Macedoniae acta archaeologica 5 (1979) · стр. 99–111

Резултати од ископувањата во 1976 година

Сондажните ископувања на т. н. сектор IV во Хераклеја Линкестис, вршени во 1976 r. беа од заштитен карактер.1 Поставувањето на секторот беше индицирано од ископаната површина во дворното место на претпријатието „Авторемонт“., од страна на Народниот музеј Битола во 1963 r. а откриениот објект2 во литературата беше означен како крстилница или сакрален доцноантички објект3 За да се добие појасна слика за објектот, во текот на ископувањето во 1976 г., беше решено да се расчисти сондата од 1963 т., при што се покажа органска врска кај еден ист објект.

Според првите сознанија што ги добивме за овој објект, дефиниран е неговиот карактер како профан, при што јасно се разликуваат неколику простории наречени: просторија А, просторија Б, просторија со хипокауст и јужна просторија (шема 1), со мозаични подови во просторијата А (во два нивоа) и просторијата Б. Врз самиот објект беа констатирани повеќе фази, кои ќе ги наречеме: фаза I, фаза II, фаза ШТ. Во источниот леа од просторијата Bb, на ниво под мозаичниот килим, видливи се остатоци од зидови на некоја постара градба, која ќе ја наречеме нулта фаза. Фазите се констатирани според зачуваните зидови, нивоата — поединечно зачувани во просториите и во помала мера, од подвижниот археолошки материјал.

На I фаза и припаѓаат: западниот преграден ѕид на просторијата A и просторијата Б (Шема 1, легенда 1); северниот преграден ѕид на просторијата Б (Шема 1, Легенда 35); потоа, преградните зидови, столпчињата, нивото од тули во варов малтер (наместа само нивните отпечатоци), во просторијата со хипокауст (Шема 1, легенди 4, 5, 19, 21, 22, 22a, 23); како и северниот преграден ѕид на јужната просторија (кој е наедно јужен прегледен зид на просторијата А), нивото од тули и западниот преграден зид (Шема 1. Легенди 11, 13, 16). Нивоата од оваа фаза во просториите А и Б би биле мозаичниот под I во просторијата A и мозаичниот под во просторијата Б (Шема 1, Легенди 8 и 37).

Втората ни е посведочена со најмал број показатели, па е можно да не претставува целосно развиена фаза од животот на објектот.

Кон оваа фаза најевидентно припаѓа зидот со правец Ј--3, С--И во

Илустрација, стр. 100

јужната просторија, во кој беше вѕидано торзо на помала античка статуа (Шема 1, легенди 17 и 18). Претпоставуваме дека ниво на оваа фаза е мозаичниот под II во просторијата A (Шема 1, Легенда 12). иако има индиции тој да и припаѓа и на III фаза.

Првата и Џ фаза ги карактеризираат зидовите градени од камен во варов малтер. Кај зидовите од првата фаза, во малтерот се среќаваат траги од кршена тула, како и употреба на тули за израмнување на зидот. Овие елементи не се констатирани кај зидот од II фаза. Според начинот на зидањето, зидовите од I фаза се многу посолидно изведени, што не е случај кај зидот од П фаза.

Третата фаза на овој објект ја претставуваат градбите, односно ѕидовите од камен и кал констатирани во јужната просторија и просторот западно од просторијата А (Шема 1, Легенди 14 и 2). Траги на ѕид од камен и кал, сочувани во еден ред, се констатирани над остатокот од преградниот ѕид на I фаза меѓу просторијата А и јужната просторија (Шема 1, Легенди 14 и 2). Траги на зид од камени кал, зачувани во еден ред, се констатирани над остатокот од преградниот зид на I фаза меѓу просторијата A и јужната просторија (Шема 1, Легенда 11а). Нивоата на оваа фаза се констатирани во јужната просторија, просторијата со хипокаустот и во просторот западно од просторијата А (Шема 1, легенда 6, 15, 20) Зачуваните нивоа Наместа се изведени во калдрма од речен и кршен камен, а наместа се среќаваат и тули. Самите зидови се зидани од речен камен, но на места е употребуван кршен камен и тула, а се среќаваат и мермерни споли и од архитектонска пластика од постар период.

