Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 79–96

Археолошки ископувања во Скупи од 1978-1981 година

Содржина
  1. ИСПИТУВАЊЕ ВО БАЗИЛИКАТА И ОБЈЕКТИТЕ СВРЗАНИ СО НЕА
  2. ТЕРМАЛЕН ОБЈЕКТ
  3. УЛИЦА

Работите на базилика ЦП се почнати уште во 1964 година, а се работеше со мошне скромни финансиски средства. Треба да се истакне уште и тоа дека е во прашање објект со големи димензии и со многу лоша зачуваност.

Заклучно со 1977 година, а 1975 не се работеше, базиликата се откриена во основа, испитана е во поголем дел нејзината внатрешност, а е утврдена нејзината стратиграфија и положба. За сето ова стана збор во Macedoniae Acta Archaeologica бр. 5“.

Во наредната 1978,79 и 80 година се продолжи со работите на дооткривањето и испитувањето на внатрешноста на базилика II, потоа на испитувањето на објектите врзани за неа како и следењето на улицата кон југ. За таа цел, на прво место е извршено испитувањето на преостанатиот дел од северниот зид на централниот кораб а испитувани се и темелите од северниот и јужниот зид на базиликата. Потоа откриен е преостанатиот дел од подот во западниот дел од северниот и централниот кораб, откриен и испитан простор од северниот влез на нартексот а е испитана и ситуацијата кај 3aпадниот влез исто од северниот дел на нартексот. Исто така е испитувана и ситуацијата на објектите што се наоѓаат покрај јужниот кораб а работено е и на следење на улицата западно од нартексот кон Југ и центарот на градот.

За постоењето на улицата во овој правец дадоа доволно индиции поранешните истражувања во 1976 година западно од нартексот на базиликата ЦП1.

ИСПИТУВАЊЕ ВО БАЗИЛИКАТА И ОБЈЕКТИТЕ СВРЗАНИ СО НЕА

При контролирањето на зидовите на базиликата и на нивните темели се дојде до констатација дека северните и јужните надворешни зидови се градени во целина и до темелите со употреба на малтер како материјал на врзување. Меѓутоа, кај северниот зид, кој е мошне подобро зачуван од јужниот (јужниот зид е зачуван само во темелите), можеше да се забележи дека во понискиот дел од нивелета 264.96 до 264.18 малтер е употребен во значително помало количество, но е сигурно присутен. Наспроти тоа, зидовите на централниот брод (северен и јужен), зидот од апсидата како и зидот што ја преградува, во својот долен дел се градени од неправилно реден камен врзан со кал.

Исто така, карактеристично е дека пиластрите откриени под нартексот од базиликата (делови од објект на постара фаза) лежат на слична конструкција што е градена со камен и кал2.

Границата на конструкцијата со малтер и онаа со кал, т.е. разграничување во градба, приближна е насекаде и на исто ниво: 263.41 во квадрат 92/Н8, 263.47 во квадрат 93/Н8, 263.44 во квадрат 94/Н8, 263.57 во квадрат 30/T8, кои меѓутоа се наоѓат на крајниот северозападен Наос, така што разликата може да биде разбирлива. Според тоа подот и нартексот во квадратот 28/Г7, кој лежи на длабочина 263.90 се врзува за пиластри и може веројатно да се врзе за дел од зидот граден со кал. Оваа ситуација би можела да индицира дека постои еден првобитен и постар објект што би можел да биде еднобродна базилика со апсида, иако горнава ситуација со подот под нартексот во тој случај е нејасна, но веројатно би можело да се работи за нартекс од еднокорабната базилика. Во тој случај, базилика II во својот сегашен облик изгледа дека е настаната со проширување од еднокорабна во трикорабна базилика. Напречниот зид, T. е. зид што ја преградува апсидата, би можел исто така да се врзе за првобитната базилика, што го потврдува фактот дека сигурно лежи под подот на презбитериумот на базилика II, а на нивелата 263.75.

Сл. 4. бидана основа — база за столб
Сл. 4. бидана основа — база за столб

При испитувањето на северниот зид од централниот кораб е утврдено постоење на четири зидани основи за бази за столбови, од кои најдобро е зачувана онаа во квадрат 22/7 во вкупна должина од 1,20 м. а широчината се поклопува со онаа на самиот зид (сл. 1)

Нејзиниот централен дел е прекриен со малтер што е мешан со толчена тула, дим. 60 х 60 см. а претставува лежиште на база за столб. Другите основи за столбови полошо се зачувани, но со доста елементи што овозможуваат нивната реконструкција да се изведе во форма идентична со опишаната.

Така можеше да се констатира дека растојанието меѓу двете соседни основи изнесувало 1,90 м, но ова растојание било поголемо во делот кон нартексот и апсидата, а изнесувало 2,10 м.

