Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 205–220
Маркови Кули, Водно, Скопје, 1979 и 1980
Во текот на септември 1979 и септември 1980 година се водени натамошните археолошки истражувања на овој локалитет.1 Во рамките на акрополата на рановизантискиот кастел-град (6 век), во текот на средниот век (10--13 век) бил обновен животот и оформен градот Чрниче. На тој простор беа насочени и нашите натамошни истражувања.
ИСТОЧЕН 5ИД
Целосно е истражен источниот зид на акрополата, свртен кон средната тераса и главниот дел на населбата. На него стоеле и 4 кули, градени истовремено со зидот и органски врзани со него. Контурите на зидот и кулите се гледаат целосно на површината на теренот, а се пресечени на многу места со ровови за пошумување пред петнаесетина години.
Источниот ѕид е широк 1,75—1,80 м,а средновековното надѕидување на северниот крај само 1,60 м. Лицата му се оформени од поедри камења во правилен слог, а јадрото излеано со многу малтер и поситен камен. Фидот е долг вкупно 81 Mm. Повлечен е во два прави потега, под тап агол на средината на акрополата.
Средновековната фаза врз постарата јустинијановска, најјасно се издвојува на северниот крај на зидот, а е проследена од внатрешната страна и со средновековно подно ниво. Датирана е со грнчарија од времето на Комнените, а има и словенски црепни. Средновековниот зид завршува на 2 м пред надворешното лице на постариот северен зид. На самиот агол е оставен мал премин (потерна), широк 0,90 м; низ него се слевало и едно каналче со површински води од с/и агол на акрополата.
На јужниот крај, средновековната фаза е мошне разурната. Протогениот ј/и агол на акрополата излегува за 1,50 м пред линијата на источниот зид. Тука стои добро зачувана рановизантиска порта, чиишто површински контури ги расчистивме.
Низ портата се влегувало на средната тераса (средниот град), низ пристапот од јужната падина на ридот. Портата лежела на ниво, пониско за околу 4 м од нивото на j/u агол на акрополата. Бочните видови на портата косо се шират навнатре, така што однатре има ширина од 3,85 м, а однадвор само 2,20 м, стеснета со штитници за оски
на двокрилна дрвена врата. На 0,90 м источно од портата почнува голема петаголна кула, како заштита на портата. Градскиот зид кај портата е широк 2,40 и 2,50 м.
Југоисточниот агол на акрополата има однадвор убаво градена фасада од покрупни камења, кои се фугирани. Во зоната на портата зидот е извлечен за 0,30--0,50 м надвор, формирајќи украсни пиластри и фасадни преломи околу портата.
Кула 1. Почнува на 10 м јужно од с/и агол на акрополата. Има правилна квадратна основа, голема 4,60х 3,50 м. Просторијата во неа изнесува 2,25х 2,20 m. На 3,50 м под горното ниво откривме средновековен под набиен од земја, и на него повеќе наоди: железни клинци, средновековни садови, делови од словенски црепни и 1 прешлен за вретено од стеатит.
Под овој под следеле слоеви на урнатини и палежи, а под нив првобитниот (рановизантиски) под. Плитко под него лежела здравица од жива карпа, грубо порамнета. Во подниот насип најдовме многу парчиња од рановизантиска огнишна грнчарија, стакло, една мониста од темно сино стакло со „очи“; потоа, бројни коски од свиња. веројатно ритуално жртвувана пред градењето на кулата.
Кула 2. Лежи на 13,20 м јужно од претходната. Има иста големина и позиција. Од неа ги откопавме само површинските контури, длабоко испресечени со ровови за пошумување.
Кула 3. Почнува на 8,80 м јужно од средишниот прелом на бедемот. Основата и е искривена во трапез, со чело повлечено кон север. Голема е 4,85 (4,65) х 3,65 (3,20) м, а просторијата во неа, 2,68 (2,48) x 2,45 м. Однадвор е зидана во убав водорамен слог.
