Macedoniae acta archaeologica 9 (1988) · стр. 9–30
Неолитско светилиште од Тумба во Маџари, Скопско
- прелиминарно соопштение од ископувањата во 1981 г. -
Во досегашните обиди за посинтетичко прикажување на културниот и хронолошки карактер на неолитот во Македонија, интерпретацијата на неолитот во Скопската котлина е правена исклучиво врз основа на резултатите од истражувањата на Слатина во Зелениково.1 Спрема нив, констатирани се остатоци од повеќеслојна населба од кои постарите слоеви се определени како среднонеолитски, културно многу блиски на фазите П-ТУ од Анзабегово-Вршник групата во источна Македонија, додека помладиот или последниот слој од животот, како доцнонеолитски кој временски се совпаѓа со Винча-Тордош II фазата на Винчанската култура.2
Со оглед на природните погодности на котлината, структурата на релјефот, а пред се нејзината географска положба која овозможувала отворена економска и културна комуникација со областите од централнобалканската зона, овие првични резултати можеа да послужат само како најава за присуството на неолитот и неговите основни карактеристики, но не и за правење на било каква поширока реконструкција на животот, следење на целокупната еволуција или пак попрецизно културно поврзување. Во последните неколку години ваквата истражувачка состојба прилично е изменета. Со археолошките рекогносцирања добиена е карата на неолитските наоѓалишта, во која покрај бројот јасно се гледа распоредот на населбите и нивниот населбински карактер.3 Спрема неа, присутни се два типа повеќеслојни населби распоредени во две зони. Првиот го претставуваат населбите подигнати долж работ на котлината, (во селата Маџари, Стајковци, Петровец) со облик наполно сличен на населбите Тумби познати од Пелагонија и другите котлински предели на Балканот. Вториот тип се зарамнети населби, лоцирани на мали тераси поред коритата на притоките на Вардар, сместени на повисоките зарамнети терени во планинските ограноци (во селата Говрлево, Зелениково, Арачиново, Д. Коњаре). Спрема површинските индиции, во поголем дел тие се среднонеолитски, што може да значи дека изборот на локацијата зависел од стопанската организација а не од културните или временски прилики. Поточно, населбите во котлината биле подигнувани од население ориентирано кон земјоделско производство, додека оние од повисоките места со позасилено сточарство. Со откривањето на населбите Тумби во Скопската котлина се менува досегашното мислење со кое се сметаше дека овој тип населби, во рамките на Македонија, се карактеристични исклучиво за Пелагонија и нејзината Велушко-породинска културна група“.4
Покрај рекогносцирањата, извршени се, или се во тек, сондажни и систематски ископувања на неколку наоѓалишта (Говрлево, Маџари). Резултатите од овие работи го потврдија повеќеслојниот карактер на населбите и уште повеќе надополнија сознанијата за културниот и временски карактер на неолитот во котлината, истовремено укажувајќи на извесна регионална културна самостојност и покрај нејзиното синхроно единство со Анзабегово-вршничката група.
Од овие истражувања, спрема обимот и значајот на постигнатите резултати, посебно се издвојуваат работите на Тумба во Маџари, каде што веќе неколку години вниманието на истражувачите е свртено кон откривање и проучување на организацијата на просторот за живеење (урбанизација) и градителството, во последната среднонеолитска фаза (хоризонт 111). Ценејќи го нивниот допринос, во оваа прилика ќе ги презентираме резултатите од ископувањата во 1981 г, посебно задржувајќи се на основните податоци за архитектонските и култни карактеристики на откриениот објект наречен Светилиште.
Тумба се наоѓа на с-и раб на Скопје, во атарот на некогашното село Маџари, на левата страна од излезот на градот. Како археолошко наоѓалиште, откриена е во 1961/62 г, со рекогносцирањата вршени долж трасата на автопатот „Братство и единство“, делница Белимбегово-Скопје. Во литертурата М. Грашанин ја споменува како наоѓалиште со старчевачки карактер.5 До нејзиното откривање, Тумба со својот обок и димензии, впечатливо доминирала над зарамнетиот простор. Во годините после земјотресот (1963-75), со подигањето на приградската населба Синѓелиќ и новата урбанизација, создаден е нов амбиентален изглед во кој локалитетот наполно ја изгубил својата самостојност. Напуштен од вниманието на стручните служби и надлежните општински органи, тој станува локација за подигање на диви градби. Со нивната изградба како и поставувањето на трафостаница, скоро две третини од неговата површина наполно се оштетени и узурпирани за било какви идни истражувања (Пл.1).
Зелениково 1.6
Имајќи го во вид степенот на загрозеност на Тумба, во 1978 г Музејот на Македонија изврши пробно сондажно искоување со цел да прибере основни податоци за стратиграфијата и карактерот на населбата, изврши културно и хронолошко определување на наодите, а врз оанова на нивната споменичка валоризација предложи заштитни мерки. Така, во слободниот простор, приближно во централниот дел, беа отворени и истражени три помали сонди. Работите покажаа дека е во прашање повеќеслојна населба со развлечена кружна основа во пречник околу 220 м, висока 3 м, чиј облик потсеќа на пресечен конус. (In. I) Во сонда |, која даде покомплетни податоци, утврден е културен слој дебел 2.40 м, односно 2.80 заедно со јамите, во кој се разграничуваат три хоризонти на живеење исполнети со остатоци од архитектура и разновиден движен материјал. Типолошките карактеристики, особено присутни кај керамичкиот материјал (облици на садови и декоративни мотиви), недвосмислено упатуваа на траги од живот кој се одвивал во рамките на среднонеолитските фази П-ТУ од Анзабегово-Вршник групата и паралелно
Ценејќи го значајот на овие наоди, како за истражувањето на населбата така и изучувањето на неолитот во Скопската котлина, во 198! г. беше организирано ново ископување. Во рамките на можностите, се предвидуваше правење на подолг стратиграфски пресек преку отворање на повеќе сонди во слободниот западен дел на тумбата. Откривањето на масивни парчиња од куќен лепеж и меѓу нив групи од керамички садови, непосредно под ораницата во првите квадранти, ја изменија работната концепција. Беше одлучено целосно внимание да се посвети на откривањето и истражувањето на објектот, кому му припаѓат овие нади, од едноставна причина што покрај богатството од материјали тој нудеше и информации за архитектурата, кои во проучувањето на неолитските куќи во Македонија се уште се скудни. Така, на северната страна од квадрантите L3-5, во простор од 180 м?“,6 се оворија десетина квадранти со димензии 4 х 3 м, меѓусебно разграничени од контролни профили широки | м.“а
Во габаритот на квадрантите J 3-5, K 3-5 i l 3-5 веднаш под хумсот на длабочина 0.20-0.30 м, откриена е површина од 10 х 10 м исполнета со компактна маса од куќен лепеж на места испревртена и со празнини настанати од доцнежните земјоделски работи (Сл. 1). Положбата на лепежот веднаш покажа дека се во прашање рушевини од зидови на куќа уништена со пожар. Спрема сочуваните отпечатоци кај голем број парчиња лепеж и слоевите од премази, таа била со цврста архитектонска конструкција, градена од обла и цепена дрвена граѓа, употребувана доста долго време.
