Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 187–202

Археолошките истражувања во Преспа во 1967/68 година

Преземените рекогносцирања во преспанскиот крај даваа често податоци за постоење на населби од античкиот период во крајбрежниот појас. На источниот брег од Езерото се истакнуваат повеќе локалитети. На 1 км. источно од с. Наколец, на пат за с. Љубојно, се наоѓа локалитетот Леска каде се откриени траги од градба зидана со обработен камен и подни плочки од камен и тула. Камени блокови во вид на постамент-ари денес се вградени во поновата куќа. Слични остатоци од градби во кои се откриени и тубулести хипокаусти, со редица на питоси, од кои еден се чува во охридскиот Музеј, се откриени во с. Љубојно на локалитетот Граишта, на | км. оддалеченост од патот за с. Брајчино.

Кон овие наоди со скоро идентични или слични траги се приклучуваат и локалитетите: Чара кај с. Крани (питос во сопственост на Шефко Несторов), или кровни тегули (во куќата на Ѓорѓи Палигурев), во с. Слимница, во Претор, Курбиново, Асамати (постолје - ара со оштетен натпис, сега стои до селската црква), во Рајца и др. (сл. 1)

Од споменатите локалитети сондажни ископувања се преземени во регионот на Претор и Курбиново. Со првите сонди поставени во атарот на Претор (во имотот на Алекса Босилков) утврдени се траги од станбена архитектура чииѕодови беа зачувани до 50 см. височина од темелната стопа.1 Со обработувањето на земјиштето во овој простор уништена е во голема мера оваа градба. Слабата зачуваност не дава доволно елементи за реконструирање на планот на архитектурата. Во текот на ископувањата се наиде на остатоци од систем за загревање. Хипокаустите биле изведени од кружни керамички плочи со дијаметар од 22 см. Оваа градба веројатно претставува една доцноантичка Villa rustica, чиишто подови, според најдените траги, биле покриени со мозаик од бели тесели со неправилна геометриска форма, со димензии меѓу опус теселатум и опус сектиле. Секако, античката куќа припаѓа на побогато семејство кое што можело да си дозволи вградување на посложен систем за загревање како и употреба на мозаичен под во своите простории. Фрагментите на мозаичниот под најдени се на истата длабочина на која беше откриена последната кружна тегула од суспензурите кои го држела подот, што значи дека постои едно насилно рушење на подот и на хипокаустите.

Во непосредна близина на споменатиот простор на локалитетот Копачките, со отворање на сонда (во имотот на Кире Илиески) откриени се два гроба со скелетно покопување. Гробот | има скелетно покопување, со архитектура од тегули со двосливен покрив, од кои се најдени само две од гробната подлога.

Fig. | Carte de Prespa avec les localités archéologiques
Fig. | Carte de Prespa avec les localités archéologiques

Гробот 2 е откриен на длабочина од 50 см., граден од обработен камен и малтер покриен со две обработени камени плочи со димензии 105 x 65 см. и 100 x 50 см., со ориентација југоисток-северозапад. Гробната јама е зицана од делумно обработен камен врзан со компактен малтер, а подот е покриен со три камени плочи (димензии на гробот 200 х 60 см.2 и длабочина 40 см.). Во гробот се наоѓа еден женски скелет, слабо зачуван, со рацете припиени до телото: Прилози: еден керамичен бокал со една рачка и цилиндрично грло, украсено со хоризонтални кеналури кои се многу благо изразени и на останатиот дел од телото на садот (висина 22 см.), изведен од црвенкаста глина; една чаша со нагласен меви : со една рачка. дополнително прилепена, од, лошо more и слабо - печена глина и една бронзена белегзија (сл. 2).

Бокалот со биконусен реципиент и остра профилација има краток и цилиндричен врат; на површината се изведени хоризонталнно поставени плитки канелури. Слични форми со иста декорација се среќаваат во римската некропола кај Доклеја од кои е најблизок садот од гробот бр. 9 на Западната некропола; датиран со монетата на Констанс ‘Ил, којшто гроб има идентична архитектура со примерот од Претор.3 "Ваквите форми декорирани со хоризонтални канелури се поврзуваат со металните производи во ова време. Со економската криза настаната по Маркоманските војни, овие форми се произведувани како замена за металните ибрици низ целиот III и IV век. Аналоген примерок е откриен и во гроб 66 од Марвинци со скелетен закоп.4

