Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 143–151
Ранохристијанска засводена гробница кај с. Орман, Скопско, и преглед на другите македонски наоди
Еден километар југозападно од скопското село Орман, околу 100 метри над патот, се наоѓа црквата Св. Четириесет маченици (сл. 1, сл. 2). Таа е изградена на благо наведната тераса, вовлечена во мала долинка меѓу два рида на потегот „Голема Карпа“.. Недалеку од црквата постои силен извор чиста подземна вода, денес каптиран. Изворот најверојатно бил каптиран во доцноантичко време и спроведен преку тубуси во малата населба околу 350 м. југоисточно од црквата, во рамницата. Трагите на оваа населба се забележуваат во месноста Коњушница (сл. 1 бр. 2).1 Всушност, се работи за темели на мала еднокарабна ранохристијанска базилика. На теренот се распознава еднокорабниот наос со правилна полукружна апсида, проскомидија и ѓаконикон, нартекс и два странични анекса со апсиди. Во наосот и триесетина метри источно од базиликата лежат расфрлени камени архитектонски елементи што овозможуваат реконструкција на некогашниот изглед на базиликата.
На поширок простор околу базиликата забележуваме културен хоризонт со фрагменти на доцноантичка грнчарија и тегули. Очигледно се работи за мала отворена населба покрај ранохристијанската црква. Меѓутоа, на ова место Ќе се задржиме само на локалитетот Св. Четириесет маченици.
Педесетина метри источно од каптираниот извор, во црквениот двор, непосредно пред Втората светска војна била откопана една засводена гробница, која до денес се уште не е претставена во научната јавност (сл. 3—6). Ориентирана е во правец 3--И, и се наоѓа во западнио тдел на јама со правоаголна форма, очигледно правилен археолошки квадрант со димензии 10x5 ма. Гробницата се состои од правоаголен коморен простор (сл. 4), со внатрешни димензии: должина 1,88 м, ширина 0,93 м и висина 0,86 mM. Бидовите се зидани со кршен камен поврзан со бел варовен малтер. Нивната висина изнесува 0,60 м. Одозгора врз нив е конструиран покрив во вид на плиток полуобличест свод (сл. 6), зидан со доцноантички градежни тули. Тие се радиално наредени и имаат димензии 330х 250х x40 (46) мм (сл. 3). Сводот е долг од внатрешната страна 1,40 M, и длабок 0,30 м. Сводните тули на источниот дел формираат рамна завршна линија (сл. 3, сл. 5). Другиот простор до источниот крај, во должина од околу 0,50 м и најверојатно исто толкава ширина, која
не е наполно зачувана, бил вертикален влез во гробната комора, T. е. отвор низ кој дополнително по потреба, можеле да се извршат погребувања (Сл. 3).
Однатре зидовите биле измазнети со еден слој бел варовен малтер, зачуван само врз страничните ѕидови, додека од сводот се изронил. Изгледа дека гробницата уште во антиката била ограбена, судејќи по големиот камен со кој е затворена големата дупка во западниот зид. На дното, од набиена жолта глинеста земја, и денес лежат човечки остеолошки останки. Според издвоените три пара бутни коски -- фемури, може да се констатира дека внатре биле погребани најмалку три лица.
Во сондата пред гробницата лежат фрагменти од доцноримска садова керамика. Тие потекнуваат или од гробницата или од слојот што ја следи.
Засводените гробници на подрачјето на ср3 Македонија се интсересНа појава, недоволно објаснета во стручната литература. Овие доцноантички сепулкрални градби заслужуваат да ги сумираме и од нив извлечеме некои општи карактеристики. Вакви гробници се само регистрирани на десетина места. Ќе се обидам да дадам нивни преглед.
картата 1).
2. Во Стоби има повеќе засводени гробници. Околу4 познатата Гробјанска базилика има неколку. По квалитетот на градбата и сложеноста на конструкцијата, се издвојува гробницата јужно од нартексот- Со крстестиот свод и три аркосолии, засега таа претставува најгисок дострел во градењето засводени гробници.5 Околу базиликата се откриени уште неколку засводени гробници. Сите овие се датирани рамковно кон крајот на 4 и текот на 5 век.
