Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 153–166
Рекогносцирање и наоди околу Виница, 1978
Содржина
Во рамките на акцијата археолошко рекогносцирање на територијата на ср Македонија по општини, со цел да се изготви археолошка
карта на Македонија, Археолошкиот музеј на Македонија, во соработка со Народниот музеј од Штип, презеде рекогносцирање на територијата на општина Виница.
Виничка општина го зафаќа крајниот источен и југоисточен дел на Кочанска котлина и благите терасести питоми падини на планините: Плачковица, Голак и Обозна.
Рекогносцирањето е извршено во атарите на 16 населени места, Бо периодот 19. X—.3, XI 1978 година.1 Регистриравме околу 100 локалитети, од кои само еден мал дел беа познати од порано.2
Во овој прилог Ќе се задржиме на дел од позначајните локалитети, а другите Ке бидат само наброени.
Населени места во општина Виница: Блатец, Виница, Градец, Грљани, Драгобрашти, Истибања, Јакимово, Калиманци, Крушево, Кршла, Лаки, Липец, Пекљани, Трсино и Црн Камен.
Селото Блатец е лоцирано во југоисточниот дел на Виничка општина. Во атарот на селото регистриравме десетина локалитети. Тоа се: Св. Недела, Чуката, Кале, Селиште, Грамади, Калајџиево, Мојмија, Црквиште, Рачи Брдо и Ирин Дол.
Меѓу овие локалитети посебно се истакнува Св. Недела — Црквиште.3 Локалитетот се наоѓа на 2,5 км северно од селото, на левиот брег на реката Осојница. Во прашање е могила со големи димензии. Пречник на основата 60 м, височина околу 10 M- Денешниот изглед на могилата дава впечаток како да се работи за две могили (сл. 1). Според податоците добиени од K. Костадинов од с. Блатец, пред 40 години могилата преку средината била пресечена со диво копање од страна на селаните. При ископот се најдени метални предмети, денес изгубени. По површината на јужната половина од могилата се вкопани гробови од камена конструкција, со ориентација исток -- запад. Гробовите се веројатно средновековни.
Оваа могила, по своите димензии и по другите одлики, одговара на Кнежевската могила од локалитетот Крст кај с. Таринци.4
На теренот околу могилата се забележуваат фрагменти од керамички садови и тегули од римско време. Југоисточно од локалитетот, според кажувањето на K, Костадинов, постоеле гробови од камена конструкција. Гробовите се уништени со длабоко орање на земјиштето.
Локалитет Чуката. На 1 км северно од селото, во нивата на М. Крстов на издигнато и зарамнето плато, лоцирана е могила со пречник од 20 м и висока 3,5 м. Могилата е оштетена на југоисточната страна. На тоа место се најдени детски гроб (конструкција: камен и тегули) и мал питос-
од Блатечка Река. Во прашање е висок стрм и непристапен рид со надморска височина од 1.037 м. Единствено лесно пристапна е југоисточната страна. При увидот на теренот, на неколку5 места, забележавме остатоци на зидови од камен и малтер. Овие остатоци се 3aбележуваат на површина 80 x 60 м.
Калето има исклучително доминантно местоположба над целата околина.
Источно од селото, во подножјето на Калето, на површина од неколку хектари, се лоцирани две римски населби. Тоа се локалитетите Селиште и Грамади.
Од атарот на C. Блатец, од непознат локалитет, потекнуват две сребрени венецијански монети.
Виница, локалстет Кале. Локалитетот се наоѓа во југоисточниот дел на градот, крај левиот брег на Градешка Река. Во прашање е тешко пристапна височинка-брег, ориентирана во правец североисток--југозапад. Локалитетов е познат од порано.7 На оваа височинка се наоѓа релативно зарамнето плато со елипсовиден облик и со приближни димензии 250х 100 м. Теренот е лесно пристапен само на југоисточната страна, каде што е изведен вештачки одбранбен ров. Со својата поволна местоположба, Калето доминира над градот и околината.
