Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 211–224

Брегалница - словенски црковен и културно просветен центар на Балканот

Содржина
  1. БРЕГАЛНИЧКАТА МИСИЈА
  2. Се претполага дека известувањата за непосредна просветна дејност
  3. Оваа традиција се одржала низ целиот среден век, што сведочи моногра-

Со засилените археолошки истражувања по средниот тек на Брегалница по Втората светска војна откриени се повеќе остатоци од населби, укрепени градови, некрополи и црковни објекти од ранохристијанскиот и словенскиот период, кои даваат можност за некои согледувања од поширок обем.

Историските податоци и литературните извори укажуваат дека по Брегалница на преодот од доцната антика во среден век, се наогале значајни војни, административни и организирани ранохристијански црковни центри. ј

Во Синекдемосот на Хијероклиј од 527/8 година, што се темели на податоци од У век, во областите источно од. Вардар, во провинцијата Macedonia Salutaris, се наоѓаат набројани градовите Баргала, Каленидин, Армониа и Запара.1 На Табула Пеутингериана по течението на реката Астибос,2 денешна Брегалница, на главниот пат што водел по реката за Пауталија и Сердика се наоѓаат градовите Транупара и Асти- 60. Полиен спомнува за ритуалното капење на Пајонските кралеви во реката Астибос при крунисувањето.3

Помеѓу спомнатите градови кај Хијероклиј, Баргала4 и Запара?“5 се спомнуваат како многу значајни ранохристијански епископски седишта северно од Тесалоника.

На Халкедонскиот собор 451 година7 спомнат е епископот. Дардание8 од градот Баргала. Името на градот го наоѓаме на натписот од Ханче, датиран 371/2 година. Со археолошките истражувања убициран е градот Баргала кај Горен Козјак.9 Крај Козјачка река откриена е импозантна тврдина. Во северозападниот дел на градот откриена е Епископската базилика со ранохристијанскиот комплекс од IV-VI век. Extra muros базиликата откриена е западно од самиот бедем и констатирани се траги од уште три базилики со раскошни подни мозаици.

Епископскиот град е посведочен и со надписот на капителот од влезот на трибелонот на црквата, со името на епсикопот Хермиа, оснивач на базиликата.10 Во градот цутел животот од IV-V век. Со Аваро-словенските инвазии градот е разурнат. Меѓутоа, неговата околина и самиот град брзо го населуваат Словените. На ова укажуваат остатоците од материјалната култура и низа преградувања во старите разурнати архитектонски објекти.

Градот Запара како цивитас и епсикопско седиште се спомнува 553 година на У екуменски собор во Цариград. Тогаш Sabinianus, episcpus Zapparenae civitatis, одбил да присуствува на овој собор од солидрност према својот архиепскоп Бененат од Iustiniana Prima.12 По тоа време Запара припаѓала под јуриздикција на архиепискпијата Iustiniana Prima и на новооснованата провинција Средоземна Дакија.13 Епископот Фока од Стоби го претставувал Бененат од Иустиниана Прима на соборот во Цариград.14

Името на градот е трачко. Ив. Венедиков и Ф. Папазоглу, ја идентификуваат Запара со денешното село Сапарево во Дубнишкиот крај.15 Врз основа на сличноста на името, Томашек и Хонигман го изедначуваат со Цапари кај Битола.!",16 Авторот на овој труд има изнесено мислење, дека Запара би можела да се убицира кај Мородвиз.17 Меѓутоа, сите претпоставки не се прифатливи, бидејќи не се докажани доволно со материјални остатоци.

Севроисточно од Крупиште двата брега со одбрандбени ѕидови носат име Голем и Мал Цапар.18 Тие претставуваат дел од системот на одбраната на големиот град во подножјето. Сличноста на името е неоспорно. мегутоа, не и сигурно за идентификација на градот.

На овој простор го убицираме стариот античен град Астибо.19 Во V-VI век овде постои градежна активност на црковни градби карактеристични за Јустинијановата епоха. А познато е дека по ова време Запара била под јуриздикција на архиепископијата Iustiniana Prima.20 Бездруго дека на градот му е посветено посебно внимание и поради лојалноста со царската црковна политика.21 Археолошките остатоци и архитектонските објекти укажуваат дека не само на градот, туку на целата област и е дадено посебно значење.22 Има можност градот Запара да го продолжил животот на стариот античен град Астибо, за што очекуваме уште материјални докази.

Градот Баргала кај Горен Козјак и големата градска населба недалеку од Крупиште, во доцноантичкиот ранохристијански период претставувале големи и урбанизирани градски центри со многубројни јавни и приватни градби. На ова укажуваат повеќе црковни и профани објекти од јавен карактер во самиот урбанизиран градски простор и во блиската околина. Треба да се нагласи дека во досега откриените објекти, како во

планирањето, така и во внатрешното уредување присатни се како метрополитанските, така H влијанијата од црковните малоазиски црковни центри. Многубројните црковни објекти од ранохристијанскиот период на оваа територија, одиграле посебно значајна улога во времето на покрстувањето на Словените по нивното населување во овие области.

До почетокот на УП век, во поширокото подрачје на Брегалница трајно се населило словенското племе Стримонци.23 Историските извори не обавестуваат дека меѓу словенското население во Тракија и Македонија постепено се зголемувал бројот на приврзаниците на христијанството, што се објаснува со подолгото живеење под византиска власт.24 Веќе од средината на IX век имало многу покрстени Словени.

