Macedoniae acta archaeologica 7-8 (1987) · стр. 7–29
Радин Дол - неолитска населба кај Прилеп
Локалитетот со ова име се наоѓа во близината на Пештерица, северно од Прилеп на околу 7 км, и спаѓа во типот отворени населби со тенок културен слој. Населбата била поставена на блага коса „градина“, над утоката ua Присадска во Оревоечка Река, од спротивната страна на неолитската Пештерица, над каптажата од римскиот и денешниот извор со вода за пиење. Заземала површина OF преку 1 ха со концентрација на куќите во источниот дел на „градината“, со што имала доминантна положба над источната и јужната сколина (сл. 1). Денешната површина е обработлива земја во сопственост на Киро Спиркоски од Прилеп, по потекло од некогашното
село Присад, во чијашто близина е и самиот локалитет. Населбата е откриена сосем случајно во 1976 година, кога се извршија и пробните археолошки испитувања, истовремено со новите такви ископу-Rama на Пештерица.1 Истражувањата се спроведени во рамките на проектот „Зачетокот и развојот на првите земјоделски заедници во неолитскиот период и нивниот премин во метално време на подрачјето на Пелагонија“, кого заеднички го реализираа музеите од Прилеп и Битола.2 Површинските наоди упатуваа на неолитско потекло на населбата.
Според местоположбата — „градина“ — Радин Дол потсеќава на познатите градински населби во западнобалканските илирски 0бласти од периодот на доцното бронзено време.3 Настануваењето на ваквиот тип населби се поврзува со несигурноста настаната по појагата на металното оружје, големите движења на народите, како и со преминот од земјоделско кон номадско сточарско стопанисугање. Изгледа дека од овие заклучоци на нашава населба може да се примени евентуално само вториот и да се поврзе со некакво движење уште во периодот на средниот неолит, додека првиот не може да се земе предвид бидејќи на Радин Дол нема метал, а ниту пак третиот, со оглед дека живстинските коски се скоро незастапени. На територијата на Македонија, според положбата на населбата, Радин Дол засега е единствен што потекнува од неолитскиот период, во што е, покрај другото, и неговата посебна вредност.
При овие пробни археолошки ископувања на Радин Дол беа поставени дее сонди, со вкупна површина од 36 м.
Сонда I, Оваа сонда беше поставена приближно во средината на нивата, на местото каде што на површината имаше најмногу фрагменти од куќен лепеж и керамички садови. Насоката и беше исток-запад, а димензиите 8.0 x 2.0 м. Скоро на самата денешна површина на земјата односно на длабочината од 0.30 м, се појави слој компактен куќен лепеж во средината на сондата, а во нејзиниот источен дел и група камења. По симнувањето на слојот куќен лепеж во средината на сондата се откри оштетено калотно зидано огниште, со кружна основа и отвор на горниот крај, додека пак во источниот крај на сондата групата камења продолжува и натаму. По симнува: њето на огништето во оваа сонда, се утврди дека под него црната земја добива кружен облик и се оформува како јама, обележана со бројот 4. Оваа јама, со својот поголем дел, навлегуваше во серерниот профил на сондата. Во нејзината содржина, покрај ретките керамички фрагменти, имаше и понекоја животинска коска, како и неколку сосем мали парчиња куќен лепеж. Дното на оваа јама беше на 1.60 м, под денешното ниво на површината на земјата, односко, — таа беше вкопана во здравицата за 0.50 м, а пречникот и беше 1.25 м.
ВО источниот дел на сондата, по чистењето и подигнувањето на групата камења, се утврди дека под нив има јама со пречник од 1.37 mM, чиешто дно е на 2.10 м под површината на земјата. Во неа имаше само темна земја, без други движни наоди. Во источниот дел на сондата помал број фрагменти од керамички садови се откриени меѓу камењата, Сонда Ил. Поради малата длабочина и тенкослејноста на културниот слој, односно плиткоста на слојот со куќен лепеж и не-ТОВОТО следење сс отвори и оваа сонда. Поставена беше на 20 м источно од сондата Т., со димензии 8.0 хХ 2.0 м., и иста насока исток--запад). Контролниот профил, со широчина од 2.0 M, меѓу сондите после беше симнат, односно истражен до здравицата. Во оваа истражувана површина во средината на сондата, а на длабочина од 0.26 м, се појавија помали групи камења, кои одговараа на нивото на ТаКВМТе групирани камења M калотното огниште во претходната сонда. Откако беа исчистени и подигнати овие камења, се утврди дека тие лежат скоро на самата здравица, а еден од нив близу4 до источниот профил од сондата, беше дел од рачна мелница за жито, завртен наопаку.
Недвижните наоди и во двете сонди на Радин Дол потврдија дека културниот слој е тенок, односно дека таа населба е еднослојна, со еден хоризонт на живеење. За вистинската намена на двете споменати јами, делумно вкопани и во здравата земја, не добивме доволно податоци. Сигурно е дека јамата 1 била ископача пред из3- градбата на куќата, односно калотното огниште во неа, како и тоа дека групата камења во источниот дел на сондата 1 била поставена по копањето на јамата 2 и откако престанала нејзината употреба. Исто така е сигурно дека споменатите две јами не се користени за живеење, бидејќи се со мали размери и не се погодни за такра намена. Јамата 1 е внатре во куќата, а од неа5 е најверојатно користена земјата за нејзината изградба, а потоа над неа е изградено калотното огниште, додека пак за јамата 2 може да се претпостави дека исто така и од неа земјата с користена за изградба на оваа или некоја друга куќа во близината, а потоа била исполнета со земја, а горе, на нивото со куќите, поплочена, односно „калдрмисана“ со помали и поголеми камења. Вакви јами не се реткост за неолитските населби не само кај нас во Пелагонија, туку и надвор од неа6.
Инаку, како што веќе рековме, станбените објекти на Радин Дол биле надземни куќи, градени во вообичаена неолитска техника од плетер премачкан со кал во која се додавало и плева. За внатрешниот распоред, како и воопшто за нивната големина и изглед, не добивме доволно податоци, бидејќи со ископувањата ес зафатен само еден мал дел од таква куќа, која се загревала со калотно огниште. Покрај ова огниште имаше повеќе фрагменти од питос со барботинирана надворешна површина. На приодите до куќите, како и во супструкцијата на нивните патоси, имало наредено помали И поголеми камења. Куќата односно населбата, настрадала по пожар, за што ни зборуваат остатоците црвено печен куќен лепеж, појава што е исто така честа на неолитските наоѓалишта во нашата котлина, како и надвор од неа.
