Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 167–175
Археолошки истражувања на градиштето "Венец" кај с. Миокази, Кичевско
Локалитетот „Венец“, градиште во с. Миокази-Кичевско, се до 1977 година беше непознат во археолошката наука. Со археолошкото рекогноцирање изведено во 1976—77 година на ова подрачје,1 прв пат беше евидентиран. Единствената белешка за него во стручната литература ја среќаваме кај етнологот T. Смињаниќ,2 кој го има посетено локалитетот по Првата светска војна и како етнолог го споменува, но сосем бегло, со неколку збора.
Градиштето, по својот топографски изглед и географски размери, по се она што го нуди со својата површина, како и со откриените локалитети од античкиот период, што се наоѓаат во Неговата непосредна и посредна околина, не наведоа на мисла да изведеме сондажни археолошки истражувања. Последниве истовремено Ќе имаат и заштитен карактер од причина што по површината се наоѓаат видливи траги на диви прокопувања и војнички ровови, а на мештаните од с. Миокази во изминатите децении градиштето им служело како мајдан на готов камен за градење куќи и дворни огради.
Цел на овие истражувања беше да се добие пресек низ културните слоеви и го документира она што е видливо од архитектонски остатоци на фортификациониот систем. Истражувањата беа изведени во септември 1979 година, во организација на сиз на културата Кичево и на Археолошкиот музеј на Македонија,3 а се преземени во рамките на програмата за работа и на Одборот за заштита на спомениците на културата од Кичево. Финансиските средства беа обезбедени од сиз на културата -- Кичево и од Републичката заедница на културата.
Локалитетот се наоѓа на ридот, кој од северната страна стрмо се спушта кон реката Миокаштица, а од западната -- со благ преслап -- преминува во понискиот рид Крст, се надоврзува на запад т.н. Мало Градиште, сл. 1. Површината на градиштето, опфатено со бедемските зидови, изнесува околу 3 ха, с со елипсоидна форма и со оска исток—запад. Највисоката точка е со вредност 641,30 м. Од јужната страна на градиштето, ридот постепено се спушта во рамница низ која тече реката Треска, која оттука навлегува во клисурата кон Македонски Брод, кадешто всушност се затвора Кичевската котлина. Околу него се издигаат високи планини: Баба Сач, Старец, Црвен Камен и Маркоец. На околу 300 м. јужно од градиштето, низ полето, се протега трасата на современиот пат Кичево -- Македонски Брод -- Прилеп.
Во 1 милениум пр. н.е. тука веројатно минувал и патот што водел од југ преку Пелагонија, Кичевската котлина, на север кон Полог, преку Шар за Косово и ибарската долина, преку кој се пренесувале културните и економските струења (во обата правца). Имајќи ја ваквата извонредна географска и стратешка положба, градиштето Ќе биде населувано во повеќето периоди на пра, протоисторијата и историјата со цивилизации од кои се евидентни материалните остатоци, а најстари се секако трагите од населбата на неолитскиот човек.
Испитувачките работи се одвиваа на два сектора: Сектор I u Сектор II. Во Сектор I, доминантниот дел на градиштето, се поставени две сонди: сонда I и сонда III, а во секторот II сонда II и сонда IV.
Во сонда 1, горните откопи и припаѓаат на некропола од која откривме и испитавме 6 гроба (сл. 2). Дека постои поголема некропола, има индиции и во сонда III, поставена на 0,50 м североисточно од сонда П. Гробовите имаат ориентација исток/запад, а со конструкција се издвојуваат само гроб 1 и 2, кои се во вид на цисти, направени од шкрилести плочи, а другите се без конструкција, само со понекој камен или со керамиди покриени. Гробни прилози беа најдени само во гроб 1 — бронзен прстен со плоската глава и полустолпчиња на алката, без орнаментика; во гроб 3 (детски) — перли за ѓердан направени од семки на плод. Гробовите беа вкопани во, под или над него, при што подот е оштетен. Подот припаѓа на просторија, од која се откриени три зида: северниот, источниот и јужниот. Ширината на просторијата е 3 м а откриената должина сса 3,90 м. Во откоmute што беа истражувани во текот на откривањето на некрополата се наидуваше на фрагменти од садови со орнамент на таласеста линија. Фидовите на просторијата (сл. 3), се зидани од кршен камен и варов малтер, од кои висински најмногу е зачуван источниот зид бр. 2, со кота 641,26 м, а најмалку јужниот Ор. 1 со кота 640,93 м. Со вкопување на гроб 6 зидот бр. 2 прекинат. На зидот бр. 3 е видлив прекин што индицира влез кон соседната просторија.