На највисокиот дел од платото месните жители „стручно“ вршеле ископувања, при што откриле мала еднокорабна сакрална градба со димензии 10x6 м. Џидовите се градени од камен и малтер. Јужниот зид е широк 1,10 м, а широчината на другите зидовите изнесува 0,70 м. апсидалниот простор на црквата лежи директно врз карпа. Во градбата и околу неа е расфрлена архитектонска пластика: остатоци од канцелот, фрагментирано мено, профилирани делканици и сл. Близу до сакралната градба, поточно во нивата на Ефтим Стојчев, пред 15 години се откриени две идентични релјефни тули со претстава на архангел Михаил. Тулите се релјефно изведени во техника на втиснување (калупење) во глина, која потоа е печена. Димензии: 1 x 20 x 4 см (ел. ди 3).
Од ова место потекнуваат уште неколку фрагменти од релјефни тули, изведени од ист материјал и во иста техника. Првиот фрагмент, со димензии 20х 21 х 4,5 см, претставува долниот десен дел од релјеф со претстава на бик и хоризонтален нецелосен натпис во полето под бикот....... ETARIETI? US. Hatnuc постоел и во Полето зад бикот во рертикала. На тоа место фрагментот е оштетен. Меѓу нозете на бикот ознака (ЕЕ 1.4);
Следниот фрагмент, со димензии 30х15х 4 см, претставува долниот дел од релјеф на кој фрагментирано е зачувана претставата на бик (видливи се само нозете). Меѓу нозете на бикот украс во вид на розета. На полето испод бикот во хоризонтала натпис TAONARUM или AONARUM. Натпис постоел и во полињата пред и зад бикот во вертикала. Во полето зад бикот е видлива само буквата A или пак ако буквата Т припаѓа кон натпиисот по вертикала, тогаш од вертикалниот натпис се зачувани последните две букви А и Т. Од десниот вертикален натпис, односно од натписот пред бикот нејасно се зачукани двете последни букви. Хоризонталниот натпис и десниот вертикален натпис се разделени со претставата на крст (Т. I, 3).
На третиот фрагмент — со димензии 20х 17 х 3,5 см — е втисната претстава на крст. По должината на краците на крстот, по верикала и хоризонтала, натпис CRUXC VINCE — „Крсту, победувај!“ Над горниот крак на крстот натпис VINCE. Лево од горниот крак на крстот E, а десно ЅТА (T. I, 1).
И на другите фрагменти се видливи остатоци од натписи (Т. 1,
Сите овие релјефни тули од Виничко кале се единствени примероци на овој вид подвижни археолошки наоди од доцноантичката стоха. Десегашните сознанија ни кажуваат дека не постојат вакви релјефни претстави на југословенските простори, па и пошироко, во Европа. Можеби се работи га епохално откритие што заслужува посебно внимание и обработка. На овој степен на истраженост и обработка, на мислење сме дека релјефните тули со споменатите претстави би можеле да ги датираме во рановизантискиот период, односно во У век.
На повеќе места вдолж целиот локалитет се забележуваат контури и зидови на објекти. Локалитетот изобилува со фрагменти од керамички садови од римски, византиски средновековни, како и неколку фрагменти грчка керамика- Застапеноста на керамичките садовите зборува за еден комплексен археолошки локалитет. Најдени се и гоголем број римски и византиски монети. Од Калето потекнука еден мермерен фрагмент на вотивен релјеф од композицијата на Зекс и Хера.11
Во самиот град Виница регистриравме неколку локалитети. На ул. Наум Наумовски-Борче. во куќата на Васил Атанасов, при копање визба е откриена римска фурна, уште добро зачувана. Во дворот на оваа куќа е најдена фрагментирана колона.
На ул. Ленинова, пред куќата на Игнат Иванов, најдени се Неколку добро зачувани доцноантички садови!“12 (сл. 4).
На ул. Гоце Делчев, пред куќата на Тоде Иванов, регистриравме неколку фрагменти од архитектонска пластика на доцноантички сакрален објект. Според добиените податоци, на ова место, со пресекувањето на патот, уништен е источниот дел на една ранохристијанска црква. Дел од мозаичниот под, кој се наоѓа под насипот дебел 2 метра, се уште е зачуван. ;
На местото каде што се наоѓа денешниот пазар, според М. и Д. Грашанин, имало--а и ние забележавме -- антички питоси и римска керамика13 Меѓу14 многуте монети откриени во Виница е пронајдена и една тетрадрахма на Филип II (8359--336)“, (сл. 5 и 6).
