Macedoniae acta archaeologica 6 (1980) · стр. 135–140

Средновековни српски монети од Стара Чаршија - Скопје

Содржина
  1. PLx A ЕГАБАД ОИЕ ONH KPAABRABHS
  2. 4. Динар на кралот Марко
  3. LOREVLD TIEPOLO SV. MARKO VEM

Во средновековното одделение на Музејот на град Скопје се чуваат осум српски средновековни сребрени монети од втората половина на XIV век, ковани од страна на крал Волкашин, крал Марко, кнез Лазар.

Монетите се пронајдени во 1972 година, при изведувањето на земјените работи за поставување на темелите на објектот Музејски згради во Стара чаршија. Тие се дел од депо, кое е растурено.1 Според искажувањата на работниците, монетите биле во керамички сад – ваган, кој не е навреме уочен. При земјените работи е искршен, така што монетите се растурени и само дел од нив се прибрани.

По смртта на цар Душан (1355 г.), во времето на неговиот наследник - синот цар Урош,2 српската средновековна држава постепено губи од својата политичка и економска моќ, така што одделни феудалци се осамостојуваат, коват монети3 под свое име. Таа појава особено се манифестира по смртта на цар Урош, кога ќе престанат со работа и царските ковници, и кога ќе се појави најверојатно и недостиг на монети. Ваквата монетарна бројност и шаренило ќе потрае се до конечното паѓање на разединетата српска држава под турска власт.

Од застапените монети, најрано се ковани монетите на кралот Волкашин, бидејќи на аверсот се наоѓа натпис во кој тој носи титула крал, а според историските извори како крал се јавува во јануари 1366 година,4 потоа следуваат монетите на кралот Марко. кнезот Лазар.

1. Динар на кралот Волкашин:

Монетата е оштетена, пречник 18 мм, тежина 0,95 гр. Во полето на аверсот се наоѓа натпис во пет реда хоризонтални, оштетен.

BhICIPHCT)A Blor)& BAAPOBLAHH RYAA BARAWLA

На реверсот е преставен Христос со зрнест нимбус и крстовидни зраци, стои пред правоаголен супеданеум. Со десната рака благословува, а покрај левиот бок му виси крајот од наметката. Во висина на главата се иницијалите на Христос, lt Хе а од неговата лева и десна страна се наоѓа по една вертикална низа петокраки звезди; ВО супеданеумот од левата и десната страна на Христос се наоѓа по една петокрака звезда. На аглите на супеданеумот, од надворешната страна, се наоѓаат по три точки пунктирани. Реверсот и аверсот се обрабени со пунктирани точки. Овој примерок на Волкашиновиот динар го среќаваме со незначителни разлики на аверсот и реверсот во каталогот на С. Љубиќ,5 вид III,

Таб. X, бр. 24. Речиси идентичен на овој примерок е примерокот што го дава Р. Мариќ6 во својот труд „Студии од српската нумизматика“, при што го определува како тип У, Т. XVII/19 (кичевско депо).

2. Динар на кралот Волкашин

Монетата е оштетена. Пречник 18 мм, тежина 0,95 гр. Идентична е со првата, според тоа - и неа ја сместуваме во каталогот на С. Љубиќ, врста III, Таб. X, бр. 24, а според Р. Мариќ – тип V, Т. XVII 18/19.

3. Динар на кралот Волкашин

Монетата е оштетена. Пречник 18 мм, тежина | гр. Во полето на аверсот се наоѓа натпис во 6 хоризонтални редови, нецелосно зачувана.

PLx A ЕГАБАД ОИЕ ONH KPAABRABHS

Rh X(PUcT)A Б(о)ГА Будеоњени RPAAW BABRAWHNS

На реверсот е поставен Христос, со зрнест нимбус и крстести 3раци, стои пред правоаголен супеданеум. Со десната рака благословува, а во левата рака држи евангелие. Покрај левиот бок му виси крајот од наметката. Во висина на главата е зачуван дел од иницијалите на Хрис-Тос. } 4 Од левата и десната страна на Христовата претстава се наоѓаат по една вертикална низа петокраки звезди, а по една звезда од левата и десната страна на аглите завршува со по три пунктирани точки. Аверсот и реверсот се обрабени со пунктирани точки. Кај С. Љубиќ7 нашиот примерок го има реверсот од врста II, таб. X, бр. 20, а аверсот од врста III Таб. X, бр. 24, додека кај Р. Мариќ8 примерокот на Т. XVII 18/- 19, односно тип У (кичевско депо) идентичен со нашиот. Кон овој примерок на Волкашинивиот динар го вклучуваме и примерокот што го дава С. Димитриевиќ во својот труд „Нове врсте српског средњевековног новца“9 (Сл. 54-53).

