Macedoniae acta archaeologica 5 (1979) · стр. 113–129

Една доцноантичка гробница од Штипско

Содржина
  1. ОПИС НА ГРОБНИЦАТА
  2. НАОДИ
  3. ©E@ ССУТНРГ АСКАНШО
  4. ПОВРШИНСКИ НАОДИ
  5. ЗАКЛУЧОК

Гробницата беше откриена во пролетта 1976 г., во месноста Говедарски Пат кај с. Црвулево.

Локалитетот се наоѓа на оддалеченост околу 400 м североисточно од селото, на десниот брег на PyAauKa Река и лево од патот што води до с. Руљак и понатаму кон планината Плачковица. Треба да се наспомне и тоа дека нешто подалеку, на околу 2,5 км, се наоѓа рановизантиска Баргала,1 а на оддалеченост од 4 км раноримска Баргала.

Овој терен претставува зарамнета тераса со благ пад од исток кон запад. Градежен материјал: камен, тули и покривна керамика, како и фрагменти од керамички садови, се видливи на простор од 7 до 8 декари. Целиот терен е обработлива површина и влегува во атарот на с. Црвулево. Според податоците добиени од селаните, археолошки материјал е наоѓан и во самото село.

Народниот музеј од Штип беше известен дека при обработка на нива со трактор плугот закачил голема камена плоча и ја превртел, со што била откриена зидана просторија. По посетата на локалитетот беше констатирано дека се работи за зидана гробница.2

Иако нашата интервенција беше благовремена, за жал, како и во многу други слични случајни откритија, дивото копање не ја прескокнало и оваа интересна и, на ова подрачје, засега единствена доцноантичка гробница.

Конструкцијата на гробницата беше претрпела мали оштетувања, а земјата во неа испревртена. Остеолошкиот материјал во поголем дел веќе беше дислоциран. Погребниот инвентар исто така дислоциран, а дел од него и ограбен.

Уште пред да се почне со чистење на гробницата, врз основа на четирите черепи, од кои три беа веќе дислоцирани и исфрлени надвор од гробницата, можеше да се насети дека е во прашање фамилијарна гробница во која биле погребани најмалку четири лица.

Илустрација, стр. 114

ОПИС НА ГРОБНИЦАТА

Гробницата се појавува на длабочина 40--50 см од површината на земјата. Градена е од приделкан камен, големи необработени камени плочи од сив шкрилец, керамички плочи — тули и розов (хоросаН), како СВр30ВеН материјал. Правоаголната просторија, со ориентација северозапад -- југоисток, 5идана е од приделкан камен, а горните партии на надолжните зидови се изведени со по пет реда хоризонтално поставени тули во техника на испуштање на редовите. Подната конструкција е изведена со керамички плочи поставени во малтерна основа. (Т. III и Са. 1) Димензии на плочите: 33Х26Х3,5 см, и ЗаХ13х3,5 cm, Гробницата е покриена со три необработени масивни плочи од сив шкрилец, од кои две се со димензии: едната 18010015 см, а другата 17051055217 см. Димензии на внатрешниот простор на гробницата: должина 224 см, ширина 120 сми висина 100 см. На југоисточната страна од гробницата постои истурен влез со правоаголна основа, низ кој биле внесувани покојниците Димензии: ширина 63 см, висина 62 и должина 26 см. Влезната партија е градена во комбинација на приделкан камен и тули, а како надвратник е употребена камена плоча. Основата на влезот не е поплочена. Од надвор влезот е затворен со масивна камена плоча. (T. Ши Ca. 1)

Доцноантички некрополи, односно гробови и гробноци на територијата на ср Македонија се едни од најчестите наоди. Од досега публикуваните ќе ги наведеме следниве: доцноримските гробови од Скупи?3 доцноримската гробница од Драчево,4 некрополата од Пеце терица5 гробницата од PoKomuja,®6 доцноримската гробница од Побужје,7 Римскиот гроб од Зајас,8 Западната некропола од Стоби9 и т н.