Внатрешноста на просторијата беше исполнета до површината со маса паднати крупни камења. Во неа констатиравме парчиња хидростатен малтер со моделирани и мазни површини, кои потекнуваат од горните катни простории и веорјатно од куполата. Интересни се делови
од длабока византиска чинија, боена со фина бледозелена глеѓ; чинијата била вградена во зид и фиксирана — затворнеа со малтер. Служела како мала скривница во зидот. Во долните слоеви на шутот лежеа многу тегули и имбрекси од комненовски тип, кои врз подот формираа непрекинат слој.
Под тегулите е констатиран под, набиен од земја и со траги од силен пожар врз него. На подот лежеа делови од византиска ојнохоа со црвен пастозен премаз, 2 капака за питоси, железни клинци и 2 монети — византиски скифати. Една од нив, одлично зачувана, искована е од Теодор I (1204-1222). Со ова точно е датирано и рушењето на кулата (која веќе не е обновувана), односно на градот Чрнче во целина. Причина за ова веројатно биле бурните политички настани во раниот 13 век, кога и Скопје -- во мал број години -- изменило низа господари.
Под средновсковниот под на кулата и насипот под него констатиравме постар (доцноантички) под, оформен врз жива карпа. Подот имал цврста малтерна кошулка. Во насипот под него најдовме парчиња рановизантиска грнчарија и стакло.
Кула 4. Почнува на 13,30 м јужно од претходната. Голема е 4,90 x 3,20 м, а внатре 3 х 2,10 m. Исполнета беше со урнатата маса до површината. При ископот на шутот се регистрирани парчиња византиска кујнска и огнишна грнчарија, тегули и имбрекси; потоа, неколку парчиња луксузни чинии, украсени со глеѓ во неколку бои и со претстави на птици и растенија. Сите обележја упатуваат на времето на Комнените (доцен 11—12 век)2 Во урнатините, заклучно до средновсковниот под надолу, најдени се и неколку метални предмети. Од нив спомнуваме една појасна тока — пафта од бронза, со минуциозна и богата пластична орнаментика; потоа 2 бронзени кружни плочки — токи и дел од бронзен оков со орнамент, изведен со позлата.
Под средновековниот под и насипот под него го откривме и првобитниот доцноантички под, поставен веднаит врз жива карпа. Карпата е грубо израмнета и паѓа косо на исток. Во ј/3 агол на кулата, во карпата е ископана неправилна длабнатина, од која едно каналче води на југ, надвор под темелот на кулата. Ова очигледно служело како нужник, а сутеренот на кулата како затвор. Воздух влегувал во кулата низ 2 кружни дупки, спротивно поставени во северниот и Јужниот ЅМ, ниско над темелот.
Во кулите на источниот зид на акрополата откопавме големо количество византиски тегули и имбрекси. Грубо ги одбележавме како комненовски тип. Тие се јавуваат главно во 11--13 век, кога можеме да ги датираме со други сигурни наоди. Меѓутоа, и тегулите стануваа: значаен типолошки материјал важен за временско и културно опремелување, а треба да ги очекуваме на секој средновековен локалитет кај нас. За жал, досега се регистрирани на одвој десетина места во ср Македонија. Преку познатите наоди може да се следи и значаен развоен пат кај овие тегули, некаде од 10—11 век па се до турскиот период.