ЛОКАЛШТЕТ ВЕНЕЦ.
ЛОКАЛИТЕТ ВЕНЕЦ MU OKA3u-KU4E BO
oie 5861
HAJ t ott
Делумно е зачуван подот и тоа во северниот дел на сондата кон зидовите 2 и 3; направен е од керамички плочки со димензии: 0,34 х0,28х 0,003 м. овде се наоѓаат орнаменти од вкрстени линии, со димензии: 0,32 х 0,26 х 0,03 м, како и орнамент од таласести и прави паралелни линии. Подните плочки не се конструктивно поврзани со ѕидот 3, а остатоците од малтер што се јавуваат на ѕидот се над нивото на подот. Котата на појавување на подот е 640,54—640,52 м, a на малтерот — 640,32 м. Таа разлика во нивелетите дава индиции дека постои една постара фаза на подот.
Во хоризонтот на гробните конструкции, на кота 640,61 м -- На 2,24 м од северниот и 1,36 м од западниот профил, се јави 5идана конструкција од варов малтер и фрагменти од тегули и подни плочки, со ископувањето се прошири и дефинитивно доби форма на квадрат со димензии 1,32 х 1,34 м. Всушност, тоа е остаток од писцина, која со вкопувањето на гробовите е оштетена; има форма на впишан крст со централен дел -- кружен и четири сегменти од круг на четирите агли врз квадратна база; од надворешната страна има остатоци од хоросан малтер. На горната површина е толку оштетена што од северната страна се познаваат само формата на концентричните кругови и сегментите исцртани во малтер. Недостига градбата што го формира крстот. во горните делови. Во текот на испитувањето не го откривме системот за довод и одвод на вода. Писцината е со мали димензии, па може да се претпостави дека крштевањето се вршело и со попрскување.
Таа е фундирана на постар зид, ориентиран север-југ а се јавува на кота 640,21 m. На овој зид делумно е поставен и зид бр. 1 од крстилницата; тој е обележан како зид бр. 4, продолжува на југ и прави агол со зид бр. 5, при што се формира дел од постара градба, која во оваа фаза на испитувањето не можеме да ја идентификуваме.
На ова ниво, на кота 640,18 м се престана со испитување во сондата. Нешто подлабоко, до кота 639,54 м изврши истражување меѓу зидот 4 и западниот профил на сондата. Слојот с компактен, со светлокафеава боја на земјата, во која се наоѓаат фрагменти од неолитска керамика, антропоморфна плоската статуетка, коскена игла, Камена секира и др. Скоро идентична статуетка откривме во 1977 год. при реконгносцирањето во еден гроб, од порано отворен и испретурен, на околу 2 м западно од сондата I, резултат на дивите раскопувања.
Сондата II беше поставена во Секторот II, (сл. 4), со цел да се испита бедемот формата на кулата, како и надворешниот бедем. Испитувањето го почнавме од внатрешната страна на внатрешниот бедем и во текот на работата просторот го проширивме, така што ја опфативме кулата, а подоцна со еден шлиц и надворешниот бедем. По симнување на хумусот, во откопите што следуваа, на темносива земја се наидуваше на градежен шут помешан со фрагменти од ободи на поголеми питоси орнаментирани со таласеста линија и печатени орнаменти, фрагментирани тегули и имбрицес. Беше откриен зид бр. 2 изѕидан од кал и полуобработен, ориентиран север—југ, поставен наспроти бедемот. Веројатно бил дел од некоја просторија прилепена до бедемот. Во проширениот дел од сондата, на источната страна, горните откопи дадоа градежен шут, а подолните откопи — земја помешана со големо количество камен попаѓан од зидовите, остатоци од палежи, ободи со орнамент во вид на крст и керамички фрагменти со таласест орнамент. Во аголот меѓу зидовите 3 и 6, на 0,60 м од нивото на земјата се пронајдени стрела, оловен тег и др. Со испитувањето се констатира дека кулата има квадратна форма, со димензии 3,50x3,50 м и влез од северната страна. Во северозападниот агол на кулата на кота 626,68 м беа откриени неколку керамички плочки кои индицираат под. зидовите се нумерирани како 3, 4, 5, 6, и 7, созидани од кршен камен и варов малтер, со добро изведена фасада. Ширината на зидовите с 1,00 м, со исклучок на зидовите 3 и 4 кои се широки по 0,65 м. Бедемскиот си е М3ЅИдан со кршен камен и варов малтер со имитација на либажните слоеви; неговата ширина изнесува 1,65 м. На растојание од 5,90 m од внатрешниот бедем, паралелно се протега надворешниот бедем со ширина од 1,75 M, из5идан од кршен камен и варов малтер.
