Macedoniae acta archaeologica 6 (1980) · стр. 83–95
Епископската базилика во Стоби во светлината на новите археолошки истражувања
Содржина
Урбаниот дел на стариот град Стоби се наоѓа расположен на три тераси што се спуштаат спрема Црна Река, опкружен со зидови, а на утоката на реките Erigon Во Axius, денес познати под името Црна и Вардар. Градот лежи 80 кт јужно од Скопје и околу 160 км северозападно од Солун. Градот имал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период. На просторот од Porta Heraclea преку2 падините на Гробјанската базилика, па се до базиликата во Паликура, се наоѓаат остатоци од некрополи од хеленистичкиот, римскиот, византискиот и словенскиот период.
Во литературните податоци Стоби се споменува во 197 година од ст. ера, но почетоците на античкиот град се многу3 постари. Наоди од фрагменти на коринтска ваза од архајскиот период и хеленистичките садови, откриени во 1974 година, ни укажуваат на многу постари почетоци на постоењето на овој град, и тоа во УП или УТ век од ст. ера. Во текот на истражувањата на Цивилната базилика во 1955 година, откриени се бронзени украси што може да се датираат во VI век од ст. ера.
Откриените хелинистички гробови во 1966 година и во текот на изведувањето на работите во организација на Југословенско-американскиот проект од 1970 година и подоцна од палатата на Перистериј, ни го покажуваат простирањето на предримската некропола, како и појасни рамки на постоењето на самата населба.
Општо земено, резултатите од истражувањата во последниве години придонесуваат да се издвојат и датираат животните хоризонти во развојот на овој град. Работите во овој временски период се сконцентрирани на извесни делови од градот, како и на одделни значајни архитектонски објекти, чии фази на градење придонесуваат да бидат осветлени извесни значајни карактеристики на подемот, цутењето и пропаѓањето на градот, со што е многу појасно одбележана хелинистичката, римската и византиската епоха, а делумно се назираат границите меѓу полисот и муниципиумот. 1. План на античкиот град Стоби (C. Salit, F. Hemans, E. Sculi).
ЕПИСКОПСКА БАЗИЛИКА
Со ископувањата на западната страна на театарот е констатирано дека Епископската базилика била подигната на една долга вештачка тераса, на просторот меѓу Via Sacra од спротивната страна на полукружниот плоштад. Базиликата, со својата архитектура, доминирала во западниот дел на градот во ранохристијанскиот период. Црквата во научната литература е позната како Базилика на Епископот Филип, врз основа на откриениот натпис на довратникот на главниот влез во црква-
Црквата е од хеленистички тип со трикорабна диспозиција, со полукружна апсида во која с сместена криптата или confessio. Црквата има нартекс, atrium, со галерии над корабите и над нартексот. Главниот кораб е разделен со колонади и со парапетни плочи од обете страни. Обработените камени греди од црвеникава бреча, кои припаѓаат кон канцелот, познати се од 1916-1918 година. Од северната страна на нартексот се наоѓаат два компартимента со скали за кат. Скалите по кои се симнува од нартексот на јужната страна водат во низа простории на два ката, можеби катихуменион, кој на горниот кат имал под од мозаик.
Баптистериумот на Епископската базилика е откриен во 1971 година, покрај јужниот зид на црквата. Баптистериумот има четирилистен
план со писцина во средината, која има две фази на градење, и последната фаза кога среде писцина е поставен голем мермерен кантарос. Подот во Баптистериумот е од луксузен мозаик со мотиви од флорален и животински свет и со симболи карактеристични за ранохристијанската епоха. Мозаичниот под нема постара фаза на градење, бидејќи е изведен во рамката на самата градежна конструкција.
Од горните партии на зидовите од Баптистериумот се откриени многубројни фрагменти од фреско-живопис во два слоја. Постариот слој има портрети и цели композиции со повеќе презентирани ликови на светители и архитектура, кои по стил се аналогни на порано откриените портрети од нартексот на црквата, работени со широка палета и со благи нијансирања со пастелен колорит. Досегашните сознанија укажуваат дека Баптистериумот може да се датира во 5 век со подоцнежни преправки кои потекнуваат од крајот на 5 или почетокот на VI век.