Во самиот град Стоби примери на засводени гробници имаме само дра, и тоа ко Епископската базилика. Во јужниот зид на базиликата, однадвор, пред влезот во Баптистериумот се наоѓа најдолгата засводена, двострана гробница кај нас (5,76 м). Нејзината конструкција е специфична. Оформена е во секундарниот јужен зид на базиликата и датирана рамковно во 5 век.7
Втората гробница € откриена во источниот крај на јужниот кораб на базиликата. Нејзината конструкција најмногу потсеќава на орманската гробница. Има вертикален влез — шахта, преку која — низ тесен лачен сегмент — се влегува во гробната комора. И ова е специфична конструкција што не се повторува. Одразува еден сложен типолошки развој ие датирана рамковно во 5 век (бр. 3 на картата).8
Во непосредна околина на Стоби, во с. Шаликура пред Втората светска војна е откопана уште една засводена гробница. Таа има монументални размери и развиен архитектонски склоп, со скалило и други внатрешни елементи што се ставаат временски во една пораз-Виена фаза. Настанале најрано во 5 век (бр. 4 на картата) .?
4. Над с. Ракле, Прилепско, на патот кон с. Никодин е регистрирана засводена гробница со вообичаена упропастена конструкција (бр. 10 на картата).11
5. Во Хераклеја кај Битола се регистрирани две засводени гробници. Едната се наоѓа пред западното чело на акрополата меѓу предзидот и главниот зид. Има ориентација 3/M. Поблиски конструктивни податоци не се познати, а за нејзиното поблиско датирање немаме основа.12 Втората гробница е откриена на ритчето северно од Хераклеја, кај Буковските гробишта, во дворот на фабриката за бомбони „Прогрес“. Според еден наод од неа, доцна крстеста, луковичеста фибула, гробницата би потекнувала од крајот на 4 или во 5 век (бр. 5 На картата).
6. Во Охрид и околината се откриени повеќе вакви гробници. Во атриумот на поликонхалната базилика на Имарет се откопани три примери.14 Црквата е датирана во доцниот 5 век, а со тоа и гробниците.
Неколку слични засводени гробници се регистрирани на потегот „Кошишта“ — источната падина на охридската акропола, и на потегот Mecoxacrpo.15 Поблизок нивни приказ, како ни датирањето, не се познати (бр. 6 на картата). ,
7. Кај струшкото село Ливади, пред Втората светска војна, диво с раскопана гробница со сложена основа. Има два влеза преку скалила и двостран простор за погребување.16 Овој специфичен објект има делумни аналогии само со спомнатите стобски гробници. Гробницата потекнува најверојатно од 5 век (бр. 13 на картата).17
. 8. На локалитетот „Подградиште“ кај с. Слатино, Македонски Брод, регистрирана е засводена гробница. Има бочен влез во западниот зид, а зидовите однатре се покриени со хидростатен малтер, Според наодите во неа, гробницата е датирана при крајот на 4 и првата половина на 5 век (бр. 12 на картата)
Близу до претходната, на локалитетот „Пешна“, c. Девич, пред влезот во пештерата се наоѓа уште една гробница. Има едноставна основа, свод од тули и страничен влез низ западниот зид. Датирањето е нејасно и несигурно. Според аналогијата од соседното Слатино, што капред го спомнав, можеби и оваа гробница е од 5 век.18
9. На северозападната периферија од c. Пирава близу до Валандово, на локалитетот „Крстот“, селаните диво раскопале една доцноантичка гробница. Градена е од камен "со тули во сводот. Има влез во западниот зид.19 Според едноставноста на оваа конструктивна форма, гробницата би можела да се датира уште во почетоците на појавата на овој сепулкрален вид кај нас, во доцниот 4 век (бр. 9 на
картата).
10. Три засводни гробници се откриени во наосот и нартексот на црквата Св. 15 Тивериополски маченици во Струмица. Средновековната црква била изградена врз постара трикорабна ранохристијанска базилика, со која и треба да се поврзаат гробниците. Истражувачите Д. Коцо и П. Миљковиќ-Пепек една од овие гробници ја датираат во периодот 6--8 век, за што засега немаме аналогии во Македонија (бр. 7 на картата).
11. На подрачјето на Источна Македонија е регистрирана засводена гробница со специфична конструкција. Таа е откриена на локалитетот „Говедарски Пат“, кај с. Црвулево близу Штип. Тука, наместо лачно изведување, сводот е оформен со скалесто испаѓање на тулени редови. Истражувачот на оваа гробница, според подвижните наоди, ја датира во полниот 4 век (бр. 11 на картата).