Локалитет Горица. На оддалеченост од 1 км северно од Виница, од десната страна на патот Кочани--Виница во близина на денешните оранжери, на благо издигнато плато над околниот терен лоциран е локалетот Горица. На простор од околу 2 хектара обработлива површина констатиравме голем број фрагменти од керамички садови со најразлични облици и квалитети. На целиот локалитет се забележува градежен материјал: фрагментирани тули, имбрекси, камен и малтер.
Како посебна интересна појава на дел од керамичкиот материјал, претставуваат украсите од најразлични втиснати-печатни орнаменти. Со такви орнаменти биле украсувани луцерните, од кои се зачувани
неколку фрагменти, потоа — плитки чинии и паници, како и други типови керамички садови. Пронајдени се и неколку пинтадери — печати и алатки со кои била украсувана керамиката.15 Печатите се со претстаска на човечки ликови и геометриски орнаменти (T. II, 1--5).
. Од овој локалитет потекнуваат извесен број римски монети. Со изградбата на оранжериите е зафатен и уништен дел од локалитетот. Притоа, меѓу другиот материјал, пронајдена с мала мермерна статуста"“, како и еден фрагмент од мермерен вотивен релјеф на Зевс. Од металните наоди од овој локалитет издвојуваме една голема масигна бронзена белегзија, типична за железното време.
Богатството на археолошки локалитети и наоди во самата Виница и нејзината најблиска околина не наведува на заклучок дека на овој терен во античкиот период егзистирала релативно голема урбана
Село Градец. Во атарот на ова село ги регистриравме локалитетите: Клисе Баир, Градиште, Бедеш, Драгица и Лисец.
Локалитетот Клисе Баир се наоѓа на северниот крај од селото, во непосредна близина на училиштето. Се работи за две могили лоцирани на еден повисок брег со доминантна местополжба.
Овие могили ги имаат сите одлики на раноримските — трачки могили, карактеристични за областите по горниот и средниот тек на реката Брегалница-
Село Грљани. Во неговиот атар ги констатиравме локалитетите: Могила, Самовилец и Манастирот.
Локалитетот Могила се наоѓа десно од стариот пат Кочани- -Дел-
- чево во средишниот дел на Калиманско поле. Од локалитетот Царевец "оддалечен е 400--500 м. Во прашање е голема раноримска могила со димензии: пречник на основата 35--40 м и височина до 4 м. Околу могилата, во нивите, се забележуват ретки фрагменти од римска ке- - рамика.
Локалитетот Самовилец е лоциран меѓу маалата Маниловци, Тра-
јановци и Црнгалци. Во прашање е висок рид со надморска височина (930 м, кој доминира над Калиманската висорамнина. На врвот од ридот се наоѓа зарамнета површина -- плато. Остатоци на темели од зидови градени од камен, тули и малтер се видливи на неколку места. Најголема концентрација на градежен материјал од разрушени објекти — како и фрагменти од керамички садови од римско и рановизантиско време --- се наоѓа на највисоката кота. Веројатно се работи за мало воено утврдување. Според кажувањето на месни жители, овде е најдено депо од монети, денес разграбено од колекционери и од други.
Локалитетот Манастирот се наоѓа на 1 км источно од основната школа на с. Грљани, т.е. на западната падина од височината Самовилец.
При увидот на теренот константиравме остатоци од сакрален објект. 1
Село Драгобашти. И во атарот на с. Драгобашти ги регистриравме овие локалитети: Селиште, Балтачка маала, Драгобрашко Градиште, Св. Спас и Вршник, Со својата доминантна положба се истакнува Драгобрашко Градиште. Локалитетот се наоѓа крај левиот брег на Драгобрашка Река (Трстија), од левата страна на раскрсницата од селскиот пат за Драгобрашти и Пекљани. Зафаќа површина од 150 х 100 м, со издигнат централен акрополен дел. Од овој локалитет е пренесен еден жртвеникара на десниот брег на реката Трстија, во Балтачка маала, која лежи на римски локалитет,
Во непосредна близина на Драгобрашко Градиште е лоцирана во поново време црквата Св. Спас, која лежи врз темелите од една голема сакрална градба од базиликален тип.21
Село Истибања. Во атарот на селото ги регистриравме следните локалитети: Слатина-Горица, Кале, Батовска, Раклеви, Бавчи, Црквите, Турски гробишта и Превалец.