Во врска со истоветниот реверс кај монетите на Волкашин, Андреја, Марко, Гропа и други, С. Димитриевиќ претполага дека се работи за една и иста ковница, дека таа се наоѓала на југ на земјата и дека би можело тоа да биде Охрид, во кој во античко, па и во турско.време се наоѓала ковница за пари. Кај монетите | и 2, со исклучок на монетата 3, на реверсот, покрај левото раме на Христос се наоѓа слободно поставена ознака X.

4. Динар на кралот Марко

Монетата е оштетена. Пречник 17 мм, тежина 0,95 гр. Во полето на аверсот се наоѓа натпис во пет хоризонтални редови, нецелосно зачуван. На реверсот е преставен Христос, со фигура на која не постои пластичност, но со препознатливи зрнест нимбус и крстовидни зраци, стои пред правоаголен супеданеум. Со десната рака благословува, а во левата рака држи евангелие, покрај левиот бок му виси крајот од наметката. Во висина на главата се иницијалите на Христос. а хе од левата и десната страна на Христос се наоѓаат по една вертикална низа звезди петокраки;, по една звезда се наоѓа од левата и десната страна на Хрис-ТОС, во супеданеумот. Супеданеумот од надворешната страна, на аглите, завршува со по три пунктирани точки. Реверсот и аверсот се обрабени со пунктирани точки. Во каталогот на С. Љубиќ, овој примерок е идентичен со врста II, Таб. XI, бр. 3;10 кај Р. Мариќ тоа е тип II на Марко, а продолжение на тип У Вукашинив!",11 односно Т. XVIII 9/10 (кичевско депо).

Илустрација, стр. 137

5. Динар на кралот Марко

Идентична е со претходната монета Ор. 4. Оштетена, со пречник 16 мм а тежина 0,80 гр. Според тоа, и неа ја сместуваме според каталогот на С. Љубиќ, во врста III, Таб. XI бр. 3, а според Р. Мариќ продолжение на тип У Вукашинов, односно Т. XVIII 9/10 (кичевска остава).

6. Динар на крал Марко

Идентична е со претходните монети бр. 4 и 5. Оштетена, со пречник 18,5 мм, а тежина 1 гр. Во каталогот на С. Љубиќ тоа е врста III Таб. XI бр. 3, а според Р. Мариќ е тип II на Марко, а продолжение на тип V Вукашинов, односно Т. XVIII 9/10 (кичевско депо).

Констатираната словна ознака X кај монетите-динари на Волкашин се јавува и кај монетите на Марко, поставена покрај левото рамо на Христос. Крали Марко кове монети под свое-име непосредно по смртта на татка си Волкашин 1371'?12 и, веројатно, во истата ковница.

7. Имитација на матапан од венецијанскиот дужд Лоренцо Тиеполо

Монетата е зачувана. Пречник 17 мм, а тежина 1,25 гр. Во полето на аверсот се наоѓаат две претстави: дуждот Лоренцо Тиеполо прима знаме од Св. Марко, заштитник на градот Венеција, со десната рака, а во левата рака држи папирус. Св. Марко има зрнест нимбус околу главата, а во левата рака држи евангелие. Сферично, одлево надесно покрај дуждот и Св. Марко се наоѓа натпис, оштетен, но се чита

и..ТеуФТ,. SHV.

LOREVLD TIEPOLO SV. MARKO VEM

На реверсот е претставен Христос, кој седи на трон со висока потпирка. Околу главата има зрнест нимбус со паралелни крстовидни зраци, на колената евангелие, а покрај левиот бок му виси наметката. Тронот е изведен од пунктирани точки. По три групирани точки се јавуваат на краиштата од тронот. Покрај главата на Христос се неговите иницијали Іе „а под левиот и десниот лакот, слободно во просторот, се наоѓаат крстови. Речиси идентичен на нашиот примерок е примерокот што го дава Р. Мариќ, Т. LVIII / LIX бр. 13 (депо од Стоби), каде што на реверсот под лакотот на Христос се јавува ознака.