Потврдените столбови на северниот дел од централниот кораб и основата на еден таков столб на јужниот зид од централниот кораб даваат јасна слика за разграничување меѓу централниот и страничните кораби. Напоменуваме дека другите бази за столбови на јужниот зид од централниот кораб не можеле да бидат констатирани бидејќи овој зид е зачуван само под подот.

Стеблата од столбовите што се пронајдени во апсидата во северниот кораб и на зидот од средниот кораб можат да се врзат 3a базите за столбовите. Овој факт ја потврдува и базата за столб што е пронајдена во кв. 22/Н7 покрај овој стилобатен зид, а чиј што пречник точно одговара на лежиштето на средниот дел од зиданата основа, што би значело дека на нив биле поставени столбови врз бази. Во горната конструкција помеѓу столбовите постоеле двојни ниши, украсени со фрески, што го потврдуват најдените фрагменти од двоен лак.

Што се однесува до подот на базиликата тој е зачуван на целиот простор во северниот и централниот кораб, а е граден во веќе порано утврдената техника со подлога од поситен и покрупен грагор, кршена тула прекриена со хоросан малтер и со тенко премачкување. Треба да се истакне дека не постојат никакви индиции за постоење на мозаик. Меѓутоа, подот, во состојбата во која ес зачуван, го покажува всушност карактерот на основата на подот.

Како под на презбитериумот, може со сигурност да се смета во квадратот 3/H7 на нивелата 265.22, кој е над нивото на самиот под од базиликата. Границата меѓу презбитериумот и наосот во кој меѓутоа, презбитериумот заоѓа, не може точно да се утврди поради големите нарушувања, но би можело да се претполага дека е западен зид од термален објект (објект од постарата фаза, над која со својот источен дел е подигната базилика, потврдено со поранешните истражувања дека овој ѕид припаѓа на термален објект) меѓу презбитериумот и наосот.

Треба да се истакне и тоа дека близу до презбитериумот и северниот зид од централниот кораб во кв. 12/H7 и други квадрати се пронајдени повеќе делови од архитектонската декорација и украси: мермерни капители, бази, стебла од столбови, ажурирани розети, а сето тоа потекнува од преградата на презбитериумот, Фактот дека овие објекти се пронајдени во дислоцирана положба, би можел да се протолкува со поголемото нарушување во просторот меѓу централниот кораб и презбитериумот кој е недвосмислено потврден со ископувањата.

Сл. 2. Фрагмент од АВОСН лак украсен со фреска
Сл. 2. Фрагмент од АВОСН лак украсен со фреска

Во западниот дел од северниот брод, поточно квадрат 31/Н7, откриени се делови од објект што потекнува од подоцно време. Констатирани се два зида поставени управно на северниот зид од базиликата и кои се потпираат врз него а се градени во примитивна техника од кршени тули и кал. Во просторот на овие зидови се откриени две јами што го пробиле подот на базиликата. Едната од нив содржеше малку жито. Приближно на средината од овие два зида с констатирана една кружна дупка од колец, кој веројатно служел за одржување на натстрешникот, т. е. покривот кој морал да се потпира врз северниот зид од базиликата. Очигледно дека се работи за извесна ниша, која е дополнително подигната во базиликата.

Со испитувања во северниот дел од нартексот е утврдено дека преку скалилата во овој дел се доаѓало до една просторија што лежи на значително повисоко ниво (нивелата 226.65) од самата базилика. Просторијата ги има внатрешните димензии 5,80 х 5,80. Основната карактеристика на Оваа просторија е дека нејзините зидови се мошне лошо зачувани и плитко Фундирани. Во најдобра положба € зачуваниот поголем дел од северниот зид кој на својата внатрешна страна има добар дел зачувана малтерна оплата. Западниот зид е сосем поваден, а источниот во своето горно ниво, многу оштетен. Јужниот зид на оваа просторија претставува северен зид од нартексот. На аголот што го склопуваат источниот и северниот зид е откриен и зачуван еден дел од извесна калотесто зидана конструкција што е тука дополнително изѕидана, од тули и розов малтер, така што на ова место и 5идовите се значително Оштетени.

зидовите од оваа просторија се градени од необработен камен и малтер, а нивната дебелина изнесува 0,60 м. Карактеристично е и тоа дека подот од оваа просторија бил поплочен со опеки што се идентични со оние со кои е поплочен и нартексот. Меѓутоа, овој под е зачуван само во западната половина, додека во источната е изваден (сл. 3).

