Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 165–174
Скупи - Источна некропола, 1981
Содржина
: Археолошките ископувања на Источната некропола на Скупи иако се уште не се вклопени во некоја континуирана програма за истражување, сепак на неколкупати беа превземени археолошки ископувања.
Во текот на 1970 и 1971 година ископувањата имаа за цел да ја фиксираат источната периферија на градот1 и да се потврди постоењето на некропола од таа страна на градот.
Присуството на гробови во јужната зона од Источната некропола, потврдено е во неколку прилики и секогаш во врска со градежни или земјени работи. Источната некропола има и своја северна зона која е пласирана по сртот источно од Зајчевиот Рид. Доцноантичкиот карактер на северната зона на Источната некропола потврден е со откривање на повеќе гробови при изградба на зградата на Републичкиот хидрометоро- - лошки завод?2 како и со ископот на канал во неговата непосредна близиназ3
При ископот на канали за поставување на цевки од системот „капка по капка“, во парцелите на Биолошката лабораторија на ф-ка „ОХИС“ - Скопје, иницирани се околу 20 гробни конструкции. По обезбедувањето на потребните услови, во месец мај 1981 година извршени се заштитни археолошки ископувања.4
Истражувањата беа условени со диспозиција на каналите и ограничени на нивната површина, со исклучок на мали проширувања во одделни случаи.
- Парцелите на Биолошката лабораторија се наоѓаат во средишниот. дел на флувијалната тераса која се протега под с. Злокуќани на левиот брег од реката Вардар. Секако, оваа тераса претставува јужна зона од. Источната некропола на Скупи, која засега не е опфатена со систематски археолошки ископувања. Се работи за простор јужно од патот Скопје - с. Злокуќани, кој најверојатно приближно се совпаѓа со трасата на античкиот пат кој водел ОД Скупи кон југ, на што укажува и откриениот милјоказ.5
Спомнатите канали од системот за наводнување различни се по должина, со широчина од 1,00 м а длабоки од 1,00–1,20 м, нумерирани од [-IV (Пл. I). На загрозениот дел од некрополата, стратиграфската состојба е доста едноставна и уедначена. По хумусниот слој, со дебелина од ),30—0,40 м, застапен со светлокафеава обработлива земја, следи слој од гемнокафеава различно комкатна земја, кој оди сѐ до здравицата пре-
гставена со светли нијанси од песоклива земја, која е само на места во
рана фаза на петрификација. Далеку сме од помислата со овој обем на истражувања, кој пред се имаше заштитен карактер, да навлегуваме во дефинирање на типовите на гробните конструкции на Источната некропола, но тоа секако претстои како задача на идните истражувачи. Во истражените канали откриени се вкупно 20 гробови6 и констатирани се
четири типови на гробни конструкции, и тоа:
I - ЦИСТИ ОД ТЕГУЛИ
Гробната конструкција на овој тип, изведена е од вертикално поставени тегули, често пати различни по големина. Покривот се состои од водорамно сложени тегули, освен во еден случај (гроб 237) каде покривањето е извршено со грубо обработени камени плочи. Најчесто дното на цистата поплочено е со тегули или тули. Овој, воедно најзаст апен тип, констатиран е во седум случаи. Постои мислење дека овој тип на гробови е концентриран во зоната на градската фортификација на Скупи, и тоа пред се од безбедносни причини. Меѓутоа, состојбата во јужната зона на Источната некропола покажува не само голем интензитет на погребување во различни периоди на римската антика, туку и бројно присуство на овој тип гробови од доцната антика. По класификацијата на А. Јовановиќ овој тип на гробни конструкции припаѓа на типот Мала Копашница- Сасе, Варијанта 1.7
Гроб 231. Димензии: 2,00х 0,50 м. Ориентација нешто изменета 3-H. Длабочина од 1,00 м. Конструкцијата е изведена од масивни тегули, со димензии 0,53 x 0,37 x 0,04 м. На овој начин формирана е циста длабока 0,40 м, со покрив од водорамно сложени тегули, и дно изведено на ист начин. Западниот дел на цистата покажува траги на претходно отворање. Остеолошкиот материјал делумно е изгниен и гначајно дислоциран, групиран во источниот дел на цистата. Наоди: стаклен унгвентариум (сл. 7).