По отстранувањето на рушевините добиени се основните податоци за обокиот и димензиите на куќата, градителската техника а истовремено откриена и содржината на целокупниот инвентар од движни и недвижни предмети. Така, од распоредот на дупките-лежишта од колци
се гледа дека имала правилна четвртеста основа со дим. 9 х 9 м, поставена во правец и-з. Вертикалните носачи на 5идовите се обли стебла, и дебели до 0,15 м, распоредени на растојание од 0,60 до | м, вкопани во длабочина до 0.30 м (Пл. Ил) Тие биле испреплетени со долги цепени штици хоризонтално редени, на места врзувани со јаже од лика. Вака направената конструкција подоцна била од двете страни обложена со лепеж, направен од земја помешана со плева, на тој начин што надворешната страна е прилично дебела, дури до 0,15 м, додека внатрешната тенка со што лицето на ѕидното платно било само замазнето. Со дебелината на фасадната мачканица се постигнувала поголема термичка изолација а истовремено и заштита на дрвената конструкција од дождови и влага. Горниот раб на зидот веројатно бил затворен со хоризонтална греда која истовремено ги прифаќала роговите од покривот. На кошињата од основата се лежишта од подебели стебла. Тие се носачи што завршувале со чатали во кои се вкрстувале краевите на хоризонталните греди а исто така и челните рогови од покривната конструкција. Како аналогија која го поткрепува ваквото размислување за конструкцијата на покривот, може да ни послужи изгледот на покривот кај жртвениците-модели на куќи од Тумба Породин во Пелагонија.7
Лежишта од вертикани носачи на западниот зид не се најдени, со исклучок на еден во средината. Нивното отсуство како и малото количество лепеж во овој дел, укажуват дека од оваа страна куќата била широко отворена, што претставува елемент во прилог на одредувањето на нејзиниот функционален карактер.
Внатрешниот простор има под од натапкана земја, доста нерамен. Едни длапки се настанати уште во време на неговата организација и со долгото користење на куќата, други од притисокот на тежината на рушевините и подоцна наталожениот слој земја. Четири лежишта од стебла, поредени во правец H-3, длабоко вкопани во подот, основата ја делат на две половини. Во прашање се греди, со пречник 0,25-0.30 м што ја потпирале столицата на двосливниот покрив. Помеѓу нив нема претии зид, така, во целиот простор комуникацијата била слободна (Пл.
Во врска со изнесените подтоци, може слободно да се рече дека овој објект не нуди никакви градителски новини. Подигнат е на начин и од материјали, скоро, како и сите други неолитски куќи ширум Балканот и Југоисточна Европа, без оглед дали му припаѓаат на раниот неолит или друга подоцнежна културна фаза.8 Тоа значи дека се работи за одржување на една заедничка градителска традиција. Извесна формална разлика претставува употребата на дрвената граѓа која на нашиот објекг му дава масивност и цврста конструкција, односно отсуството на трска и прачки. Секако, количеството на вградените дрвени материјали зависело од богатството на шумските фондови во околните планински масиви и нивната оддалеченост од населбите, во овој случај близината на Водно и Скопска Црна Гора. Можеби извесна разлика преставуваат. обликот и димензиите на основата со што се издвојува од правоаголните и трапезоидни основи на куќи од Анзабегово?,9 Велушка Тумба!“10 и Тумба Породин.11 Ваквата разлика веројатно произлегува од нивната функција. Додека едните служеле за живеење нашиот објект имал јавен карактер, за вршење на заеднички религиозни обреди, на што укажуваат слобод-
ниот влез, организацијата на внатрешниот простор, зиданите жртвени
маси како и распоредот на движниот материјал, што подолу ги презентираме.
Како што е спомнато, со средишниот гредоред, куќата била поделена на два дела. Неговото присуство стои во директна врска со покривната конструкција. Меѓутоа, овде се наметнува прашањето од кои причини била одбрана позицијата и-з, а заедно со тоа зошто бил оставен влез на западниот зид. Ако се има предвид струењето на ветерот, чиј правец секако не е променет до денес поради релјефот, едната страна од покривот била перманентно изложена на неговите дејствија, а исто така и влезот. Заради поголема заштита, логично би било билото да е свртено во правец с-ј. Објаснувањето на сето ова се чини дека лежи во религиозниот карактер на објектот и сваќањата на верниците за значајот на изгревот и заоѓањето на сонцето, нивните духовни побуди, идеи и сл, од што произлегувала соодветната градителска концепција. Што се однесува до лоцираноста на светилиштето, на Пл. се гледа дека лежи далеку од центарот на населбата, помеѓу самите живеалишта. Ваквата положба упатува на можна претпоставка за постоење на уште неколку верски објекти подигнати од семејства родовски поврзани, групирани на едно место.