Да се вратиме на тегулите од кулите на источниот зид. Тие се изразито поголеми од вакви тегули откопани во 1977 година во византискиот дворец на истиот локалитет, а датирани во 12 век.3 Ги HeMaar ни украсите како овие последниве. Кривината на плочата е многу понагласена, како и рустичноста на целата изведба. Очигледно е дека стојат уште во почетокот од развојниот пат на овој тип тегули. Најблиски му се раните тегули од Св. Софија во Охрид, од 11 век.4
Украсите на нашите тегули типолошки уште не се оформени: околу работ на внатршената страна с втисната со калап само тесна рабна рамка, но без чешлесто браздење, што ке уследи во комненовско време. На горниот крај на внатрешната плоха, со прст е повлечена лачна бразда открај накрај, често и 2 лака паралелни меѓу себе. Од овој лак надолу се повлечени со 3—5 прста прави длабоки бразди, кои се губат на долниот раб. Подоцна, лачната бразда Ке стане се покуса и покуса, а од вертикалните жлебови ке останат само 2, плитко нанесени и не докрај повлечени.
Прикажаните тегули од источниот зид на акрополата упатуваат на 11 или, поверојатно, на доцниот 10 век, како време кога почнала обновата на градот Чрнче.
II. ЦИСТЕРНА I
Го зафаќа средишниот простор на источниот крај од акрополата. Внатрешноста и е голема 24 х 9,80 м. Цистерната лежи од старо време отворена и само делумно затрупана; длабината од зачуваното круниште до нивото на шутот во неа изнесува просечно 6 м. Надворешниот периметар е зараснат во вегетација и затрупан со наноси. Источниот зид однатре има наместа големи оштетувања и поткопи. СеВерниот зид е пробиен на источниот крај до значителна длабина и тука е направен широк премин; ова веројатно било во средниот век, кога цистерната не функционирала целосно и служела како засолниште и, можеби, како коњушница.
За да може целосно да се премери и технички да се сними, очистени CC надворешните агли на цистерната до круништето. за да се открие подот, закопана е една сонда, голема 3 х 2,50 м, покрај јужниот зид. Сондата почнува кај средишниот пиластер и оди на исток.
Во просторот на сондата констатиравме едноличен шут од големи камења, паднати одгоре. Со нив е измешан хидростатен малтер и специфични керамички парчиња, наребрени од двете страни и цврсто печени. Тие се употребени како идна изолација со малтерот. Покрај зидот констатиравме и војнички закоп од Првата светска BGjHa, датиран со чаури од пушки и топовски гелери.
Шутот е дебел околу 3 м и лежи врз подот на цистерната. Во шутот се најдени и парчиња големи тули, со клинест пресек, очигледно од сводната конструкција. На едно место подот бил оштетен во старо време до длабина од 0,70 м и тука му се гледа составот; дупката не продрела долу до здравицата. Подот е оформен од наизме-
Подот лежи на длабина од близу 10 M под нивото на доводот на водата. Цистерната собирала околу 1.700 m® вода. По рабовите на подот, а во подножјето на зидовите, се протега зидана банкина за да го неутрализира притисокот на водата врз составот. Банкината е кисока 0,55 м и исто толку широка. Обложена е со дебела хидростатна изолација. Таа директно сс поврзува со подот. Банкината врти и околу подножјата на зидните пиластри, со убаво моделирани рабови, потсеќајќи на базиси од столбови.
идната партија, што ја откривме во сондата, носи убава хидростатна изолација, каква што некогаш стоела и на горните зидни партии, но низ вековите отпаднала. Изолацијата се состои од 4 слоја: -- прво е нанесен црвен хидростатен малтер на зид, а на него густо сложени во 1—2 слоја керамички парчиња со наребрени страни. Овие парчиња се кршени на самото место од цели керамички цилиндри, специјално моделирани и печени за оваа цел. Еден цел примерок што го најдовме има конична форма, обем од 0,50 м и висина од 0,15 м. Со груба пресметка, за изолација на цистерните I u II биле потрошени најмалку 22.000 цели цилиндри. Напоредно со нив, во многу помал број биле кршени и големи керамички амфори (3a масло и вино); амфорите носат обележја на 6 век.5
Како трет изолационен слој, врз керамичките парчиња бил нанесен слој хидростатен малтер и со тесна триаголна мистрија бил втиснуван меѓу керамиката. Трагите од овие мистрии се зачувани многу јасно и тие формираат правилна и густа мрежа од триаголници, со врвовите нагоре. Врз ова е нанесен четвртиот слој, пак од црвен хидростатен малтер, со правилна и убаво измазнета површина. Слојов е извонредно цврст и компактен, сличен на високо печена керамика.