Гроб 232. Детски гроб со димензии 1,25 x 0,40 м; ориентиран C3-- ЈИ. Комплетна циста изведена од тегули. Недостасува покривот кој нај- . веројатно е изведен на истиот начин, бидејќи во ископот се најдени тегули кои секако припаѓаат на неговиот покрив. Дното на цистата ¢ поплочено со тули. Остеолошкиот материјал недостасува. Наоди нема
Гроб 234. Детски гроб со димензии 1,17 x 0.48 x 0,32 м. Бочните челните страни, покривот и дното на цистата изведени се од тегули сс димензии 0,53 x 0,37 x 0,04 м. Ориентација на гробот како и кај претход: ниот. Остеолошкиот материјал дислоциран. Наоди нема.
Гроб 236. Во најзначајниот дел гробната конструкција е уништен: со ископот на Каналот II. Врз основа на остатоците од фрагментираните тегули утврдено е дека припаѓа на овој тип, а од нивната диспозициј: ориентиран е 3-И. Наоди нема.
Гроб 237. Димензии 1,90 x 0,58 x 0,73; ориентиран е сз-ЈИ. Гроб. ната циста изведена е делумно од тегули а делумно од грубо обработени камени плочи, и тоа: бочните и источната челна страна се со тегулеи додека покривот и западната челна страна се од камени плочи. Дното нг цистата поплочено е со фрагментирани тегули. Остеолошкиот матери: јал делумно е зачуван. Наоди: фрагменти од садовна керамика, дв: железни клинца, фрагмент од помал стаклен реципиент како и еднс прстевидно бронзено копче (сл. 8).
Гроб 240. Детски гроб, со димензии 0,90 x 0,38 x 0,35; ориентиран 3-И. Комплетна циста изведена од тегули. Од остеолошкиот материјал зачуван е само черепот, левата клавикула и неколку ребра. Наоди нема.
Гроб 242. Димензии: 1,70х0,50х0,40 м. Ориентација сз-ЈИ. Комплетна циста изведена од тегули. Остеолошкиот материјал е пропаднат. Наоди нема.
Врз основа а конструкционите карактеристики, правоаголна циста со дно и рамен покрив од тегули и само со разлика во нивните димензии, можеме да зборуваме за две варијанти на овој тип. Така, гробовите 231, 234 и 240 припаѓаат на Варијанта 1, во чија конструкција наоѓаме само тегули, додека кај гробовите 232, 236, 237 и 242 среќаваме античка тула и грубо обработени камени плочи.
Меѓу гробните дарови единствен е наодот на стаклен унгвентариум од гроб 1. Овој вид на тоалетни шишенца по класификацијата на К. Исингс припаѓа на тип 101,8 а по А. Цермановиќ на тип IV/5,9 и се одликуваат со извлечен венец, краток врат, четвртесто тело кое од четирите страни е притиснато со прсти и со благо вовлечено дно. Бојата на стаклото е белузлава до зеленикава. На скоро сите антички некрополи откриени се вакви шишенца, и овој тип е во употреба од П до ГУ век.10 Иако поблиску не може да се одреди провинциенцијата на овие тоалетни шишенца, ние сепак би се определиле за некои од работилниците на Исток. Примероците од локалитетот 26 во Сремска Митровица се врзуваат за покасен период, односно за крајот на II] и првата половина на ГУ Век, што е синхроно со нашиот примерок.
Во отсуство на друг движен археолошки материјал кој поконкретно би овозможил датирање, овој тип на гробови ги ставаме во еден поширок временски распон на IV век, со отворено прашање колку тие навлегуваат во доцните фази од III век. Предложената временска ориентација извршена е врз основа на стратиграфската уедначеност со останатите типови, кои заедно упатуваат на интензивно користење на овој простор за погребување во тоа време.