Најзначајни резултати од истражувањата во 1970 година е откривањето на постариот Презвитериум во Епископската базилика. Тогаш станаа јасни двете фази на Презвитериумот, за што порано имаат изнесено претпоставки B. Egger, B. Saria i E. Kitzinger.
Презвитериумот од последната фаза на градење е одделен од централниот кораб со канцел-преграда од црвеникава бреча. Од северната и јужната страна канцелот го сочинуваат блокови од мермерните седишта од театарот, така што од обете страни остануваат тесни коридори меѓу главната колонада и канцелот, односно олтарната преграда.
Постариот Презвитариум има канцел исто така изведен од мермерни блокови од седиштата на театарот, и тоа од сите три страни. Меѓутоа, од западната страна тој е сместен 1.20 м источно од подоцнежната канцел-преграда, што значи дека првобитно бил помал од западната страна. Во североисточниот и југоисточниот агол на Презвитериумот се наоѓаат синтроноси со по пет скалила, и имаат три фази на града-
Од подот на подоцнежниот Презвитериум е зачувана подлогата од хоросан и супструкција од камен и шут над кои бил аранжман со плочи од кои се зачувани само две од сив аргилошист.
Постариот под има одлично зачувана подлога од хоросан со прецизно изведена суп струкција, во хоросанот се зачувани отисоци од плочи со кои бил покриен во opus sectile. Мотивот и диспозицијата на овој под се сосем јасни. Тој бил изведен од 5 големи плочи, кои биле опкружени со помали мермерни плочи, со полиња во Opus Sectile, изведени од сиви шестоаголни плочи од аргилошист врамени со бели правоаголни мермерни плочи, отстрана околу синтроносите. Целиот арнажман претставува крајно раскошно решение на овој под.
Во јужниот коридор крај Презвитериумот с откриен отисок од парапетна плоча со мотиви на крлушка, која припаѓала на олтарна преграда на една постара сакрална градба. Овој наод ни укажа дека под Епископската базилика треба да се бара еден постар сакрален објект, кон 3. Градбата А-Старата базилика под Епископската базилика и структурите јужно од
истата. Реконструкција. кој припаѓала оваа парапетна плоча, чии фрагменти се откриени во супструкцијата на помладиот под во самиот Презвитериум.
Во самата апсида на црквата е поставен центарот на култот на светителот, источно од чесната трпеза, но на длабочина од 1.75 м од подоцна изградениот под или 1.68 м од поранешниот под на Презвитериумот. Со прашањето за поставување на криптата се имаат зафатено повеќе археолози, kako R. Egger, B. Saria, N. Orlandos, E. Kitzinger, но без некакви резултати. Се надеваме дека натамошните истражувања на овој простор ќе дадат одговор што се однесува до градењето на самата криптаи ќе го решат прашањето за влезовите во неа.
ЈУЖЕН КОРАБ
Во јужниот кораб на Епископската базилика се констатирани два слоја мозаични подови, од кои горниот, помладиот мозаик по мотивите и техничката изработка има сличен карактер со мозаиците од нартексот, кои се датираат при крајот на V век.
Под овој мозаик по ширина на целиот кораб е откриен мозаичен под со геометриски мотиви, кој по техниката, колорот и манирите на изведувањето одговара на мозаиците во триклиниумот на Куќата на псалмите во Стоби. На овој мозаик се најдени два натписа, од кои едниот е вотивна донација на Перистерија, име што е познато по палатите од VI век, при што се претполага дека е подоцна додадено.
