Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 97–108
Еден доцноримски гроб од околината на Куманово
Во текот на заштитните ископувања на лок. Прибовце, близу до Куманово, во април/мај 1978 година, се наметна како задача едно краткотрајно ископување на лок. Дрезга (на стариот пат меѓу селата Лопате и Матејче), кој и е мошне добро познат на археолошката јавност. Покрај споменувањето од страна на Н. Вулиќ на споменичниот материјал од овој локалитет (како што е капителот, фрагмент од натпис, два фрагмента со натпис и една ара посветена на Митра):1 и пронаоѓањето на вотивниот натпис каде што се спо. менува Станицата Ламуд посветен на Митра од М. Кокиќ2 лок. Дрезга повторно се споменува при изработката на археолошката карта на Куманово во 1959 година, кога таму се забележани повеќе површински остатоци од археолошки и градежен материјал.3 Со рекогносцирањето во 1959 година, откриени се два релјефа и еден коринтски капител, во самото село Лопате е откриена профилирана база од сив мермер, тули и тегули,4 а подоцна и надгробен споменик со латински текст и еден делумно зачуван латински натпис во поетски метар, вграден во плевна.5 Од сево ова се заклучува дека лок „Дрезга“ е еден од значајните археолошки пунктови во Кумановска област, во која, како што е познато, досега се уште не е откриен со сигурност ниеден градски центар.
На овој простор се упативме и ние по една важна информација, дека во 1970 година при копањето канали за поставување водоводна мрежа бил откриен гроб со стели со латински текст.6 И покрај нецелосното информирање, почнавме со сондирање на теренот во нивата на Тутунскиот комбинат од Куманово, која ни беше посочена. По неколку безуспешни обиди, пронајдовме друг гроб-циста, така што сега знаевме за два гроба откриени на овој простор. Самата конфигурација на теренот, со благите возвишенија, укажуваше дека тука би можело да се очекува некропола, а оваа претпоставка ја потврдија и годинашниве ископувања.7
Откриената гробна конструкција претставува правилна циста составена од шест камени плочи од жолтеникав варовник, од кои пет надгробни стели во секундарна употреба. Дното на конструкцијата е покриено со тули, таму беше положен скелетот. Скелетот, од машки пол, беше прилично зачуван, освен што ребрата на градниот кош беа скршени под тежината на земјата што попаѓала во гробот. Ориентацијата на скелетот и гробот беше си/јз, а главата беше свртена кон исток (сл. 1 и сл. 2). Гробните прилози се состоеја од еден керамичен сад меѓу нозете на покојникот, една бронзена крстеста фибула во пределот меѓу вратот и рамото и една тока во форма на буква D, нешто под карлицата.
Што се однесува до самата гробна конструкција, однапред е кажано дека е таа изградена од надгробни плочи во секундарна употреба. Ваквата појава не е осамена, напротив -- мошне е честа на територијата на римска Дарданија, односно провинција Мезија, а и во провинцијата Македонија.8 Овие гробни конструкции се особено чести во околината на Скопје (Момин Поток, Рокомија, Влае, Чучер, Брадовци, Радишани, Драчево и др), а се среќаваат и во Кумановско (Лопате и Липково).9 Според И. Микулчиќ, тоа се главно гробови на богати земјопоседници закопани на своите имоти и потекнуваат од почетокот до средината на 4 B.10 Меѓутоа, нивното наоѓање во некрополата во Скупи и во (веројатно) некрополата на лок. „Дрезга“, укажува дека ваквиот начин на погребување е во употреба, освен на приватните имоти, и во официјалните гробишта, каков што е горниот случај.
Да се вратиме пак на надгробните стели и да ги разгледаме прво двете покривни плочи. Првата, помала претставува горен дел од надгробен споменик, всушност зачуван фронтон11 со акротерии (сл. 3). Фронтонот завршува полукружно со тројна рамка. Во средината се наоѓа врежан диск од една помала и една поголема кружна површина. Иако дискот е поредок украс на фронтоните, изгледа дека во околината на Куманово тоа не е изолиран случај, бидејќи еден надгробен споменик од Кумановско има ист таков диск во фронтонот.