Il - ЦИСТИ 5ИДАНИ ОД ТУЛИ
Гробовите од овој тип констатирани се во Каналот П (сл. 3). Се работи за цисти 5идани од тегули и тули, по исклучок комбинирани со насатично поставени тегули. Дното на цистата е поплочено со камени плочи,.или со слој од хидрауличен малтер, но основна карактеристика претставува употребата на варов малтер во зидањето. Што се однесува до покривното решение, затекнатата состојба ги дозволува следните две можности: рамно покривање со тегули или камени плочи, или полуобличесто засводени со тули, со што овој тип би се доближил до гробници. Од овој тип откриени се вкупно два гроба, и тоа:
Гроб 238. Гробот е ориентиран сз-ЈИ, со надворешни димензии 2,54 х 1,20 м, и внатрешни 1,80 0,66 0,70 м. Гробната конструкција, која делумно е оштетена со ископот на каналот, изведена е од осум реда тули врзани со варов малтер. Во зидањето употребени се и тегули со голем формат. Дното на гробот поплочено е со грубо обработени камени плочи. Од остеолошкиот материјал запазен е само дислоцираниот череп и дел од фемурот. Наоди нема. Гроб 243. Ориентиран сз-ЈИ, со надворешни димензии 2,70 x 1, ,20 м а внатрешни 1,95 x 0,70 x 0,65 м. Гробната конструкција изведена е од сидани и насатично поставени тули, со тоа што северозападното чело го затвора зид од тули, а југоисточното вертикално поставена. тегула.: Дното на вака изведената конструкција изработена е од дебел премаз на. хидрауличен малтер во кој толчената тула има среден гранулат. И. покрај очевидното претходно отворање на овој гроб во кеј се погребани три покојника, остеолошкиот материјал е релативно интактен. Зачувани , се главно черепите и екстремитетите, а кај едниот и карличните коски. Кај овој покојник констатирано е дека десната рака најверојатно е испружена покрај телото, додека левата се положена на мевот. Наоди: покрај левото колено откриена е бронзена дводелна тока со седлеста форма и подвижен трн (сл: 9).
Токата за ременот, по се изгледа, била зашиена на сара на висока. чизма. Челото на токата е улегнато, боковите се испаднати и претставува тип на тн. седласти токи: Носачот е едноставен и изработен е on тенок бронзен лим.
Овој тип на гробови не е толку чест на нашето подрачје, во отсуство на други гробни прилози датирањето е отежнато, но "одредени аналогии упатуваат на развиениот IV век!"11 од н.е.
Ill - ТЕГУЛИ НА ДВЕ ВОДИ
Овој тип констатиран е само во еден случај и тоа кај гроб 14 које откриен во средишниот дел од Каналот П. Се работи за мошне развиена форма на овој, инаку познат тип на гробна конструкција, откриен на повеќе наоѓалишта во Македонија и Мезија (сл. 4).
Гроб 244. Димензии 2,20 x 0,80 м; ориентација сз-ЈИ. Конструкцијата од тегули на две води ја покрива овалната јама, длабока 0,10-0,12 м, во која се наоѓаат спалените остатоци на покојникот и дополнително ставените прилози. Самиот покрив изведен е од по четири странични и косо поставени тегули, а неговото чело фланкирано е, како северозападно така и југоисточно, со по една фрагментирана тегула. Горните и страничните состави на тегулите, затворени се со косо поставени имбрекси. Наоди: две плитки (сл. 10, 11) и една длабока (сл. 12) паница, една светилка (сл. 13); четири цели и два фрагментирани унгвентариуми (сл. 14-18); еден нож (сл. 19); монета на Константин I; 10 железни клинци и повеќе фрагменти од различна садовна керамика.
Констатираната состојба дозволува определени согледувања во врска со сепулкралниот церемонијал. Спалувањето е извршено на устри-На, а остатоците на спалениот покојник измешани се со остатоците на кладата, и пренесени се, после ладењето, во гробната јама која претходно била „очистена“ со ритуален огон. Потоа, ставени се даровите групирани во пределот на главата и нозете. На крајот ставен е опишаниот покрив.
Овој гроб е најбогат со наоди од сите истражени гробови во кана- - лите. Откриената монета на Константин I (306-337) е во улога на обол на умрениот.
