Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 155–163

Археолошките истражувања во Скупи во 1982 година

Содржина
  1. СЕВЕРЕН ПУНКТ
  2. ЈУЖЕН ПУНКТ
  3. АБЕЛЕШКИ

Познато е дека теренот на античкиот град Скупи е обременет со многу тешкотии, а особено со оние кои се настанати по земјотресот во Скопје - 1963 година. По овој настан на теренот се лоцирани разни објекти: дом за стари лица, магацини и други објекти, како и разни материјали од еден отпад, магацини од претпријатието „Бетон“, приватни станбени згради и др. Покрај тоа, треба да се истакнат и тешкотиите околу решавањето на имотноправните односи со сопствениците на земјишните парцели а кои во добар дел го опфаќаат ареалот на градското подрачје.

Поради овие проблеми првобитниот план за систематските истражувања на античко Скупи мораше да биде изменет, а со него како основно се предвидуваше, најпрвин да се откријат и утврдат бедемите и портите на градот, а потоа сукцесивно да се откриваат и следат улиците и објектите кои се наоѓаат покрај нив и така постепено да се дојде до форумот, а со тоа истовремено да се вршат испитувања на градот во сите негови историски етапи.

Со најновиот план за систематските истражувања мораше да се води сметка да научниот интерес биде во согласност со реалните и постојни можности на теренот.

Со оглед на тоа дека се работи уште од 1973 година (освен 1975 година кога не се работеше) до денес, во дворот на споменатиот отпад, а тука постои простор каде може да се работи повеќе години, со новиот

план за работа е зацртано да се истражува во целост по еден определен дел од градскиот регион, како би можело да се добие целосна слика за архитектонската и културната целина за тој дел од градската населба.

Со оглед на тоа дека наведениот простор опфаќа знатен дел од северната половина на античкиот град, со планот е предвидено, како исклучително значајно да се установи и открие една од главните сообраќајници во овој дел од градот која, во секој случај, би одела од север кон југ и кон центарот а истовремено да се констатираат и откриваат објектите кои се наоѓаат покрај неа.

Така, уште со истражувањата во северниот дел од градот во 1976 година, за првпат е навестено постоењето на една од ваквите сообраќајници.1

Тогаш е баран излезот на базиликата П од нејзината западна страна и е испитуван просорот западно и југозападно од нејзиниот нартекс. Во овој дел од теренот се откриени дислоцирани камени плочи со кои била поплочена улицата а западно од нив и водоводни керамички цевки кои ја следат улицата од оваа страна?.2

Кон југ, следењето на оваа улица изведувано е со сондирање, во должина, од околу 70 т. Во истражените сонди потврдена е супструкција на улицата а во најјужната и нејзиното поплочување со големи камени плочи, со различни димензии.

Во 1981 година истражувањата се вршени во сите правци околу оваа сонда а работите се изведувани по веќе зацртаниот систем на квадрати 5x5 m во рамките на утврдена квадратна мрежа 50x50 м која порано е поставена на целата територија на градот. За резултатите во оваа година беше зборувано (во Масеԁ. acta archaeol.), но и покрај тоа накусо да се потсетиме на нив.

Откриен е плочник во широчина од околу 5 м поплочен со големи обработени камени плочи во разни димензии, утврдено е постоење на троатоар од западната страна во широчина од 2,50 м но не е утврдено со што бил поплочен. Исто така на оваа страна е откриен зид кој ги разграничува плочникот и троатоарот и на него два 5идани столба и еден отпечаток во малтер од стебло на столб. Покрај улицата исто од оваа страна, делумно е откриен и дел од фасаден зид, по се изгледа од импозантен објект.3

Овој пат целта ни е да се осврнеме на резултатите од работите постигнати во 1982 година за кои со право може да се рече дека се мошне значајни.

Според програмата за работа за оваа година беше предвидено како прво да се извршат извесни доистражувања кои се започнати во претходните години, а тоа се: да се открие и утврди широчината на плочникот, да се утврди постоењето на троатоарот кон исток и евентуално постоење на објект покрај улицата, да се испита фундаментот на фасадниот 5ид кој е делумно откриен од западната страна до улицата, да се утврди со што бил поплочен троатоарот и на слободниот простор да се испита дали на улицата постоеле и некои други објекти од постара фаза а потоа, како посебно значајно, да се продолжи со следењето на улицата кон југи центарот на градот.

Однапред мораме да речеме дека поголемо проширување на работите на ова место не беше можно поради техничките пречки, бидејќи просторот кој се истражува е ограничен од западната и источната страна со современа инсталација на водоводната мрежа, од југ со активен и главен пат кој води низ отпадот, а од неговата јужна страна и паралелно со него дрвена барака и електричен столб.

