Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 31–41
Куќа I во Зелениково
1981 г.1 извршени се завршни ископувања во Зелениково, на локалитетот, Слатина, кои се започнати уште 1974 и продолжуваат 1975 г.2 Со ископувањата оваа година беше истражена во целина куќата I која е констатирана во текот на ископувањата 1974/75 г.
Бидејќи, статистичката обработка на материјалот е во тек а предстојат и проучувања на материјалот во целина (со „оној од 1974/75 г.) на ова место ќе биде даден прелиминарен извештај со посебен осврт на куќата I и нејзината архиктектура.
Бидејќи завршните работи на Зелениково го имаа за цел истражувањето на куќата, ископувањето не е завршено под нејзиното ниво, односно слојот на кој е подигната куќата. Така работите ги опфатија слоевите обележени во предходниот извештај, како:
прекопан слој !
слој 2 со хоризонтот |
слој 3 и слој 4, кои го покриваат хоризонтот П
(куќата и нејзините рушевини)
Стратиграфијата установена 1974/75 год.3 воглавно е потврдена и во оваа прилика со минимални измени кои зависат од разликата во конфигурацијата на теренот. Ова го потврдува сликата на стратумот во западниот профил на квадратот VI и VII, кои делимично ја сече куќата 1 и проаѓа преку камената конструкција, за која ќе стане збор во понатамошното излагање. ; ј
Под прекопаниот слој се појави слој од компактна земја во кој местимично се наоѓаат искинати површини тврда, црна и масна земја кои одговараат на хоризонтот I, кој во деловите на теренот истражен во квадрат I, Ш и V истражени во нивото на куќата 1974/75 беа далеку по присутни, се покажува, имено, дека овој хоризонт во правецот на исток се губи, па концентрацијата на најмладата населба била повлечена до источниот раб во правец запад. Како е познато населбата на хоризонтот I и припаѓа на една посебна варијанта на балканско-анадолскиот комплекс од младиот неолит, која е тесно врзана за винчанската група и Караново IV и обележена е како Зелениково П.4 Овој хоризонт и слој лежи на еден светло жолт стратум, кои е местимично нешто потемна боја - жолтеникаво и црвенкасто нијансиран. Тој слој, кој во своите различни делови 1981 г. е третиран издвоено, одговара на слојот 3 и дел на слојот 4 од поранешните кампањи. Тој ги прекрива масивните рушевини на куќата и камената конструкција источно од неа; камената конструкција и куќата врзани се за слој зеленкаста, глиновита земја: камената конструкција лежи на тој слој додека куќата е делум укопана во него. Во поранешните кампањи тој е обележан како слој 5. Ископувањата од 1981 г. потврдија дека се работи за нивелиран слој кој е нанесен во врска со изградбата на куќата од хоризонтот 11.5
Како е веќе спомнато, источно од куќата I со најголем дел во квадрато VII а помал во квадратите VIII и VI се протега камена конструкција во правец С-Ј со помали девијации кон запад, па така незначително одстапува од ориентацијата на куќата 1. Се работи за големи нафрлени камења кои косо паѓаат од запад кон исток, така што највисоките точки му се запад (229, 69 и 229, 63) а најниските на исток (229, 17 и 229, 23). Значењето на оваа конструкција не наполно јасно нема индиции дека е јадро на бедемот, прекриено со земјен насип од кој нема трага во профилите. Би можело да се предпостави дека е тоа масивен сухозид кои се урнал во правец на исток. Истовременоста со куќата го потврдува стра-
Са. 1. Рушевини од куќа | во кв. 1, Iba У
Bild. | Die Ruine von Haus | in qu. [, Пипа V неолитска куќа | хоризонт и
План ШЕ Куќа 1, Залениково Plan ШЕ Haus 1, Zelenikovo
тиграфската положба на спојот зеленикава глина, а и керамичкиот материјал кои делум е идентичен во куќата и конструкцијата. Така на двете места се јавува сликана керамика - темно на црвено со богати спирални декорации и фрагменти на многу фина сјајна и црна монохромна керамика со беличаст прелом која подсетува на соодветни керамички врсти од Тесалија (Арапи- Лариса)6 Значајно е исто така дека во квадратот VIII под оваа конструкција и слој глина се нашло на здравица, па овде слојот е многу потенок одколку во западниот дел од теренот.7 Отука може да се предпостави дека се работи за зид кој за време на градењето на куќата | ја затварал населбата (одбранбен зид.)
