Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 241–245

Јован Ковачевиќ

Илустрација, стр. 241

На почетокот од оваа 1988 година (13 јануари) од редовите на југословенскиот археолошки свет засекогаш отиде човекот кој беше впечатлива фигура со своето физичко и духовно достоинство, кој само со својата појава беше олицетворение и поим на научник и професор.

Животописот започнува со особено уважение, маниристички, би се рекло... „Проф. д-р Јован Ковачевиќ потекнува од стара белградска фамилија на интелектуалци“. (В. Јовановиќ). Роден е на 5 февруари 1920 година во Париз. Момчешките денови ги поминува во Белград, завршувајќи го средното образование во Третата машка реална гимназија. Започнал да студира историја во Берлин, но во предвечерието на војната се враќа во Белград каде што ги продолжува студиите по историја на филозофскиот факултет. Војната уште еднаш ги прекинува неговите студии (бомбардирањето на Белград, 6 април 1941 год.) кои ги завршува во 1946 година дипломирајќи на тема од општа историја. Паралелно и потоа, од 1944 до 1948 год. работи како асистент во Археолошкото одделение на тогашниот Уметнички (народек) музеј во Белград, каде што заедно со М. Гарашанин го завршува музејскиот курс организиран од страна на директорот на Музејот Милан Кашанин и неговите соработници-кустоси Ѓорѓе Мано-Зиси, Миодраг Грбиќ и Иван Здравковиќ. Во тој период, младиот Јован Ковачевиќ доаѓа во директен допир со музејскиот археолошки материјал, а во 1947 год., под раководство на проф. Јосип Корошец, пак заедно со М. Гарашанин, учествува во археолошките ископувања во Птуј, а подоцна и на локалитетот Најава циглана кај Панчево. Во 1948 година преоѓа на работа во Историскиот институт при Српската академија на науките. Интензивно работејќи, Јован Ковачевиќ во 1951 год. успешно ја брани својата докторска дисертација за средновековната носија на балканските Словени, досега ненадмината студија од историјата на средновековната култура на Балканот, по кое, во 1952 год. постанува научен соработник во Академијата. Во 1955 година избран е за доцент на Филозофскиот факултет во Белград за новововедниот предмет Словенска археологија. Еден навистина, значаен момент за науката: д-р Јован Ковачевиќ, историчар по струка, определувајќи се за универзитетска кариера и за работа на средновековната археологија, ја збогатува натамошната животна определба со интердисциплинарен пристап кој најсреќно ги соединува истражувачките потреби на археологијата со доброто познавање на историјата и критичкиот приод кон нејзините извори. Така, овој научник, имаше големи можности да ги корегира хипотетичните историски дефиниции со непобитни материјални докази од археологијата и обратно, на најпотребните места во археологијата да ги внесува историските факти и извори со што можеше да ги расветлува проблемите и нејасностите во рамките на овие научни истражувања.

Некаде во ова време д-р Јован Ковачевиќ студиски престојува во Виена и Париз, овој пат во мисија по. нови научни факти потребни 3a расветлување на проблемите од Големата преселба на народите која игра важна улога во историјата и археологијата на балканските просто-

Во 1960 година д-р Јован Ковачевиќ се здобива со звањето вонреден професор а во 1962 год. веќе беа зрели условите да ја формира Катедрата за средновековна археологија при Археолошкото одделение на Филозофскиот факултет. Во 1965 година постанува редовен професор а во периодот од 1967 до 1969 год. е декан на Филозофскиот факултет во Белград. Правдољубивоста, вистинољубивоста и широкиот хуманистички дијапазон на личноста и делото на проф. д-р Јован Ковачевиќ доаѓаат особено до израз во овие возбудливи години од поновата историја на социјалистичката изградба во Југославија, посебно во времето на ,,jyHските настани“ 1968 год. кога деканот Јован Ковачевиќ целосно застана на страната на генерацијата која ја воспитуваше, на страната на белградските студенти кои барал радикални промени во југословенското општество. Покажувајќи доблестен пример во чување на слободарските традиции на својата школа, проф. Јован Ковачевиќ беше инспиративен и парадигматичен до смислата на познатата Брехтова персифлажна забелешка (парафраза): Ако народот го има изневерено поверението на владата (станува збор за Сталиновиот период во Русија или потоа) со изразување на незадоволство или востание, па мора со двојно поголема работа повторно да го здобива, тогаш, зар не е многу поедноставно владата да го распушти народот и да си избере друг?

Неговата приврзаност кон револтот на младите, кои во одредени општествено-историски услови со својата бескомпромисност или брзоплетост дури и не мораат да бидат секогаш во право, беше чин acte gratuit: поднесе барање за оставка на местото декан на факултетот, која што, попатно, од надлежните универзитетски структури не му беше прифате-

На чело на својата катедра проф. д-р Јован Ковачевиќ останува се до 1985 год. кога е и пензиониран.