12. Во Источна Македонија е регистрирана уште една засводена гробница, на локалитетот „Оризарски Мост“ кај с. Оризари, Кочанско. Имено, во 1917, кога е прошируван патот кај овој мост, откопана е гробница во засекот на патот. За одбележување е податокот дека внатре, одлево и оддесно, биле направени правоаголни подиуми, т.е. лежишта за покојниците. Меѓу другото, биле пронајдени една златна и две сребрени монети. Гробницата, според монетите, би можела да се датира во 4—5 век.
Ако ги оставиме специфичните конструкции, сите други имаат едноставни неразвиени основи. Голем дел од нив се датирани преку подвижните археолошки наоди во 5 век. Меѓутоа, другите би можеле Всушност, потеклото на засводените сепулкрални споменици, според Дигве и други, доаѓа од Исток. Засводените гробници почнуваат експанзија директно од Сирија и Месопотамија во доцниот 3 и раниот 4 век. Веќе во 4 и 5 век тие се тука на Балканот: во Софија (црквата Св. Софија), Ниш (Јагодин Мала); Балевац на Ибар, Сингидунум, Виминациум, Доклеја, Салона итн. И, како што погоре се уверивме, во текот на 4 и 5 век, овие форми на погребување се широко распространети и кај нас, на подрачјето на ср Македонија.
"АБЕЛЕШКИ
1 Грбиќ М. и други, Археолошки наоѓалишта во ср Македонија, Гласник мкд кн. I—1, Скопје, 1954, 118. Б. Алексова, Зб. на ам, X—XI, Ск. 1983.
Базиликата ја истражувал уште Р. Груиќ во 1940 г. Натамошните истражувања по Втората светек војна ги раководеше Б. Алексова од страна на Градскиот савод за заштита на спомениците на културата (Скопје). Базиликата е долга 22,85 м. со најголема ширина 16,95 м.
Ископувања на Радослав Груиќ во 1940 година, необјавено.
6 Baj3man Џ., Стоби — водич кпроз антички град, Београд, 1973, 83.
Вулиќ Н., Антички споменици наше земље, Споменик ска књ. 96, Деоград, 1948, 42, под бр. 92.
13 За податокот му благодарам на д-р Иран Микулчиќ, редовен професор на филозофскиот факултет во Скопје.
15 Маленко B., Нови антички наоди во Охрид и Охридско, Жива антика. год. XXVIII ки. 1—2, Скопје, 1978, 341.
16 Вулиц Н., Споменик 71, Београд, 1931, 220—222, Gp. 588.
прилог, најсрдечно му заблагодарувам на проф. д-р Иван Микулчиќ.
20 Коцо Д. и Мильковиќ-Пепек, П. Резултатите од археолошките ископувања во 1973 г. во црквата Св. 15 Тивериополски маченици -- Струмица, Зборник на Археолошкиот музеј, кн. VIII—IX (1975-1978), Скопје, 1978, 93--104, Според изјавата на Јован Ананиев, археолог од Crpymua, изнесена на VIII смипозиум на адм, на 26. XI 1981 во Битола, околу оваа струмичка црква се откриени 16 гробници, необјавено.
21 Белдедовски 3., Една доцноантичка гробница од Штипско, Macedoniae Actae Archaeologicae 5, 113.
“2 Санев B., Извештај од археолошкит ерекогносцирања во Источна Македогија, Зборник на штипскиот Народен музеј, кн. II (1960--1961.), Штип, 1961, 76.
23 Според Мирковиќ Л., Старохришћнска гробница у Нишу, Старинар сан, НС кн. V—VI (1954—1955.), Београд, 1956, 55.
Миятевъ К., Декоративната живопись на софийския некрополь, София, 1925, 135. Опис на 9 засводени гробници датирани рамковно 4--5 век.
Петровић Д., Рановизантиска гробница у Бањевцу на Ибру, Старинар сан, НС 15—16 (1964-1965), Београд, 1966. 257--255. Датирана според монета на Аркадиј (395—408).