Обилие од покривни тули што се откриени во шутот и над подот укажуваат дека тука се работи за една покриена просторија, која е допрена до северниот зид од нартексот, а која несомнено претставува една од пастофориите. Другата пастофорија би требало да биде пандан на оваа и од јужната страна, не е зачувана ни во темелите, поради целосна оштетеност на целата јужна страна од ба-

Сл. 3. Северната пастофорија, западен дел
Сл. 3. Северната пастофорија, западен дел

Останува мошне нејасно архитектонското решение на овој дел од теренот, односно прашањето за нивото на јужната пастофорија во однос на нартексот. Се стекнува впечатокот дека при изградбата на базиликата се следел падот на теренот, така што не била извршена комплетна нивелација на просторот, вклучувајќи ги тука и пастофориите, како и јужниот апсидален зид, кој се потпира врз дели од јужниот кораб, кој претставува дел од надворешната просторија. Спомнатиот апсидален зид во почетокот на истражувањата даваше индиции дека тука се работи за објект што е допрен југоисточно кон базиликата, т. е. кон нејзиниот јужен кораб.

Испитувањата покажаа дека тука е зачуван само еден апсидален 5ид кој припаѓа кон базиликата, а дека на пониско ниво постојат остатоци од објектите што припаѓаат на постарата фаза.

Накусо да наспомнеме дека од постарите објекти тука се маркантни остатоците од еден термален објект кој е навестен уште од времето на истражувањата на објектот II од 1973 година, но подоцнежните истражувања дадоа поодредени резултати. Објектот П од 1973 година е идентификуван како палата, а термалниот дел од објектот се наоѓа во нејзиниот склоп.

На повисоко ниво и над значителен дел од овој објект т. е. палатата и нејзиниот термален дел, подигната е базилика 11, па е разбирливо зашто овој објект не можеше да биде откриен и истражен во целост, туку само во слободниот простор.

За овој објект Ќе стане збор во натамошното излагање.

Да се навратиме повторно на апсидалниот зид, за кој веќе кажавме дека припаѓа кон базиликата. Тој има положба С/Ј со извесна девијација, така што од неговата источна страна се наоѓа tepidarium, а од западната prefurnium и caldarium. Техниката на градењето како и положбата на ова место, недвосмислено укажува дека овој 5ид воопшто не припаѓа кон термален објект, туку дека е изграден подоцна, кога овој објект престанал да функционира.

Во долната партија овој апсидален зид е граден од необработен камен и од кршена тула, врзани со кал, а од нивелата 262.46 оваа градба се менува и оттука до најголемата зачувана височина 263.00, зидањето е поправилно и поквалитетно. Имено, се состои од правилни редови од тули, потоа камен, врзани со малтер, што значи дека разграничувањето на овие два вида градби лежи на нивелета 262.46, така што од оваа височина и споевите со зидовите од калдариумот (северен и јужен) се изведени монолитно (сл. 4). Ваквата конструкција и начинот на градење наполно се идентични со одделни зидови од базиликата (апсида, северен и јужен зид од централниот кораб и др.). Треба да се рече уште и тоа дека овој 5ид лежи врз конструкција чија што горна површина е прекриена со сив малтер. Оваа конструкција е постара и од термалниот објект. И3зградбата и намената на апсидалниот зид на ова место би можеле да се протолкуваат единствено со целта да се искористи постојниот јужен апсидален зид од калдариумот и да се дозида уште западниот зид како пандан на источниот, па така да се добие простор во фор-Од сето ова би можеле да извлечеме заклучок, и тоа само како претпоставка, дека најверојатно постоела намера на ова место да се изгради баптисериум што би имал форма на тролист, со тоа што би се искористиле постојните 5идови од постариот објект (сл. 5).

Сл. 4. Груб спој на апсидалниот зид со јужниот од калдариумот
Сл. 4. Груб спој на апсидалниот зид со јужниот од калдариумот

Овој дел од објектот очигледно или не е довршен или е уништен. За се однапред изложеното види Шлан 1.

ТЕРМАЛЕН ОБЈЕКТ

Од термалниот објект се откриени две простории, префурниум и дел од третата просторија. Првите две се едно до друго и завземаат положба C3—ЈИ, меѓу нив е префурниумот а над нив и под јужниот кораб од базиликата е дел од третата просторија. Според

планот, конструкцијата и начинот на самата градба за првите две3

Сл. 5. Источен апсидален зид од базиликата и јужен зид од калдариумот
Сл. 5. Источен апсидален зид од базиликата и јужен зид од калдариумот

простории може да се рече дека претставувале базени за млака и топла вода, додека просторијата што се наоѓа северно од нив веројатно претставувале apoditerium т. е. соблекувална.

Констатирано е дека откриениот дел од термалниот објект лежи врз објект од постара фаза и дека овој објект се шири и под источниот дел на палатата. Ова го потврдуваат делови од откриените подови и зидови, но засега не е јасно за каков објект се работи. Едно € во овој момент познато, дека неговите подови се премачкани со сив малтер (нивелата 261.31 и дебелина од 2 см.) и дека лежат директно на земја. Разликата во нивелетата на оделните делови во секој случај е последица од нерамномерно улегнување на земја.

