Macedoniae acta archaeologica 6 (1980) · стр. 97–110
Кале, с. Стрежево - Битолско
Тврдината Кале кај с. Стрежево - Битолско, е еден од позначајните археолошки локалитети загрозени со изградбата на хидромелиоративниот систем „Стрежево“. Тој е сместен на едно мало плато на северниот брег на реката Шемница, на сса 500 м. сли од с. Стрежево (сл. 1).
Освен топонимот „Кале“, многубројните површински наоди на теренот и мермерните сполии вградени во куќите во с. Стрежево, располагавме и со усни искажувања на постари службеници во Народниот музеј во Битола и на мештани според кои пред околу две децении на овој локалитет екипа од Народниот музеј на Битола извршила сондажни истражувања, при што се наишло на остатоци од градба со мозаичен
Врз основа на претходните сознанија и детаљниот увид на теренот во склопот на Елаборатот за определување на заштитниот режим на локалитетите загрозени со изградбата на хмс „Стрежево“,3 во есента 1979 година беа извршени заштитни археолошки истражувања на локалитетот „Кале“ с. Стрежево. За остварување на оваа програмска задача беа отворени 14 сонди со различни димензии распоредени на повеќе пунктови. 7
Локалитетот ro поделивме на три сектори:
1. СЕКТОР ТВРДИНА
Тврдината е сместена на мало плато што доминира над десниот брег од р. Шемница и зафаќа површина од сса 2,5 ха. Со цел да се определат контурите на тврдината, беа отворени три сонди.
a) Во с/з агол на платото со димензии: 8,05 X 4,70 м и длабочина 1,55 м. Откриен е влез во тврдината со широчина 1,50 м и сли агол од внатрешната правоаголна кула. Од внатрешната и надворешната страна на бедемот има по еден контрафор.
Наоди:
- мермерно столпче со димензии: височина 0,97 м и пречник 0,26 м.
- железна секира со димензии: 19, 2 X 11,4 X 43 см, широчина на ушите 4.6 см, пречник на отворот за држалката 3,5 см. (T. 1 с)
7 Macedoniae acta archaeologica - железна секира со димензии: 21,1 X 4,5 X 4,3 см, пречник на отворот за држалката 3,8 см. (Т. 2 с)
6) На западната ивица на платото е отворена сонда со димензии: 3,45 X 3,35 м и длабочина 1,60 м. Откриен е дел од бедемот чијашто широчина изнесува 2,00 м.
в) Сонда поставена на источната ивица од платото со димензии 4,20 X 2,15 м и длабочина 3,20 м. Поради големата косина на теренот, од запад кон исток, и поради наталожениот ерозивен нанос, бедемот е доста оштетен и е констатиран на длабочина од 2,80 м од затекнатата површина на теренот.
Откако беа определени контурите на тврдината, се пристапи кон сондирање во нејзината внатрешност. Во три сонди се откриени остатоци од градби од камени облутци поврзани со кал. Овде се откриени и пет бронзени монети од времето на Јустинијан.
2. СЕКТОР НЕКРОПОЛА
На стрма падина сиз од тврдината се простира некрополата, од која се откриени 8 гробови со ориентација и/3, а гробните конструкции се изведени од камени плочи. Гробовите се оштетени при обработката на земјата, а материјалот од нив слеан од пороите. Нема никакви наоди
3. СЕКТОР НАСЕЛБА
Западно од тврдината, на површина од сса 2 ха, се простира помала доцноантичка населба. Со овие заштитни истражувања се откриени делови од шест градби, зачувани во супструкција, градени од камени облутци поврзани со кал. Во овие градби, освен фрагменти од доцноантичка керамика, се откриени и шест бронзени монети од времето на Јустинијан.
Во рамките на овие заштитни истражувања повторно е отворена сондата со која пред околу две децении екипа од Народниот музеј во Битола, како што наведовме, откри дел од градба со мозаичен под. Мозаичниот под е на длабочина од 1,5 м од затекнатата површина на теренот со геометриски мотиви изведени со тесери во три бои (бела, црвена, сина) со димензии | X | см. Градбата е со ориентација и/Зи се претпоставува дека тоа се остатоци од базилика.
На 4,20 м западно од оваа сонда, на длабочина од 0,70 м од затекнатата површина на теренот, откриено е богато депо на орудија и опрема од железо зачувани во доста добра состојба: 18 узенгии, 3 узди, 2 клуча, 2 сврдлиња, харпун, мистрија, крст, мотика, срп, длето, секач, чекан и заковка.