Јужната половина на светилиштето е слободна просторија, 9 х 4,5 м, во која е пронајден голем број фрагментирани и цели садови, необични и доста правилно распоредени. Сите лежат на подот, поред основата на-јужниот и источниот зид, во in situ положба, со исклучок на неколку што биле отпосле дислоцирани со рушењето на зидовите (Пл. П). Се работи за садови различни по фактура, големина, облик и техники на украсување. Големите садови се високи 0.70 до | м, имаат мешлест стомак прекриен со лесен барботин, врат и рамо замазнети, со три, шест или девет држалки распоредени на три страни една под друга (сл. 2). Нешто помали димензии имат ќуповите (сл. 3) и широко отворените конусни садови (сл. 4), украсени во истата техника. Посебна група пре-
тставуваат садовите аскоси со пет држалки и проширен стомак понеко-
гаш перјанесто барботинирани, чиј облик асоцира на желудник од свиња или тело од барска прица (сл. 5). На фината керамика и припаѓаат заоблени чинии и паници монохромно премачкани со кафеава или црвена ангоба, минијатурни сатчиња и пехари на конусна нога од кои едни се раскошно украсени со спирални орнаменти, насликани со темнокафеава боја врз црвена основа. Вкупниот број на откриените садови, цели или што можеле да се реконструираат, изнесува 20 примероци. Меѓутоа, треба да се спомне дека постои и голем број фрагменти од други садови, расфрлени“ по подот од просторијата, чиј облик не може. точно да се одреди.
Покрај керамиката најдени се и две групи камења. Едната е фланкирана поред источниот крај на јужниот зид и се состои од неколку големи кршени камења, две фргментирани и една цела рачна мелница (си. 6) и еден аван. Втората група е од сосема ситни камчиња помешани со фрагменти керамика и лежи поред источниот ѕид, близу ј-и ќоше. Присуството на оваа група е нејасно, но се чини дека се работи за отпадоци прибирани после секое чистење на подот. Непосредно до нив откриени се и неколку тенки парчиња лепеж кои имаат широки вдлабнатики од прсти, распоредени во редови. Спрема дебелината и фактурата, без сомнение, тие му припаѓале на внатрешното лице на источниот ЅНО, како декорација, меѓутоа, точното место каде биле аплицирани неможе да се одреди.
На наспомнатите наоди им припаѓа и култната ваза од печена земја откриена приближно во средината на источната половина од просторијата и на | м од јужниот зид, која заслужува посебно внимание (сл. 7). Се работи за жртвеник, висок 0.39 м, посветен на Големата мајка, кој ликовно, по содржината на божествените аспекти и начинот на нивното прикажување, наполно се разликува од сличните култни предмети досега откриени во неолитските населби на Балканот. Неговото тело, иако на прв поглед делува како да е составено од две независни фигурални половини (антропоморфна и архитектонска), претставува скулптурална целина. Многу вешто и со големо уметничко чувство обединети се основните сваќања за култот на плодноста и напорите за негово автентично приближување и ставање во функција на основните животни
потреби. Во ликовниот израз присутна е тенденција за расчленување на
формата, поголем наративен изглед, а истовремено и постепено ослободување од сарита традиции кои се ограничени и честопати сведени до шаблонизирана стилизација.
Горната половина на жртвеникот ја означува Божицата персонифицирана во изгледот на жената. Таа е допојасна со стилизирано цилиндрично тело, внатре празно, слеано со главата која завршува рамно и со кружен отвор на темето. Лицето ѝ е плоско, има врежани очи, лачни веѓи и голем нос клунесто подвиткан, а на челото неколку прамени коса насликани со разредена кафеава боја. Задниот дел од главата го прекрива коса, назначена со вдлабнатинки, елегантно прибрана во необична „фризура“. Што се однесува до градите, тие се пластични, додека пупукот е даден во форма на вдлабена петлица.
Наративниот изглед на фигурата го збогатуваат рацете кои се раширени и свиткани во лактовите и со шаките лесно наслонети на покрив од објект што ја означува долната половина на жртвеникот. Архитектонската форма на овој објект потсеќа на модел од куќа (7) Има рамен покрив, четвртеста основа 0.20 x 0.20 м. и прави зидови високи 0.13 м украсени со отвори симетрично распоредени. Отворите на челните страни се елипсоидни и косо поставени, додека на бочните правоаголни. Така, едните асоцираат на прозорци а другите на широки влезо-
Фигурата на Божицата и моделот биле независно моделирани и потоа поврзани, пред самото печење. Овде треба да се додаде и тоа дека површините на жртвеникот се прекирени со неколку тенки премази од глина, што говори за интервенции правени за време на долгата употреба. Во прилог на ова се насликаните прамени коса на челото што се појавија по отпагањето на последните две премази. Со ваквата ликовна концепција постигната е основната култна и религиозна цел. Претставена е Големата мајка како матрона на храмот, заштитничка на домот и семејството, мајка хранителка, особа со силна апотропејска моќ, моќ за андрогиност, космогона улога и со многу
други божествени функции. Надвор од тоа, во нејзиниот наративен
изглед е поистоветен изгледот на тогашната жена, нејзините чувства за китење и допадливост (претстава на белезици, фризура).12
Како што е речено, аналогии за претставата и култната содржина на нашиот жртвеник не ни се познати, особено од населбите на истовремените култури вон границите на ср Македонија. Извесни“ сличности пружат жртвениците-модели на куќата од Велушко-породинската културна група во Пелагонија (Тумба Породин"?13 Велушка Тумба,14 Голема Тумба во Добромири"15 и др.), и тоа само во идејата за култот. Кај нив моделот е правоаголен и на две води, а на покривот имаат цилиндричен оџак со антропоморфно лице. Останатите детали недостасуваат, така што не може да се одреди полот на претставата како и нејзините божествени аспекти. Наполно идентичен е жртвеникот случајно откриен во с. Говрлево, Скопско.16 Бидејќи оваа населба, како и Маџари, и припаѓа на Скопската котлина, може слободно да се рече дека ваквите облици на жртвеници со претстава на Големата мајка претставуваат манир карактеристичен само за средниот неолит на оваа микро средина.
