Macedoniae acta archaeologica 6 (1980) · стр. 37–54

Карактерот и значењето на вонгробните наоди во јужноповардарските некрополи од железно време

КАРАКТЕРОТ И ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОНГРОБНИТЕ НАОДИ ВО ЈУЖ-НОПОВАРДАРСКИТЕ НЕКРОПОЛИ ОД ЖЕЛЕЗНО ВРЕМЕ

ЗОРАН ГЕОРГИЕВ - Скопје

Неколкуте заштитни и системски археолошки ископувања на некрополите од постарото железно време во Јужно Повардарје, изведени во периодот 1975-1979 г., дадоа значаен придонес во поглед на откривањето голем број нови гробови, чие натамошно проучување ќе може да фрли повеќе светлина врз проблемите сврзани со оваа епоха. Без оглед на тоа што резултатите се уште не се целосно објавени, се наметнува како нужно и корисно - пред да се сумираат сознанијата, а уште повеќе пред натамошните истражувачки зафати на овој план - да одбележиме една појава карактеристична за сите испитувани некрополи, на која во текот на ископувањата, па и потоа, не и е обрнувано потребно внимание. Станува збор за не толку ретки наоди на керамички садови, накит, оружје и остеолошки материјал надвор од гробните конструкции на некрополите Сува Река и Милци во Гевгелија, во с. Дедели и с. Марвинци (лок. „Градиште“) - Валандовско. Наодите се без основа толкувани или нотирани како „слободни вкопувања“, „ограбени гробни содржини“ или пак добивале гробна нумерација. Донекаде, овој третман има оправдување во фактот дека наоди од таков карактер не беа доволно познати се до нивната зачестена појава на наведените локалитети. Оттаму, дури и тука појавата не е свесно следена, ниту согледана како посебен проблем, што ни дава право да сметаме дека определен број вакви случаи останале незабележани.1

За поцелосно согледување на проблемот, подолу донесуваме листа на сите досега евидентирани вонгробни наоди, за кои, без оглед на нивната идентификација, сметаме дека не можеле да бидат случајно слободно вкопани, односно за кои, по една поопстојна анализа, можеме да дадеме прифатливо толкување.2 Наодите ги набројуваме според редоследот на откривањето, на секој локалитет одделно, проследувајќи некои од нив со потребен коментар.3

Некропола Сува Река

1. Вонгробен наод меѓу конструкциите 11 и 12: - лачна фибула со нога во вид на беотски штит, голема двојна игла од „гласинечки“ тип, еден топчест и еден орнитоморфен висулец (Сл. 1). Наодот е определен како содржина „од ограбен гроб“,4 но соседните гробови (11 и 12) дале скелети и наоди затечени in situ. Од друга страна, тешко би можело да се верува дека ограбената - отфрлена содржина од некој друг, пооддалечен гроб се нашла собрана тука, и тоа под нивото на покривните плочи.

2. Вонгробен наод до челната потесна плеча од гробот 27: - пар спирално намотани белегзии и фрагментиран сад.5

3. Наод до потесната плоча кај нозете (?) од гробот 32: - сад со конична форма и висока рачка (чаша), моделиран со слободна рака.

Сл. 1 Сува Река - наод помеѓу гробовите (и 12
Сл. 1 Сува Река - наод помеѓу гробовите (и 12

Садот лежел превртен во ниво на покривната плоча; земјата под него и околу него не е проверувана6 (Сл. 2).5

4. Содржина на гробот 33: - 73 метални предмети (главно делови од колан и ѓердан) и два сада, заедно со два черепа, како и други два сада во непосредна близина (Сл. 3).

Наодот е окарактеризиран како гроб без конструкција,7 но такви гробови нема ниту на оваа, ниту на соседните некрополи. Претпоставката дека плочите можеле да бидат однесени се чини неприфатлива, бидејќи во тој случај не би се зачувале прилозите на едно место.8 5. Западно од гробот 41: - бокал и чаша со конична форма и висока рачка, обата моделирани со слободна рака; три бронзени монистри и лачна фибула со асиметрична плочеста нога (Сл. 4).9

6. Наод во секторот II (?): - осамен сад, изработен на витло (Сл. 5).

