Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 195–204

Резултати од истражувањата во село Раштани - Битолско

Во склоп на проектот „Истражување на средновковните насел. би на подрачјето на општина Битола“, беа извршени археолошки истражувања на локалитетот „Стари Гробој“ кај с. Раштани. Ископувањата се од сондажен карактер, а се извршени во текот на јуни и јули 1981 година.1

Локалитетот се наоѓа на природна височинка во непосредна близина јужно од селото, на блага падина на околу 10 м источно и 10 м јужно од селската црква Св. Никола (сл. 1). Висинската разлика на теренот, кој благо се спушта од југ кон север, изнесува

Со овие истражувања е опфатена површина од 110 м според систем на квадратна мрежа 6 х 5 м, јужно од црквата, а источно од неа е поставена контролна сонда 15 х 1 м, која се прошируваше во зависност од откриените наоди, и тоа во јужниот дел 6 x ЈА ми

Ст 4
Ст 4

во северниот 8 х 4 м. Уште при рекогносцирањето на овој терен од страна на стручните лица од Заводот и музеј — Битола беа уочени индиции дека се работи за некропола, најверојатно од средниот век, што е поткрепено со самиот топоним на местото Стари Гробој и со исказите на мештаните од ова село.2 При сондажните ископувања се констатирани четири слоеви од земја, јасно одделени еден од друг по боја и по состав. Сликата на слоевите е следнава: под хумусот се наоѓа слој светлокафеава земја, под него слој црвеникава земја, па слој темноцрвеникаво-кафеава земја, по кој се дојде до здравица. Нивниот континуитет се следи по целата испитана површина и не беше констатирано никакво нарушување на слоевите како резултат од дополнително погребување или каква било друга интервенција на овој простор. Гробните конструкции се појавија во вториот слој, со тоа што гробните јами се наоѓаа во четвртиот слој. Од вкупно 11 испитани гробови, 7 се вкопани на длабочина 1,10 — 1,25 м. Со овие сондажни ископувања е констатирано дека се работи за некропола што припаѓа кон типот некрополи на редови што се типични за Словените и за другите етнички елементи во раниот среден век,3 а чиешто ширење и настанувања во различни краишта не е во исто време.4 Гробовите се со ориентација 3/M со незначително отстапување кон север. Општо земено, според конструкцијата, гробовите можат да се поделат на гробови со камена конструкција, во која ги вбројуваме гробовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 10 и 11, и гробови со конструкција од тегули на две води во која го вбројуваме гробот 9.

Илустрација, стр. 196

Гробовите со камена конструкција површински се обележани со поголеми или помали групации камења (сл. 2), или со по една голема камена плоча (сл. 3) со димензии од 1,20 до 1,50 м. Површинското обележување на гробовите е веднаш под хумусниот слој. Оваа појава е во прилог на претпоставките дека постоело некакво обележување на гробовите, иако досега на средновековните некрополи тоа е констатирано во мали размери.5 Слична појава како на нашата Некропола е забележана на некрополата на Велики Градец,6 каде што кај гробот 56 е констатиран гробен белег од хоризонтално редено камења во вид на правоаголен четириаголник што го следи обликот и димензиите на гробот и неколку појави на хоризонтално редење камења без определен облик, кои се толкуваат како надгробни белези делумно оштетени.

Илустрација, стр. 197

Под овие групации од поголеми или помали камења следува слој 0,35—0,40 mM стерилна земја под која се наоѓаат гробните конструкции. Гробовите 1, 4 и 6 се издвојуваат по својата големина. Нивната должина изнесува 2—2,50 м и имаат овални гробни јами. Покривната конструкција на гробните јами е изградена од повеќе големи камења и камени плочи (сл. 4, гроб 4). Во западниот дел на гробовите е поставена по една плоча од зелен шкрилец со димензии околу