Локалитетот Слатина-Горица Бадем Баир. Се наоѓа на околу 1,5 км јужно од Истибања и 1,5 км северозападно од с. Јакимово. Се работи за една мала плодна котлина орабена со ниски тераси. На повеќе локации, со поголема концентрација на одделни места, забележливи се остатоци од објекти и од римска населбинска керамика. Во западнио дел на Слатина, во нивата на Ампо Апостолов, билс уништени извесен број гробови со камена конструкција.
Месноста Горица се наоѓа на северозападниот дел од Слатина, на левата страна од левиот крак на Брегалничкиот хидромелиоративен систем. Во прашање е мало ритче каде што е лоцирана една могила, денес наполно уништена. На овој локалитет пред 10 години се откриени два римска гроба. Дел од керамичкиот материјал од овис гробови се чува во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј на Штип.
Локалитетот Кале Градиште"?23 е лоциран на околу 2 км североисточно од селото, на еден карпест рид над патот Истибања--Делчево, крај десниот брег на реката Брегалница. На врвот од ридот, кој не е зарамнет туку косо паѓа кон југ и југоисток, се забележуваат остатоци од бедем. На северната страна дебелината на бедемот изнесува 1,40 м и е граден од камен и кал. Наместа се видливи темели од помали објекти, како и фрагментирана градежна и населбинска керамика од доцноантичкиот период.
Локалитетот е пристапен само од западната страна. На таа страка е ископан одбранбен ров, со што калето е одделено од повисокиот рид Дабец. На североисток Калето се спушта стрмно кон тн. Боров Дол а кон исток и југоисток кон реката Брегалница. Стрмна и непристапна е и јужната страна. Локалитетот зафаќа површина
Од атарот на с. Истибања, од непознат локалитет, потекнува бронзена статуета на Јупитер.24
Село Јакимово. Во атарот на селото ги регистриравме следниве локалитети: Амбарица, Ќерамидница, Селски гробишта, Блатечки пат и Кулакот.
Локалитет Амбарица. На површина од 100x60 M, на североисточниот крај од селото, констатиравме материјални остатоци од римска населба. На местово му се заканува уништување- Поради градежна дејност, неколку куќи се изградени на самиот локалитет. Локалитетот Блатечки пат. На 2,5 км источно од селото, недалеку од утоката на Драгобрашка Река во Осојница, на нејзиниот десен брег и лево од селскиот пат за Јакимово, се простира ниска речна тераса на која се издигаат две мали височинки со правец на простирање север--југ.
На западниот дел од локалитетот на малото ритче наречено Булите се лоцирани две могили, во голема мера оштетени. Димензии: првата, со пречник на основата 12 м и зачувана височина 1,30 м, и втората со пречник на основата 10 м и зачувана височина од 1 М.
На источната страна од локалитетот, наспроти локалитетот Булите, се наоња оштетена могила со пречник на основата 10 м и височина 1 м.
Село Калиманци. Во атарот на ова село ги регистриравме следниве локалитети: Манастириште — Студењак, Царавец, Самовилец, Островец, Валогот, B’цка Скала и Русалиски гробишта.
Локалитетот Манастириште--Студењак е познат од порано.25 Се наоѓа на околу 3 км северно од стариот пат Кочани--Делчево, на имањето на фамилиите Зоеви и Илкови. Положбата на локалитетот е доминантна. На запад и северозапад теренот стрмно паѓа кон најниските коти, а кон исток, благо се издига. На северозападниот и југоисточниот дел од локалитетот се видливи темели на зидови градени од кршен камен и, како што изгледа, без малтер. Недалеку од овие темели, во густа деградирана дабова шума, се наоѓат две фрагментирани колони. На површината на теренот се наидува на фрагменти од римска и средновековна керамика.
На овој локалитет пред дваесетина години се најдени две мермерни женски статуи во природна големина. Статуите се чуваат во Лапидариумот на Заводот за заштита на спомениците на културата и народен музеј на Штип:
Локалитет Царевец. На ниските тераси околу плодното Калиманско поле, во месностите Ќунец, Пореовица и Вртен Даб, во римско време егзистирала поголема римска населба од разбиен тип. Подвижниот археолошк иматеријал од овис месности ни ја потврдуваат констатацијата за густата населеност на овој крај во римско време. Особено бројни се фрагментите од најразлични керамички садови, од најгруби и големи питоси па cè до мали чинии и грниња со фина фактура.
