Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 125–142

Резултати од заштитните ископувања extra muros во Хераклеја

На парцелата К О 11389 јужно од дворното место на автомотосервисот „Авторемонт“ — Битола, северно од левиот брег на потокот Сива Вода и западно од патот Битола--грчка граница,1 а на околу 250 м од источната граница на комплексот со ископини во Хераклеја, недалеку од бедемите — extra muros, во периодот од 1976 до 1981 (со исклучок на 1978), вршени се заштитни сондажни ископувања под раководството на Елица Манева.2

Во текот на 1976 година Собранието на Општина Битола изврши експропријација на наведената локација, со цел да подигна паркинг за тешки возила за свои потреби. Овој зафат предизвика заштитни сондажни ископувања на овој терен. Ваквата интервенција беше неопходна затоа што требаше аргументирано, со археолошки остатоци како докази да се спречи изградбата на паркингот. Што се однесува, mak, до проблемот околу простирањето на Хераклеја, постојат повеќе дискутабилни прашања, а на поголем број од нив само ископувањата можат да дадат поконкретен одговор.3

Со систематските ископувања во централниот дел на Хераклеја се добиени извонредни резултати; меѓутоа, да се продолжи со овој принцип на работа — значеше да се занемари се поагресивното дејствување на современата урбанизација, а како последица би се нарушил интегритетот на споменикот и би настанале трајни оштетувања на неговиот ареал.

На наведениот простор extra muros, уште со првите сонди, се наиде на значаен материјал. Културните стратуми наместа се јавуваат само на 0,40 м под површината на теренот. Како резултат на таа состојба, се отфрли идејата за изградба на паркинг, а експроприираното земјиште, со површина од преку еден хектар, се отстапи за натамошно археолошко истражување. Инаку, оваа локација со децении се користела како обработливо земјиште (затекнати се културите тутун и компир) и била „чистена“ од археолошки материјал.

Пристапноста на теренот, техничката погодност 3a ископување, решените имотно-правни односи, потребата од спроведување заштитен режим и, пред се, резултатите што се очекуваа по првите сондирања -- беа атрибути што наведуваа да се продолжи со ископувањата extra muros за сметка на централниот простор на Хераклеја, каде што работите се ограничија само на објектот Римски театар. Складирањето на ископаната земја покрај левиот брег на потокот Сива Вода ги поевтинува работите и создава простор за паркиралиште за потребите на посетителите на Хераклеја, а тоа, како и новиот современ пристапен пат што се пробива покрај оваа локација, го прави уште пооправдано натамешното истражување, одржување, чување и презентирање на археолошките остатоци.

Првиот поконкретен податок за постоење материјал од античко време во околниот терен датира од 1963 година, кога при градежни работи во дворното место на „Авторемонт“ беше откриена просторија со мозаичен под. Работите беа стопирани, а мозаикот заштитен (сл. 1).

При обиколката на овој простор пред почетокот на ископувањата во дворот на „Авторемонт“ беше откриен и дел од мермерна надгробна стела. Според кажувањата на работниците, стелата била најдена на петнаесетина метри североисточно од наведениот мозаик, во насип на околу 0,30 — 0,40 м под површината на теренот.

Првите сонди со заштитен карактер во 1976 година се лоцирани во непосредна близина на мозаикот откриен во 1963 година, јужно од него. Поставена е квадратна мрежа на теренот, а самите ископувања се спроведуваа според системот отварање сонди 4x4 м, но со тенденција на ширење кон југ, за да се пресече теренот и да се добијат што повеќе информации за намената на овој простор во минатото.

Илустрација, стр. 126

Со досегашните ископувања extra muros се констатира постоењето на вила урбана од римскиот царски период (на која и припаѓа и мозаикот откриен во 1963 година), предградие од втората половина на 4 век, и ранохристијанска базилика во врска со која есеи некрополата што и дава гробиштен карактер. Покрај доцноантичките, врз рушевините на базиликата оваа година се откриени неколку гроба, кои и по местоположбата, и по гробната конструкција и по наодите можат да се припишат на периодот на средниот век, односно на Словените. Ова укажува на континуитетот на сакралната намена на овој простор, како и на повеќепати потврдениот афинитет на Словените спрема вакви локации за подигање на своите некрополи со христијанско обележје.4

Карактерот на ископувањата не дозволува да се ископува до здравица и од тие причини прашањето кога почнало користењето на овој терен останува отворено. Засега најстар е материјалот од 3 век.