Во ваква ситуација, а да не би се менувал планот и основната цел на работата, истражувањата се изведени на слободниот простор, бидејќи само Јужно од спомнатиот пат можеше да се работи несметано.

Поради наведените причини а и поради полесна ориентација, работите на секторот „улица“ во овој момент би можеле да ги поделиме на два пункта, со тоа што северниот пункт би претставувал откриениот дел од улицата и објектите покрај неа кои се наоѓаат северно од овој пат, а другиот Јужно од него.

СЕВЕРЕН ПУНКТ

Со следењето на плочникот кон исток со цел да се установи широчината на коловозот, се покажа дека на оваа страна е главно искорнат а и не беше во можност да се открие и утврди постоењето на 5идот-граничник кој, како што се очекуваше, требаше да го ограничува плочникот од оваа страна. Таква е ситуацијата со плочникот, тротоарот и 5идотрани кои ги разграничува, а која ситуација засега останува нејасна

Сл. | Источна страна на улицата Fig. | East side of the street Fig. | East side of the street
Сл. | Источна страна на улицата Fig. | East side of the street Fig. | East side of the street

Меѓутоа, ситуацијата на западната страна е знатно поповолна. Имено, плочникот од оваа страна е подобро зачуван и продолжува да се шири кон југ до патот, навлегувајќи под него, додека кон север е зачуван до сондата 29 која е истражувана во 1980 година, а во неа е откриена супструкција на улицата. Исто така, од оваа страна е зачуван и зид-граничник кој е во добра состојба, така да со порано откриениот дел вкупно има должина од 17 м. Граден е во веќе утврдената техника, предимно од необработен камен со средни димензии, поретко од кршена тула, врзани со варов малтер. Неговата широчина изнесува околу 45 см. Плитко е фундиран, така да и понатака од западната страна до нивото на плочни-КОТ го следи прислонето 5идано проширување од 22-24 см, градено во истата техника.

Сл. 2 Западна страна на улицата Fig. 2 West side of the street Fig. 2 West side of the street
Сл. 2 Западна страна на улицата Fig. 2 West side of the street Fig. 2 West side of the street

Меѓутоа, од источната страна, на повеќе места покрај овој зид зачувана е косо малтерисана површина во височина до 22 см која најверојатно служела како одбој за вода. На овој зид-граничник откриени се уште две зидани столпчиња, така да заедно со порано откриените вкупно се четири (сл. 2). Од сите досега откриени столпчиња најдобро е зачуван оној (во кв. 67/Ф8) кој е одбележан со број 3 а граден е како и останатите од тули и камен врзани со малтер. На него е зачувана и малтерацијата само од страната кон плочникот. Неговите димензии изнесуваат: должина 95 см, широчина 62 см, а зачувана височина 52 см. Растојанието помеѓу столпчињата изнесува 3,60 м. Од ова столпче па се до она кое заоѓа во јз профил (квадрат 67/Ф8), на зидот-граничник, постои дополнително созидан примитивен зид од еден ред на камења и кал. Вакви примитивни зидови се откриени и на северната страна од овој зид, во кв. 89/Ф8 а и еден помал на самиот плочник во квадратот 90/Ф8 како и над еден дел од фасадниот зид на објектот покрај улицата (Пл. 1). Важно е да се истакне уште и тоа дека на самиот зид-граничник констатирани се отпечатоци во малтер од стебло на столб, какви засега со сигурност се откриени три, кои имаат меѓусебно растојание од 3,40 м. Тие веројатно носеле трем од спомнатиот објект од оваа страна на улицата, кој за таа намена го искористил просторот од тротоарот. Меѓутоа, столбовите зидани и поставени дополнително индицираат извесна подоцна преправка (Пл. 1).

Што се однесува до фасадниот зид на објектот од оваа страна, следен е кон север се до неговиот агол т.е. до скршнувањето кон запад. Констатирано е дека овој зид е подигнат на ова место над објектот од постара фаза, така да зидовите со надворешните рабови наполно им се поклопуваат. 5идот од постарата фаза се шири кон север до профилот на квадратот 89/Ф8 така да е откриен на оваа страна во вкупна должина од 1,50 м, но и тој тука гради агол и скршнува кон запад (сл. 3).

Сл. 3 Дел од помлад фасаден sua, западно од улицата Fig. 3 A part of the earlier facade wall Fig. 3 A part of the earlier facade wall
Сл. 3 Дел од помлад фасаден ѕид, западно од улицата Fig. 3 A part of the earlier facade wall Fig. 3 A part of the earlier facade wall

Во овој дел на троатоарот а во широчината која изнесува 2,50 ми во должина 1,50 м откриена е малтерна површина зачувана (на нивелета 260.17) во два слоја а во вкупна дебелина од 8 см. (Кв. 89/Ф8). На целиот простор од троатоарот откриено е мноштво од фрагментирани и цели тули како и големо количество на малтер во шутот.