Другиот прилог, бронзената белегзија со затворени краеви (со дебелина од 0,6 см.) декорирана е со прстенести врежувања од надворешната страна. Овој тип на белегзии често се вметнува во доцноантичките упростени форми од ГУ век. Аналогни примероци среќаваме на територијата на римска Дарданија, како во Ниш, примерок датиран: со монети од Константин II, во Скупи од гробот бр. 163.5

_ Канчето со една рачка со топчест реципиент, сиво-окересто печено од непрочистена глина, без нога, е најблиско до некои примероци од . римските гробови во Марвинци, но не и идентично. Тие се наоѓаат во гроб од Ш век.6 Канчето од Претор е секако од подоцнежен датум. Имајќи ја предвид гробната архитектура, формата на бокалот и типот -на белегзијата, гробот можеме да го датираме во втората половина на IV sex.

На оддалеченост од | км. источно од с; Претор се наоѓа с. Ге бикот во. Уште во почетокот на патот се наидува на селската црква изградена во поново време, во чии зидови како сполии, вградени се два капитела со pes.i-рид декорација на птици, пауни и акантусови лисја. Тие припаѓаат на некол постара црковна градба, како што е веќе укажано, на ранохристијанска базилика.7

На излезот од селото, на пат за многу познатата црква Св. Ѓорѓи on XIII век, југоисточно на 600 м. оддалеченост, се издига ридот наречен „Кули. Овој локалитет претставува едно плато коешто денес се обработу- "ва. На површината се среќаваат бројни остатоци од керамични тегови со разнообразни форми, како и фрагменти на садовна керамика. На тој простор беа поставени неколку сонди. На длабочина од 30 см. се појавија траги од темели кои исто така беа многу слабо зачувани. Нивната зачуваност ја пратевме најмногу со еден ред ѕидарија на полуобработен камен. Сондите укажаа на постоење на една населба и тоа од хеленистичкиот период, судејќи по керамиката која е откриена во фрагменти, слабо фирнајзирана и форми кои припаѓаат на доцниот хеленизам.

Са. 2 Гроб 2 со наоди, Претор Fig. 2 Sepulture M" 2 avec les trouvailles, Pretor
Сл. 2 Гроб 2 со наоди, Претор Fig. 2 Sepulture M" 2 avec les trouvailles, Pretor

Поради интензивното обработување на теренот, во голема мера се уништени културните слоеви на оваа населба.

Интензивното живеење во античкиот период на теренот на Претор - Курбиново се потврдува и со случајните наоди кои се откриени при обработката на земјиштето во селото. Ќе ги подвлечеме двата бронзени наоди. Едниот ја претставува култната слика од Претор со претстава на богинката Ма (сл. 3). На бронзената плочка (висина 12 см.) едната страна е релјефно декорирана со изведба на наискус со коринтски столбови во чии рамки е изведено ориенталното божество со двојна секира, меч и штит во рацете, со зрачна круна на главата, во краток хитон; ВО слободниот простор се прикажани краток меч, цимбали и двете кучиња, афронтирано поставени и типични во илустрацијата на ориенталните божества. Во веќе изведената студија за овој наод и пошироко за ова античко божество Големата Мајка, многу блиска на Кибела, дефинирано е како богинката Ма Кападокиска, со јасен војнички карактер, меѓутоа и

Вториот наод е импресивната апликација на бронзената рачка која припаѓа веројатно на ојнохое кое не е зачувано. Рачката има висина 8 см.

Fig. 3 Plaque cultuelle en bronze, Pretor Fig. 4 Anse d'oenochoe en bronze, III-IVe 5.
Fig. 3 Plaque cultuelle en bronze, Pretor Fig. 4 Anse d'oenochoe en bronze, III-IVe 5.