Гробницата од с. Црвулево, и покрај тоа што временски одговара на наведениве наоди, по својата конструкција може да се издвои како посебен тип зидана гробница. Извесни паралели можеби можат да се бараат во некои од 5иданите гробници од доцноримската некропола од Скопје.10

Најблиска аналогна сепулкарна конструкција наоѓаме во гробниците на западната некропола на античка Дукља,11 како и кај една од римските гробници од Белград,12 која је градена како и нашата гробница, во техника на испуштање на редовите.

Иако во многу помала мера, аналогни се и некои од конструкциите на ранохристијанските некрополи од Салона,13 гробницата од Читлук,14 доцноантичкиот мавзолеј од Typ6e15 и ранохристијанските гробници од Болевац16 и Ниш.17

Анализирајќи ја конструкцијата на гробницата од с. Црвулево, а истовремено и споредувајќи ја со наведените аналогии, можеме да констатираме дека таа претставува преоден тип од доцноримските зидани кон ранохристијанските засводени гробници.

Ст 2
Ст 2
Ст. 2
Ст. 2

НАОДИ

Дебелината на земјениот слој во гробницата пред почетокот на нејзиното чистење изнесуваше 40--50 см. И покрај тоа што земјата во гробницата беше скоро сета испревртена, а со тоа и остеолошкиот материјал во поголем дел дислоциран, сепак врз основа на истиот успеавме да констатираме четири скелети, од кои три на возрасни лица и еден скелет на дете. (T. III и Са. 1) Ориентацијата на скелетите е северозапад — југоисток, со лице свртени кон југоисток.

На северозападната страна од гробницата, близу до северниот агол, беше откриен единствениот in situ череп. (Т. III) Другите черепи беа најдени исфрлени надвор од гробницата. Од десната страна на черепот беа откриени неколку предмети од погребниот инвентар: една сребрена игла, коскен предмет украсен со релјефно изведена претстава на човечка фигура, две стаклени шишиња, од кои едното е добро зачувано, а другото делумно, како и неколку ситни фрагменти од стаклен сад украсен со канелури. Од истата страна, во висина на рамениците, беше откриена мала сребрена медицинска алатка. Погребниот инвентар индицира скелет на женско лице.

Покрај североисточниот ѕид, Кај што оштетувањата направени со дивото копање (од страна на нестручни лица) се најголеми, се наоѓа голем број коски од дислоцирани скелети. Во овој куп коски карактеристична појава се остатоците од скелет на дете. Од погребниот инвентар овде беа утврдени: мала бронзена тока, бронзен полукружен оков, мал стаклен прстен, поголем број фрагменти од железен предмет (наполно распаднат) и ситни фрагменти од тенок бронзен дим.

Од третиот скелет in situ се зачувани по една бутна и карлична коска, како и "рбетниот столб, а од четвртиот скелет само бутните и карличните коски. (T. Ш и Са. 1) Кај овие делумно зачувани скелети не се најдени никакви предмети.

Во исфрлената земја надвор од гробницата беа најдени: бронзена монета на Константин I, керамичка ламба — луцерна, една половина од железна ножица и еден фрагмент од керамичен сад.

Предмет од коска -- веројатно украсна игла чиј врв е фрагментиран и недостига. Во горниот дел иглата е украсена со релјефна претстава на машка фигура со наметка околу телото и висока фригиска капа на главата. Капата е назначена, а истовремено и украсена со неколку вдлабнати точки, додека наметака е назначена со една врежана хоризонтална линија и четири вдлабнати точки поставени во хоризонтала под линијата во висината на рамениците. На аглестото лице, кое во голема мера е шематски претставено во техника на врежување, јасно се назначени устата, носот и очите. Исто така се назначени и рацете на фигурата. Десната рака е прибрана кон градите, а со левата рака во која држи патера божанството — врши либација над правоаголен жртвеник на кој гори оган. Жртвеникот е поставен врз базис и е украсен со два врежани концентрични круга. Околу жртвеникот се обвива змија, нејасно претставена. (Са. 2) Фигурата е обработена и од задната страна. (Сл. 3) Димензии: зачувана должина на иглата 10,1 см, дијаметар од 0,5—1,3 см, височина на фигурата претставена заедно со жртвеникот 6,1 см, без жртвеникот 4,9 см.