На подот, близу до пиластерот, констатиравме четвртеста дупка што надолу станува кружна и се стеснува. Длабока е 0,70 м, неправилна, ископана набрзина; покриена со голема четвртеста тула, чиишто делови и лежиште во подот исто ги најдовме. Западно од дупката, на подот, лежеа делови од поголема керамичка ојнохоа, намерно скршена. Тука се откриени расфрлени остатоци од закопано богатство: златна обетка со 3 привесоци и син камен; златен привесок (помасивен) со 3 камена, од кои средниот е моделиран како кубооктаедар, а крајните како леќа (сл. 7); натаму, зрнце бисер; голема фибула со златни украсни апликации, од словенско-долнодунавски тип6 (сл. 7); бронзена аварска појасна тока со ажурирана маска, од азиско потекло?7 (сл. 7).
Веројатно садот со драгоцености бил скриен во дупката, а подоцна изваден и испразнет, додека некои од предметите останале заборавени околу. За жал, наодите ги ископавме во самиот профил на сондата, така што натамошното барање ни беше оневозможено од опасноста, поткопаниот профил да се урне надолу.
Според карактерот и времето на наодите, скривницата настанала Беројатно по освојувањето на градот и запустувањето на цистерната. Тоа е несомнено полниот 7 век, а дело на Аварите и Словените.
Со една сонда крај јужниот зид на цистерната, однадвор, констатиравме дека тука стоела една долга тесна градба паралелна со цистерната и функционално поврзана со неа. Градена е од плоцистерната, зачуван во тоа време до нивото на околниот терен. На содот најдовме кеалитетна Бизантиска грнчарија од 11 до 12 век, меѓу неа и една речиси цела глеѓосана чинија со флорален мотив и орел во медалјон (сл. 12). Употребени се зелена, светло и темнокафеава боја на бледожолтиот фон. Сите елементи упатуваат на раниот период на Комнените.8 Градбата е очигледно средновековна.
ЦИСТЕРНА II
Внатрешноста на цистерната II е голема 13 x 7,60 м, а длабока просечно 6 м од круништето на зидовите до урнатините во неа. Дното ие скриено под наслаги шут, дебели просечно 3 м. Надворешниот периметар беше затрупан со наноси и трева. За да може технички да се документира, очистени се надворешните агли до зачуваната зидна маса. 3a да се открие подот, закопана е сонда до северниот 5ид, на неговата средина. Голема е 2,50 x 2 м. Во сондата констатиравме слоеви крупен камен паднат одгоре. Се јавуваат и парчиња бигор, несомнено од сводот на цистерната. Во шутот се изразито бројни парчиња од наребрени керамички цилиндри, паднати од зидната хидростатна изолација. Меѓу низ има и парчиња големи доцноантички амфори 3a масло (6 век).
Во шутот лежеа и бројни покривни тегули од комненовски тип, што е доказ дека оваа цистерна била обновена и користена и во средниот век. Вакви тегули се наоѓани во најдолните слоеви, над самиот под на цистерната.
Подот се состои од силна хидростатна супструкција, од црвен малтер и цепени камени плочи, врз кои е нанесена кошулка од ист малтер. Подот лежи на околу 8, 50 M под нивото на доводот на водата. Во подножјето на зидот се протегала банкина со хидростатна изолација, градена од камен. Широка е 0,35 м и исто толку висока. Бидовите имаат хидраулична изолација од 4 слоја малтер, исто како во цистерната 1. Цистерната П е всечена во жива карпа во целата своја длабина (исто како и цистерната I). зидовите и се широки 1,80 м, а во горниот дел, однадвор се изолирани со дебел насип бел лапорен прав и малтер во огромни количества.