ПЕРИСТЕРИАС ИЛИ ПЕРИСТЕРИА (последните букви се уништени) ГО ИЗРАБОТИЛА ПОРАДИ ЗАВЕТ (мисли на мозаикот) Слична дедикација на ѓаконистата, по налог на матроната, гласи:
ПОРАДИ ЗАВЕТ
НА МАТРОНАТА
НАЈНАБОЖНАТА МОНАХИЈА
ЈА ПОПЛОЧИ ЕКСЕДРАТА
СО МОЗАИК
Постариот мозаик во јужниот кораб на црквата одговара на постариот под во Презвитериумот, а изградувањето на подоцнежниот мозаик би одговарало на нивото во Презвитериумот и на поставањето нов под.
Во јужниот кораб се откриени остатоци од зидови на градбата А.и Б. Ќе се задржиме на ѕидот од градбата A, кој претставува јужен ѕид на старата базилика, која во текот на 1978 и 1979 година е откриена под централниот дел на наосот во Епископската базилика, за која ќе стане збор подоцна.
Зидот на градбата A е паралелен со базиликата и од својата внатрешна страна тој е живописан во два слоја, од кои постариот е изведен во фреско-техника, а помладиот во зесо-техника. Обата слоја живопис имаат орнамент од ромбоиди, одделени со колони од јонски капители. Живописот е изведен на црвеникав-хидрауличен малтер, хоросан. Во јужниот кораб, во текот на 1977 година, под стариот мозаичен под јужно од Презвитериумот а источно од квадратното поплочено поле со плочи од песочник, откриена е голема засводена гробница. При поставањето на ова гробница е уништен дел од постариот мозаичен пол.
Отворот во гробницата бил затворен со фрагемент од плоча од црвена бреча со грчки натпис во секундарна употреба, од која поголем дел е откриен во 1933 година и тогаш Б. Сарија забележал дека од плочата недостига третата колумниа. Самиот натпис е почесен, направен при поставањето на статуа на форумот или на некое друго место. На натписот се споменува една заначајна свештеничка фамилија во Стоби од крајот на II или ран III век. Гробницата била изградена за еден великодостојник, можеби епископ и може да се датира при крајот на У век.
ЦЕНТРАЛЕН КОРАБ
Подот во наосот во сегашната фаза на истражувања и со најновите податоци од 1977, 1978, 1979 година, бил поделен на квадратни полиња, поплочен во техника opus sectile со бели мермерни плочи, од црвена бреча, во комбинација со поголеми плочи од аргилошист - шкрилец во сива боја, со бордура од два реда тули покрај северниот зид на стилобатот.
Во северниот дел се констатирани посебно луксузни аранжмани изведени од ромбоидни плочи од сив шкрилец со интерполирани триаголници од ситен мозаик, на кои се наоѓаат растителни и животински претстави изведени со црни тесери на бело поле.
Целокупната концепција на овој под упатува дека подот во централниот дел на црквата, кој заправо претставува црква, и во третманот на подовите бил издвоен и истакнат. Поделбата на квадратни полиња е застапен како во централниот кораб, така и во јужниот кораб, па и во нартексот на црквата. Овој манир е вообичаен за ова време и него го среќаваме како кај објекти откриени по метрополите ширум целото Царство, така и по провинциите и на Балканскиот Полуостров. А овој начин на изведување големи мозаични површини има и практична страна, што им ја олеснува работата на мајсторите, бидејќи се изведуваат помали површини на кои е можно истовремено да работат и повеќе мајстори.
Во текот на истражувањата во централниот кораб во 1978, 1979 година, по неговата цела ширина на длабочина од 20-50 см, откриен е слој хоросан-хидрауличен малтер во дебелина од 2-15 см, за кој се претполагаше дека претставувал слој постар под во наосот, но повеќе може да се верува дека тоа е слој за стабилизација на подот, нафрлен врз големиот нанос шут.
ПРОСТОРИИ ЈУЖНО ОД ЕПИСКОПСКАТА БАЗИЛИКА
Во текот на истражувањата 1971-1972 година, јужно од базиликата беа откриени голем број фрагменти од поден мозаик. Врз основа на археолошката евиденција откриените остатоци од архитектура со апсидалниот простор служеле како основа на горниот кат со мозаичен пол. Целиов овој комплекс бил подигнат нешто по подигањето на базилика-Та, а разурнат заедно со Баптистериумот во почетокот на VI век.
