Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 109–124

Експлоатација на мермерите во античко време

Содржина
  1. Геолошки состав на Сивец и Плетвар
  2. ЕКСПЛОАТИРАНИ МЕРМЕРОЛОМИ ВО МИНАТОТО
  3. 1. Локалитетот „Сивец“ — с. Присад, Прилеп
  4. 2. Локалитет „Плетвар“ — с. Плетвар, Прилепско
  5. 4. Локалитет „Курилово“ — c. Дебриште, Кавадаречко
  6. 5. Локалитетот „Извор“ — c. Дебриште, Кавадаречко
  7. ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ДРУГИ НЕМЕТАЛНИ СУРОВИНИ
  8. 8. Локалитет „Свиларе“, с. Свиларе, Скопско
  9. АНТИЧКИ ГРАДОВИ НА МАКЕДОНИЈА
  10. СТОБИ
  11. ХЕРАКЛЕЈА
  12. СТУБЕРА
  13. СКУПИ

Рударството и металургијата на Македонија имаат богата историја и традиција, чии корени треба да се бараат во далечното праисториско минато. За нивниот развиток влијаеле многу фактори во минатото, а пред се постоењето на рудно богатство од разновидни метали и неметали, благопријатната клима и местоположба, како и старите култури, кои се развиле на нејзината почва. Низ целата своја историја Македонија била центар каде што се крстосувале светските патишта од миграции на многу племиња и народи, поради што на нејзината почва се зачувани остатоци од нивните материјални култури.

Паралелно со добивањето на метали, се развила и експлоатацијата на неметални суровини, особено на мермерот и украсните камења.

Употребата на каменот и на разните видови кремени почнала уште во најраниот период од населбинскиот живот во Македонија (неолитски период). Тогашното ретко население, живеејќи по пештерите и подоцна по речните долини, почнало да ги преработува кремените и да прави од нив разни орудија и оружје (алатки, стрели и секири).

Мермерот, поради својата мекост, не бил употребен, но сепак на некои локалитети во Пелагонија се пронајдени и делови од мермерни плочки, кои биле користени повеќе како украсни камења во неолитскиот и бронзениот период на праисторијата.

Масовната експлоатација на мермерите и другите видови украсни камења почнала во класичниот период, кога сите алатки се прават од железо. Во тоа време се градени кралските палати во Грција и се подигаат фортификации по високите ридишта, кои служеле за одбрана на градовите.

Најубави мермерни споменици останале од класичниот период во Грција, познат во историјата како „Златен век на културата“ на Грција. Тогаш јавните згради (храмови, театри, стадиони, палати и форуми) биле градени од бел мермер, добиван од мермероломите на

планината Пентели (Атика).

Завладувајќи ја Македонија во 2 век пр. н.е. Римјаните почнале да ги експлоатираат нејзините рудни богатства. Биле откриени и експлоатирани голем број рудници на мермер, од кои биле вадени големи блокови за градење театри, палати и базилики. Од најквалитетниот мермер Римјаните граделе, во чест на боговите, разни статуи, со кои ги декорирале храмовите и палатите, а подоцна и базиликите. На територијата на Македонија се откриени голем број споменици пра-Бени од бел мермер, како и остатоци од театри, форуми, палати и базилики градени исто така од бел мермер, добиван од локалитетите на Сивец, Плетвар, Марков Стап и Курилово. Најглавни наоѓалишта со мермерни споменици се: Стоби, Хераклеја, Чепигово и Скупи. Некогашните мермерни палати денес не се зачувани, но останале многу остатоци од зидовите на зградите, откриени за време на ископувањата.

Во римскиот период мермерот бил употребен и за приватни потреби, особено за градењето и подигањето надгробни споменици, почесни плочи, саркофази, урни и др. Во збирките на музеите се собрани голем број споменици, откриени во повеќето општински подрачја. На некои места, каде што нема мермер, биле употребени и други видови украсен камен, како: травертин, андезит, гранит и варовник.