Во источниот дел на просторијата Б се констатирани зидови градени од камени во варов малтер, од кои еден дава индиции дека завршува апсидално (Шема 1, Легенда 42). Претпоставуваме дека овие зидови се постари од зидовите на I фаза. Со оглед дека сознанијата за остатоците на овие зидови, кои ги поставуваме во нулта фаза, не се доволни да дадеме поконкретен одговор, ова прашање останува отворено до ископувањето под мозаичниот килим на оваа просторија.

Од ископувањето во 1976 т. на овој сектор, во прегледов, не можеме појасно да го согледаме преградниот зид меѓу просторијата А и просторијата Б, иако меѓу нив се зачувале остатоци од два зида налегнати едно врз друго (Шема 1, Легенди 33 и 34). Прашање е дали овие зидови се од иста фаза (прва или нулта) и кој од овие два е преградниот ѕид, бидејќи е можна претпоставката еден да претставува носач за мозаичен под (2). Исто така, не можеме појасно да го одредиме источниот ѕид кај просторијата A и просторијата B. Индиции за источен преграден ѕид од I фаза кај просторијата A, имаме кај зачуваното ниво од тули (Шема 1, Легенда 29), каде што наместа, лево и десно, постојат остатоци од зид со правец C—3, Ј--И (Шема 1, Легенда 30). Слична е состојбата и кај просторијата Б. Оста. тоци од два зида (Шема 1, Легенда 36 и 43)35 дават во извесна смисла индиција за постоење источен преграден зид на просторијата Б. Меѓутоа, и овде се поставува прашањето за припадноста на фазите (кој се од нуата, а кој од I фаза), бидејки целиот источен дел од оваа

Сл. 3. Мозаичен под II, просторија A, снимка од цртежот.
Сл. 3. Мозаичен под II, просторија A, снимка од цртежот.

просторија претставува една нејасна состојба. Нејасно е и прашањето за зачуваната малтерна подлога (Шема 1, Легенда 43a), неидентификуваниот простор (Шема 1, Легенда 46), остатокот од обрушен (?) зид (Шема 1, Легенда 38), како и трагите од мермерна оплата (Шема 1, Легенда 48). Исто така, нејасна е функцијата на полукружниот зид (Шема 1, Легенда 39), зидан од камен во варов малтер. Дали овој ѕид му припаѓа на овој објект или е АСА од некој друг, претставува отворено прашање за идните ископувања, како и припадноста на една од фазите. Зачуваните „ин ситу“ водоводни цевки (Шема 1, легенда 45) претставуваат исто така нерасчистено прашање во однос на фазите.

Кај просторијата A нејасни се остатокот од ѕид (Шема 1, Легенда 31), кој би припаѓал кон II или III фаза), нивото од тули (Шема 1, Легенда 29, кое би припаѓало кон I или II фаза, како и присуството на некој конструктивен (2) елемент (можеби пидластер), констатирано по бордурата на мозаичниот под II (Шема 1, Легенда 14а), каде што се зачувале траги од камен и кал, па би припаѓал кон II или III фаза.

Нејасно е прашањето за влезните партии во наведените простории од објектот. Зачуваниот дел од хоросан врз преградниот ѕид, меѓу просторијата А и јужната просторија (Шема 1, Легенда 116), како и зачуваната мала површина од хоросан на преградниот ѕид меѓу просторијата A и просторијата со хипокаустот, (Шема 1, Легенда 118), можно е да индицират влезни партии меѓу овие простории од 1 фаза на објектот. Подот од тули во просторијата А дава индиции за претпоставка за источен влез во оваа просторија. Наведените елементи се сепак неајсни и неполни за едно поконкретно согледување на влезните партии на објектот. Немаме никакви показатели, ниту за претпоставка во однос на прашањето за влезните партии во просторијата Б.