и е изведена во техника на лиење (сл.4). Ликовната изведба претставува мошне стилизирана претстава на лице-театарска маска. Очите се широко отворени, устата полуотворена. Мошне тркалестото лице од „страните го заокружуваат прамени на коса стилизирани и круто третирани. На челото е поставен онкос, конусна капа која е типична за трагичните маски, како елемент кој го потенцира трагичното лице. Под брадата претставен е еден конусен додаток кој во основа претставува стилизиран лист. Најчесто на бронзените рачки се претставувале силени, лист на палма или глава на Медуза. Во прв момент се чини дека и нашата претстава потсетува на женска глава односно Медуза. Меѓутоа, онкосот над челото јасно ја потврдува претставата. Бронзените апликации со изведба на трагична маска ги среќаваме на голем број бронзени светилки кои се датирани од I-III век н.е. Значи, идејната замисла треба да ја согледаме во апликациите од лампите најдени во Демир Капија, во Братинац кај Пожаревац, во Добротина во Косово, во Винковци и др.,9 чие потекло некои автори го поврзуваат со александриските ливници.!д10 Покрај ова присуство на лампите, мотивот се среќава и на повеќе апликации кои би можеле да припаѓаат на бронзени садови како на наодите од Рума, од Сисак,11 поблиски до првичната замисла или со поголем шематизам како примерокот од Велико Градиште кај Пожаревац.12 "Прототипот на апликацијата од Претор секако треба да се бара во споменатите постари типови. Стилизацијата и упростеноста на изведбата укажуваат на-постанокот на овој наод на преодот-од III во IV век.. Со рекогносцирањата на западниот брег на Преспанското Езеро одбележан е локалитетот кај с. Стање, кој се наоѓа на крајот на селската плажа каде што почнува патот кон брегот кој води за с. Коњско. Веројатно и тука може да се претпостави постоење на една античка станбена зграда, денес под вода, поради подигнувањето на нивото на водата на езерото. Керамиката која е откриена се чува во Народниот музеј во Охрид и припаѓа на раноримскиот период.

Сл. 5 Островот Голем Град во Преспа Fig. 5 Lile de Golem Grad a Prespa
Сл. 5 Островот Голем Град во Преспа Fig. 5 Lile de Golem Grad a Prespa

Првите индиции кои упатуваа на траги на живот на Голем град (ел.5) беа грамадите од нафрлен камен, присутни на повеќе места низ островот,13 потоа зачуваната црква Св. Петар со фрескодекорација од XIV век и црквата Св. Димитрија во рушевини,14 чие име го посочуваат жителите на Коњско, најблиско село на нашиот брег на Езерото.

Уште во 1898 година Н.П. Милјуков го посетил Голем Град и во своите теренски извештаи ги споменува рушевините на двете цркви и натписите на степите на островот. Со зафатите во 1967 година се отпочна со откопување на црквата Св. Димитрија која беше сосема во рушевини. Н.П. Милјуков исто кажува дека со неговата посета на островот, од црквата Св. Димитрија била зачувана апсидата насликана со фрески кои биле истородни со оние од црквата Св. Петар.

Црквата Св. Димитрија е еднобродна со полукружна апсида од внатрешната страна и тростана од надворешната (сл.6). Наосот (со димензии 3,25 х 5,31 м.) е граден од кршен камен со малтер доста грижливо пореден. Страничните зидови како и апсидалниот простор беа сочувани до | м. висина од подната површина. Подот беше покриен со камени плочи со неправилна форма. Нартексот (со димензии 3,25 х 5,11 м.) е изграден во сувозид со порта на западната страна. Со понатамошните ископувања се откриени помали фрагменти на фреско-декорација. Што се однесува до датирањето на објектот, би се потпреле на црквата Св. Петар која е и во поново време студиозно обработена архитектонски и сликарски. Таа е датирана во XIV. век.15 Идентичноста на двете цркви ја согледуваме главно во концепцијата на наосот и апсидата. Што се однесува до сликарството, засега можеме да го посочиме спо-

Сл. 6 План на црквата св. Димитрија, Голем Град Fig. 6 Plan de l’église St Déemétre, Golem Grad Fig. 6 Plan de l’église St Déemétre, Golem Grad
Сл. 6 План на црквата св. Димитрија, Голем Град Fig. 6 Plan de l’église St Déemétre, Golem Grad Fig. 6 Plan de l’église St Déemétre, Golem Grad

менатото мислење на Милјуков за истородноста на фреските од двете

цркви. Според изнесеното би можеле да предложиме датирање на црквата Св. Димитрија во XIV век.