МАА тонот во средината е украсен со шишарка и со два плитко врежани
Другата покривна плоча е исто така надгробна стела. Изработена е од бел мермер и зачувана во целост. Стелата се состои од фронтон без акротерии (кои всушност претставуваат една порана фаза на нагробните споменици)12 и натписно поле со рамка. Фронбршленови листа од двете страни на шишарката. Рамката е украсена со гроздови и бршленови лисја што излегуваат од еден кантарос поставен на долниот дел на плочата. Натписното поле е вертикално поделено на два дела со еден стилизиран столб со јонски капител, и во него нема врежан текст. Вака надолжно поделено натписно поле-диптих е прилично честа појава меѓу споменичниот материјал од околината на Cxkonje. Веројатно плочата била приготвена, но се уште не употребена за покојникот. Инаку, орнаментот од бршленови лисја и гроздови врз рамката на натписното поле се еден од најчестите украси на натписите од провинцијата Мезија, особено од 2 век наваму.14 Бидејќи на голем број натписи од територијата на северниот дел на ср Македонија се среќава овој орнамент, ова е уште еден прилог за територијалното определување на овој дел од нашата република кон провинцијата Мезија Супериор.
На ред доаѓаат страничните плочи со сосем добро зачуван текст. Прво би ја разгледале надгробната стела од западната страна на гробната конструкција (сл. 4). Изработена се од жолтеникав варовник со прилично глатки површини. Фронтонот не е наполно 3aчуван бидејќи телата била употребена како странична плоча и, притоа, во вглавувањето оштетена. Зачуваниот дел е полукружно ре-
шен и на него може да се распознае тоалетен прибор (огледало, тоалетна кутија и др.). Од страните се забележуваат врежани орнаменти, всушност делови од украсени акротерии. Натписното поле е врамено со двојна рамка без никакви украси. Натписот се состои од седум правилни редови со различна големина на буквите, кои се намалуваат колку што текстот оди надолу. Буквите се внимателно врежани и нивната висина варира од 6,9 во првиот ред до 5,2 см во последниот ред, со исклучок на FC, чијашто висина е еднаква со буквите во првиот ред. Текстот гласи:
Publicia | Calirhole vix(it) an(nis) L!
h(ic) s(ita)| L. Viracius | Fortis
conliugi) f(aciendum) c(uravit)|
Што се однесува до обликот на одделни букви, интересно е да се забележи А од првиот ред на текстот, каде што неговиот десен крак е далеку подолг во однос на левиот, како и буквата О во вториот ред, која е три пати помала од другите букви во редот. Интерпункцијата е во вид на мали вдлабнати триаголници и го претставува најраспространетиот интерпункциски вид што се среќава кај спомениците. Ја има по сите абревијатури, освен по А во првиот ред на текстот (што не можам да тврдам со сигурност заради нерамнината на плочата на тоа место). Интерпункцискиот знак се сре-Кара дури и во средината на името VIRV ACIVS, каде што не му е место. Освен овој вид интерпункција, се среќаваат и знаците 3a одвојување во вид на hederae dinstinguentes, во вториот ред no E и пред VIX, и во последниот меѓу ЕС правилно употребени, и повторно една неправилна употреба во претпоследниот ред, каде што hederae dinstinguentes се употребени пред и зад IVGI, што е, сметам, повеќе со намера да се украси текстот. Текстот држи две лигатури VS и со како и малата буква О, спомената погоре.
Натписот е од приватен карактер. Го подига L. Viracius Fortis за својата сопруга Publicia Calirhoe. Таа има римско гентилно име и грчко лично име, што укажува на нејзиното перегринско потекло. Гентилното име Publicia е мошне често скоро во сите римски провинции (Италија, Африка, Ориентот, кај Келтите, во Далмација во доцната антика),15 а исто така и во Мезија Супериор, особено во Скупи).16 Грчкото лично име Calirhoe укажува на грчката припадност, а се среќава и на натписи од Далмација.17 Дедикантот на споменикот, пак, L. Viracius Fortis веројатно има типичен и чест римски праеномен. Гентилното име Viracius, наспроти тоа, не е често. Всушност, тоа мошне ретко се јавува на натписите. Viracius, како гентилно келтско име, се јавува на еден натпис од Кремона (M. Viriacius Quintinus Cremona), a како етрурска именска форма се споменува на еден натпис од Бриксија.18 Потребно е да се забележи дека гентилното име Viracius не е забележано на ниеден натпис од територијата на Скупи, ниту во провинцијата Мезија Супериор. Fortis се споменува како римски когномен во провинцијата Далмација,19 додека во провинцијата Мезија и на територијата на Скупи не е забележано. Меѓутоа, на еден натпис од Виминакиум се среќава FORT... како когномен20 што сепак не може да се прифати како појавување на когноменот Fortis во оваа провинција.
