Macedoniae acta archaeologica 6 (1980) · стр. 111–121
Резултати од истражувањата на локалитетот "Кале" Битола во 1978 година
општина Битола се почнати во најново време.1
Интересот за истражувањето на овој период во основа се базира врз пишаните извори од средновековниот период кои укажуваат на поголемото значење на ова подрачје. Ова посебно се однесува за средновековна Битола, како еден од позначајните градови на средновековна Македонија,2 според податоците што ги среќаваме во Повелбата на Василиј II, Јован Скилица и охридскиот архиепископ Теофилакт од XI век,3 како и податоците кај Јован Кинам, Никита Хонијат, Вилјем Тирски и арапскиот патописец Ел Идриси од XII век.4 Овие пишани податоци за значењето на средновековна Битола се надополнуваат и со т.н. „битолска плоча“ откриена во 1956 година при рушењето на Ески-џамија во Битола, каде што се споменува дека Јован Владислав подига град.5 Во основа, овие беа индициите да почнат истражувачките работи над средновековниот период на овој крај, со посебен акцент врз откривањето на локацијата на средновековна Битола. За оваа цел беше преземено рекогносцирање на околниот терен на Битола, при што како појдовна основа, освен писаните извори, беа и зачуваните преданија и легенди кај месното население на Битола и околните села, а посебно на зачуваните преданија кај жителите на с. Раштани.6
Со рекогносцирањето на теренот потесно се определи како претпоставка локацијата на средновековна Битола7 на локалитетот „Кале“, кој се наоѓа на доминантниот близок рид северо-западно од современата локација на Битола? (сл. 1). Локалитетот се наоѓа на надморска висина 862,80 no 894,15 м, каде што може да се распознаат две зарамнети платоа (источно и западно), на чија површина се среќаваат остатоци од градежен материјал: речен и кршен камен, фрагменти од тули, тегули и имбрекси, како и фрагменти од варовен малтер и керамички садови.
Според материјалните остатоци што се среќаваат по површината на овој локалитет, може грубо да се определат границите на локалитетот, кои изнесуваат околу 500 м во правец исток-запад и околу 190 м во источниот и 70 до 90 м во западниот дел, во правец север-југ. По изохипсата на теренот во границата на оваа површина е видлив изразит земјен насип, за кој претпоставуваме (но не и тврдиме) дека е надворешен бедем. Во внатрешноста околу западното плато, исто така е забележлив земјен насип кој од северната страна се потпира врз надворешниот земјен насип. Претпоставуваме дека овде се работи за внатрешен бедем. Најмногубројни површински наоди, како и видливи траги од зидови се среќаваат кај источното плато, кои пак беа индиција за поставување сонда. Со ископувањето на оваа сонда на површина од 81 м, се откри дел од олтарскиот простор на средновековен сакрален објект.8
Стратиграфски, кај оваа сонда се распознаваат два слоја. Првиот го сочинува хумус со примеси на растителни отпадоци. Под него следува културен слој, кој е составен од градежен шут. Шутот е составен од кршен и речен камен, фрагменти од тули, тегули и имбрекси, со различни димензии и форма, бигор, фрагменти од варовен малтер, керамика и аморфни фрагменти на мермер.9 Од овој слој се издвоени: фрагмент од мермерно прозорско мено и дел од мермерен довратник. Здравицата следува веднаш под културниот градежен шут и претставува жолтеникава ронлива спила врз која е подигнат објектот. Стратиграфска нарушеност на слоевите не е констатирана на целата површина на сондата, освен на просторот од централната апсида и проскомидијата, а настаната е од војнички ров од првата светска војна, бидејќи според исказите - тука се наоѓале позициите на француската војска.
Како што е претходно наспомнато, во оваа сонда е откриен олтарен дел (план 1) од сакрален објект во темелни остатоци (сл. 2). Се распознава централната олтарна апсида со дел од просторот на проскомидијата. Централната апсида, како и апсидата од проскомидијата во темелната основа, се полукружни. Полукружниот изглед апсидите го задржуваат и во внатрешноста, додека идните партии надворешно се
повеќестранично решени, при што: постои индиција дека централната била петтострана, а апсидата на проскомидијата е тристрано решена (са. 3). Северно од проскомидијата е откриен дел од простор (можно е да се работи за северната капела), со полукружна апсида вкомпонирана во кубичната маса на источниот зид (сл. 4). Освен откриените апсидални простори, на централната апсида, проскомидијата и северната капела, јасни се и влезните партии меѓу нив и укажуваат на меѓусебното комуницирање.