ВОДОВОДНИ ЦЕВКИ А--Д
Доцноантичкиот кастел-град, како и средновековното Чрниче биле снабдувани со проточна вода, носена однадвор, од теренот на Горно Водно. Пред челото на акрополата, преку длабокото седло, цевките секако биле премостени со акведукт што денес не постои. Од челото наваму, цевките од југ и север го заобиколувале врвот на акрополата и по изохипса влегнувале во градот. За ова постојат површински траги и други индиции.
За да се потврди ова и да се утврди состојбата на водоводниот систем денес, сондирани се цевките на просторот меѓу двете цистерни. Дното на цистерната I лежи блигу 3 м пониско од дното на претходната и очекувавме дека постоело прелевање вишок вода во таа насока. Тоа е и потврдено.
Од ј/и агол на цистерната II, во горното (преливно) ниво, излегува цевката Ае Градена е од камен и од парчиња тули, а однатре измазнета со хидростатен малтер. Пречникот и е долу заоблен, широк и длабок 0,12 м. Покрисна е со големи кршени камени плочи, чии состави се залеани со бел малтер. Цервката врти во лак околу источниот крај на цистерната, кон сз, и по 20 м се составува со каналот C. Вака обединети во еден канал (АС), продолжуваат уште 6 м кон север, до ј/3 агол на цистерната I во која се влеваат.
Каналот е датиран со ситни наоди во 6 век. На нивото на капакот е најдена монета кована во 601/602 година9,10 потврда дека и во раниот 7 век водоводот уште функционирал.
Каналот С има иста конструкција како претходниот. Пресекот на цевката изнесува до 0,15 x 0,16 м. Доаѓа од југ покрај западниот зид на цистерната II, врти околу c/3 агол и продолжува покрај северниот зид за околу 8 м, потоа врти во лак кон север и се составува со каналот А. Истовремен е со цистерните, бидејќи е покриен со насип со доцноантички отпадоци.
Каналот В е граден од керамички цевки — тубуси. Овие се долги 0,33—0,35 м, широки до 0,17 м, квалитетно се печени и со тенки зидови. Вратовите остро им се стеснуваат и се споени со бел малтер. Од овој малтер е оформено и лежиште за цевките. Водоводната жила непосредно ја следи постарата цевка С под неа и води исто вдолж западниот и делумно северниот зид на цистерната II. Потоа лачно врти кон север и влегнува во j/3 агол на цистерната I, која во тоа време веќе не функционирала во најголем дел.
Цевката В е вкопана за 0,60--0,70 м поплитко од цевката C, плитко под денешното ниво на теренот. Проследена е со средновековна грнчарија и со други наоди, датирани во 11-12. век. Ова е прва директна потврда дека и средновековниот град Чрнче бил снабдуран со свежа вода и дека функционирала и бањата, цистерната ІТ и дел од цистерната 1.
Водоводната цевка D е констатирана покрај j/3 агол на цистерната I. Доаѓала од с/3 и север покрај западниот зид на цистерната. Потоа се ломи околу аголот и врти кон исток, веројатно кон средната тераса на градот. Граден е како и A и С; внатрешниот просек изнесува 0,32 x 0,25 м, што овозможува проток на импозантно количество вода. На свијокот е заштитена со исклучиво дебел капак од 5 до 6 слоеви плочи, залеани со малтер. Цевката D е истовремена со цистерните.
СРЕДНОВЕКОВЕН БАСЕН
Констатиран е на просторот меѓу квадратната кула 4 и цистерната ІЈ, Под површинскиот хумус се појави средновековен насип од 0.15—0,20 M, а под овој малтерниот под на басенот (сл. 3).