На натписите нема споменато конзули, ниту пак воени единици што би ни помогнале во датирањето. Сепак, според употребата на формулите НЅЕ и ЕС, кои се карактеристични за 1—2 век, особено за 2 век во провинцијата Мезија,21 потоа — појавата на лигатурите VS и Сс, кои во провинцијата Мезија ги има особено во втората половина на 2 век,22 како и интерпункциските триаголници, кои се среќаваат веќе во 2 век, натписот би можел да се датира некаде кон средината на 2 в. Во прилог на ваквото негово датирање може да послужи и номинативската конструкција на името на дедикантот и покојникот. Особена помош во пораното датирање на плочата претставува недостатокот на консекративната формула DM, која е во честа употреба од 2 век и натаму, а во 1 век недостига на натписите.23 Тоа едноставно непостоење на DM кај натписите можело да потрае и во првите децении на 2 век, така што и датирањето на плочата би можело да остане во тие рамки. Од друга страна пак, формулите НЅЕ и ЕС можат по исклучок да се јават дури и во почетокот на 3 в.24 па така, прифаќајќи една средина, напред споменатото датирање кон средината на 2 век останува на сила. Знаците hederae dinstinguentes не можат да послужат за попрецизно определување, бидејќи се јавуваат уште во 1—2 век и се во употреба се до појавата на христијанските натписи.25
Гробната плоча од источната страна на гробната конструкција и плочата од југоисточната страна, всушност, претставуваат два дела од еден ист надгробен споменик и тука ке бидат разгледани заедно (ел. 4 и 6). Плочите се изработени од ист материјал, како и претходната, со тоа што овие се помасивни. Горниот дел на споменикот бил решен во вид на фронтон со розета, а краиштата од споменикот се откршени; сигурно се работи за акротерии, бидејќи има остатоци од нивните украсени краишта. Розетата е масивна и седмолисна, убаво и пластично врежана во длабок релјеф. Долниот дел на фронтонот бил решен правоаголно, а можеме само да претпоставуваме каква била формата на фронтонот: правоаголна, петоаголна или полукружна. Натписното поле е едноставно профилирано со двојна рамка, без никакви украси. Натписот се состои од 12 редови правилно врежани букви, кои постепено се намалуваат, така што во последните три реда бидат сосем мали. Висината на буквите во првиот ред изнесува 6,5, а во последниот 4 см. Текстот гласи:
D(is) M(anibus) L. Viracius Fortis
vix(it| ann(is) LXX{h(ic) s(itus) e(st)|
L. Viracius| Fortis et | Viracia | Ingenua|
patri b(ene) m(erenti) f(aciendum) c(uraverunt)|
И покрај тоа што овој споменик е врежан погрубо од претходниот, ца знаците на интерпункција воопшто не се забележуваат, изгледа дека тука тие не се ни употребени, барем не на сите оние места каде што би ги очекувале. Тука нема ниту hederae dinstinguentes, a се среќаваат две лигатури R u С и малата 5 буква на крајот од седмиот ред. И овој натпис е од приватен карактер. Него ro подигаат 1. Viracius Fortis et Viracia Ingenua за својот татко. L. Viracius Fortis, кој на претходниот натпис се јавува како дедикант. Името 1. Viracius Fortis го разгледавме кај претходниот натпис, а во овој се среќава гентилното име Viracia, и името Ingenua кое мошне често се среќава во провинцијата Мезија Супериор, каде што е еден од најчестите когномени скоро во сите градови на провин-
цијата.26 Во Далмација се среќава на натписи како Ingenia или Ingenuus и во првиот случај се сврзува 3a галски и германски имиња, а во вториот за келтски.27
Останува хронолошката определба на плочата. Од текстот се гледа дека на натписот се употребени многу формули, како DM, НЅЕ, ЕС и ВМ. DM не може да помогне особено во датирањето, зашто се јавува во сите три века (II, III и IV в.). Што се однесува
до другите формули, за нив е погоре споменато дека се карактеристични за 2 век, со минимална разлика во времето на појавувањето, од кои ВМ е најдоцно. Освен двете лигатури чијашто хронолошка определба за Горна Мезија тука не би требало да се повторува, ни овде немаме никакви историски податоци што би помогнале во датирањето. И во овој натпис повторно имаме номинативска конструкција на името на покојникот и дедикантите, која треба да биде земена предвид, како и пластично врежаната розета во длабок релјеф, која припаѓа кон една порана фаза (2 в.). Во подоцнежниот период розетите се се помалку пластични, така што со текот на времето да станат едноставни шематигирани прикази на спомениците.28 Сепак сметаме дека оваа плоча би можела да биде нешто помлада од претходната и да се датира некаде од средината на 2 век и децениите на неговата втора половина, односно двете разгледани стели хронолошки да ги сместиме во децениите околу средината на 2 век.