Куќа 1 (пл. II-III; сл. 1.) се наоѓала непосредно зад зидот на одалеченост кај северо-источниот агол од куќата од околу 2 м. а понатаму кон југ, кај местото на претпоставениот влез 2,80 м.
Истражувањето на куќата е извршено така што прво во целина е исчистен лепежот кој ги представува рушевините на зградата (Пл. УП). Потоа е извршено негово симнување на е проучена нејзината конструкција, архитектура и внатрешен распоред (Пл. III). Куќата ги зафати квадратите I, III, У и VI, а дел заоѓа во квадратот VIII и кон запад ја преоѓа границата на квадратот V. Рушевините кои чинат компактна маса лепеж ја прекриваат скоро квадратната површина на куќата, куповите лепеж беа најконцентрирани до источниот зид и во северо-источниот агол. Куќата страдала во пожар кој бил најитензивен долж источната страна, каде под дејство на висока температура, некои парчиња лепеж се претворени во згура. На лепежот се наоѓаат отисоци од поголеми помали диреци - или дрва обликувано во вид на даска, како и отисоци од прачки. Проучувањето на нивниот изглед и распоред, кое не е уште извршено, ќе пружи податоци за конструкцијата на зидовите. Меѓутоа, уште сега, може да се каже посебно врз основа на запазувањето на блоковите кај источниот зид да е лепежот на едно лице пресвлечен од тенок и добро замазнет премаз. Кај повеќето блокови кои паднале кон внатрешноста на куќата премазот се наоѓал на страна свртена кон подот што покажува на тоа дека зидот бил премачкан од внатрешната страна.
Веќе самото расчистување на рушевините на лепот покажало дека северозападниот дел од куќата е уништен со подоцнежен укоп југоисточниот агол, до источниот зид исто така немаше леп. За објаснување на оваа појава ќе биде збор во подоцнежното излагање.
По симнувањето на лепот добиена е јасна слика за конструкцијата на куќата (Пл. П1). Зидовите и кровната конструкција ја држела големи колци, со пречник сса 22/25 см. 50 см. најсилните колци се наоѓаат на југозападниот агол (калем 2) и на северниот зид (колци 7-9). Јамите од колците, во кои секогаш се наоѓани карбонизирани остатоци од дрво. беа обложени со глина. Судејќи по обликот на јамата колецот кај југоистичниот агол (колец 5) имал правоаголен облик. (дим. 28х24 см).
Според распоредот на колците куќата немала сосем правилен облик. Северниот зид скоро наполно прав но во североистичниот агол се добива впечатокот дека самиот агол е нешто заоблен.
Ситуацијата во северозападниот дел од куќата не можела да биде оценета поради оштетување занимливо е меѓутоа дека меѓу колците 2 (југозападен агол) на јужниот зид не се констатирани колци. Непосредно јужно од колецот 3 кој стои во врска со внатрешниот преграден зид се наоѓа голем плочест камен па не е исклучено да служел како база на која е поставен колец. Во тој случај можно е да вака поставени колци постоеле и на други места во зидот (а не можеле повеќе да бидат носечки). Колец 9 во северниот зид, колец 10, приближно во оска 4-3 и колец 3 нешто повлечен во однос на јужниот зид се наоѓаат приближно во една линиа па ја делат зградата на две простории, една помала на исток а друга поголема на запад веројатно е дека колецот 10 во внатрешната зграда има и одредена функција во држењето на кровната конструкција.