Една од вообичаените појави што ги следи ископувањата на античките некрополи е присуството на керамички материјал, кој и во нашите ископувања е застапен. Откриените паници претставуваат категорија на Биолошка ЛАБОРАТОРИЈАЈ
доцноримска sigillata, тн. африканска керамика, и е луксузен импорт. Карактеристично е дека венецот е лесно развртен, дното е рамно, врз широка база означено со релјефен прстен. Вакви паници среќаваме и на Марвинци"?12 а според класификацијата на Хеиз припаѓаат кон форма
Светилката, чии што диск е исполнет со розета, припаѓа кон ТИПОТ атички светилки. Нашата светилка, датирана со монетата на Константин I можеме да ја сметаме како атички импорт.
Секако дека стаклените сатчиња се застапени во значителен број, како во нашето ископување, така и во поранешните.14 Тоа се рецепиенти за мириси и уља кои се користени како во секојдневниот живот така и во сепулкралниот култ. Иако во стручната литература овие видови се озна: чуваат со различни имиња, сепак тие може да се обединат во една група бидејќи функцијата им е иста. За сатчињата од оваа група карактеристичен е профилираниот прстенест венец, краткиот цилиндричен врат, крушковидното тело и зарамнетото дно. Висината на рецепиентот изнесува половина или третина од вкупната височина на садот. Бојата им е плавозеленикава. Висината се движи од 11,8–14 см. По Исингс припаѓаат на. тип 28.515 Откриените фрагменти од различна садовна керамика можеби се искршени во рамките на фунебралниот ритуал.
Споменатата класична формула на овој тип гробови датирана е во полниот Ш и раниот ГУ век, но оваа развиена форма ја датираме врз основа на гробните дарови и пронајдената монета на Константин I (306- -337), иако сметаме дека таа егзистирала и во подоцнежните фази од овој век. Сигурно дека овој феномен бара свое објаснување, бидејќи е познато дека во нашите краеви инхумацијата релативно рано ја заменува кремацијата. Колку е во прашање етничката издвоеност на покојникот од овој гроб а колку другиот мотив, останува да се одговори.
IV - ЦИСТИ ОД КАМЕНИ ПЛОЧИ
Овој тип на гробови (сл. 5) не е застапен во голем број; откриени се само два гроба во Каналот П (гроб 233 и 241). Цистата од камени плочи широко е распространета и констатирана на повеќе локалитети. Овој тип се издвојува со својата монументалност, заради што се доведува во врска со семејните гробници. Основа за ова наоѓаме во откривање на погребувања на повеќе индивидуи во еден гроб, како што е чест случајот на Западната некропола во Стоби. Во контекст на ова, а нарочно на спомнатата големина на гробните конструкции од овој тип, стои претпоставката за постоење на одреден еснаф за изградба на вакви гробови- -цисти од камен, и други потреби, сврзани за погребната церемонија (продавање на колпиони и сл.).
Гроб 233. Ориентација 3-И; димензии 1,90 x 0,70 x 0,60 mM; пласиран е на составот од Каналите I и II. Цистата е изведена од грубо обработени монолитни камени плочи, како и нејзиното дно. Составите се врзани со хидрауличен малтер, кој е нагласен по внатрешните рабови на цистата. Покривните плочи недостасуваат, освен западната која е сле- 3¢На во гробот, и претставува секундарно употребена надгробна стела (сл. 20). Остеолошкиот материјал недостасува, освен малите остатоци од черепот и ситните делови од долните екстремитети. Наоди: една
Fig. aoe Findings from grave 244; Fig. 20,21 Findings from graves 233; Fig. 22 Findings from grave 24]
бронзена фибуци: (сл. 21) и една камена палмета најверојатно акротерија
Гроб 241. Димензии: 2,30 x 0, 70 х 0,60 м; ориентација сз-ЈИ: граден е од монолитни и релативно добро обработени камени плочи. Недостасуваат покривните плочи. Од скелетот сочувани се долните екстремитети. Наоди: стамнос кај нозете на покојникот (сл. 22).