Ранохристијанската базилика — extra muros, не е целосно откриена. Со досегашните ископувања е отстранет само површинскиот слој до подот во нејзините источни делови, така што наместа се откриени надземните партии од зидовите, што овозможува да се согледаат контурите на објектот.

Површинскиот откоп се состои од жолтеникав, стерилен, речен мил. Сосем ретко се наидува на некоја монета, парче садови или градежна керамика и слично, и тоа како резултат на ерозијата. Констатирани се, исто така, мрежа од дополнително пополнети ровови и материјали од Првата светска војна. Дебелината на овој слој изнесува од 0,40 до 0,60 м, и се зголемува колку се оди кон запад, затоа што теренот има тенденција на благ пад во правец и/3 и сосем незначително кон југ.

Сл. 2
Сл. 2

Културниот слој во досега истражениот дел што припаѓа кон базиликата изнесува околу 0,20 м, а потоа се јавуваат подовите. Овој слој се состои од многу тврда, калцифицирана црвеникаво-кафеава земја со поголемо количество од искршени тегули и имбрекси, како и железни клинци со пирамидално тело и кружна глава и парченца јагленосано дрво. Тоа се, всушност, сигурни докази за постоење на дрвена таваница и покрив од црепови (сл. 2). Имено ваква е состојбата во централниот кораб и во источниот дел на јужниот кораб, додека во просторот на северниот и во западните партии на јужниот кораб се наидува на слој од чакал и песок, што зборува за тоа дека овие делови биле прокопувани со ровови за време на Првата светска војна, односно биле под ударот на водите на потокот Сива Вода, кој, патем речено, има карактеристики на суводолица. Во моментов не е извесно колкави се оштетувањата на страничните бродови.

Досегашните ископувања на базиликата, иако се во почетна фаза, дозволуваат да се согледаат неколку нејзини карактеристики.

Конечните димензии се уште не се познати, но, судејќи по големината на апсидата и по дебелината на апсидалниот зид, треба во принцип да се очекува помонументална градба. Имено, дебелината на овој зид изнесува околу 0,94 -- 0,95 м. Ако се земе предвид претпоставката дека димензијата на тулата може да се користи како модул, тоа би значело дека во оваа дебелина на зидот се содржат три стопи со износ од 31,5 см5, а тоа упатува и на масивна градба.

Апсидата е полукружна, зидана од делкан камен, наместа 3aрамнуван со кршени црепови, а како врзивен материјал е употребен црвеникав посен малтер. Другите зидови се градени од кршен и речен камен со ретки парчиња од фрагментирани, секундарно употребени антички црепови врзувани со кал.

Базиликата има трикорабна диспозиција. Со досегашните работи во источните делови не се откриени анекси, што е во склоп со Мостарата литургиска концепција. Тоа значи дека протезисот и ѓакониконот треба да се очекуваат во партиите на запад.6

Ориентацијата на објектот с североисток/југозапад. Можно е, покрај другото, ваквата ориентација да е резултат од претходното урбанистичко решение на просторот, на постојната комуникација, околни објекти и слично, а не е исклучена ни теоретската можност ориентацијата да е во склоп со сончевата еклиптика, односно СО отстапување на патрониот ден.

Источно од објектот, особено околу апсидата, се наидува на ситни парчиња фреско-живопис. Во другите делови ваков материјал не се наоѓа и тоа засега нуди две решенија: или овој материјал е однесен од реката или, што изгледа пологично, бил живописан само просторот на презвитериумот.