Точните димензии на куќата не можат со сигурност да се одредат, земајќи ги предвид оштетувањата во северозападниот дел и на фактот дека според распоредот на колците источниот и западниот зид не биле сосем паралелни така да основата на зградата била приближно трапезоидна. Со сигурност е меѓутоа констатирана должината на Јужниот и источниот зид меѓу аголните колци, таа изнесува 6,60 м. :
Подот на куќата нешто е укопан во нивелациониот слој зеленикаста глина-приближно околу 40 см. (228,65 и 228,59 во внатрешноста на зградата кај колецот 10 229,04 кај источниот односно јужниот зид. Посебна подна конструкција не е констатирана. Дното на куќата го чинела тврдо набиена глина, која веројатно од пожарот добила црвенкаста или жолтеникава боја. Само во југоисточниот дел од куќата, непосредно пред печката и жртвеникот - односно мелницата подот имала замазнет премаз.
Непосредно јужно од овој објект, кај југоистичниот агол долж источниот зид немаше, како е веќе речено остатоци од леп (Пл. П) на тој дел во ширина околу 1,60 до 1,80 м. подот не беше укопан во зеленкастата глина. Така овде настанал еден банак. Банакот се наоѓа на 13 см. над подниот премаз пред печката и мелницата (228,05 и 228,82). Би можело да се предпостави дека во тој дел се наоѓа влез во куќата. Со оглед на оштетувањата во северозападниот дел на куќата, оваа предпоставка меѓутоа не може да се докаже.
Во внатрешноста на куќата во помалата источна просторија се наоѓале крај северниот зид поблизу кон североистичниот агол, правоаголен објект со зид од глина, а крај источниот зид од неговата средина кон југ, крај предпоставениот влез, веќе спомнатата мелница и печка (план
Квадратниот објект кој лежи на нивото на подот бил ограден со зидче од глина високо 27 см. (228,92 и 228,65) од кое се сочувани само Јужниот и дел од западниот зид. Дното на објектот било исто така покриено со премаз а во него се најде група од 12 садови, претежно со поголеми димензии настрадани во пожарот (сл. 2). Објектот обележан како жртвеник- мелница се наоѓал на банкот крај источниот зид но не се потпирал на него. Објектот имал зидче од глина со приближно елипсовиден облик. Зидчето е покриено со премаз кој не е посебно изведен, а внатрешноста во коритест облик, исто така поседува премаз. Со сличен премаз било покриено и лицето на платформата кон внатрешноста на куќата, но под премазот се покажало првобитното лице грижливо уредено и украсено со длабоки цик-цак линии (пл. TV сл. 3) на функцијата на мелницата упатува камен потпрен на два помали камена, кој е најден во внатрешноста на објектот како и фактот дека во негова непосредна бли-
зина се наоѓа објект од глина со садови кои претежно служеле за секој-
Mu. | Западен профил на кв. Ми УП
Plan I Westrofil von Qu. VI und УП
Пл. Н Изглед и пресеци на жртвеникот-мелница и печката Plan II Aussicht von Schnitten Opferaltar und Mihle дневна употреба. Од друга страна богатата декорација, на предната страна од платформата и грижливата обработка на оваа страна упатуваат на постоење на жртвеник. Од предходното излагање јасно е дека објектот бил во употреба во две фази од кои втората представува зиди е со елипсоиден облик и премаз со кој накнадно е прекриено лицето на платформата. Оддтука може и да се предпостави дека објектот во овие две фази на своето постоење немал иста намена е дека дури во втората фаза добил карактер врзан за домашната економија.
Жртвеникот-мелница кон југ непосредно се потпира на печката | . со калотест облик, која не е сочувана во целина (Пл. сл. 3.). Калота и дното на печката имале два премаза од кои долниот е светло-жолт И грижливо обработен, што исто така упатува на две фази на употреба. Со својот западен дел печката | преоѓа преку работ на платформата. Овде нејзиниот под се потпира на две стубасти ножиња од жолта глина со ист состав како и подот на печката. Ножињата лежат на подот од куќата кој само во овој дел поседува премаз. Аголната ножичка лачно е профилиса-На подот пред жртвеникот мелница се најдоа три сада (пл. 111). Во западната поголема просторија на куќата (пл. III) во нејзиниот јужен дел и поблиску до јужниот зид се наоѓала печка 2, која е доста оштетена и чија калота е срушена (сл. 4.). Подот на печката лежи над нивото од подот на куќата (228,89 и 228,73) северно од печката а поаѓајќи непосредно од колецот 10 во внатрешноста на куќата, констатиран е дел од зидието од глина оријентиран во правец 4-3, чиј почеток и крај не се сочувани. Зидчето, очигледно, ја одвојувало печката од останатиот дел на просторијата. Во просторот околу печката најдени се 4 цели сада (сл.