Со оглед на значајот и улогата на жртвеникот во извршувањето на обредните дејствија, интересно е прашањето во кој дел на просторијата и на каков начин бил експониран. Секако, прав одговор неможе да се даде, меѓутоа одделни детали од in situ положбата упатуваат на неколку претпоставки:
- откривањето помеѓу големи блокови од лепеж, сугерира постоење на камара направена во горната половина од средишниот дел на јужниот зид, во која била сместена (9)
- покривот на моделот на куќата, на кошињата има по една провртена лушка. Можеби тие служеле за спровнување на јажиња со кои жртвеникот бил врзан за таванот, слободно виснат,
- или поставен на столб специјано наменет за таа цел. Се чини, дека оваа претпоставка може да биде најприфатлива од причина што непосредно до местото каде е најден жртвеникот, постои дупка-лежиште од столб, со пречник 0,25 м, длабока 0.30 м, вкопана во подот. Таа е слободна и не се врзува со конструкцијата на светилиштето. На дното има потпорна плоча, а страните И се грижливо премачкани со глина. Исто така премачкан е и дел од подот што ја опкружува. Ваквиот изведбен однос покажува дека се работи за посебен столб, кој не бил фиксиран туку ставан и ваден спрема потребите на религиозните пригоди. Наоѓајќи се во челниот дел на просторијата, со поглед кон влезот, подигнат на столб во височина што обезбедува прегледност над внатрешнината на светилиштето, жртвеникот со Големата мајка го означува местото каде што започнувале и најверојатно завршувале обредните дејствија.
Внатрешниот простор на северната просторија од светилиштето има поинаква организација. Во неа се најдени три зидани обредни маси- -жртвеници (А, Б и В), различни по облик, распоредени во средината како и еден мал преграден зид (Пл. П). 5идот е косо поставен, со едниот крај прилепен до северниот зид, а со другиот до средишните столбови потпирачи на покривот, односно помеѓу жртвениците А и Б. Има должина 4,70 м,направен е од вертикално забодени гранки испрепелтени со прачки и трска, премачкани со лепеж. Лицето свртено кон жртвеникот А е замазнето со хоризонтални повлекувања од прсти, додека другото не е сочувано и дури делува незавршено С?) бидот го следи падот на подот така, сочуваната височина близу северниот зид изнесува 0,10 м а кај столбот потпирач 0.40 м. Од сето ова се гледа дека преградниот зид бил подигнат подоцна, меѓутоа кога е и од кои причини неможе да се одреди точно. Сигурно е дека е истовремен со жртвениците Б и В, но што се однесува до одговорот за причините тој треба да се бара во проширувањето на обредните дејствија и давањето поголема нагласка на функцијата на жртвеникот А.
Жртвеник А се наоѓа во западниот крај на просторијата, близу влезот. Подигнат е на подот од голема маса кал во средината исполнета со неколку редови од камен и керамика, обликуван како четвртеста маса, во импресивен архитектонски изглед. (сл.8) Има сочувана височина до 0.40 м, основа | х 1 м која се шири према горниот дел за уште 0.10 м. Страните му се украсени со нози релјефно обликувани, високи 0.22 м, поставени на ќошињата и по една во средината, меѓусебе аркадно поврзани. Горниот дел на жртвеникот завршува со четвртест реципиент кој има внатрешна површина 0.80 х 0.80 м со под од глина, ограден со зитче високо 0.10 м. Иако доста оштетен, одделни траги покажуваат дека реципиентот имал отвор на јужната страна чија широчина неможе да се одреди. Површините на жртвеникот се премачкувани со повеќе слоеви од глина од кои на едни има траги од белузнава боја.
Необичниот облик, отсуството на траги од горење во реципиентот говорат дека објектот служел за обредни цели, веројатно за либација. Вакви зидани жртвени маси засега не се познати во населбите од помладиот наеолит на т. н. балканско-анадолскиот културен круг, така што во
недостиг на анлогии тешко може нешто повеќе да се рече за нивната вистинска функција. Во прилог на ова, како извесна потврда можат да послужат предметите од керамика наменети за култни потреби во рамките на семејството. Всушност, се работи за жртвеници кои, во една доста смалени димензии, го задржале основниот облик на жртвената маса, и се збогатени со декоративни елементи.17 Така, со откривањето на жртвената маса во светилиштето истовремено се објаснува и идејата за обликот на овој тип жртвеници од керамика.
Околу жртвената маса најдени се повеќе садови, цели или оставани како големи фрагменти, без некаков ред. Од нив, посебно се издвојуваат луксузните со фина фактура, како што е на пр. амфората со висок врат и проширен плоснат стомак, насликана со темнокафеави орноменти врз црвеникава основа. На ободот и во коренот на вратот се ромбови ВКЈІОпени во хоризонтални низи, а стомакот го красат широки вертикални ленти исполнети со отворени спирали во негатив кои истовремено го делат на четири полиња. Во секое поле се по два српасти орнаменти и по едно петличесто вдлабнување (сл.9). Исто така треба да се издвои и минијатурното сатче-„пиксида“ кое има цилиндрично тело украсено со затворени поврзани спирали изведени во техника на копаничарство (сл. 10) Од другите садови присутни се грниња, ќупчиња, плитки широко отворени конусни чинии, како и еден голем ќуп-питос, сличен на оние од јужната просторија, сите украсени со барботин поставен на стомакот.
Жртвеник Б лежи во средината на просторијата, непосредно дс парапетниот ѕид и средишните столбови носачи Има четвртеста основа 1.30 X 1.30 м и сочувана височина од 0.40 м (сл. 11). За разлика од жртвеникот A нозите му се куси, здепасти и лачно поврзани, со малку забележ: лива релјефност. Со горниот дел тие се слеани во телото на жртвеникол кое постепено се стеснува (| x | м) и преминува во калотеста форма Жртвеникот завршува со реципиент кружно затворен со SUTYE кое, Ні внатре, се издига косо. Реципиентот е обложен со под од дебел слој глина. Во моментот на откривањето траги од горење не се констатирани а најдено е едно монисто од камен и мноштво пепел од слама веројатно упадната од покривот во време на пожарот. Како и кај претходниот жртвеник, страните му се обложени со повеќе премази од глина што допринело да се изгуби пластичноста на нозите, а самиот облик постане заоблен.