По откривањето на покривната конструкција на гробовите 1 и 6, се покажа дека овалната гробна јама е оградена со помали и поголеми камења и парчиња камени плочи. Слични конструкции во помал или поголем број се среќаваат и на средновековните некрополи во Демир Капија,7 Добрача,8 с. Оризари,9 Сремска Митровица,10 Брза Паланка.11 Покривната конструкција на гробовите 2, 3 и 5 е изградена од по четири камени плочи што покриваат површина 1,30 — 1,70 M под кои гробната јама има овална форма без траги на обележување. За разлика од горниве конструкции, кај гробовите 7, 8, 10 и 11 не се констатирана никаква гробна конструкција под површинското обележување, изведено со поголеми групации поситни и покрупни Неправилно распоредени камења.

Кај гробовите со камена конструкција, како кај другите средновековни некрополи12 така и овде, немаше траги од спојување со малтер или со кал. Камењата или камените плочи меѓусебно се допираат, а празнините меѓу нив се пополнувани со поситни камења или парчиња камени плочи.

Опис на гробовите:

Гроб 4 -- квадрат 1, длабочина 1,20 м, димензии 2,05 х 0,70 м со покривна конструкција од камени плочи под кои гробната јама е со овална форма, делумно оградена од западната и источната страна. Во црвеникавата леплива глинеста земја видливи траги од черепот на скелетот. Други остатоци од скелетот, како ни гробни прилози, не се зачувани.

Гроб 2 — квадрат 4, длабочина 1,15 м, димензии 1,32 x 0,56 м. Под покривната конструкција од неколку поголеми камења — гробна јама со правоаголна форма. Скелет наполно уништен. Прилози нема.

Гроб 3 — квадрат 4, длабочина 1,15 м, димензии 1,70 x 0,73 м. Под покривната конструкција од четири плочести и неколку поситни камења — rpoOHa јама со правоаголна форма. Скелет наполно уништен. Во западниот дел од јамата зачувани остатоци од заби. Прилози нема.

Гроб 4 — квадрат 5, длабочина 1,15 м, димензии 2,50 x 0,90 м, со покривна конструкција од камени плочи и поситни камења. Под неа овална гробна јама оградена со поголеми и помали камења и парчиња камени плочи. Зачувани остатоци од скелет во должина 1,64 Mm. Скелет положен на плеќи со глава фронтално поставена меѓу два помали камења. Десната рака положена на СТОмачната шуплина, а од левата видливи траги од коски на надлактицата и рамото. Од долниот дел на потколеницата и стапалото не се најдени никакви траги, што укажува дека должината на скелетот била поголема од констатираната. Состојбата на зачуваноста на скелетот с многу лоша. Наоди: глава од бронзен прстен од десната страна на стомачната шуплина.

Гроб 5 — квадрат 4, длабочина 1,10 mM, димензии 1,40 x 0,60 M, со покривна конструкција од неколку камени плочи под кои е гробна јама со правоаголна форма, Скелет наполно уништен. Зачувани остатоци од заби во западниот дел од јамата. Наоди: во северозападниот дел од јамата танка плочеста глава of сребрен прстен, доста оштетена. Гроб 6 — контролен профил на квадратите 3 и 4, длабочина 1,20 mM, димензии 1,85 x 0,80 м, со покривна конструкција од неколку камени плочи и поситни камења, под кои се наоѓа овална гробна јама. Скелет во многу лоша состојба, зачуван во должина околу 1,40 м. Скелетот е положен на плеќи, левата рака под прав агол на стомачната шуплина, десната високо на градите. Остатоци од потколениците и стапалата нема. Наоди: обична алка од сребрена жица од левата страна на черепот, глава од сребрен прстен високо на градите, фрагментиран сребрен прстен на левата рака и бронзен прстен со фасетиран камен во ископаната земја од гробната јама.

Гроб 7, 8, 10 и 11 — контролна сонда. Под површинското гробно обележување од покрупни и поситни камења не се наиде на гробни конструкции. На мислење сме дека овде се работи за директно Екопување во земја, а отсуството на скелетни коски се должи на составот на земјата во која постојат поволни услови за распаѓање. Прилози нема.

