сл. 79-82), остри предмети (сл. 68) и штипнувања (сл. 74-76).
Грубата керамика, особено барботинот, е помалку застапен во однос со другите керамички видови. Во најголем дел тоа се фрагменти од питоси и грнци со црвена боја. Барботинот е посмирен, најчесто се повлекувања од прсти на стомакот а вратот и рамото се замазнети (сл. 55,56,58,60). На еден груб фрагмент, со кафеава боја однадвор (си. 59) на места изгорена, однатре сива, има аплицирано цуцки. Тоа е осамен наод меѓу многубројниот материјал.
Покрај споменатите форми на садови се среќава тава со вдлабнатинки од прсти на внатрешното дно и аскос, толку карактеристичен за населбите во Скопско.6 Сликаната керамика се одликува со висок квалитет. Формите на садовите се амфори (сл. 92,98) и пехари со мала конусна нога.7 (сл. 93-96,101) Сликани се со кафеава боја на црвена основа. Орнаментите се спирала што завршува со шепа (сл. 98), вертилани мрежести триаголници (сл. 92,100) и вертикални подебели и потенки линии (сл. 95) што започнуваат од висечки триаголници под работ.
Пластиката и во овој хоризонт е сиромашна. Во истражувањата е откриена една фрагмнтирана женска статуетка со сиво-кафеава боја и нагласена стеатопигија (сл. 142). Култните предмети се застапени со неколку фрагменти од жртвеници од типот масичка со плиток кружен реципиент (сл. 139) и ниски нозе и жртвеник со четвртест реципиент (сл. 144, 145). Првиот има impresso убоди од кружен предмет исполнети со белузлава паста.
Од досега презентираното сметаме дека населбата на локалитетот „На брег“ претставува населба од типот на населби подигани на речни тераси, со вонредна местоположба на крстопатот на т.н. Источномакедонски праисториски пат и комуникацијата што оди од Скопскиот регион кон исток и обратно. Достигнувањата во стопанскиот и културниот живот на соседните населби што се наоѓаат на овие комуникаци добро им се познати на жителите од нашата населба. Можеби заради вонредната местоположба, над бистрата брзоводна Пчиња, таа имала и некоја позначајна улога, за нас се уште непозната. Тука и денеска се наоѓа единствениот и најдобар премин преку реката. комуницирањето со сите страни е лесно и отворено. Населбата природно е заштитена од северната и источната страна, од каде е високиот карпест брег на реката. Јужната и дел од западната страна се отворени и лесно пристапни. Можеби на овие страни се наоѓал примитивен одбранбен бедем. На оваа помисла упатуваат извесни остатоци од широк зид констатирани во блок III u IV што се наоѓа 10 м западно од првиот Помеѓу нив се наоѓа полска куќа при чие градење исто така се откриени остатоци. Тоа се камени блокови со различна големина и неправилна форма, набрзина наредени во широчина од 2,0 м и констатирани во целата широчина на блок III. Дирекно лежат врз остатоците од куќен лепеж. Од него, па до римскиот слој од фрагментирани тегули продолжува неолитскиот слој. Разликата меѓу овој евентуален зид и римскиот слој е евидентна (план 4). За жал, истражувањата не можевме да ги насочиме кон разјаснување и дефинирање на оваа загатка заради градинарските насади. На овој, јужен дел на локалитетот во римскиот период се наоѓала некоја помала населба или пункт што, доколку преминот бил тука, го контролирал. Како површински наод се најдени голем број рачни камени мелници (сл. 146-150). Сметаме дека определувањето на временската и културната припадност на населбата „На брег“ е во рамките на Анзабегово-вншничката културна група. Постариот, Г-от културен хоризонт, припаѓа на Анзабегово-Вршник П и тоа можеби на крајот од оваа фаза. На ова упатува бело сликаниот фрагмент сл. 99 и ногата од садот, сл. 141, слична со садот од Вршник со четири нозе. Помладиот, П-от културен хоризонт -припаѓа на Анзабегово-Вршник III. Во истражувањата не се откриени елементи карактеристични за Анзабегово-Вршник ГУ8. Исто така, иако можноста за постоење не ја исклучуваме, не се откриени траги од постарите фази, зашто истражувањата се вршеа на периферните делови на населбата. Дотолку повеќе што во истражувањата на постариот хоризонт е откриен еден фрагмент (сл. 99) со убава фактура и црвена боја.9 Декориран е со мрежест орнамент изведен со бела боја.