Оваа интересна претстава на коскениот предмет изискува посебно внимание и проучавање.

Врз основа на облеката (наметката и капата), како и малиот

Сл. 4
Сл. 4

Телесфор, тракиско здравствено божество од кругот на Асклепиј (Ескулап). Можеби малку збунува слободната претстава на рацете, а самиот чин на вршење либација над жртвеник, што не е одлика на вообичаените претстави на Телесфор.

Во иконографски однос, разликуваме два типа Телесфор. При првиот тип тој е претставен заедно со другите здравствени божества Асклепциј и Хигија, како на пример: статуетата на Асклепиј од Медијана кај Ниш,18 потоа вотивната мермерна плоча на Асклепиј, Хигија и Телесфор од с. Река Девнја кај Варна,19 фризот од Пловдив,20 плочата од храмот на Асклепиј кај Ќустендил;21 и т н.

Кај вториот тип (Телесфор22 сам), освен овде опишаната претстава, познати се стопските теракоти со претстава на Teaechop. Од Бугарија ќе ја наведеме бронзената статуета на Телесфор во музејот на град Пловдив23 Но за нас, од посебно значење при идентификувањето на божеството претставено на коскениот предмет, претставува коскениот наод од еден римски гроб откриен во Михаиловград (Бугарија).24 Се работи за коскена игла релјефно украсена со човечка фигура. Релјефната претстава е скоро идентична со претставата на нашиот коскен предмет и е идентификувана со Телесфор. Постои минимална разлика, и тоа само во изведбата на фигурата. Фигуралната претстава од Михаиловград — за разлика од нашата — е повеќе шематизирана без назначување на детали.

Во случаите кога е Телесфор претставен сам, кај некои автори преовладува мислењето дека тој има специјален карактер како бог на магијата.25 Во таков случај наишов коскен предмет можеме да го прифатиме како амулет.

Почитувањето на ијатричката тријада Асклепиј, Хигија и Телесфор, како божества на оздравувањето, животот и смртта со функција на сотеро — ијатрички карактер на ова подрачје, потврдено е со вотивната камена плоча на која се претставени сите три божества. (Са. 4) Плочата е најдена на локалитетот „Батулица“ кај еден извор на околу 500 м североисточно од гробницата.

Натписот на споменикот гласи:

©E@ ССУТНРГ АСКАНШО

CEPBEIAIOC AEIBEPA

EYXAPICT@N AXEOE

„На богот-спасител Асклепиј

од благодарност му го подигнал (споменикот)

Сервилиј Ливера26 ѓе

Датирањето на споменикот паѓа во III в. од H. е.

Сребрена украсна игла со плочеста елипсовидна глава на која е преставена стилизирана лавовска фигура. Врвот на иглата е фрагментиран. Зачувана должина 9,5 см. Димензии на фигурата: 1,4X0,7 см. (T. I са. 1).

Медицинска сребрена алатка со кружна и плосната глава, косо поставена на долга рачка што недостига. Под главата алатката е украсена со врежани концентрични кругови. Неполната должина на алатката изнесува 9 см. (T. I са. 2).

Илустрација, стр. 120

Скоро идентична медицинска алатка е откриена во еден од доцноантичките гробови кај Вила рустика во Пештерица кај Прилеп.27 Слични алатки се констатирани и во наодите од Предјама28 и во римските некрополи од Ay6ana.29

Мала лиена бронзена тока со тркалезна алка R=2,5 см и продолжен трн чиј врв е свиткан и поминува преку работ на алката. Правоаголниот носач, со димензии: 2,1X1,8 см, составен e ОА две плочи прицврстени со една нитна. (Т. I са. 3).

Оовј вид токи, по своите карактеристики, се неримски, т. е. припаѓаат кон германскиот ТНМ токи. Обично се датирани кон крајот на IV и првата половина на V в.