Од изнесените податоци јасно се гледа дека и оваа жртвена маса била во функција на општиот обреден чин, меѓутоа, наменета за сосема друг вид дејствија. Како форма доста наликува на калотестите печки, особено на печката од Куќа | во Зелениково"“, со таа разлика што тие имаат калотесто затворено огниште. Бидејќи целиот ритуал бил посветен на плодородието, во кое влегува и исхраната, се чини идејата за обликот на жртвеникот потекнува токму од овие печки, дотолку што практичната намена била заменета со симболична. Ваквата претпоставка во голема мерка ја поткрепуваат приложените наоди околу жртвеникот, посебно тестата од земја во облик на „колаче“, „сомунче“ или „леб“, како и близината на жртвеникот В.
Бројот на откриените прилози, распоредени околу жртвеникот, е голем и разноврсен. Тие се ќупови (сл. 12), грниња, заоблени паници и неколку аскоси слични на спомнатите но со мали димензии, како и расфрлени фрагментирани садови чии облици не можат да се определат. На споменатите теста од орање H припаѓаат две плоски дискоидни „колачиња“ и една „погачка“, грубо обликувани. Интересна е и групата од 56 тегови за разбој од печена земја, поставена поред ј-и нога на жртвеникот (сл. 13), која се состои од топчести, плоснати издолжени и пирамидални тегови во најголем број, сите во горниот крај продупчени. Иако наменети во производството на текстил, нивното присуство може да се објасни како симболичен дар поврзан со напорите за одржувањето на стоката, кое нешто е составен дел на заедничкиот ритуал посветен на култот на плодноста.
Жртвеникот В е сместен во с-и дел на просторијата, на околу 1,50 м од жртвеник Б. Направен е од земја и дебели премази од глина, во облик што наликува на лотос и како таков сосема се разликува од пре-
тходните два жртвеника (Пл. II; сл. 14). Има масивно столбесто тело (може да се нарече и нога), грубо мачкано, високо 0.37 м и со пречник од 0.50 м. Врз него е поставен реципиент сверично вдлабен, со пречник од 0.68 м, кој е доста оштетен. Во средината на реципиентот се наоѓа издолжена триаголна плоча, вглавена во глината, подигната во висина на кружнот раб. Со едниот крај таа излегува од реципиентот; претставувајќи еден вид отвор, додека другите две ги опкружува плитко каналче од 0.08 м. Обликот и организацијата на реципиентот сосема јасно покажуваат дека се работи за објект-мелница наменет за припремање на брашно, најверојатно направен спрема обликот на мелниците употребувани во секојдневниот живот. Бидејќи на плочата не постојат никакви траги од употреба, односно толчење или триење, неговото присуство во светлилиштето може исто така да се објасни како делот од ритуалот, посветен на симболичното припремање на брашното што е тесно поврзано со функцијата на жртвеникот Б.
Поред жртвеникот В прилози како и да нема. Најдени се: грнец со стомак украсен од организиран барботин, тесто од глина во форма што асоцира на леб-сомун и парчиња од кршени садови.
Преостанатите делови на просторијата прилично се чисти. На подот, поред северниот 5ид, откриени се две групи од по неколку тегови за разбој, купче од ситни камчиња помешани со ситни фрагменти керами-
ка, четири ќупови со помали димензии, а исто така и мноштво расфрлени фрагменти од садови. Заедно со овие, вкупниот број на садовите од простиријата, цели или што можеле да се реконструираат, изнесува 25, а меѓу фрагментите се насетуваат уште десетина облици. Интересно е што нема многу орудија во светилиштето. Најдени се неколку секири од кварцни и базалтни стени, плоски со трапезоидна или јазичеста форма, типична за неолитската камена продукција. Што се однесува до орудијата од коска тие отсуствуваат, а треба да се додаде и тоа дека бројот на животинските коски е мал. Иако на прв поглед занемарлив, овој податок е интересен и исто така може да послужи во уточнувањето на функцијата на објектот.
Во нашево соопштение настојувавме да ги презентираме најосновните податоци откриени во овој објект, од последниот хоризонт (ІІТ) Во населбата Тумба, што се однесуваат на архитектурата, внатрешната организација, наодите и нивниот распоред, со цел, а во рамките на можностите, да се предложи приближно толкување на неговата намена. Секако, тешко може да се прави адекватна интерпретација врз основа на материјалните остатоци, и уште повеќе што ваква внатрешна организација и мноштво од разноврсни наоди во еден објект, по прв пат се открива во една неолитска населба, кај нас и на Балканот. И покрај сите потешкотии, потпирајќи се на податоците прибрани in situ и карактерот на наодите, сметаме дека толкувањето што го даваме е доста блиско до вистинското.
Во врска со архитектурата, како што е речено, објектот не нуди новини. Применета е вообичаената градителска техника, со разлика во градежниот материјал кој е исклучиво од дрво, со што била постигната масивност и цвста конструкција, а со тоа и услови за долга употреба. Како таква блиска е на куќите од Зелениково (Куќа 1) и Пелагонија. Формални сличности постојат и во основите на куќите од Анзабегово (1 и П), меѓутоа тие се постари и како такви многу поблиски до формите од Предсескло групата во Тесалија"? и Тракија. Спрема внатрешната организација, сите тие биле наменети за живеење, што не е случај со нашиов објект. Иако е поделен на два дела, неговиот простор е толку исполнет со предмети што практично не постојат никакви услови за домување. Од исти и слични причини неможе да сеприфати негово поистоветување со грчарска работилница или пак магацин за чување. Затоа, земајќи ги предвид обликот и распоредот на жртвените маси, 45 те цели садови, бројната кршена и расфрлена керамика, купчињата тегови, отворените влезови, жртвеникот со Големата мајка, секундарната положба на рачните мелници, орудијата, симболичните теста од земја и др. може слободно да се рече дека е светилиште од јавен карактер, за извршување на заеднички религиозни обреди посветени пред се на култот на плодноста и неговата заштитничка.