Прекинувањето на животот на населбата е извршено од непознати причини во крајот на фазата Анзабегово-Вршник III. Траги од интензивен пожар не се констатирани. Зошто животот на населбата не бил обновен и понатаму ќе остане загатка. Меѓутоа, околу 4 км јужно по течението на Пчиња се наоѓа локалитетот „Млака“ кај село Шупли Камен. површинскиот материјал покажува постоење на живот во време на фазата Анзабегово-Вршник IV. Помислата дека во определени услови жителите од населбата „На брег“ се преселила таму, или една помала група, може да се постави како еднаработна теза за евентуални идни истражувања.
DRAGIŠA ZDRAVKOVSKI - Skopje
Белешки
- За несебичната и драгоцена помош на раководителот на проектот Војислав Санев, најсрдечно му се заблагодарувам. ↩
- Истражувањата ги реализира екипа од Музејот на Македонија и Народниот музеј во Куманово: Ирена Настева, Ленка Алексовска, Блажо Ѓорѓиевски (планови), Гоце Јакимовски (цртежи, освен 130, 131 кои се од Гордана Ѓорѓиевска) и Слободан Зафировски (фотографии). ↩
- M.Garašanin, Grupa Anzabegovo-Vršnik, Praistorija Jugoslavenskih zemalja II, Sarajevo 1979, 84 - 114; В.Санев, Неолитската населба Руг Баир кај с.Горубинци, Зборник на штипскиот Народен музеј IV-V, Штип 1975; В.Санев, Младо камено време, Штип I. Штип 1986, 70-77; Р.Галовиќ, Зелениково, Зборник Народног музеја V, Београд 1967, 127-152. ↩
- В.Санев, Тумба во Маџари и нејзиното место меѓу неолитските култури во Македонија, Тркалезна маса, Скопје 1987. ↩
- Во поставката на Музејот на Македонија се наоѓа слична од Тумба Маџари, непубликувано. ↩
- В.Санев, Тумба во Маџари..., М.Билбија, Соопштение на Тркалезната маса... Скопје 1987. ↩
- M.Garašanin, op.cit. ↩
- M.Garašanin, op.cit.; M.Gimbutas, Neolithic Macedonia, Los Angeles 1976, 119 натаму. ↩
- M.Garašanin, Erly Neolithic and Middle Neolithic, The Cambridge Ancient History III-1, Cambridge 1982. ↩
Summary
Excavaтions ат тие ѕiте "На breg" near тне village Mlado Nagoričane
" (SUMMARY)
The site „Na breg“ from the early Stone Age is situated near the village Mlado Nagoriéane, 16 km. from the Kumanovo road, Kriva Palanka. It is situated on a terrace above the Péinja River before the bridge. Its direction is east-west. Two phases are present here. The earlier phase is characterized by unpolished pottery decorated with expressive slip. Impresso pottery (P. 62, 64, 66, 77, 78) is represented by unique examples decorated by nail, finger and sharp object impressions. This pottery is red, brown or gray. Well polished pottery with monochrome red colour dominated. (P. 105, 107, 112, 113). There are plates and pearshaped vessels with vertical, cylindrical handles. The pottery is decorated with wide and narrow brown lines below the edge and with triangles (P. 102, 104) or spirals forming a paw (P. 97). The vessels are cups and amphoras. The later phase is characterized by monchrome red pottery, but gray pottery also increased notably. The pottery consisted of plates and ballshaped vessels (P. 87,90,106,120,132). The impresso pottery in the earlier phase had the same characteristics as the pottery from the later phase. The impresso pottery is red with brown ornaments (P. 92,93,101,100). The vessels are cups and amphoras.
A few2 remains of architectural structure were discovered during the excavations.
There are no traces of cult artifacts from the earlier phase, but, several fragments from a sacrificial altar were found in the later phase (P. 139,144,14-
Agriculture was the main occupation of the people at that settlement. A number of -manual stone grinding mills were discovered (P. 2-17). A great number of osteologic animal remains from both phases proving that the people raised cattle, were discovered during the excavations.
The site „Ma Breg2 belongs to the Neolithic Age, to the phases Anzabegovo-Vrsnik II - III. The excavation of this site confirmed the presence od this cultural group in the Kumanovo region.
Керамички форми: 130, 131, 133, 134 - Хоризонт 1; 125, 127, 129, 135 - Хоризонт И Ceramics forms: 130, 131, 133, 134 - Horizont 1: 125, 127, 129, 135 - Horizont II R=1:2 136-139
Култни1 предмети: 140-142 - Хоризонт I; 139, 143-145 - Хоризонт II The Cult objects: 140-142 — Horizont I: 139, 143 145. Horizont I