При крајот на У век Епископската базилика била обновена и обогатена со мозаици во јужниот кораб, во нартексот, во централниот кораб и Презвитериумот. По концепцијата и решавањето Fa композициите, со геометриски мотиви и фигурални претстави, со извонреден колорит постигнат со употреба на цела скала разнобојни камења, и како најзначајно - со техничката изработка, не само што изгледа импресивно, туку претставува посебно квалитетни мозаични површини, на кои планирањето, цртежот и техничката изработка биле во рацете на една тајфа мајстори во чии раце бил инженерингот на целокупното планирање и изведување на павиментите во црквата.
сутно во Стоби, и тоа во архитектурата, во планирањето, во архитектонската декоративна пластика, во живописот, во планирањето и изведувањето на мозаичните подови во објектите од профан и сакрален карактер. НОВООТКРИЕНАТА СТАРА БАЗИЛИКА ПОД ТЕМЕЛИТЕ НА ЕПИСКОПСКАТА БАЗИЛИКА
Со истражувањата во 1977-1979 година, под Епископската базилика во Стоби беа откриени остатоци од една стара базилика, на длабочина од 4,50 м под подот на Базиликата на епископ Филип. Од овој стар објект беа откриени темелите на канцелот и дел од Презвитериумот. Во текот на 1979 година беше откриен дел од наосот на Старата базилика, кој се наоѓа во централниот кораб на западната страна во Епископската азилика.
Новооткриениот објект претставува трикорабна базилика. Олтарната преграда од северната и јужната страна се движела по линија на главната колонада. Презвитериумот на Старата базилика е откриен западно од Презвитериумот на Епископската базилика. Во откриениот Презвитериум е зачуван павиментот, кој во средината има зачувани отисоци изведени од шестоаголни плочи од сив шкрилец, опкружен со четвртести и триаголни мермерни бели плочки во техника Opus sectile. Исти мотиви и аранжман се откриени во отисоците во постариот под во Презвитериумот на Епископската базилика при истражувањата во 1975 година. Тоа значи дека плочките од Старата базилика биле повторно употребени при изградбата на Епископската базилика. Од овие плочи се најдени остатоци и во Старата и во Епископската базилика и тие имаат наполно исти димензии.
Од страна во Презвитериумот на оваа стара базилика се наоѓа по едно правоаголно поле со добро зачуван мозаичен под со мотиви на кругови со растителни орнаменти, кои формираат крст во средината. Овој под е изведен од црно-бели и црвени тесери со висока и прецизна техника на изведбата.
Западно од канцелот, кој е зачуван во негатив, се шири бордура од лозица и бршленови лисја, изведена со црвено-бели тесери. Оваа бордура претставува дел од подот во централниот кораб. Под оваа бордура, на нејзината западна страна се констатирани остатоци од постар мозаичен под од крупни парчиња полихромен мермер, аналоген на мозаиците од Централната базилика во Стоби. Овој мозаик припаѓа кон една уште постара градба под Старата базилика.
Истражениот квадрат на западната страна од наосот претставува неколку полиња од геометриски орнаменти изведени со тесери во црно - бела и окер боја. Од страна на северниот дел на квадратот се појавуваат кругови со црвени тессери. Мотивот го претставуваат квадрати и ромбоиди со флорални орнаменти изведени со едноставен и необично декоративен цртеж. Манирот на решавањето на големата површина на наосот со мозаичен под поделен во правоаголни полиња го наоѓаме и овде, во Старата базилика, начин на изведување што се потврдува и подоцна кај Епископската базилика.