Основни податоци на оставата:
Табла |
а - харпун со пет шилци, од кои средниот има два трна, а другите, по еден од внатрешната страна. Димензии: 15,3 X 13,7 X 0,5 см;
в - мотика со триаголна форма и благо заоблени залисци од страните на отворот за всадување на дршката. Зачувани димензии: 16,5 X 10,5 X 0,8 см, широчина на залисците 3,9 см, пречник на отворот за дршката 3,2 см;
d - чивија со четириоаголен пресек и зашилен крај. Димензии: 17,0 X 1,3 X 1,3 см:
е - чекан со благо заоблени залисци од страните на отворот, всадување на дршката и делови за набивање од двете страни. Димензии: 11,0 X 5,2 X 3,7 ем, пречник на отворот за дршка 3,3 см.
Табла 2
а – крст од железен лим со проширени краци кои на аглите завршуваат со мали проширувања. Делот за всадување на дршката е со кружен пресек со пречник 2,0 см. Димензии: 38,6 X 21,6 X 0,1 см;
B - клуч со тордирана дршка и кружна алка на крајот и два заба на механизмот за затворање. Димензии: 23,5 X 12,4 X 9,2 см:
4 - клуч со два заба на механизмот за затворање. Димензии: 18,0 X 11,5 X 7,4 см.
Табла 3
а - мистрија со триаголна благо заоблена плоча и дршка со правоаголен пресек. Димензии: 27,6 X 5,2 X 0,2 см;
в - чивија со правоаголен пресек, на едниот крај зашилена а на другио свиткана. Димензии: 11,6 X 1,8 X 1,6 см, пречник 1,6 см;
с - срп со слабо нагласено ребро од надворешната страна. Димензии: 22,9 X 2,7 X 0,3 см;
4 - длето со долга дршка и листовиден дел за обработка на дрво. Дршката е со кружен пресек со пречник 0,6 см а листовидниот дел е со димензии: 40 X 1,2 X 0,4 см, должина на длетото 35,5 см;
е - длето со правоаголен пресек на дршката, на крајот е нешто потесна и листовиден дел за обработка на дрво. Димензии: 36,1 X 2,0 X 1,8 см, димензии на листивидниот дел 8,8 X 4,5 X 1,5 см. 14
а - узда составена од два дела што завршуваат со алки и по една напречна шипка со купести завршоци. Димензии: должина 24,0 см, должина на шипките 10,8 см, пречник на алките 2,2 см;
ани узда составена од два дела што завршуваат со алки и по една напречна шипка со зашилени завршоци. Димензии: должина 22,2 см, должина на шипките 13,3 см, пречник на алките 2,2 см;
с - половина од узда со назабена алка Ка крајот и оштетена напречна шипка која на зачуваниот крај има купест завршеток. Димензии: должина 12,5 см, должина на шипката 9,2 см пречник на алката 2,1
4 - заковка со заоблена форма. Димензии: 7,5 X 5,6 X 1,1 см.
Табла 5 а - узенгија со кружна форма кружен пресек. Плочката за потпирање на ногата е широка 6,2 см, со слабо нагласено ребро по средината и
со краишта свиткани надолу, на горниот дел има правоаголно уше (5,0
в - узенгија со кружна форма и нешто издолжена на горниот дел. Има правоаголен пресек заоблен од надворешната страна. Плочата за потпирање на ногата е широка 3,3 см, со ребро по средината и со краишта свиткани надолу. На горниот крај плочата завршува со слабо нагласени уши од страните. Димензии: 15,3 X 12,6 см;
с - узенгија со кружна форма и нешто издолежна на горниот дел. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,2 см, со слабо нагласено ребро од долната страна и со благо свиткани краишта надолу. На горниот крај има уше со правоаголна форма. Димензии: 14,8 X 12,3 см.
4 - узенгија со кружна форма и нешто издолжен горен крај. Има кружен пресек. Плочката за потпирање на ногата е широка 3.4 см, со ребро по средината од долната страна и со свиткани краишта надолу. На горниот крај има уше со правоаголна форма. Димензии: 15,3 X 12,8
е - узенгија со кружна форма и нешто издолжен горен крај. Има правоаголен пресек, заоблен од надворешната страна. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,4 см, со ребро по средината од долната страна и со свиткани краишта надолу. На горниот крај има уше со правоаголна форма. Димензии: 15,7 X 13,5 см;
f — узенгија со кружна форма и нешто издолжен горен крај. Има триаголен пресек. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,9 сми рамна од долната страна. На краиштата завршува со брадавици. На горниот крај има уше со правоаголна форма. Димензии: 16,3 X 13,5 см.