За областите по Брегалница врзани се историски и литературни податоци, кои зборуваат за најзначајните собитија во животот на Словените во Македонија. Тоа е мисијата на Константин-Кирил Филозоф, со која започнува покрстувањето и ширењето на писменоста на словенски јазик помеѓу Словените во Македонија. Посебно значаен историски настан во животот на Словените во Македонија претставува организирањето на првата словенска епископија на Брегалница со подигањето на црквата со клир обучен од Климента. Епископијата се наоѓала на устието на Злетовска река во Брегалница, недалеку од Крупиште. Ова го потврдува откривањето на катедралната црква со Martyrium од крајот на IX и почетокот на X век.25 Откривањето на овој извонреден споменик од времето на покрстувањето на Словените по Брегалница го отвара во науката прашањето за определување на седиштето на Климентовата Величка епископска епархија.

’ Археолошките истражувања и ископувања по Брегалница и нашите нови откривања придонесуваат да се потврдат извесни податоци од историските извори врзани за почетоците на покрстувањето и за културно просветната и градителската дејност на Словените по Брегалница и пошироко во Македонија.

БРЕГАЛНИЧКАТА МИСИЈА

Примената претпоставка за мисионерско просветната дејност на Константин Кирил Филозоф и Методиј, по текот на Брегалница во науката е спорно. Тоа произлегува од неусагласеноста на податоците во литературните извори. Житијата на двајцата просветители не даваат податоци за таква дејност. Доста подоцнежните словенски и грчки извори укажуваат на Консантин Кирил и Методиј како на први просветители што го рашириле христијанството помеѓу Словените на Брегалница. Постојат големи разијдувања по однос на определувањето на личноста на Кирила, како и за времето во кое тој делувал. Поради што за мисијата на Константин Филозоф во науката постојат големи дискусии помеѓу учените.2е

Овде ќе ги изнесеме најзначајните литературни податоци што се однесуваат на оваа мисија со желба да укажеме дека на овие прашања во науката ќе треба да дадат одговор археолошките истражувања и откривања на спомениците од времето на покрстувањето на Словените по Брегалница.

Помеѓу најзначајните извори е Краткото Житие на Кирила или Успение Кирилово. Во него се зборува дека првата негова книжевна дејност помеѓу Словените започнала на Брегалница. Тогаш покрстил и привел на христијанска вера 54.000 Словени и им напишал книги на словенски јазик, што според И. Иванов изнесува 4050 или 51.000.27

Во Проложното Житие на Кирила се спомнува дека Моравската мисија и предходела на оваа дејност,28 додека во Проложното Житие на Методија, после Хазарската мисија бил баран за учител и наставник.29

Соунската легенда и покрај легендарните податоци во форма на кратко автобиографско раскажување, дава мошне значајни податоци во врска со Брегалничката мисија. За овој споменик некои учени тврдат дека потекнува од XI-XII век,30 додека други претполагаат дека потекнува од XIV век?!31

Во Тивкешкиот препис стои дека Кирил дошол во градот Равен на реката Брегалница, и им напишал 32 букви и во православна христијанска вера ги превел.32 Во Трновскиот препис се вели дека дошол во град Равен рикомеи Брегалница,33 и во Белополскиот препис во градот Равен нарицаеми Брегалница.34 Градот спомнат во Солунската легенда е идентификуван со Брегалница или на реката Брегалница, и покрај легендарниот податок во преписите отвара уште едно значајно прашање во науката и во нашата национална историја и археологија. Сега се поставува прашање, дали градот Равен што се наоѓал на реката Брегалница е наречен по името на реката, во кој била основана подоцна Брегалничката епископија. Од тоа произлегува дека градот Равен е седиштето на еписокпијата на Брегалница.

А. Куник уште во 1864 година се прашувал, не е ли градот Равен околу 885 година исто што и епархијскиот град Брегалница, кому што подоцна му е укажано исто уважување.35 На Балканскиот полуостров чест е случајот, областите да го носат името на реките, што се пренесува и на титулирањето на епископските епархии.

- - Во двата подоцнежни извора, во Моравската Легенда од XIV век,36 и Чешката Легенда од XIII век, се зборува дека Кирил покрстувал Словени пред заминувањето во Великоморавија.37 и

Дукљанската хроника дава податоци во кои се зборува за покрстување на Словени после Хазарската мисија од страна на Кирила.

Во Пространото Житие на Климента и во Краткото Житие на Климента се зборува за просветната дејност, за создавање на азбука и книги на кловекски јазик, од словенските просветители и нивните ученици.39

Се претполага дека известувањата за непосредна просветна дејност

на Кирил и Методиј помеѓу Словените во источните области на нашава земја се темелат на старата традиција, која означува вистински собитија.

Оваа традиција се одржала низ целиот среден век, што сведочи моногра-

фијата на И. С. Асемани за Кирил и Методија од 1755 година.40 За одржување на оваа традиција придонело назначувањето и на Методиј за управител на словенското кнежество во Македонија.41 :

ЕПИСКОПИЈАТА НА БРЕГАЛНИЦА, голем ЦРКОВЕН И ПРОСВЕТНО КУЛТУРЕН ЦЕНТАР НА СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Историските извори укажуваат дека христијанството во Македонија започнало многу рано да се шири. Ф. Дворник, според известувањата кај Теофана (Theoph. p. 557, еԁ. Bonn.) покрстувањето на Македонските Словени го поврзува со експедицијата против Словените по Струма, превземена од Јустинијан II во 688-689 година.42

Помегу словенското население во Тракија и Македонија имало многу привзраници на христијанството, што се објаснува со подолго живеење под византиска власт. Поради што веке од средината на IX век имало многу покрстени Словени.