И во средниот век продолжува да се експлоатира и користи мермерот во градењето цркви и други јавни згради, како и за приватни потреби, при подигањето надгробни споменици. Ваквата традиција била прифатена и од Турците, кои подигале надгробни плочи исклучиво од мермер. Поради тоа, мермероломите во Македонија, особено мермероломот на Сивец и Плетвар, биле во континуирана експлоатација повеќе од две илјади години:

Во продолжение, ги разгледуваме локалитетите на мермерот на кои € вршена експлоатација во минатото, наредувајќи ги според обемот на експлоатацијата и квалитетот на мермерот. Потоа следува стручна анализа на мермерите во Македонија во врска со градските центри, во чијашто урбанизација е употребен за градежен материјал.

Геолошки состав на Сивец и Плетвар

Подрачјето меѓу реките Бабуна, Раец и Тиквешката долина има

планински карактер, при што се среќаваат високи ридови и чуки, меѓу кои има мали долини и тераси. Највисоките од овие ридишта -- Трескавец, Козјак, Клепа и Попадија — се составени главно од мермери и доломити, но наместа има и метаморфни шкрилци, варовници, како и дијабаз-порфирити. На широкиот преслап кај с. Присад, кој е водоразделница меѓу долините на Пелагонија и Бабуна, се срекаваат гнајс и лептинит. Од пегматитни грамади е составен ридот на Маркови Кули.1 \

Присад е широка седловина, која се одликува со просторно рамно дно. Таа се спушта стрмно на север накај р. Извориште, додека на југ спрема Прилеп има мошне благ пад. Малата река Прилепка, која тече низ оваа седловина, направила длабоко корито и денес е акумулирана во Прилепското Езеро. На десната страна од реката се издигат гранитните грамади на Самовилица, составени од црвени порфири, во кои има и големи делови од трошни црвени мермери. На пониските места спрема Прилеп се среќаваат хоризонтални слоеви од лапор и варовник, над кои лежи сив песок и модро-жолтеникова глина. Над нив има речен песок и грагор, како и кварц и кристалести шкрилци,

Плетвар е составен од бел крупнозрнест мермер во кој има многу трошни доломитни слоеви. На некои места има и шкрилест мермер со модри и бели зони. На јужната страна на Плетвар, накај реката Раец, во мермерните слоеви овде-онде има и слоеви микашисти, гнајс и шкрилест варовник. Голиот рид на Козјак, северно од Плетвар, е составен исто така од мермери во кои има и кристалести шкрилци.

Плетвар е доста широк прислап, поширок од оној на Присад, каде што с сместено истоименото село. На јужната страна, спрема Трилеп, има благ пад, додека спрема Раечката долина -- е многу стрмен и се издига на околу 250 м над речното корито.2

На десната страна на Раец се издига осамената планина Бел Камен, составена главно од мермер со доста ретки кристалести шкрилци.

Долината на Раец, која во почетокот е тесна со длабоко корито, под с. Тројаци па се до с. Фариш, се проширува 3—4 км, во која, покрај мермерните слоеви и шкрилци, има и неогенски слоеви. При месноста Градиште (Кале) на с. Дреново, долината е преградена со огромна преграда, низ која р. Раец направила тесен премин. Некогаш, меѓу Плетвар и Градиште, постоело неогенско езеро, на што индицираат езерните седименти, што се зачувани во дното на оваа долина.

ЕКСПЛОАТИРАНИ МЕРМЕРОЛОМИ ВО МИНАТОТО

1. Локалитетот „Сивец“ — с. Присад, Прилеп

Локалитетот,Сивец се наоѓа во непосредна близина на с. Присад и се простира северно и западно од Прилепското Езеро. Залежите од мермер, кои се видливи на површината не зафаќаат голем простор северно од езерото и се протегат и понасевер во планинскиот предел на Трескавец, како и на исток, каде што се поврзуват со мермерната зона на Плетвар.

Мермерот од Сивец, и денес во обемна експлоатација, е бел и ситнозрнест со одлични квалитети,3 како за преработка, така и за презентирање и употреба во градежништвото и во правење трајни уметнички творби-споменици. Тој е отпорен на временските промени, поради што бил широко употребуван во минатото како што се употребува и денес.