Според местоположбата, Радин Дол отстапува од сите досега познати неолитски населби во Пелагонија и Македонија. Од сосем блиската Пештерица, освен по местото, се разликува и по објектите за живеење, како и по другите движни наоди. Велушко-породинската група своите населби ги подигнува на тумби, а од нив единствено се разликува населбата Влаку кај с. Живојно, поставена врз природ-На повисока коса тераса.7 Надземните куќи во сите четири фази од оваа група во Пелагонија биле градени од плетер премачкан со кал, освен во првата, кога зидовите биле од трска и дрво, а во другите од колци,8 додека пак во втората фаза на Велушка Тумба зидот имал дури двоен ред од колци. На патосите од куќите на Тумба и Велушка Тумба во с. Породин имало подебели премачкувања од земја, а во ТУ chasa -- и дрвена супструкција.9 Според тоа, по начинот на градба на зидовите од станбените објекти, Радин Дол може да биде најрано во III, а по супстукцијата во патосот со ТУ фаза од Велушко-породинската група. Инаку, огништата во оваа група се кружни, а ги има во самите куќи, како и надвор од нив.10
Во групата Анзабегово -- Вршник, во Источна Македонија, ку-Ките се исто така надземни, градени од дрвени колци со помали или поголеми пречници, поставени на блиски меѓусебни растојанија, освен во најстарата -- I фаза, кога куќата во Анзабегово имала 5идови од плитари, а печките во сите четири фази од оваа група се главно калотни.11 Споредена вака, населбата Радин Дол би можела да биде најрано во II фаза од групата Анзабегово — Вршник.
Куќите во Старчевачката група, освен во најстарата фаза, од-НССНО, почнувајќи од Старчево II па до крајот на групата, се надземни, зидани од густо наредени дрвени колци во специјално ископан ров (Гладница кај Приштина), или поставен врз темели од камења (Лепенски Вир III-b), додека патосите им биле од набиена земја, а огништата со облик на потковица.12 Во оваа група ретки се населбите подигнати на тешко пристапни, доминантни и природно заштитени места, како што е Бубањ кај Ниш -- поставен над стариот лив на Нишава во Морава, или пак Вучедол, а во планинските предели на Ѓердац постојат и населби во пештери.13 Вака различно поставените населби, иако не се бројно еднакви, во рамките на една и иста култура, зборуваат дека местоположбата на населбата, покрај другото, зависела и од конфигурацијата на теренот, односно од самата географска положба. За оваа група е карактеристичен релативно тенкиот културен слој, односно еднослојноста на населбите, каков што е и случајот со Радин Дол кај нас.14
Во средниот неолит на централна Босна, во населбата Обре I, куќите се надземни, градени од дрвени облици, цели или разцепени и налепени со глина, поставени врз темели од камен, додека патосите во нив биле од набиена глина, или пак од тенки камени плочи, како и комбинација од овие два материјала.15 Сличен начин на градградба на куќите среѓаваме и во доцниот неолит на Босна, и тоа на населбата Обре II, каде што во дводелните куќи има калотни печки, а на некои места меѓу куќите и „калдрма“““.16
При крајот на неолитот повторно се забележуваат еднослојни населби, подигнати на природно заштитени височинки што ЈОММНМраат над околината, со кои Радин Дол не може да се споредува поради другите постари наоди. Инаку, и во помладата винчанска група надземните куќи градени од плетер премачкан со кал го продолжуваат својот живот, а патосот може да им биде од набиена земја со супструкција од грагор, каков што е во Посна Стиена, или пак од дрвени греди, како што е во самата Винча.17
Подвижните наоди од Радин Дол, за разлика од недвижните, се далеку побројни и можат да дадат многу повеќе податоци за попрецизно културно и хронолошко определување на населбата (Т.1).
Бројот на орудијата од камен и коска е сосем мал, каков што е впрочем и случајот скоро со сите неолитски населби во Пелагонија. Кремените ножиња имаат ретуш од обете страни со триаглест или трапезоиден пресек, а по боја се темносиви, црвенкави или медови (Т. II, 1). Од мазнет камен се правени глета со сечило острено од обете страни (Т. II, 2) и секири плоскат облик, чиешто сечило било острено од едната или пак од двете страни (T. II, 3, 4, 5). Нивните димензии биле релативно мали, а бојата зеленикава. Од камен биле правени и рачните мелници за жито, како и куглите за нив. Во производите од камен спаѓаат уште и кружните плочки со неправилен облик, недупчени во средината (Т. II, 6) за разлика од таквите плочки исечени од зидовите на разни керамички садови, кои можат да бидат и кружно продупчени во средината (Т. Ил, 7). Намената на ваквите плочки е се уште нејасна. Постои мислење дека тие можеле да служат како алатки за мазнење или за крпење на садови, како и тоа дека се тие детски играчки, односно се употребувале како амулети““,18 И покрај тоа, сепак се чини дека ваквите дискоидни плочки можеле да служат и како тегови, за што зборуваат и отворите во средината.19 Во Пелагонија овие плочки се среќаваат на многу наоѓалишта. Во Пештерица тие се правени од зидовите на керамичките садови, а можат да бидат и продупчени во средината.20 На Чука кај Тополчани, во Т-а фаза, тие се од камен без отвор, додека во наредната I-b фаза, тие се со отвор во средината, какви што продолжуваат и во фазата Чука II, а пак во Чука III, покрај камените продупчени плочки, се среќаваат и исти такви примероци исечени од керамички садови.21 На Велушка Тумба тие се од стомаците на керамички садови, понекогаш продупчени во средината, а димензиите им се различни.22 Во Могила на Тумбата I (Сретсело), овие плочки се застапени во II фаза, направени од камен без отвор или пак од земја без и со отвор во средината.23 На населбата Влаку кај Живојно, во орудијата од камен има и вакви плочки кружно продупчени, но со многу неправилен облик и поголеми димензии““,24 а пак на Голема Тумба кај с. Трн тие се од керамика, со правилен кружен отвор во средината или без него"“.25 Според тоа, судејќи по камените непродупчени плочки Радин Дол би можел да оди до крајот на Чука II и Могила II, кои најмногу одговараат на IV фаза од Велушко-породинската група,26 додека, пак, спрема керамичките такви плочки со сите погоре споменати населби. Инаку, овие плочки со отвор или без него, со неправилни или поправилни облици, егзистираат многу долго и се среќаваат дури во доцниот Рим и средниот век. Надвор од нашава котлина дискоидни плочки се познати и во неолитската Анзабегово--Вршник група во Источна Македонија, и тоа во населбите Барутница (од камен, со отвор во средината),
Вршник?““29 (од керамика со отвор) и Руг Баир"?30 (од керамика), како и во Скопската котлина на населбата Зелениково31 (од керамика, со отвор во средината).32
Старчевачката група во Србија исто така познава керамички неправилни кружни плочки што можат да бидат во средината и продупчени, а во самото Старчево, пак, тие се правилни и со отвор во средината““. Во подоцната Сопотска културна група во Хрватска, ваквите плочки направени од ѕидовите на поубави садови со отвори во средината, се употребувале како полесни тегови за ткаење.33 Данилската група од јадранското крајбрежје, во средниот неолит, познава разни продупчени34 камени плочки или земјени „колути“, понекогаш во средината или наоколу покрај работ продупчени““. Со оваа група Бо Пелагонија се поврзува II хоризонт на населбата Мала Тумба кај с. Трн, во чиишто наоди, покрај другото, постојат и повеќе дискоидни плочки направени од зидови на разни садови,35 за разлика од таквите плочки во поранешниот велушко-породински хоризонт, кога се тие од зидовите на погруби керамички садови??.