Уште во 1967 година, источно од Св. Димитрија е поставена сонда (со дим. 5 х 10 м.) кога беше и констатирано постоење на некропола. Во двете кампањи во 1967-1968 година откриени се 48 гроба со ориентација исток-запад, но со различни начини на закопување и различна гробна архитектура. Покојниците биле ставани во земја на дрвена плоча или во гробна јама заградена со неколку камења; почесто поставени до главата како наслон или беа поставувани на тегули, а архитектурата ја чинеа тегули и имбрекси, односно гробови од типот „кров на две води“. Прилози се најдени во гробовите бр. 1, 20, 22, 28, 42, 43. Од откриените гробови (48) детски беа 27, повеќето групирани во квадрант IV по теренската скица. Детските гробови претставуваат гробни јами: обично од страните кон главата и под главата е поставен по некој аморфен камен како заградување и означување на гробната конструкција. Од откриените гробови, шест се со гробна архитектура од тегули, односно двосливен кров.

Гробовите бр. 42 и 43 се спалени. Спалувањето било изведено надвор од конструкцијата, а остатокот со прилозите биле ставани во гробовите со тегули како подни плочи и со двосливен покрив зајакнат со имбрекси: .

Кај некои од гробовите на дното на јамата како подна плоча била поставена дрвена штица со ширина и должина која одговарала на - димензиите на покојникот. Овој тип гробови од страните се исто така заградени со ред на аморфни камења немарно поставени. Од шеста откриени гробови со оваа конструкција три се детски (бр.11, 24, 26).

Сл. 7 Гроб 1, амулет од коска и сребрена обетка | Fig. 7 Sépulture N° 1, amulett en os et boucle d' oreille en argent
Сл. 7 Гроб 1, амулет од коска и сребрена обетка | Fig. 7 Sépulture N° 1, amulett en os et boucle d' oreille en argent
Fig. 7 Sépulture N° 1, amulett en os et boucle d' oreille en argent
Fig. 7 Sépulture N° 1, amulett en os et boucle d' oreille en argent
Сл. 8 Гроб 22, обетки ол бронзена жица и герлан ол стаклени мониста, Голем Град Fig. 8 Sépulture N°22, Boucles d'oreille en bronze et collier de perles en verre, Golem Grad Fig. 8 Sépulture N°22, Boucles d'oreille en bronze et collier de perles en ve
Сл. 8 Гроб 22, обетки ол бронзена жица и гердан ол стаклени мониста, Голем Град Fig. 8 Sépulture N°22, Boucles d'oreille en bronze et collier de perles en verre, Golem Grad Fig. 8 Sépulture N°22, Boucles d'oreille en bronze et collier de perles en verre, Golem Grad

Во гробот | е погребено дете до 3 г. возраст (73 x 23 см.). Скелетот е добро сочуван, со прекрстени раце во пределот на карлицата. Под главата на десната страна е поставен еден камен (должина 20 см.). Во гробот се откриени два прилога: една обетка и висулец. Обетката е изработена од сребрена жица (дијаметар 1,5 см.) со копец за закопчување. Околу алката на едниот крај е спирално извиена потенка жица. Другиот предмет од коска (висина 1,5 см.) асоцира на човечка претстава со глава и тело, веројатно амулет (сл.7).

Во гробот 20е исто така погребено дете од 5-6 години старост (104 х 24 см.). Како гробна архитектура, во гробната јама наоколу се поставени во венец ред аморфни камења. Единствен прилог кој е најден е обетка од бронза во вид на алка.

Во гробот 22 како под во гробната јама е поставена една керамична плоча (73 х 39 см.) а од страните парчиња од керамични плочи, наслагани, кои потсетуваат на двосливна кровна конструкција. Според слабо сочуваните остатоци од скелетот се заклучува дека е детски гроб. On прилозите се најдени две обетки од бронзена жица со краеви во облик на конци (дијаметар 2,2 см.) и гердан од монисто од разнобојна стаклена паста во сива, црна и сина боја како и со различни форми (сл.8).

Гробот 28 припаѓа на возрасна особа, а е изграден со гробна архитектура од керамички плочи земени од постар закоп (180 x 40 см.). Парчињата на керамичките плочки се поставени од страните кај главата и нозете и над гробната јама со што е немарно покриен покојникот. Во гробот е приложена една стрелица и една паница со рачка. Во ископувањата откриени се само два кремирани покојници чии гробови имаат гробна архитектура од две тегули на подот и тегули поставени во вид на двосливен кров со ред на имбрекси по средниот раб. Спалувањето е изведено надвор од гробната конструкција..