Басенот има овална форма, со размери 3 х 2,20 м и длабок 0,45 м. Има лачен пресек, со заоблена периферија што се издигнува над околниот терен. Оформен е врз насипот од средниот век, без супструкција. Обложен е со неколку тенки слоеви хидростатен малтер, кои лушнесто се делат и имаат слаб состав. Малтерниот под продолжува во горното ниво и источно од басенот, до зидот на акрополата, прибирајќи дождовница од ТОІ дел на акрополата.
Археолошкиот материјат во басенот и околу него може да се датира според византиската грнчарија во преткомненовскиот период; тоа е почетната фаза на обнова на животот на Црнче. Доцноантичкиот водовод веројатно уште не бил обновен и, поради тоа, се користела дождовница. Како што изгледа, басенот набргу бил напуштен и затрупан со секојдневни отпадоци. На тој простор останал отворен
ВИЗАНТИСКА БАЊА
Сместена е на тесниот простор меѓу јужниот градски 5ид и цистерната II, во ј/и дел на акрополата. Теренот на овој потег паѓа изразито стрмо на југ и со пошумување беше длабоко избразден, со што е извлечена голема зидна маса на површината. Браздите слегу-Благ до 1 м длабоко во овој шут, откривајќи повеќе пресечени 5и-ОЕМ од една масивна градба со необични елементи. Градбата се потпира директно врз јужниот бедем, широк на тој дел 2,10 м. Наспроти неа, на бедемот стои најисточната триаголна кула од јужната страна на акрополата.
Градбата само делумно ја расчистивме и откопавме, со што е идентификувана како бања од средниот век. Според површинските остатоци, долга е најмалку 14—15 м, со 3 простории во една низа. Широка е 5,20 м, не сметајќи го тука јужниот градски зид со кој е сраската. Откопани се северните половини на источната и средишната просторија, надолу до подот. Оидовите се градени во доцноантичка масивна техника; во цврст каменен опус наместа се уфрлени парчиња од доцноантички тегули. Ѕидовите се широки 0,95—1,20 м. Зградата одделена од цистерната II со тесен премин, широк 1,80 м на средина а само 0,50 м на источниот крај.
Градбата настанала во доцноантичко време и служела веројатно како добро чуван склад. Со обновувањето на животот, во времето на Комисиите, градбата останала добро зачувана и адаптирана е во Сања. Во двете простории констатираеме дополнително дозидан хикокаустен систем за затоплување оддолу, со двострук под. Средновековната ѕидарија се разликува со изразито слаби и невешто сложени елементи, неправилни ивици, многу слаб малтер и бројни ттуплини (сл. 9, 10).
Средновековниот хипокаустен систем се состои од крајѕидните и средишните носачи, масивно градени од кршен камен и малтер. Високи биле 1,30—1,50 м. Крајзидните носачи се широки 0,45--0,60 м, а средишните различно, раздвоени меѓу себе со канали за пропуст на топол воздух. Каналите се широки 0,35—0,45 м, а длабоки од не
когашниот горен под до долниот камен под. Горниот под несомнено бил од дрво, чиишто отстатоци настрадале во пожар и насекаде ги откривме во двете простории.
Како специфични детали треба да спомнеме и низа поплитки каналчиња засечени во крајзидните носачи, кои дозволувале пристап
на топол воздух и под нив. Исти вакви каналчиња водат и низ средишните носачи. Во северниот зид откривме и една цевка за испуштање пареа (2), обложена со керамички тубуси. Цевката води вертикално нагоре, низ зидот, и јасно зборува за системот на загревање. Делови од неколку други вакви тубуси најдовме паднати во просториите.
Во преградниот зид меѓу средната и неоткопана западна просторија е констатиран префурниум (ложиште), засводен одгоре со големи тули. И целата зграда била горе засводена и покриена со тегули од комненовски тип, најдени во голем број низ сета урнатина.