Северозападно од месноста Ќунец се наоѓа локацијата Горица. На оваа мала височинка констатиравме некропола со гробни конструкции од камени плочи. Ориентацијата на гробовите е нејасна.
Село Крушево (Учкунска маала). Во атарот на ова село заслужува внимание локалитетот Дефово Градиште. Градиштето е лоцирано на една доминантна височинка што се издига крај десниот брег на Железничка Река, на височина околу 80 м. Локалитетот има елипсовиден облик со правец на простирање север--југ и приближни димензии 100х 50 mM. На зарамнетото плато се видливи големи количества градежен камен, тегули и имбрекси, згура, како и фрагменти од керамички садови. Констатиравме и поголем број мали простории, градени претежно од камен и кал. Керамичкиот материјал упатува Село Кршла. Во атарот на ова село ги регистриравме следниве локалитети: Могила, Русалиски гробишта, Градиште I и Градиште ил, Вршник, Барбошки Дол, Сушица-Бавчи, Кршлански Гумена и Ѓафурски лозја.
Локалитет Русалиски гробишта. Јужно од училиштето, на простор што паѓа благо кон југ, констатиравме дваесетина гробови: Во средината на некрополата, на највисокиот дел, се наоѓа мала могила. Конструкцијата на гробовите се од камени плочи чиишто димензии достигнуваат и до 1,5 м. Ориентацијата им е различна, исток- -запад и северозапад--југоисток.
Во продолжение на некрополата кон југозапад, констатиравме уште три мали развлечени могили, типични за железното време.
На локалитетот Градиште 1 констатиравме 4 железно-временски могили, а на Градиште II наидовме на материјални остатоци (керамика) од бронзено временскиот, железновременскиот, римскиот и доцноантичкиот период.
Четири мали железновременски могили констатиравме и на локалитетот Барбошки Дол. Некропола од железното време се наоѓа и на локалитетот Кршлански Гумена, каде што се најдени две масивни бронзени белегзии типични за железното време.
Село Лаки. Во атарот на ова село ги регистриравме следниве локалитети: Грамади, Сејменски Преслап, Бигланско Градиште, Црквиште, Градиште, Анџиски Валози и Манастирот.
Локалитет Бигланско Градиште. Локалитетот се наоѓа на 4 км југоисточно од селото, од десната страна на патот Виница--Берово. Во прашање се тешко пристапна височинка над реката Калуѓерица. Единствено лесно е пристапна јужната страна. На површина од 150 x 80 м јасно се видливи темели од помали објекти. Градежен материјал, фрагментирани тули и покривни Ќерамиди, расфрлени по целиот терен. На неколку места се зачувани темелите на бедемот. Од јужната страна на градиштето е всечен длабок одбранбен ров. Временски, градиштето припаѓа кон доцноантичкиот период.
Село Лески- Во ова село ги регистриравме овие локалитети: Св. Атанас. Ореово и црквата Св. Јован.
Локалитет Св. Атанас. Североисточно од селото, на површина 6—7 декари, во селските ниви наидовме на множество фрагменти од градежна керамика, како и фрагменти од керамички садови со фина и груба фактура, карактеристични за римскиот период. Во средината на локалитетот, на подигнато плато, селаните откриле темели од еднокорабна црква со димензии 22х10 м. Во северниот 5ид од црквата е вградена база од колона. Постојат индиции оваа црква да е изградена врз темелите на постар сакрален објект.
Црква Св. Јован. Црквата е подигната во поново време. Во нејзините зидови е вграден материјал од постара црква. Особено внимание заслужува една камена плоча со натпси од XIX век, кога е и изградена црквата.
Локалитет Орсоѕо. На 2 км југоисточно од селото, од левата страна на патот Лески--Зрновци, на релативно голема површина од околу 12 ха, лоциран е локалитетот Ореово, Целиот терен претставува обработлива површина. Темели од објекти, градежен материјал, фрагменти од најразлични керамички садови, згура, како и другиот придружен материјал на човековиот живот, присутен е во изобилство на овој локалитет.
Во нивтаа на Ефтим Николов (според неговите податоци) бил откриен дел од објект со суспензури. На теренот тоа не можевме да го провериме, бидејќи објектот е повторно покриен со земја.