Сл. 2 Сува Река - вонгробен наод до гробот 32
Сл. 2 Сува Река - вонгробен наод до гробот 32

Градиште - с. Марвинци

Во 1977 г., на овој локалитет се откопани пет доцногеометриски гробови (бр. 10-14) и, меѓу нив, два осамени сада: еден западно од гробот 14, другиот источно од гробот 11.10 Некаков нивни сооднос не е утврден.

Вонгробен наод до челната потесна плоча од гробот 3: фрагментиран сад. Заштитниот карактер на ископувањата или ограничените финансиски и временски можности не секогаш и секаде допуштаа темелна проверка на слободниот простор меѓу гробните конструкции.

Некропола Милци""11 2. Вонгробен наод до страничната плоча од гробот 6, десно од главата на покојникот во гробот: ножни коски од возрасна индивидуа, во неприродно-наместена положба и еден сад врз нив (Сл. 6).

Наодот е нотиран како гроб 118 поради близината на гробот 11, чиј гробен карактер е исто така сомнителен.

Сл. 3 Сува Река - вонгробна содржина, порано определена како гроб 33
Сл. 3 Сува Река - вонгробна содржина, порано определена како гроб 33

4. Во контролниот профил меѓу гробовите 7 и 14: - два сада еднододруго и незначителни остатоци од коски.

5. Контролна сонда 9: - осамен сад, на длабочина од 1,40 м (Сл. 8).

6. Сонда 12, меѓу гробовите 8 и 10: - два сада еднододруго (Сл. 9).

7. Содржина на гробот 10: - остатоци од скелет, сложени на куп во овална јама. Врз нив бронзена фибула од малоазиски тип, два ножа и два врва од копја (Сл. 10).

8. Квадрант 31-г: - два сада еднододруго (Сл. 11).

Квадрант 33-4: - осамен сад (Сл. 19). > Листата не опфаќа поединечни наоди на ситни метални предмети и групи керамични фрагменти, како и наоди за кои не можеме поопределено да зборуваме.

9. Квадрант 31-г, недалеку од гробот 45: - позлатена сребрена наушница со конусна глава и фрагменти од AEKavn. Дедели!12

2. Наод меѓу гробовите 29 и 30: - бронзен висулец во вид на чашка, заедно со капакот; ажуриран јајцевиден висулец; прстен и обетка од спирално намотан тел: поголем дел од сад.

При разгледувањето на овие наоди, најнапред паѓа в очи нивното исочекувано – досега превидувано множество, а потоа, како едно од основните заеднички обележја, честите совпаѓања во начинот и местото на вкопување во однос на одделни гробни конструкции. Понатаму, евидентна особеност на секој пример поодделно претставува изразената групираност на содржината, освен кај оние меѓу гробовите 11-12 во Сува Река и гробовите 29-30 во Дедели чии прилози биле растурени, но сепак не на широка површина. Од особена важност се четири наоди, од два локалитета, кај кои археолошкиот материјал е проследен со скелетни остатоци, кои пак имаат специфична диспозиција (наод бр. 4 во Сува Река; 2, 4 и 7 во Милци). Ова покрај тоа што наполно исклучува секаква коинцидентност на појавата, може да послужи како појдовна точка во настојувањето поблизу да се определи нејзиниот карактер. Сите индиции водат во насока наброените наоди да ги идентификуваме како

Сл.4 Сува Река -вонгробен наод близу гробот 41
Сл.4 Сува Река -вонгробен наод близу гробот 41

дислоцирани гробни содржини. Имено, одбележаните особености, а и самата положба на прилозите во однос на диспозицијата на остеолошкиот материјал, укажува на нивната поврзаност со погребен обичај, применуван во овој регион при, очигледно, секундарно инхумирање во веќе употребувани комори. Повторното користење на една гробна комора, секако, наложувало ексхумација, односно дислокација на затечената содржина, а тоа, без сомневање, вклучувало определен ритуал со чии материјални остатоци денес се соочуваме. На некрополата Милци, каде што ова е најевилентно, погребување во стари халштатски цисти било вршено и во класично време, што, логично, подразбира двојно или повеќекратно празнење на коморите. Тоа наполно ја објаснува бројноста на „слободните вкопувања“ на оваа некропола, за разлика од другите кај кои подолгиот континуитет на активност не е толку јасно изразен.13 За илустрација, ќе се задржиме врз неколку најмлади тукашни погребува-

Сл. 5 Сува Река - вонгробен наод
Сл. 5 Сува Река - вонгробен наод

Гробот 12 - циста со конструкција од варовни плочи, покажа дека внатрешноста била дополнително поделена на две комори, но не со ист материјал, туку со плоснат речен камен. Во помалата комора се најдени иситнети коски, а во поголемата прилозите: меѓу другото, мал гутус, бронзени прстени со елипсести глави и бронзена глава од железен печатен прстен со врежана љубовна сцена - материјал кој типолошки му припаѓа на класичниот период.