Откриената стела како сполија од гроб 233 е со вообичаена профилација и го има запазено само долниот дел од натписното поле на кое се гледа римски натпис во осум реда. Содржината на натписот не известува дека сопругата Нонија Каја и ќерките Кокеја Силија и Марцелина се погрижиле да се подигна овој споменик на мажот и таткото чие име е непознато, бидејќи се наоѓа во горниот откршен дел од стелата. Од натписот се гледа дека тој живеел 70 години. Гентилното име Кокеја веќе е потврдено на територијата на Скупи.16
Употребата на сполии како појава се многу чести кај овој тип гробови. Во нашиот случај, откриената стела без оглед што претставува сигурен t. а. quem, и самата припаѓа на времето на преминот од Ил во III век. Единствен показател за датирање на овој тип гробови наоѓаме во наодот на војничката фибула и стамносот.
Како и другите фабули од Источната некропола1718 и нашиот примерок е од луковичест тип, и според елементите може да се вклопи во втората третина на ГУ век.
.Стамносот е откриен покрај нозете на покојникот, и во него е ставена вода за умрениот. За него е карактеристична двојно профилираната устинка. Овој вид на стамнос во Скупи егзистира во рамките на IV век, а никако подоцна, без оглед што овој тип е и понатака во употреба.
У - СЛОБОДНО ВКОПУВАЊЕ
“Без оглед што овој тип (сл. 6) е застапен само со еден гроб (гроб 245), неговите конструкциски карактеристики толку се издвојуваат, што несомнено припаѓа на одделен тип. Бројни се примерите од овој тип на гробови кои потекнуваат од други локалитети во Македонија, а ние би потсетиле на типот П од Западната некропола на Стоби каде се откриени околу 80 гробни целини, а датирани се во полниот IV век од н.е. Плитката гробна јама со приближна ориентација 3-И, покриена е со фрагментирана . камена : плоча. "Димензии на гробната јама: 1,60 х 0,60 х 0,10 м. Особеност на гробот претставува фактот дека во него лежи инхумиран покојник со делумно спален череп. Можеме да констатираме дека покојникот е ставен на левата страна со десната рака положена на мевот. Околу нагорените коски на черепот има траги од пепел. Зачуваната должина на костурот изнесува 1,20 м. Нема елементи кои би зборувале против датирањето на овој гроб во IV век. Наоди нема.
Без аспирација за искажување и конечно определување на типолошката систематизација на гробните конструкции од Источната некропола на Скупи, можеме да го заклучиме следното: извршените заштитни археолошки ископувања на просторот од огледните парцели на Биолошката лабораторија, на флувијалната тераса, по левиот брег на реката Вардар, ја имаат истата квалификувано како античка некропола, која претставува интегрален дел на Источната некропола на Скупи. Значи, во јужната зона на Источната некропола, јужно од патот, помеѓу релативно малиот број на гробови, констатиран е максимален број на нивните типови. Интересно е дека сите припаѓаат на IV век, што секако мора да се доведе во врска како со економската издиференцираност на населени-. ето и неговата сталешка припадност така и со присуството на различни сепулкрални обичаи, како и на етничкото шаренило во тоа време на ова место. Видовме до која мерка откриените гробни конструкции се вкло- ~ пуваат во познатите типови од тоа време во Македонија, и колку излегуваат од овие не толку временски колку просторни рамки. Од состојбата се гледа дека најголем број од нив се ограбени, што не е толку чудно кога се има предвид немирниот IV век, време на несигурност.и честите упади на варварските племиња.
Нема сомнение дека со ограбувањето и делумно со земјените работи при ископот на каналите, дојде до значајни оштетувања на одделни гробни целини, како што се на пример гробовите 235, 239, 246-- 248 и 250 чиј степен на оштетеност не дозволува утврдување на типот на нивната конструкција.