Од територијата на соседна Грција вакви плочки потекнуваат од повеќе наоѓалишта. За нас се поинтересни оние од раниот неолит во Сервија, направени од керамика и пробушени во средината; потоа, сние од раното бронзено време во Вардарофца, направени ОЈ земја со отвор и без него, или пак оној примерок од истово време во Критсана, направен од ѕидот на сад заедно со петличеста држалка““.36 Во средната бронза на Вардарофца овие плочки се керамички, продупчени или не, на една таква има врежано поголем крст.37 Ваквите плочки овде продолжуваат во доцното бронзено време, каков што е случајот на истата населба со продупчени земјени примероци, или со иста таква земјена продупчена плочка од Бубушти.38 И посебно е интересен податокот дека, според Хертли B. A., ваквите земјени во средината продупчени плочки во Вардарофца продолжуваат и во текот на раното железно време.39
Во производите од печена земја на Радин Дол спаѓаат обичните плескати прешлени за вретено, со вертикален кружен отвор во средината и црвеникава површина (Т. III, 1); јајцевидните кугли за праќа со издолжени краеви и темна боја (Т. III, 2), како и тегови со облик на макара, со проширени и зарамнети краеви и црвеникава боја (Т. III, 3).
Јајцевидните кугли, што се употребувале при лов како ѓулиња за прачки, забележани се уште во преткерамичкиот неолит на Грција, направени од печена земја, а своето постоење го продолжуваат и многу подоцна.40 Во Протосескло — фазата од раниот неолит на Тесалија, праќата го претставувала основното оружје за фрлање, а заедно со неа и куглите го продолжуваат својот живот и подоцна.41 Во Пелагонија — населба Пештерица, ваквите кугли се само од камен; од камен42 и од печена земја се во II фаза на Могила I, а само од земја во III фаза на оваа населба;43 тие се керамички и на Чука, посебно во фазата 1“, какви што се во двете фази45 на Мала Тумба кај с. Трн, а се особено бројни во II фаза. На Голема Тумба во с. Добромири исто така се од печена земја.46 Застапени се и во групата Анзабегово-Вршник““.47 Теговите од печена земја со облик на макара се посебно 3aстапени во Велушко-породинската група. Ги има на Тумба во Породин, каде што се по должината продупчени или непродупчени, а се употрбувале за рибарските мрежи48 На Велушка Тумба страните на ваквите тегови се заоблени или рамно засечени со по една длабнатинка на нив,49 застапени особено во I и ил хоризонт, односно фазите III и IV, а се употребувале како потпирачи на садовите при спремањето храна во нив. На Мала Тумба50 кај с. Трн вакви тегови се појавуваат во постариот I хоризонт, кој е истовремен со III и IV фаза на Велушка Тумба на соседната Пештерица ваквиот тег, најверојатно припаѓа во помладата населба.51 И овие тегови живеат долго, така што се среќаваат дури и во доцното бронзено време во Бубушти.52 Според овој вид наоди, Радин Дол најмногу одговара на Велушина--Породин IV.
Коскените орудија, како и воопшто животинските коски на нашава населба се сосем ретки. Откриена е само една подолга спатула од цепена коска, целата потемнета од гарежот во кој стоела (T. III, 4).
Во подвижните наоди е најзастапена — како и обично на ваквите населби, — керамиката. Таа се јавува и овде, како и на многу други неолитски наоѓалишта, со груба и поубава фактура. Кај првиот вид во земјата има поситни зрна песок, а зидовите на таквите садови се подебели, во споредба со другите. Од облиците ги има скоро сите како и кај поубавата керамика. По боја, ваквите садови се монохромни со црвени, кафеавести или сивкави површини.
Орнаментиката со која се украсуваат погрубите садови била изведувана со барботин и импресо-техника. Барботинот се јавува како обични налепци (Т. III, 5), организиран — изведен со превлекување на прстите (T. III, 6), или пак на горниот крај аркадно завршен (T. ШТ 7). Се забележува, дека кај ваквите садови долниот дел е барботиниран, а горниот е замазнет.
Импресо-орнаментите се изведувани со втиснување на ноктите без некаков посебен ред, или пак наредени (Т. III, 8). Застапена е и пластична плетеница. Со длабнатинки се украсуваат и зарамнетите ободи на некои полузатворени садови со огрубена површина (Т. IV. 1). Треба да се напомене дека примероците украсени со претходните, како и другите орнаментални техники на Радин Дол, се сосема ретки.