VICTOR LILCIC Skopje
се датираат и нешто порано — во доцниот 4 век. (SUMMARY)
Белешки
- Во Скопско освен орманската гробница, забележена е уште една, во Источната некропола на Скупи.4 Има слична архитектонска конструкција со прстходната. Ѕидана е од камен и тули, одозгора засбодена, а однатре измазнета со фин хидростатен малтер (бр. 2 на ↩
- Кај c. Елово, на локалитетот „Скривница“, Т. Велес, долу крај патот е регистрирана околу 2 м долга зидана гробница со полуобличест свод од тули (бр. 8 На картата)."“10 ↩
- Микулчиќ И. Доцкоримски гробови од Скупи, Год. зборник на Филоз. фак. КН, 26, Скопје, 1974, 113. Според соопштението на арх. Милан Ивановски, на VIII симпозиум на адм во Битола, 25. XI 1981 г., во Источната некропола на Скупи се забележани при заштитните ископувања траги од засводени гробници на овој симпозиум Димче Черњаковск-Црнчевски изјави дека уште една засводена гробница е откриена пред неколку години во нас. Влае, близу7 до стариот железнички мост. ↩
- Петров К. Ревидираната основа и архитектонските особености на гробишката базилика во Стоби, Годиш. зборник на Филоз. фак. ки. 1 (27), Скопје, 1975, ↩
- Wiseman J. and Mano-Zissi Dj., Excavations at Stobi, 1972, American Journal of Archeology (AJA), Vol. 77 Ne 4, 1973, 399—400. ↩
- Wiseman J. and Mano-Zissi, Dj., Excavations at Stobi, 1977, Journal of Field Archaeology 3 (1977). ↩
- Алексова B., Археолошки наоѓалишта по долниот тек на реката Тополка, Гласник мкд кн. I, Скопје, 1954, 61. ↩
- Бабиќ Б. Период на доцното Римско царство и на раната Византија, мон. Прилеп и прилепско низ историјата, кн. I—2, гл. 4, Прилеп, 1974, 71. ↩
- Стричевињ "Њ. Ископавања у Хераклеји у 1936 г. Хераклеја I, Битола 1961. 35—43; Микулчиќ И. За големината на доцноантичките градови во Македонија. Историја, кн. X—2, Скопје, 1974, бр. 22 на планот Хераклеја Линкестис ↩
- Битракова-Грозданова B., Старохристијански споменици во охридско, Охpu, 1975, 36, сп. заб. 103. ↩
- Маленко В., Нови антички наоди во Охрид и Охридско, Жива антика, год. XXVIII кн. 1—2, Скопје, 1978, 341. ↩
- Вулић Н., Споменик 71, Београд, 1931, 220—222, бр. 588. ↩
- Rabić B., Un Tombeau paleobyzantin des environs de Makedoski Brod avec annex de boucle d'oreille avec corbeillon. Rapports du IIIe Congres International d'Archeologie Slave. Tome 2, Bratislava (1975) 1980, 31—34. ↩
- За податоците му благодарам на д-р И. Микулчиќ. ↩
- За овој податок, како и за укажаните совети при подготовката на овој прилог, најсрдечно му заблагодарувам на проф. д-р Иван Микулчиќ. ↩
- kilometer s/w of the village of Orman, near Skopje, there is the locality the ,,St. 40 martyrs“ church. Some fifty meters south of the church, before World War II, an early Christian rectangular chamber space with internal dimensions of 1,88 m. length, 0,93 m. width and 0,86 m. height. Above this, a vault has been constructed, made of late antigue building bricks (330 x 250 x 40/46 mm). Inside man’s osseous remnants lay down up to the present. Three para-tihgh bones — femorals, prove that three persons at least had been buried inside. At the teritory of SR of Macedonia such vaulted tombs are registered by a dozen of places: in the Eastern necropolis of Skupi; in the Grobianska as well as in the Eniscopal basilica — Stoby; in Palikura y; at the loc. of3 ,,Skrivпа“ near Elovo v.; near the Rakle v., vicinity of T. Veles; in Heraklea, near Bitola; in Ohrid; near Livadi v. — Struga; at the loc. of ,,Podgradishte“, near Slatino v. — M. Brod; at the loc. of „Peshna“, Devich v.; at the loc. of „Krstot“, near Pirava y. — Valandovo; in Strumitsa at the church of ,,St. 15 Tiberypolis mertyrs; at the loc. of Govedarsky pat‘, near Tsrvulevo v. ↩
- means of mobile archeological findings, a considerable number of them have been identified as dating back in the 5th ec. AD, however the rest of them might date back somewhat earlier, from within the 4th century AD. ↩