Уште во праисториските периоди мермерот на Сивец и Плетвар ги привлекувал вниманието и љубопитноста на луѓето, што се потврдува од неколку плочки пронајдени на праисториските локалитети во Пелагонија. Меѓутоа, тоа се осамени случаи, кои повеќе треба да се толкуваат за Задоволување на уметничките стремежи, а не за правење алатки и оружје за одбрана. Како што е познато, праисториските луѓе ги обработувале и најтврдите кремени, од кои правеле оружје и алатки за домашна и земјоделска работа. Кога Македонија попаднала под римска власт, почнала обемна ескплоатација на металите и на неметалите. Во текот на 1—6 век биле во експлоатација повеќе од 150 рудници на олово, сребро, бакар и особено на железо.4 Римјаните ги подигнале старите македонски градови во големи стопански и административни центри урбанизирани и декорирани со убави згради од мермер, т.е. театри, палати, форуми и базилики.

Лок. Сивец, Прилеп. Траги од римска рударска работа
Лок. Сивец, Прилеп. Траги од римска рударска работа

Со мермер од Сивец е изграден целиот театар на Хераклеја (Битола) со големи мермерни блокови, откриени пред неколку години. Од ист мермер се направени и голем број статуи, торза и други споменици. Особено тежок проблем претставувал превозот на на огромните мермерни блокови, тешки по неколку тона, на оддалеченост од 50 км, од Сивец5 до Хераклеја. Меѓутоа, факт е дека римската техника успеала да го реши овој тежок за тоа време проблем.

И градот Стубера, остатоци од кого се зачувани на ридот кај с. Чепигово (на околу 20 км оддалеченост), исто така е изграден со мермер од Сивец. Посебно треба да се истакне дека кај Чепигово, во урнатините на стариот град, се пронајдени статуи, торза и епиграфски споменици, правени од сивечки мермер. Стуберските статуи и релјефи се најквалитетните и најрепрезентативни дела на уметноста, што индицира дека во овој град постоеле работилници во кои работеле искусни мајстори-вајари.

На локалитетот „Сивец“ е пронајдена една вотивна мермерна плоча со претставата на Херакле, која покрај другите материјални докази, претставува директен материјален доказ за рударската експлоатација на мермерот во римскиот период. Познато е дека рударите во римско време го сметале божеството Херакле како свој заштитник и во негова чест подигале споменици.6 Друг сличен релјеф е пронајден во една римска рударска јама на Плавица, во Околината на c. Гризилевци, Пробиштипско.7

Во Музејот на градот, Прилеп се собрани голем број епиграфски и други споменици, правени од сивечки мермер. Тие се пронајдени на локалитетите во прилепските села. Во еден откриен гроб кај с. Браилово,8 пред 20 години, биле пронајдени 5 надгробни плочи од сивечки мермер, кои биле употребени секундарно во гробната конструкција во 3 век. Секако, тие се правени неколку века порано.

Сивечкиот мермеролом бил во експлоатација и во средниот век, како и во турскиот период, што се потврдува од многубројните споменици откриени досега. Уште поголема експлоатација се врши во денешно време на овој локалитет. Од овој мермер се градат споменици во целата наша земја, а дел од мермерните производи се извезуваат во странство.

2. Локалитет „Плетвар“ — с. Плетвар, Прилепско

Како што е наведено погоре, сивечкиот мермеролом се протега на исток и се поврзува со плетварските планини, кои исто така обилуват со мермерни слоеви. За разлика од сивечкиот, плетварскиот мермер е крупнозрнест и потешко трајни уметнички творби (статуи, релјефи и торза).

Во Прилеп и Прилепско се откриени мал број епиграфски и други споменици правени од плетварски мермер во текот на римскиот период. Од тоа се заклучува дека Римјаните не го користеле мермерот на Плетвар масовно како оној од Сивец, бидејќи — како што се истакна --- тој е потврд и тежок за обработка.

Како на Сивец, така и на Плетвар, поради обемната експлоатација на мермерот во денешно време, се уништени трагите од римската и средновековната рударска експлоатација.

3. Локалитет „Марков Cran“ — с. Мрзен, Кавадаречко

Планините над с. Мрзен и Дебриште изобилуваат со мермерни суровини, кои зафаќат голем простор и наместа излегуваат над површината на земјата. Мермерот од овој терен е крупнозрнест и обоен во разни нијанси, меѓу кои доминират и зеленикавата и светлокафеавата боја, во комбинација со белата. Во споредба со сивечкиот мермер, овој е потврд, тешкообработлив и нспогоден за правење трајни уметнички творби.