Потсетуваме дека € ова засега единствена позната средновековна бања кај нас, со хипокаустен систем досега непознат во нашите наоѓалишта. Од него Ќе се изведат подоцнежните системи на турските амами. За датирање на нашата бања пресудни се парчиња сликани византиски чинии, со повеќебојна глеѓ, од времето на Комнените.
Белешки
- За досегашните работи, сп. Микулчиќ, И. и Никульска Н., Рановизантиски град „М. Кули“ на Водно, Скопје, М. А. А. кн. 4, Прилеп, 1978, 137—150; — истите, Маркови Кули на Водно кај Скопје — истражувања во 1977 г., М. А. А. кн. 5, Прилеп 1979 (1981), 65—74. — Претходни нивни извештаи во: Arheol. Pregled ADJ br. 18, Beograd, 1976, 96—98; — А. Р. бр. 20, 1978, 101—103; — Микулчиќ И. — Билбија М., А. Р. бр. 22, 1980, 117—119. ↩
- Даркевич В. П., Светское искусство Византии, Произведения визант. художественного ремесла Восточной Европы ХІІ—ХІІІ века, Москва 1975, 215—222 и сл. 348, 349, 352, 353, 365. -- Исто и: Варге, B. Trouvaille scellée de potterie de table byzantine a Skopje Kale, Archaeologia iugoslavica T. XII, Beograd, 1971, 45—54, T. 1—8. ↩
- Микулчиќ — Никуљска, мад 4, 1978, 146 и сл. 11; — истите, мад 6, 1981; — истите во A. P. бр. 20, 1978, таб. 62. ↩
- Алексова B., Покривни керамиди од црквата Св. Софија во Охрид, Зборник на Археол. музеј, кн. III, Скопје, 1957—58, 48—55. ↩
- Ориентационо за овие амфори: Robinson, H. The Athenian Agora, Vol. V: Pottery2 of the Roman Period, Princeton 1959, Pls. 29, 34, 40 (6. век). ↩
- За овие фибули, сп. Pescheck, Chr., Zur Siidausbreitung der Fibel mit umgeschlagenen Fuss, Prihistorische Zeitschrift Band 34—35, 1949/50, Berlin, 1953, 255—266; -- Comsa M,, Directions et etapes de la penetration des Slaves vers la Peninsule Balkanique aux VI—VII siecle, Balkanoslavica Vol. 1, Beograd, 1972, 9—28. — Исто и: Микулчиќ—Никуљска, мад бр. 4, 1978, 146, сл. 17, и: Јанковиќ, Б. Подунавски део области Аквиса, Београд, 1981, 247—250. ↩
- Кропоткин, В., Из истории средновековното Крима, Советская Археология, кн. 28, Москва, 1958, 210 и сл. 5 на стр. 215; — Csallany D., Archäologische Denkmäler der Gepiden in Mitteldonaubecken, Budapest, 1961, Taf. 25. 13, 14; — Davidson, G. R., The Avar Invasion of Corinth, Hesperia Vol. 6, 1937, 227 ff. Fig. 4A, 5; — Bulle H., Ausgrabungen bei Aphiona auf Korfu, Mitteilungen des D. A. I. — Athenische Abteilung, Band 59, Athen 1934, 222, Abb. 26; — Мркобрад М., Археолошки налази сеобе народа у Југославији, Београд, 1980, 83, Таб. 68,5. Fig. 4A, 5; — Bulle H., Ausgrabungen bei Aphiona auf Korfu, Mitteilungen des D. A. I. — Athenische Abteilung, Band 59. Athen 1934, 222, Abb. 26: — Мркобрад М., Археолошки налази1 сеобе народа у Југославији, Београд, 1980, 83, Таб. 68,5. ↩
- Даркевич, н.д. 215-222. Речиси идентичен наод од Варош — Прилеп, тамо со послаба техничка и уметничка иведба, во: Уметничко богатство на Македонија, Скопје 1980, (Бабиќ Б. Материјална култура на Македонските Словени, сл. на стр. 132, 133). МАА нично сложени слоеви од хидростатен малтер (со црвена боја), камени плочи и големи тули. чест камен врзан со глина. Нејзиниот под лежи врз урнатиот зид на простор за комуницирање пред источниот градски SUI. ting, P. D,, Miinzen von Byzanz, Miinchen 1970, 116--121. ↩
- Капнихон на императорот Маврикие, година XXII (602 г. н. е.). Сп. Whitting, P. D., Münzen von Byzanz, München 1970, 116—121. ↩
- Ibidem, 186, 202. ↩
Zusammenfassung
Markovi Kuli, Vodno, Skopje , 1979 und 1980
(ZUSAMMENFASSUNG)
In den Jahren 1979 und 1980 sind weitere Ausgrabungen an dieser Lokalitit durchgefiihrt worden. Die Forschungen waren and der friihbyzantinischen Akropolis konzentriert, wo das Leben auch im Mittelalter (10--13 Jh. )erneuert war (die Burg Crnée).
