Macedoniae acta archaeologica 6 (1980) · стр. 123–133
Маркови Кули, Водно, Скопје, 1978
Содржина
Овој локалитет е веќе претставен на јавноста!.1 И во 1978 година заштитните интервенции беа сосредоточени на највисоката тераса - акрополата на рановизантискиот град. Повеќе индиции укажуваа дека оваа акропола е обновена и во зрелото византиско-словенско време, кога се јавува како „град Upnue“?.
Истражувана е градбата што лежи источно од челната кула и просторот што е досега истражуван, приближно во центарот на акрополата. Во прашање е поголема градба сложена најмалку од 3 одвоени крила, а поставена под карпеста чука, која е највисокиот дел на акрополата. Работено е на средишното, репрезентативно и, несомнено, главно крило на градбата. Големо е 22,55 x 11,90 м во правец север-југ. Сигнирано е како зграда A (ел. 1).
Во текот на Првата светска војна, во јужниот дел на оваа градба било вкопано големо воено засолниште, длабоко до 3 м под нивото на теренот. Пред една деценија, при пошумувањето на овој потег, беа просечени длабоки бразди за садници и со нив пробиени зидови и подови до значителна длабина. Источниот дел на зградата во целата своја должина значително е симнат и урнат низ падината. Теренот на тој дел не пречека со нивелета пониска од подот во зградата. Челниот, источниот зид беше најмногу урнат.
Остатоци од зидови извираа на просторот на целата зграда, но на многу различни нивелити. Вака раскопаниот терен, со висинска разлика до 4 м меѓу највисоките и најниските остатоци, само ја навестуваше лошата состојба на објектот пред да го откопаме. Оваа слика ја потенцираа и грмушките од шимшир и трње прораснати низ целиот простор.
Со симнување на шутот и остатоците на културните слоеви целосно ја ослободивме основата на зградата. Таа има правоаголна форма, со мала девијација на јужниот крај и со фасада свртена кон исток. Пристапот до неа водел од запад. На таа страна се ширел голем полуотворен трем, по целата нејзина должина. Градбата имала многу доминантна положба над теренот што лежи источно, северно и јужно од неа. На тие страни теренот околу зградата паѓа стрмо надолу. Само западно од зградата теренот се издига во карпеста чука и ја закрилува, штитејќи ја наедно од планинскиот ветар.
ЕЛЕМЕНТИ НА ЗГРАДАТА
Главниот тракт на зградата се состои од три простории во низа и долг полуотворен трем пред нив.
Тремот (одделение !) е долг 20,50 м и широк 3,15 м. На краиштата бил затворен со масивни крилни зидови а отворен од предната страна. Бидот однапред е зачуван на краиштата, а сосем уништен во средишниот дел, кој е издигнат преку карпестата подлога. Овој зид е потесен и послаб од другите. Очигледно е дека имал функција на стилобат. Врз него веројатно стоеле дрвени столбови што ја носеле катната конструкција (чардакот) и покривот.
Краиштата на тремот лежат на значително пониска почва. Разликата е ублажена со насипување. За насип е користена чиста светложолта лапореста глина, донесена отстрана. Сепак, извесна разлика во нивелетите останала докрај, особено во северниот дел. Овој дел е истражен надолу2 до здравицата. Под подот е констатиран слој горетини, животински коски и парчиња рановизантиска огнишна грнчарија; најдена е и монета на Јустинијан 1.
Подот во тремот бил покриен со кошулка од бел варовен малтер. од тремот се влегувало во трите простории одделно. Откопани се две врати. Во тремот стоеле несомнено и скали (дрвени) за на кат.
Покрај c/3 агол на тремот се откопани остатоци од санитарен објект, граден од камен и дрво. На тоа место избива гола карпа со изразит пад кон север и една природна бразда низ неа. Врз карпата се поставени поголеми камења, како супструкција за лесна дрвена конструкција. Во длабината на карпата останале наталожени слоеви со карактеристичен состав и темна боја.
Од карпава на североисток води канал за отпадоци, 5идан од камен со малтер. Зачуван е во должина од 2,50 м; широк просечно 0,35 mM. Има рамно поплочено дно, со пад кон север. Културниот слој во него содржи парчиња византиска керамика.