Да се вратиме сега повторно на подвижниот археолошки материјал од гробот. Тој се состои од еден керамичен сад со богато профилирана ориентална форма на ибрик, од сивапечена глина со црноседефест лак, веројатно импортирана хијара. По форма е многу близок на формите од некрополата во Скупи, со единствена разлика што тие се изработени од terra sigillata.29 Инаку, нивното наоѓање во некрополата во Скупи се врзува со друг археолошки материјал кој се датира во 4 Век,30 што би можело да послужи и во датирањето на нашиот примерок. Вториот гробен наод е бронзена T фибула, сосем добро зачувана, долга 8,2 и широка 5,8 см, со траги од позлата, што не е ретка појава кај фибулите од овој тип. Ногата, по обликот и стеснувањето наназад и по должината во однос на должината на лакот (која е мошне куса), а и според декорацијата -- аналогна е на примерокот од Зајас.31 Според развиеноста на лаците кои се уште и шупливи, како и изработката на попречната греда, која е фасстирана и украсена со назабување, фибулата е блиска на примероците од Скупи?"32 и припаѓа во втората група Т — фибули според A. Јовановиќ, кои се хронолошки определени во првата половина на ју век.33 Бронзената тока, долга 3,8 и широка 3,2 см, има карактеристична форма на алката во вид на буква D. Трнот е решен прилично пластично и завршува со глава во ВИД на птица или пајка. Плочата-носач има благо овална форма. Аналогии на нашиов примерок има во некрополата во Скупи, каде што се датрани како западни готски токи од 4 век,34 а аналогии на плочата со доцноварваризираните токи од 4 век, според A. Јоѕа-
Сумирајќи го досега разгледаниот материјал (споменичниот и подвижниот), можеме да заклучиме дека камените споменици од децениите околу средината на 2 век, биле повторно употребени во изградбата на гробна конструкција некаде кон средината на 4 век, заклучувајќи според подвижниот археолошки материјал од гробот, au според раширеноста на оваа појава некаде од почетокот до средината на 4 век. Стелите употребени секундарно укажуваат дека наблизу би требало да се очекува веројатно и постара некропола; или во случајов се работи за некропола со поголем континуитет, односно со подолго времетраење, претпоставки што можеби ќе ги потврдат наредните ископувања.
Белешки
- Вулић И., Антички споменици наше земље, Споменик сан XCVIII, Београд 1941--1948, 99, бр. 218 и 217., Споменик ска LXXV, Београд, 1933, 47 итн. бр. 155. ↩
- Кокић м., Нови траг Митрина култа у Србији, Гласник Скопског научног друштва, књ. XII, Скопље 1933, 1—9; Вулић Н., Споменик LXXV, Београд, 1933, 47 бр. 155. ↩
- Соколовска B., Археолошки испитувања во Кумановскиот базен, Зборник на Археолошкиот музеј, кн. IV—V (1961--1966), Скопје, 1966, 99. ↩
- Ibid., 100—101, 99—100. ↩
- Сите овие споменици се наоѓаат во с. Лопате, во приватни куќи, и се помалку или повеќе оштетени. ↩
- Информација од тогашниот директор на Музејот во Куманово Саво Данковски. ↩
- Во текот на ископувањата Бо 1979 година се пронајдени уште 6 гроба. ↩
- Микулчиќ И. Доцноримски гробови од Скупи. Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, кн. 26, Скопје 1974, 113. ↩
- Ibid. ↩
- Ibid. ↩
- Соколовска В., op. cit. 102—103. ↩
- Димитровъ Д., Надгробнитѣ плочи отъ римско време въ Северна България, София, 1942, 62. ↩
- Вулић Н., Споменик сан XCVIII, 218, 219, 223; бр. 431, 434, 440., Споменик ска LXXI, 201, бр. 527; Јосифовска Б., Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, кн. 11, Скопје, 1959, 205, Dragojević-Josifovska B., Epigrafski prilozi iz Radišana kod Skopja, Živa Antika, tom. 2. Skopje, 1977, 455—457. sl. 7. ↩
- Димитровъ, Д., op. cit. 65. ↩