Гроб 9 — контролна сонда, јужен дел, длабочина 1,25 M, Димензии 2,07 x 0,68 x 0,45 mM. По својата конструкција се издвојува од горе наведените гробови со камена конструкција. Гробот е изграден од тегули. Покривот е направен од 4 тегули со димензии 0,94 x 0,56 x 0,05м, поставени на две води. Од западната страна е затворен со фрагментирана тегула, а од источната со триаглеста тегула со кружен завршок. Дно на јамата од две тегули, од кои едната украсена во аглите со орнамент на спирала. Траги од скелет нема. Прилози нема.

Општа карактеристика за некрополата во с. Раштани е многу лошата зачуваност на скелетите, како и скоро целосната отсутност на коскен материјал. Врз основа на малите димензии од гробовите и според остатоците на коски од скелетите, на мислење сме дека гробовите 2, 3 и 5 се детски. Според наодите, гробот 6 е женски, а за другите, поради недостиг на коски од скелет и прилози, не сме во состојба да ги утврдиме.

Во гробот 4 ја издвојуваме како карактеристична појавата дека главата на покојникот е поставена меѓу два помали камења. ІІојавата поставување на глава на покојникот на камен, камена плоча или тула е позната на повеќе некрополи,13 додека поставување на главата на покојникот меѓу два камена е појава позната само на некрополата Демир Капија14 кај околу 25 гробови.

Од сите гробови, со својата конструкција се издвојува гробот 9, чијашто плитка гробна јама е поплочена и покриена со тегули на две води (сл. 5, гроб 9). Отсуството на секакви остатоци од Погребување, како и ненарушеноста на гробот, кое исклучува секаква можност за ограбување, не наведува на помислата дека се работи за некој вид на кенотаф. Појавата на кенотафи е присутна, иако нечеста, како на доцноантичките, така и на средновековните некрополи. Нив ги среќаваме на Западната некропола во Стоби,15 каде што гробовите од тегули на две води врз основа на прилозите и гробната конструкција се датирани во 3 и ран 4 век. Од друга стра-На, на средновековната некропола на Велики Градец"““16 датирана од 11 до крајот на 43 век се претпоставува дека гробот 105 претставува еден вид кенотаф. Гробови кенотафи се присутни и на некрополите од 8 до 9 век во соседна Бугарија.17

Конструкцијата на гробови од тегули со покрив на две води е карактеристичен облик што се јавува на античките некрополи, но не е исклучена нивната појава и на средновековните некрополи. Треба да напоменеме дека во постарото ниво од некрополата во Мачванска Митровица18 е констатирана доста невообичаена појава кај средновековните некрополи — зидани гробници со покривна конструкција на две води. Еден елемент од конструкцијата на гроб 9 од некрополата во с. Раштани заслужува посебно внимание — триаглеста тегула со кружен завршок поставена на источната страна (ел. 6). Обработена од сите страни, наполно вклопена во конструкцијата, тоа не наведува на помисла дека е изработена исклучиво за таа намена. Антропоморфниот облик на тегулата може да се толкува и како стилизирана претстава на покојникот. Сличен пример е најден на некрополата во Сремска Митровица,19 но, за разлика од нашиот пример, овој е со помали димензии, а страните му се грубо обработени, па за оваа тула која се смета дека била поставена во зглавјето на некој од нарушените гробови.

Отсуството на какви било елементи кои поблиску би го определиле времето кога настанала гробната конструкција не ни дава можности за конкретно временско определување на гробот 9. Во

прилог на претпоставката, дека се работи за антички гроб — ке-
прилог на претпоставката, дека се работи за антички гроб — ке-

нотаф, може да послужи групниот наод на три бронзени македонски монети (ковница Солун), доста оштетени, една мала бронзена доцноримска монета и фрагментирана фибула на шарнир, кои се најдени на длабочина од 1,40 м во северниот дел од контролната сонда на оддалеченост околу 7 м североисточно од гробот 9. Но, со оглед на фактот дека се работи за наод надвор од гроб, не може да се исклучи можноста дека овој гроб може да и припаѓа и на средновековната некропола.