На наполно ист начин и со ист материјал (речен камен) било изведено преградување и на гробот 20, но недостатокот на прилози не допушта да се утврди дали и тука до преградување со таква цел дошло во исто Bpeme.14 Можеби потврда во оваа смисла би нашле во кремацијата од гробот 45, која догоре исполнува само една половина од стара циста, иако тука преградување не е вршено. Според прилозите - црнофирнисна паничка („соларник“) и фрагменти од сребрена чунеста обетка - кремацијата е од IV век пр.н.е.

Сл. 6 Милци - дислоцирана гробна содржина покрај гробот 6
Сл. 6 Милци - дислоцирана гробна содржина покрај гробот 6

Имајќи го предвид сериозниот временски дисконтинуитет помеѓу претпоставената примарна употреба на цистите и вкопувањата во ННВ од класично време се наметнува прашање колкупати едноподруго тие биле користени и што е со остатоците од претходните покојници. Во овој поглед два други наода би можело да бидат од корист. Недалеку од гробот 12 е откриена најдобро зачуваната дислоцирана содржина во Милци, инаку нотирана како гроб 10 со нејасна диспозиција на скелетот. Таа е положена во плитко ископана овална јама, делумно во жива карпа, и тоа на следниов начин: најнапред во средината биле поставени ситстрани биле сложени на куп големите коски, а на крајот биле фрлени прилозите - оружје и фибула од малоазиски тип.

Близу ло гробот 45 се најдени еднододруго споменатите фрагменти од лекане и позлатена сребрена наушница, обата импорт од југ, со хронолошка припадност во втората половина од VI век.

Доколку близината на овие вонгробни наоди до гробовите 12 и 45 не е случајна, а за сомневања се чини нема место, во текот на период од близу три векови тие биле користени барем во по три наврати.

Сл. 7 Милци - наод покрај гробот 7
Сл. 7 Милци - наод покрај гробот 7

Истоветностите во изборот на начинот и местото на вкопување во однос на одделни гробови од кои тие биле дислоцирани веќе ги одбележавме како едно од основните заеднички особености. Тие се застапени кај неколку наоди со порана временска припадност, кои непосредно им претходат на содржините во гробовите покрај кои се откриени. Во рамките на примерите со кои располагаме во моментов, забележуваме постоење на варијанти во изборот на место за вкопување, а ги сведуваме во две основни и две условно издвоени групи.

Првата група ја сочинуваат содржини депонирани до страничната плоча од гробот, близу до главата од новоположениот покојник, секогаш од неговата десна страна. Вакво место имаат наодите покрај гробот 29 во Дедели и покрај гробовите 6 и 7 во Милци, што пак, со оглед на близината и тесната заемна поврзаност, веројатно е застапено и треба да се очекува и во Сува Река. Од нив само вториот даде остатоци од скелет. Нивниот распоред покажува дека бил направен обид коските да се постават во онаа положба во која биле затечени пред дислоцирањето.

Втората група вонгробни наоди покажуваат исто настојување во изборот на местото - близу до главата на новиот покојник, но покрај потесната гробна плоча. Такви се наодите до гробот 3 во Милци и до гробот 27 во Сува Река. Овие примери, можеби, не изгледаат на прв поглед како јасни и сигурни претставници на групата и, воопшто, на категоријата вонгробни наоди со ваков карактер, бидејќи, како и најголемиот број случаи за кои зборуваме, не се проследени со скелетни остатоци. Меѓутоа, нивната поврзаност со наведените конструкции е факт, а треба да се има предвид и тоа дека дислоцираниот остеолошки материјал, патем речено не секогаш комплетен!“15 бил изложен на забрзан процес на пропаѓање. Освен тоа, ист начин и место на дислоцирана гробна содржина многу јасно се изразени кај гробницата I од с- Живојно - Битолско, каде што керамичниот инвентар исто така бил поставен врз

Сл. 8 Милци - вонгробен наод во сондата 9
Сл. 8 Милци - вонгробен наод во сондата 9

Наодите што се откриени меѓу гробовите !! и 12 во Сува Река и гробовите 29 и 30 во Дедели ги издвојуваме во посебна група. Првиот не содржи керамичен материјал, но во гробот 11, покрај садовите изработени на колце, најден е бокал со косо засечен врат, моделиран рачно,17 што претставува елемент кој сигурно ја определува припадноста на вонгробната содржина. Бидејќи таа се наоѓа од левата страна на покојниот во гробот, јасно е дека во изборот на место тука има отстапување во однос на претходните групи.