Дебелината на парчињата со фреско-декорација изнесува 3 см Констатирани се два слоја малтер: долниот, со дебелина од 2—2,5 см, е помешан со плева, а слојот врз кој е изведено сликањето е од фин, ситнозрнест малтер со бела боја и дебелина од околу 0,7 см. Во просек, најдените парчиња се мали со површина од околу 3—4 см. Меѓутоа, најдено е и едно поголемо парче од кое се добиваат определени претстави за фреско-декорацијата на овој објект. На ова парче, кое е благо повиено и според тоа припаѓа кон апсидалниот дел, се гледа дел од човечка фигура — десното рамо и дел од жолто обоениот нимб. Над рамото, до висина на ореолот, се издига и крстот што се наоѓал во десната рака.

Основата-фонот е светлонебесно-син, додека цртежот (крстот и контурите на драперијата) е изведен со тсмноцрвена боја. Облеката

Илустрација, стр. 129
Илустрација, стр. 129

е досликувана со светлоцрвена и жолтеникава боја. Цртежот е Непрецизен, а бојата лесно отпаѓа. Според зачуваниот дел, може да се претпостави дека димензиите на фигурата биле околу половина од природната човечка големина, односно дека изнесувале околу 0,80

Во откриените делови на базиликата се забележуваат различни видови патосување. Во источниот зачуван дел од јужниот кораб подот е од тули, подот во средниот кораб е формиран од густо поредени камења, како „калдрма“ (изгледа се работи за приготвена подлога за мозаик дотолку повеќе што наместа шуплините се пополнети со малтер), додека подот на светиштето е декориран со мозаик (сл. 3).

Мозаикот во презвитериумот на базиликата extra muros има четириаголна форма со димензии 4,90 (с—ј) x 4,45 м. (u—3), со што кон исток има и апсидално продолжение со максимална должина од 1,55 м. Полукружниот појас што се формира меѓу овој полукружен дел на мозаикот и зидот на апсидата бил наменет за свештенички седишта — supsellia.

Во средишниот дел од мозаичното поле се наиде на простор наменет за чесната трпеза, од која се најдени делови од основата. (ел. 4) Димензиите на мензата изнесувале околу 1,40 м. х 0,85 м.

Сл. 4
Сл. 4

Четириаголното поле на мозаикот по периферниот дел е опколено со бордура од геометриски мотиви, фриз од кругови што се пресекуваат. (сл. 6) Во центарот на овие кругови се претставени крстови со еднакви краци од источен, грчки тип. Во северниот и јужниот дел на четириаголното поле со мозаик, во рамките на тричлени преплети — прикажани се по две издвоени полиња со претстави на гуски што брстат трева. (сл. 7) Во западниот дел, паралелно со мензата, со еднакви димензии на неа се наоѓа правоаголно поле со претстава на пехар што го фланкираат две шајки. (сл. 8) Во зачуваниот северен дел од апсидалниот испуст на мозаикот се гледа

Сл. 5
Сл. 5
Илустрација, стр. 131

претстава на срна поставена на ридест терен. Се работи за симетрична слика со евхаристична симболика: двојка срни што фланкираат фонтана, извор или што се чини најверојатно — пехар. (сл. 5) Мозаикот е работен во техника opus tessallatum. Податоци 3a подлогата се уште нема, со оглед дека се ископуваше само до нивото на подовите. Теселите се поставувани во розов малтер, кој содржи толчена тула. Фонот на мозаичната претстава е изведен од бел сахарозен мермер, а цртежот е извлекуван со темнозелен до црн

Илустрација, стр. 132
Илустрација, стр. 132

серпентин. Колоритот на мозаикот е необично богат. Секоја боја е досликувана со повеќе нијанси, а ефектот се постигнува и со застапеноста на разновидни структури на материјалите: мермер, серпентин, гаровнички и други видови камења, печена тула и повеќе бои стаклена паста.

Прикажаните животни се претставени во природна големина со добро познавање на нивните анатомски особини, карактеристики на движењата, бојата и друго, што зборува 3a високиот дострел на знаења на мајсторот, како и за неговите цртачки и сликарски квалитети. Меѓутоа, и покрај реализмот во прикажувањето на поединечните мотиви, поделеноста на претставите во одвоени полиња создава атмосфера на иреалност и нагласена симболика, а на целокупната композиција и дава белег на шематизам и декоративност.