Со примањето на христијанската религија, започнува зајакнатата градителска дејност во цела Македонија и посебно по реката Брегалница, бидејќи црквите станале жаришта за ширење на христијанството и места каде се вршело богослужењето.44

Врз основа на податоците од црковното уредување и организацијата на црквата во Источен Илирик познато е дека во областите северно од Солун имало многу епископски ранохристијански црковни центри. Поголем број од овие стари епископии биле обновени по населувањето на Словените во овие области и по нивното покрстување. Такви се епископските центри во Охрид, Брегалница, Среден, Филипопол и други.45 Во Житието на Тивериополските маченици од Теофилакта наоѓаме податоци дека тогаш биле поставени епископи и многу свештеници, и свети храмови47 се граделе.4е Разурнатите цркви во бробите при аваро-словенските напади, сега од основа биле повторно изградени, со што се намножиле божјите храмови.

Изградбата на храмови и обновата на старите разурнати ранохристијански објекти е засилена за време на престојот на римските свештеници во текот на 866-870 година. На Вселенскиот собор во Константинопол во 879-880 година, покрај другите епископски епархии се спомнува и Брегалничката. Овде се спомнува името на епископот Мануил титулиран Проватски.48 Ова се однесува на една иста епископија, спомната према името на реката епископската епархија и према територијата на која била расположена епископската епархија.

Засилена изградба на цркви по Брегалница се потврдува и во еден Летопис од XI век, каде се зборува за изградба на цркви по Брегалница и за подигање на бели цркви на Овче Поле.49

. Во текот на IX-XI век во Цариград покрај останатите, посебно се почитувал култот на Богородица.50 Во престолнината и низ целата Империја се градат цркви, според ранохристијанската традиција, над гробовите на верниците загинати за Христовата вера. Тие се прогласуваат за маченици - martyri. .

За моштите и реликвиите на мачениците се подигаат посебни цркви, или анекси крај црквите или се инкорпорираат во црквите посветени на генералниот култ на ТЕвхаристијата.51 Во ваквите цркви Martyriumi се одржува служба посветена на култот на маченикот.

Црквите Martyriumi обогатени со моштите или реликвиите на мачениците станале објекти во кои се собирале поклониците од блиските и далечните краишта на земјата. Така овие споменици стануваат средишта во кои се собирале ходочасниците - поклоници од целата земја, и придонесувале за славата на еден град или на една диецеза.52

Со цел да се создаде еден таков центар на Брегалница,53 според Теофилакрт Охридски, подигнат е храмот на Тивериполските маченици, што го извел комесот Таридин, по наредба на кнезот Борис-Михаил. Тогаш се пренесени моштите на Тимотеј, Комасиј и Евсевиј од Тивериполис-Струмица во епископијата на Брегалница. Подоцна комесот Дистр, по наредба на Симеона ги пренесува моштите на Сократ и Теодора.54 Според Теофилакта, во овој храм бил назначен клир, што требало да изведува богослужење на словенски јазик.55

Новоназначениот клир во црквата на Брегалница можел да биде одбран само од учесниците на Климента, односно на моравските бегалци. Остатоците од црквата со Martyriumot, чие откривање е во тек, подигната е во Климентово време и обслужувана од неговите ученици.

Со подигањето на овој храм на Брегалница со Martyrium и со изградбата на бројни црковни градби во градот и блиската околина, формиран е при крај на [X и почетокот на X век прв црковен, просветно културен и книжовен центар во Македонија.

Овој црковен центар не е формиран само за областите по Брегалница, туку за цела Македонија и соседните области во централниот дел на Балканскиот полуостров. Оваа епископска епархија имала за задаток не само да го шири христијанството туку да ја распространува словенската писменост и култура и да ја осамосталува црковната хијерархија, што е спроведено уште при изградувањето на катедралниот храм со Martyrium.

Треба да се спомне дека овие територии биле највише изложени на византиското влијание, па поради тоа е и ваквата осмислена и содржајно исполнета црковна организација веке од средината на IX и почетокот на X век.

Епископијата на Брегалница е основана во област со многу разурнати ронхристијански храмови, на територија на која постоела стара црковна традиција и добра организација раководена од два епископски центра.56

Со цел да се зајакне а со тоа и оформи на Брегалница силен словенски црковен и културен центар, пренесени се моштите на прочуените Тивериополски-Струмички маченици од Струмица во катедралниот храм на Брегалница..57 Црквата е одново подигната во врска со пренесувањето на моштите на мачениците. Со тоа се ставени темелите на првата словенска епископија на Балканскиот полуостров.

Епископијата на Брегалница, збогатена со култот на Струмичките светители,58 загинати за верата за врме на Јулијан Отпадник 362 година требала да биде вис-a-вис на Солун приближно на исто ниво, но како словенски центар. Познато е дека Солун како голем политички и културен центар на Балканскиот полуостров имал посебно значење и по Апостолската традиција, како и по култот на Св, Димитрија. Колку бил важен овој култ за градот и црквата, укажува податокот дека делови од моштите на Св. Димитрија се пренесувани дури и во Цариград.59

Организационо поставена според правилата и нормите на византиската црква од IX-X век,60 која се потпира врз традицииите на IV век, Епископијата на Брегалница со репрезентативниот катедрален храм во кој е инкорпориран Мартуриумот на светителите, станува прва словенска епископска епархија во Македонија и на соседните области во централниот дел на Балканот.

