Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 237–247
Средновековни јами од манастирскиот комплекс Св. Архангел Михаил во Берово, ископување 1980 година
Содржина
Манастирскиот комплекс Св. Архангел Михаил е лоциран во живописниот јужен дел на Берово, крај десниот брег на реката Брегалница, на мала зарамнета тераса, во подножјето на ридот Јуовец.1
Во летото 1979 година, во рамките на програмата хортикултурно уредување на манастирскиот комплекс, на просторот што порано претставуваше манастирска градина, извршено е машинско нивелирање на земјиштето, при што на четири места се појавија отвори на јами (сл. 1).
Стручен увид на локалитетот изврши стручната служба на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј -- Штип. Притоа, беше констатирано дека овие јами претставуваат интересна појава и дека на овој простор е потребно да се изврши заштитно археолошко ископување. :
Во месец септември-октомври, во организцаија на Домот на културата во Берово, Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј -- Штип изврши археолошко истражување, при што од ЕКУМНО четири констатирани, истражени се три јами со крушевидно-евонест облик (Пл.1, I mu I)
Јама 1
Јама бр. 1 е лоцирана на 15 м. југозападно од црквата Св. Архангел Михаил. Пред почетокот на истражувањето ја констатиравме следната ситуација. Широчината на отворот на јамата изнесува R=45—50 см (сл. 2). Овој отвор во светлосива земја, измешана со гареж, слегува во длабочина до 100 см. Од ова ниво јамата постепено се проширува во длабочина од 191 см. Тоа е почетното ниво на празнењето -- чистење на јамата.
Од 191 см до ниво од 240 см е очистен слој од растресита темносива земја помешана со гареж, јаглен и ситен камен. Овој слој претставува насип од поново време. Пречникот на јамата на ова НИРО изнесува 160 см. Следниот откоп од ниво 240—260 см претставува растресит слој од светлокафеава земја во која се најдени неколку фрагменти од средновековна керамика. Подот на јамата, чијшто пречник изнесува R=140 см, се наоѓа на ниво 280 см под површината на земјиштето. Составен е од компактно набиена сива и жолта глиновита земја.
Целата јама, со исклучок на влезот (горниот дел на грлото), вкопана е во здравица — сива и жолта глиновита земја. Ѕидовите на јамата се многу вешто изведени, образувајќи правилен крушо-БиднО-евонест облик (Пл. I).
Јама 2
Јама бр. 2 е лоцирана на оддалеченост од 9 м југозападно од јама бр. 1. При нивелирањето на теренот се појавил отвор со пречник R=90—95 см и длабочина до 30 см.
За да се олесни чистењето на јамата, отворот е проширен до 120 см. Во источниот профил на кружната сонда се забележуваат следните културни слоеви: Првиот слој, до 20 см, е растресита светлосива хумусна земја. Од 20 до 30--40 см следува слој од темносива до црна обгорена земја во која се видливи шуплини од нај-ВерОјаТНО изгниена или изгорена слама или плева и ситен јаглен. Следниот слој е пепел со дебелина 10--15 см. Во пепелот се Најдени мал број фрагменти од керамички садови, фрагменти од црепни и парчиња од железна згура. Следува слој од гареж и јаглен, дебелина 5—8 см со фрагментирана керамика и обгорени животински коски. Наредниот слој е темносива до црна земја со наоди од фрагментирана керамика. Понатаму, во длабочина, сондата продолжува во здравица светлокафеава земја (Пл. П). На јужниот, северниот и западниот профил се констатирани истите слоеви, со таа разлика што кон запад слоевите се спуштаат кон пониските коти.
Во сондата -- јамата културниот стој продолжува понатаму во длабочина. Во прашање е сива и кафеава земја помешана со гареж и јаглен. Овој слој завршува на ниво од 147 см под површината на земјиштето. До ова ниво требаше да биде откриен горниот дел на јамата — грлото и почетното проширување под грлото. Јасно се гледа дека овој дел на јамата е оштетен, односно проширен. Широчината на новиот влез на ниво од 190 см изнесува R=125—130 см (ІІа. П).
Од ниво 190 см, па се до подот на јамата, кој се наоѓа на 350 см под површината, констатиран е слој кафеава земја измешана со ситен јаглен, гареж, керамички фрагменти и големо количество железни оксиди од наполно распаднати железни предмети.
Обликот на оваа јама е идентичен со обликот на јама бр. 1. Нејзината најголема широчина изнесува В--165 см, а широчината на подот е R=130 cm, Јамата с вкопана во здравица -- сива и жолта глиновита земја (II. П).
При чистењето на зидовите и подот на јамата откриени се голем број мали дупчиња со пречник до 2 см и длабочина од 10--30 см. Овие дупчиња се распоредени по зидовите и долниот дел на јамата на местата каде што 5идовите поминуваат во дно на јамата. Во внатрешноста на одделни дупчиња се констатирани железни оксиди. Тоа индицира на можноста дека во зидовите биле набивани железни шипки (Пл. II).
Прашањето за намена на овие дупчиња по зидовите на јамата cacera останува отворено.