Делови од мозаични подови се зачувани во просторијата ди просторијата Б. Во просторијата A, се зачувани мозаични подови во две нивоа, означени како мозаичен под I (Шема 1, Легенда 8) и мозаичен под II (Шема 1, Легенда 12) -- (Са. 1). Од мозаичниот под (Са. 2), во просторијата A, кој би припаѓал кон I фаза, се зачувала површина од околу 5,5 м, и тоа во средишниот и северниот дел од просторијата. Оштетеноста на мозаикот, како и малата зачувана површина, не ни даваат, поконкретен показател за односот на овој под со просторијата, и тоа спрема западниот, Јужниот и источниот преграден зид. Работен е во техника опус сегментатум,6 со камчиња кршени во неправилна форма и крупни димензии, од зелено-црн серпентин, црвеникаво-бел бречоиден варовик,7 бел варовник, бел сахароиден мермер и виолетов органоген варовник. Зачуваните две ленти во западниот дел на мозаичната површина, од кои едната е изведена од серпентински камчиња, а другата од бели сахароидни мермерни камчиња, би можела да претставува бордура на овој мозаик, иако оштетеноста и малиот зачуван дел на мозаичниот под не дават целосна слика за организацијата на самиот мозаик. Фризното

Сл. 4. Мозаичен под, просторија Б, снимено од запад.
Сл. 4. Мозаичен под, просторија Б, снимено од запад.
Сл. 5. Мозаичен под, просторија Б, снимка од цртежот.
Сл. 5. Мозаичен под, просторија Б, снимка од цртежот.

поле нешто појасно се согледува. Во зачуваниот дел то а е поделено на 11 паноа, во кои се претставени геометриски форми на ромбоиди, квадрати и кругови. Кај едно пано е зачуван дел од натпис, со тешко читлив текст изведен со грчки букви. Носачот на мозаикот е изведен солидно реден речен камен, поставен во варов малтер, врз кој е поставен слој варов малтер со улога да нивелира. Во носачот се констатирани и тамбурети од столпчиња на хипокаусот, и тоа во источниот дел од просторијата. Мозаичната подлога се состои од два слоја хоросан, а се уочени и два нејзини состава; првиот — непосредно до паното со наптис, а вториот-близу до преградните зидови меѓу просторијата A и просторијата Б.9 Мозаикот е откриен во лоша состојба, а оштетувања веројатно претрпел и во античко време, кога во истата просторија е поставуван мозаичниот под 11. Од мозаичниот материјал во добра состојба се камчињата од серпентин, додека од другите добро се зачувани оние што ја задржале глазурата.

Мозаичниот под I од просторијата A, во еден период служи како носач за мозаичниот под II. Од мозаичниот под II (Са. 3) се зачувала површина со димензии 5,5Х4 м. и два фрагмента источно од ова површина, наречени фрагмент I, со димензии 0,80X0,55, и фрагмент II, со димензии 1,30 X0,75 м. Мозаикот е изведен во техника опус тесалатум, а мозаичниот материјал се состои од камчиња серпентин, песочник, печена тула, бел сахароиден мермер и сив до бел варовник. На поголемиот зачуван дел од мозаичниот под II се разликува бордура изведена од двоен преплет и фризно поле што било поделено на паноа, од кои може да се распознаат четири. Во две паноа имаме геометриска претстава на октогони, во едно претстава на меандри од свастика, каде што има три мали полиња со поединечни претстави на риба, птица и гранка со два листа. Делот од зачуваното четврто пано укажува дека било целосно со фигурални претстави (флорални и зооморфни). Фрагментот I бид со фигурални претстави, а бидејки е во близината на паното IV, претпоставуваме дека е дел од него. Фрагментот П е со геометриска престава на-кругови што се пресекуваат. И кај овој мозаик не може прецизно да се согледа неговата организација, како и неговиот однос спрема про- * сторијата. Во јужниот дел од просторијата, односно мозаичниот под, може да се види дека носачот во овој дел бил изведен од речен камен солидно реден врз кој бил поставен слој варов малтер, додека. во северозападниот дел од зачуваната површина улога на носач играл мозаичниот под I (Са. 1). Подлогата е од два слоја хоросан. Мозаикот беше откриен во лоша состојба, а во лоша состојба беше и мозаичниот материјал, освен камчињата од серпентин је тула.