Иако целокупната положба, на прв поглед, делува доста јасно, објаснувањето на обредниот чин и поводите за неговото организирање, не е така лесно. Се чини дека редоследот на дејствијата треба да се следи спрема редоследот на наодите, онака како што е и презентиран. Тие започнувале со влегувањето во свечено украсената јужна просторија, во која на челната страна се наоѓал високо поставениот жртвеник на божицата. По завршувањето на поклонувањето пред идолот, молитвењето, а
веројатно и проповедите на „свештеното“ лице, обредот продолжувал
| е е - МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА | | | локтумба,с. Маџари -Скодје _ j : | uckouybare: 1981 |
цртеж: л.бр.
Пол. П Основа на Светилиштето со распоред на жртвените маси и керамичките садови
] The ground of the Temple and disposition ceramic pottery ЗАБЕЛЕШКИ
спрема канонскиот ред, од принесување на животинска жртва (овца или коза) до симболичното подготвување на храна, извршувани во или поред жртвените маси. Секој учесник, во рамките на своите жалби и можности, приложувал дар, оставајќи го околу жртвениците, долж зидовите или пак го кршел и расфрлувал по подот. Даровите се предмети тесно врзани со чувањето на житото (ќупови, грнци), спремањето на храната (ќупчиња, гниња), чување вода (аскоси, амфори), помагала за јадење (паници, чинии, пехари), со ткаењето односно стоката (тегови), чии облици и декоративни мотиви исто така имаат симболично значење. Преку нив и обредни дејствија, биле упатувани молбите до семоќната заштитничка да им возврати со соодветен дар што ќе значи благосостојба и спокојно живеење. Веројатно, церемонијалот завршувал во слободниот простор пред источниот зид на светилиштето, со пригодна гозба, а можеби и изведување на обредни игри. Бидејќи инвентарот е поврзан со култот на подноста, сигурно свеченостите биле организирани во време на сезонските земјоделски работи (сеење, жетва), но и по други поводи (суши, поплави, болести и сл.).
Покрај обредната улога, треба нешто да се рече и за типолошките карактеристики на керамиката, со оглед на тоа што претставува основен репер за временското и културно определување на населбата. Земено во целина, работена е квалитетно и на прилично високо технолошко и уметничко рамниште. Преовладува монохромната со сива, црвеникава и поретко кафеава боја, сите во посветли и потемни нијанси, додека сликана е скромо застапена со околу 10%. Спрема фактурата се издвојува како груба, осредна и фина, со тоа што грубата има состав на земја многу близок на осредната керамика. Најбројни се грубо обликуваните садови со големи димензии (ќупови, грнци), кои по правило имаат замазнето рамо и врат, стомак проширен, прекриен со организиран барботин и поретко со класичен барботин, разграничени од пластична лента украсена со вдлабнатинки (сл. 2, 3, 12). Сите се со држалки, две, три, четрии, шест или девет, во зависност од големината. На оваа група и припаѓаат и длабоките конусни садови, со ребро од внатрешната страна, поставено под ободот, однадвор барботинирани, како и плитките широко отворени садови што наликуваат на фрутарии (сл. 4). Садовите со осредна фактура се грниња и ќупчиња во неколку варијанти и големини, грубо мазнети или прекриени со барботин; мали конусни паници и чашки понекогаш украсени со врежани линии, отисоци од нокти или штипење; а бројни се и аскосите со пет држалки и во разни големини чиј стомак, исто така, понекогаш има организиран барботин. Што се однесува до фината керамика таа е застапена со неколку монохромни заоблени и конусни паници, пехари на делумно празна конусна нога и амфори насликани со спирални и други линеарни орнаменти (сл. 9). Гледајќи го големиот број садови се добива впечаток дека се работи за типолошко шаренило меѓу облиците. Напротив, застапени се неколку основни облици, разработени во варијанти што се повторуваат. Веројатно, тоа доаѓа оттаму што нивното производство небило шаблонизирано и серијско, туку поединечно, зависно од материјалот, приодот на мајсторот а можеби и порачката. Овде треба да се нагласи присуството на облици и декоративни техники кои се карактеристични за постарите неолитски фази, сами или во комбинација. Така на пр. големите мешлести садови, заоблените паници и амфорите, потоа класичниот барботин, штипењето и убодите со нокти, се многу слични на оние од раниот неолит во Анзабегово (1); грнињата, заоблените и малку прекршени паници, организираниот аркаден барботин за Анзабегово ІІ-ІІІ. Мешање на орнаментите се појавува и кај сликаната керамика. Така, вертикалните ленти што алтернираат, карактеристични за Анзабегово І]-І1І?4 и Руг Баир ІІ** одат заедно со спиралата, позната од последните среднонеолитски фази (ТУ односно III) во овие населби.
Доста честа форма, која би можела да се издвои дури и како локална појава, не само за Маџари туку и за Скопската котлина, претставува аскосот. Што се однесува до директните аналогии со керамиката од другите населби на Анзабегово-Вршник групата, тие се среќаваат во Алин дол, светиниколско?“, на брег, хоризонт II, кумановско?" и Галабник, хоризонт III, во Западна Бугарија, а надвор од нејзиниот круг, најблиски со керамиката од Старчевачката култура, Пб во Србиjas 29
Иако не е прикажана деталната анализа на керамиката, од досега реченото јасно се гледа дека во квантитативното шаренило од садови и орнаментика на многу вешт начин е разрешен односот на новите сваќања кон старите традиции. Од старите форми биле прифатени идеата за намената и техниките на украсување. Меѓутоа, со усовршувањето на технологијата и новиот реалистички приод, не само што бил воспоставен соодветен компромис туку се појавува понагласена тенденција за ослободување од традиционалното. Се настојувало кон поголемо природно и пропорционално расчленување. И не само тоа, садовите се моделираат слободно и многу вешто, со особена смисла и чувство за елеганција и естетски изглед. Кај орнаментиката, во самиот цртеж постои тенденција за тродимензионалност, ускладување на широчината со длабочината, на анфасот со профилот. Во поставувањето на врежаните, втиснатите или сликаните мотиви, забележливи се бројки кои ја разграничуваат површината на садот (два или четири дела) во повторувањето на орнаментот (седум пати) или пак одмерена ритмика. Со играта на линеарните орнаменти, траките исполнети со спирали или лентите што алтернираат кои од устата постепено се шират и во шпиц завршуваат кон дното, постигната е поголема визуелна облина. Кај оделни видови садови и орнаментика, особено изведена во импресо и барботин, забележливо е пренесување на форми од природата со симболично значење. (плодови, капки дожд, житен клас, цвет и сл.)