Табла 6
а - узенгија(2 примерока) со кружна форма и нешто издолжен горен крај. Има кружен пресек со слабо нагласен раб од надворешната страна. Плочката за потпирање на ногата е широка 2,9 см, со ребро по средината од долната страна и со свиткани краишта долу. На горниот крај има уше со правоаголна форма. Димензии: 17,2 x 12,9 см;
b – узенгија со крушковидна форма. Има триаголен пресек. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,7 см, со ребро по средината од долната страна и со свиткани краишта надолу. На горниот крај има уше со правоаголна форма. Димензии: 14,6 х 12,6 см;
с - узенгија (2 примерока) со крушковидна форма. Има кружен пресек со слабо нагласен раб од надворешната страна. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,3 см, со ребро по средината од долната страна и со краишта свиткани надолу, кои завршуваат со по три зарези во вид на рибја коска. На горниот крај има уше со правоаголна форма. Димензии: 15,7 х 12,6 см.
4 - узенгија со крушковидна форма. Има тристран пресек, од внатрешната страна заоблен. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,6 см, со ребро по средината од долната страна и со свиткани краишта надолу. На горниот крај има уше со правоаголна форма. Димензии: 16,7
е - узенгија со крушковидна форма. има кружен пресек с слабо нагласен раб од надворешната страна. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,0 см, со ребро по средината од долната страна и со краишта свиткани надолу. На горниот крај има уште со "правоаголна форма. Димензии: 15,7 х 147 см;
f - узенгија (2 примерока) со крушковидна форма. Има триаголен пресек. Плочката за потпирање на ногата е широка 2,5 см, со ребро по средината од долната страна и краишта свиткани надолу. Плочката завршува од краиштата со брадавици. На горниот крај има уше со правоаголна форма. Димензии: 16,1 х 13 см.
а - узенгија со крушковидна форма. Има триаголен пресек од внатрешната страна заоблен. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,1 см, со ребро по средината од долната страна и свиткани краишта надолу. На горниот крај има уше со правоаголна форма, со заоблени агли. Димензии: 16,5 x 13,7 см;
Б - узенгија со крушковидна форма. Има кружен пресек со раб по средината од надворешната страна. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,3 см, со ребро по средината од долната страна и свиткани краишта надолу. На горниот крај има уше го правоаголна форма.Димензии: 17,2 x 12,0 см;
с- узенгија со крушковидна форма. Има правоаголен пресек. Плочката за потпирање на ногата е широка 3,8 см, со ребро по средината од долната страна и свиткани краишта надолу. Плочката за потпирање на ногата завршува на краиштата со по три зарези во форма на рибја коска. На горниот крај има уше со форма на трапез. Димензии: 16,1 x 13,6 см.
Сумирајќи ги резултатите од ова заштитно археолошко истражување, најпрво ќе се обидеме временски да го определиме комплексот тврдина со населбата и некрополата. Иако истражувањата се незначителни по обем, сепак дозволуваат да се донесе определен заклучок. За одговор на ова прашање ќе се послужиме со известувањето на византискиот историограф Прокопиј. Имено, покрај изградбата на одбранбен систем за заштита на царството од варварските упади од север, Јустинијан и во внатрешноста на земјата изградил многубројни кастели со кои би им се помогнало на жителите во случај на варварски упади преку Дунав. Изнесувајќи го списокот на 40 новоподигнати и обновени4 кастели во Македонија, Прокопиј не ги издвојува новоизградените кастели од обновените.
Истражувањата упатуваат на Јустинијаново време, што се совпаѓа со известувањето на Прокопиј. Од истражените партии на бедемите констатиравме дека тие се градени во еден зафат, без преградби. Според тоа, тврдината Кале кај с. Стрежево е еден од новоизградените кастели, од списокот што ни го дава Прокопиј, со тоа што во оваа фаза на истраженост неговото име не ни е познато. Најверојатно тврдината е уништена од варварските упади од север во втората половина на VI век од н.е.