Бл. Конески одбележува дека во месецословот на Асемановото евангелие од X-XI век се определува помен и на светители што не се спомнуваат во други словенски и византиски календари.61 Во изборот се водело сметка и за предходните традиции сврзани. за нашиов терен. Тоа го потврдува со одбележувањето на помен на Тивериополските маченици на 29 август. Тоа значи по еден тесен избор и по значењето на личностите загинати за Христовата вера, е определено нивното славење.62 Ова го потврдува значењето на култот на Тивериополските маченици на Балканскиот полустров.63

ПРИЛОГ КОН РЕШАВАЊЕТО НА ПРАШАЊЕТО ЗА МЕСТОТО НА КЛИМАТОВАТА ЕПИСКОПСКА ДИЕЦЕЗА

Прашањето за местото каде се наоѓала Климатовата диецеза е во центарот на интересување во светската славистичка наука уште од средината на XIX век. Бројните изворни податоци на повеќе слависти им послужија за повеќе претпоставки во барањето на епископската епархија на Климента. Голем број од авторите Климентовата епископија ја бараат on Јадранскиот брег до Солун и Скопје, а друга група учени западно од Родпите.64 Новите археолошки ископувања и истраживања со кои се откриени бројни ахритектонски црковни споменици од раното градителство на Македонските Словени по Брегалница и изворните податоци врзани за Климента како епископ, помеѓу себе се надополнуваат. Овие нови археолошки откривања ќе придонесат за определување на местоположбата што ја зафаќала неговата епархија65 .65

Климент со останалите ученици на Кирил и Методиј доаѓа во Македонија во 886 година. Пространото Житие на Климент Охридски не известува дека после седумгодишната просветна работа во Деволскиот комитат е поставен од Симеона во 893-4 година за епископ на Дремвица или Велица66 (éniox onov ДреџВисас "Атог Bedilac лроВаддета- ). Со тоа назначување Климент станал „прв епископ на словенски јазик“.5“а Овде се спомнува како Климент се враќал од Велика во Охрид, што се објаснува со оддалеченоста на неговата епирхија од Охрид.

Краткото Житие на Климент не известува дека Климент станал епископ на целиот Илирик и на земјите со словенски јазик.

„Тогда же н Климентъ на єпіскопьскы

прѣстоль възводит се, всемоу Наиркоу и

об дјежешке SEMAN БАБГАЈСКОЈ ¢abiKey. “

Диканжовиот каталог наречен список на архиепископи на грчки јазик е од средината на XII век, сочуван во единствен препис од XIII век. Во каталогот на прво место се спомнува Климент помеѓу имињата на архиереите од Охридската архиепископија-патријаршија од крај на IX до крај на XI век, како епископ на Тивериопол-Струмица или (и) Велика. „КАЛипс yevouevoc ettioxonoc TiPeproundAswc пто Bedixac Се споменува дека бил задолжен да врши надзор и на третиот дел на царството, од Солун до Јерихо и Канина или(и)Тасипијат.67

Ив. Дујчев коментирајќи ги овие податоци одбележува дека Климент е поставен за црковен поглавар во југозападните области на земјата околу 886 година, за време на кнезот Борис-Михаил, а издигнат во чин на епископ околу 893-894 година за време на Симеона. За определување на двете имиња на епсикопијата во научната литература се водат долги расправи.““Титулата на Климента задржана е во неколку домашни извори. Во Успение Кирилово„ипт 23 (Кијанкие“ Во месецословот на Асемановото евангелие под 27 јули „Климента єпскпа Величскаго“ и во Похвалните слова на Климент Охридски за Јован Кристител, за Цветната недела и др.69 „сътворено Климентомь єпнскопомь Величьскымь“

Според Диканжов!т каталог повеќе учени епархијата на Климента ја локализираат во Струмичката област. В. Јагик уште 1880 година укажува дека Климент бил активен на Брегалница.70 Ив. Снегаров во својата посебна студија, разгледувајќи го предлогот на Јагик, ја локализира епархијата на Климента во Средна Македонија по Вардар.71 Е. Георгиев смета дека епархијата на Климента се наоѓала во Македонија, на голема ширина околу Охрид.72

Во епархијските списоци на Лав VI Филозоф (886-912) се појавуваат апархиите Βελικιας (Βελικειας). кои Е. Голубински уште во 1885 година ги поврзува со епархијата на Климента.73 Врз основа на анализа на овие списоци П. Коледаров ја определува епархијата на Климента во југозападните делови на Родопите, и на името му дава значење голема-висока- -величествена-велика земја.74

Долгите расправи во науката на славистите за определување на местото на епископската епсрхија на Климента, ќе ги решат археолошките истрашувања, со кои се откриени материјални остатоци, кои ни даваат можност на цврсти основи да го предложиме лоцирањето на Климентовата епархија.

Новите археолошки откривања на бројни архитектонски споменици од сакрален карактер, кои припаѓаат на раната градителска дејност на Македонските Словени по Брегалница и повеќето спомнати изворни податоци взаимно се надополнуваат. Тие укажуваат дека обновата на разурнатите ранохристијански храмови во борбите при инвазииите на Аваро-словенските племиња брзо се обновени од Словените по нивното неселување во овие области. Голем број од овие споменици се одбележани со Словенски глаголски и кирилски букви и знаци.

Брегалничката котлина, која имала стратешко, политичко и еко-НОМСКО значење, поради својата географска положба,75 уште во античкиот и византинскиот период, играла уште поголема улога како големо и едно од првите словенски црковни средишта во Македонија. Овој добро организиран црковен центар бил за поголемиот дел на Балканот, во областите северно од Солун. Изборот на просторот за изградба и седиште на епископијата е одбрано многу o6mucneno. Многу значајно е да се одбележи дека концентрацијата на многу црковни градби76 од старите ранохристијански епископии играла пресудна улога во определувањето на местото каде ќе биде организирана првата словенска епископија во Македонија.

За оваа епископија се гради храм, во кој се сместени моштите на Твериополските-Струмички маченици-mаrtуrі. Изградбата на црквата и пренесувањето на моштите станува за време на Бориса и Климента, Црквата обслужувана со клир од Климентовите ученици.