При испитувањето на темелите од фасадниот зид на објектот од ова страна на улицата (западно) констатирана е појава на слој со праисториска керамика и фрагменти од куќен лепеж (на нивелета 259.56) во кого се вкопани темелите на објектот (кв. 77/Ф8).

Источно до работ на зачуваниот плочник (во кв. 80/Ф8) поставена е пробна сонда со цел да се утврди дали пред поставувањето на улицата на ова место постоеле некои други неподвижни објекти. Се копаше до здравица (нивелета 258.43) и можеше единствено да се констатира дека плочникот лежи на дебел слој од чакал и песок. Други наоди немаше. Работите на овој пункт привремено се прекинати.

ЈУЖЕН ПУНКТ

На почетокот да истакнеме дека истражувањата во овој дел од теренот покажаа дека улицата продолжува и понатака кон југ и кон центарот на градот. Всушност, следејќи ја улицата сега се навлегува во зоната на централното градско подрачје.

Како прво и основно, тука е утврдена широчината на плочникот која изнесува 8,30 м. Плочникот е ограничен од двете страни со зидовите-граничници. Значајно е и тоа дека е утврдено постоењето на тротоари од двете страни на коловозот, така да западниот има широчина 2,80 ма источниот 3 м.

Од двете страни откриени се делови од фасадните зидови од градежни објекти (сл. 4, Пл. 1). :

Најпрвин да се осврнеме на западната страна од плочникот. Како прво, зидот кој го ограничува од оваа страна, граден е во иста техника како и западниот 5ид-граничник во северниот пункт и се наоѓаат на иста линија што би значело дека е во прашање ист зид со таа разлика што на ова место на 5идот-граничник не постојат зидани столбци ниту отпечатоци во малтер од стебла на столбови. Меѓутоа, откриен е дел од стебло на столб во зачувана височина од 95 см во вертикална положба, така што со еден дел стои на зидот, со другиот на плочникот а подлогата му е од шут. Според спомнатите отпечатоци од столбовите и овој има ист пречник. Од западната страна, граничниот зид го следи канал за отпадни води. Западниот зид од каналот, граден е од големи и правилно редени тули, врзани со малтер, додека бочно на него постојат и помали

Сл. 5 Канал за отпадни води Сл. 4 Детал ол улицата Fig. 5 Sewerage system Fig. 4 A part of the street
Сл. 5 Канал за отпадни води Сл. 4 Детал ол улицата Fig. 5 Sewerage system Fig. 4 A part of the street

i

| 1982 четвртести отвори кои веројатно претставуваат бочни канали што ја носеле водата од објектите. За источниот зид од каналот искористен е граничниот зид а дното е поплочено со тули така што каналот има широчина колку една тула. Каналот не е малтерисан.

Да кажеме и тоа дека над западниот зид од каналот дополнително е изграден примитивен зид од камен и кал (сл. 5).

Откриениот дел од зидот на објектот кој се наоѓа од оваа страна. на улицата, граден е внимателно од покрупен камен и малтер, додека во горните редови зидањето е изведено со 3 до 4 реда од тули. Широчината | на зидот изнесува околу | м. Општ впечаток е дека тука може да се очекува импозантен и квалитетно граден објект. (сл. 6, Пл. 1).

Источната страна од плочникот исто така е. интересна со своите карактеристики. Граничниот зид не е добро зачуван, всушност неговото источно лице правилно е градено и добро зачувано додека западното е неправилно, оштетено. Тој е многу плитко фундиран, речиси на нивото од плочникот и има широчина околу 40 см. Плочникот на оваа страна е во благ пад, за разлика од западната страна каде подот е знатно повисок околу 4°. Веројатно дека се работи за поголемо паѓање на земјата на овој крај.

Под овој источен зид - граничник и во јужниот крај од тротоарот како и до профилот од квадратот 4/Ф8, откриен е мал дел на уште два зида и тоа на пониско ниво. Едниот Фд нив е плитко фундиран, тесен и поставен исправено на граничниот зид, додека другиот е паралелен со него, длабоко вкопан и има ист правец на движење. Од овој 5ид засега е откриен само дел од источното лице бидејќи заоѓа под плочникот. Очигледно се работи за објект од постара фаза (сл. 7).

Во просторот од троатоарот и во целата негова широчина откри-

Сл. 7 Постар зид под плочникот Fig. 7 A earlier wall found under the Сл. 6 Зид западно од улицата Fig. 6 A wall. west of the street . Pavement П MAA Fig. 6 A wall. west of the street . Pavement П MAA
Сл. 7 Постар зид под плочникот Fig. 7 A earlier wall found under the Сл. 6 Зид западно од улицата Fig. 6 A wall. west of the street . Pavement П MAA Fig. 6 A wall. west of the street . Pavement П MAA

Откриено е големо количество цели и фрагментирани тули на целиот простор од источниот и западниот тротоар со изразито присуство на малтер во шут а што упатува на тоа дека тука највероватно се работи за подлогата од малтер и за поплочување со тули. Во прилог на ова зборуваат и траги од ист малтер само на едната страна од тулите.