Од мозаичниот под во просторијата Б (Са. 4 и 5) се зачувала површина од околу 26,6 м10 и јужно од оваа површина, остров на мозаик со димензии 1,50521,40 м. Односот на овој мозаик спрема просторијата е нешто појасен, со спорадичен однос спрема источниот и јужниот преграден 5ид на просторијата. Изведен е во техника опус сегментатум, аналогно со мозаичниот под I од просторијата A. Бордурата е едноставно изведена со едноставно редење на круп: ните камчиња и единствено кај западната бордура се назираат геометриски слики, тешко уочливи. Фризното поле е поделено на шест паноа, во два реда. Кај паноата од долниот ред, во две, паноа, имаме претстава на пехар; тие го фланкираат паното со фрагментарно зачувана претстава на делфин. Кај паноата од долниот ред, кај две, имаме престава на ромбоиди, и тоа како геометриски слики, а го фланкираат паното со претстава во форма на латинската буква X. Зачуваниот фрагмент -- кој е јужно и централно диспониран спрема наведениот мозаичен под -- е изведен со едноставно редење на камчиња. Од технички поглед мозаикот е солидно изработен, со солиден носач и подлога.11 Констатирани се три споеви на подлогата, кои го следат

Сл. 6. Јонски капител.
Сл. 6. Јонски капител.

цртежот. И овој мозаикот го сместуваме во I фаза од објектот. Кога ќе на правиме анализа меѓу мозаичниот под I од просторијата A и овој мозаик, ќе констатираме од повеќе аспекти дека се изработени во ист временски период и од иста група мозаичари. На ова укажува техниката на изведбата (опус — сегментатум), видливите елементи од организацијата на мозаичните килими, технологијата на изработката И техничките карактеристики, надополнети со идентичниот мозаичен материјал, нивните димензии и цртежот.

Од пластиката што беше откриена во текот на ископувањето во 1976 г., која евентуално би припаѓала кон I фаза, ги приведуваме: стилобатот и половина јонски капител (пронајдени во просторијата со хипокауст), базата за столб (пронајдена во просторот западно од просторијата со хипокауст), торзото на античка статуа вградена во зидот од II фаза), како и мермерните фрагменти вградени во зидовите од камен и кал), од кои го издвојуваме употребениот мермерен праг ОЧема 1, Легенда 3, 18, 24, 26 и Са. 7). Како подвижен археолошки материјал се откриени: монети, накит, стакло и керамика.

Сл. 7. Торзо на античка статуа.
Сл. 7. Торзо на античка статуа.

Постоењето на просторија со хипокауст во овој објект, со неговите зачувани елементи (столпчињата) и отворот во северниот преграден зид од оваа просторија (можеби делот каде што е префурниумот?), Потоа трагите од хоросан со кој се малтерисани внатрешните лица на оваа просторија, како и трагите од хоросан врз внатрешното лице од северниот преграден зид на јужната просторија, даваат можност објектот да го идентификуваме како терми, Натамошните археолошки ископувања12 ќе дадат поадекватно согледување за неговата функција, бидејки е можно да се работи за вила (екстра -- мурос), палата или друг вид објект од профан карактер. Постоењето, пак, на повеќе фази на живење, со кои објектот претрпувал повеќе промени, укажуваат на подолг временски период од неговото користење. Зазиданиот отвор на западниот преграден ѕид од просторијата А (кој, според начинот на изведувањето со тули во варов малтер, би припаѓал кон I фаза, (Шема 1, Легенда 7), укажува дека и во I фаза просторијата претрпела некаква промена. Според карактеристиките на зидањето, постоењето на повеќе нивоа од различити фази, дополнето со археолошкиот материјал, хронолошки го одредуваат егзистирањето на објектот од средината на III в. приближно до крајот на VI в од н. е. Кон средината на III в. би припаѓале остатоците од нулта — фазата, додека I фаза би била од крајот на III и почетокот на IV в. Втората фаза би припаѓала кон втората половина на V и почетокот на VI B, a III фаза е од VI в.