идовите од овој објект се градени од кршен камен, камени облутоци што се обилно залиени со бел малтер. Нивната дебелина изнесува 35—40 см. сл. 6. Што се однесува до калдариумот, може да се рече дека е многу лошо зачуван. Имено, неговиот западен зид е во поголем дел урнат, ситуацијата со источниот зид е нејасна, додека северниот и јужниот зид се подобро зачувани.

Северниот зид е откриен во должина од 6 м. а врз него лежи зид од базиликата. На јужната страна се наоѓа апсидалниот 5ид, чиј што пречник од предниот челен отвор изнесува 1,78 м, длабочината 1.52 м. А полукружниот дел е изведен со радиус од 90 см.

Овој апсидален зид на својата внатрешна страна има малтерна оплата во два слоја.

Внатрешниот слој е од бел, а надворешниот од розов малтер. Од апсидалниот зид кон исток другиот дел од просторијата ја затварал прав зид, чија што должина е зачувана до 2 м. Оттука во долната партија зидот продолжува спрема Ј/И во должина за 1,36 м.

Растојанието од северниот до јужниот зид во широчина изнесува 2,50 м, a прецизната должина на просторијата не би можела да се определи поради оштетувањето во источниот дел. Заедничка карактеристика на зачуваните зидови е дека се со дебелина од 60 см. и дека се градени од камен и кршена тула, редени без некој одреден ред, а се врзани со дебел слој бел малтер.

Горниот под во просторијата, која секако го носеле столпчиња хипокауст, не е зачуван, додека долниот под врз кој лежеле столпчиња е зачуван, освен на источната страна, каде што е неправилно разурнат. Овој под бил премачкан со бел малтер, под кој е подлогата од кршена тула, така што заедно со супструкцијата изнесува околу 10 см.

Столпчињата од хипокауст се градени од тули со тркалезна форма, асе споени собел малтер. Димензијата на тркалезните тули изнесува: Р—17 см. дебелина 6—7 см. а најголемата височина на столпчињата е 22 см. и ја сочинуваат 3 тули. Столичињата се поставени меѓусебно во правилни редови, претставуваат полиња, а нивното меѓусебно растојание изнесува 55 см. Постои незначително отстапување во просторот на апсидалниот зид, каде што столпчињата ја следат кривината.

На истиот под, врз кој лежат столпчињата, а покрај јужниот зид и во правец С/Ј постои тесно зидче градено од тули и малтер со зачувана должина од 93 см. широчина 23 и височина 30 см. Неговата намена на ова место е сосем нејасна (Пл. 1).

Лежиштето (префурниум) се наоѓа во просторот меѓу северниот и јужниот зид од калдариумот, поточно меѓу тепидариумот и калдариумот. Од неговата вкупна конструкција е зачуван западниот зид, огништето, додека источниот зид недостига, кој е најверојатно оштетен при изградбата на апсидалниот зид од базиликата, за која веќе беше збор. Ложиштето е ориентирано ји/СЗ, а е градено немарно од крупен и ситен необработен камен и тули врзани со дебел слој малтер. На двете надолжни страни доминира по еден крупен камен а растојанието меѓу нив изнесува 46 см.

Вкупната должина на самото место каде што горел оган T. е. На огништето изнесува 90 см. Од западната страна ложиштето © ограничено со зид, со должина од 2,5 см, а широчина 60 см. Овој зид е граден правилно и предимно од тули, малку камен, кои се врзани со малтер. На средината има отвор широк 40 см. низ кој циркулирал топол воздух. Забележано е меѓутоа, големо присуство на гареж и пепел на целиот овој простор, како и на подот на кој, лежат столпчиња од хипокауст.

Да спомнеме уште дека од западната страна на калдариумот на одалеченост од 1M. постои зид од отворен канал насочен во правец сз/ЈИ и зачуван во должина од 2,75 м, во широчина 25 см. Веројатно бил во врска со термите.

За просторијата која најверојатно служела како базен за топла вода (tepidarium) веќе е кажано дека се наоѓа од источната страна од калдариумот и префурниумот, а со тоа непосредно се надоврзува кон источниот дел од палатата и кон нејзините други простории од оваа страна.