Локалитетот Марков Стап се наоѓа на 2 км северно од с. Мрзен, на една стрмна огранка, каде што мермерот е компактен во големи блокови и. поради, тоа, тој бил сксплоатиран во римскиот период. Прегледот што го направивме за време на реконгносцирањето покажа дека од овој локалитет биле вадени големи блокови и колони за потребите на театарот, палатите и базиликите во Стоби.

На некои сектори од локалитетот се зачувани траги од рударска работа, и тоа на секторите каде што во римскиот период се работело за да се извлечат големи блокови за изградба на потпорни колони. Начинот по кој работеле римските рудари се состои во следното: во прво време го избирале местото од кое требало да се извлече блок или колона долга 3--5 м. Потоа рударите правеле со длета длабоки дупки во хоризонт од двете страни на оддалеченост од 20 см меѓу една и друга дупка, па длабеле од двете страни на блокот. Со правењето нови дупки во длабочината тие успевале преку напорен труд да го извадат блокот од карпата кој веќе имал оформени димензии. По грубата обработка на теренот, тој бил пренесуван во Стоби, каде што мајсторите го доработувале и, на крајот, го гланцале и го употребувале во градбата.

Лок. Марков Стап. Искршена колона од столб
Лок. Марков Стап. Искршена колона од столб

На локалитетот „Марков Стап“ се откриени и неколку искршени грубо обработени колони, непогодни за употреба. Најверојатно е дека топонимот Марков Стап се наложил подоцна, во средниот век, од овие изоставени мермерни блокови, кои биле забелжани од селаните. И, според легендата, само еден јунак како што бил Краде Марко можел да ги подигна и употреби. Традицијата го зачувала овој топоним за месноста до наше време.

Во подножјето на Марков Стап имало и друг мермеролом, од каде што е ваден и експлоатиран сив мермер. И навистина, во Стоби се откриени голем број колони, надвратници и капители од сив мермер донесен од мермероломот Марков Стап. Теодосиевата палата во Стоби е градена од сив мермер за време на императорот Теодосиј во почетокот на У век. Во другите јавни објекти на Стоби не се употребени мермерни архитектонски делови со сива боја, така што мермероломот кај Марков Стап не ја продолжил експлоатацијата на сивиот мермер. Можеби овој мермер не бил погоден за обработка и мајсторите не останале задоволни од неговата боја и квалитет.

Целиот град Стоби, неговите јавни објекти — театарот, палатите, базиликите и други -- во кои се вградени илјадници M² мермер, се правени со мермер од Марков Стап и Курилово, т.е. локалитети што се оддалечени ОКОЈІУ 20 КМ ох Cro6u, и каде што се зачувани многу траги од рударска работа.

На локалитетот Марков Стап е откриена и една пештера (јама) со округол влез со правец кон север. Дали се работи за природна појава или пак таа е дело на рудари — не може да се докаже се додека не се извршат испитувања во внатрешноста на пештерата.

4. Локалитет „Курилово“ — c. Дебриште, Кавадаречко

Ридот Курилово се издига над 300 м височина, на левата страна од р. Раец, спроти Дреновско Градиште, и претставува осамена гола чука. Таа е составена главно од бел мермер со зеленкави и светлокафеави нијанси. Мермероломите на Курилово и Марков Стап, чии мермер се разликува од мермерот на Сивец и Плетвар како по бојата, така и по тврдоста и квалитетот, се продолжение на мермерната зона на Сивец, Плетвар, Козјак, Крнино и Клепа, која почнува од долината на Бабуна и на Извориште, а завршува некаде до долината на Вардар. Меѓутоа, мермерните појави продолжуваат и по десната страна на Раец до Бел Камен.

Како што е истакнато погоре, чуката Курилово, која е оддалечена само на 1 км од с. Дебриште, има конусовиден врв, форма што индицира за нејзиното вулканско потекло. Северната страна на чуката е покриена со ситен трошлив мермер и нема растителност, додека на јужната и западната, под самиот врв, мермерот с компактен и погоден за експлоатација и употреба. Дебелината на мермерот од оваа страна изнесува над 50 м.