Испитувањата во сонда III, сектор 1 (сл. 3) ги дадоа следните резултати: се следеше зидот бр. 6, кој можеше да се уочи по површината и се покажа дека е во конструктивна врска со зидот бр. 2. Во горните откопи на кота 640,99, покрај источниот профил, се појавија три гробни конструкции, кои навлегуваат во источниот профил. OF керамичките наоди издвојуваме неколку фрагменти со таласеста линија, потоа фрагментирана дршка од стакло на амфориск, како и фрагмент од столпче, направено од сивкав мермер. На котата 640,64 м се појави под од набиена црвена глина, кој конструктивно се поврзува со остатоците на малтерот на зидот бр. 6 .На оваа кота просторот за испитување е намален при што се одеше до здравица на кота 640,17 м — самородна карпа. Во откопите, под подот, на светлокафеава земја беа пронајдени фрагменти од халштатска керамика.
Сонда IV беше поставена на второто плато, североисточно од сонда П. Со испитувањето во оваа сонда основно беше да се добие одговор на една уочена појава. Се работеше всушност за камена површина, која оддаваше впечаток на влез во некој објект-праг, но со испитувањето не добивме конкретни резултати. Во откопите на светлокафеава земја од кота 630,27 м до 629,27 м (теренот косо паѓа) се наиде на мноштво иситнети керамички фрагменти од неолитскиот, халштатскиот и хеленистичкиот период.
Резултатите што ги добивме од овие заштитно сондажни испитувања се повеќе од очекувани. Пред се, со сонда I откривме дека постои некропола што е вкопана во крстилницата. Крстилницата с во склопот на базилика од која по површината на земјата се назираат контурите на апсидата, централниот, северниот и јужниот брод и нартексот на западната страна. Димензии на базиликата: должина 16,80 м, широчина 18,20 м, со делумно откриени остатоци од подови, изработени од керамички плочки и набиена црвена глина. Под крстилницата беше констатиран дел од просторија што припаѓа кон некоја постара градба од античкиот период. Најстари, досега констатирани траги на градиштето се трагите на неолитскиот човек, откриени во културниот слој под базиликата. Ваква слоевитост се јавува и на локалитетот Св. Еразмо — во соседниот Охридски басен4, само што е базиликата поголема по обем и обилува со мноштво наоди. Според архитектонските обележја, откриената базилика на градиштето Венец хронолошки веројатно припаѓа на 5—6 век од н. е. Времето кога бил извршен законот на покојниците во шеста испитани гроба тешко може да се утврди од причина што има мал број прилози, засега претпосавуваме дека би можело да е извршено најрано од почетокот на IX век.
Истражувачките работи на кула 5 (сл. 4), внатрешниот и надворешниот бедем, како и архитектонското снимање на остатоците од фортификациониот систем, ни пружија податоци за проучување на утврдените градови, кастели56 од доцноантичкиот-рановизантискиот период. Внатрешната површина зафаќа околу 3 ха, без подградие. Тврдината од јужната страна била утврдена со двоен бедем — од страните каде што е најтешко бранлива, а од северната и источната постојат индиции само за еден бедемски зид од причина што гишинката стрмо се спушта кон Миокаштичка Река и од таа страна е лесно бранлива. Внатрешниот бедем има 8 истурени квадратни кули со димензии 3,50 x 3,50 м и 3,80 x 3,80 mM. Влезот на тврдината во Оваа кампања не е откриен.
Градиштето е утврдено со цел да даде отпор во случај на прорали и опсади кои во текот на 4,5 и 6 век од H. е. го потресувале Византиското царство, а биле дело на бројните варварски племиња Готи, Авари, Словени и други што навлегуваат на Балканскиот Полуостров преку Сава и Дунав, крстосуваат, пљачкаат и ограбуваат поседи и градови се до средината на 7 век, кога некои од нив Се населуваат трајно, како што е случајот со Словените.7 За некое приближно определување кога настанала тврдината, базиликата, како и нивното рушење, не можеме во оваа фаза на испитување да зборуваме поради тоа што не најдовме ниту еден затворен монетен наод.