Од ова произлегува дека керамиката од Маџари не треба да се гледа само како развиена грнчарска продукција, туку и како продукт на новосоздадените свакања за уметност. Се работи за уметност која ги надминува рамките на творештвото и се она што било сторено во истовремените култури од соседните краишта, со изграден сопствен стил. Анализите покажуваат дека била создадена in loko, врз постарите традиции од раниот и средниот неолит на Анзабегово-Вршник групата, како нејзин директен следбеник. Таа е резултат на новите животни услови, општествени односи, организирано стопанисување проследено со производствени вишоци и атмосфера на поголема сигурност и спокојно живеење. Таквата благосостојба и новоизградениот менталитет кај населението, од населбата и котлината, предизвикал интерес за надградување на материјалната и духовна култура, ослободување од старите принципи и норми и оформување на сопствен стил во уметничкиот израз. На крајот, уште еднаш да спомнеме дека во соопштениево направивме обид да ги прикажеме најкарактеристичните наоди и сознанија што можеле да послужат во дефинирањето на култната намена на објектот како и временско и културно определување на материјалната култура, без да се навлегува во детални објаснувања или каталошка анализа. Од нив, сосема јасно произлегува дека овој хоризонт од населбата, заедно со Зелениково I и Говрлево, му припаѓа на последната фаза на средниот неолит во котлината и е истовремен со последната фаза (ТУ) од Анзабегово-Вршник групата. Наспроти временското и културно единство, одделни специфичности се повеќе сугерираат самостојност и издвојување од оваа група, како нејзина варијанта. Резултатите од овие ископувања претставуваат уште еден прилог кон натамошното истражување и проучување на неолитот, не само во Скопската котлина туку и во Македонија, посебно за проучувањето на култот, религијата и материјалната култура на неговите носители. Истовремено, преку нив, се загатнува нова дискусија и за утврдувањето на самостојноста на Анзабегово- -Вршник групата и нејзино издвојување од кругот на Старчевачката културна група. 1, Види го во овој број прилогот од М. Гарашанин, М. Билбија, Куќа | во Зеленико-
'9 V, Milojéié, Die deutshen Ausgrabungen auf der Otzaki Magula in Thessalien, 1971, 13
Со работите во 1982 г, во слободниот простор источно од светилиштето, најдени се неколку делови од черепи кај кои роговите биле намерно отсечени во коренот. Спрема мислењето на д-р Алиџа Ласота Москалевска, археозоолог од Варшава, која изврши анализа на жив. коски, се работи за черепи од овци најверојатно употребувани во обредни
2 Просторот пред ветилиштето се шири полукружно кон средината на населбата, додека останатите три страни ги опкружуваат објекти за живеење, подигнати во непосредна близина.
Ibid...k.бp. 19, 20д, 25, 26.
2% Д. Здравковски, M. Шурбаноска, Извештај од заштитното ископување на ха „Мавровица“ во с. Немањици, Светиниколско, Зборник на археолошкиот музеј X-X25, Скопје 1983, 113, 114, Т. ІТ.
Види го прилогот на Д. Здравковски во овој број на Масеԁ. acta archaeol.
32 J. Pavuk, M. CocHadziev, Neolithische tellsiedlung bei Galabnik in Westbulgarien, Slovenska Archeolégia XXXII-1, Bratislava 1984, 203 и натаму, Abb. 6, 8, 11.
VOJISLAV SANEV - Skopje
Белешки
- М. Гарашанин, Г. Спасовска, Нови ископувања во Зелениково кај Скопје, Масеԁ, acta2 archaeol. 2, Prilep 1976, 85 i natamu; M. Garašanin, Centralnobalkanska zona, praistorija jugoslovenskih zemalja, Sarajevo 1979,96. ↩
- М. Гарашанин, Г. Спасовска, ор. cit. 110; M. Garašanin, op. cit. 207. ↩
- Нови рекогносцирања во Скопската,јотлина се извршени во 1981/82 г, во организација на Археолошкиот4 музеј на Македонија. ↩
- M. Garašanin, ор. cit, 86; B. Санев, Младото камено доба на Македонија во досегашните археолошки истражувања, Materijali XIV, Prilep 1976, 70. ↩
- М. Гарашанин, Еден осврт на предисторијата во Македонија, Гласник на институтот за национална историја 1, Скопје 1968, 155. ↩
- В. Санев, Праисторија на ср Македонија, од археолошкото богатство на ср Македонија, Скопје 1980, каталог, 8,24; M. Garašanin, Praistorija.. 92-94. В. Санев, Неолитско светилиште од Тумба во с. Маџари, Археолошки музеј на Македонија, Скопје 1981, проспект; ↩
- M. Grbić, P. Mačkić, N. Šandor, D. Simoska, B. Stalio,Porodin kasno-neolitsko naselje na tumbi kod Bitolj, Bitolj 1960, 21, T. XXXIV, 2. ↩
- Б. Стално, Насење и стан неолитског периода, Неолит Централног Бакана, Народни музеј Београд, Београд 1968, 82. ↩
- M. Garaganin, Anzabegovo-Barutnica site néolithique a plusieurs, Epoque préhistorique et Protohistorique en Yougoslavie, Resherches et Résultats VIII me Congrés de sciences préchistorique et protochistorique, Beograd, 1971, 136-138, IX, fig 1,2; Истиот во Praistorija... 96. ↩
- е Д. Симоска, В. Санев, Неолитска населба Велушка Тумба кај Битола, Масеԁ acta archaeol. I, Прилеп 1975, 43 сл. 2. 3. 7 и 8. : ↩
- M. Grbić и други, op. cit. T. IV. ↩
- На подеталното толкување на божетствените аспекти ќе се задржиме поопширно во друга прилика. ↩
- M. Grbić и други, op. cit. T. XXXIV, 2 ↩
- Д. Симоска, В. Санев, op. cit. 64, T. XXIII; Д. Симоска, В. Санев, Праисторија во Централна Пелагонија, каталог, Битола 1976, сл. 90, 93, 116, 134, 144. ↩
- В. Санев, Праисторија на ср Македонија... кат. бр. 51. ↩
- З. Георгиев, М. Билбија, Неолитска населба кај Говрлево, Културно наследство IX, Скопје 1984, 42, сл. 1 ↩
- П. Корошец, J. Корошец, Предисториска населба Барутница кај Амзабегово во Македонија, DISS XIV, Прилеп 1973, T. 13; Р. Галовић, Зеленико во, Зборник народног музеја В. Београд 1967, T. VII, 1-3; В. Санев, Неолитска населба Руг Баир кај с. Горубинци Зборник на штипскиот народен музеј IV V, Штип 1975, 220, T. X, 6-13. ↩
- В. Санев, Руг Баир... 223, T. V. 1, 7: T. VIII, 1; T. 1X. ↩
- PD. Arandelovié Garaganin, Starcevacka kultura, Ljublana 1954. ↩
Summary
Neoliтhic temple ат Tumba in Madjari, ѕкорје region: preliminary report of тие excavations in 1981
(SUMMARY)