Просторијата бр. 2 лежи на јужниот крај од градбата. Голема е 6,55 х 5,50 (5,25) м. Во неа се влегувало непосредно од тремот, а можеби и од соседната просторија 3. Вратата е широка 1,15 м. Прагот е зидан од камен и малтер, зајакнат однадвор и однатре со дрвени греди. Повисок е од подот за 0,15 м.
Подот во просторијата има подлога насипана од светол лапор, во слоеви дебели до 1,50 м. Овој силен насип е донесен некаде од околните ритчиња. Врз подлогата е ставена цврста бела малтерна кошулица, добро зачувана во с/3 агол. (ел. 2,3).
Ист состав и боја има и зидниот премаз, нанесен во дебел слој врз западниот и северниот зид. Премазот е најдебел во аголот а подниот слој во рабовите е изразито издигнат.
Две третини од површината на просторијава се пробиени со спомнатото засолниште од Првата светска војна. Тоа овозможило да се согледаат слоевите под подот, до здравицата надолу. Покрај источниот зид, во неговиот северен дел, е констатиран остаток од постара градежна фаза, имено, југоисточниот агол на првобитната градба од рановизан-
тиско време. Овој агол влегува за 1,35 м во просторијата 2. Значи, јужниот крај на средновековната зграда (А) е за 4,90 м подолг од постарата зграда под неа.
Јужниот зид на постарата зграда бил урнат во најголем дел. Камењата од него и покривните тегули (доцен коринтски тип)се паднати надвор, кон југ; нив ги констатиравме во најдолниот слој. Тоа се траги од некоја катастрофа. Половина милениј подоцна над овие урнатини била изградена средновековната зграда, а на ј/и агол дозидано ново јужно крило, со темели фундирани до истата длабина. И тие лежат врз жива карпа. (ел. 4,7).
Поради наклонот на теренот и општата нивелета на зградата А, новиот под е насипан до ниво повисоко за 2,50 м од темелите на источниот зид. Насипот се состои од чист лапор.
Просторијата бр 3 е голема 980 х 6,45 м и го зафаќа средишниот дел на зградата. има влез на западниот зид, поставен насреде, широк 1,40 м сл. 3. Вратата била очигледно двокрилна. Прагот е зидан од камен со малтер, зајакнат однатре и однадвор со дрвени греди. Подот лежи на подлога од чист лапор, а покриен е со кошулка од бел варовен малтер. Оваа останала зачувана најдобро во ј/3 агол. Бидовите однатре биле исто малтерисани.
Во средина на просторијата, наспроти влезот, во подот била вкопана квадратно-кружна јама; голема е 0,95 x 0,90 м, длабока до 0,40 ми има убаво моделирани зидови. Јамата служела веројатно како лежиште за подвижен мангал (?). Подоцна била засипана со отпадоци (сл. 2).
Источниот дел на просторијата е урнат под нивото на подот. На тој дел е стратиграфијата проследена до здравицата - карпа. Под наси-
пот се констатирани минимални остатоци од постара градба, од рановизантискиот период (VI век). Слојот покривни тегули е проследен со многу горетини.
Просторијата 3 служела веројатно како трпезарија (триклиниум). На тоа укажуваат нејзината големина и централната положба.
Просторијата бр. 4 лежи северно од трпезаријата, на нивелета пониска за 0,70-0,90 м од претходната. Голема е 6,50 x 4,20 м. При пошумувањето бил целосно урнат западниот ѕид, а во голем дел и јужниот. Тие делови лежеле плитко фундирани, врз издигната карпа. Теренот има изразит пад кон североисток и сли агол е урнат до значителна длабина. Подот е набиен од глина, со јасен пад кон север.
Според сите индиции, просторијата имала помошна функција во однос на претходните. Најверојатно тука била лоцирана кујна со остава.
ТЕХНИЧКИ ОСОБЕНОСТИ НА ГРАДБАТА
Бидовите на градбата се зидани од кршен плочест камен, залеан со цврст бел малтер, Однатре по зидовите, во висина малку над подот, биле вѕидани дрвени греди по целата должина на секој ѕид. Гредите се поврзувале во аглите. Денес од нив останале долги прави жлебови измазнети со малтер, со четвртест пресек.
Напред спомнавме дека и праговите имале дрвени гредички однатре и однадвор. Овој дрвен серклаж укажува веројатно на традицијата на дрвената архитектура од тоа време. Бидовите биле премачкани со малтер, како и подот. Малтерен премаз се гледа и на надворешното лице од јужниот зид. Источнот зид е украсен однадвор на јужниот крај со дерсување – опшивање на камења со испакнати зони од фин малтер. Ова лице е убаво сложено, со нагласени хоризонтални парчиња што се приделкани, како и со уфрлени тули.