Како аналогни на нашиов примерок ќе ги наведеме примероците од Археолошкиот музеј во Краков (Полска).30 и примероците од локалитетот Капела кај Земун!31

Бронзен полукружен оков. Оковот бил прицврстен за дрвен предмет со две клинчиња, од кои едното е зачувано. Димензии:

Мала железна овчарска ножица (една половина). Должина 14 см. (T. I са. 5).

Аналогни се наодите од Повирје32 и римските некрополи од Aby6- дана Бронзена монета на Константин I (807-337). Монетата е продупчена и елипсовидно обработена, што значи дека one носена како украс. R=20 мм.

AV. Овенчана царева биста ориентирана со профилот надесно. Натпис: IMP CONSTANTINUS PE33 AVG. (Ca. 5).

RV. Полуоблечен Сол со зрачеста круна на главата, ориентиран налево, десната рака е подигната и подадена напред, а во левата држи глобус. Натпис: SOLI INVI—CTO COMITI.™34 (Ca. 6)

Стакло. Фрагментирано тоалетно топчесто шише со бела боја. Се одликува со топчесто тело, конкавно дно, цилиндричен врат и инчесто разгранет обод на отворот. Височината на вратот приближно е еднаква со височината на телото. Димензии: висина 8,5 см, ширина на отворот 3,4 см, на телото 6 см, на дното 3,4 см, дебелина на зидот 1—3 мм. (Т. I сл. 6). ј; Тоалетните топчести шишања се јавуваат во III в.,35 но почесто се наоѓаат во гробовите од IV в.3

Илустрација, стр. 121

Паралели за овој вид стаклени шишиња наоѓаме во наодите од античка Дукља,36 Будва37 и Солин.38

Стаклено шише со цилиндрично тело, сосема кус врат, раширен обод на отворот и благо конкавно дно. Боја беда. Димензии: височина 8,5 см, широчина на отворот 4,3 см, на дното 3 см, дебелина на стаклото 1--2 мм. (T. II са. 7), Аналогни примероци се откриени во гробовите од античка Дукља39 и Будва.40 Едно цилиндрично шише од Дуклја сигурно е датирано во времето на Константин 1."

Овој тип стаклени шишиња обично се датира од средината на (II в.42 па се до доцниот IV B.

Слични примероци се застапени и во материјалите од римската некропола од Аполонија (Албанија)43 “"

Стаклен прстен, стаклена алка со темносина до црна боја. Прстенот однадвор е декориран со непрекинат цик цак орнамент. Овој орнамент е добиен преку вдлабнати триаглести орнаменти, поставувани наизменично од левата и десната страна на алката. Димензии: R=16 мм, широчина на алката 2 мм, дебелина 1 мм. (T. Il

Сл. 8
Сл. 8

Со оглед на малите димензии, јасно е дека се работи за прстен на дете, а тоа се потврдува и со самото место на наоѓање — ВО КУМОТ дислоцирани детски коски.

Слични стаклени прстени од римско време се евидентирани во Унгарија.44 Керамика. Од керамичките предмети беа откриени само една ламба — луцерна и еден фрагмент од сад.

Керамичка ламба. Типична доцноантичка ламба од неквалитетна глина со примес на крупнозрнест песок, кварцни зрна и лискун. Добро печена, боја светлоцрвена. Кружниот диск е со мала вертикална држалка, голем кружен отвор за налевање масло и кус клун со јазичест отвор за фитилник. На ламбата се забележливи траги од обгорено. (Сл. 7)

Според својот облик, оваа ламба се приближува кон типот XXVIII, според Broneer Овој тип ламби се датира во III и почетокот на IV в.45 Дискот им е украсен. Нашата ламба е без украс и претставува локална варијанта, а нејзиното датирање паѓа во IV в.

WparMeHT од керамички сад во форма на пехар. (Т. II са. 9).

ПОВРШИНСКИ НАОДИ

На овој локалитет, како што веќе истакнавме, на простор 7—8 декари се евидентирани многубројни површински наоди (фрагменти од керамички садови, градежна керамика — тули и сл.).

Меѓу овој површински материјал, како интересна појава, ќе ги посочиме следните наоди;

Фрагмент од мермерна плча (крупнозрнест мермер) со релјефна претстава на коњаник (веројатно трачки коњаник). ОА натписот е зачуван само фрагмент од првиот ред ......... УФОС.