Во големиот фонд мозаици од овие области, а посебно од Хераклеја, мозаикот од презвитериумот на базиликата extra muros зазема посебно место по своите карактеристики, по местото на наодот, МО композициските решенија и ликовните кралитети и, како таков, ја дополнува претставата 3a ранохристијанската уметност на ова подрачје.7

Надоврзувајќи се на долгогодишните проучувања на хераклејските мозаици од страна на Гордана Томашевиќ, издвоени се Неколку карактеристики на овој мозаик врз основа на кои тој може да се датира во првата половина на 6 век.8

Во оваа фаза на истраженост, ваквото датирање е дотолку важно што укажува на тоа дека базиликата била во употреба во првата половина на 6 век,9 со нагласок дека датирањето на мозаикот не е меродавно за базиликата затоа што изградбата на објектот и неговото патосување не мора да се изведува истовремено. Впрочем, тоа се потврдува и со ситуацијата во средниот кораб, каде што е поставена камената подлога, но патосувањето не е изведено.

Фактот дека ѓакониконот и протезисот не се најдени во Мсточните партии на базиликата, упатува на тоа дека таа не била градена по третата четвртина на 6 век9.

Недостигот на архитектонска пластика го усложнува датирањето на базиликата. Најдени се само неколку аморфни -- од водата излижани мермерни парчиња околу светиштето како незначителни траги од олтарната преграда и ситни парчиња од мензата, врз основа на кои тешко може да се изврши и функционално детерминирање, додека хронолошкото е сосем исклучено. (сл. 4)

Препуштајќи им на натамошните ископувања да дадат одговор на тоа кога базиликата е изградена и кога престанала да функционира, како и за другите нејзини особини, во оваа фаза на истраженост може да се рече уште тоа дека таа е во непосредна врска со некрополата на овој терен.10

Некрополата, чиешто истражување е во зачеток, е позната преку откривањето триесетина гроба, што е недоволно за извлекување некои посериозни заклучоци, макар што основните сознанија се Насетуваат. По својата временска припадност, ископаните гробови грубо можат да се поделат на две групи, во чиишто рамки треба да се очекуваат повеќе фази.

Илустрација, стр. 134

Постарата група гробови се доцноантички со ранохристијанско обелсжје и коегзистираат со базиликата или се подигнати непосредно по нејзиното рушење.

Илустрација, стр. 135

Помладата група гробови се средновековни, подигнати врз рушевините на базиликата. Досега се откриени шест и за нив ке стане збор подетално на друго место. Согледувајќи го извонредното значење на овој наод, во наредните ископувања Ќе се побара одговорот за спецификите на оваа словенска средновековна некропола, како и за населбата што несомнено треба да се очекува во околината.

Доцноантичките гробови се концентрирани во просторот источно од базиликата и се групирани во два неправилни реда, што упатува на некропола на редови. Интересно е тоа што едниот ред е сместен покрај самиот источен челен дел на базиликата и ја следи кривината на апсидата, така што кај овие гробови се јавуваат понагласени девијации према ји/СЗ или си/ЈЗ. (сл. 9) Другите гробови имаат главно ориентација И/З со отстапувања од по неколку степени претежно кон си/ЈЗ.

Меѓу доцноантичката група гробови се забележани два типа гробни конструкции: облик на циста и повеќе варијанти на еден тип конструкција изведена од секундарно употребени покривни, поретко и градежни црепови.11

Гробот бр. 42 е единствен досега што има облик на циста, и тоа со основа од тегули, страни формирани од суво-зид од ситен речен камен и покрив од делкани камени плочи. (сл. 11).

Кај еден дел гробови од другиот тип е констатирано дека постои плитка елипсоидна јама, нешто поголема од самиот гроб. Основата на гробовите е од парчиња тегули или тули, а има случаи покојникот да е положен директно на земја. Во најголем број случаи покојникот се покривал со двосливна конструкција од тегули (во еден или два слоја, цели или фрагментирани), на чиишто спој се поставуваат имбрекси со аглест или лачен пресек. Во основата ваквата конструкција е најчесто зацврстена со венец од густо или соссм ретко нафрлени речни камења, особено кај челните страни на гробот, кои се формирани од фрагментирани тегули или тули. (cn. 9, 10, 11, 12).