На јужната и западната страна на чуката има големи вдлабнатини, од кои во минатото биле вадени мермерни блокови, а на сите страни се зачувани траги од стара експлоатација. На површната останале и неколку недовршени и испокршени aAPXMTCKTOHC< i делови (капители, колони, архитрави).

Од сите мермерни локалитети на Мразен и Дебриште најголема експлоатација е вршена на чуката Курилово во римско време. Од овој локалитет се извадени повеќе стотици мермерни блокови, кои биле грубо обработени на самото место. Потоа тие биле транспортирани во Стоби и подложени на преработка во работилницата, каде што работеле искусни мајстори-вајари. Со мермер од Курилово и од Марков Cram се изградени театарот, форумот, палатите и базиликите во Стоби. Римјаните поретко го користеле мермерот од овие локалитети за правење статуи и торза, бидејќи тој е крупнозрнест, не е еднобоен и е непогоден за трајни уметнички творби.

Лок. Курилово, c. Дебриште. Траги од римска рударска работа
Лок. Курилово, c. Дебриште. Траги од римска рударска работа

Во Стоби е мал бројот на спомениците (епиграфски-вотивни и надгробни) што се правени со мермер од споменатите локалитети. Се среќаваат и осамени случаи, во општинското подрачје на Кавадарци, на одделни споменици од римско време, правени од курилски мермер. Во една гробница откопана близу до с. Ресава е откриен интересен саркофаг со округла форма правен од мермер на локалитетот Курилово. Тој е доста оштетен од забот на времето.

5. Локалитетот „Извор“ — c. Дебриште, Кавадаречко

Овој локалитет, на кој денес се врши обемна експлоатација на мермерот, се наоѓа на 1 км западно од с. Дебриште и е познат ка: ко локалитет „Дебриште“, иако месноста каде што работи мермероломот носи име Извор.

Лок. Курилово, с. Дебриште. Обработени мермерни блокови од римско време
Лок. Курилово, с. Дебриште. Обработени мермерни блокови од римско време
Лок. Извор, с. Дебриште, Траги од римска рударска работа
Лок. Извор, с. Дебриште, Траги од римска рударска работа

Експлоатацијата на мермерот на овој локалитет почна пред 5—6 години и се врши на долниот дел од ридот, до левиот брег на суводолицата Извор. Овде, на едно место, кое е оддалечено околу 40 м од долот, зачувани се траги од стара рударска работа. Таму има голема вдлабнатина со димензии 6 х 6 м, а на профилите постојат многу траги од римска рударска работа, односно — долните делови од дупките, направени од длета. Вакви траги има и на дното од длабнатината. Од ова место се извадени 10—12 големи колонистолбови.

6. Локалитет „Рамна Краста“ (Грамада) — с. Радово, Демирхисарско

На околу 2 км северно од с. Радово се наоѓа месноста Рамна Краста, која претставува пространа падина со благ пад спрема запад. Од северната страна таа се спушта стрмно кон коритото на долот, додека на јужната страна се поврзува со малата долина на Грамада, каде што се наоѓаат селските ниви.

Рамна Краста зафаќа простор од околу 1 км во должина и 500 м во ширина, а е составена од мермерни наоѓалишта, кои наместа се видливи на површината на земјата. Мермерот од овој локалитет има бела боја во комбинација со зелена, сина, сива и розова боја, така што овој мермер се смета за многу квалитетен и погоден за правење уметнички творби (статуи, торза и рељефи).

На локалитетот „Рамна Краста“ е вршена експлоатација на мермерот во римско време, 3a што потврдуваат зачуваните траги од рударска работа на неколку места, иако повеќето траги се уништени

Панорама на лок. Римска Краста, с. Радово
Панорама на лок. Римска Краста, с. Радово

од експлоатација што е вршена во поново време. Од друга страна, на самиот локалитет, во нивата на Борис Велевски, е откриен гроб што бил граден со мермерни плочи.

; Во широкото подрачје на општина Демир Хисар, во селата Слоештица, Обедник, Бериково, Брезово, Железник — се откриени епиграфски и други споменици од римско време правени со мермер од Рамна Краста.