Фрагмент од керамички сад типичен за халштатскиот период.46 (Т. II са. 10).

Фрагмент од стаклена белезика. (T. II са. 11).

ЗАКЛУЧОК

Сумирајќи ги резултатите од анализата на гробната конструкција, како и гробните наоди и нивните аналогии, можеме да кажеме дека гробницата временски припаѓа кон доцноримскиот, односно доцноантичкиот период. Нејзиното потесно определување во рамките на овој период го даваат веќе анализираните гробни наоди, меѓу кои во таа смисла како посебно значајни ќе ги наведеме: стаклените шишиња, бронзената монета на Констатин I и малата бронзена тока. Стаклените шишања од двата типа се датираат во III и IV в. Монетата, како што веќе рековме, носи траги од употреба како накит, што значи дека гробницата била во употреба и по владеењето на Константин 1. Бронзената тока која ги носи сите одлики на германскиот тип токи, датира еден погреб во првите децении на У в. Имајќи ја предвид констатацијата дека се работи за фамилијарна гробница во која биле погребани поголем број лица, како и другите погоре наведени фактори, можеме со голема сигурност да ја датираме гробницата во IV и првите децении на У в. - Што се однесува до локацијата на гробницата, може да се каже дека таа припаѓа во рамките на една мала некропола, лоцирана на североисточната страна од една помала доцноантичка населба.

Илустрација, стр. 127
Илустрација, стр. 127
Илустрација, стр. 127
Илустрација, стр. 127
Илустрација, стр. 127
Илустрација, стр. 128
ТАБЛА II
ТАБЛА II
Илустрација, стр. 128
Илустрација, стр. 128
Илустрација, стр. 128
Илустрација, стр. 129