На некрополата во с. Раштани, од вкупно 11 истражени гробови, само во 3 имаше археолошки прилози, и тоа во гробовите 4, 5 и 6. Прилозите се повеќе од скромни како по видот на материјалот, така и по изработката и зачуваноста. Најбогат и со најдобро зачувани прилози е гробот 6, од каде што ги издвојуваме сребрената алка и прстените од сребро и бронза. Другите прилози од оваа некропола се доста оштетени и не овозможуваат поконкретни констатации.

Во стандардниот средновековен накит ја вбројуваме наушницата од типот обични алки изработени од сребрена жица со кружен пресек и краишта префрлени еден над друг, чиишто пречник изнесува 2 см (сл. 7). Едноставните алки се скоро редовна појава на средновековните некрополи кои временски доста долго се задржале во накитот и не претставуваат сигурна потпора за датирање на гробовите. Примероци на аналогија имаме на средновековните некрополи Демир Капија,20 Прахово и Корбово,21 Велики Градец,22 Добрача,23 Брза Паланка,24 Брестовик,25 Далмација26 и соседна Бугарија?"27 Застапеноста и временското протегање на овој едноставен вид накит може да се следи на некрополите од раниот среден век, па се до крајот на 13 век.

Од прстењата најдени на оваа некропола едниот е сребрен, а другиот од бронза со лежиште за стаклена паста.

Прстенот од сребро е изработен во техника леење (сл. 7). Фрагментираната алка, која е со правоаголно конвексен пресек и пречник 2 см, постепено преминува во проширен заоблен триаглест дел извлечен нанадвор и украсен со ситни зарези во коренот на проширувањето. Директни аналогии за овој прстен немаме. Но, според формата, сличен на него е бронзениот прстен од словенската некропола во Крањ,28 кој заедно со наодите од гроб 4 е датиран во 8 u 9 век. Од друга страна, според техниката на изработката, формата и материјалот, нашиот прстен покажува доста сличности со прстенот за пуштање стрели најден во тврдината Рам кај Голубац,29 датиран во 15 вск.

Сребрениот прстен од некрополата во Раштани во однос на масивноста и декорацијата се одделува од богато орнаментираниот прстен од тврдината Рам. Раштанскиот прстен не е толку масивен и единствениот видлив орнамент е изведен со плитки врежувања во коренот на главата. Со оглед на Фактот дека прстенот од средновековната некропола во Раштани с затворен наод од гробна целина, на мислење сме дека тој е поран од погоре наведениот прстен од овој тип, Оваа група прстења биле доста изработувани во средниот век и нивната употреба се протега до турскиот период, при што луксузно изработените и богато декорираните сребрени прстења доста се разликувале од бронзените прстења со иста форма, но без декорација.

Сл. 7
Сл. 7

Бронзениот прстен с изработен во техника леење (сл. 7). Алката со правоаголно конвексен пресек, чии пречник е 2 см, има задебелување во долниот дел, а на горниот преминува во круна во која се вметната тиркизна стаклена паста. Овој вид прстења, кој веројатно има античко потекло, а бил во употреба и во Византија, од каде доцна го презеле Словените, го среќаваме на повеќе словенски некрополи датирани во 11—12 век. Слични примероци прстења со лежишта за камен се најдени на некрополите во Демир Капија,30 Охрид,31 с. Дулци,32 Велики Градец,33 како и на некрополите во Далмација?“ и Бугарија.35 На крајот, да наспомнеме дека и овде, како и на многуте други средновековни некрополи, имаме отсуство на керамички материјал. Освен малите атипични керамички фрагменти најдени во горните слоеви надвор од гробовите, друга керамика воопшто немаше. Со извршените сондажни истражувања на овој ЈІОкалитет е ископана мала површина, и тоа од периферниот дел на некрополата. Централниот, северниот и западниот дел од некрополата се наоѓаат на просторот од современите селски гробишта, па постои можност тие да се и оштетени. Постојат индиции дека некрополата се шири кон исток.