Сл. 9 Милци - вонгробен наод во сондата 12
Сл. 9 Милци - вонгробен наод во сондата 12

Веројатно и наодот меѓу гробовите 29 и 30 во Дедели претставува такво отстапување. Сигурни индиции нема, но тој мора да потекнува од гробот 29 (втор наод од овој гроб, овојпат од другата страна) во кој се откриени три скелети; растурениот гроб 30 бил детски, а покрај такви досега не се најдени вонгробни содржини.

Наодите со број 1, 4-5, 8-10 се толкувани како „слободни вкопувања“. ; ните коски и черепот, свртен со темето нагоре, потоа од две негови скелетните останки. !“ ниот обичај да опфаќал поширок репертоар во изборот на место.18 Со за отстапената фотодокументација и увид врз дел од материјалот И должам благодарност на Радмила Пашиќ.

Изостанатите теренски опсервации ги оставаат без определена припадност групата наоди што не лежеле во непосредна близина на гробни конструкции (наоди бр. 4 и 6 во Сува Река; 4-6, 8 и 10 во Милци; садовите во Марвинци). Посебен проблем претставува рачно моделираната чаша до гробот 32 во Сува Река; како единствен таков пример не можеме да го припишеме на посебна група, макар што не е исклучено погребоглед на поголемата старост на наодот, објаснување би можеле да побараме во претпоставено посредство на уште едно погребување во гробот 32, со спротивна ориентација, но тоа би била само претпоставка без сериозни поткрепи. Впрочем, местоположбата на гробниот инвентар не е доволно јасна за сигурно определување на ориентацијата на гробот, па со тоа и на вонгробниот наод.

Вистинското значење на дислоцираните гробни содржини доаѓа до израз кога тие се разгледуваат од типолошко-хронолошки аспект. Како што веќе видовме, тие опфаќаат широк временски простор и ја илустрираат континуираната, иако можеби намалена активност на некои некрополи и во историско време. Но, од особена вредност се неколку многу постари содржини, кои, како такви, ги одбележуваат раните или, можеби, почетни фази на вкопување, така што во овој поглед претставуваат речиси замена за она што би значеле гробови со наоди во хоризонти.19 Имено, токму меѓу вакви наоди, а скоро никогаш досега во гробови, среќаваме форми со најрана типолошка припадност, наедно и најретко застапени во рамките на една некропола, обично само со по еден или два примера. Ќе се осврнеме накусо кон нив, без претензии да се впуштаме во подлабоки анализи.

Сл. 10 Милци - дислоцирана гробна содржина, определена како гроб 10
Сл. 10 Милци - дислоцирана гробна содржина, определена како гроб 10

Висулецот- птица од содржината до гробот 11 во Сува Река е единна оваа некропола. По типолошките особености, тој припаѓа на групата Al, според класификацијата на J. Бузек за овој тип бронзи.20 Најблиски паралели има во примерот од гробот 10 во Чаушица, датиран во првата половина од VII в.21 и во примерот од самоскиот Хераеум, најден во слој што И претходи на 640/630 г.пр.н.е.22Меѓутоа, нашиов висулец е подоцнежен; на тоа упатуваат присуството и обликот на двојната игла во истата содржина, како и нешто помладата форма на од порано познатата птица од овој локалитет. За последнава Бузек смета дека е помлада од кој и да е чаушички пример и ја датира во втората половина од VII B., но, имајќи ги предвид сличните, дури уште подоцнежни форми од гробот 660 во Мегара Хиблеја и од Олинт, се чини дека ваквите „тенки“ птици - како последни претставници на орнитоморфните висулци - припаѓаат кон истекот на УП и првите децении од VI в.