На источниот дел од локалитетот констатиравме неколку гробови со камена конструкција. Секако гробовите се дел од некрополата. При увидот најдовме една римска монета, мошне лошо зачувана.
На 500 м јужно од локалитетот, при каптирањето на изворите за водовод на с. Лески, откриен е дел од стар римски водовод. Водоводот е изведен од камени плочи и керамички цеви.
Село Липец. Во атарот на селото ги регистриравме следниве локалитети: Чукарки, Црквенец-Градиште, Иловица, Бели, Св. Спас и Градиште.
Посебно интересен е локалитетот Чукарки. На околу 2 км североисточно од селото, на едно издигнато и релативно зарамнето плато, на мал простор, лоцирани се 11 могили, од кои 4 се со купест облик, додека другите исто така имаат кружна основа, но се многу пониски (сл. 8). Од северната и североисточната стран на платото околу могилите се забележуваат остатоци од широки зидови. Како што изгледа, групата могили биле опколени со бедем)?.
Западно од оваа група могили, од левата и десната страна на долот Црквенец, константиравме големо количество фрагменти од керамички садови од римско време. На неколку места — особено од левата страна на долот -- се зачувани остатоци од објекти. Во прашање е поголема римска населба, во чијшто состав веројатно припаѓаат и наведената група могили. Северно на 500 м е лоцирана една помала могила со димензии: пречник на основата 8 и височина 1,5 м. Во средината могилата е оштетена.
Село Пекљани. На овој простор ги регистриравме следниве локалитети: Рашка, Долови, Колник, Студен Кладенец и Црквиште.
Посебно значаен е локалитетот Рашка, на кој се откриени златоносни рударски галерии експлоатирани во римско време. Се работи за експлоатација на златоносен материјал (чакал и песок, преку32 хоризонтални галерии во алувијални речни насипи.
На крајот од овој прилог, уште еднаш накусо и воопштено Ќе се задржиме на регистрираните могили, како посебни интересни археолошки споменици. Регистриравме над 50 могили, што е своевиден куриозитет. Може слободно да се каже дека по бројот на могилите во однос на соседните општини Берово, Делчево и Кочани, каде што исто така се регистрирани могили, Виница зазема водечко место.
Според обликот, како што е веќе наведено, могилите може да се поделат на два типа. Првиот тип се ниски и развлечени, а вторите Споредукајќи ги нивните облици и димензии со досега истражуваните могили во Источна Македонија, првите слободно можат да се датираат како железно временски ,a додека вторите римски.
Во натамошните археолошки истражувања во ова подрачје, на могилите треба да им се посвети посебно внимание.
На дел од овие споменици им се заканува уништување, како со дивото копање од страна на трагачите на старини, така и со ширењето и подигањето нови земјоделски задружни блокови.
ЗАБЕЛЕКИ
1 Кус извештај од ова рекогносцирање види кај Beldedovski 4. — Krstevski C., Rekognosciranje na području opštine Makedonska Vinica, Arheološki pregled 20, Beograd, 1979, 153—159.
Збирка на Р. Попов од Виница.
8 Релјефните тули се наоѓаат кај P. Попов и J. Довичински од Виница,
cn. 2 Mu 3.
? Овие фрагментирани релјефни тули ги прибрал и донел во Музејот на македонија Ц. Крстевски во 1977 година.
10 збирка на Р. Попов.
16 Исто.
17 Craryerata се наоѓа кај Ѓ. Даневски од Виница.
18 Збирка на Р. Попов.
19 Исто.
Белдедовски З., Златоносни рударски галерии кај Пекљани, Жива Антика XXIX, том I, Скопје, 1979, 143—155.
Keramitčiev A. — Mikulčić I., исто, 64.
“8 Санев B., исто; Соколовска B., Копии на Големата и Малата Херкуланка од Македонија, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија, книга VIII—IX, Скопје, 1978, 53, cm. 10 mw 11.