На Тумба во Породин, најомилена техника во украсувањето на грубата керамика била класичниот и организираниот (заедно со аркадниот) барботин, со кој се орнаментира долниот, а горниот дел од садот останува мазен.53 Во Велушка Тумба организираниот барботин го има од почетокот, а аркадниот се појавува во II фаза““,54 додека во последната, IV фаза е особено застапен.55 Сличен аркаден барботин во нашата котлина има уште на Могила I, и тоа во фазата 115“. како и на Чука кај Тополчани?"57 На другите досега познати неолитски населби постои организиран, но не аркаден барботин. Таков е случајот со Голема Тумба кај Добромири, Трн Тумба
кај Оптичари, Мала Тумба кај Трн и Пештерица кај Прилеп.58 И таму се забележува барботинирање само на долните делови од са-НОВИТе, додека горните им се често помалку или повеќе мазнети.
Во групата Анзабегово-Вршник организираниот и аркаден барботин е типичен дури во последната, IV фаза.59 За Барутница во Анзабегово е карактеристично што при вертикалното превлекување котезите се изведувани одоздола нагоре, а во горниот крај се завршувале лачно (аркадно)“.60 Во Руг Баир организираниот, заедно со аркадниот барботин, го има од II, а преовладува во III фаза, која одговара на Анзабегово-Вршник ТУ61. Во Зелениково кај Скопје, во постариот хоризонт е застапен организираниот барботин нанесен во долниот дел на садот, а аркадниот го има и во Зелениково ІІ®,62 Понатаму на север во Старчевачката група превлекувањето со прсти, или со некакво орудие на површината од садот пред неговото печење, се вршело уште во најстарата, I фаза,63 а најчесто е во последната, III фаза. Во самото Старчево украсувањето на садот со прсвлскување се вршело со вертикални потези одозгора надолу, а поретко и хоризонталнов.64 Споредена вака, населбата Радин Дол би одела со ТУ фаза од Велушко-породинската и Анзабегово-вршничката група, како и со III фаза од Старчевачката културна група.
Конусни чинии со зарамнет обод, украсен со кружни длабнатинки во Пелагонија се познати во неолитот на Пештерица, Чука I-6 и во I фаза на Могила I, додека пак исти такви длабнатинки на работ од садови со цилиндричен врат има во Пештерица, Тумба Породин и споменатата фаза од Могила 1“. Ваквиот начин за украсување на работ на слични садови кај нас го среќаваме и во доцниот неолит, како и раниот снеолит, каков што с случајот во фазата П-а на Карамани. Во старчевачката култура често рабовите на поголемите садови се украсувани со длабнатинки, а тој начин на орнаментирање го познава и стариот неолит на Далмација““.
И пластичното ребро украсено со кружни длабнатинки од прсти (плетеница), како орнамент, е познато во неолитот на нашава котлина, а го има во Пештерица, двете населби во Породин и на Могила I,65 во двете последни фази (II и ІТІ). Ваква пластична плетеница е застапена и во други култури, како што се Анзабегово-Вршник (фазите I—III), или Старчевачката неолитска група.71
Поубавата керамика на Радин Дол е работена од почиста земја, а садовите се со потенки зидови, со мазнети или сјајно мазнети површини. По боја, оваа керамика може да биде црвеникава, кафеавеста, темносива или пак сјајноцрна и, многу поретко, двобојна — внатре темна, а надвор црвеникава. Според бројот на фрагментите, најзастапена е кафеавестата, потоа сивата и црната, а Најпосле доаѓа црвеникавата керамика, односно по бојата преовладуваат темните садови (земени заедно, сивите и црните).
Во облиците на убавата керамика најзастапена е чинијата ко- іа може да биде со конусна и биконусна профилација.
Конусната чинија се јавува во неколку варијанти. Кај првата варијанта работ е заострен, површините се замазнети или сјајно мазнети, а бојата е темносива, црна или црвена (Т. IV, 2). Кај чиниите од втората варијанта работ им е заоблен, а површините за-
мазнети или пак сјајно мазнети, а по боја се темносиви, црвеникави со или без таков премаз, какои црни, сјајно мазнети (T. IV, 3). Посебна варијанта претставува конусната чинија со малку позавратен и заоблен раб со мазнети отвореносиви површини (T. IV, 4) Последната, четврта варијанта од конусните чинии ја претставуваат примероците со заоблени профили на страните, со сиви, црвени со или без премачкување, како и црни мазнети површини, додека рабовите им се главно заоблени, поретко заострени и многу малку зарамнети (T. IV, 5).
Биконусната чинија се јавува само во една варијанта со заоблен раб, кружно и рамно дно. Површините се мазнети, а бојата сива, црна или црвена и сосем ретко кафеавеста (T. V, 1).
Затворените чинии се јавуваат во две варијанти. Кај едната работ е вовлечен, површината замазнета, а бојата темносива, додека кај втората заоблениот обод е едвај назначен, со што всушност како и чинијата да има назначен сосем мал врат (Т. У, 3). Бојата кај ваквите примероци може да биде темна или сивкава.
Топкалестите чинии со поширок отвор и цилиндричен врат се застапени во три варијанти. Примерокот од првата варијанта има црна мазнета површина, со заоблен и малку позавратен раб, така што се формира кус цилиндричен врат (Т. У, 2). Само кај еден примерок на ваква чинија е забележано кафеавесто премачкување, Чинијата од втората варијанта е во целост повисока од претходната, односно телото и е вертикално поизвлечено, вратот повисок, а работ заоблен. Површините им се мазнети, а бојата темносива. Примерокот од последната варијанта на ваквите чинии преминува донекаде во биконусен облик со заоблено рамо, а вратот е повисок во споредба со претходните две варијанти (T. У, 4). Работ е заоблен и позавртен, а површината црна сјајно мазнета.
Од топкалестите садови со покус или повисок цилиндричен врат на Радин Дол постојат четири варијанти. Во првата вратот на садот е кус, а работ заоблен. (Т. У, 5). Површините им се мазнети, а по боја се отворено и затворено сиви, како и отворено кафеавести.
Вратот кај втората варијанта има скоро иста височина, како и кај претходната, но работ е заоблен и малку позавратен (T. VI, 1). Површината на садовите им е мазнета, а бојата црна или црвеникава со премачкување.