Белешки

  1. Б. Алексова, Баргала — Брегалница во светлината на новите археолошки истражувања, Гласник на Институтот за национална историја, година XI бр. 3, Скопје 1967, стр. 5—82. ↩
  2. Досега на подрачјето на Штипска општина не се вршени истражувања на римските некрополи. Единствено при истражувањето на могилата на локалитетот „Крст“ во с. Таринци беше откриен богат римски гроб. Материјалот од гробот не е во целост објавен. M. Гарашанин — Д. Гарашанин, Ископувања на могилата на локалитетот „Крст“ во Таринци, Зборник на Штипскиот народен музеј II, Штип 1961, стр. 65--70. ↩
  3. И. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, кн. 26, Скопје 1974, стр. 109—145. ↩
  4. Б. Јосифовска, Две позноримске гробнице из Драчева, Жива антика VI, Скопје 1956, стр. 277—292. ↩
  5. К. Кепески, Северозападна некропола на вилата рустика во Пештерица kaj Прилеп, Macedoniae acta archaeologica 2, Прилеп 1976, стр. 205--218. ↩
  6. Б. Јосифовска, Римска гробница од Рокомија, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, кн. 12, Скопје 1959, стр. 197-212. ↩
  7. А. Керамидчиев, Доцноримска гробница од Побужје, Скопско, Жива антика XIII—XIV, Скопје 1964, стр. 143- 148. ↩
  8. е В. Битракова, Римски гроб од Зајас, Зборник на Археолошкиот музеј IV—V, Скопје 1966, стр. 95—97. ↩
  9. I. Mikučić, The west cemetery, Studies in the antiquities of13 Stobi I, Beograd 1973, 61—95. ↩
  10. И. Микулчиќ, н. д. стр. 109—145 ↩
  11. А. Цермановиќ, О. Велимировиќ-Жижиќ, Д. Срејовиќ, Античка Дукља „некрополе“, Цетиње 1975, додатак стр. 268 гроб 9 и стр. 269 гробници Ти 11. ↩
  12. Д. Гарашанин, Неколико римских гоубница из Београда, Музеј 2, Београд 1949, стр. 146—154, сл. 1. ↩
  13. A. Dygeve, Der althristliche Friedhof Marusinac, Forschungen in Salona III, Wien 1939; D. Rendi¢-Mioéevicé, Neue Funde in der althristlichen Nekropole Manastirine in Salona, Archaeologia Jugoslavica I, Beograd 1954, str. 53—70. ч ↩
  14. I. Bojanovski, Kasnoantičke grobnice na svod u Čitluku i njihova prethodna konzervacija, Naše starine IX, Sarajevo 1964, str. 103—122. ↩
  15. D. Sergejevski, Kasnoantički mauzolej u Turbetu, Glasnik Zemaljskog muzeja u Sarajevu NS. VI, Sarajevo 1951, str. 26—38. ↩
  16. Д. Петровиќ, Рановизантијска гробница у Бољевцу4 на Ибру, Старинар XV/XVI, стр. 246-247. ↩
  17. L. Mirković, La nekropole paleochretienne de Niš, Archaeologia Jugoslavica II, Beograd 1956, str. 85—100. ↩
  18. А. Јовановић, Неки аспекти проблема скупног налаза скулптура са Медијане код Ниша, Старинар XXIV—XXV, Београд 1975, стр. 57—65. ↩
  19. Тончева, Неиздадени култови паметници във варненския музей, Известия на варненското археологическо дружество, кн. XI, Варна 1960, стр. 71—94, обр. 33. ↩
  20. Б. Дякович, Фризът на здравеносните божанства, гнбмп I, 1921, стр. 127—178, таб. I. ↩
  21. Й. Иванов, Кыстендилският Хисарлък и неговите старини, иад, VII, 1920, стр. 74, обр. 45. ↩
  22. Đorđe Mano-Zizi et James Wiseman, Ephlorations archeologiques a Stobi 1970, Archaeologia Jugoslavica XII, Beograd 1971, str. 16—33, fig. 19. ↩
  23. Б. Дякович, н. д. стр. 147, бр. 5. ↩
  24. А. Милчев и Д. Пеков, Новооткрити находки от Михайловград (Монтана), Археология, кн. 3, София 1965, стр. 43—52, сл. 6. ↩
  25. Ibid., стр. 51. ↩
  26. За добиената помош при преводот на натписот му благодарам на A. Керамидчиев, кустос-советник при Археолошкиот музеј на Македонија — копје. ↩
  27. К. Кепески, н. д., стр. 212 T. IV, сл. 3. ↩
  28. J. Korošec, Arheološke ostaline v Predjami, Rasprave, dissertationes, SAZU, Ljubljana 1956, T. XXVIII sl. 19 1 T. XLVIII sl. 8. ↩
  29. S. Petru, Emonske nekropole, Ljubljana, 1972, T. XCII, crteži 15, 16 i 17. ↩
  30. Inventaria archaeologica, periode des migrations des peuples, Panstwowe wydawnictwe naukove / Lodz 1959, Pl. 15 (2). ↩
  31. D. Dimitrijević, J. Kovačević, Z. Vinski, Arheološki nalazi jugoslovenskog Podunavlja, Seoba naroda, Zemun 1962, str. 105, crtež 8. ↩
  32. N. Osmuk, Nove antične najdbe v Povirju, Goriški Letnik — Zbornik Goriškega muzeja 3, Nova Gorica 1976, str. 70—91, T. 4, crtež 3 . ↩
  33. S. Petru, n. d. T. LXXXIX, crtež 19. ↩
  34. O. Voetter, Katalog der Sammlung Paul Gerin, Wien 1921; М. Васић, Остава фолиса у Народном музеју у Београду, Зборник Народног музеја V, стр. 185—193 сл. 10. ↩
  35. C, Isings, Roman Glass from dated Finds, Groningen / Djakarta 1957; A. Cermanovi¢-Kuzmanovi¢, Late Roman Glas from Doclea, Archaeologia Jugoslavica IX, Beograd 1968, str. 31—47. ↩
  36. А. Цермановић-Кузмановић, О. Велимировић-Жижић, Д. Срејовић, н. д. стр. 171, цртеж 41. ↩
  37. A. Cermanović-Kuzmanović, Pregled i razvitak rimskog stakla u Crnoj Gori, Antično staklo v Jugoslaviji, Arheološki vestnik 25, Ljubljana 1974, str. 175—190, T. II, crtež 15. ↩
  38. V. Damevski, Pregled tipova staklenog posuđa Hrvatske u doba Rimskog carstva, Antično steklo v Jugoslaviji, Arheološki vestnik 25, Ljubljana 1974, str. 62—87, T. VIII, crtež 2. ↩
  39. А. Цермановић-Кузмановић, О. Велимировић-Жижић, Д. Срејовић, н. д. стр. 170—171, цртеж 42. ↩
  40. A. Cermanović-Kuzmanović, Pregled i razvitak rimskog stakla... str. 175—190, T. II, crtež 10. ↩
  41. А. Цермановић-Кузмановић, О. Велимировић-Жижић, Д. Срејовић, н. д. стр. 172. ↩
  42. C. Isings, Roman Glass from dated Finds, Groningen / Djakarta 1957, 120—121, from 102 a, b. oj a ↩
  43. A. Mano, La nekropole D'apollonie, Iliria III, Tirana 1975, str. 163—263. Pl. III, sl. ↩
  44. Art Antique au musee deri de debrecen et dans dautres collection Hongroises, Buletin du musee Hongrois des Beaux — arts, N 48—49, Budapest, 1977, 5—47, fig. 30. ↩
  45. T. Szentleleky, Lamp of the Third century7 A. D., Ancient Lamps Vol. J, Akademiai Kiado, Budapest 1969, 109—113.; O. Broneer, Corinth, Vol. IV. Part. II, Terracotta Lamps, Combridge — Massachusetts 1930. ↩
  46. TIpHcycTBOBO На овој фрагмент од керамички сад типичен за халштатскиот период не е изненадување. На ова подрачје се регистрирани значајни локалитети од овој период. Види: М. Гарашанин -- Д. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу P адању, на локалитету „Криви Дол“, Зборник на Штипскиот народен музеј I, (1958--1959), Штип 1959, стр. 9—60; И. Микулчиќ, Могили од „Орлова Чука“ кај секо Караорман, Зборник на Штипскиот народен музеј 11, (1960—1961), Штип 1961, стр. 47—65. ↩