Сл. 11 Милци - вонгробен наод во квадрантот 3|г
Сл. 11 Милци - вонгробен наод во квадрантот 3|г

Хронолошкиот момент особено е изразен кај содржината што е откриена близу до гробот 41 во Сува Река. Фибулата со асиметрична плочеста нога има директни аналогии во Чаушица,25 како и меѓу поранешните наоди од Гевгелија,26 а претставува помлада, веќе дегенерирана варијанта на примерот од околината на Валандово и уште пораните фибули од Радање, датирани во првата половина на УП B.27 Рачно моделираната керамика од наодот, инаку ретка на нашите јужноповардарски некрополи, временски ја врзува фибулата за средината на истиот век или, поверојатно, за една порана фаза од неговата втора половина. Што се однесува до грубите керамични форми, тие се уште не би можеле да бидат подложени на поопстојна анализа заради нивната малобројност. Меѓу нив најзабележлива е чашата со високо издигната рачка: освен покрај гробот 41, таа се појавува во гробот 36 и покрај гробот 32 во Сува Река, а веројатно исто така во својство на вонгробен наод и меѓу Драгендорфовите наоди од Марвинци?“28 Ваквиот нивни карактер и, пред се, погоре разгледаната фибула налагаат повисока хронолошка определба од онаа што е дадена за примерот од Марвинци.29

Сл. 12 Милци - вонгробен наод во квадрантот 334
Сл. 12 Милци - вонгробен наод во квадрантот 334

Кога зборуваме за грубата керамика од Сува Река, нужно е да изнесеме уште еден особено важен факт, кој наполно се вклопува во нашите согледувања. Имено, покрај наброените вонгробни примери, во 1976 и 1977 г. се најдени уште четири вакви садови во гробовите 11, 36, 41 и 50 - значи, токму во оние гробови што стојат во непосредна врска-со вонгробни содржини или со забележано двојно погребување.30 Ова не само што го објаснува нивното присуство во тие гробови (заедно со керамика изработена на колце) и ги дополнува вонгробните наоди, туку допушта и да го насетуваме моментот кога се појавила керамиката работена на колце во овој регион: таа секако ја исполнува последната четвртина од УП в., но, судејќи по металните форми, пред тоа била непозната. "

Мечот со завршок на рачката во вид на опашка од риба, од содржината до гробот 7 во Милци, претставува воопшто најрана форма во типолошки поглед. Неговата појава во некропола со доцногеометриски гробови зачудува, бидејќи понајуг, судејќи по многубројните наоди од родовските могили во Вергина, овој стар тип бил во последна употреба во X–IX в. пр.н.е. и потоа исчезнува.31 Временски далеку од него е и мечот од централниот гроб во тумулот во Висои - с. Беранци, датиран со импортиран протогеометриски скифос во преодот од Тх во УШ B.,32 a и паралелата од могилата V на Орлова Чука, со иста onpenen6a.*> Неза-ВНСНО од типолошката старост, мечот од Милци припаѓа кон втората половина на УП в.и тоа на нејзиниот крај, бидејќи е проследен со садови изработени на колце. Инаку, во овој случај самиот гроб не даде прилози што би се исползувале за поточно датирање на вонгробната содржина.

Сл. 13 Дедели - положба на предметите од соджината од гробот 29
Сл. 13 Дедели - положба на предметите од соджината од гробот 29

Сосем спротивно е со гробот 6 на истата некропола: фибулата со нога во вид на беотски штит и една мала двојазелна фибула со триаголна нога, во него, служат како terminus ante свет 3a дислоцираната содржина (која самата оскудува во метални прилози),?“ врзувајќи ја неа за крајот на УП в.

Бронзениот висулец во вид на чашка, со птичји протоми на капакот, од втората вонгробна содржина на гробот 29 во Дедели, по своите особености припаѓа кон третата-македонска група вакви висулци по класификацијата на Р. Васиќ,35 односно групата А2 според Бузек.36 Меѓу наодите од Дедели, од 1917 г., има шест примери (меѓу кои пет од оваа варијанта), но - случајно или не - како и во Сува Река, ниеден не потекнува од затворена целина.37 Наспроти повисоките определувања од страна на Бузек и Килијан,38 Р. Васиќ ги датира во втората половина, односно крајот на VII в. што сосем се сложува со впечатокот што го оставаат новите истражувања во хронолошки поглед.