Во сите тие години и пред тоа, во рамките на работата која исполни 64 семестри на факултетот, строгиот и популарниот „Јова““, беспрекорен во своето принципиелно однесување, ја уживаше големата доверба и симпатиите кај своите воспитаници - студентите на белградската археолошка школа. „На студентите секогаш му го свртуваше вниманието кон најважните појави, кон суштината на проблемот. Не ги оптоваруваше со излишни дескриптивни податоци. Сметаше дека е многу битно при толкувањето на археолошкиот материјал да ги изнесат сите мислења, често спротивни, убеден во тоа дека со нивните причински конфронтации може да се дојде до вистинско решение. Со студентите и со колегите секогаш беше отворен и сосема јасен, спремен да сослуша и посоветува, но никогаш двосмислен, ни подложен на давање на лажни ветувања“ (В. Јовановиќ). Фасцинантно беше неговото познавање на главните светски јазици, кое му овозможуваше на студентите да им ги пренесува најновите сознанија од археолошките истражувања во Европа, директно и синхроно преведувајќи ги значајните места од публикациите и археолошката литература која што инаку, не беше секогаш достапна на студентите. „Ако на предавањата од студентите бараше целосно внимание, а на испитите знаење и понекогаш при оценувањето на незнаењето беше престрог и формален, професорот во други прилики, особено на теренските истражувања и екскурзиите, изразуваше присност и задоволство да се дружи со младите низ спонтана конверзација, риболов и преферанс“ (В. Јовановиќ).

Добрите познавачи на неговата личност и дело, портретирајго го физичкото и духовното достоинство на проф. Јован Ковачевиќ, недвосмислени се во потенцирањето на карактеристичните особини: во животот и работата беше остар критичар, но и стрплив кога ги примаше критиките врз себе и своите ставови, кои и ги корегираше ако критиките беа аргументирани. Ако со голема настојчивост и упорност беше пргав говорник во заштита на своето мислење, со уште поголем жар беше стрплив слушател. Противник на нападните монолози, беше голем приврзаник на дијалозите. Во научните расправии беше секогаш енергичен, но никогаш дрзок и здодевлив, понекогаш зајадлив, но никогаш груб (В. Поповиќ).

Проф. д-р Јован Ковачевиќ не беше човек и научник наклонет кон тесните стручни специјалности, туку во рамките на историско-хуманистичките науки приоѓаше кон разрешување на проблемите со интердисциплинарна ширина на причинско-последичните поврзаности. Оттука и широкиот спектар на познавања и презентирање на археологијата во рамките на средновековните култури кај разните народи кои престоју-

вале и живееле на евроазиското тло со посебен акцент на нивните појави

и живот на југословенските простори и Балканот. За археолошката наука (како и за историската, впрочем) од голема важност се неговите три поглавни преокупации од кои во триесетипетгодишната истражувачка работа и наставничка кариера произлегоа бројни сознанија, студии и монографии кои претставуваа пионерски зафати а истовремено и темели за понатамошни истражувања. Тие три преокупации на проф. Јован Ковачевиќ, во рамките на неговата наставничка и научна работа се: Јужните Словени, Големата преселба на народите и Аварите. Тема на неговиот најпрв научнички интерес ќе бидат Јужните Словени, а најпрв објавен труд „Белешке за проучавање Мирослављевог јеванђеља и материјалне културе XI - XII века“ (Историски часопис, год. I, 1-2, 1948, Београд 1949, 218-233). Поглавно место во неговите првични научни трудови зафаќаат огледите и студиите за обетките и наушниците од кои трудови ќе излезат две значајни публикации посветени на овој вид накит: „Минђуше и наушнице са јагодама“ (Музеји, 2, Београд 1949, 114- -125) и „Прилози решавању постанка и развоја јужнословенског златарства и златарских производа у раном средњем веку“ (Историјски гласник, Београд 1950, 3-4). Првата е значајна затоа што е прва од ваков вид во југословенската стручна литература, а втората ја надополнува и претставува обемна граѓа поткрепена со над 400 цртежи кои се дело на овој исклучителен автор, со компаративно разрешување на потеклото, распространетоста и хронолошката детерминација. Со Милутин Гараша-ННН, човекот со кого Ковачевиќ соработува и другарува скоро половина век, објавуваат две пионерски дела и другарува скоро половина век, објавуваат две пионерски дела за југословенската археологија, значајни и за историјата, секако: „Преглед материјалне културе Јужних Словена у раном средњем веку“ (Београд 1950) и „Археолошки налази у Југославији“ (Београд 1966) коишто, прелеснагата на новите факти се веќе застарени, но се уште ненадминати како помошни учебници по историја и незаменливи прирачници за археолошките студии и археолозите. Како резултат на неколкуголишна теренска проспекција. проучување и публикување на раносредновековните епиграфски споменици на тлото од некогашната Дукља, потоа археолошките ископувања кај Тиват, Прчањ и повеќегодишни други теренски и теориски истражувања, произлегува авторитетното учество во изработка на првиот том од „Историјата на Црна Гора“ (Београд-Титоград 1966) со големиот прилог за периодот од III/IV до XII век, прилог кој претставува пример за тоа како треба историјата да ги користи материјалните показатели и археологијата како треба да ги користи историските извори.