Основната карактеристика е дека под подот постои канал со тубулуси, кој во секој случај служел за циркулација на топол B03- дух и загревање на просторот над него. SupoBuTe што го органичуваат овој базен мошне лошо се зачувани, а некои од нив немаат можности ни да се констатираат. Најдобро е зачуван зидот што ја затварал просторијата од јужната страна, иако од источниот и западниот крај е неправилно оштетен така што директно не се спојува со зидовите од спротивните правци, т.е. источниот и западниот. Така јужниот зид е откриен во вкупна должина од 6M. Граден е mpeдимно од кршен камен и помал дел камени облутоци, сето тоа врзано со бел малтер. Неговата дебелина изнесува 55 см. Во правец кон запад, во зачуваниот дел од подот, каде што е, како што веќе нагласивме, неправилно оштетен, сепак може да се констатира дека не се подудира сосем со ѕидот на калдариумот со кој има идентична насока. Имено, овој зид е поместен кон југ за околу4 15 см, а меѓу нив постои слободен простор од 60 см. Од западната страна, и тоа кај алогот што го склопуваат источниот и јужниот зид од јужниот кораб на базиликата, откриен е дел од западниот 5ид OF оваа просторија само во должина од 50 см. Кон југ тој е неправилно оштетен, а кон север заоѓа под јужниот зид на базиликата. Очигледно дека овој зид ја затворал просторијата од западната страна, а од неговата внатрешна страна и над подот е зачуван дел од малтерната оплата. Источниот зид, кој во секој случај морал да ја затвора оваа просторија, не е во ниеден дел зачуван. дачуван е само дел од первазот на подот, и тоа од двете страни на каналот со тубулуси. Од оваа страна работ на подот кон север е неправилно оштетен. Подот исто така од оваа страна е зачуван, но заоѓа под апсидата и другите делови од базиликата, така што ситуацијата на северната страна е главно нејасна.

Што се однесува до подот од оваа просторија, кој е зачуван во поголем дел, може да се рече дека лежи врз нивелета 262.39, дека е граден од малтер и толчена тула премачкана од хоросан малтер, а супструкцијата ја сочинува ситен камен грагар мешан со толчена тула, така што вкупната дебелина со супструкцијата изнесува Каналот со тубулуси е ориентиран сз/ЈИ и има должина 4,20 м. широчина 1,60 м, прекриен е со земја и понекој ситен камен со дебелина од околу 20 см. А сето ова лежи директно врз сивобел под, кој му припаѓа на објектот од постарата фаза.

За ѕидовите на каналот не би можело да се рече дека со својата конструкција претставуваат прави ѕидови, туку дека се некој вид потпорни зидови што се во основа тесни, а се шират кон врвот. Нивната височина, мерена од подот од сивобел малтер (подот на спомнатиот објект од постарата фаза) до супструкцијата на подот, изнесува 90 см. а најголемата широчина изнесува 40 см. Овие потпорни зидови се градени од кршен камен, скршени тули и грагор а се врзани со бел малтер. Нивното источно лице не е омалтерисако, но е правилно завршено, така што ова укажува дека биле ограничени со извесна конструкција. Во прилог на ова зборува, како што е веќе и речено, зачуван перваз на одделни места на подот

Сл. 6. 5ид од објектот на најстарата фаза
Сл. 6. 5ид од објектот на најстарата фаза
Илустрација, стр. 90

Маро термален објекг легенда

Илустрација, стр. 90

од оваа страна. Од западната страна каналот е проширен кон север и југ, така што за подлога на тубулусите е искористен зид на 0бјектот од постарата фаза (сл. 6).

Во прилог на ова оди и малтерисаното западно лице на каналот, т.е. лицето на потпорните зидови. Внатрешното лице на каналот, т.е. зидовите што го ограничуваат, омалтерисани се со розев а ЊЕ ПУ во каналот се поставени во два паралелни реда. (сл. 7).

Сл. 7. Канал со тубулуси под подот на тепидариумот
Сл. 7. Канал со тубулуси под подот на тепидариумот

Супструкцијата се состои од една или од две тули (дим. 27 x 15 x 7 см) што се обилно прелеани со малтер, врз кој уште во свежа состојба е вметнат тубулус.

Растојанието меѓу двата тубулуса во истиот ред изнесува околу 60 см, а меѓу редовите исто толку. Отстапување постои кај првите два тубулуса, на двата краја од каналот, а изнесува околу 40 см. Тубулусите се градени од печена земја со широчина што варира 14—20, см, како и дебелина на зидовите што се движи 6-20 мм. Во основата ободот на тубулусите е проширен и здебелен, додека околу 60 см. според пресметките на сочуваниот дел на покривот. Имено, каналот бил покриен со тули чии што димензии изнесувале 60 х 60 х 8 см. Во широчината морале да бидат три тули, што одговара на распоредот на тубулусите. Тулите лежеле врз тубулу-сите, a зидовите од каналот врз свеж хоросан малтер. Прекриени се со истиот малтер со кој е премачкан и подот на просторијата.

Од просторијата северно од калдариумот со сигурност е откриен дел од подот што лежи во јужниот кораб од базиликата. Тој е на апсолутно иста длабочина со другите откриени делови на подовите од термалниот објект (нивелета 262.39).

Сигурно е дека оваа просторија, која претставува најверојатно apoditerium (соблекувална), од западната страна била ограничена со зид што е делумно откриен во темелите на јужниот зид од јужниот кораб на базиликата, а има ориентација С/Ј со извесна девијација. Дел од овој зид е откриен уште на две места во централниот брод во кв- 2/H7 и во темелите на северниот зид од централниот кораб.