Ова се украсни елементи што укажуваат на репрезентативноста на градбата. На нејзината посебна намена укажува и висока единствена нивелета, речиси еднаква во целата градба. Да спомнеме дека со ова планирање подот во просторијата 2 бил издигнат за 2,50 до 3 м над теренот
околу јужниот крај на зградата ! ‘
За насип е употребен чист бледожолт лапор, донесен во големи количества од некој соседен рид. И тоа зборува за натпросечниот квалитет и намена на градбата.
Зидовите се широки 0,70 - 0,78 м, масивни и цврсто градени. Очигледно е дека зградата имала кат, можеби и два. Скалите за на кат треба да се лоцираат веројатно на краиштата од тремот. По нив се искачувало на горниот трем - чардакот, а оттаму се-влегувало во катните простории.
Зградата и тремот биле покриени со единствен покрив со ќерамиди. Тегули и имбрекси се откопани во густ слој на просторот од целата зграда. Керамидите имаат типична византиска, комненовска форма и украсни елементи (сл. Ѕа, 6). Аналогни наоди се познати од Св. Софија во Охрид, од Варош кај Прилеп, Св. Пантелејмон во Г. Нерези и од скопскиот Горни Град (Кале). Датирани се од XI до XIII век, а во тој распон може да се следи и извесен типолошки развој".
Нашиот наод потврдува и еден нов технички детај, досега непотврден во стручната литература: според наодите, излегува дека врз дрвениот покрив прво бил нанесен слој фин малтер, а дури врз овој биле поставени тегулите. Тие биле свртени со избраздената страна надолу, за да легнат поубаво врз малтерот. Ова е потврдено на повеќе парчиња, втопени уште во малтерната подлога. Ова го потврдува и редоследот на слоевите, паднати врз подот: преку трагите од изгорените греди лежеше единствен слој фин малтер, врз него тегули и имбрици, а врз овие - камења и иден малтер од паднатите зидови.
Од дрвената покривна конструкција останале и железни клинци. Очигледно е дека зградата настрадала во пожар, во еден налет и целосно, а потоа била урната.
ДАТИРАЊЕ И КАРАКТЕР НА ОБЈЕКТОТ
Од подвижните наоди најпогодна за датирање е керамиката. Покривните тегули и имбрици имаат типични елементи (форми и украси) од времето на Комнените. Тоа го спомнавме и погоре. Од грнчарските наоди истакнуваме:
- Делови од глеѓосани чинии, луксузен византиски импорт. Применета е бледо и темножолта боја, кафеава, бледо - и темнозелена боја. Орнаментите се вцртани на внатрешната страна, пред печење и глеѓосување. На рабната зона се јавуваат флорални мотиви, а на едно парче, како централна претстава е насликана птица во лет. Стилот ги датира во доцниот XI и XII век“ (сл. 6).
- Делови од мала стомна, со фина фактура. Украсена е со бела боја: мотивите се линеарни, спирални. Карактеристична е за зрелото византиско време (XI — XIII век)?. Садот е најден во подот на трпезаријата
- Делови од голема амфора, од нерегистиран средновековен тип. Најдени се на исто место како и претходниот сад (Сл. 7).
Карактерот на зградата може да се согледа од елементите што ги спомнавме напред: со доминантна положба среде акрополата, потоа централно поставеното главно крило, изразито високо насипана нивелета и чист лапор носен отстрана, цврсти гидови за катна конструкција; малтерниот премаз на подовите и зидовите, однатре и дури однадвор. Димензиите на зградата и просториите во неа укажуваат на репрезентативна, несекојдневна намена. Распоредот на просториите во ансамблот укажуваат на истото. Пред нас е несомнено еден дворец, планинска резиденција и одморалиште на византиските управители или првенци од Скопје. Датиран е пошироко во времето на Комнените.