Мермерни архитектонски делови се откриени и на ридот Градиште, близу до с. Граиште, каде се наоѓал главниот кастел на подрачјето, од кој останале многу остатоци (темели од згради, керамика, монети). Споменици од мермер се откриени и на ридот Градиште, кој се издига до с. Железнец, каде што егзистирал средновековниот град Сидирокастрон. Сето тоа индицира дека мермеломот кај Рамна Краста бил експлоатиран уште во римско време, како и подоцна во средниот век и во турскиот период.

За одбележување е дека близу до Рамна Краста, кај месноста Грамада, се откриени повеќе остатоци од една мала населба од римскиот период (остатоци од згради, керамика, покривни керамиди и питоси). Најверојатно се работи за остатоци од една мала рударска населба, чијашто егзистенција била поврзана со вадење мермер.

ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ДРУГИ НЕМЕТАЛНИ СУРОВИНИ

7. Локалитет „Кутлина“ — с. Велмеј, Охридско

Овој локалитет се наоѓа 2 км источно од с. Велмеј, на источниот дел од Дебарца, до изворите на Велмејска Река. Претставува ниска тумба, која се издига на 5--6 м од подножјето и е составена исцело од травертин. На ова место била вршена обемна експлоатација на травертинот уште во римско време, на што индицираат откриените блокови травертин, вградени во зидовите на фортификацијата Долно Градиште. Ова градиште е оддалечено од Кутлина околу 2 КМ, на десната страна од Велмејска Река.

Травертинот од овој локалитет е мек и лесен за обработка и масовно се употребува за градежни работи. Поради овие квалитети на каменоломот кај Кутлина бил експлоатиран во минатото. На самиот локалитет се зачувани остатоци од една мала населба од римско врме (керамика, покривни керамиди, питоси, железни предмети).

Месноста Кутлина се наоѓа до влезот на теснините на Илинска Планина, преку кои во римско време еден важен пат ги повр- 3ypan Дебарца и Охрид со населбите од Демир Хисар и Пелагонија. За одбрана на овој пат во римско време биле изградени 4 градишта во реонот на с. Велмеј, т. е. по две градишта од секоја страна на Илинска Планина.

Тумбата Кутлина, која има димензии 150 х 150 м, служела како кажна воена база и логор на римска војска. За таа цел, бил наполно расчистен травертинот од средината на локалитетот. Останала само тесна ивица од травартин по периферијата на тумбата како преграда дебела 5--8 м. Висината на оваа периферна ивица-ограда, која го оградува целиот простор, изнесувала повеќе од 12 м. Таа подоцна била симната, а материјалот употребен за градење на селските куќи. По своевидната градба, овој фортификационен објект од римско време е единствен пример во Македонија. Вакви фортификации не се откриени на друго место.

8. Локалитет „Свиларе“, с. Свиларе, Скопско

Каменоломот кај с. Свиларе — Скопско, е познат со својот квалитетен украсен камен травертин, кој нашироко се експлоатира денес и се употребува во градежништвото, за обликување зидови, поплочување тераси и ентериери на зградите. Тој има кафеава боја, е леснообработлив и со многу раседи, кои го ограничуваат времетраењето, кога травертинот е изложен надвор на временските промени.

Каменоломот на травертин кај с. Свиларе бил експлоатиран и во римско време и користен како одличен материјал 3a правење надгробни плочи, за гробни конструкции, за градење мостови, чешми и куќи. Тоа го потврди и рекогносцирањето во околината на селата Горно и Долно Свиларе. Во потокот што тече на источната страна на I. Свиларе е откриена една римска некропола, чиишто стотина гробови се градени со плочи од травертин. На широкото подрачје на Скопско поле исто така се пронајдени надгробни и вотивни споменици од травертин, кој потекнува од каменоломот на Свиларе, што покажува дека овој мермелом бил во обемна експлоатација во римско време. |

Во сите општински подрачја на Македонија досега се откриени осамени епиграфски и други споменици од римско време, најверојатно градени од мермер или украсен камен од локалните каменоломи и мермероломи, кои биле слабо експлоатирани. Во некои случаи како материјал е употребен обичен камен варовник, бигор, травентин, и други од локалните мајстори, кои не биле искусни како оние од Стоби, Хераклеја и Стубера. Ваквите споменици стигнале до нас многу оштетени и со излижани натписи.