Што се однесува до јужниот и источниот зид од оваа просторија, логично е дека биле заеднички со северниот ѕид од калдариумот и со западниот од тепидариумот, додека ситуацијата со северниот зид засега е нејасна. Треба да се наспомне една карактеристика на оваа просторија, а тоа с дека во C/3 агол и близу до јужниот зид од централниот кораб на базиликата е откриена една сколесто 5идана конструкција во форма на банкина со должина од 1,5 м и широчина околу 45 см. Оваа скалеста конструкција е зидана во два реда тули, премачкани со розов малтер.

Засега останува сосем нејасно како биле решени комуникациите меѓу горните простории. Меѓутоа, јасно се дека топлината што се ширела од ложиштето што се наоѓа меѓу калдариумот и тепидариумот се ширела и циркулирала низ каналите и шуплините под зидовите и така вршела загревање на просториите, додека системот за загревање преку цевки во зидовите на ниедно место не можеше да биде констатиран поради големите оштетувања на самите з5идови. Повеќе пати е нагласувано дека откриениот дел од овој термален објект се наоѓа во склопот на една палата, чии што останати простории се наоѓаат во источниот дел, а притоа е познато дека истражувањата на овој објект не се изведени докрај, така што сега ова ја отежнува околноста за вршење аналогија и прецизно датирање на објектот во целост. Техниката на градењето, конструкцијата на зидовите и на подовите со сигурност укажуваат на доцно римско време, а општите карактеристики со фрески по зидовите упатуваат на период на константиновската епоха.

Истражувањата на источниот и на другиот дел од палатата, во слободниот простор, Ќе бидат извршени во зависност од поповолните финансиски можности. Напмнуваме дека над објектот се наоѓа огроме нанос земја, и со оглед на тоа дека се работи за голем пад на теренот (Зајчев Рид), решавањето на сложените околности е уште по Од значење е да се истакне дека на ова место постои мошне поволна стратиграфска ситуација што се однесува до самата базилика II и до објектите што се наоѓаат крај неа и што заоѓаат делумно под нејзините темели (Пл. 1). По доследната конзервација на овие објекти, постои можност да се прикажат фази од животот во Скупи од најраниот до најдоцниот период.

УЛИЦА

Крајно е логично дека базиликата II, со својот план и ориентација секако морала да има излез на западната страна, каде што можеше да се очекува извесна сообраќајница што одела од север кон југ.

Реалните претпоставки дадоа материјална потврда, имено со истражувањето во оваа насока е потврдено постоењето на улица.

Со испитувањето западно од нартексот на базилика II се покажа дека улицата во овој дел од теренот е наполно дислоцирана и дека не била зачувана ни нејзината супструкција,. Се копаше се до здравицата што лежи во горниот северен дел на нивелата 265.27, а во јужниот 264.80,

Меѓутоа, покрај западниот влез во северниот дел од нартексот и на нивото на влезот е зачуван помал дел од просторот што е поплочен со тули и порабен со камени блокови, кои имаат нешто издолжена форма. Се стекнува впечаток дека тука се работи за трем пред самиот влез на базиликата. Западно од нартексот и кон југ е извршено сондирање во должина од 70 м. Овој простор е истражен така што на растојание од 5 м. се поставувани напречни сонди во правец И--3, дим. 4x2m. Некои од нив, според потребите, беа дополнително проширувани во правците што биле условувани со наоди. Во сите истражени сонди е откриена и потврдена супструкција од улицата, која се состои од покрупни, поситни и дел цепени камења и грагор а сето тоа лежи врз тврда и набиена земја.

На линијата од оваа сообраќајница во јужниот дел, конкретно го сондата 26, откриени се објекти идентификувани како камени корита. Досега не постоела материјална можност да се утврди во каков однос се откриените водоводни керамички цевки (откриени во 1966 година, западно од нартексот на базиликата П) со овие корита, иако имаат правец на движењето насочени кон Нив5.

Во последната и најјужна истражена сонда е откриено и поплочување на улицата што било изведено со големи обработени камени плочи од разни димензии, кои имаат неправилно правоаголна форма и редени без некој утврден ред.

Во наредната 1981 година истражувањата сс продолжија околу ова место, но во сите правци. Целта беше да се открие широчината на коловозот, да се утврди постоењето на тротоарот, како и нивното разграничување и комуникација, а и да се констатираат и делумно да се откријат објектите покрај улицата.

МАА зиликата. ма на тролист. горниот раб во ниеден случај не е зачуван, Височината изнесува отежнато. следниве:

Износот на финансиските средства доделени за истражувањата во оваа година беше крајно скромен а резултатите од работата се Коловозот е откриен во широчина од 6 м. Од западната страна бил ограничен со зидот (ивичник) на кој се зачувани два зидани столпца и еден кружен отисок од столб во малтер (сл. 8).