Третата варијанта на ваквиот сад има висок цилиндричен врат со заоблен или зарамнет раб (Т. УТ, 2). Површините се мазнети, а бојата сива, црна или црвена, а кај еден примерок и отворено жолтеникава. Во последната, четвртата варијанта на садови со висок врат спаѓаат примероците на кои профилот на вратот им е скоро полукружен, а работ заоблен или зарамнет. Површините на овие садови се мазнети, а по боја можат да бидат сиви, темносиви, црни или црвени. Од облиците на керамичките садови да го споменеме уште и пехарот на шуплива нога, со убаво мазнета површина и темно сива или црна боја (Т. VI, 3).
Држалките на керамичките садови од Радин Дол биле помали или поголемки брадавици; тунелесто продупчени (Т. VI, 4); петличести во средината вдлабени (Т. УП, 1), како и лентести (T. VI, 5).
Од дната на садовите се забележани кружни и рамни, како и пониски масивни цилиндрично профилирани.
Орнаментиката со која се украсувалс поубавите садови е сиромашна и многу ретка.
Со врежување на цикцак линија е орнаментиран само еден примерок со темносива боја, откриен на површината на локалитетот. И ако исто така, сосем ретко, некои садови биле украсувани со сликање пред печењето. Тоа се изведувало со темноцрвена боја на црвена основа, и тоа со две паралелни хоризонтални ленти од внатрешната страна на садот, или коса таква лента изведена на надворешната страна на садот, како и знакот „У“, исто така на надворешната страна од садот со сива мазнета површина. (Т. VII, 2).
Сликањето на керамиката со црвена боја се појавува многу рано. Во Протосескло — фазата на раниот неолит во Тесалија, тоа се изведува врз бела основа.72 На Otzaki Марија, во средниот сесклослој, постои сликање со црвена боја врз црвена основа.73 Во истата област праволиниските орнаменти изведени со црна боја74 врз црвена основа се појавуваат по периодот Сескло, додека во наредната, Арапи-фаза, мазнетата црвена керамика се украсува и со хоризонтални паралелни ленти од разредена сиво-црна боја.
Кај нас во Пелагонија, во населбата Тумба во Породин, во
сликаната керамика има и орнаменти од црна боја врз црвена основа, а на Велушка Тумба, во истото село, сликањето на керамиката се врши со бела и разредена кафеава боја врз монохромна, претеж-НО црвена основа.75
Во населбата Чука, кај Тополчани, ситуацијата со темно сликаната керамика е следнава: -- во најстарата, І-А фаза постојат вертикални паралелни ленти изведени со темна боја врз црвена основа, поставени под ободот на сад со цилиндричен врат, а црвените ленти насликани врз црвена основа се ретки. Во наредната, П-А фаза се откриени темно насликани орнаменти од внатрешната страна на садот76 со црвена основа, додека во фазата ІІ-В сликањето се врши со темна или црна боја, а таквиот орнамент во ленти, може да се наоѓа и на внатрешната страна од садот,
Паралелни ленти, насликани со црвена, односно темна боја, поставени хоризонтално или вертикално, на едната или двете страни од садот, познава и групата Анзабегово--Вршник, и тоа во I фаза според II. и J. Корошец, односно II фаза според М. Гарашанин, бидејќи во 1 фаза сликањето е само со бела боја, а продолжува и во Анзабегово--Вршник III, додека во последната, IV фаза во сликањето со темна боја во мотивот преовладува спиралата во комбинација и со други сликани OpHaMeHTu™.77 : На Руг Баир, кај Горобинци, сликањето со бела боја врз црвена основа сс јавува во 1, најстар слој78 и поретко во 11, а пак темнокафеавите мотиви врз црвена основа се типични за П и Ш слоји спорадични за I, додека пак темнокафеавите орнаменти врз бела основа ги има само во II и III слој.
И во Зелениково, кај Скопје, сликањето се врши со темна (црна) боја, а постои и мотив на коси, хоризонтални или вертикални паралелни ленти, насликани врз црвена основа.79 Во јужноморавско-косовската варијанта на Старчевачката група посебно карактеристично е сликањето со боја на вински талог, M0- некогаш на отворено окер, или пак врз црвена основа, додека воопшто во целата група темните орнаменти, кои можат да бидат и од разредена црна боја, се појавуваат заедно со белото сликање, почнувајќи од фазата П-а““,
Во неолитската група Кремиковци, во западна Бугарија (посебно во Софиското поле), во слојот сликана81 керамика постојат два хоризонта: — постар, само со бели орнаменти врз црвена основа, и помлад -- со керамика црвено или сиво насликана. Ова би 360- рувало за некакво предимство на белото над црвеното, односно темното сликање. Таква ситуација донекаде се забележува и во групата Анзабегово--Вршник, каде што во I фаза постои само бело сликање, а дури во фазата II се појавуваат и темни орнаменти.82 Слично еи во Старчево: — во I фаза нема сликана керамика, во Ш-а преовладуваат белите над темните орнаменти, а веќе во фазата II-b, постои само темно сликање,83
Од култните предмети во Радин Дол се откриени делови OF два типа земјени жртвеници. Едниот од нив е, всушност, минијатурен жртвеник, на прстенеста оштетена нога (а можеби и на три нозе), со многу плиток кружен, наоколу назабен реципиент, замазнети
површини и црна боја. Вториот тип е жртвеник на четири скалесто профилирани нозе, плиток четвртест реципиент, замазнети површичи и темно кафеавеста боја (Т. VII, 3), откриен на површината.