Ископувањата покажуваат дека гробовите биле покриени со земјен насип, а се среќаваат и надгробни „обележувања“ изведени од камен и црепови, густо пореден и окружени со венец од плоскати, надолжно поставени речни камења. (ел. 11).

Погребувањето се вршено исклучиво со инхумирање.

Скоро три четвртини од овие гробови не содржат прилози. Малобројните предмети најдени во гробовите припаѓаат кон фундусот на доцноантичката продукција од 5 до 6 век, меѓу кои има и типични за 6 век.

Не задржувајќи се на ова место околу деталите на оваа некропола, набележуваме неколку стратиграфски моменти.

Во насипот над гробовите бр. 11 и бр. 12, кои се „обележани“, односно покриени со камења и црепови и, на тој начин, заштитени од продор на помлад материјал добивајќи својства на затворени целини, најдени се остатоци од градежен шут, прозорско стакло и парченца од фреско-живописот на базиликата. Тоа значи дека овие два гроба се вкопани, секако, по рушењето на базиликата. За жал, ни-

Илустрација, стр. 137

њето кога е сторено тоа. Сепак, се чини тие се подигнати набргу по нејзиното рушење затоа што и двата се вкопани на приближно еднаква длабочина со соседните во редот и се паралелни на нив.

Интересни стратиграфски податоци се добиваат и од локацијата на гробот бр.6, иако и во овој случај се работи за гроб без прилози (ел. 11). Имено, овој гроб е лоциран врз зид од кал и камен, односно преку дел од просторија што припаѓа на објект од источното доцноантичко предградие на Хераклеја. Бројните наоди укажуваат на тоа дека во него се живеело во втората половина на 4 век, а тоа може засега да послужи како terminus post quem за некрополата.

Прибедемското, доцноантичко, источно предградие на Хераклеја е констатирано на наведениот терен со откривањето на темелни остатоци од повеќе цивилни градби, не многу солидно градени, со зидови од речен камен, шут од постари антички објекти и кал како врзивен материјал. Секако дека сопствениците на овие објекти не биле видни граѓани.

Одговорот за никнувањето на ова преградие на Хераклеја треба да се побара во контекстот на веќе познатата ситуација карактеристична за Македонија во втората половина на IV век. Имено, во ова време е потврдена определена засилена градежничка дејност, проширување на градовите со забележителна рустификација на нивниот урбанистички лик.

Напуштањето на предградието е секако во врска со немирните времиња на доцната антика и со потребата да се биде во делот на градот што с штитен од обновените градски зидишта.

Сл. 13
Сл. 13
Илустрација, стр. 139

Движниот археолошки материјал од предградието е доста карактеристичен. Доминира грнчаријата за кујнски потреби, накитот (мониста, игли за коса, фибули), како и светилки и други предмети типични за 4 век. Нумизматичкиот материјал е изразито богато застапен, а особено се присутни емисиите на Валенс и Теодосие 1.

Ископувањата покажуваат дека некои објекти од ова предградие се подигнати врз рушевините на полуксузен објект од римскиот царски период — Вина урбана лоцирана северно од базиликата. Дел од овој објект е ископан во 1963 година, меѓутоа, документација за овие ископувања не постои. На овој терен се забележливи и современи земјени интервенции, како и остатоци од материјали и ровови од Првата светска војна. Сиве овие околности дејствувале за нарушување на стратиграфијата, за што делумно придонеле и темелите на доцноантичкото предградие вкопано преку овој објект. Отежнувачка околност за натамошните истражувања е тоа што на север зградата продолжува во дворот на „Авторемонт“, што подразбира нови експропријации за кои не постојат можности.12

Според нашите согледувања од објектот Вила урбана, откриени се пет простории распоредени во две низи, и тоа на исток се поредени просторијата со мозаик откриена во 1963 (сл. 1), јужно од просторијата со два слоја мозаици еден преку14 друг, а потоа просторијата поплочена со тули. Западно од овие простории се триклиниумот со под од тули и апсидален облик на западниот крај (ел. 14) и просторијата со хипокауст јужно од него (сл. 13). Покрај другото, и димензиите на пронајдените простории ја исклучуваат идејата за јавниот карактер на овој објект.