Die Ostmauer der Akropolis ist fast ganz freigelegt worden. Sie war mit + Tiirmen verstiirkt. An dem Siidende ist ein Stadtor entdeckt. Alles das war im 6 Jh. aufgebaut worden,
Im Inneren der Akropolis standen mehrere Bauten und 2 Wasserzisternen. Es wurden Wasserleitungsrohre ausgegraben, die aus Stein und M6rtel gebaut waren. Das Wasser war aus den Bergen iiber den tiefen Sattel vor die Frontseite der Akro zugeleitet, und in den Zisternen akkumuliert.
Die Zisternen sind ausserordentlich fest und massiv4 gebaut. Zum gréssten Teil sind sie in die Felsunterlage eingeschnitten. Die Wande verfiigen mit einer inneren Isolation von vierschichtigem hydrostathischem Moértel und keramischer Tubuli. Oben waren sie mit einem Gewdélbe tiberdeckt. Ihre Aufnahmefahigkeit betrug mindestens 2.400 та Wasser. In den Boden der Zisterne 1 war wahrscheinich im 7. Jh. ein Hortfund mit goldenen Schmucksachen eingegraben, dessen Teil im Jahre 1980 ausgegraben wurde (Abb. 7).
Die mittelalterlichen Mauern waren iiber der Reste der dlteren Mauern aufgebaut und sie umringten denselben Grundriss. An der Ostmauer waren im 19. Jh. auch die Tiirme erneuert, mit neuen Fussboden und mit Kleinfunden von dem 10. bis anfangs des 13. Jh. datiert. Sie waren abgebrannt und zertriimmert und nach dieser Katastrophe niemehr erneuert worden. Dieses Ereignis ist mit Miinzen des Theodor I (1204—1222) datiert.
In der Siidostecke der Burg sind Teile eines byzantinischen Bades freigelegt worden. Das Сераиде hatte 3 Каите in einer Reihe, bis 1,20 m starke. Wande und war in der ganzen Linge an die Burgmauer angelehnt. Das Heizungssystem unterscheidet sich von solchen antiken Bauten. Die Trager des hélzernen Fussbodens waren als massive und hohe Steinbankinen gebaut und durch enge und tiefe Kannäle getrennt (Abb. 9.10). Im 10—11. Jh. war die Wasserleitung ganz orneurt (Abb. 11 — mit keramischen Tubulli) und die kleinere Zisterne wieder iiberdacht worden.
An der mittleren Terrasse befand sich der Hauptteil des friihbyzantinischen Oppidums, mit Wohnobjekten ца. Eine Werkstatt (Eisen — und Kunstschmiede) wurde im J. 1979 ausgegraben. Diese14 existierte bis zum Ende des 6. Jh. als sie abgebrannt war und tiber ihr ein Wohnobjekt aufgebaut wurde.