Вака разгледувани и интерпретирани, вонгробните содржини се јавуваат како нова категорија наоди во јужноповардарските некрополи од железното време, достојни за соодветно вреднување. Од една страна, праисториска епоха, а од друга, отвораат нови можности и патишта за нејзино натамошно проучување, допуштајќи веќе во овој момент да изнесеме некои општи заклучоци. ;

Ако се издвојат наодите од одделни вонгробни содржини како најрани на некрополите, другиот материјал што го дале гробовите претежно ги опфаќа преодот од VII во VI в. и првата половина од последниот. Оттаму, кога се зборува за јужноповардарските некрополи од железното време, не е можно да се прави некаква хронолошка категоризација - заснована врз бројната застапеност на постари елементи - според која најрана би била некрополата во Сува Река или Дедели, а најдоцнежна онаа во Милци. Наодите што ги разгледувавме, како по својот карактер-така по својата временска припадност, го одбележуваат нивниот едновремен зачеток - според сегашните сознанија - најрано околу почетокот на втората половина од УП в.

Исто така, тие сведочат речиси за едновремена појава на практиката покојните да се положуваат во веќе изградени и пополнети комори (кое пак наметнува помисла дека појавата не произлегува првенствено од техничко-материјални или просторни потреби), а со тоа и за едновремената појава на ритуалот што ја определувал постапката со ексхумираната содржина. Дислоцираните содржини со зачувани скелетни остатоци јасно покажуваат дека кон тоа се приоѓало со определен пиетет кон затекнатите постари покојници, пиетет кој, според гробот 10 во Милци, има неизменет израз до последните вкопувања во старите цисти во класично време. Имајќи го пак предвид примерот од Живојно, доаѓаме до заклучок дека обичајот бил раширен на мошне голем простор, од кој јужните подрачја на ср Македонија веројатно се само дел. Веруваме дека во ваква светлина би можеле да се разгледуваат и дел наоди надвор од гробовите во долномакедонските некрополи од ова време, особено во нам најблиските, зашто и таму, среде наодите надвор од гробовите, често се појавуваат рани форми. Ова дотолку повеќе што Циганската Клисура не можела да биде голема пречка за едновремен продор на новата-боена керамика во нашето јужно Повардарје, посебно во услови на етничко единство. Оттаму, временското изедначување на двете керамички групи во Чаушица изгледа нелогично кога само малку посеверно тие се јасно издвоени, макар што техниката на груба изработка несомнено се одржала подолго.

И обичајот да се поставува ексхумираната гробна содржина близу до главата на новопогребаниот покојник се чини нема традиционални автохтони корени на наше подрачје. Тој е донесен, односно прифатен од југ, заедно со новиот гробен тип. Неговото, по се изгледа, непречено прифаќање се должи на примитивните верувања врзани за хероизираните предци, кои се провлекувале од подлабоко минато, доколку44 токму во рамките на тие верувања не лежат и неговите никулци.

Секако, појавата на овие наоди во некрополите од наведеното подрачје наметнува низа нови прашања. Нејасно е, на пример, зошто, покрај евидентираните начини на дислоцирање, било применувано и собирање на скелетните остатоци од постариот покојник во еден крај од гробот, што е забележано во еден случај. Дали сите наброени примери претставуваат дислоцирани гробни содржини или некои од нив (садовите што се наоѓани, најчесто по два заедно, подалеку од гробовите) бараат поинакво толкување? Одговор на тие, а и на други отворени прашања може да дадат идните ископувања, како и евентуалното преиспитување на веќе истражениот простор, каде што има индиции за постоење неоткриени вонгробни наоди. Овој прилог има цел да послужи како почетна точка во нивното натамошно следење и проучување.

Macedoniae acta archaeologica тие претставуваат остаток од малку познатиот духовен живот на една на материјалот; теренската фотодокументација ја потврдува ваквата замена.