Вилата е зидана во техника opus mixtum, но се забележуваат и преградувања на некои простории, како и надградувања на некои нејзини темели со порустични ѕидови од камен и кал. Најдрастичен пример за наведената состојба се гледа во апсидалната просторија - Три клиниумот, каде што со еден рустичен зид од кал и камен таа е поделена на два дела. Преку рушевините на овие две фази на зградата, по нејзиното конечно напуштање, се гради објект што припаѓа кон источното доцноантичко предградие на Хераклеја (Види сл. 14). зидот обележан со I припаѓа на триклиниумот на вила урбана, со II на фазата за адаптација и преградување, а со III на објектот на доцноантичкото предградие подигнато по нејзиното рушење).

Движниот материјал од културните слоеви врзани за Вилата припаѓа кон периодот од средината на 3 до средината на 4 век.

Систематските ископувања на оваа локација во Хераклеја, што следат во периодот 1981—1986, веројатно ке одговорат на дел од прашањата што за овој простор и за историјата на Хераклеја ги поставија сондажните заштитни истражувања,

Белешки

  1. Геодетска основа на Општина Битола; Детален лист 7h—3/cd—6, бр. 125 и 126. ↩
  2. Работите ги финансираа рсиз на културата — Скопје и осиз на културата — Битола. : ↩
  3. За ова прашање види: TpOuh M., Откопавања у Хераклеји Линкестис код Битоља, Уметнички преглед 8 I (1939), 232—234; Стричевиќ Г., Археолошките ископувања во Хераклеја Линкестидска 1936—1938 година, Хераклеја J (1961) 34—43; Mikuléié I., Pelagonija и svetlosti arheolo8kih nalaza (Beograd 1966) T. XXVIII; Микулчиќ И. За големината на доцноантичките градови во Македонија, Историја X 2, (1974) 374—368, ↩
  4. На подрачјето на срм се познати повеќе вакви случаи (Стоби, Демир Капија, Сланец—Суводол, Дулице—Бегов Даб, Горен Козјак итн.), Алексова Б., Извештај за истражувањата на средновековните гробови во Стоби, Гласник ини I (1958) 247—254; Ibid., Demir Kapija, Diss I (Beograd, 1966); Месеснел Ф., Старохришћанска базилика у Суводолу код Битоља, Годишњак Музеја Јужне Србије (1937) 69—96; Mikulčić I. — Keramitčiev A., Neki novi oblici ranog slovenskog nakita u Makedoniji, Materijali IX (1972), 161—171. ↩
  5. Спремо-Петровић Н., Пропорциски односи у базиликама илирска префектуре (Београд, 1971) 88. ↩
  6. Стричевић Ђ., Ђаконикон и протезис, Старинар IX—X (1958—59), 60—66. ↩
  7. Томашевиќ Г. Рановизантијски подни мозаици (Београд, 1978); 114. Моsaiques paléochrétiennes récemment découvertes a Heraclea Lynkestis, La Mosaique greco-romaine II (Paris 1975) 385—399. И во двете дела e цитирана опширна литература за оваа проблематика, како и постари трудови од истиот автор. Битракова-Грозданова B., Старохристијански споменици од Охридско (Охрид, 1975); Kolarik R., The Episkopal Basilica at Stobi, The Phases of Mosaik Decoration, Studies in the Antiquities of Stobi III (1981), 61—80 итн, ↩
  8. Томашевић Г., Ранохристијански подни мозаици, о. с. 78—79, 82—85. ↩
  9. Стричевић Ђ., Ђаконикон и протезис, о. с. ↩
  10. Според досегашните согледувања на карактеристиките на базиликата, нејзиниот карактер, некрополата во врска со неа најблиски аналогии можат да се најдат кај базиликата на лок. Сланец — Суводол; Ф. Месеснел, о.с. ↩
  11. Микулчиќ И. Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Филозофскиот факултет 24 (1974) 109-141; Vinéié Z., Ivanovski M., Stobi — zapadna nekropola, Arheoloski pregled 20 (1978) 85—88. ↩
  12. П. Србиновски, како член на истражувачката екипа во 1976 година, вршеше надзор над некои сонди на овој локалитет во Хераклеја и подоцна даде свое толкување за резултатити: Србиновски П., Резултати од ископувањата во 1976 година, мад 5 (1979) 99—111. На стр. 112 е презентирана арх. основа на просторот ископан во 1963 и 1976 година. ↩
  13. ELICA MANEVA -- Skopje ↩
  14. MAA еден од нив не содржи прилози, така што останува отворено праша- (SUMMARY) ↩
  15. In the period from 1976 to 1981 on cca 250 m. east of the excavated complex in Heraclea, extra muros, on the locality4 which borders on the stream Siva Voda on the south, on the road Bitola-Greek border on the east and on the yard of the Repair garage of ,Avtoremont“ on the north, protective trial excavations were carried out. A direct reason for undertaking the works was the construction of a parking lot for heavy vehicles for the needs of the community on the mentioned area. ↩
  16. On 0,40 m—0,60 m from the level of the terrain cultural strata appeared which was a strong reason to leave the idea of constructing a parking lot. ↩