Со оглед на малиот испитан простор од некрополата, како и многу скромните и малобројни прилози во неа, не сме во можност целосно временски да го утврдиме нејзиното настанување и употреба. Предметите најдени овде кои временски, аналогно на слични такви облици, можат да се определат во 11--12 век зборуваат во прилог дека некрополата била во употреба во тоа време.

Со продолжување на истражувањата би се добиле поконкретни показатели како за нејзиното временско протегање, така и 3a можната претпоставка дека се работи за некропола од населбен тип што би му припаѓала на блискиот средновековен комплекс „Кале — Битола“,

Белешки

  1. Работите ги раководел авторите на текстот. Во екипата учествуваа студентите Ана Бизева и Ричард Иванишевиќ. Фотографиите ги изработи Љубе Николовски, фотограф при Заводот и музеј Битола. ↩
  2. Податоците ги дадоа Јован Комарчески и Андон Комарчески. ↩
  3. Гарашанин М. — Гарашанин Д., Средњевековно српско гробле у Добрачи, Старинар u.c. V—VI, Београд, 1956, 191. ↩
  4. Jelovina D., Starohrvatske nekropole, Split, 1976, 69. ↩
  5. Гарашанин М. — Гарашанин Д., op. cit., 193; Miletić N., Ranosrednjovekovna nekropola u Rakovčanima, GZM n.s. XXV, Sarajevo 1970, 128; Jelovina D., op. cit., 75; Aleksova B., Demir Kapija, Dissertationes I, 26. ↩
  6. Минић Д., Средњевековна некропола на Великом Градцу код Доњег Милановца, Старинар Н.С. XX, Београд, 1970, 238. ↩
  7. Aleksova B., op. cit. 24. ↩
  8. Гарашанин М. — Гарашанин Д., op. cit., 193. ↩
  9. длексова Б. Археолошки ископувања во с. Оризари — Кочанско, Зборник III, Штип, 1964, 89. ↩
  10. Паровив-Пешикан M., Средњовековна некропола у Сремској Митровици, Старинар н.с. XXXI, Београд, 1981, 181. ↩
  11. Павловић-Ерцеговић С., Прилог проучавању средњевјековних некропола у источној Србији, Старинар н.с. XVII, Београд, 1967, 144. ↩
  12. Jelovina D., op. cit., 71; Aleksova B., Demir Kapija, Dissertationes I, 24; Павловић-Ерцеговић С., op. cit., 144. ↩
  13. Минић Д., op. cit., 236; Паровић-Пешикан М., op. cit., 181; Miletić N., Ranosrednjevekovna nekropola u Koritima kod Duvna, GZM n.s. XXXIII, Sarajevo, 1979, 154. ↩
  14. Алексова Б., op. cit., 27, T. V, sl. 24. ↩
  15. Vinčih Ž. Ivanovski M., Stobi zapadna nekropola, Arheološki pregled 20, Beograd, 1979, 86. ↩
  16. Минић Д., op. cit., 236. ↩
  17. Въжарова Ж., Погребалният обред като исторически източник за етническата сънцност на българската народност, Археология 2, София, 1977, 37 и 39. ↩
  18. Ерцеговић-Павловић С., Римске и средњовековне некрополе у Мачванској Митровици, Sirmium XII, Београд, 1980, 67. ↩
  19. Паровић-Пешикан М., op. cit., 181, T. II сл. 5. ↩
  20. Aleksova B., op. cit., 52. ↩
  21. Јанковић М., Две средњевековне некрополе у источној Србији, Старинар н.с. XXIV—XXV, Београд, 1975, 235, T. IV сл. 7, T. XI сл. 9. ↩
  22. Мини Д., ор. cit., 239, сл. 15. ↩
  23. Гарашанин М. — Гарашанин Д., op. cit., 200 сл. 12 d. ↩
  24. Павловић-Ерцеговић С., Прилог проучавању средњовековних некропола у источној Србији, Старинар н.с. XVII, Београд, 1967, 146. ↩
  25. Čorović-Ljubinković M., La nécropole slave de Brestovik, Archaeologia Iugoslavica II, Beograd, 1956, 135 sl. 4. ↩
  26. Jelovina D., op. cit, 93, 94, T. XLIV/10, 11. ↩
  27. Въжарова Ж., Славяни и прабългари, София, 1976, 355, сл. 215~7~. ↩
  28. Valić A., La nécropole slave a Kranj, Inventaria Archaeologica, fascicule 21, Y 200 (2) 2, sl. 5. ↩
  29. Радојковић Б., Накит кон Срба од XII—XVIII века, Београд, 1969, 207 T. 151. ↩
  30. Aleksova B., op. cit., 58, 59. ↩
  31. Лахтов В., Лихнид I, Охрид, 1957, 86, T. VI сл. 57. ↩
  32. Mikulčić, I. — Keramitčiev A., Novi oblici ranog slovenskog nakita, Materiali IX, Beograd, 1972, 165, T. II sl. 5. ↩
  33. Миниќ Д., op. cit., 245, сл. 21. ↩
  34. Jelovina D., op. cit., 109, T. XXIV/11. ↩
  35. Гатев П., Накит от погребения от XI—XII в., Археология 1, София, 1977, 41, сл. 6/VI. ↩