Тоа значи храмот е подигнат после 886 година. Второто пренесување на моштите станува за време на Симеона, после 893 година, кога е Климент назначен за епископ на Дремвица и Велица.77

Освстувањето на Храмот во епископијата на Брегалница со мошите на пегнаесете Тивериополски маченици е од посебно значење. Се донесуваат мошти на светители на еден прочуен култ на Балканот.78 Со моштите на овие маченици, чудотворци и исцелители, прочуени во Струмичката област, се ставаат темели на еден нов словенски црковен центар на Македонските Словени на Балканот. Оваа идеја е на црквата и на нејзиниот прв словенски просветител Климент. Властта му помогнува да ја оствари големата и генијална замисла.

Во Струмица и на Брегалница се двата храма на Тивериополските маченици. Откриената црква во Струмица со централната гробница во која се претставени-насликани мачениците, се датира во IX-X век.79

На Брегалница е откриен големиот Храм со Martyrium-upxsBa за моштите на светителите. Тој се наоѓа недалеку од устието на Злетовска река во Брегалница кај денешното Крупиште. Црквата со пет апсиди од

источната страна е со доста компликуван план со впишан крст во право-

агално пространство, со широки кораби-ходници за поклониците-ходо- - часници што ќе доаѓаат од далеку. Црквата е опкружена со повеќе јавни градби. Во градот се подигнати многу цркви-martyrii по углед на Martyriopolis во северна Месопотамија.80 Остатоците укажуваат дека реперезентативните јавни градби биле богато внатрешно уредени. Архитектонската пластика што припаѓа на овие објекти е од бел мермер и црвена бреча.

Објектите му припаѓаат на големиот град опкружен со високи бедеми, расположен крај Брегалница на рамното Овче Поле, кое било пошумено и испресечено со притоките на Брегалница. Со многу извори со здрава студена вода и со термални води.

Црквата е подигната при крај на IX и во почетокот на X век, кога цутел градот Равен на Брегалница со новооснованата прва словенска епископија, со која е формиран и првиот словенски културно просветен и црковен центар во срцето на Македонија.

Црковно добро организиран со катедралниот храм обогатен со моштите на прочуените маченици, овој црковен центар не е формиран само за областите по Брегалница, туку за многу поширока територија на цела Македонија и соседните области во централниот дел на Балканскиот Полуостров, населени со Словени.

Епископијата на реката Брегалница, спомната Проватска на Соборот во Цариград 879-880 година82 е епископијата за која не известува Теофилакт. Обогатена со моштите на Струмичките маченици, станува

Сл. 1 Крупиште, Базилика 4, 1984 Fig. | Krupiste, Basilica 4, 1984
Сл. 1 Крупиште, Базилика 4, 1984 Fig. | Krupiste, Basilica 4, 1984
Сл. 2 Крупиште, Базилика 4, канцел, 1986 Fig. 2 Krupiste, Basilica 4, chancell screen, 1986 Fig. 2 Krupiste, Basilica 4, chancell screen, 1986
Сл. 2 Крупиште, Базилика 4, канцел, 1986 Fig. 2 Krupiste, Basilica 4, chancell screen, 1986 Fig. 2 Krupiste, Basilica 4, chancell screen, 1986

прва епискпија на Словените во Македонија, со клир од учениците на Климента.

Тоа е епископијата од Диканжовиот каталог спомната под две имиња.84 Тоа е името на Срумица, каде се наоѓа црквата со гробовите на мачениците и името на епископијата на Брегалница, каде се пренесени моштите на светителите. Мислам дека на истата епископија се однесува споменот во Пространоте Житие на Климента, како Дремевица и Велица85 или на Величка епископија во домашните извори.86

Климент е организатор на Величката епископија на реката Брегалница, првата на Балканскиот полуостров словенска епархија, која станала организиран центар за словенизирање на црквата и на просветата и книжевноста во Македонија и во соседните земји населени со Словени. Ова се потврдува во краткото Житие на Климента, каде се спомнува Климент како епископ на целиот Илирик.87

Црквата на реката Брегалница кај Крупиште посветена на култот на Срумичките маченици и црквата на Пегнаесете маченици во Струмица со својте седишта служеле за титулирање на епархијата на Климента под името Дремвица и Велица.

Новите откривања, археолошката евиденција, историските и литературните податоци ни даваат можност епископската епархија Велика да ја лоцираме на Брегалница, каде е во IX-X век изграден и организиран првиот црковен и просветно културен центар кај Словените на Бал-

канскиот полуостров. :

Споменот во епархијскиот каталог на Лав VI Филозоф?“88 (886-912) на βελικίας (Βελικείας) кое Е. Голубински го поврзува со Велика,,89 не е исклучено дека би можела да се поврзе со Величката епископија, на чие чело се наоѓал од 893 година Климент,90 бидејќи нејзиното организирање и изградба се одвивало по тоа време.

Објаснувањето на П. Коледаров за значењето на зборот Велика мислам дека е прифатливо?!91 со тоа што би додала на зборот и значење на крупен и Крупиште, поменато во 1354 година во Повелбата од Соборот одржан од Стефан Душан, во Крупиште на Овче Поле. Од денешните жители на Крупиште, доселени од подалечни места, разурнатиот град е познат како Крупен град или Крупиште.

Што се однесува до територијата што ја зафаќала Величката епископија, податокот од Краткото Житие на Климента укажува дека Климент го зазема тронот на епископ на целиот Илирик. Нашите археолошки трагања за спомениците од IX-X век ни укажуваат на широк простор што ја зафаќала епископијата на Климента северно од Солун, во централниот дел на Балканскиот полуостров.