Summary

The Results of the Protective Excavations Extra Muros in Heraclea

Only the east parts of the basilica have been excavated. It has three-naval basis and according to the apsidal wall (94,5 em wide or three feet, each of which is 31,5 ет) we should expect a larger building. The appearance of the roof construction is evident by the layer of a great number of broken tegulas and imbricis, iron nails and small pieces of charbonized wood which lie all over the fioors of the basilica (pic. 2). The architectural plastic and the church furniture is indicated only by amorphous fragments of white marble deteriorated by the inundations of the adjacent river (pic. 4).

The presbyterium was painted with frescoes, and the floor was a mosaic (pics., 5—8). The mosaic can be dated back to the first half of the 6th. century.

Nonexistence of annexes around the altar space leads to the older liturgical conception so according to this fact the basilica was not built until the third quarter of 6th century.

East of the basilica some graves were found, some of which coexisted with it while the others (Nos. 11 and 12) were dug in immediately after it had been ruined (pic. 11). Namely, in the earthen levee of the last two graves which are ,Marked“ — covered with thickly arranged stones and tiles (pics. 12 and 13) there are remnants, pieces of frescoes and window glass from the torn down basilica,

Three quarters of these graves have no objects, and the findings which are small in number are from the fund of the late antique production from 5th and 6th centuries among which there are some typical for 6th century.

Two rows of graves were stated one of which follows consistently the curve of the apse so there is a more pronounced deviation in the orientation. The rest of the graves are oriented in the direction E—W with a deviation predominantly towards NE—SW as the orientation of the basilica itself was,

The dead were inhumed laid on their backs in most cases with their arms sretched. Only one grave (Ne 12) has a construction of the cist type (pies. 10) while the other graves with more variants follow the prototype of two-flow grave construction of tegulas and imbricis (pics. 11, 12).

An interesting stratigraphic datum is obtained from the location of the grave Ne. 6 which was dug in across a wall of the east, late-antique suburb. The suburb, according to the materials, existed in the second half of 4th century, and then it was deserted. In that context it is terminus post quem for the necropolis.

Some buildings of this suburb were built partly over the ruins of the Roman urban Villa (pics. 1, 14). Some of the findings dating back from the middle of 3rd to the middle of 4th centuries are brought in connection with it. (See pic. 14 — the wall belonging to the villa is marked I, the wall of the later partitions of the building is marked II, and the building of the late antique suburb erected above the villa is marked III.)

This area extra muros has not been excavated to subsoil so the question about the earlier phases remains open as well as about the time when this area was first used as a dwelling place.

The sacral tradition on this location has been confirmed by the discovery of six graves placed over the floor of the middle nave of the basilica, of course after it had been ruined. The way of burial, the type of the construction of the graves and the small number of objects lead us to the period ofthe Middle Ages i. e. to the Slavs.

(Translated by Radmila Radevska)