Поединечни мермерни споменици од римско време се откриени во Полог, Охридско, Берово, Штипско, Пробиштипско и др. Најверојатно е дека мермерот од кој се правени уметничките творби од искусните мајстори бил донесен од локалитетот Сивец, Плетвар и Курилово.

АНТИЧКИ ГРАДОВИ НА МАКЕДОНИЈА

По завладувањето на Македонија од Римјаните и особено по 1 век од н. е. се забележува брз развиток на градовите. Тие прераснала во големи и урбанизирани центри со развиена трговија и занаетчиство благодарение на засилената експлоатација металите и За урбанизирањето на градовите бил употребен мермерот од блиските мермероломи, од кој биле изградени прекрасни згради (театри, палати и базилики), како и уметнички творби. Театрите во Стоби, Хераклеја и Стубера се градени исклучиво од мермер, кои иако денес се уништени сепак го привлекуваат нашето внимание.

СТОБИ

Најрепрезентативен античен локалитет во Македонија е Стоби, во кој се зачувани остатоците од голем број јавни згради, градени од мермер. Театарот, епископската базилика, форумот, Теодосиевата палата, синагогата и други се градени со мермер од локалитетите Курилово и Марков Стап, кои се оддалечени од Стоби околу 20 км. Само поединечни споменици од овој локалитет (статуи, торза, почесни споменици) се правени од сивечки мермер.

и Курилово
и Курилово

Римскиот театар во Стоби бил изградеч со мермер од локалитетите Марков Стап

ХЕРАКЛЕЈА

Како резултат на ископувањата, кои се изведени во последните години на локалитетот Хераклеја кај Битола се откриени остатоците од голем театар, базилики, палати и други згради. Тие се градени исклучиво од сивечки мермер. Од истиот материјал се направени Античкиот театар во Хераклеа бил изграден со мермерот од лок. Сивец и Плетвар сите епиграфски и други споменици, како и архитектонските делови од зградите. Мермерот бил пренесен во Хераклеја од сивечкиот мермеролом, кој е оддалечен околу 50 км.

Илустрација, стр. 122

СТУБЕРА

На ридот кај с. Чепигово — Прилепско, егзистирал македонскиот град Стубера, кој во римско време прераснал во голем административен и стопански центар. Ископувањата, кои се изведени само на еден мал сектор на овој локалитет, дадоа одлични резултати. Пронајдени се голем број статуи и споменици во кои се напишани имињата на ефебите (питомците) на стуберската гимназија. Но најзабележителното откритие е пронајдените мермерни статуи, кои се сметат за најрепрезеатативни дела на скулптурната уметност во Македонија. Тоа покажува дека во овој град постоела работилница каде што работеле искусни и вредни мајстори-вајари. Сигурно е дека во урнатините на Стубера се кријат уште многу споменици од римско време. Познати се стуберските статуи -- Херкулантките, сопственост на Археолошкиот музеј на Македонија, Скопје.

СКУПИ

Римската колонија Скупи, во која биле населени колонисти од Италија, се наоѓале кај денешното скопско село Злокуќани. Англичанецот Еванс, кој го посетил Скупи кон крајот на минатиот век, спомнува за голем број споменици, кои лежеле на овој локалитет. Денес, како последица од проширувањето на селото во самиот локалитет, уништени се многу споменици од римско време. За време на ископувањето во скупската некропола биле откриени неколку саркофази правени од травертин. На широкото подрачје на Скопје се пронајдени и споменици правени од мермер добиен од мермероломот на Курилово и Марков Стап. По пропаѓањето на Римската империја и воведувањето на христијанството и особено по земјотресот од 518 година Скупи пропаднало и било напуштено. Во текот на 10—11 век театарот во Скупи бил уништен и целиот материјал пренесен и употребен во градењето на бедемот на Скопското Кале.

Во македонските градози работеле групи составени од мајстори-вајари со своите помошници, кои биле од сталежот на робовите. За време на Диоклецијан мајсторите-преработувачи на мермерот добивале по 60 денари дневна заработувачка. Тие повеќе заработувале од декорацијата на надгробни плочи. Поглавните алатки и направи со кои си служеле римските мајстори на мермер биле: 1. Статијата (ленир), 2. Гномонот (инструмент за мерење), 3. Смилата (длето) и 4. Дрвеното чеканче. Претставите на овие алатки се среќаваат издлабени на некои споменици од Македонија.