Оваа трикорабна базилика на северниот и јужниот зид на корабите има задржан живопис. Орнаментите се од ромбоиди одделени со колони со јонски капители. На јужниот зид во јужниот кораб премазот е во два слоја во техниката фреско и 5есо, додека во северниот кораб, на самиот северен ЅНІ, живописот е изведен во техника фреско со задржан Христов монограм Ис-Хр. Оваа Стара базилика, врз основа на досегашните истражувања и на археолошката евиденција, може ла се датира при крајот на ГУ век. Нивото на Старата базилика под Епископската базилика е приближно исто со нивото на кое се наоѓа раскошниот Баптистериум. Првите наши забележувања се дека на ова првобитно ниво била подигната Старата базилика со Баптистериумот, така што Баптистериумот јужно од обете цркви ја опслужувал Старата и, подоцна, проширената и големата Епископска базилика, која е подигната на вештачка тераса а на повисоко ниво од 4,50 м. На ова не наведуваат и повеќето археолошки податоци. Со истражувањата во Баптистериумот е утврдено дека писцината, што се наоѓа во средината, има две фази на градење и нејзината крајна употреба е со големиот кантарос во средината. Поради тоа, постои можност оваа стара првобитна писцина да припаѓа кон Баптистериумот од Старата базилика. Натамошните истражувања ќе бидат насочени да се открие врската меѓу Старата базилика и Баптистериумот и местото на нивната комуникација, што појасно ќе ја потврди оваа наша претпоставка.
Откривањето на Старата базилика не упати на размислување и отвори нови прашања, зашто Старата базилика - со толку добро зачуваните подни мозаици - е напуштена и над неа на огромен шут од разурнатиот град, е подигната раскошна и со огромни димензии нова базилика - Епископската со иста ориентација и со иста локација и со повторени извесни мотиви во подните мозаици.
Во оваа фаза на истражувањето, на мислење сме дека Старата базилика била лоцирана на природна, не нивелирана почва, покрај урнатините на огромната градба на Театарот, кој и по престанувањето од употреба, доминирал со својата архитектура, додека црвениот објект претставувал неуглѣдна архитектонска градба.
Меѓутоа, ова е време на христијанската доминација, кога заправо црквената градба - Базиликата, требало да доминира во градот. Поради тоа, и Старата базилика била напуштена наскоро по изградбата, на просторот е нанесен моќен шут од 4,5 м и на таа зарамнета површина подигнат величествен, раскошен и огромен по своите димензии објект, кој доминирал над целиот западен дел на Стоби.
Како поткрепа за оваа наша претпоставка е и фактот дека целокупната архитектонска декоративна пластика од Старата базилика е повторно употребена во подоцнежната црква, па дури и плочките од подовите. Сега, всушност, станува јасна големата разлика во стилската и техничката изработка на одделни капители, парапетни плочи, различни димензии на меноа и колони, кои се наоѓаат употребени во Епископската базилика. Анализата и датирањето на овој споменичен фонд од многубројните археолози и научници што се занимавале со оваа материја сега стануваат безвредни, т.е. мал број од нив со стилската анализа допреле до вистинското определување и датирање на овој материјал.
Истражувањата што се во тек на овој објект и систематизацијата на целокупниот подвижен археолошки материјал, посебно архитектонската декоративна пластика, мислам уште појасно ќе ги дефинираат фазите на градењето и доградувањето и ќе ни овозможат поцелосна слика за животот на овој објект, кој за ранохристијанско Стоби имал примарно значе-
Со ископувањата во 1981-82 година во Старата базилика откриен е во централниот кораб мозаичен под, кој претставува ранохристијанска уметничка форма што се појавува во 4 век. На овој под покрај надписите се појавуваат геометриски, флорални мотиви, птици што го евоцираат рајот и кантарос што го симболизира изворот на животот и вечната свежина.
Покрај Христовиот монограм се појавува натпис кој на филозофски начин го поврзува животот на земјата со небескиот, што е во стилот на ранохристијанската идеологија. Откриениот објект на кој му припаѓа овој мозаик ја претставува Старата епископска базилика на Стоби на која и припаѓал комплексот и на баптистериумот. Оваа Стара катедрална црква е напуштена и над истата во почетокот на 5 век е подигната Епископската базилика или базиликата на Епископот Филип.