Белешки
- I. Mikulčić, Skupi . istočna nekropola i gradski bedem, Arheološki pregled 12, Beograd 1970, 124-130; истиот, Skupi - istočna nekropola, Arheološki prelged 13 Beograd 1971, 43-45; истиот, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје кн. 26, Скопје 1974, 109-143; истиот, Раноримски скелетни гробови из Скупа, Старинар XXIV-XXV (1973-1974), Нова серија, Београд 1975, 89-102. ↩
- D. Koračević, Skupi, Skopje - ZLO - severna i istočna nekropola (zaštitna iskopavanja), Ahreoloski pregled 15, Beograd 1973, 75-76; истата, Состојба на аерхолошките ископувања на античко3 Скупи, Масеԁ.5 acta archeol. 3, Прилеп 1977, 171-175. ↩
- М. Билбија, Нови археолошки наоди од Скопје и околината, Maced. acta archaeol. 4, Прилеп 1978, 131-133. ↩
- Во организација на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, а под раководство на потпишаните. Стручниот дел на екипата — соработници на потпишаните - го сочинувале: Д. Каламадеска, арехолог - конзерватор од Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје и М. Јаневска, дипломиран археолог од Скопје. ↩
- M. Ивановски, Милјоказ на императорот Филил I Арабјанин, Зборник на историскиот музеј, кн. 4, Скопје 1974, 53-55; B. Dragojevi¢-Josifovska, Inscriptions de la Mésie Superieure vol. VI, Sckupi et la Region de Kumanovo, Centre d'études Epigraphiques et numismatiques de la Faculté de philosphie de I’Université de Beograd, Beograd 1982, 157, Mo198. ↩
- Нумерирањето на гробовите откриени во оваа прилика на Источната некропола е извршено спрема досегашното одбележување, како би се задржал погребниот континуитет, почнувајќи со гроб 231. ↩
- А. Јовановић, Римске некрополе на територији Југославије, Универзитет у Београду - Филозофски факултет, Центар за археолошка истражувања, књ. 3, Београд 1984, 103-105. ↩
- C. Isings, Roman Glass from dated Finds, Groningen / Dizakarta 1957, 119. ↩
- А. Цермановић, Античко стакло из Сирмијума, Грађа за проучавање споменика културе Војводине X, Нови Сад 1981, 14. ↩
- Ibid., 14. ↩
- Ж. Винчик - М. Ивановски, Стоби - западна некропола, Материјали, во печат (трудот е причитан на античката секција во Винковци 1981 година), гроб 382 и 389 кои припаѓаат на тип III-цисти од камени плочи чии челни страни се ѕидани од тули. ↩
- В. Соколовска, Исар-Марвинци и повардарјето во античко време, Музеј на Македонија, Посебно издание I, Скопје 1986, 122, Т. 83, sl. 1-5. ↩
- J. W. Hayes, Late Roman Pottery, London 1972, 69, Fig. 12. ↩
- I. Mikulčić, Antičko staklo iz Scupia i ostali makedonski nalazi, Arheološki vestnik (Acta Archaeologica) XXV (1974), Ljubljana 1976, 192-210. ↩
- C. Isings, op. cit, 42, тип 28, ↩
- Н. Вулип, Антички споменици наше земе, споменик LXXV, ска други разред 58, Београд 1933, 75, бр. 215.: B. Dragojevié-Josifovska, op. cit., 113-114, Mo 106.: истата, Епиграфски прилози из Радишана код Скопја, Жива Антика 27, т. 2, Скопје 1977, 455-457. ↩
- Усмени изјави на вработените во Биолошката лабораторија, кога при поставувањето на топли леи имаат наидено на саркофаг, кому му е оштетен капакот. ↩
- И. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот - Скопје кн. 26, Скопје 1974, 136-138, сл. 19, 20, 22, 23 u 26. ↩
- MILAN IVANOVSKI - Skopje ZIVOJIN VINCIC - Skopje ↩
Summary
Scupi- Eastern Necropolis. 1981
(SUMMARY)
Twenty2 graves with four types of grave construction were excavated in the southern part of the eastern necropolis at Skupi in May, 1981. The graves that were discovered on the site of the biological laboratory, on the left bank of the Vardar River are an integral part of the Skupi eastern necropolis. Some graves of the same type were discovered in the southern part of the eastern necropolis, south of the road from Skopje to the village of Zlokukjani. They all date from the sixth century; the similarities in the graves reflect common economic and class status, but the difference in the graves reflect the variety in ethnic burial customs of the population at the time. Most of the graves were looted, which is not unusual for graves from the sixth century.