Во внатрешноста на куќата најдени се доста фрагменти од керамика кој повеќето се деформирани во пожарот па не можат да се дефинираат. Кај североистичниот агол најдени се 3 помали сада со цилиндричен врат (сл. Ѕа). Иако е прерано да се зборува за архитектурата и карактерот на оваа куќа потребно е уште сега да се укаже на извесни паралели и разлики во рамката на балканско-анадолскиот комплекс на постариот неолит. Во блиските подрачја од овој период познати се куќите од Пелагонија:8 и источна Македонија?9 (Анзабегово-Вршник I, II). Овие последните немаат аналогија со оние од Зелениково и се врзуваат за форми Предсескло група и Тракија.10
Куќите од Караново I и Анзабегово II кои се постари од оние во Зелениково се разликуваат од неа во конструкцијата: имаат грижливо изработен под од премаз кој во Анзабегово е неколку пати обновуван, а колците кој ги држат зидовите се зацврстувани со ниско зидче од глина. Најблиска аналогија на куќата од Зелениково представува онаа од Маџари, која покажува ист внатрешен распоред, недостаток на под, слична конструкција на зидовите и истотака, поседува сличен жртвеник. Таа е истовремено со куќата од Зелениково. В Санев ја објаснил оваа куќа како светилиште. Во прилог на ова толкување, покрај жртвеникот, зборува фактот дека во другата, поголема просторија од оваа зграда керамиката беше распоредена така густо што тука навистина не можело да се домува. Во тој поглед постои разлика со куќата во Зелениково. Внатрешниот распоред на поголемата просторија, со печката 2, овде зборува за простор во кој се одвивал секојдневниот живот. Во помалата просторија, барем за подоцнежната фаза од нејзиното користење, во таа смисла укажува и сместувањето на садовите од секојдневната употреба и објектите од глина и секундарното преобразување на жртвеникот во мелница.
Така се поставува нов проблем чие решавање може да се очекува од ископувањата на другите слични објекти.
Хоризонт II во Зелениково на кој му припаѓа куќата | датирана е во фаза Анзабегово Вршник ГУ.11 Ова датирање и културно определување, денеска сеуште важат и покрај извесни нови моменти кои засега тешко се објаснуваат. Така покрај вообичаената керамика од оваа фаза, која, како е порано истакнато, најдена во камената конструкција и куќата 1, во оваа куќа, во објектот од глина, покрај жртвеникот мелница и крај печката 2 најден е поголем број бути форми во основа наполно туги на неолитет од Југоистична Европа. Тие, по правилно, имаат по 3 или 4 вертикално и 1 хоризонтално бушени рачки, (сл. 5б). Оваа форма обично се третира како Средноевропска12 !? меѓутоа барботин орнаментика на
Bild 5 Die Geschirre: A n/o Ecke von den haus: B und V von Tonobjek некои: од овие садови несомнено ги врзува за Балканско- Анадолскиот комплекс на постариот неолит. И еден топчест сад сликан црно на црвено представува во овој комплекс, по својата орнаментика, исклучителна појава. Орнаментите овде се поделени во 4 полиња кои ги сочинуваат концентрирани ромбови или ромбови во чија внатрешност се наоѓаат неправилен круг или елипса (сл. 5B). Аналогијата за оваа декорација исто така не ни се познати. Ова уште еднаш потврдува дека во рамките на досега познатите неолитски групи во Македонија треба да се смета на низа локални специфичности, кои денес почнуваат да се назираат.
