Macedoniae acta archaeologica 6 (1980) · стр. 69–74
Хорологион од Дебреште
Во текот на сондажните археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај с. Дебреште, и тоа во југоистичниот дел на подоцнешниот каструм, во слојот градежен шут што му припаѓа на римскиот период, беше најден сончев часовник изработен од бел прилепски мермер, изваден од рудникот Сивец.1 Хорологионот е направен од правоаголен блок, делумно фрагментиран; му недостига дел од левиот горен агол. (Сл.1)
Часовникот ги има следните димензии: висок 20 см, широк 30 см, а дебелината му изнесува 22 см. Од долната страна има цилиндричен додаток широк 20 см и висок 10 см, кој служел за насадување во постаментот врз кој стоел.
Од предната страна сферично е издлабен, во горниот дел за 18 см, а во средниот за 9 см. На горниот централен дел е видлив засек со димензии 5 & 2 сМ, Kane што била фиксирана железната шипка, гномон, чија сенка го означувала определеното време. На издлабениот полусферичен дел се врежани 12 вертикални линии, кои ја прават координатната мрежа на часовникот.
На двете надворешни страни, плитко е врежан по еден лик на птица во движење влево, односно вдесно. Крилата на птиците се назначени со плитко врежан орнамент од четири, односно пет хоризонтални линии, а на идентичен начин се назначени и опашките. (Сл2и 3)
На задната страна е врежан лик на иста таква птица, но на ова место, заради пополнување на просторот, таа е со раширени крилја во став на слетување. (Сл.4)
Дебрешкиот сончев часовник2 веројатно стоел на камен постамент на некое прометно место, поставен во висина на видокругот на очите; за тоа ни сведочи неговиот цилиндричен носач, а исто така и врежаниот орнамент на птици врз задната и бочните страни.
Овој часовник не е од типот хемисферни часовници;, т.е. од оние што на горниот дел имале пробиена дупка низ која сончевите зраци правеле дамка што го означувала времето; имено, ги има само дванаесетте вертикални временски меридијани кои конвергираат кон врвот, односно гномонот, а не се назначени напречните три линии со кои се разликуваат четирите годишни времиња.
Нашиот часовник е од типот т.н. хемициклички;3 за чија работа е доволна само долната половина на сферата, по која кружи сончевата сенка и го означува временскиот момент, односно час. Ваквите часовници во литературата се познати и како часовници од Беросов тип.4
Часовникот, како што напред споменавме, има дванаесет врежани меридијански линии и ги мерел дневните часови, и тоа од 7 часот наутро до 18 часот попладне. Со колкава прецизност било мерено времето со овој часовник - не знаеме, но претпоставувам дека тој не е од типот на прецизните часовници.
Според тогашните стандарди, најважно за сончевите часовници било тоа, да бидат направени според географската ширина на местото за кое се изработувале, а и сто така и за прецизното нанесување на трите хоризонтално врежани линии со кои се означуваат трите еклиптики, за пролет и есен во средината, за зима високо горе а за лето - крај самиот долен раб на хемисферата. Се чини дека часовникот од Дебреште не бил многу прецизен, зашто ги нема линиите на еклиптиката, а и прашање е дали локалниот каменорезец ја знаел точната географска ширина на која лежи античката населба на локалитетот „Градиште“.
На територијата на ср Македонија, колку што ни е познато, не е -откриен ни еден сончев часовник, што претставува поголема тешкотија да се утврди времето кога бил направен и користен овој часовник.
Исклучок прави мермерниот постамент за хорологион со латински натпис, откриен во римската одаја | во Хераклеја Линкестис,5 каде што се споменува мештанинот Л.М.Терциј, кој за свои пари нарачал да се направи хорологиенот во Хераклеја. Поставувањето на сончевиот часовник било за време на конзулувањето на Г.Ј.Силан и П.К.Долабела, Освен овој податок дека во Хераклеја постоел часовник, до откривањето на овој од Дебреште, познати се два од Солин,7 од кои едниот е од типот хемисферни, а другиот фрагментиран, со зачувана лева половина од типот хемициклички часовници. Нашиот часовник се разликува од солинскиот во тоа што тој има девет вертикални меридијански линии и што има кос наклон оздола нагоре. Сличен на нашиот, пред војната бил најден часовник близу до Чаковец, античкиот Метулум,8 кој нема линиии на еклиптиката, но затоа пак има девет меридијански линии и мерел време од 8 часот претпладне до 16 часот попладне.
М. Николанци, во својот напис за сончевите часовници,9 смета дека овој, чаковечки часовник, бил нарачан во некоја каменорезачка работилница и недовршен, а сопственикот
само со дневните часови. Дали овој сезонските линии, задоволувајќи се
нашиот часовник, дали и тој бил недовподаток не може да се земе и за ршен, или пак се изработувале и
часовници без еклиптички линии, кои се употребувале на места каде што не
била неопходна голема точност. Не е исклучено ваквите часовници да биле и во приватна сопственост во куќи или вили, за чии сопственици не било од голема важност многу прецизно време.
Со двата познати сончеви часовника откриени во Добруџа,10 во местото Кумпана близу до Констанца, нашиот часовник има сличност само по формата, зашто и тие се од хемициклички тип, но се разликува по тоа што го нема задолжителниот наклон оздола нагоре и што нема еклиптички линии.