Во гробот 42 од спалениот покојник беа зачувани коските од долните екстремитети и мал остаток од скелетот, поставени на западната страна од гробот (130 х 60 см.). Помеѓу нив се откриени пар лунулести обетки изработени од подебела златна жица (сл.9). Алката претставува жица со кружен пресек и подебела од останатата која има четвртест пресек и од неа е изведена декорацијата. Со истата жица изработен е лунулестиот додаток во чие поле се вметнати три срцевидни декоративни елементи. Лунулестиот додаток на надворешната периферна страна завршува со седум престенести испусти. Меѓу нив е вовлечена тенка жица зачувана само на едната обетка.

Во гробот 43 исто така се откри спален покојник чии остатоци се собрани на едниот крај на подните тегули (130 х 160 см). Спалувањето и тука е изведено надвор од гробната архитектура. Како прилог е откриена една биконусна стаклена сина перла.

Единствени елементи по кои би можеле приближно да ги датираме овие гробови претставуваат нивната архитектура и типот на накитот. Гробовите со слободни закони, заградени со аморфни камења или гробовите со покојници поставени на дрвена плоча можат многу широко да бидат датирани од доцноантичкиот до средниот век. Во нив, за жал, не се најдени монети ниту разнороден материјал. Мноштвото на детски гробови групирани на една страна во квадрантите I, III, IV укажуваат на

Сл. 9 Златни обетки. IV7 в. Гроб 42. Голем Грал Fig. 9 5ериКиге N°42, boucles d’oreille еп ог, IV7 siécle Fig. 9 5ериКиге N°42, boucles d’oreille еп ог, IV7 siécle
Сл. 9 Златни обетки. IV7 в. Гроб 42. Голем Грал Fig. 9 5ериКиге N°42, boucles d’oreille еп ог, IV7 siécle Fig. 9 5ериКиге N°42, boucles d’oreille еп ог, IV7 siécle

В. Битракова Грозданова, Преспа во 1967/68, мад , 1988 масово умирање предизвикано веројатно од некоја епидемија, што би и значело припаѓање на голем дел од тие гробови на исто време. Гробот бр. | е детски и спрема наодите, односно сребрената обетка со прстенеста форма и алка за врзување, припаѓа на IV век. Од овој тип на слични обетки или со висулци се среќаваат низ доцноримските гробови од Скупи (гроб 112, 51), како што е веќе укажано, распространети во источноримските провинции. Слични наоди се среќаваат во некрополите кај Стоби,16 во Пештерица- Ореовец кај Прилеп,17 во Улпијана,18 во Доклеја од гроб бр. 51 од IV век и тоа од скелетни гробови.19

Сл. 9 Гроб 42, Голем Грал Fig. 9 Sepulture N°42, Golem Grad Fig. 9 Sepulture N°42, Golem Grad
Сл. 9 Гроб 42, Голем Грал Fig. 9 Sepulture N°42, Golem Grad Fig. 9 Sepulture N°42, Golem Grad

Гробот бр. 22 исто е детски но е поставен на керамичка плоча. Во него приложените бронзени обетки типолошки припаѓаат на претходниот тип но се поедноставно изведени, само со едно алче на крајот, скоро исто како на примероците од Доклеја (од гроб 51),20 од западната некропола во Стоби (од гроб 10)!21 од втората половина на IV век.

Помислуваме дека детските гробови, било да се заградени со камен или покојниците да се ставени на камени плочи или на тегула, припаѓаат на едно исто време, по се се чини на доцната антика. Секако дека е занимливо да се одбележи отсуството на наоди на клинци при откопите на гробовите со дрвена конструкција. ,

Во оваа кампања откриени се пет гроба со конструкција од тегули со двосливен кров. Од нив во два гроба е употребен ритусот на инцинерација. Во исто време во тие гробови се приложени мониста од гердан и двете златни обетки работени во крупен филигран. Лунулестите обетки од гроб-42 припаѓаат на еден тип на накит чија форма е присутна и во античкиот и во средновековниот период. Во времето на доцната антика оваа форма бележи одново појавување. Лунулести обетки од тенка плоча со филигран или без декорација се познати од Кипар од крајот на II до крајот на IV век.22 Оваа форма изведувана е во различни занаетски техники. Техниката на крупен филигран со срцевидни мотиви се јавува во римскиот накит во III век,23 која ќе ја навести ажурираната техника - опус интерасиле, настанат и под влијание на обработката на камената пластика од ранохристијанските споменици. Меѓутоа, употребата на крупен филигран ќе претставува единствена рафинирана техника која ќе се употребува во златарството од доцното Царство.24 Имитирањето на ажурираната техника со филигранот се забележува и во почетокот на У1 век како кај медалјонот од Јустинијан, од колекцијата Леклерк во Лувр.25 Единствено сличен пар лунулести обетки кој ни е познат, изработен од злато во крупен филигран, е парот обетки од Цариград, датиран во У век.26