Белешки
- Гарашанин М. - Спасовска Г. Масеԁ. Acta Arshaeol. 2, 1976, 85-117. Во археолошката екипа во 1981 година покрај потпишаните беа: Корачевиќ ЈІ. Е. Талеска, М. Милојевиќ, Пандилеска М, и Кузмановски Т. Истражувања се обавувани во рамките на проектот „Систематски археолошки истражувања на неолитските и металодобните култури во Скопска котлина“, чиј носител е Музеј на град Скопје, со финансиска помош на Заедницата за научни дејности сиз за култура на град Скопје. ↩
- Tbid. прилог на планот од куќите | и 2. Положбата кон север дадена на овој план ректифицирана е во 1981 година. ↩
- Ibid. 88 и понатаму ↩
- Ibid., 108 и non. Garašanin M. „Praistorija jugoslovenskih zemalja“, 1979. T. II, 207 и д., T. XXXVII ↩
- Гарашанин-Спасовска, ор. cit., 91 ↩
- Ibid., 103. Сп. Hauptamann H. – Milojčić V, Die Funde der frühen Dimini Zait auf der Arapi–Magula, Thessalien, 1969, 50 и понатаму. ↩
- Гарашанин – Спасовска, op. cit. 86, Пл. 1 ↩
- Симоска Д. – Санев В. Maced. Acta Archaeol. 1975, Прилеп, 6 а и д. сл. 2 и натаму. ↩
- Garašanin M. op. cit., 101 (Анзабегово–Вршник I) Ибид. 86 (Анзабегово–Вршник II); Споредм Garašanin M. – Korošec P. Epoque prehistorique et protohistorique en Yugoslavie, 1971, 136 и понатаму Pl. IX, 1-2; Gimbutas M. Neolithic Makedonia I, 1976, Pl. II, 2. ↩
- Milojčić, види Zumbusch. Milojčić V. Die deutshen Ausgrabungen auf der Otzaki–Magula in Thessalien, 1971, 13 и понатаму (со соодветниот план); Georgiev G. во L'Éurope a la fin de lÂge de la pierre, Sumposium Prague-Liblice 1959 (1961), 45 и понатаму, T. II. ↩
- Гарашанин-Спасовска, ор. cit. 111 и понатаму, Garašanin M. ор. cit., 95-96. ↩
- Спореди ги примерите од Винча, Васиќ М. Праисторијска Винча II, 1936, сл. 293, IV2 сл. 27, 28, 59. ↩
- MILUTIN GARASANIN - Beograd MILOŠ BILBIJA - Skopje ↩
- HAUS | VON ZELENIKOVO ↩
- (ZUSAMMENFASUNG) ↩
- Jahre 1981 wurde von den Verfassern in der neolithischen Siedlung von Zelenikovo, die Erforschung des schon in den Jahren 1974/1975 ermittelten Hauses 1 (Stufe IV der Anzabegovo-Vrsnik Gruppe) zu Ende gefiihrt'. ↩
- Der rund 6.60 m. Seitenlange messende Pfostenbau befand sich im 6stlichen Teil des Siedlungsplateaus. Unmittelbar davor wurden Reste des Siedlungsplateaus. Unmittelber davor wurden Reste einer Steinkonstruktion fesgestellt, die als zerstérte, am Osthang des Plateaus verlaufende Trockenmauer, gedeutet werden (I-III). Stratigraphisch und auf Grund der Fundbest&nde ist sie als gleichzeitig mit Haus | zu betrachten®.+6 Schon aufrgund der Verteilung der Hiittenlehmassen (Р|ап III Abb. 1) ist an der Nordwest-Ecke des Hauses eine bedeutende Stérung warznehmen. Die Rohr-, Ast-und Brettabdriicke auf einzelnen Lehmbrocken liefern wichtige Angaben zur Konstruktion ab. Auch sind an der Innenseite mancher Hittenlehmbrocken Spuren eines zum Teil gut erhaltenen weisslichen Verputzes fetsgestellt worden. ↩