“Овој труд претставува дел од една моја поголема студија што3 наскоро треба04 да BLAGA ALEKSOVA - Skopje

Н.Л.Туницки, Св. Климент епископ словенскии, Сергиев Посад, 1913, 217, 231-235; V. Jagié, Enstehungsgeschichte der Kirechenslavischen Sprache, Berlin, 1913,5; “B.A Bust6acos, Кирилл и Мефодий по запад. легендам, ч.2 (Ст. Петербург, 1871), 60, 61, 150, 178; А.Куник, О материалах дла истории Boar. церкви, Записки Импер. Акад. наукт.У, кн.2, Ст.Птербург.1864,254, нот - 255, градот Равен околу 885 година подоцна е еперхијското седиште на Брегалничката епископија; Б.Панов, Карактерот на дејноста на браќата Кирил и Методија, во Македонија, Просв. Дело 19 Скопје, 1963, 375-388, Е.Георгиев, Кирил и Методий, София,1969, 307-319; Д. Коцо, Прилог кон проучувањето на Брегалничката епископија, Зборник Св. Радојчина, Београл, 1969, 155-161; Б.Алексова, Првите словенски цркви по Брегалница, Зборник Кирило Методивески период во Македонија, ману, Скопје, 1985, 179-198; К. Трајковски, Средновековната археологија на Брегалница, Дело 5, Штип, 1986, 406-409.

Ив. Снегаров, по spnpoca за епархиита, 291,not. 2, според Охридскиот препис на Житието.