Исто така, утврдено е дека постоел тротоар од оваа страна (с.е. западната), чијашто широчина изнесува 2,50 м- Откриен е исто така и дел од фасаден зид од еден објект што се наоѓа директно покрај улицата и тротоарот, а се откриени и помали делови од два примитивни зида што се градени од камен и кал. 5идот што го ограничува плочникот од западната страна е откриен во должина OF 10 M, а неговата широчина изнесува 45 см. Граден е од поситен камен со различни димензии и кршени тули редени без некој определен ред и врзани со малтер.

За него е карактеристично и тоа дека бил плитко фундиран и дека покрај неговата источна страна постоела една косо малтерисана конструкција во висина до 25 см, која по се судејќи служела како одбојник за вода, додека од западната страна е констатирано извесно зидано проширување за околу 22—24 см, кое со зидот има идентична техника на градењето.

5иданите столпци што лежат на овој зид се градени од необработен камен со разни димензии и дел од кршени тули врзани со малтер. Столпците се оддалечени еден од друг околу 3,40 м, така што јужниот столбец е означен под број 1, а има дим. 1 х 0,60 х 0,80 м, и лежи директно на зидот, додека столбец број 2 е северно, а лежи на два монолитни камени блока со улога на стилобат. Овие два камени блока се поставени на линијата на зидот ивичник кој продолжува да се шири кон север. Непосредно и јужно до овој стол-Oey е и спомнатиот кружен отисок од столб во малтер и на зидотивичник има правилно зарамнето дно со дијаметар од 34 см, а зачуваната длабочина изнесува 26 см.

Дел од фасадниот зид на објектот, кој се наоѓа крај тротоарот, откриен е во должина од 6 см. Неговата широчина изнесува 1,15 м. граден е многу грижливо од камен и малтер:

Паралелен е со улицата со идентичен правец и ориентација си/ЈЗ, така што продолжува да се шири како и самата улица кон jy6 и север.

Овој зид, кој по се судејќи е дел од извесен импозантен објект, заедно со плочникот, зидот ивичник и отисокот од столбот на него, секако припаѓаат кон една и иста временска фаза.

Во овој момент изгледа дека отисокот од стоблот на зидот-ивичник претставува дел од трем пред спомнатиот објект, кој за таа намена го искористел просторот од тротоарот, а подоцна е направена извесна преграда, за што сведочат немарно градени з5идани столици на истиот зид. Истражувањата на ова место не се завршени.

Пред почетокот на истражувањето на овој простор, т.е. простор на кој е следена улицата, се поставуваше прашањето дали подот на теренот од север кон југ бил решаван по пат на скалила или не. Ilo сондирањето можеше да се заклучи дека е користен природниот пад на теренот, кој на север изнесува 149, a на југ 4%. (За сето ова во врска со улицата, види План 2). Постојат сигурни индиции дека тука се работи за една значајна сообраќајница во градот Скупи и ако таа постепено и систематски би се следела кон југ, би можело со сигурност да се дојде и до форумот. Ова е една од поважните замисли што е зацртана во долгорочниот план за работа на овој локалитет.

Сл. 8. Улица: дел од плочникот, западниот ѕид-ивичњак на кој се наоѓаат отисоци од столб и зидани столпци
Сл. 8. Улица: дел од плочникот, западниот ѕид-ивичњак на кој се наоѓаат отисоци од столб и зидани столпци

Белешки

  1. Гарашанин М. Кораќевиќ Д., Базилика II во Скупи, Macedoniae Acta Archaeologica 6p. 5, 1979, 31—46. ↩
  2. Ibid., 38, 40 сл. 3. ↩
  3. Ibid., 34. ↩
  4. Ibid., 43. ↩
  5. Ibid,, 43—44, ↩
  6. MILUTIN GARAŠANIN — Belgrad DUŠANKA KORACEVICG — Skopje ↩

Summary

Archaeological Excavations in Skupi Performed in the Period from 1978 to 1981

(SUMMARY)

The works on Basilica II began in 1964 with very modest financial means. A stress should be put on the fact that it is a large structure which was in a rather bad condition.

To 1977 inclusive (in 1975 excavations were not performed) the basilica was excavated in general, a bigger part of its interior was researched, and its stratigraphy and position were confirmed.

In the following years, 1978, 1979 and 1980, works on total excavation and research of the interior of basilica II were continued as well as on the research of the structures connected to it and the street leadig southwards. With that purpose, first of all, we reseached the remaining part of the north wall of the central nave, then the foundations of the north and south walls of the basilica were also researched, then the remaining part of the floor in the west part of the north and central nave was excavated as well as the space north of the north entrance of the narthex. The situation of the west entrance of the north part of the narthex was also investigated as well as of the structures beside the south nave. Works were performed on excavating the street west of the narthex leading to the south and the centre of the town.