Слични минијатурни жртвеници како нашиов примерок се познати во Велушко-породинската група, во населбите Тумба и Велушка Тумба во Породин, поставени на три нозе, а реципиентот не им е назабен““.84 Таков примерок е откриен и во хоризонтот I на Мала Тумба во с. Трн, со плиток кружен реципиент, а припаѓа кон подоцните фази од Велушко-породинската група. Најголема сличност со нашиот примерок покажува минијатурниот жртвеник на три нозе од II фаза на Могила I, чиишто кружен реципиент е назабен
И вториот примерок жртвеник на четири скалесто профилирани нозе е типичен за Велушко-породинската група во Пелагонија. Во населбата Тумба во Породин постојат повеќе варијанти на жртвеници -- модели на куќи на четири скалесто профилирани нозе, мсѓу кои има и слична „масичка“ како оваа од Радин Дол“"“.87 На Велушка Тумба ваквите примероци припаѓаат во III група жртвеници, а најмногу ги има во I и II хоризонт, односно Ш и IV фаза.88 Жртвениците со скалести нозе на Могила I ги има главно во II фаза.89 Многу сличен примерок со нашиот е жртвеникот- масичка на четири нозе и сосем плиток четвртест реципиент од фазата ІІ-В на Чука кај Тополчани.90 Ilo обликот и профилацијата на нозете, сличност донекаде покажува и дел од еден жртвеник со сосем рамен четвртест реципиент, откриен кај Светозарево, датиран приближно во фазата Ил-b на Старчевачката група.91
Како што е веќе покажано во досегашното излагање спрема движните и недвижните наоди, населбата Радин Дол ги има главно карактеристиките на Велушко-породинската група. За таквото детерминирање, покрај жртвеникот со скалесто профилирани нозе и тегот со облик на макара, ни зборуваат и облиците на керамичките садови. Конусните чинии се познати во сите досега испитувани неолитски наоѓалишта во Пелагонија, освен варијантата со мало задебелување на работ од внатрешната страна, која засега во Македонија ја среќаваме во Зелениково и Барутница Ш, додека таквите чинии се посебно познати во групата Винча--Тородош II, во Србија"“.92 Затворените чинии со вовлечен раб ги наоѓаме во фазата П на Могила Ти Чука II и ID.
Топкалестите чинии со покус цилиндричен врат и позавратен раб на ободот, исто така се застапени по населбите од Велушко-породинската група, каков што е и случајот со биконусната чинија или пак со садовите со покус или повисок цилиндричнен врат!“.
Пехарите на повисока шуплива нога со сјајно мазнети црни површини, а посебно слабото задебелување на ободите од внатрешната страна на некои конусни чинии, зборувраат за еден доцен период од досега познатите фази на Велушко-породинската група: Во таа смисла придонесуваат барботинот и црвеното сликање на садовите од внатрешната и надворешната страна.
Како што ¢ веќе речено, организираниот барботин во Старчевачката група станува типичен во последната, III фаза, а аркадниот барботин пак во групата Анзабегово--Вршник е посебно познат во последната IV фаза. Насликани ленти со црвена боја по внатрешната и надворешната страна од садот врз црвена основа се познати го П фаза на Чука кај Тополчани, како и во фазите II и Ш на групата Анзабегово--Вршник, додека во Старчевачката група се појакува во П-а фазата?“
Според досегашните синхронизации, фазата ТУ од Велушко-породинската група завршува пред Анзабегово--Вршник II или е паралелна со ІІІ фаза од оваа група, а пак фазата IV од Анзабегово--- Вршник е истовремена со Триска Тумба, односно Старчево ІІІ. Гледано вака, Радин Дол би требало да биде некаде по Велушина-- Породин ТУ, односно во времето на Анзабегово--Вршник НІ или IV, Трнската Тумба, или пак Старчево III. Ваквите заклучоци се првите согледувања на резултатите од овие помали археолошки зафати.
Белешки
- Todorovi¢ J., Simoska D., Kitanoski B., The settlement of PeSterica and ihe problem of the early neolithic in Pelagoina, Archaeologia Iugoslavica XVIII, Beograd, 1977, 1. ↩
- Проектот се изведуваше во периодот 1973--1979 година а го раководел пок. д-р Јован Тодоровиќ од Белград, Драгица Симоска од Битола и Благоја Китаноски од Прилеп. ↩
- Govedarica B., Praistorijske gradine и Bosnii Hercegovini, Materijali XIV, Beograd, 1978, 117. ↩
- Ibid., 129. ↩
- Grbić M., Mačkić P., Nađ Š., Simoska D., Stalio B., Porodin kasno neolitsko naselje na tumbi kod Bitolja, Bitolj, 1960, 29: Корошец П., Корошец Ј., Предисториска населба Барутница, Прилеп, 1973, 16; Галовиќ Р., Зеленикоро — Неолитско насеље код Скопља, Зборник Народног музеја V, Београд, 1967, 134; Санев В., Неолитска населба Руг Баир кај с. Горобинци, Зборник на Народниот музеј IV—V, Штип, 1975, 211; Arandelović-Garašanin D., Starčevačka kultura, Ljubljana, 1954, 18 и др. ↩
- Китаноски Б. Ранонеолитска населба Пештерица кај Прилеп, Materijali XVI, Beograd, 1978, 155. ↩
- Симоска Д., Санев В., Праисторија во centralна Пелагонија, Битола, 1976, 37. ↩
- Симоска Д. Санев B., Неолитска населба Велушка Тумба кај Битола, Macedoniae Acta Archaeologica 1, Prilep, 1975, 43. ↩
- Ibid., 44. ↩
- Garašanin M., Veluško — porodinska grupa, Praistorija jugoslavenskih zemalja II, Sarajevo, 1979, 107. ↩
- Garašanin M., Grupa Anzabegovo — Vršnik, Praist. jug. zemalja II, Sarajevo, 1979, 86. ↩