Белешки

  1. Ed. Honigmann, Le Synekdèmos d'Hiéroklès, Brussels, 1939, 641, 6. ↩
  2. Tab. Peutengeriana VII, 5: Stopis-XXX-Tranupara-XX-Astibo. Растојанието од Стоби по реката Брегалница до устието на Злетовка во Брегалница изнесува со мала корекција, како што е одбележано во Табулата. ↩
  3. Polyaen, IV, 12, 3. Polyaeni Strategematon libri octo, ed. E. Wohl. - E. Melber, Lipsiae, 1887. ↩
  4. Ив. Венедиков, Баргала, Рскопки и проучвана 1 1949, 84; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, 245, 246; Ап. Tsitouridou, Early Christian Art, Macedonia, Athens, 1983, 242, 243. ↩
  5. ®. Папазоглу, ор. cit. 247, 248. ↩
  6. Acta Conciliorum Oecumenicorum, ed. Schwartz, II.I.1,p.64,No.326; II.1.2,p.77,No.289-;p.91,No.288;p.137,No.307;p.150,No.320. E. Schwartz, Über die Bischofslisten der Synoden von Chalkedon, Nicaea, und Konstantinopel, Abh. d.Bayer, Akad.d.Wissensch.,Pholos.hist.Abt,,-N.F.13 1937, 39. ↩
  7. Ив.Венедиков, ор.cit. 84,85,сл.58. ↩
  8. Б.Алексова, Баргала-Брегалница во светлината на новите археолошки истражувања, Гласник Инст. Нац. Историја, 3, Скопје, 1967, 5-50; За почетоците на истражувањата види цитирана литература: B.Alcksova and C.Mango, Bargala: A Preliminary report, DO Papers 25 Washington 1971, 265-281, not.3; ↩
  9. Б. Алексова, Баргала и средниот тек на Брегалница, Гласник Инст. Нац. Историја, 3, Скопје, 1983, 98-102. ↩
  10. Ibid. 99. ↩
  11. Tbid.102-103; B. Aleksova-C.Mango, Bargala, 273. ↩
  12. Mansi IX, 199. Sacrorum Conciliorum nova et amplissima collectio, ed.J.D.Mansi Firenze, 1769. ↩
  13. Ф. Папазоглу, op.cit.248. ↩
  14. Ф. Папазоглу,op.cit.96. ↩
  15. Ив. Венедиков, Баргала, 84;Ф.Папазоглу, Градови, 247. ↩
  16. Ф. Папазоглу, Градови, 247, not. 79. ↩
  17. Б. Алексова, Крстовидната црква од Мородвиз, Историја 2, 1984, 388. ↩
  18. Б. Алексова, Крупиште-Археолошки истражувања, Зборник на Apxeon. Музеј X-XH, 1983, 85. ↩
  19. е [bid.88; Б. Алексова, Баргала и средниот тек на Брегалница, 90, 103. ↩
  20. Supra not 13. ↩
  21. Б. Граниh, Оснивање архиепископија у граду Јустинијана Прима, 535 године после Христа, Гласник снд I, 1925, 130, 131. ↩
  22. Б. Алексова, Крупиште, 85-97; idem, Баргала и средниот тек на Брегалница, 103-106. ството во Македонија во тој период било распространето, но не било утврдено, според чудата на Св. Димитрија. ↩
  23. Б. Панов, Штип и Брегалничката област во средниот век, Зборник Филоз. Факултет 8, 1982, 46. ↩
  24. Снегаров, Христианството в Белгариа преди покрстването на кнез Бориса (865), Годишник на Дух. Академия 5, София, 1956, 195-218, нот. 5 ↩
  25. Остатоците од овој споменик се констатирани во 1984 година од Б. Алексова и Д. ГА, и откриени централната и двете странични апсиди. Во текот на 1985-87 година, во истражувањата што ги води Б. Алексова учествуваат: Ј. Намичева, Л, Велковска, М. Бошковски, В. Кипријанов. Од објектот е откриена целата источна страна, што ја сочинуваат пет апсиди со долги кораби-ходници кон запад. ↩
  26. Многу учени уште од средината на XIX ВеК се имаат зафатено со прашањето за мисионерската дејност на Константин Кирил Филозоф на Брегалница. Меѓу најзначајните се: П. И. Шафарик, Славянские древности, 2, 2, Москва, 1848, 322-344, словенското3 богослужење го постава во 885 год. според Черноризец Храбар; А.Ф.Гилтердинг, О Кирилле и Мефодие, Кирило Мефод. Сборник, Москва, 1865, 150-153, укажува на Македонија како на татковина на словенската писменост; ↩
  27. Ал. Теодоров-Балан, Кирил и Методий, 2, София, 1934, 116, И. Иванов, Български старини из Македония, София, 1931 285. ↩
  28. An. Теодоров-Балан, op.cit.35 ↩
  29. An. Теодоров-Балан, op.cit.38. ↩
  30. Б. Ангелов, за два преписа на Солунската легенда, Кирило-Методиевски студии I, София, 1984, 10 ↩
  31. Б. Ангелов, op.cit.10. ↩
  32. И. Иванов, Белгарски старини, 281-283; Б. Ангелов, op.cit. И. Легендата е позната по четири преписа: I. Тиквешки од XV-XVI век – Т; 2. Ј. Хаџиконстантинов Џинот од XVI-XVII век – X; 3. Препис од Трново, Кривопаланечко-К; 4. Софијски од XVI век, српски ракопис, София, Цркв. Истор. Археолош. музеј, но, 1161-С. ↩
  33. Иванов, Белгарски старини, 281-283. ↩
  34. За НОВОТРКНСННОТ Белололски ракопис од манастирот Никоњац: B. Мошин Ћирилски рукописи у манастиру Никољцу код Бијелог поља, историски записи XIV, књ. Вил. ев. 4, Титоград, 1961, 697, 698, но. 52. В. Мошин ракописот го датира од крај на XV век. Б. Ангелов, ор. си. 10, нот. 1, ракописот го датира во XVI век. Градот Равен спомнат во Солунската Легенда: И. Иванов, Епископиите Брегалнишка и Велбуждска през средните векове, Годишник на Софууския Универз. I (1904-5), 74, нот. 3, го бара кај с. Тработивиште во горниот тек на Брегалница, кале има месност со име Рамна или според Б. Стојчески, Рамниште. На повеке места во Македонија има месности со исти или лични имиња. ↩
  35. A. Куник, O материалах ana истории Болгарскои церкви. Записки Имп. Акал. Наук, т У. кн.2, С. Петербург, 1864, 254, not.255. ↩
  36. An. Теодоров. Балкан, ор.си. 203. ↩
  37. Ал. Теодоров - Балкан, ор. cit.208. ↩
  38. Ал. Милев, Грчките Житни на Климент Охридски, Софиз, 1966, 78, 19. ↩
  39. Јі. грашева, ор. си. 249. ↩
  40. B, Панов, Карактерот на дејниста, 375-388. гЕ, ‘Dvornik, Les Slaves: Byzance et Rome au IX 5. Paris, 1926, 235.Словените покрстени во VII век види: М. Рајковип, Византиски извори ! Београд, 1955, 226, нот, 23; ↩
  41. Баришит, Miracula St. Demetrii 11, Византиски извори I, Београд 1955, 208,not.48. ↩
  42. Photius Patriarcha, Epistolae, 27 GIBI, 4.80., Патријархот Фотие во своите писма до Борис препорачува изградба на храмови во кои народот ќе се учи и ќе ги посетува. ↩
  43. В. Гюзелев, Историjя, 2, София, 1981, 231. ↩
  44. Теофилакт, Мъчеништвото на св. славни 15 свештеномъченици пострадали в Тивериупол, Сборник бан. София 1931, 260, 261. ↩
  45. “Ibid. 261. ↩
  46. Mansi D. Sacrorum conciliorum novea et amplissima collectio, XVII a-XVIII A col 373 B-D, 376 A-E, 377 A-E, GIBI 4,117 ↩
  47. Љ. Стојановић Споменик III СКА, Београд, 1890, од збирката на Хилфердинг бр. 123, стр. 191. : ↩
  48. G, Babi¢, Les chapelles annexes des églises byzantines, Paris, 1969,-36,37,33-40. ↩
  49. A. Grabar, Martyrium, I, Paris, 1946 28-77 и пон. ↩
  50. A. Grabar, op.cit. 37-44, 41; G. Babić, op.cit. 36. ↩
  51. Теофилакт, Мъчеништвото, 261-263. ↩
  52. Теофилакт, Мъчеништвото, 266. ↩
  53. Теофилакт, Мъчеништвото, 264. ↩
  54. Б. Алексова, Баргала и средниот тек на Брегалница, 85-120. Idem Крупиште, 85-100 ↩
  55. Теофилкат, Мъчеништвото, 264. ↩
  56. Теофилакт, Мъчеништвото, 239-269. За култот на Тивериополските маченици: T,P. Vukanović, The legend of the matryrs of Tiberiopolis, Врањски Гласник VII, Врање, 1971, 45-76; Ц. Грозданов, Портрети на светителите од Македонија од IX-XVIII век, Скопје, 1983, 129-132. ↩
  57. A. Grabar, Martyrium, 41. ↩
  58. G. Babić, Les Chapelles annexes, 37. ↩
  59. Бл. Конески, Канонизација на словенски светци во Охридската црква, Прилози I 1-2. МАНУ Скопје, 1976, 64. ↩
  60. Бл. Конески, Кононизација на словенски светци 64,65. ↩
  61. T.P. Vukanović The, legend of the martyrs, 45-76;Ц. Грозданов, op. cit. 127-137. ↩
  62. П. Коледаров, Епархия на Климент Охридски, Кирило-Методиевска Енцикл. I, София, 1985, 655-662, цитирана литература од средината на XIX век до денес; Т. Томоски, Прилог кон топографијата на Климентовата епархија, Историја I, Скопје, 1980, 149-156. ↩
  63. Li. Грозданов, Месецослов Асемановог jepanhenja и старије зидно сликарство у Македонији, Зборник за ликовне уметности 21 1985, 18- нот. 18. Авторот прв укажува на можноста преку археолошките истражувања да се реши лоцирањето на Климентовата епископска епархија. ↩
  64. H. Туницкии, Св. Климент, епископ Словенскии, Сергиев Посад, 1912, 194; Ив. Снегаров, по вепроса на епархиита на Климент Охридски, Сборник Климент Охридски, бан София, 1966, 291. Во оваа своја студија со комплетна литература укажува дека дејноста на Климент4 е сконцентрисана на Брегалница, со што се согласува со укажувањата на В. Јагиќ од 1880 година, и епархијата на Климента ја локализира во Средна Македонија, ↩
  65. Ив. Дуичев, Дюканжов каталог, Кирило-Методиевска Енцикл. I, София, 1985, 627. ↩
  66. Ив. Дуичев, Дюканжов каталог, 627. ↩
  67. П. Коледаров, op.cit. 656. ↩
  68. V. Jagić, Archiv für slav. philologie, IV, 1880, 118, 304. ↩
  69. Ив. Снегаров, по вьпроса за епархията, 303, not. 58,304,305. ↩
  70. Е, Георгиев, Охридската книжовна школа, Климент Охридски, 58-63. ↩
  71. Е.Е. Голубинский, Св, Константин и Мефодий, первоучители славянские, Москва, 1885, 57. ↩
  72. П. Коледаров, op.cit. 660, 661. ↩
  73. J. Цвијић, Основе за географију и геологију Македоније и старе Србије I, Београд, 1906, 228 и пон. ↩
  74. Б, Алексова, Археолошки истраживања, Гласник, 3, Инст. Нац. Историја ↩
  75. Ив. Снегаров, по врпроса за епархата, 291, 85-119. ↩
  76. T. P. Vukanovic, The legend of the martyrs of Tiberiopolis, 45-76: Ll. Грозданов, Портрети на светителите од Македонија, од IX-XVIII век, Скопје, 1983, 127-137; B. Панов, Политичката и социјалната положба во Струмичката област од почетокот на М! до X век. Гласник. Инст. Нац. Историја, 2, Скопје, 1961 232-241. ↩
  77. ЈІ. Коцо-П.Милјаковиќ Пепек, Резултатите од археолошките иокопувања 1973, во црквата „Св. 15 Тивериополски маченици“, Струмица, Зборник Археол. музеј VIII-IX, Скопје, 1978, 93-96. Ll; Грозданов, Месецослов Асемановог јеванвелија и старије зидно сликарство у Македонији, Зборник за ликовне уметности, 21, 1985,13-18. ↩
  78. A. Grabar, Martyrium I, 362,363. ↩
  79. Supra, not. 48 ↩
  80. Ив. Диучев, Диоканжов каталог, 627. ↩
  81. Ив. Снегаров, по вепроса за епархиита, 291, пог. 2 према Охридскиот препис5 на Житието, гл. XX, 62. ↩
  82. П. Коледаров, op.cit. 656. ↩
  83. П. Коледаров, op.cit. 656. ↩
  84. Ив. Дуичев, Диоканжов каталог, 627. ↩
  85. Supra not. 73. ↩
  86. Ив, Снегаров, по въпроса, 291, not.2; Ив. Дуичев, Дюканжов каталог, 627. ↩
  87. Н. Радојчи, Српски државни сабори, у средњем веку, ска. књ. 54, Београд, 1940, ↩