The cultural and the chronological character of the Neolithic Period in the Skopje valley until recently has been based on the excavations from Zelenikovo, where remains of two tells were discovered which were dated from the middle and late Neolithic Period. These remains were similar to the ones from the Anzabegovo-Vr&nik group, as well as from the Vinta-Tordo$s of the Vinéa culture. The discoveries were not sufficient to give a complete reconstruction of the life in this area. The research helped to reconstruct the map of the Neolithic settlements in the valley, their number, location and types. Along the edge of the valley the settlements are of the multiple tell type, while those on the hills are flat and built on terraces by water. The discoveries were not sufficient to give a complete reconstruction of the life in this area and its evolution. In the past few years this has gradually changed. Excavation was carried out on few sites (in the villages Govrlevo and Madjari) where by cultural layers of living where discovered with several phases of reconstruction and numerous finds from the material and the spiritual culture, hence increasing the possibilities for a better definition of the character and the evolution of the Neolithic period in the valley.
According to the extend and the value of the results from the research work we specially distinguish the work on the settlement Tumba in the village Madjari, and in this report we present a part of it.
The most important are the excavations at Tumba, Madjari. Tumba is
located to the north - east of Skopje, at Madjari, near the foot of Skopska
Crna Gora. The shape of this settlement is similar to the multiple tells from Pelagonija, which are common in different parts of the Southern Balkans. It is rather spread out with a circular base, and a diameter of about 220 meters and 3 meters in hight. Up to 1961/62 when for the first time the site was registered, Tumba dominated above the flat plane. However, after the intensive building of the suburban areas, a new surrounding has been created which even those not allow the presence of the Tumba to be percieved. In 1978 excavations were carried out to protect the archeological site. Three smaller trial excavation soundings laid in the central part and a cultural layer 2,8 m. deep with three stages of living was discovered. The shape of the vessels, the decoration technique and the motifs, showed that the cultural evolution of the settlement developed continually in the middle Neolithic Period, parrallel with Zeleniae I and the settlements from the Anzabegovo-Vrshnik grupe in the phase
In 1981 an area of 200 square meters of the last phase (III) of the settlement was explored. An area of 10 by 10 meters filled with compact pieces of house wattle and daub was discovered right beneath the humus layer. These were remains of ruins of a larger house destroyed in a fire. It was a massive building made of beams covered with a thick layer of mud. The wall columns are vartically placed, deep in the ground and are arranged at a distance of 0,6 meters to | meter. The base of the house is square, 9 by 9 meters. The house faces east and west. Several supporting pillars divide the house into two rooms. The floor is made of pressed earth. There are wide open entrances on the west wall. The architecture of the house, the interior decoration, the cult objects and the arrangement of the numerous pottery vessels are all of great importance in determining the sacral function of the house.
A number of vessels placed along the southern and eastern wall were discovered in the south part of the house which was an open space. The roughly made jugs and jars, which are | m. tall have slip bodies. There are also wide, open cylindrical vessels, plates and askoi. A cult vase with a goddess relief was found in the front part of the room (fig.). There is a niche covered with clay nearby. There are a number of fragments of broken vessels.
The north room is differently arranged. A 1,1 m. by 1,1 square meters sacrificial table (A), 0,5 meters tall on which there is a square container, is near the entrance. There are arch-connected legs on two sides. Another sacrificial altar (B), shaped in a similar way, with less emphasized legs and a container with protruding sides is in the middle of the room. Between the two sacrificial altars there is a small parametric wall made of wattle and daub slanting from the central supporting pillar to the north wall. There is a third construction (V) in the east part of the room near the sacrificial table (B). it is completely different in shape, it has a massive leg on which there is a container with a diameter of 0,6 meters and its shape resembles a mill. The north room is even richer in the number of pottery vessels. the roughly made vessels are arranged in the same way as the ones in the south room, while the samller finely made vessels are arranged around the sacrificial alters. There are amphoras and cups on a conic leg, decorated with dark, linear and spiral patterns on a red base. There are also small monochrome, gray and brown plates, jugs and askoi. A great number of fragments of the broken vessels are scattered all over the floor. 54 loom weights placed near the sacrificial altar (B) are of special interest. There are scarcely any weapons and tools, only two stone axes, one awl and three stone grinding mills were found. Some clay dough whose shape resembles cakes and loaves should be mentioned.
The excavation at Tumba revealed a building with an unusual interior arrangement, presence of built sacrificial tables with an abundace of pottery material. All the things found and the statue of the goodess show that the building used to be a temple, where religious rites were held. What the rites were like and what they were for, little is known. The only known thing is that the rites began with a sacrifice, then the giving of gifts and praying. The rite finished with a symbolic feast. Each participant according to his financial status gave a gift and put it in a certain place or broke it and scattered it all over the temple. Because the gifts were vessels where food was kept or cooked, it is most likely that the rites were devoted to the fertility cult and its protector the Great mother. The -Tumba temple is the only example among the Neolithic settlements, not only in Macedonia but in the Balkans. The discovery of the temple enables us to learn more about the cultural and religious life of the people in the Neolithic Period.