Summary

Тне results of тне invesrгigations in тне village of Raštani in тне environs of битола

(SUMMARY)

The locality is on a small hill south of the village of RaStani in the immediate vicinity of the church St. Nikola. An area of 110 m2 was investigated in the system of square net, 6x5 m, and east of it a control trial excavation (15x1 m) was carried out and enlarged depending on the finds.

Four layers were found out clearly separated one from the other. The grave constructions appeared in the second stratum, and the grave pits were in the fourth stratum. Eleven graves were investigated seven of which were dug in on the depth of 1,10—1,25 m. It is a question here of a necropolis which belongs to the type of necropoles in lines characteristic for the Slavs as well as for the other ethnical elements in the Middle Ages. The orientation of the graves is west-east with an insignificant declination toward north.

According to the construction there graves can be divided into two types, graves With stone construction and graves with the construction of tegulas with two inclinations.

A general characteristic for all graves is the surface marking made with smaller or bigger groups of stones which cover almost the whole surface of the grave with a bigger concentration of stones in the area of head and legs of the dead or with a bigger stone slab. Under the surface marking there is a sterile layer of cca 0,40 m under which is the cover construction of the graves made of many big stones or several stone slabs. After removing the cover construction of the graves we found grave pits oval in form without any enclosement or encircled partially on the front side and oval pits almost completely enclosed with vertically placed bigger or smaller stones and pieces of stone slabs. Similar constructions are found in a greater number of medieval necropoles.

Grave N 9 is characteristic as far as its construction is concerned. Its shallow grave pit is paved and covered with tegulas with two inclinations.

As there are no remains of a dead person as well as because of the fact that the grave was not disturbed which excludes any possibility of its being robbed, we think that it was a kind of a cenotaph similar to which can be found in late antique as well as in medieval necropoles.

A general caracteristic of the necropolis in the village of Ra&tani is that the skeletons are very4 badly7 preserved i.e. almost total absence of3 skeleton bones and a very small number of grave objects.

The objects are more than modest not only in the kind of material they were made of3 but also in their manufacture and preservation. Among them worth mentioning is a common silver ring as well as two finger rings made of silver and bronze.

Since a small area of the necropolis has been investigated and because of the modest and small number of objects found in it, we are not able to date