Имитацијата на венецијанските грошеви-матапани е обична појава во средновековното српско монетно ковање. Толку се добро ковани што често и не се разликуваат од оригиналите. Иако, кон крајот на XIII век, венецијанските власти официјално ќе протестираат до српскиот двор, Ке ги собираат и сечат имитираните матапани, но со имитирањето на матапаните ќе се продолжи и натаму. На тој начин и прочуениот италијанскиот поет Данте Алигиери (1321 г.), во своето дело „Божествена комедија“, го овековечил рашкиот крал, кој го емитува венецијанскиот ков.13 Таквата состојба, во однос на имитирањето на матапаните,14 ќе потрае се до Волкашина, кој веројатно за потребите на надворешната трговија во своите ковници ковел и пари што наполно ги имитираат венецијанските

8. Динар на кнезот Лазар

Монетата е оштетена. Пречник 17,5 мм, а тежина 0,80 гр. Обрабена е со пунктирани точки. Во полето на аверсот се наоѓа претставата на кнезот Лазар, седнат на престол без потпирка. На главата има затворена круна, изведена со по три точки. Косата му е во кадрици, со мустаќи и брада, поделена надве, а во десната рака држи скиптар со крст на врвот. "На престолот од левата и од десната страна се наоѓаат по три пунктирани точки. Хоризонтален натпис во два реда:

На реверсот се наоѓа претстава на Христос седнат на трон со висока потпирка. Околу главата Христос има нимбус изведен со пунктирани точки и крстовидни зраци. Во левата рака држи евангелие. Покрај левиот бок му виси дел од наметката. Тронот е изведен со пунктирани точки, а на краиштата завршува со по три точки. Покрај главата на Христос се неговите иницијалиј(, учи а од левата и од десната страна на тронот во полето се наоѓаат ознаките МЈ и . Овој примерок го го наоѓаме во каталогот на С. Љубиќ, како врста I, Таб. XI, бр. 11,15 а кај Р. Мариќ како тип II, Таб. XX, 3, 4.16

Илустрација, стр. 139

Монетата е искована во времето кога Лазар носи титула кнез, а според историските извори, тоа е времето по смртта на Душан, односно владеењето на Урош и по него. па се до неговата смрт во 1389 година.17 Во последните децении на XIV век, во тие бурни и немирни времиња за балканските земји, кога Турците го кршат отпорот на и така веќе ослабената и разединета српска средновековна држава, паѓаат едноподруго територии во нивните раце, почнувајќи од Македонија. Така и Скопје, во 1392 година, ќе им биде предадено на Турците од страна на Вук Бранко-ВНК, во кое ќе се смести турска управа, а со тоа и ќе почне нивното владеење во овој град. Според тоа, на мислење сме дека ова депо било закопано во земја од страна на неговиот сопственик, негде пред 1392 година или непосредно потоа.

Белешки

  1. По добивањето на монетите, од страна на инж. арх. Коњевиќ Милан, шеф на објектот на ГП „Бетон“ и посочувањето на локацијата на наодот, потпишаната, тогашен археолог-конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје, изврши ревизионо испитување, но тоа не даде резултати. ↩
  2. Историја народа фнрј, књига I, 1953, Београд, 397. ↩
  3. Мариа P., Студије из српске нумизматике, Београд, 1956, 102. ↩
  4. Димитријевић С., Нове врсте српског средњевековног новца, Старинар IX - X, Бгд. 1958-1959, 143. ↩
  5. Љубић Р., Опис југославенских новаца, Загреб 1875, 156. ↩
  6. Mapuh Р., Студије из српске нумизматике, Београд, 1956, 88 (хронолошката класификација ја извршил Б. Сарија, врз основа на кичевското депо). ↩
  7. Љубић С., 154-156. ↩
  8. Марић Р., Студије, 88. ↩
  9. Димитријевић, С., наведеното дело, 155. ↩
  10. Љубић С., навед. дело, 157-158. ↩
  11. Марић Р., исто, 89. ↩
  12. Марић Р., 89. ↩
  13. Јиречек К., Историја Срба, Београд, 1952, 292. ↩
  14. Марић Р., исто 96. ↩
  15. Љубић С., 161. ↩
  16. Марић Р., 96. ↩
  17. Јиречек К., 320. ↩
  18. Mapuh P., 96. ↩

Summary

Medieval Serbian Silver Coins Unearthed on the Locality "Stara Skopska Carsija"

GORDANA SPASOVSKA DIMITRIOSKA - Kiéevo

While carrying out the groundwork for the complex „Мизеит Buildings* on the locality Stara Skopska éarSija* (old business district of Skopje) in Skopje in 1972, some medieval 5егbian silver coins were accidentally unearthed which were a part of a dispersed hoard of coins. Only eight coins were gathered i.e. three dinars of king VolkaSin (pics. 1 and 2); three dinars of king Marko (pic. 4); one dinar of duke Lazar (pic. 7); and one matapan-imitation of the coin of the Venetian doge Lorenzo Tiepolo (1268–1275) (pic. 8). The earliest minted coins from the presented ones are those of VolkaSin on which he has the title of king i.e. after 1366. The coins were buried by their owner somewhere towards the end of the 14 th century, more exactly before 1392 or after it when Vuk Brankovié surrendered Skopje to the Turks.

(Translated by Radmila Radevska)