Транспортирањето на големите блокови од мермероломите до градовите, каде што биле употребени, во денешно време не претставува посебен проблем. Меѓутоа, во римско време ваквото транспортирање претставувало -тежок проблем, но сепак римските техничари успевале да го решат. Превозот на мермерните блокови од Сивец до Хераклеја и Cry6epa, како и од Курилово и Марков Cran до Стоби се вршел со добиток (волови и биволи), кои ги влечеле на скала или ниски тркала. За таа цел. биле направени погодни патишта и се водело сметка да не се испокршат блоковите, особено големи колони.

Посебно тежок проблем се јавувал околу подигнувањето и нибелирањето на големи колони-држачи на зградите, како и поставукањето на мермерните греди, кои ги поврзувале зидовите. Се разбира, ваквите тешки градежни зафати траеле долго време и во тие работи биле ангажирани здрави и јаки робови, а постоеле и некои направи со кои си служеле во својата работа.

Белешки

  1. Цвијић J., Основе за географију и геологију Македоније.... I, Београд, 1906, с. 288—300. ↩
  2. Цвијић J., н. д. с. 300—319. ↩
  3. Најубавите уметнички споменици и статуи од мермер се пронајдени на локалитетот Стубера, кај с. Чепигово, Прилепско. ↩
  4. Керамидчиев А., Римското рударство во Источна Македонија, Гласник на ини xu. I, Скопје, 1974, с. 119—133; За старото рударство во Мариово, мад, 2, Прилеп, 1976, с. 237--249; Извори за рударството и металургијата на Македонија во античко време, мад 3, Прилеп, 1977, с. 103--116; За старото рударство на Мариово II дел, мад, 4, Прилеп, 1979, с. 113--126. ↩
  5. Вучковић-Тодоровић Д., Античко насеље Стубера, Београд 1963. ↩
  6. Керамидчиев A., Старото рударство и металургија на Македонија, Скопје. sens ↩
  7. Керамидчиев A., н.Дд. с. 12-13, ↩
  8. Керамидчиев А., Новооткриени споменици од с. Браилово, Прилепско, Зборник на Археолошкиот музеј, Скопје, 1960 кн. III се. 45—52. ↩
  9. APOSTOL KERAMITČIEV -- Skopie ↩

Summary

The Exploatation of Marble in the Antiquity

(SUMMARY)

The earliest exploitation of marble in Macedonia dates back te2 the Roman time when marble became one of the most important materials in construction. The Romans discovered and exploited a great number of marble quarries from which huge blocks were quarried and used in building theatrs, palaces, forums. basilicas and thermae (baths). The Romans used the top quality white marble, called ,,sivec“, to make various statues, torsos and reliefs in honour of gods for the decoration of their temples, palaces and other public buildings.

The most important localities which have marble monuments in abundance are Stobi, Heraclea and Stubera on the sites of which large archaeological excavations have been carried out and remains of theatres, palaces, basilicas, ete. have been discovered. The old buildings have not been preserved Бик: eir remains attract our attention and curiosity.

In the Roman time marble was also used for individual and private needs i.e, to make ana erect tombstones, honorary tablets, sarcorphaggi, urns, etc. In the museum collections a huge number of epigraphic and other antique monuments from all parts of Macedonia have been gathered and presented. On some places where there were no marble quarries other kinds of decorative stone were used such as travertine, andesite, granite, limestone and tufa.

The most important quarries in Macedonia from where marble was exploited rm Roman time were: Sivee and Pletvar /Prilep), Markov4 Stap (the village of Mrzen), Kurilovo (the village of Debriste’ and Ramna Krasta (the village of Radovo, Demir Hisar), Th°eisands т3 of marble were extracted from these quarries for the construction of Heraclea (Bitola), Stubera (the village of Cepigovo) and Stobi. Heraclea and Stobi were built exclusively of the marble from Sivec and Pletvar. and Stobi was built of marble from Kurilovo and Markov Stap Only the town of Skupi in the environs of which the Romans could not find any marble was built of travertine from the village of Svilare.

(Translated by Radmila Radevska)