Индиции за ниво, односно под изведен од варовен малтер, може да се констатираат по остатоците кај проскомидијата:
Техниката на зидањето, како и применетата технологија, е доста солидна и се карактеризира со масовност на зидовите. Странично се изведени со правилно редење кршен и речен камен во варовен малтер, а внатрешноста на зидовите е исполнета со варовен малтер, поситен камен, кршена тула, а се среќаваат и аморфни фрагменти од мермер. Кај влезовите, довратниците се изведени од покрупни и правилно изделкани камења, од кои некои се бигор, за кој, според откриеното количество во текот на ископувањето, може да се констатира дека бил прилично застапен. Како граѓа бил употребуван и постар материјал, на што укажува обработениот мермерен фрагмент взидан во внатрешното лице на северниот дел од централната апсида. Исто така, извесен број тули употребени во зидањето укажуваат на нивната постара припадност. За порамнување на зидовите се применувало еден до два реда на тули, и тоа во внатрешното лице на зачуваниот дел од централната апсида.
Како што наспомнавме погоре, објектот е откриен во темелни остатоци, доста оштетен и се добива впечаток дека бил насилно разрушен.!д10 Покрај ова, констатирано е оштетување на објектот и од веќе споменатиот војнички ров од првата светска војна, кој го оштетил внатрешниот простор на централната апсида и проскомидијата, како и полукружниот ЅН на главната олтарна апсида. Во најново време објектот е оштетен и со пошумувањето од 1947-48 година.
Во текот на ископувањето посебно богати беа наодите од фрагменти на керамички садови, кои, според првите сознанија, се садови за
домашна употреба, а според фактурата, орнаментиката и формата припаѓаат кон средновековниот период. Би можеле да разликуваме неколку видови керамички садови од типот грнци, паници, амфороидни садови, како и садови за чување храна од типот питоси.11
Садовите од типот грнци по форма се јајцевидно-овални со рамно дно и широк отвор чии венци се извлечени на надвор. Венците завршуват заоблено, кај други се засечени, а кај трети профилирани (Т. 1, 1, 2, 4, 5). Изработени се од глина со помал или поголем интензитет на примеси од поситен или покрупен кварцен песок. Кај некои фрагменти е присутен и премаз од фина глина со траги од лискун. Бојата на печењето е неуедначена и се нијансира од светло до темно кафеава на одделни делови до светло, односно темносива на други делови.
Њ. Врз основа на внатрешниот пречник од околу 17-20 см кај питосите, претпоставуваме дека биле со значително поголема зафатнина (Т. I, 7, 8). Материјалот и технологијата на изработката се слични како кај садовите од типот грнци, со таа разлика што кај питосите смесата е покомпактна. Венците преминуваат од вертикален врат, хоризонтално кон надворешноста и завршуваат засечено или благо свиткани надолу.
Украсувањето на садовите е изведено претежно со чешлеста алатка, со повеќе или помалку запци. Алатката била послабо или посилно повлекувана по површината на садот и оставала поплитки или подлабоки траги, а некаде се забодувала во вертикални, хоризонтални и коси низи.
Според орнаментиката изведена кај фрагментите, можеме да разликуваме повеќе видови употребен мотив. Имено,
1. сноп од неправилно извлечени хоризонтални линии (Т. 1, 5);
2. сноп од четири коси убоди (Т. I, 3);12
3. сноп од четири хоризонтално изведени убоди во вид на отисок од засечен пирамидален завршок (Т. III, 8,9);
4. сноп од благо изведени брановидни линии (Т. III, 4);
5. сноп од брановидни линии со остро изведен завршок (T. III, 1,5, u
6. комбинација на снопови од хоризонтални, вертикални, коси и брановидни линии (Т. ГУ, 1,2,4,5);
7. пластично изведено ребро на реципиентот (T. IV,3); овие фрагменти се многу поретко застапени;
8. мрежест орнамент на реципиентот изведен со бела енгоба (Т. III, 7); од овој тип орнаментика досега е откриен само еден, посочениот фрагмент.
Досега откриените фрагменти од керамички садови можеме грубо да ги сместиме според средноевропската класификација, во средниот и младиот градишки тип според Ај3Нер'*, односно I и II градишки тип според Нидерле,15 датирани од 800 до 850 (за средниот или I градишки тип), односно 950 до 1150 (за младиот или П градишки тип). Според керамиката, локалитетот можеме да го датираме од IX век, како негов почеток, а самиот објект поради недоволниот број податоци широко го датираме од X до XIV век, што е наедно и крај на егзистирањето на самиот локалитет.