Белешки
Библиографија
- ". Р. Егер, Градска црква у Стобима, Гласник Скопског научног друштва 5, Скопје 1929, 14-44. "
- “, K. Egger, Die Stadische Kirche von Stobi,Jahreshefte des Osterreichischen archaeologis- chen Institut 24, Wien 1929, 42-87. 3. B. Capua, Нови наласци у Епископској цркви у Стобима, Гласник Скопског науч- Hor друштва 12, Скопје 1933, I-122. 4. B. Saria, Neue Funde in der Bischofskirche von Stobi, Jahreshefte des Osterreichischen archaeologischen Institut 28, Wien 1933, 112-139. 5. E. Kitzinger, A Survey of the early Christian Town of Stobi, Dumbarton Oaks Papers 3, Washington D. C. 1946, 87-110.
- “, R. F. Hoddinot, Early Byzantine Churches in Macedonia and Southern Serbia, London and New York 1963, 161-167. 7. Публикации од заедничкиот Југословенско-американски проект за истражување на
- Стоби 1970-1979;
- Прелиминарни извештаи од J. Wiseman i Б. М. Зиси:
- 1970: American Journal of Archaeology, 75 1971, 395-411;
- 1971: American Journal of Archaeology, 76 1972, 407-424;
- 1972: American Journal of Archaeology, 77 1973, 391-403;
- 1973-1974: Journal of Field Archaeology, | 1974, 117-148;
- 1975-1976: Journal of Fiels Archaeology, 3 1976, 269-302, 1977-1978: Journal of Field Archaeology, 4 1979, ", R. Kolarié M. Petrovski, Technical observations on mosaics at Stobi, Studies in the
- Antiquities of Stobi II, Beograd 1975, 65-109. 5. B. Aleksova, Stobi, Episkopska bazilika и svetlosti novih arheoloskih iskopavanja, Gunjaéin Zbornik, Zagreb 1980, 67-76. 19, B. Aleskova, The Presbyterium of the Episcopal Basilica at Stobi and Episcopal Basilica at Bargala, Studies of the Antiquites of Stobi III, Titov Veles 1981, 29-47.
- ", Б. Алексова, Епископската базилика: Апсидалниот, Централниот и Јужниот брод, Studies of the Antiquites of Stobi III, Титов Велес 1981, 157-163.
- '?, B. Aleksova, The Episcopal Basilica in Stobi, Macedonian Review 2, Skopje 1981, 130- 137.
- STOBI, THE EPISCOPAL BASILICA IN THE LIGHT OF NEW ARCHA-EOLOGICAL EXCAVATIONS
- BLAGA ALEKSOVA - Skopje
- Stobi is an Hellenistic, Roman and Byzantine city. It lies at the juncture of two important rivers, the Erigon and Axius, today known as the Crna and Vardar.
- The episcopal basilica was erected on a large artifical terrace on the east side of the Via
- Sacra. The basilica was consecrated by the bishop Philip according to an inscription on the lintel of one of its principal doorways. The basilica at Stobi is of Hellenistic type with a nave and two aisles, semicircular apse, a narthex, atrium, catehumenion and baptistery. The most important result of the 1970-1975 excavations is the discovery of earlier floor levels in the presbyterium and two levels of mosaics in the south aisle. In the south aisle, in 1977, a crypt was discovered with a large fragment of a Greek inscription that was re-used to seal the entrance to the crypts. The inscription contained the name of an important priestly family at Stobi from the late 2nd or early 3rd century A. D. During 1977 the floor mosaics in the central nave and part of the mosaics in the narthex were discovered. The construction of the basilica was dated to the early Sth century and the second reconstruction to the late 5th century. The excavations in 1975 in the presbyterium suggested that it had been an earlier religious structure below ground level-an earlier church. During 1978-1982, below the ground floor of the episcopal basilica another Old Episcopal basilica was discovered, It had a nave and two aisles, with excellently preserved floor mosaics in the presbyterium and central nave and with fresco paintings dated of the 4th century.