Од соседна Бугарија е познат еден сончев часовник откриен во градот Силистрија, антички Дуросторум,11 и тој е од хемициклички тип, а од нашиот се разликува по тоа што има тринаесет вертикални меридијански линии и релјефен приказ од култот на Орфеј.
Од досега споменатите сончеви часовници, од нашата земја и надвор од неа, идентичен со нашиот нема, повеќето од нив се далеку попрецизно и поквалитетно изработени, а некои од нив имаат и натписни полиња со разни посвети и релјефни и култни прикази. Наведениве аргументи и податоци зборуваат за тоа дека нашиот часовник е производ на локална каменорезачка работилница, која дејствувала на подрачјето на Прилеп,12 или пак во самиот рудник за мермер Сивец.
Во прилог на ваквото мислење зборуваат неколкуте недовршени антички мермерни споменици најдени во и околу Прилеп, како и многуте мермерни надгробни, култни и архитектонски споменици, за кои има индиции дека се локален производ, по начинот на изведување, а особено по локалниот мермер во кој се изведени.
година од н.е. порачан од некој жител на античката населба на локалитетот Градиште, чие постоење е евидентно уште од поодминатиот хеленистички период, потоа во римскиот, византискиот и раносредновековниот, за што имаме
Сончевиот часовник од Дебреште е веројатно локален производ, потврди и податоци од систематските истражувања извршени на тој
Од литературата дознаваме дека првиот сферичен сончев часовник кај Римјаните се појавува во 259 година пред н.е.14 а кај старите Грци уште од порано. По 164 година пр.н.е. употребата на сончевите часовници во римската држава е се поголема и пораспространета, особено во подалечните римски провинции. Сончевите часовници од Добруџа, како и оној од Силистрија, се датирани во време од I до Ш век од н.е., Временска рамка во која се вклопува и часовникот што стоел во Хераклеја Линкестис, а највероватно и дебрешкиот часовник бил изработен и служел во тој временски период.
Евентуалното откривање на неговиот постамент, со или без натпис на него - 3a што постојат реални можности да се открие со ископувањата што се вршат систематски на тој локалитет – би го олесниле неговото точно временско определување.
Белешки
- Ја користам оваа прилика да му заблагодарам на Б.Бабиќ за дадените податоци во врска со сончевиот часовник. ↩
- Nikolanci M., Dva sunčana sata iz Salone, Зборник Народног музеја, том VIII, Беогpan MCMLXXY\V, 169. ↩
- Ibid, 173. ↩
- Ibid, 174. ↩
- Јанакиевски T., Постамент за хорологион со латински натпис од Heraclea Lyncestis, Жива Антика, год. 21, том II, Скопје 1971, 591. ↩
- Ibid, 592, 1. ↩
- Nikolanci М., Зборник Народног музеја, том VIII, 170. ↩
- Brunšmid J, Kameni spomenici hrv.nar.muzeja u Zagrebu, dio I, (Vjesnik hrv.arh.društva, 1904-1911), 113, 205. ↩
- Nikolanci M., Зборник Народног музеја, том VIII, 173. ; © ↩
- Tonescu - Carligel C., Contributions 4 l’étude des cadrans solaires antiques, Dacia, nouvel serie, tom XIV, Bucarest 1970, 119, 3, 7. ↩
- Младенова Я., Солнечные часы с рельефом Орфея, из Дуросторума, Советская Археология, 4, Москва 1961, 274, 1. ↩
- Недоврешна глава на маж, недовршено женско торзо, недовршени архитектонски делови и др. Материјалот не е објавен. ↩
- Бабиќ Б., Gradište, Debrešte, Prilep, Arheološki pregled, 7, Beograd 1965, 62. ↩
- Daremberg et Saglio, Dictionnaire de antiquités grecques et romaines, III/1, 259. ↩
Summary
One Horologe from the Collection of the Museum in Prilep
During the trial archaeological excavations on the locality near the village of Debriste, in the waste building materials from the layer belonging to the Roman period, a horologe was unearthed made of marble from Prilep mined at Sivec.
The clock was made of a rectangular block in the following dimensions: 20 x 30 x 22 cm. On the lower side it has an additional for being inserted into a pedestal. Its dimensions are 20 x 10cm. On the front side it is spherically hollowed, 18 cm. in the upper part and 9 cm. in the middle. On the spherical part twelve vertical meridian lines are engraved which converge from bottom to top. On the upper side there is an incision with the dimensions of 5 x 2 cm. where the metal gnomon was fixed, a metal thin rod the shadow of which showed the time i.e. the marked “ hour (рте.1). The three lateral sides of the clock are ornamented with engraved appearances of birds (pics. 2,3,4).
This sundial is a type of hemicyclical clocks. It differs from the standard ones because it does not have engraved horizontal lines. The dial showed the time during the day from 7 a.m. to 6 p.m. It did not probably show the time very precisely because it does not have cclyptic time lines and was not probablbly suitable to the local latitude. This sundial was made in the local stonecutting workshop which did work or a wider territory of Prilep which can be acknowledged by unfinished and other antique monuments made of white marble from Sivec.
We have already mentioned that this horologe was found in the cultural layer which belong to the Roman period, and not having more concrete data to determine the period to which it belonged, we have used analogous finds to it, from our country and abroad, which date from the | st to the 3 rd century A.D.
(Translated by Radmila Radevska)