27 Збирка на Р. Попов. CONE KRSTEVSKI — Skopje ZVONKO BELDEDOVSKI — Stip
Белешки
- МАА на доцноантичкиот период. купести, високи со кружна основа. ↩
- Гарашанин М. — Гарашанин Д. Археолошке белешке са рекогносцирања у Источној Македонији, Зборник на штипскиот Народен музеј 1, Штип, 1959, 67- 94; Keramitéiev A. — Mikuléié 1. TIR, K-34, Ljubljana, 1976, 3 isto, 27, sl. 1. ↩
- Гарашанин М. -- Гарашанин, Д., Начинот на погребување и конструкција на Кнежевската могила во Таринци, Зборник на штипскиот Народен музеј IV—V, Шкип, 1975, 193. ↩
- Кегатиејеу A. — Мише 1. исто 27. ↩
- Гарашанин М. — Гарашанин Д. Археолошке белешке... 69.; Keramit-Ciev A, Mikuléié 1. исто, 132. ↩
- Санев В. Каталог на античките споменици во Лапидариумот на Народниот музеј во Штип, Зборник на штипскиот Народен музеј III, Штиш, 1964, 103—109, сл. 9 и 10. ↩
- Збирка на Р. Попов, сл. 4. ↩
- Гарашанин М. — Гарашанин Д., исто, 79. ↩
- Збирка на Р. Попов, сл. 5 u 6. ↩
- Исто, т. 11. ↩
- Белдедовски 3., исто, 153. ↩
- Исто, 64—65. ↩
- Збирка на P. Попов, сл. 7. ↩
- Гарашанин М. — Гарашанин Д. исто; Keramitéiev A. — Mikuléié A., исто дело, 66. ↩
- Белдедовски 9. исто, 143 155. ↩
Summary
The Results of the Archaeological Recognition on the Territory of the Community of Makedonska Vinica
SUMMARY)
In the period from 19th October to 3rd November, 1978, the Archaeological Museum of Macedonia in collaboration with the National Museum of Stip carried out recognition on the territory of the community of Makedonska Vinica. In the area of 16 inhabited places more than 100 localities were registered.
Among the numerous localities in the district of the village Blatec, we consider the locality of St. Nedela the most important. It is an early Roman grave of enormous dimensions. The diameter of the base is R=60 m and it is about 10m high (pic. 1). In the district of the village istibanja we registered several localities. North-east of the village high above the rihgt bank of the river Bregalnica a small late antique fortification called „Ka!e“ is located. Among the localities in the district of the village Jakimovo, we consider the locality of ,,Blate¢ki pat“, a small Roman settlement, of greater importance. In the village of Gradec on the locality of ,,Klise Bair“ there are two bigger early Roman graves. Two marble female statues in natural size were found on the locality ,Manastiriste — Studenjak“ (the district of village Kalimanci). On the locality ,,Carevac“ in Kalimanci field we registered a big Roman settlement of broken up type. In the district of village Grljani on the locality »Potivalo“* there is a small necopolis, and in the district of village Krushevo the locality of „Defovo Gradište“ deserves a special attention. A similar late antique settlement was also. registered in the district of the mountainous village Laki. It is the locality ,Bignsko GradiSte“’. Among the localities in the district of the village Lipec. The locality ,,Cukarki“ is of special interest, On a small space eleven graves are located for of which are in a form of a cone while the others have circular base bt are much lower than them. In the vicinity of the graves there is a bigger Roman settlement. In the district of vilage Leski the localities of ,St. Atanas“ (a church and a Roman settlement) and .,Oreovo (a big Roman settlement) are more significant. We registered prehistoric localities (halstatt period) in the district of village Viniéka KrSla. They are the localities: Rusaliski grobi§ta (graves), Gradiste I and II (settlements), Barbo&ki Dol and Krglanski Gumena. From the localities in the district of village Dragobra&ti, ,,.Dragobra%ko Gradigte* and St. Spas“ are worth mentioning, and in the district of village Pekljani the locality of „Бајка“ is more significant on which gold bearing mine galeries exploited in Roman time were discovered. It was exploitation of gold bearing material (gravel and sand) across horizontal galeries in alluvial river deposits The town of Vinica itself represents an archaeological locality. On several sites in the town we registered material remains from the Greco-Hellenistic to the Medieval period. In the south-east part of the town is the locality Kale. Several reliefs of baked clay were found on this locality (pics 2 and 3 and T. 1. ka drawings 1—6). We consider the locality ,,Gorica* (a Roman settlement) more important among the localities registered in the vicinity of the town. There we fond several pindaterra — seals and tools which were used for decorating ceramie wares (T. ITT).
(Translated by Radmila Radevska)