слика за градското подрачје на Хераклеја13 од средината на III B. до последните декади На VI в. Додека не можеме да одредиме дали с објектот од нулта — фаза и дали е I фаза ВО или надвор од градскиот бедем на Хераклеја,13 може да се констатира дека в
слика за градското подрачје на Хераклеја13 од средината на III B. до последните декади на VI в. Додека не можеме да одредиме дали с објектот од нулта — фаза и дали е I фаза во или надвор од градскиот бедем на Хераклеја,13 може да се констатира дека во текот на II и Ш фаза објектот41 е надвор од доцноантичкиот бедем, видлив на самиот локалитет. Со III фаза, која целосно припаѓа кон ранохристијанскиот период, се потврдува донекаде констатацијата на Ф. Папазоглу, дека во овој период Хераклеја не е целосно опфатена со

Објектот од овој сектор, посебно оној од I фаза, изгледа е разурнат во еден налет. Траги од некоја природна катаклизма не се констатирани засега. Во прашање е времето кога настрадал објектот. Дали било за време на готските наезди на Балканот во втората поховина на IV B., кога ограбувале низ Тракија,15 па било можно да крстосувале и низ Македонија!"16 (2), или во У в. кога Готите биле присутни во Македонија. Во Хераклеја ги среќаваме во два наврата. Дали објектот настрадал во 472 г.17 иди во 479 г. кога под налетот на Теодорих и на неговите Готи настрадала Хераклеја, претставува едно хипотетично согледување за разурнувањето на објектот од I или II фаза, иако се нејасни промените што настанале врз нулта -- фазата. Уништувањето на III фаза склони сме Аа го припишеме на словенското продирање на Балканот и во Македонија, пред или Нешто после 584 г.,19 кога веројатно замрел и животот во Хераклеја. И покрај наведените претпоставки, уништувањето на објектот, особено од I или II фаза, не ја исклучува можноста да било изведено од некој друг фактор, кој засега не можеме да го согледаме.

Објектот, изгледа по уништувањето, стоел долго време разурнат и подложен на надворешни влијанија, особено речни наплави, што се гледа од слоевите. Културниот слој, посебно кај просторијата А над мозаичниот под, не ја преминува висината од 20 см, додека горните слоеви се наполно стерилни (Шема 2 -- графички приказ од северниот профил на просторијатата А). Објектот бил оштетен и со војничките ровови од Првата светска војна (еден е констатиран на секторот каде што се пронајдени остатоци од гранати, делови од рачни бомби и оловни зрна од огнено оружје, (Шема 1, Легенда 32). Според исказите на постари битолчани, на местоположбата на Хераклеја за време на Првата светска војна биле позициите на француската војска.20 Во поново време, објектот бил оштетуван и од градежните работи на „Авторемонт“, преземени 1963 г.

Илустрација, стр. 112
Илустрација, стр. 112
Илустрација, стр. 112
Илустрација, стр. 112