Илустрација, стр. 198
Fig. 10 Céramique hellénistique et romaine de Golem Grad
Fig. 10 Céramique hellénistique et romaine de Golem Grad
Сл. 10 Хеленистичка и римска керамика од Голем Град Fig. 10 Céramique hellénistique et romaine de Golem Grad
Сл. 10 Хеленистичка и римска керамика од Голем Град Fig. 10 Céramique hellénistique et romaine de Golem Grad

Ена директни аналогии и по форма и по декорација и по техника, сметаме дека овој убав примерок на накит од Преспа (најден во спален гроб со двосливен кров) не би можел да се датира подоцна од втората половина на IV век. Предлагајќи го овој датум претпоставуваме дека спалувањето како сепулкрален обичај на оваа населба се задржал Надвор од гробните целини во ископите се откриени предмети кои хронолошки претходат на доцноримскиот период, а кои во исто време укажуваат на живеење на овој простор уште од почетокот на III век пр.

Во кругот на керамичките артефакти се среќаваат делови од садови декорирани со канелури или со флорални детали од типот на Гнатиа, со релјефна декорација, со квалитетен фирнајз или груба кермика. Покрај разнородните профили на атипична и груба керамика се забележува присуство на тн. техноѕидна со витисната декорација датирана во I век пр. н.е., засега сигнирана во југозападна Македонија во Хераклеја.27 Кон оваа група се приклучува и раноримската тера сигилата (сл. 10).

Сл. 11 Трибол од Хистија, 313-265 Сл. 12 Бронзена монета, Дирахион I в.ст.е Fig. 11 Triobol d’Histiaea, 313-265 Fig. 12 Dyrrachium, bronze, I er s.avant notre ére
Сл. 11 Трибол од Хистија, 313-265 Сл. 12 Бронзена монета, Дирахион I в.ст.е Fig. 11 Triobol d’Histiaea, 313-265 Fig. 12 Dyrrachium, bronze, I er s.avant notre ére
Сл. 13 Ланселоилна фибула, III-II в Fig. 13 La fibule lancéloide, Ile — fle 5. avant notre j ére
Сл. 13 Ланселоилна фибула, III-II в Fig. 13 La fibule lancéloide, Ile — fle 5. avant notre j ére
Fig. 13 La fibule lancéloide, Ile — fle 5. avant notre j ére Сл. 14 Фибула ауциса, I в Fig. 14 Fibule aucissa, ler siécle Fig. 14 Fibule aucissa, ler siécle
Fig. 13 La fibule lancéloide, Ile — fle 5. avant notre j ére Сл. 14 Фибула ауциса, I в Fig. 14 Fibule aucissa, ler siécle Fig. 14 Fibule aucissa, ler siécle

Временската детерминација на керамиката ја следат и наодите од монети28 и накитот, сите најдени пооделно во ископите. Од предримскиот период најдени се следните монети:

- сребрен триобол од Хистиаја (313-265 год.) 2 примерока (сл. 11)

- драхма на Дирахион, I век: пр. н.е., со имињата на магистратите Каликратес и Парменискос (сл. 12).

Во накитот се забележуваат наодите од две фибули од типот листолико-ланселоидни, од кои се зачувени само листовите, а недостасуваат иглите и спојниците. Дури кај едниот примерок се забележува поправка на самиот лист (сл. 13). Овие фибули се среќаваат на просторот од Титоград до Охридскиот регион, датирани со наоди во гробивте од крајот на Ш до средината на П век пр. н.е.29

Еден од најубаво зачуваните наоди на овој терен е фубилата од типот ауциса (сл. 14), најдена под гроб 16 (којшто беше со архитектонска контрукција на двосливен кров). Лачниот дел на фибулата е плочесто проширен и декориран со пунктирани концентрични кругови, наизменично споени со линии. Фибулата е конструирана само со една игла. Овој тип на фибули30 е еден од најраспространетите во раноцарскиот период, доминантен во јужните провинции на Балканот. Посебно се среќаваат разни варијанти во далматинските наоѓалишта, во Доклеја, во Сисак, каде е утврдено постоење и на локална работилница за изработка на фибули. Датирањето се врзува со Августовото доба и целиот I век на н.е.31 Меѓутоа, има и тенденции за порано датирање со наодите од некрополата кај Гостиљ и год во II Вех пр. н.е.