Што се однесува до самиот зид од објектот кој се наоѓа од источната страна на улицата, откриен е во мала должина. Граден е од камен со поретко присуство на кршени тули врзани со малтер. На неговиот јужен дел е пиластер а јужно до него, на пониско ниво, постои камена плоча убаво обработена од горната и западната страна т.е. онаа што е свртена кон тротоарот. Плочата индицира влез но постојат индиции дека пиластерот и прагот во ваков изглед претставуваат една фаза на рефлексија од влез во објект (сл. 8). Во врска со ова деталите, ќе можат да се установат со понатамошните истражувања во целост.

Сл. 8 Дел од фасаден зид со влез, источно о1 улицата Fig. 8 A part of a wall facade with ап entrance, east of the street Fig. 8 A part of a wall facade with ап entrance, east of the street
Сл. 8 Дел од фасаден зид со влез, источно о1 улицата Fig. 8 A part of a wall facade with ап entrance, east of the street Fig. 8 A part of a wall facade with ап entrance, east of the street

Истражувањата на улицата и објектите покрај неа, во двата наведени пункта, дават материјални податоци кои укажуваат на три фази на градби и една меѓуфаза (Пл. 1).

Постарата фаза од улицата ја потврдуваат зидовите под улицата и на пониското ниво а генерално на тоа упатува и керамиката која е постара под плочникот, а помлада над него.

Втората и основна фаза ја чини улицата и наведените делови од зидовите на импозантните објекти кои се наоѓаат покрај неа и кои се врзуваат за неа, а тоа се два објекти on западната и елен ол источната

страна; меѓутоа, одделни зидови од оваа фаза би можеле да се определат

во почетокот на IV век. Столбците на граничниот зид засега се определени во меѓуфаза.

Третата фаза ја сочинуваат „примитивни“ зидови кои се изградени во периодот на постурбаниот живот во Скупи.

Улицата има ориентација си - ЈЗ иако кога би се продолжила во воздушната линија сигурно би поминувала покрај базиликата која порано е откриена јужно од бараките на домот за стари лица, во правец ча античкиот мост на реката Вардар чии остатоци порано се констатизани на левата страна од реката, кај село Злокуќани.

Улицата е поставена пред базиликата II која се наоѓа во северниот тел од античкиот град бидејќи улицата т.е. супструкцијата е поставена % до базиликата, додека нејзината девијација од основниот правец И-3 кажува дека при градбата е почитуван правецот на улицата која веќе

Според тоа, улицата е постара од базиликата П а во ваков облик и ехника на градење индицира време на едно цутење. И не само базилиата П, туку и палатата и базиликата 1, како и другите помалку открижи објекти, го следат правецот на улицата со што е потврден растерот 1a градскиот план кој според овие запазувања бил ист во раните и подоцните периоди.

Затоа денес е сосема сигурно дека тука се работи за една многу знаајна градска сообраќајница која, ако би се следела кон југ, веројатно би ожела да не однесе до форумот на градот кој по cè судејќи не е далеку.

АБЕЛЕШКИ

" М. Гарашанин, Д. Кораќевиќ, Базилика II во Скупи, Масеԁ. acta archaeol. 5, 1979,

YUSANKA KORACEVIC - Skopje

Белешки

  1. е малтерна површина во должина од 1:80 м која има слични карактеристики како и малтерната површина во западниот троатоар, во северниот пункт. ↩
  2. Ibid. 38, 39. ↩
  3. М. Гарашанин, Д. Кораќевиќ, Археолошки ископувања во Скупи оԁ 1978 - 1981 одина, Мацед. ацта арцхаеол. 7-8., 93. ↩

Summary

Archeological Excavation in Scupi in 1982

(SUMMARY)

An important street leading from north to south and to the centre of the уп was discovered in the ancient town of Skupi. Excavations of the street ere carried out in the central region of the town in 1982. The street intersects ‘ith other, minor strets, is 8,3 meters wide and laid with big stone blocks of arious dimensions. The street is bordered by kurbs. There were sidewalks 3 \eters wide on both side of the street. Building structures were discovered on oth side of the stret.

The excavations of the street and the building structures proved that the ymmunity was built in three different stages.

The street itself and parts of building structures on the sides of it belong ) the second basic phase. Some walls from this phase could be dated from the / century. Some primitive walls from the nonurban period of Skupi belong the third phase.