Белешки

  1. Заштитниот карактер на ископувањата или ограничените финансиски и временски можности не секогаш и секаде допуштаа темелна проверка на слободниот простор меѓу гробните конструкции. ↩
  2. Листата не опфаќа поединечни наоди на ситни метални предмети и групи керамички фрагменти, како и наоди за кои не можеме поопределено да зборуваме. ↩
  3. За отстапената фотодокументација и увид врз дел од материјалот ѝ должам благодарност на Радмила Пашиќ. ↩
  4. Пашиќ Р., Археолошки испитувања на локалитетот Сува Река во Гевгелија, Зборник на Археолошкиот музеј, кн. VIII-IX (1975-1978) Скопје 1978, 22. ↩
  5. Ibid., 24. ↩
  6. Ibid., 25; спореди со стр. 8 во овој труд. ↩
  7. Ibid., 25. ↩
  8. Според љубезното соопштение на В. Соколовска, наодот не оддавал впечаток на какво и да е нарушување. Од фотографијата што ја приложува Пашиќ јасно се гледа дека прилозите лежеле на куп, на површина со пречник 0,60-0,70 м. ↩
  9. Пашиќ P., ор. си. 26, сл. 13a - в. Веројатно по грешка, приложените фотографии прикажуваат садови што не припаѓаат на овој наод. ↩
  10. Ископување од страна на Археолошкиот музеј, необјавено. ↩
  11. Заштитно ископување од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Археолошкиот музеј, 1979, необјавено. ↩
  12. Ископување од страна на Археолошкиот музеј, 1979, во тек на објавување. ↩
  13. Значајниот случаен наод на коринтски арибалос во Сува Река, како и ранохелинистичкиот гроб со конструкција од тегули (Пашиќ P., ор. cit., 31, сл. 18; 26), чиј пандан даде и Милци, зборуваат за наполно паралелна подоцнежна употреба на обете некрополи. ↩
  14. Идентична диспозиција на прилозите покажале група гробови со поинаква конструкција од V и IV век во Црквиште-Беранци. (Mikulčić J., Pelagodnija u svetlosti arheoloških nalaza, DISS III, Skopje-Beograd 1966, 61). ↩
  15. Во гробот 6 во Милци, покрај многу добро зачуваниот скелет, се најдени и коски од трето стапало, секако од претходниот покојник, кои допаднале во гробот веројатно со земјата што, пред тоа, била извадена од него. ↩
  16. Јосифовска b., Извештај за заштитното ископување на една халштатска гробница од селото Живојно, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, кн. 15 (1963), Скопје 1963, 290-291, сл. |. ↩
  17. По грешка садот е припишан на гроб 10, односно заменет е со бокал работен на колце од тој гроб. (Пашиќ Р., op. cit., сл. 11-а). Грешката настанала при инвентаризирањето на материјалот; теренската фотодокументација ја потврдува ваквата замена. ↩
  18. Во гробот 45 во Сува Река, евидентирано е секундарно погребување, при што останките на претходниот покојник биле собрани во еден крај на комората, за да се добие простор. Во гробот 26 е вршено тројно, а во 36 - двојно погребување. што технички не било одеднаш изводливо заради малата широчина на коморите од 0,50-0,75 м. (Пашиќ P., op. cit., 24-25). ↩
  19. Гробови во два хоризонта забележани се само во Милци. Меѓутоа, оние од помладиот хоризонт се детски, со сосем мали димензии и без прилози. ↩
  20. Bouzek J., Graeco - Macedonian bronzes, Acta universitatis Carolinae, Philozophica et historica, mon XLIX - 1973, Universita Karlova, Praha 1974, 14. ↩
  21. Ibid., 14, 171, 175, fig. 13. ↩
  22. Kilian K., Trachzubehér Eisenzeit zwischen Agais und Adria, Praehistoriche Zeitschrift 50, 1975, T. 37, 10. ↩
  23. Попов Р., Гробни находки от халщатската епоха, Списание на бан 9, кн. XVI, Cogua 1918, T. VIII, 2. ↩
  24. Валандово: Bacuh P., Нови елементи за проучавање гвозденог доба Вардарске долине, Старинар НС, кн. XXVII/1976, Београд 1977, 13-14, сл. 5; Радање: Гарашанин М.-Гарашанин Д., Археолошка ископавања у селу Радању, на локалитету „Криви Дол“, Зборник на штипскиот Народен музеј I, Штип 1959, 41, сл. 63-65а-6; - Гарашанин M., Некои проблеми на македонската праисторија, Macedoniae Acta Archaeologica 1, 1975, 16. ↩
  25. За проблемот околу потеклото на наодот, види Васиќ P., ор. cit., 8. ↩
  26. Tbid., loc. cit. ↩
  27. За последниов, заб. |. ↩
  28. Avépoviku M., Bepytwa I, Авпусшо 1969, 265, еик. 101-103 ↩
  29. Mikuléié 1. op. cit., 16-17, T.IV, 8-c. ↩