Белешки

  1. Екипата што вршена археолошки ископувања се состоеше од членовите: Пецо Србиновски, Гордана Филиповска и Горица Наумовска, додека екипата за превентивна заштита и за документирање на мозаичните подови беше во состав од М-р Момчило Петревски, Ефто Димовски и Славе Кирковски. ↩
  2. Микулчиќ И. Пелагонија у светлости археолошких налаза, dissertationes 1966, во табла XXVIII, во легендата за архитектонските објекти во Хераклеја, под реден број 7, даден е план — изглед на овој објект и е назначен како крстилница; истиот автор, да големината на доцноантичките градови во Македонија, Историја -- бр. 2, Скопје 1974, на стр. 360 споменува за случајно откопана ранохристијанска градба. На планот за Хераклеја одново с прикажан овој објект, и во легендата под бр. 17 е назначен како доцноатички сакрален објект. Народниот музеј во Битола, не располага со документација од ископувањето на ова сонда од 1963 г., преземено по градежните работи на претпријатието „Авторемонт“. ↩
  3. Ископаната површина во 1976 г. изнесува 128 м", додека расчистената сонда од 1963 е со површина од 112 м?“. Длабочината на сондата се движеше од 1,20 во источниоте дел, 1,60 м во просторијата со хипокаус и 1,90 м во јужната просторија. Оваа длабочина е констатирана и во сондата од 1963 г., односно просторијата Б. ОШема 1, пресек Ј—Ј). ј ↩
  4. Констатирањата ти отежнуваат темелните остатоци на ове зидови, кои се под нивото на мозаичниот под од просторијата А, како и оштетувањата над истите од војничкиот ров од Првата светска војна. ↩
  5. Отежнетото соглеедување и на овие остатоци од зидови е дека се пронајдени под нивото на мозаичниот под од просторијата Б. Над зидот под реден број 36 е зачуван слој малтерска подлога (можеби од мозаик), додека врз надворешното лице во северниот дел од истиот зид се зачувале траги од мермерна оплата. ↩
  6. Gaucler P. Musivum ropus, DAGR, tom III, Paris 1904, 2093. ↩
  7. Анализи над мозачниот материјал не се вршени. Природата на мозаичниот материјал е дадена според констатацијата на м-р Момчило Петревски, виши конзерватор -- сликар при Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата Скопје. ↩
  8. Текстот е уочен од м-р Момчило Петревски. ↩
  9. Техничките особености на мозаичните подови од сектор IV7 ги изнесуваме според констатациите на м-р Момчило Петревски. Од него се уочени и споевите на малтерната подлога кај мозаичниот под I во просторијата. A и кај мозаичниот под од просторијата Б. ↩
  10. Целиот мозаичен под од просторијата Б беше откриен во 1963 г. Со расчистувањето на сондата во 1976 г. се уочи дека непосредно по откривањето на овој мозаик била извршена превентивна заштита, односно опшивање со продолжен малтер. ↩
  11. Површината на овој мозаик е равномерно слегната. Констатацијата на мр Момчило Петревски е дека слегнувањето на мозаикот произлегло поради изведување на мозаикот над некој простор од постар објект. ↩
  12. Ископувањата на овој сектор продолжуваат и од 1977 г. ги води м-р Елица Манева. ↩
  13. Микулчиќ И, за големината на доцноантичките градови во Македонија, не комплетно на дадениот план на Хераклеја, во доцноримскиот период, овој објект е во границите на градскиот бедем. ↩
  14. Папазоглу Ф, Хераклеја Линкестис во светлината на книжевните и епиграфските текстови, Хераклеја 1, Битола 1961, 26. ↩
  15. Острогорски Г, Историја Византије, Београд 1957, од страна 72 и натаму. ↩
  16. Микулчиќ И, н. д. 349, истакнува дека провалот на Готите во 268 и 269 г. не е единствената причина за изумирањето на поголем број наши градови. ↩
  17. Папазоглу Ф, Хераклеја I, 25; истиот автор, Македонски градови у римско доба, 192 и напомена 30 според Јорданес. sf 8t Tbid., Хераклеја I, 25; Македонски градови, 193 и напомена 32 според ↩
  18. Баришиќ ©. Чуда Св. Димитрија I Византиски извори, том I, Београд 1955, 175-наспоменува дека во 584 r. Словените извршиле напад на Солун, па како претпоставка земаме дека во овој нивни продор настрадала и Хераклеја. Последен владател засега -- посведочен преку монети — Маврикие (582—602). ↩
  19. На повеќе места низ Хераклеја се констатирани ровови од Првата светска војна. Утврдени се, кај Епископската палата, остатоци од скелети над Римскиот театар, како и над објектот Вила — терми екстра мурос. ↩
  20. Srbinovski Peco — Bitola ↩
  21. Sector IV7 is located east of the excavated and presented by7 now7 part of3 Heraclea. Its location was indicated by the trial excavation carried out in 1963 when the material we found was defined in the books as a baptistry7 or a sacral late antique building. During the excavations in 1976 we realized that it was a profane building. Tpe excavated room with a hypocaust as well as the use of mortar give possibilities to identify the building as thermae, but it is possible to identify it as a villa extra-muros or a palace. On the excavated area of 128 шт" in 1976 and the sondage area of 112 m² in 1963 several rooms can be identified in the building itself. They are called room A with mosaic floors on two levels, room B with the level of mosaic floor, a room with a hypocaust, and a south room. Several stages were also stated on the building itself called zero, the first, the second and the third stage. The stages were stated according to the way of building the walls, the real level on which they were discovered, then the life horizon (the levels of the rooms) and to a certain extent to the movable archaeological material. The walls under the mosaic floor in room B belong tc ↩