Микулчип, Скупи, 122, 132-133.

Белешки

  1. V. Bitrakova, Pretor, Prespa – kasnoantička arhitektura, Arheološki pregled 9, Beograd 1967, 118. ↩
  2. Ibid., T. XLI, 2. ↩
  3. А. Цермановић-Кузмановић, О. Велимировић-Жижић, Д. Срејовић, Античка Дукља, Цетиње 1975, 199-200, 266-267. ↩
  4. , В. Соколовска, Исар-Марвинци, Скопје 1986, 114, Т. 46, сл. 17. ↩
  5. . А. Јовановић Накит у римској Дарданији, Београд 1978, 27; И. Микулчић, Доцно-римски гробови од Скупи, Годишен зборник на Филозоф. фак. Скопје 26, Скопје 1974, 123, 134. ↩
  6. В. Соколовска, Исар-Марвинци, 115, Т. 47, сл. 16. ↩
  7. Б. Алексова, Курбиново, Преспа, Архитектонска пластика, Лихнид V, Охрид 1983, 63-71. ↩
  8. M. Proeva, La déesse Cappadocienne Ma et son culte en Macédoine d’aprés une plaque en bronze de Pretor au Musée de Resen, ZA 33, Skopje 1983, 165-183. Ho би можело да се помислува дека се работи и за една претстава на синкретизирано божество. ↩
  9. A, Цермановит, Римска бронзана лампа из околине Пожаревца, Старинар IX-X, 1958/59, 203; E. Čerškov, Kasnoantička ostava iz Dobrotina na Kosovu, Glasnik Muzeja Kosova i Metohije, VII-VIII, 1962/63, 317; M. Šmalcelj, Antičke metalne svetiljke iz Vinkovca, Opuscula Archaeologica IV, Zagreb 1966, 39-48; В. Соколовска, Новија археолошка ископавања у Демир Капији, Старинар XXIV-XXV, 1973/74, T. IV, 1. ↩
  10. Ch. Picard, Revue archéologique XLX 1-2, 1955, 63. ↩
  11. M. Šmalcelj, o. c., T. IV, 1, 3. ↩
  12. Katolog, Antička bronza u Jugoslaviji, Beograd 1969, br. 171. ↩
  13. П. Милюков, Христијански древности Западнои Македонии, Известия русскаго археологическаго института в Константинополъ IV-1, София 1899, 46. ↩
  14. V. Bitrakova, Golem Grad, Presра – antička i srednovekovna nekropola i crkva, Arheološki pregled 9, Beograd 1967, 146; И. Иванов, Цар Самуиловата столпца во Пръспа, Извъстия на Българското археологическо дружество, София 1910, 64, при описот на островот Град ја посочува архитектурата на Св. Димитрија но веќе не ги споменува фреските. ↩
  15. Н. П. Милюков, о.с., 46; Б. Кнежевиħ, Црвка Св. Петра у Преспи, Зборник за ликовне уметности, 2, Нови Сад 1966, 248; Ц. Грозданов, Композиција опсаде Цариграда у цркви Св. Петра на Преспи, Зборник за ликовне уметности, 15, Нови Сад 1979, 285. И. Микулчиħ, Скупи, 122, 132-133. ↩
  16. I. Mikulčić, The West Cemetery, excavations in 1965, Studies I, 87, 88. ↩
  17. B. Babić, Pešterica - Oreovec, Arheološki pregled 7, Beograd 1965, 133. ↩
  18. E. Čerškov, Rimljani na Kosovu i Metohiji, Beograd 1969, 12, sl. 15. ↩
  19. А. Цермановиħ, О. Велимировиħ, Д. Срејовиħ, Дукља, 66, гроб 51. ↩
  20. Ibid., 66. ↩
  21. I. Mikulčić, Studies I, 87. ↩
  22. F. H. Marshall, Catalogue of the Jewellery Greek, Etruscan and Roman, London 1911, 2451-2458. ↩
  23. Ibid., Pl. LXI, 2745, LXIII 2851. ↩
  24. Coche де la Ferté, E., Les bijoux antiques, Paris 1956, 93. ↩
  25. Coche de la Ferté, Bijoux du haut moyen age, Lausanne, VIII. ↩
  26. T. I. Rice, Art byzantin, Paris 1959, 287, T. 65. ↩
  27. H. 5. Robinson, Pottery of the Roman period, Agora V, Princeton 1959, 13, F 22, Pl. 1; Е. Манева, Неколку типови и форми на еленистичка и римска керамика од Хераклеја, Битола 1979, 23. ↩
  28. B. Битракова-Грозданова, Монетите од античкиот период во збирката во Народниот музеј - Охрид, Лихнид У, Охрид 1983, 73. 74. ↩
  29. Đ. Basler, Nekropola na Velim Ledinama u Gostilju, Glasnik Zemaljskog muzeja XXIV, Sarajevo 1969, T. X, XI, XV; В. Битракова-Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во срм, Скопје 1987, 77, T. V 5, 6. ↩
  30. I. Marović, Iskopavanja kamenih gomila oko Cetine, Vjesnik za arheologiju i historiju dalmatinsku LXI, Split 1959, 75; А. Цермановиħ, О. Велимировиħ, Д. Среовиħ, Дукља, 230; R. Koščević, Antičke fibule s područja Siska, Zagreb 1980, 15. ↩
  31. Đ. Basler, o.c., kenotaf 11/4 T. XXVIII. ↩
  32. VERA BITRAKOVA GROZDANOVA - Skopje ↩