- Garašanin M., Starčevačka grupa, Praist. jug. zemalja II, Sarajevo, 1979, 121. ↩
- Гарашанин М., Праисторија на тлу Србије, Београд, 1973, 23, 24. ↩
- Глишић J., Економика и социјално економски односи у неолиту подунавско-поморавског бассена, Неолит централног Балкана, Београд, 1968, 26. ↩
- Benac A., Srednje neolitsko doba (Kakanjska kulturna grupa), Praistorija jugoslavenskih zemalja II, Sarajevo, 1979, 392. ↩
- Benac A., Mlađe neolitsko doba (Butmirska neolitska grupa), Praistorija jugoslavenskih zemalja II, Sarajevo, 1979, 419. ↩
- Garašanin M., Vinčanska grupa, Praist. jug. zemalja II, Sarajevo, 1979, 154, 156, 157. ↩
- Arandelović--Garašanin D., Starčev. kultura, 51; Гарашанин М., Праист. Србије, 30; Симоска Д., Санев В., Maced. Acta Archaeol. 1, 47. ↩
- Китаноски Б. Симоска Д. Тодоровиќ J., Нови археолошки истражувања ца населбата Чука во Тополчани кај Прилеп, Macedoniae Acta Archaeologica 4, Prilep, 1978, 28. ↩
- Todorovié J., Simoska D., Kitanoski B., Arch. Iugoslavica XVIII, 5. ↩
- Китаноски Б., Чука, Тополчани, Прилеп — неолитско населје, Arheološki pregled 19, Beograd, 1977, 10, sl. 5; Китаноски Б., Симоска Д., Тодоровиќ Ј., Maced. Acta Archaeol., 4, 13, 19, 23, 28, сл. 27. ↩
- Симоска Д., Санев В., Maced. Acta Archaeol. 1, 47, T. II/8. ↩
- Симоска Д., Китаноски Б., Тодоровиќ Ј., Неолитска населба во село Могила кај Битола, Macedoniae Acta Archaeologica 5, Prilep, 1979, 13, 21, сл. 39, 40, 41. ↩
- Симоска Д., Санев В., Праист. во Центр. Пелагонија, 38, сл. 107. ↩
- Ibid., 43, сл. 150. ↩
- Симоска Д., Китаноски Б., Тодоровиќ Ј., Maced. Acta Archaeol. 5, 25. ↩
- Симоска Д., Санев B., Масеԁ. Acta Archaeol. 1, забелешка 40. Исти плочки од земјени садови се откриени и во старословенската населба во Варош — Прилеп, кај црквата Св. Атанас во 1959 година. ↩
- GaraSanin M., Praist. jug. zemalja II, 88; Корошец П. Корошец J., Барутница, 18. ! ↩
- Санев В. Симоска Д. Китаноски B., Саржоски C., Праисторија во Македонија, Скопје, 1976, 38. ↩
- Санев В., Руг Баир, 214 T. XI/1—3. ↩
- Галовиќ Р., Зелениково, 145, T. XIII/5. ↩
- Garašanin M., Praist. jug. zemalja II, 124; Arandelović-Garašanin D., Starč. kultura, 31. ↩
- Dimitrijevié S., Sopotska kultura, Praistorija jugoslavenskih zemalja II, Sarajevo, 1979, 289. ↩
- Batović S., Srednje neolitičko doba ili Danilska kulturna skupina, Praist. jug. zemalja II, Sarajevo, 1979, 525, 537. ↩
- Симоска Д., Санев В., Неолитска населба на Мала Тумба кај с. Три, Битола, Macedoniae Acta Archaeologica 3, Prilep, 1977, 225, 227. ↩
- Heurtley W. A., Prehistoric Macedonia, Cambridge, 1939, Fig. 7 k-1 (Servia); Fig. 67 gg, hh, ii (Vardaroftsa), ii (Kritsana). ↩
- Ibid., Fig. 83 s, u, v. ↩
- Ibid., Fig. 104 m, u (Vardaroftsa), o (Boubosti). ↩
- Ibid., Fig. 112 i, j. ↩
- Neolithic Greece, 1973, Pl. XXII, Fig. 3/2 (од земја); Титов В. С., Неолит Грации, Москва, 1969, 102, Рис. 103 (Аргиса). ↩
- Ibid., 111, 198 (Неа Никомедиа); Neol. Greece, Fig. 274 (Sesklo). ↩
- Китаноски Б. Materijali XIV, 162, sl. 44. ↩
- Симоска Д. Китаноски Б. Тодоровиќ Ј., Мас. Acta Archaeol. 5, 13, 21, сл. 42, 43, ↩
- Китаноски b., Неолитска населба Чука кај село Тополчани, Масеԁоniae Acta Archaeologica 3, Prilep, 1977, 34, сл. 28: Китаноски Б. Симоска Д. Тодоровиќ J. Maced. Acta Archaeol. 4, 13, T. 1/8. ↩
- Симоска Д. Санев B., Maced. Acta Archaeol. 3, 225, 227. ↩
- Симоска Д. Санев B., Праист. Центр. Пелагонија, 41, сл. 135, ↩
- Garašanin M., Praist. jug. zemalja II, 88. ↩
- Grbić M., Mačkić P., Nađ S. Simoska D., Stalio B., op. c., 33, T. XI/I, 2, 3. ↩
- Симоска Д., Санев В., Maced. Acta Archaeol. 1, 47, T. II/6. ↩
- Симоска Д. Санев B., Maced. Acta Archaeol. 3, 223, 225. ↩
- Китаноски Б. Materijali XIV, 164, сл. 36; Todorovié J., Simoska D., Kitanoski B., Arch, Jugosl. XVIII, 3, Fig. 10. ↩
- Heurtley W. A., Preh. Macedonia, Fig. 104/v, w. ↩
- Grbić M., Mačkić P., Nađ S., Simoska D., Stalio B., op. c., 40, T. XV/6. ↩
- Симоска Д., Санев В., Мас. Acta Archaeol. 1, 51, 71, 72, T. II/3, 4. ↩
- Garašanin M., Praist. jug. zemalja II, 110, T. XV/4. ↩
- Симоска Д., Китаноски Б., Тодоровиќ Ј., Мас. Acta Archaeol. 5, 13, сл. 10, 11. ↩
- Китаноски B., Maced. Acta Archaeol. 3, 36, сл. 32. ↩
- Симоска Д., Голема Тумба, Добромири кај Битола — неолитска населба, Arheološki pregled 20, Beograd, 1978, 15, 16; Симоска Д., Санев В., Праист. центр. Пелагонија, 40, сл. 129 (Оптичари), 44, сл. 166 (Трн); Китаноски Б., Materijali XIV, 162. ↩
- Гарашанин М., Санев В., Симоска Д., Китаноски Б., Предисториски култури во Македонија, Штип, 1971, 13. ↩
- Корошец ЦП. Корошец Ј. Барутница, 24. ↩
- Санев В., Руг Баир, 223, 224, 225. ↩
- Галовиќ Р., Зелениково, 135; Гарашанин М., Спасовска Г., Нови ископувања во Зелениково кај Скопје, Macedoniae Acta Archeologica 2, Prilep, 1976, 112, T. VI/4. ↩
- GaraSanin M., Praist. jug. zemalja II, 126, 134. ↩
- Garašanin D., Starč. kultura, 65. ↩
- Китаноски B., Materijali XIV, 159, 160, сл. 4, 10, 18 (Пештерица); Китаноски Б. Симоска Д. Тодоровиќ Ј. Мас. Acta Archaeol. 4, 13, T. 1/14, 16 (Чука); Симоска Д., Китаноски B., Тодоровиќ J., Мас. Acta Archaeol. 5, 13, 18, 37 (Могила I1.); Grbié i dr., Porodin, T. XX/2. ↩