Ни останува временски да го определиме и богатото депо на железни орудија и опрема, што е секако од посебно значење за проучувањето на материјалната култура од VI и УП век од н.е. , односно за расветлување на клучните прашања непосредно поврзани со Словените, и тоа токму оние словенски племиња што учествувале во борбените походи преку Дунав и Сава на Балканскиот Полуостров. Тие при крајот на VI и во почетокот на VII век ја извршиле и т.н. селидба на Јужните Словени, во нивната сегашна постојбина. Тоа е наедно и време на процветот на првиот аварски каганат во југоисточна Европа до околу 630 година кога почнува неговата криза, се додека не го наследи околу 670 година вториот аварски каганат, поврзан првенствено за панонското Подунавје.5
Обработувајќи го депото на железни орудија и опрема од овој локалитет, во сучајов ќе се осврнеме само на богатата колекција узенгии за која наидовме на извесни аналогии во стручната литература што ни беше на располагање. Вкупниот број од 18 узенгии (четири пара и десет поединечни примероци) може да се сместат во три типа:
а) Узенгија со кружна форма и високо подигнато правоаголно уше
b) Узенгија со кружна форма и нешто издолжена на горниот дел (Т.
с) Узенгија со крушковидна форма (T. 6 b - f u T. 7 a, Б, с).
Аналогии со првиот тип узенгии имаме во гробниот наод од лок. „Селенча“ (Бачка). Тоа се четири узенгии од раноаварски тип со правоаголно уше. Овој наод од Селенча е типичен за nits ріеѕ хоризонт на аварската доминација во Подунавјето во УТ-УП век,6 “, а во унгарската литература се датираат во првата половина од УП век.7 Наоди на овој тип узенгии има и во некрополите на Мали Идош и Бело Брдо.8
Во гробовите на првиот аварски каганат, од коњска опрема се карактеристични и узенгии со издолжен горен дел и канелирана плочка за потпирање на ногата?.9 За жал, литературата со која располагавме не ни даде можност да најдеме аналогии за вториот и третиот тип од нашето депо.
Секако ова депо треба непосредно да се поврзе со археолошките остатоци од времето на првиот аварски каганат, односно со големата опсада на Цариград од 626 година. Односот на Аварите и на Словените во опсадата на Цариград патријархот Никифор го нарекува summachia, т.е. заедничка борба, што укажува на важноста на улогата на Словените во Кагановата војска"“.10
Белешки
- Со изградбата на хидромелиоративниот систем „Стрежево“, поголемиот дел од овој локалитет ќе биде потопен. ↩
- Во Народниот музеј – Битола не постои документација од овие сондажни истражувања. ↩
- Работите ги раководеше авторот на овој напис, во соработка со Јован Ананиев, археолог од Покраинскиот музеј во Струмица. ↩
- Византијски извори за историју народа Југославије, Српска академија наука, посебна издања, књ. CCX I, Византолошки институт, књ. 3, том I, Београд 1955, 51. ↩
- Zdenko Vinski, O nalazima 6 i 7 stoljeća u Jugoslaviji s posebnim obzirom na arheološku ostavštinu iz vremena prvog avarskog kaganata. OPVSCVLA ARCHAEOLOGICA III, Filozofski fakultet Sveučilišta u Zagrebu 1958, 17-18. ↩
- Сеоба народа, Археолошки налази југословенског Подунавља, Народни музеј – Земун, 1962, стр.57 сл. 6; 7. Вински, нав. дела стр. 23 Т. V, 18-30. ↩
- Vinski, нав. дела стр. 23. ↩
- Z. Vinski, нав. дела, стр. 24 и 26. ↩
- Јован Ковачевић, Аварски каганат, Београд 1977, 42. ↩
- Јован Ковачевић, нав. дело, стр. 63. ↩
Summary
"Kale" in тне village Strezevo in тне viciniтy of битола: - а report on the protective and archaeological research work -
- a report on the protective and archaeological research work -
TOME JANAKIEVSKI - Bitola
The locality ,,Kale“ in the village Strezevo is situated on around 20 kilometres north-wes of Bitola. With the construction of the Irrigation System (HMS) ,,Strezevo“ it will be totally des troyed. When the protective and archaeological research work was carried out in 1979 we disco vered remains of a fortress at the foot of which there was a small late antique settlement with : necropolis and a building with a mosaic floor, probably a basilica. This fortress dates from th time of Justinian i.e. one of the catsles built by Justinian for protection against the Ваграпа! invasions from the north according to the Byzantine historiographer4 Prokopie.
In the immediate vicinity of the building with a mosaic floor a rich depot with iron tool and equipment has been discovered dating from the time of the first Avars kaganat, about at th same time when the Great Siege of Constantinople happened in 626.
(Translated by Radmila Radevska