Веќе наведовме дека горниот дел на оваа јама во еден момент е проширен и, како што изгледа, јамата била секундарно употребувана. Над јамата се наоѓа дебел слој гареж, пепел и набој од сива и црна земја, што значи дека над неа се наоѓа објект-куќа, веројатно полуземјанка, а јамата се наоѓа во состав на објектот.
Во слоевите над јамата и во самата јама се констатирани фрагменти од керамички садови типични за периодот 12—14 век (T. I, II и III) и поголем број обгорени животински коски.
Поради недостиг на финансиски средства, објектот над јамата
остана неистражен.
Јама 3
Јама бр. 3 се наоѓа на 10 м југоисточно од јама бр. 1. По свосвојот облик и големина, ова јама одговара на јама бр. 1 (ІІх. III). Таа беше исполнета со насип од поново време.
е истражена.
Јама 4, која се наоѓа на просторот меѓу јамите бр. 1 и бр. 3,
Наоди
Скромниот керамички материјал откриен во јамите и околу нив .- претставува огнишна керамика што ги има сите одлики на средновековното гричарство типично за 12—14 век. Застапени се грниња со и без држалки, украсени со паралелни хоризонтални канелури, амфоровидни стомни, поголеми садови-питоси со хоризонтално аплицирани ленти украсени со втиснати или врежани орнаменти и црепни (T. I, П и I).
Најблиски аналогии на керамиката од средновековните јами во манастирскиот комплекс Св. Архангел Михаил во Берово наоѓаме во керамичниот материјал од средновековен Штип?“3 и Прилеп.4
Намена и датирање
Во однос на намената на јамите, иако засега постојат мали материјални докази, скоро со сигурност може да се констатира нивниот стопански карактер. Тие ја имале функцијата на складишта-амбари за чување храна, пред се зрнеста храна-жито.
Познато е дека старите Словени биле мајстори за чување жито во подземни житни јами. Такви јами се откриени во ссср, Чехословачка и Полска.
Посебно добро се проучени јамите во Слепотице,5 Чехословач-Ка, кои се датирани во 9--10 век.
Кај нас во Македонија, житни јами, но со помали димензии се откриени на локалитетите од средновековен Прилеп.6 Идентична јама на оние од Берово е констатирана во атарот на Башино Село (T. Велешко), на локалитетот Теке.7 Јамата не е истражена.
Поради недоволната истраженост на јамите и просторот околу НМВ, нивно попрецизно датирање засега не може да се даде. Како што е веќе наведено, керамичкиот материјал откриен во јамите и околу ниветипичен за 12--14 век, но тоане мора да значи дека и јамите припаѓаат кон тој период. Евидентно е дека оваа керамика дополнително е упадната во јамите. На тоа особено укажува јама бр. 2, која во еден период претрпува измени (секундарно е употребувана) и влегува во составот на еден подоцнежен објект.
Белешки
- Црквата Св. Архангел Михаил е изградена во 1818 година. ↩
- Beldedovski 7. Berovo, Manastirski kompleks Sv. Arhangel Mihail — srednovekovni jami, Arheoloski pregled 22, Beograd 1981, 127—130. Истражувањата ги раководеше З. Б. ↩
- Белдедовски 3. Исар, Штип — средновековна населба, Macedoniae acta archaeologica 3, Прилеп, 1977, 195—214. ↩
- Материјал во Народниот музеј -- Прилеп. ↩
- Скружный Л., Доказательства земледельческого и ремесленного производства на славянском поселении в Слепотицах (район Пардубице), Rapports du ІІІе Congrés International d’Archéologie Slave, Bratislava 7—14 septembre 1975, Tome 2, 413—429. VEDA vydavatel’stvo Slovenskej akadémie vied, Bratislava, 1980. ↩
- За добиените податоци, му благодарам на д-р Бошко Бабиќ. ↩
- Податоците се добиени од Ѓоѓри Петачки, кустос-археолог во Народниот музеј -- Т. Велес. ↩
- ZVONKO BELDEDOVSKI — Stip ↩
Summary
Medieval Pits in the Monastery Complex St. Archangel Michael in Berovo, Excavations in 1980
(SUMMARY)
The ceramic material presents hearth ceramics wich have all characteristics of the medieval earthenware from the 12th—14th centuries (T. I, IJ, III).
As for the use of the pits we can state almost with certainty4 their economic character. They were used as storehouses-barns ог granariers for storing food especially grains-corn.
Pits similar to these have been found in Slepotice (Czechoslovakia) which date back to the 9th and 10th centuries.
In Macedonia similar pats but with smaller dimensions have been found on the localities of medieval Prilep. An identical pit to the pits in Berovo has been found in the area of Bashino Selo (village) — (Titov Veles) on the locality Teke.
Since the pits of Berovo have not been sufficiently investigated we cannot date them back more precisely. The ceramic material is typical for the 12th—14th centuries but it does not mean that the pits also belonged to that period because these ceramics might have fallen into the pits later on. Pit Ne. 2 especially points to this fact. It underwent some changes in a period i. e. was secondarily used and became a part of a structure built later.
(Translated by Radmila Radevska)