Macedoniae acta archaeologica ниеден пример. До крајот на средниот век вакви објекти биле градени кај
Дворци и палати се спомнуваат во тоа време и нешто подоцна во Скопје и во други места “. Меѓутоа, досега археолошки не е потврден нас најчесто од дрво и веројатно затоа не ги знаеме. За разлика од црквите, профаните градби од византиско - словенскиот среден век се сосем ретки. Во последниве години откопани се први вакви цврсти градби и кај нас, но се уште непроучени.Така, на скопскиот Горни Град (Кале), во с/3 агол, во 1957 година беше откопан долг фасаден зид на една репрезентативна градба веројатно палата, од ова исто време. Го карактеризираат многу3 бројни пиластри, потоа многу парчиња тули уфрлени во каменен опус, како и траги од дрвен серклаж. Стратиграфијата на слоевите до овој зид дала малку наоди прецизни за датирање, но спомнатите особености на зидот временски го определуваат најверојатно во времето на
Опус сличен на дворецот на Водно има и една градба откопана во 1976 година врз римскиот театар во Охрид: таа уште не е коментирана во стручната литература. Нешто помлади се профаните градби откопани на Маркови Кули во Варош - Прилеп, во секторот кај северната порта. Подвижните наоди се датирани во XIII и XIV век“.8 Студија за овие градби се уште нема; секако ќе биде интересно нивното споредување со нашиот објект на Водно. Треба да истакнеме дека и во рамките на целото некогашно Византиско Царство профаните градби останале слабо истражени. Сосем ретки се извештаите за наодите од вакви објекти, а посебни студии од оваа проблематика речиси нема".9 Ориентационо, ние може да укажеме на далечните аналогии од Мистра на Пелопонез до наодите од Пергамон, Ефез или далечниот Кипар. Јасно е дека треба да уследат, пред cè, низа вакви откритија на подрачјето на Македонија и соседните земји, за да може и градбата на Водно да добие поблиски аналогии, а преку нив и подлабоко вреднување.
Прикажаниот дворец ни олеснува да го сфатиме карактерот на „градот“ Чрнче. Тоа е, всушност, мала тврдина што ги контолирала словенските населби на Водно и доминантна стража над источниот дел на Скопско Поле. Наедно и одморалиште на скопските магистрати.
Под заштита на локалната посада, во тврдината се ширел дворе-
цот зафаќајќи го целиот средиштен дел на „градот“. Покрај него останувало малку слободен простор за други градби. Бараките за слугите и војниците биле стиснати најверојатно покрај градските зидови; тоа е вообичаена појава во замоците во Западна Европа. Конјушницата може да ја замислиме сместена во поголемата од двете цистерни, чиј северен зид сега е пробиен за влегување.
ЗАБЕЛЕШКИ
Ако на ова додадеме уште некоја работилница и помошни зградимагацини за храна, опрема, вооружување - просторот на целиот „град“ Чрнче е максимално пополнет. Тоа се, всушност, рамките на постарата акропола, од рановизантиското време. : Morgan, H,, ор. cit., 117 ff. Сп. и Бабиќ, Б., Културно богатство на Прилеп од У до XIX век /каталог/, Београд- Прилеп 1976, бр. 273, стр. 85.
" Во првиот извештај од ископувањата /Бабиќ - Микулчиќ, н.д. А.П. бр. 9, 1967, 50/, оваа градба с датирана произволно во Х!У ѕех. Меѓутоа, опусот на откопаниот зид го датира порано, најверојатно 50 XII век.
5 Како поважни работи на оваа проблематика наведуваме: Orlandos, А.К., Та platia kai ta spitia tou Mistra, A. Viz. M. E. 3, Atina 1937, 3-114; - Bouras, Ch., Houses and settlements in Byzantine Greece, ed. Doumianis - Oliver, Athens 1974. - Radt, W., Die byzantinische Wohnstadt von Pergamon, Kolloquium ,,Wohnungsbau im Altertum™, DAI, Berlin 1978, 199-223.