Summary

Bregalnica - Slavs religious and cultural centre in тне балканс

CENTRE IN THE BALKANS

(SUMMARY)

Historical data and literary material show that in the transition period between the Classical Period and the Middle Ages there were important military, administrative and Christian centres in Bargala and Zapara along the Bregalnica River. Hieroklij mentions also Kelenidin and Armonia. Tranupara is on Tab. Peutingeriana and Astibo at the Astibo River, todays Bregalnica.

Archaeological excavatuibs abd researcg show that Bargala was located at Goren Kozjak and Astibo at Krupiste. The strong church organization in the diocese along the Bregalnica River resulted in the rapid conversion of the Slavs after their settling in this region. Conversions in this regions started rather early, before the region officially became Christian in 864.

The Thessaloniki Legend shows that Raven was located in the middle course of the Bregalnica River.

Teofilakt informed us that the diocese by the Bregalnica River, where the relics of 15 Tiveriopol — Strumica martyrs were located, became a pilgrimage destination for Slavs in the Balkans. The cathedral with the martyrium was discovered after the archeological excavations in 1984-1987 at the juncture of the Zletovka River and the Bregalnica River at Krupiste. The church dated from the end of the IX to the X century. The diocese is the original educational and literary centre of the Slavs in Macedonia.

The discovery of the cathedral with the martyrium as well as numerous churches in the town and nearby suggest that the Velica Diocese was at Krupiste where Clement was nominated as the first bishop in 893. Reference to Drebnica and Velica in the Clement’s biography cites both as towns where churches, and graves with relics of the martyrs were located. The Velikas diocese mentioned in Ch. du Cange’s catalogue and Velikias mentioned in the written texts by Lao VI (886-912) undoubtedly refer to the diocese whose head of church was Clement, the Bishop of Illyricum.