Summary

One Late Antique Crypt in the Region of Štip

The crypt was discovered in 1976 while tilling the soil on the archaeological locality »Govedarski pat« in the vicinity of the village »Crvuljevo«. Not far from the locality at about 2.5 kilometres there is an early Byzantine Bargala and a little further at about 4 kilometres an early Roman Bargala.

The rectangular space of the crypt was built of trimmed stones, while the upper part of the side walls were made of ceramic tiles — bricks in the technique of omitted rows. The floor was paved with ceramic tiles while the roof construction was made of big uprocessed stone tablets. On the south-east side of the crypt there is a sticking out entrance the base of which 15 rectangular. The entrance is closed by a stone tablet from the outside (Pl. I and pic. 1). The crypt orientation is northwest-southeast. The dimensions of the inner space of the crypt are: length of 224 cm., width of 120 cm. and height of 100 cm.

On the base of the analysis of the crypt construction it has been concluded that it represents a transitional type from the late antique built crypts to the early Christian vaulted crypts. :

family crypt is at stake here in which at least four persons were buried.

From the grave findings we shall list the following ones: bone objects ornamented with relief presentation of god Telesphor (pics. 2 and 3), a silver needle with presentation of a lion figure (drawing 1), a medical silver tool (drawing 2), a bronze plate (drawing 3), two glass bottles (drawings 6 and 7), a bronze coin of Constantine I (pics. 5 and 6), and so on. A votive marble plate of the medical triad of Asklepije, Higija and Telesfor was found near the crypt (pic. 4).

On the base of the analysis of the grave construction, the grave findings and their analogies as well as the fact that it was a family crypt in which5 more persons were buried we may draw a conclusion that this crypt belonged to the late antique period and that it was used for a long time during the 4th and the first decade of the 5th century.

As for the locality of the crypt it may be said that it belonged to a necropolis which was located on the north east side of a small late antique settlement

Radmila Radevska

ТАБЛА 1