- Alféldy G., Die Personennamen in der rémischen Provinz Dalmatia, Heidelberg 1969, 112:... Schulze W., Zur Geschichte Lateinischer Eigennamen, Berlin /Zurich/ Dublin, 1966, 216, 414, 456, 518. ↩
- Mocsy A., Vorarbeiten zu linem onomasticon von Moesia Superior, Godignjak VIII, Centar za Balkanologka ispitivanja, Sarajevo, 1970, 148. ↩
- Alföldy G., op. cit. 386. ↩
- Alféldy G., op. cit. 95, 233, Schulze W., op. cit. 424 469. ↩
- Schulze W., op. cit. 22, 380. ↩
- Mocsy A., op. cit. 158 ↩
- Петровић П., Палеографија римских натписа у Горњој Мезији Бео град, 1975, 82, Димитровъ Д., ор. cit. 18. ↩
- Петровић П., op. cit. 107. ↩
- Димитроъ Д., ор. cit. 13—14. ↩
- Јосифовска Б., Водич низ лапидариумот, Скопје, 1961, 51; Вулиќ Н., Споменик сан XCVIII, 227, бр. 450. ↩
- Петровић П., op. cit. 107. ↩
- Mocsy A., op. cit. 160. ↩
- Alföldy G., op. cit. 90, 222. ↩
- Димитровъ Д., op. cit. 72. ↩
- Микулчиќ И., ор. cit. 138—139. ↩
- Ibid, 139. ↩
- Ibid. 31 Битракова В. Римски гроб од Зајас, Зборник на Археолошкиот музеј кн. IV—V (1961--1966), Скопје, 1966, 95—97. ↩
- Микулчиќ И., ор. cit. 137. ↩
- Jovanovih A., Маки и Rimskoj Dardaniji, Beograd 1978, 56—57. ↩
- Микулчиќ И., ор. cit. 137. ↩
- Jovanovi¢é A., op. cit. 71. ↩
- ELEONORA PETROVA — Skopje ↩
Summary
A Late Roman Grave from Vicinity of Kumanovo
In the spring of 1978 Archaeological museum in Skopje caried out the protecting work in the vicinity of Kumanovo (Pribovce and later Drezga). The locality of Drezga is very well known between archaeologists because here, finds of marble, ceramic etc. were found forty years ago. In this area we accidental found a late Roman grave cist-tipe, orientation NE/SW., with four Latin tombstons (two with inscriptions) from II, but not later than begining of3 III century7 A. D., used again in late Roman grave from IV c. A. D
The first covered slab is preserved fronton with acroterii and the second is tombstone prepared to be used but witnout text in text field. The third side slab from the west side bring an inscription: Publicia Calirhoe vix(it) an(nis) L h(ic) s(ita) e(st) L. Viracius Fortis coniugi f(aciendum) c(uravit). This stele probably belong to the II century concluded upon the formules used in text and the ligatures. The fourth side slab from the east side bring an inscription: D(is) M(anibus) L. Viracius Fortis vix(it) ann(is) LXX h(ic) s(itus) e(st) L. Viracius Fortis et Viracia. Ingenua parti b(ene) m(erenti) f(aciendum) c(uravit). This stele is a litle bit younger than the other and probably beleong to the second half of II century but not later than begining of III c. A. D., concluded upon formules and ligatures used in text.
All of the steles are from the same kind of stone, almost unique in this region, except a few finds.
The finds from the2 grave are: a ceramic jug (probably terra chiara) which belong to IV c. A. D., bronze crossed fibula dated in the first half of IV7 ce. A. D. and bronze slate (button) dated also in IV c. A. D. In fact we date the grave construction toward archaeological material found in the grave.
On the end we can conclude that tombstones from the II c. A. D. were used again in grave construction in TY c. A. D. probably in the period from the begining to the midle of the IV c., conculded upon the archaeological material used in the grave and upon wide diffusion of this phenomenon from the begining to the midle of IV c. in pronivcia Macedonia and Moesia Superior.
Steles used again for other grave construction, show us that in the vicinity we can expect probably an older necropolis, or the necropolis we are talking about have longer duration. More about all these thing will sav the next