  30. Tlaummh-Bununh Р., Археолошка ископавања на локалитету „Орлова Чука“ код села Стар Караорман, Старинар НС, кн. ХХ1, Београд 1970, 132-133, Т. Tl, сл. 2. Килиан (ор. cit., 90, Т. 101) го става овој наод, се чини со право, во почетокот на својата фаза на ое Рни покривната плоча од гробот, во аголот до кој е откриена дислоцираната содржина, најден е врв од копје кој, можеби, припаѓал кон неа. Интересно е тоа што истото се повторува кај гробот 36 во Сува Река: во него е вршено двојно закопување и тука е најден рачно моделиран сад (Пашиќ Р., Сува Река, 25). : ↩
  31. Bacuh P., Бронзе из Титовог Велеса у Музеју Бенаки, Жива Антика XXIV, Скопје 1974, 222. ↩
  32. Bouzek J., op. cit., 28. ↩
  33. Bacuh P., Нови елементи, 2, сл. 2/9-14. ↩
  34. Bouzek J., op. cit., 25, fig. 49; - Kilian K., op. си. 36, 84. ↩
  35. Наод покрај страничната плоча од гробот 29, десно од главите на покојниците: - два т.н. „затворачи за кани“, четири топчести висулци, три трокалотни копчиња и едно во вид на розета (Сл. 13). ↩
  36. Bacuh P., Бронзе из Т. Велеса, 225; - Нови елементи, 4. ↩
  37. ZORAN GEORGIEV7 - Skopje ↩
  38. The feq protectiveng and sistematic archaeological investigations in south Povardarie necropolis from the Iron Age (Suva Reka, and Milci in Gevgelija, Dedeli and Marvinci near Valandovo 1975-1979) gave twenty finds of13 ceramic ware, small metal finds and arms and osteological material out of4 grave construction. Part of them are mentioned by the way when the material is are published. The character of the finds stays undefined and here for the first time we examine them closely. ; ↩
  39. Joint characteristic on the out of grave finds are often congruity in the manner and the place of deposition near by the graves where they are discovered. Four finds from the two sites, beside archaeological material gave sceletal remains in specificaly disposition, which eliminate every chance of the phenomenon. Our opeservation bring us toward determination on those finds as dislocated grave contents, closely connected with burial custom in this region, apply on the secondary inhumation in older cist. In the necropolis of Milci this is more than evident. Here burying in the late geometric cist exists as well in clasical period. This completely explains the numerousness of such finds here compared with the other necropolis, where longer continuance of activity is not very expressive. ↩
  40. The variant in the choice of the place of deposition on dislocated contents, permit their clasification in two main groups. The first group comprehends grave contents situated near by sideways blocks on the grave, near the head of the new buried deceased, always from his right side. ↩
  41. Bouzek J., Macedonian bronzes, Their Origins, Distribution and Relation to Other Cultural Groups of13 the Early Iron Age, Pamatky archeologické LXV, Praha 1974, 314, 3a6. 20. - THE CHARACTER AND THE MEANING OF THE OUT GRAVE FINDS IN SOUTH POVARDARIE NECROPOLIS FROM THE IRON AGE Such places have finds near graves 6 and 7 in Milci and grave 29 in Dedeli. ↩

Summary

The Character and the Meaning of the Out Grave Finds in South Povardarie Necropolis from the Iron Age

Second group out of grave finds shows the same tendency: they are deposit near the head of the new buried deceased, but near the narrow grave block. Such are the finds near the grave 3 in Milci and in grave 27 in Suva Reka with parallels in grave | in Zivojno in Pelagonija.

Two finds (one near grave 11 in Suva Reka, and the other second find near grave 29 in Dedeli) make a retirement because they are deposit on the left side on the graves. Explanation for the last example we found in three sceletal remains in this grave.

A part of such finds are not discovered near the graves, and for them we could not speak determined.

The meaning of dislocated contents become explicitly, may be the early or begining phases of burying in the nercropolis. Between them, but never in graves, we saw tipological earliest forms, in the same time the most rare form in the necropolis. Here may be the most characteristic is the find near grave 41 in Suva Reka hand made ware (rare in this necropolis) and kind of fibula known in this region only with two accidental finds.