Од откриениот неподвижен и движен материјал на градиштето дознаваме дека тоа било населено најрано во неолитскиот, потоа во бронзениот, халштатскиот, хеленистичкиот период со прекин, за да заживее одново во доцноантичкиот-рановизантискиот период. Последна трага на човековото интересирање за овој простор е некрополата, по неа се ке биде препуштено на забот на времето и на чоекот. Треба да го наспомнеме и патот всечен во карпа што води од подножјето на ридот, на западната страна, кон тврдината. За неговата временска и функционална определеност, во врска со тврдината, би се добиле податоци при идните истражувања на овој локалитет.
GORDANA SPASOVSKA-DIMITRIOSKA — Kiéevo
Белешки
- Рекогносцирањето е изведено во организација на сиз на културата -- Кичево и Археолошкиот музеј на Македонија, за изготвување археолошка карта на со на Кичево, која се вклопува во рамките на Археолошката карта на СР2 Македонија. ↩
- Смиљанић Т., Кичевија, Српски етнографски зборник, Београд 1935, 339—483. ↩
- Во истражувачките работи учествуваа: Археолог Љиљана Кепеска, кустос при Народниот музеј — Прилеп, Коста Кепески, археолог кустос при Народниот музеј -- Прилеп, Мишо Милосвиќ, апсолвент на Градежниот факултет — Скопје. Работите ги раководеше Гордана Спасовска-Димитриоска. Фото документацијата ја водеше Гордана Спасовска-Димитриоска. ↩
- Микулчиќ И. Пелагонија у светлости археолошких налаза, Скопје -- Београд 1966, 9. ↩
- Маленко B., Осврт врз извршените работи на Св. Еразмо во 1975 година, мад 3, Прилеп, 1977, 125--127. Панов Б. Охрид и охридската област (VI—VIII), Годишен зборник на филозофскиот факултет на Универзитетот — Скопје, 1978, книга 4 (30) том, 130. ↩
- Бошковић Ђ., Архитектура старог века, Београд, 1962, 77; Микулчић И., за големината на доцноантичките градови во Македонија, Историја, год. X — 2, Скопје, 1974, 374—351. ↩
- Историја на македонскиот народ, Институт за национална историја -- Скопје, 1972, 24—32, ↩
Summary
Тне archaeological investigations of тне gradiste "Venec" ат тне village of миокази in тне district of Kičevo
(SUMMARY)
discovered — a three-nave basilica with a baptistery from the 5th—6th cent. A. D. with indications that there was a narthex and exo-narthex 16,80 m. long and 18,20 m wide. The piscina is intresting with its form of a cross; the remains are small in dimensions which shows that the baptismal ceremony was probably performed by sprinkling.
In the investigated part of the basilica there were dug-in graves, simple in construction; fragments of tegulae and tiles were found as well as a few stone. They date back to the beginning of the 9th cent. A. D. Under the basilica (in the part investigated) a wall of broken stones and lime mortar was found. It is a part of an older antique building. The rampart walls were built of broken stones and lime mortar being 1,75 m wide (outer wall) and 1,65 m (inner wall). On the inner wall there are quadrangular towers different in dimensions the smallest of which is 3,50 mx3,50 т.
During the investigations it was stated from the movable objects found there (ceramics, metal, processed stones and bones, etc.) that the place was settled in prehistoric period — late Neolithic Age, Bronze Age?, Harstatt, Hellenic period, then there was an interruption and it was revived in late antique — early2 Byzantine i.e. when it was resettled. We suppose that the rampart walls were built in the time of Justinian I (527—565). The town-castle suited then the purpose of defending the local population as well as the people who lived around it from the invasions of barbarian tribes which became more frequent. Castles of this type were built all over the Balkan peninsula on the important junctions of communication, from north to south, along river valleys, with the only purpose to stop the invasion of barbarian tribes coming irom the north. The subsequent investigations of the town-castle ,,Venec“ will show whether and to what extent it played an important role in the general defence as it was on the way from Polog to Pelagonia.
(Translated by Radmila Radevska)