Белешки
- Никуљска, Н. – Микулчиќ, И., Маркови кули – Водно, Скопје – рановизантијски град, ArheoloSki Pregled br. 18, садј, Београд 1976, 96-98; - Истите, M. кули - Водно, 1976, Macedoniae Acta archaeologica vol. 4, Прилеп 1979; - Истите, M. кули- Водно, 1977, M. A. a. vol. 5, 1980. ↩
- Грујић, Р., Три хиландарске повеље, Зборник за историју Ј. Србије, Скопје 1936, 12-13 /повелба на кралот Милутин од г. 1299/1300/. ↩
- Алексова, Б., Покривни ќерамиди од црквата Св. Софија во Охрид, Зборник на Археолошкиот музеј во Скопје, кн. II, 1958, 48-54. - Во Музејот на словенската материјална култура во Вапрош- Прилеп се изложени повеќе вакви наоди од Варош, од XII до XIII век, необјавени. За податоците му благодариме на Б. Бабиќ. Исти вакви ќерамиди се откопани во 1967 година на скопскиот Горни град /Кале/ од ова време – сп. Babić, B. i Mikulčić, I., Skopsko Kale, Skopje, Arheoloski Pregled бр. 9, 1967, 48-50. Co конзерваторски работи на црквата во Г. Нерези истата година беа евидентирани и вакви тегули. како остатоци од најстариот покрив /ол 1164 година/ - сп. Бабиќ, Б.. Манастир Нерези - црква Св. Пантелејмона, A. П. бр. 9, 1967, 151-153. ↩
- За вакви мотиви и украсна техника, сп. Morgan, Ch. H., The Byzantine Pottery, Corinth, Results of Excavations, Vol. XI, Cambridge - Mass. 1942, p. 168 ff. – Исто и Даркевич, В. П., Светское искусство Византии, Произведения византийского художественного ремесла в Восточной Европе X-XIII века, Москва 1975, 215-233 и сл. 348-355. За истовремените наоди од Кале во Скопје, сп. Babić, B., Trouvaille scellée de poterie de table byzantine à Skopsko Kale, Archaeologia iugoslavica XII, Beograd 1971, 45-54, Pl. 1-8. ↩
- Jahre 1978. fiihrte das stadtische Museum zu Skopje weitere Ausgrabungen an dem friihmittelalterlichen Fundort Markovi Kuli, hoch am Berge Vodno neben Skopje. Die fesste Akropolis der friihbyzantinischen Stadt /6. Jh./ ist im 11-12. Jh. erneuert geworden und im 13. Jh. unter dem slawischen Namen ,,Burg Tsrnée“ schriftlich bestatigt. ↩
- In der Mitte der Akropolis dominiert ein grésseres СеБаиде, dessen Hauptteil im Jahre 1978. freigelegt wurde. Der Grundriss des Bautes zeigt einen Rechteck, der 22,55 x 11,90 m gross ist und aus drei nebeneinander geliegenen Raumen gebildet ist. Der Mitterlarum, 9,80 x 6,45 m gross, hat wahrscheinlich als Speisesal /Triklinium/ funktioniert. Vor den Каитеп erstreckt sich eine lange Veranda, von vorne mit einem Sockel geschlossen, der wahrscheinlich eine Reihe von hélzernen Séulen getragen hat. Vor dem Nordende der Veranda sind Reste von einem Klosett mit einem Abflusskandlchen ausgegraben. ↩
- Fussbéden in allen Raumen, wie auch die Wande, waren ти Kalkm6rtel geputzt. Die Mauern waren aus Stein mit gutem Mdrtel gebaut und von innen mit hélzerner Armatur stabilisiert. Das ganze Gebdude war gut niveliert, so dass der1 Fussboden am Siidende sich 2,50 т iiber dem ringsumliegenden Terrain erheben hat. Als Aufschiittung fiir5 die Fussbéden waren grosse Mengen von reiner Tonerde angehauft. . ↩
- grosse Nivelierung wie auch die Starke der Fundamente weisen auf das Bestehen eines weiteren Stockes hin. Den Aufstieg zum oberen Flur kénnen wir an den Enden der Veranda annehmen; gleich dem unteren Gestocke, fiihrte, wahrscheinlich auch von dem oberen Flur der Eintritt in die Oberstuben. ↩
- Dachzigeln - breite leicht gebogene Tegulae und schmale, scharf gebogene Imbrices - tragen Merkmale die man in die Zeit der Komnenen datieren kann. Unter den Kleinfunden treten glasierte byzantinische Gefasse hervor, die man in das 11. und 12. ЈП. datieren kann. ↩
- ausgegrabene Bauobjckt soll степ Hof und Sommerresidenz der byzantinischen Magistraten von Skopje darzustellen. In den unruhigen Zeiten des 13. Jh. war die kleine Burg Tsrnée zerstért, inmitten deren auch der benannte Hof, und spater nie wiederhergestellt. ↩
Zusammenfassung
Markovi Kuli- Vodno, Skopje, 1978
IVAN MIKULCIC - Skopje