- Anordnung der 25-50 cm. méhtigen Pfostenlécher weist den unregelm4ssig viereckigen Grundriss eines zweirdumigen Hauses auf (PI. III). Die Pfosten (Abb. 1) liegen in ungleichen Abstanden. Eine an der Siidwand zwischen den Pfosten 2 und 4 liegende Steinplatte kénnte als Basis eines auf dem Boden, ruhenden Pfostens angesehen werden. Der zum grossten Teil aus gestampfter Erde bestehende Boden war in eine aus griinlichem Lehm bestehende aufgetragen Nivellierungsschicht eingetieft auf welcher auch die erwahnte Steinmauer ruhte. Nur im kleineren, Ostraum, bei der Siidostecke, wo vielleicht auch der Eingang des Hauses zu erwarten ware, unmittelbar vor dem Altar und dem Ofen 1, wurde ein Estrichboden eingerichtet (Plan III). ↩
- Im engeren, Nord-Siid orientierten Ostraum befand sich bei der Могdwand eine teilweise erhaltene wannenfoérmige Anlage die durch eine 27cm. hohe Lehmwand begrentzt war. Auf ihrem Boden lagen 12 meisstens gréssere Gefasse (Plan III, Abb. 2). An der Ostwand erstreckte sich eine bankférmige Platform, auf welcher die als Altar bezeichnete Anlage und der Ofen | erbaut wurden (Plan III Abb. 4) In einer spateren Periode ist der Altar zu einer Mahlstelle umbaut worden, wobei auf seiner Oberseite eine elluptisch verlaufende Lehmwand aufgwstellt, und die urspriinglich mit reichen Ritzmustern versehene Frontseite (Plan 111, Abb, 4) ти Lehm verputzt wurde. Der unmittelbar sudlich anliegende Ofen ist ebenffals umgebaut worden, wie dies am Boden und im Querschnitt der Kalotte klar zu ersehen ist. Seine Forderseite, mit der Offnung, war auf zwei fein profilierte aus Гент Lestehende Fiisse gestiitzt (Plan 111, Abb. 4). Vor dem Altar lagen am Fussboden drei gut erhaltene Gefasse. ↩
- Im siidlichen Teil des grésseren Westraumes befand sich der Ofen 2 (Plan 2 III, Abb. 3), der im Norden durch eine nur teilweise erhaltene Lehmwand vom Rest des Raumes getrennt war. Beim Ofen wurden hier vier Gefasse gehoben (Abb. 5). ↩
- In seiner Anlage und Bauweise unterscheidet sich das Haus I von Zelenikovo von den bekannten friih und mittel neolithischen Wohnanlagen der Nachbargebiete: Pelagoniens (gruppe Veusina-Porodin)*,+8 Ostmakedoniens (Anzabegovo Ic und II)’,+9 Thrakiens (Karanovo I) und der Preseklo-Gruppe Thessaliens!®.+10 Dagagen ist die gleischzeitige von V. Sanev als Heiligtum gedeutete Anlage aus dem benashbarten Madžare beinahe völlig identisch. Zugunsten der von Sanev vorgeschlagenen Deutung spricht ausser dem im kleineren Ostraum erhaltenen Altar noch die Tatsache, dass im grésseren Westraum die Gefadsse am Boden so dicht nebeneinander gelagert waren, dass eine Benutzung des Raumes im Altagsleben auszuschliessen ist. Dagegen weisen die wannenférmige Anlage und die Beobachtungen im grésseren Westraum des Hauses in Zelenikovo, wie-auch der Umbau des Altars zu einem Mahlplatz mindestensin diesem Fall in Rishtung der Umyestaltung eines friiheren Banes zur Wohnanlage. Die aus Haus I stammenden keramischen Funde (vrgl. Abb. 5) sind durch Feuerbrunst meistens stark beschadigt. Sie lassen sich jedoch indie Реподе Anzabegovo-Vrinik IV eingliedern’.+6 Auffallend ist die Erscheinung von Butten die als Leitform der Hauskeramik angesehen werden dirfen (Abp.8).12 Auch das Gefass Abb. 9 (wamen férmige Hulage) ist in seiner aufgemalten Verzierung eine einmalige Erscheinung. ↩