The former investigations performed in 1976 west of the narthex of basilica II gave enough evidence for the existence of a street in this direction.

During the investigations in basilica II and of the north wall of the central nave we stated existence of four built foundations for bases of columns.

So we can conclude that the distance between two adjacent bases was rer m., but this distance was greater in the part towards the narthex and apse,

The columns in the north part of the central nave and the foundation of such a column of the south wall of the central nave give a clear picture of a confinement between the central and the lateral naves. We want to make a remark that the rest of the bases for columns of the south wall of the central pave could not be sound because this wall has been preserved only under the

The floor of the basilica has been preserved on the whole space of the north and the central nave and it was built on a foundation of fine and coarse gravel broken bricks covered by rough mortar and by thin coating. However, the floor as for the condition in which it has been preserved, has in fact a character of a foundation for floor

In the north part of the narthex it was confirmed that by the stairs of this part it was possible to come to a room which was on rather higher level than the basilica itself.

The walls of this room were built of rough stone and mortar and they4 are 0,60 m. thick. It is also characteristic that the floor of this room was paved with bricks which are identical to those of the narthex, but this floor has been preserved only in the west half while in the east half the bricks have been removed.

The abundance of roof tiles found in the refuse parts as well as on the floor show that it was a roofed room which was built next to the north wall of the narthex and was no doubt one of the pastoforias. The other pastoforia should be companion room of this one on the south side but it was not preserved, not even in its foundation, because the whole south side of the basilica was totally destroyed.

South-east of the basilica worth mentioning are the remains of a thermal structure the existence of which was stated even during the investigation of structure II in 1973, but the subsequent investigations gave more definite results. Structure II excavated in 1973 was identified as a palace, and the thermal part of the structure is within its composition.

On a higher level and above a greater part of the structure i.e. the palace and its thermal part, basilica II was built. It is understandable why this structure could not be excavated and investigated entirely but only on a free space. Only7 two rooms of the thermal structure, prefurnioum and a part of the third room have been excavated. The first two are one next to the other and have NW—SE position, prefurnioum being between them, and above them and under the south nave of the basilica is a part of the third room. According to the plan, the construction and the way of building of the first two rooms it сап be said that they7 were pools for cold and warm water while the room north of them was probably an apodyterium i.e. a dressing room.

It was stated the excavated part of the thermal structure lies on another structure from an earlier stage and that this structure extends under the eastern part of the palace as well. This can be confirmed by the fact that parts of floors and walls were excavated but for the time being it is not quite clear what kind of a structure it was.

As for the caldarium it can be said that it has been badly4 preserved. So the upper floor of the room which was certainly supported by pillars of the hypocaust has not been preserved while the lower floor on which the pillars lied is preserved except on the east part which is irregularely destroyed.

The prefurnium or the bed room was in the space between the north and south wall of the caldarium, more precisely between the tapidarium and the caldarium. Only the west wall and the hearth have been preserved while the east wall is missing, so it was probably damaged while building the apse wall of the basilica.

The room which was probably used as a pool with warm water (tepidarium) was on the eastern side of the caldarium and prefurnium thus being immediately attached to the eastern part of the palace and its other rooms on this side.

It is an essential characteristic that under the floor thers is a canal with tubules which served for circulation of warm air and for heating the room above it. The walls encircling this pool have been preserved very badly, and some of them could not be even found.

It is significant to point out that on this space there is a very favourable stratigraphic situation as for the basilica II itself and the structures which were beside it and partly under its foundation. After the final conservation works of these structures have been done, it will be possible to present the stages of life in Skupi from the earliest to the last period.

It is quite logical that basilica II according to its plan and orientation should have had an exit on the west side where a line of communications was possible leading from north to south.

West of the narthex and to the south trial excavations were performed in the length of 70 m. This site was investigated in that way that transversal trial excavations were performed on the distance of 5 m. and in the east-west direction, In all trial excavations a substruction of a street was stated which consisted of bigger and smaller stones as well as of broken stones and pebbles and all of it lied on a firm and rammed earth, and in the last sondage it was stated that there was paving with big rectangular slabs.

The investigations continued around this site in all directions. The aim was to discover the width of the street, the existence of a pavement as well as its extension and communication and to state and discover partly the structures built along this street.

It was found that the street was 6 m, wide, Оп the west side it was confined by a wall (6 curbstone) on which two built pillars and a circular mark of a column in mortar have heen preserved.

It was also stated that there was a pavement on this side i.e. the west side which was 2,50 m. wide. A part of a facade wall of a structure was also discovered which was directly along the street and the pavement, and smaller pars of two primitive walls built of stone and mud were also discovered.

There are certain indications that it was an important line of communications in the town of Skupi and if it were followed gradually and systematically towards south we could certainly come to the forum which is one of the more important projects made in the long-term plan for the works on this locality.

(Translated by7 Radmila Radevska)