Summary

The Building and the Floor Mosaics in Sector IV of Heraclea Lyncestis-Results of the Excavation Performed in 1976

According to the stages we can date the existence of the building chrono. logically from the middle of the 3 rd century to the last decades of the 4 th century A. D.

Radmila Radevska AOK. | XEPAKAEA

CEKT. | IV ABTOPEMOHT

OBJEKT | OCHOBA

ЅМА - ФАЗА | .

МОЗАИЧЕК ПОД. 1 - ФАЗА | .

\ РАСЧИСТЕНА ПОВРШИНА |

РО НОСАЧ НА МОЗАИЧЕН ПОА |- ФАЗА | .

Бај

„ИСКОПАНА ВО 1963 ГОД. |

{1 ЅИД - ФАЗА | .

116 AEA OA XOPOCAH MAATEP - ФАЗАТ ,

15 НИВО ОД КАААРМА - ФАЗА (И .

7 SUA ОА МАЛТЕР - ФАЗА Il?

20 НИВО ОД KAAAPMA - ФАЗА Ill . 21 ОСТАТОЦИ ОА СТОАПЧИНА НА ХИПОКАУСТ - ФАЗА | 22 НИВО НА ХИПОКАУСТ СО ТУЛИ - ФАЗА I

224 ПОДЛОГА ОД МАЛТЕР ЗА ТУЛИ - ФАЗА:

23 ОТВОР ВО ЅМАОТ, ПРЕФУРНИУМ ? - ФАЗА 1

24 СТИЛОБАТ ОА РИМСКИ ПЕРИОД.

25 ДЕЛ НА ЈОНСКИ КАПИТЕЛ - ОД РИМСКИ ПЕРИОД 26 БАЗА ЗА СТОАВ~ ОА РИМСКИ ПЕРИОД

27 ЅМА ИЛИ НИВО ОД. МАЛТЕР - ФАЗА? _ 7 28 WOCAY НА МОЗАИЧЕН ПОД Ил - ФАЗА I1 2 ИЛИ И 27 ОСТАТОК НА ПОД ОД ТУЛИ И НИВНИ ОТИСОЦИ ВО МАЛТЕР 30 зид ?- ФАЗА | .

31 5Ид?- ФАЗА ПИЛИ ПЕ?

32 POB OA | CBETCKA BOJHA

43 ЅМА ИЛИНОСАЧ - ФАЗА Г

34 SUVA ИЛИ НОСАЧ - ФАЗА 1

35 ЗИД - ФАЗА |

37 МОЗАИЧНИ ПОДОВИ - ФАЗА | .

44 НОСАУ СО ПОДЛОГА НА МОЗАИЧЕН ПОД - ФАЗА I 42 ФИДОВИ - НУЛТА ФАЗА .

44 ОСТАТОК ОД 5ИА?- ФАЗА 17.

434 ПОДЛОГА ОА МАЛТЕР - ФАЗА | ИЛИ НУЛТА ФАЗА 44 ВАЕЅНА ПАРТИЈА ?- ФАЗА 17

45 ВОДОВОДНА ЦЕВКИ - ФАЗА T или НУАТА ФАЗА 46 ПРОСТОР НЕИДЕНТИФИКУВАН - ФАЗА | ИЛИ НУЛТА ФАЗА 47 СОВРЕМЕНА БЕТОНСКА КОНСТРУКЦИЈА