Macedoniae acta archaeologica 6 (1980) · стр. 63–68
Некропола кај Делагожда - Струга 1979
Стихиските и нестручни ископувања водени на овој терен особено во предвоениот период, кои продолжуваат и во поново време, не наведоа на интервенција на теренот од Делагожда, поточно кај локалитетот „Св. Илија“.
Само со поставување на првата сонда наидовме на античка некропола. Поставена беше квадратна мрежа со правец север-југ, со димензии 5х5М; меѓу нив се наоѓаше 0,50M контролен зид. Од сите 14 квадранти беа испитани само 9.
Од друга страна, на пошироката територија на теренот беа поставени 3 сонди, према југозападниот дел, со големина од 2х10м, 2х6м, 2x4m. На тој простор не се протегала некрополата, но и тука беа присутни наоди: римски монети, керамички артефакти од хеленистичко-- римскиот период.
Со ископувањето беа откриени 35 гробови, од кои само 5 немаа гробни прилози. Во некрополата се употребени 2 вида покопување. Од гробовите само 16 се изведени во ритус на изгорување, а другите се скелетни. И во самиот ритус постојат извесни разлики во изборот на гробната архитектура. Постарите гробови кои според прилозите, може да се датираат од крајот на IV до I век, главно имаат скромна гробна архитектура. Означувањето на јамата е изведено со неколку необработени камења или со нивно поставување околу гробот како венец (Т. І,а,6) Другата категорија гробови, кои се спалени, содржи неколку видови гробна архитектура. Најчести се овалните гробни јами, со различни димензии од | до 2 м во должина, а ширина до 60 см. Изгорување на покојник се изведувало во гробната јама, потоа биле ставани прилозите и покриени со нафрлен камен. Другиот вид гробна архитектура кај спалените е употреба на мала циста, со подлога од камен, со вертикално поставени странични плочи со димензии 30х30х30 см и една плоча за покрив (Па). Третиот начин на закопување на изгорени покојници е изве-. ден во керамичка урна (гроб 27). Најпрво покојникот е ставан во гробна јама со димензии на неговата должина; по спалувањето, коските се прибирани во урната и закопувани (Т. 116).
Во текот на ископувањето се најдени 72 предмета, од кои само пет произлегуваат од слободниот ископ. Другите се најдени во затворени гробни целини: две копја, еден острач од камен (Т. III, 5), сребрена малоазиска фибула со пет задеблувања (Т. III, 6), четири бронзени фибули со по две задеблувања, златна обетка од негроиден тип(Т.11,7),Ѓердан од стаклена паста и јантар, керамички садови од хеленистичкиот и римскиот период, стаклени садови, железни белезии, два пара сребрни обетки, сребрен прстен со натпис - Хурриос Lips Татод Sor, (Т. ПП, 8) три ножиња и една двојна игла.
Стаклените садови се со ритуална намена, во форма на унгентарии, кои се познати во употрба од времето на Август, во боја сино-зелена. Според типлошките одлики, сите стаклени садови се изведени во текот на I век од н.е. (Т. IV, 9, 10). Од вонредно значење е наодот на една стаклена чаша од светлозелена боја декорирана со вегетабилни мотиви (Т. IV, 11). Декорацијата е изведена со дување стакло во калап, мода што ќе ја внесе во развојот на стакларската индустрија сирискиот град Сидон.
Најмногубројни наоди во некрополата претставуваат керамичките садови. Тие се прилагани како гробни подароци, или самите претставуваат урни-осуариуми. Керамиката припаѓа кон хеленистичкиот период од локален производ, од раноримскиот период, аретинската сигилата од I век (T. IV, 12) од августовско-клавдиевско време со означување ,,in planta реԁіѕ“, како и подоцна римската исто од локлен производ.
Површинските слоеви пружија многу1 разновидни керамички артефакти: црвена сликана керамика од јужноиталијанскиот круг (Т. III, 3), и источнојадранските градови (Dirahium), потоа фагменти на Гнатија - вазните од исто потекло. Хеленистичката керамика е карактеристична за ова подрачје наоѓана и на други локалитети како скифоси, кантароси (Т. III, 4) со фирнис и канелури. Наоѓана е, исто така, и друга атипична хеленистичко-римска керамика.
Со сменувањето на начинот на закопување и појавата на новите видови предмети прилагани во гробовите, се чувствува и новонастанатата политичка ситуација во овој регион. Имено, со продирањето на Римјаните се воведени нови обичаи и нова стока.
Некрополата претставува еден многу значаен прилог за натамошните истражувања и согледувања на културното минато на овој крај. Големиот хронолошки распон на наодите од IV век пр. н.е. до Ш век од н. е., зборува за еден континуитет во животот на локалитетот. Секако дека во близина се наоѓа и населбата на кој овој простор и служел како некропола. Од друга страна, одделните примероци на увозна керамика зборуваат за различни центри на влијанија и продирање на стока низ овие краишта уште во VI век пр. н. е. Можеме со сугурност да издвоиме определени наоди што дошле од италска територија, како увоз, а исто така и оние стигнати од исток, од грчко-хеленистичкиот свет, или ОД подалечните краишта на Римската Империја.
Несомнено дека некрполата продолжува и натаму2 да се шири низ овој благ рид. Натамошните ископувања, кои се наметнуваат со овие извонредни резултати, сигурно ќе дадат нови податоци за проучувањето на античкиот период во регионот.
Белешки
- Н. Вулић, Споменик XCVIII, 232, б.463, 464. ↩
- Од приватно соптвеништво е откупена и една надгробна плоча со грчки натпис од царскиот период, која е најдена во ископувањата во предвоениот период од мештаните. ↩
- The accidental finds of the pre-war period were an indication for performing systematic excavations at the necropolis at Delagozda. 35 graves were discovered during the excavation in 1979. Two burial rites were used there. The graves belonging tu the period from the 4th to the Ist cent. are skeleton graves made in simple architecture with a ring of unfabricated stone around the deceased. With the graves with cremation burials which belonged to the Roman period we met several types of architecture: oval pits, 12 metres long where the deceased persons were cremated; stone ,,cysts* of unfabricated plates (30x30x30cm.); and ceramic urns. ↩
- Duriny the excavations 72 objects were found, either on the excavation site or in closed grave neem bine such as spears, a sharpening device made of stone, silver fibulas from Asia Minor, bronze fibulas in shape of arch with two thickened spots, a gold negroid car-ring negroidar-ring, necklaces of glass paste and amber, glass ungentarii or relief glasses, a silver4 ring with the inscription, red painted ceramics from the Adriatic area (Dyrachium), fragments of gnatia vases, vessels of local origin in shape of skifos, kantaroses, a vessel with the sign of ,,planta pedis“ from a cremation grave from the Ist century. ↩
- This necropolis, according to its finds, dates from the 4th century B.C. to the 3rd century (Translated by Radmila Radevska) ↩