Поаѓајќи од фактот дека во нашата наука постои видлива празнина за периодот на Големата преселба на народите, еден поприлично недопирнат блок на расфрлена граѓа по музиеите, депоите, под пластовите на земјата и во странската литература, проф. Ковачевиќ тргнува во нова научна авантура по трагите на воинствените германски племиња кои престојувале, преорувале, победувале или губеле на балканската почва во времето од и по падот на големото Римско царство до VII век од нашата ера. Идентитетот и остатоците од начинот на живеење, обичаите и другите карактеристики на Готите, Гепидите, Лангобардите и Херулите на балканските простори најдоа свое достојно осветлување во публикацијата на проф. Јован Ковачевиќ „Археологија и историја варварске колонизације јужнословенских области“ (Нови Сад 1960). Кон ова, не е непотребно да се спомене и изданието-каталог „Сеоба народа-археолошки налази југословенског Подунавља“ (Земун 1962) кое е заеднички потфат на проф. Ковачевиќ со Д. Димитријевиќ и 3. Вински.

Третата главна преокупација на проф. д-р Јован Ковачевиќ се, како што е речено, Аварите на кои им посветува особено внимание со нему својственото научничко љубопитство, а кои пак се нераскинливо поврзани со историјата на јужнословенските народи во еден одреден период (VI-IX век) за кои односи и за кои материјални остатоци немаше едно поцелесеобразно согледување во југословенската историско-археолошка научна профилистика. Проф. Ковачевиќ вршеше археолошки ископувања на аварски некрополи во Срем и Бачка, обиколуваше музеи во потрага по инцидентни наоди и присобрана граѓа, претресуваше библиотеки, држеше незаборавни предавања пред студентите и на разни симпозиуми за етногенезата на овие азиски номади, за нивниот начин на живеење, духовната култура и нивните односи со соседните народи. На оваа тема проф. Ковачевиќ објавува два прилога во археолошката периодика: „Авари и злато“ (Старинар, н. с. XIII-XIV, Београд 1965, 125-134) и „Авари на Јадрану“ (Материјали III симпоз. праисториска и средњевековне секција АДЈ, Нови Сад 1965, 53-79) а потоа, имајќи зад себе вредна студиска граѓа, користејќи сознанија и резултати од помошни научни дисциплини, синхронизирајќи ги резултатите од проучувањето на археолошките материјали и податоците од пишуваните извори, ја објавува книгата „Аварски каганат“ (Београд 1977) која е засега единствена и најширокопфатна публикација за исчезнатиот аварски етнички супстрат во југословенската историско-археолошка литература.

Проф. д-р Јован Ковачевиќ, археолог, медиевист, расен истражувач, научник со меѓународна репутација и хуманост со космополитско љубопитство во рамките на својата животна определба, заедно со сите епизоди кои се провекуваа низ животот и делото, ќе остане незаобиколна потреба во научните расправи и незаобиколна тема во разговорите на неговите современици, наследници и на идните генерации кои ќе произлезат од овој простор на светот и од овие профилации во науката.

Накрај, остануваме со сознанието и мислата која ќе ги следи не само овие, туку и идните генерации: археолозите, како и од другите простори, така и од Македонија, повеќето негови студенти и, се сеќаваат. и ќе се сеќаваат на човекот којшто живееше и работеше со една, по сѐ специфична резолутна резистенција. Проф. Јован Ковачевиќ со својата физичко-духовна перпердикуларност во една целосно хуманистичка обоеност, со својата одважност со која пристапуваше кон археолошката наука, ја подигнуваше на ниво на орнантен понос, професионалната етика. Наша желба е, тој понос и таа мисла како лајтмотив, вечно да траат*.

Паско Кузман

* При подготвувањето на овој текст користени се материјали и одделни места од рефератите на проф. д-р Војислав Јовановиќ, акад. Милутин Гарашанин и проф. д-р Владислав Поповиќ, прочитани на Комеморативната седница посветена на проф. д-р Јован Ковачевиќ, одржана на ден 26 април 1988 год. на Филозофскиот факултет1 во Белград. За отстапениот материјал љубезно им се заблагодарувам. Исто така, изразувам благодарност со особено почитание кон семејството на проф. ва кон д-р Иван Ковачевиќ кој ми излезе во пресрет отстапувајќи ја гореобјавената фотографија.

Белешки

  1. МАА ↩