- Симоска Д., Китаноски Б., Тодоровиќ Ј., Праисториска населба Тумба во село Караманѝ кај Битола, Macedoniae Acta Archaeologica 3, Prilep, 1977, 16, sl. 18. ↩
- Aranđelović-Garašanin D., Starčev. kultura, 67, T. VI/25; Garašanin M., Praist. jug. zemalja II, T. XXIIII/3; Batović Š., Stariji neolit u Dalmaciji, Zadar, 1966, T. XXX/1, 2. ↩
- Китаноски Б., Materijali XIV, 162, сл. 59. ↩
- M. Grbič i dr., Porodin, 40, T. XV/5, T. XV/3, 4; СимоскаД., Санев В., Мас. Acta Archaeol. 1, 51, T. V/1, 2. ↩
- Симоска Д., Китаноски Б., Тодоровиќ Ј., Maced. Acta Archaeol. 5, 13, 21, сл. 16, 56. ↩
- Корошец П. Корошец J., Барутница, 53, T. XXVI/7, GaraSanin M., Praist. jug. zemalja II, 90, 93, 94. ↩
- Титов В. С., ор. с., 106, Рис. 46. ↩
- Ibid., 119, Рис. 55. ↩
- Ibid., 122, 126, Рис. 55, 56. ↩
- Grbić i dr., Porodin, 41, T. XLI; Симоска Д., Санев В., Maced. Acta Archaeol. 1, 54. ↩
- Китаноски Б., Симоска Д., Тодоровиќ Ј., Maced. Acta Archaeol. 4, 11, 15, 19, T. II/12. ↩
- Корошец П., Корошец Ј., Барутница, 29, 43, T. XXII/16; Garašanin M., Praist. jug. zemalja II, 94, 95. ↩
- Санев В., Руг Баир, 218, 219, T. VII, T. VIII. ↩
- Галовиќ Р., Зелleniково, 139, T. III. ↩
- Garašanin M., Praist. jug. zemalja II, 128, 136. ↩
- Титов В. С., ор. с., 203. ↩
- Garašanin M., Praist. jug. zemalja II, 90—93. ↩
- Ibid., 134. ↩
- Grbi¢ i dr., Porodin, 47, T. XXI/2; Симоска Д., Санев B., Maced. Acta Archaeol. 1, T. XXII/2. ↩
- Симоска Д. Санев B., Maced. Acta Archaeol. 3, 225, 231. ↩
- Симоска Д., Китаноски Б., Тодоровиќ Ј., Maced. Acta Archaeol. 5, 17, сл. 50. ↩
- Grbić i dr., Porodin, 47, T. XXVII/4, T. XXXVIII/1. ↩
- Симоска Д., Санев В., Maced, Acta Archaeol. 1, 64. ↩
- Симоска Д., Китаноски Б., Тодоровиќ Ј., Maced Acta Archaeol. 5. 17. ↩
- Китаноски Б., Симоска Д., Тодоровиќ Ј., Maced. Acta Archaeol. 4, 13. сл. 18, 19; Китаноски Б., Maced. Acta Archaeol. 3, 34, сл. 24, 25. ↩
- Vetnić S., Počeci rada na ispitivanju kulture prvih zemljoradnika u srednjem Pomoravlju, Materijali X, Beograd, 1974, 144, T. IX/2. ↩
- Галовиќ Р., Зелениково, 142, T. XIV/4; Корошец П., Корошец Ј., Барутница, 58, T. XXVII/17; Garašanin M., Praist. jug. zemalja II, 174, ↩
- BLAGOJA KITANOSKI — Prilep DRAGICA SIMOSKA — Bitola ↩
- JOVAN TODOROVIĆ | — Belgrad ↩
Summary
Radin Dol - Neolithic Settlement near Prilep
The locality Radin Dol (Rada’s Dale) is seven kilometres north of Prilep in the vicinity of the former village of PeSterica. The settlement extended on a slightly slanting ,,garden“ on the opposite side of the neolithic PeSterica (pic. 1).
The trial excavations were carried out with two smaller sondages which helped us confirm the existence of13 a settlement with one habitation horizon of aboveground houses. In the house a smaller part of which has been excavated there was a sectorial hearth. On the access to the house as well as in the substruction of the floor there were arranged stones. Under the house there was a circular pit from which earth had probably7 been taken out and then a sectorial hearth was built over it.
Among the movable finds there tools of flintstone (T. II, 1, 2); stone (T. II, 3, 4), earth (T. II, 6, 7; T. III, 2, 3); and bone (T. III, 4).
The ceramics are of coarse and fine structure. The former wares have thicker walls and are monochromatic — with red, brown or grey surface, usually decorated with barbotin (T. III, 5, 6, 7) or impresso technique (T. III, 8). The fine ceramic wares have thinner walls, are red in colour or brown or dark grey or bright black and very rarely two-coloured — inside dark, and outside reddish. As far as number is considered, darkwares prevail. As for the form there are conical (T. IV, 2—5), biconical (T. V, 4) and closed disches (T. V, 1—3,5). There are also ball-like disches or wares with cylindrical necks (T. I). There are goblets wit a hollow4 stem (T. I). The handles of the wares are shown on pictures (T. VI, 4, 5).
The ornaments for decorating the wares in Radin Dol are rare. Only one fragment was adorned with a zig-zag line. Painted ornaments are also very rarely found. They are dark red on a red base, the inside of the ware is decorated with two parallel ribbons or the outside with a slanting ribbon or with the sign "Y“ оп a grey polished surface (T. VII, 2). There are two types of sacrificial altars which belong to the cult objects. One of them is a sacrificial altar in miniature on a damaged ring-like stem and a shallow circular toothed recipient. The other is in fact a little table on four scaffolding profilated legs and with a shallow square recipient (T. VII. 3).
According to all characteristics the settlement Radin Dol belongs to VeluSina—Porodin neolithic group, and as for the time it belongs to the period after its fourth phase i. e. somewhere in the period of Anzabegovo—Vr&nik III or IV, Trnska Tumba or Staréevo III. These conclusions are based on the first recognitions of the results obtaing during these small archaeological projects.
(Translated by Radmila Radevska)