сесо И
Првите сознанија што ги стекнавме за хронолошката припадност на локалитетот и објектот го детерминираат како средновековен. На ова укажуваат повеќе моменти: фрагментите од керамичките садови и откриениот дел на објектот. Освен констатираниот материјал, употребен во зидањето на објектот, кој би можел да припаѓа кон постар период, нема други показатели што би укажале на припадност кон некоја друга фаза освен кон средновековната.16
Белешки
- Почетните резултати од проучувањето на пишаните извори, како и првите резултати од рекогносцирањето и сондажните ископувања на теренот на подрачјето на општина Битола, се изнесени во нашиот труд „Две средновековни населби на битолското подрачје - резултати од рекогносцирањето на теренот“, прочитан на Симпозиумот „Средновековни градови во Југославија“, одржан во Херцег-Нови, 1979 година (во печат во списанието „Балканославика“ Бр. 7). ↩
- Рачки Ф., Борба јужних Словена за државну неодвисност, Београд 1931, 55. ↩
- Византијски извори за историју народа Југославије, том III, Београд 1966, 112 бел. 111, 338 бел. 462, 354 бел. 555. ↩
- Византијски извори за историју народа Југославије, том IV, Београд 1971, 47 бел. 106, 128 бел. 57, 149-150; Недков Б., България и сьседните и земи през XII век, според географилта на Идриси, Софи, 1960, 39. ↩
- Мошин В., Битољска плича из 1017 године, Македонски језик, година XVII, Скопје 1966, 52. ↩
- Преданието за овој локалитет го добивме од Андон и Коста Комарчевски од с. Раштани. ↩
- Грбиќ М., Археолошки наоѓалишта во Македонија, Гласник, издание на Музејското-конзерваторско друштво на нр Македонија, број 9, вол., I, скопје 1954, 120 - врз основа на рекогносцирањето на Петар Мачкиќ. Според наведените податоци за локалитетот „Кале“, како што е означено во споменатата библиографска единица, не може да се добие појасна претстава дали се работи за ист локалитет. Не се совпаѓа надморската висина на локалитетот, растојанието од Битола, како и констатацијата дека се работи за античка населба. ↩
- Откриениот олтарски дел на овој сакрален објект дава можност и за втора претпоставка, дека овој локалитет може да биде средновековен манастир во непосредна близина на средновековна Битола. ↩
- Дебелината на двата стратиграфски слоја од оваа сонда изнесуваат 0,60 кај северната ивица и 1,50 м кај јужната, од што на хумусот отпаѓа 0,20 м кај северната и 0,50 кај јужната. ↩
- Тефик М., Кратка историја на битолскиот вилает, Битола 1911, 18. Во превод и оригинал се наоѓа во Историскиот архив - Битола. Преводот од турски јазик на македонски не е објавен. Податокот, што го земаме од Тефик Мехмед, споменува: дека Битола, при крајот на XIV век, била разрушена до темели од страна на османлиите. ↩
- Во овој преглед ќе ги изземеме од обработка садовите од типот паници и амфороидни садови. Тие ќе бидат предмет на обработка во некој нареден труд, кога ќе биде обработена керамиката од локалитетот. ↩
- Аналогија види: Бирташевић М., Средновековна керамика, Каталог II Музеја града Београда, Београд 1970, 60, каталошка единица 48, табела, V, 1.; Korošec J., Staroslovansko grobišče na ptujskem gradu, Monografija I, SAZU, Ljubljana 1950, 290 T. sl 41. ↩
- Аналогија види: Бирташевић М., нав. дело, 65, каталошка единица 75, т. VIII, 4; Корошец J., нав. дело, 35 сл. 5,292 Т. сл. 54. ↩
- Бирташевић М., нав. дело, 11 ↩
- Нидерле Љ., Словенска старине, Нови Сад 1954, 246. ↩
- Археолошкиот материјал, како и објектот што е во тек на откривање, уште еднаш ја доведуваат во прашање констатацијата за античка населба, доколку се работи за ист локалитет - види забелешка 7. ↩
- GORDANA FILIPOVSKA - Bitola ↩
- PECE SRBINOVSKI - Bitola ↩
- The exploration of the medieval period of the Bitola area was based on the written data from the 11th and 12th centuries. Most of them point to the significance of medieval Bitola. Since nothing was known about its location, research work for recognition of the surrounding terrain of the present Bitola was undertaken. Besides the written data we also took into consideration as a starting point the oral traditions of the people living on this area. ↩
Summary
Тне results from тне exploraтions on тне localiтy "Kale" in тне viciniтy of Битола in 1978
Summing up all the results of the first exploration on terrain the location of medieval Bitola was more difinitely determined, as a supposition to have been on the dominant hill which is north-west of present Bitola and which is known as ,,Kale“ by the people. Various material remains can be found on the surface of this terrain the number of which was an indication to start a trial excavation and archaeological research work.
When the archaeological exploration was carried out in 1978 on a trial excavation area of 81 square metres, a part of the altar space of a medieval sacral structure was discovered. The excavated part of the building as well as the archaeological material, especially the fragments of ceramic vessels, determined the locality as medieval. According to some fragments of ceramic ware the locality can be dated chronologically from the 9th century as the beginning of its existence while the excavated part of4 the building, as it still has not been entirely researched and because of lack of data, can be widely determined to the period from 10th to 14th centuries as the end of existence not only of the building but also of the whole locality.
On the area of the trial excavation no materials of other periods but medieval were found which was one of the evidences to identify the locality as location of medieval Bitola or a medieval monastery. Materials dating from periods after the 14th century were not found which on the other hand confirms some of the written traditions that when Bitola was conquered by the Turks, it was completely destroyed, and the town later developed on the present location.
(Translated by Radmila Radevska)