Résumé

Fouilles archeologiques de Prespa en 1967/68

(RESUME)

En 1967/68, aprés la reconnassance effectuée dans la région de Prespa, on a entrepris des fouilles de sondage dans la région de Pretor et de Kurbinovo et sur l’ile de Golem Grad.

A Pretor, on a découvert des vestiges de mosaiques et d’hypocaustes dune villa rustica et deux sépultures. La sépulture n°2 est datée du IVe siécle en se basant sur son architecture et les objets retrouvés (deux vases en céramique et un bracelet en bronze). Parmi les trouvailles de la région de Pretor se distingue l’anse d’oenochoé en bronze contenant la représentation d’un masque13 tragique datée du passage du Ше au IVe siécle. Une trouvaille extraordinaire est également celle de la plaque cultuelle en bronze contenant la représentation de la déesse orientale MA capadocienne, accompagnée d’attributs militaires.

_ Гог des fouilles de sondage entreprises sur l’ile de Golem Grad, оп a découvert également une église et a cdté d’elle, une nécropole. L’église, appelée par les gens du pays, St-Démeétre, a une nef, une abside trilatérale de l’extérieur et une abside semi-circulaire de l’intérieur. Par analogie avec l’åg-Dans la nécropole ont été découvertes 48 sépultures avec une orientation est-ouest. L’architecture funéraire est composée de fosses tombales entourées de quelques pierres non fagonnées avec, parfois, des tables de bois posées au fond ou de tombes avec tuiles du type de toit 4 deux rampants. Des trouvailles ont été découvertes dans les sépultures пд“ 1, 20, 22, 28, 42 et 43. La sépulture по! contient un squelette d’enfant avec des contributions (amulette en os et boucle en argent) et est datée du IVe siécle. La sépulture n°20 est avec un squelette d’enfant et contient une seule contribution – un anneau en bronze. La sépulture n°22 est avec le squelette d’une femme; on y a trouvé comme contribution des boucles d’oreille en bronze avec un noeud et un collier avec des perles en verre, daté du IVe siécle. La tombe n°42 est incinérée et avec une architecture funéraire de tuiles. Les boucles d’oreille en or avec lunules et l’incinération nous renvoient 4 fin du IVe siécle au plus tard.

A lextérieur des sépultures on a découvert de la céramique hellénistique et romaine, des fibules lancéloides, une fibule aucissa du Ier siécle et des monnaies. Parmi les monnaies, il faut mentionner les deux diobols en argent de la ville de Histiaea (315-265) et une drachme de Dyrrachium du Ier siécle avant