Macedoniae acta archaeologica 5 (1979) · стр. 83–98

Стоби: Епископска базилика, Централна базилика и синагога археолошки ископувања во 1977 година

Содржина
  1. ЕПИСКОПСКАТА БАЗИЛИКА
  2. ЦЕНТРАЛНА БАЗИЛИКА -- СИНАГОГА БАЗИЛИКА
  3. CENTRAL BASILICA AND SYNAGOGUE

урбаниот дел на Стоби се наоѓа расположен на три тераси што се спуштаат спрема Црна Река, опкружен со зидови, а на устието на Erigon во Axius, денес познати под името Црна и Вардар. Градот лежи 80 к јужно од Скопје и околу 160 к северозападно од Солун. Овој град заземал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период. Јужно од градот се наоѓат траги од предградија, додека од портата на градот што води во Хераклеја, а на падините од Гробјанската до базиликата во Паликура се наоѓаат распространети повеќе некрополи, кои се од хеленистичкиот, римскиот и византискиот период. |

Стариот град е идентификуван како Стоби на левиот брег на Црна Река, пред вливот на Вардар, од J. G. Hahn и L. Heuzey во 1850 и 1860 г. Во 1902 овде се изведени помали археолошки ископувања од A. Premerstein и Н. Вулиќ. Во текот, пак, на Првата светска војна, при догорување, германски војници имаат откриено и ископано неколку градби. Од 1924 до 1940 г. Народниот музеј во Белград има изведено опсежни археолошки ископувања во Стоби. По ослободувањето, од 1950 до 1960 г., Археолошкиот музеј во Скопје и Репуб-ЛИЧКИОТ завод за заштита на спомениците на културата имаат изведено ревизиони археолошки истражувања и конзервацзија на некои од понапред откопаните објекти.

Во текот на долгогодишните истражувања во Стоби беше откриен поголем дел од урбаната целина на градот со објекти од IV до VI в. H. е. СО ШТО дојде до израз урбаниот AWK на доцноантичкиот и рановизантискиот град со многубројни археолошки остатоци и споменичен фонд од претходните епохи.

Од 1970 до 1976 и 1977 г. со истражувањата во Стоби продолжи една југословенско-американска екипа во рамките на заедничкиот проект меѓу Народниот5 музеј во Т. Велес и универзитете во Остин Бостон. Ова заедничка истражувачка дејност придонесе да се издвојат и датират животните хоризонти во развитокот на овој град.

Работата во овој период беше сконцентрирана на одделни делови од градот и на одделни значајни архитектонски објекти, чии фази на

градење придонесуваат да бидат осветлени значајни карактеристики

План 1 План на Стоби
План 1 План на Стоби

на подемот, процутот и пропаѓањето на овој град. Ова придонесе појасно Аа се одбележи хеленистичката, римската и рановизантиската епоха, а делумно се назират границите меѓу7 полисот и муниципиумот.

ЕПИСКОПСКАТА БАЗИЛИКА

Со последните истражувања на крајните зидови од западната страна на Театарот беше констатирано дека Епсикопската базилика е подигната на долга вештачка тераса од насип над урнатините западно од дијазомата, а на просторот меѓу Via Sacra, од спротивната страна на полукружниот плоштад. Јасно дека базиликата доминирала со својата архитектура во западниот дел на градот, во раниот христјански период. Црквата е позната во научната литература како Базилика на епископ Филип, според откриениот натпис на еден довратник од главниот влез на црквата.

Епископската базилика во Стоби е од хеленистички тип со главен брод и два странични брода, со полукружна, нешто продолжена апсида, во која е сместена криптата или confessio, секако со три прозорци, со нартекс, галерии над бродовите, најверојатно и над нартексот. Главниот брод е разделен од страничните со колонада и со парапетни плочи од двете страни. Западно од нартексот се наоѓа атриум со триаголна форма. Нартексот има врата од северната страна што води во комплекс од две простории и скали за вториот кат. Скалите по кои се симнува од јужната страна на нартексот водат во низа простории на два ката, бездруго катехуменион.

Баптистериумот на Епископската базилика беше откриен во 1971 г. Тој е сместен јужно од базиликата, крај нејзиниот јужен зид. Баптистериумот има четирилисен план со писцина во средината. Подот е послан со раскошен мозаичен под со мотиви од флорален и животински свет. Од зидовите на баптистериумот беа откриени многубројни фрагменти од фреско-живопис со премаз во два слоја, од кои долниот, постар има повеќе претстави на човечки портрети по стил и техника на изработка аналогни на порано откриените портрети од нартексот на црквата, додека помладиот слој претставува премаз од вар со невешти флорални орнаменти.

Со истражувањата во 1977 г. беше констатирано дека писцината имала две фази на градење, додека покрстувањето било со imersio и последната трета фаза, кога во средината на писцината бил поставен еден мермерен кантарос а кога покрстувањето се изведувало со облуцио-поливање. Досегашните сознанија укажуваат дека баптистериумот може да се датира во почетокот на У в., со подоцнежни преправки и доградувања што станале при крајот на У и почетокот

Најзначајниот резултат од истражувањата во 1970 г. беше откривањето на постариот под во презвитериумот на Епископската базилика со што станаа јасни двете фази на презвитериумот, за чие постоење уште порано претполагаше Е. Kitzinger, додека за можноста

Сл. 2. Презвитериум на Епископската базилика, Стоби, 1970.
Сл. 2. Презвитериум на Епископската базилика, Стоби, 1970.
Сл. 3. Презвитериум на Епископската базилика, Стоби, 1970. Поглед од источната страна.
Сл. 3. Презвитериум на Епископската базилика, Стоби, 1970. Поглед од источната страна.
Сл. 4. Јужен брод, Епископската базилика, Стоби 1970. Постариот мозаик
Сл. 4. Јужен брод, Епископската базилика, Стоби 1970. Постариот мозаик

за постоење на постара градба претпоставки имаат изнесено R. Egger и B. Saria. Сл. 1

Презвитериумот од последната фаза на базиликата е одделен од централниот брод со канцел-преграда од црвеникава бреча. Од северната и јужната страна каниелот се затвора со бели, повторно употребени мермерни седишта од театарот, така што од двете страни остануваат тесни премини меѓу главната колонада и самата преграда на канцелот. Од северната и јужната страна се зачувани синтроноссите со по пет скали, кои служеле како седиште на свештеничкиот клер. Од подот на последната фаза се зачувани три фрагментирани сиви плочи од шкрилец, зачувани на западната страна крај гредата на канцелот, како и на северната страна. Супструкцијата на овој под ја сочинувала подлога од хоросан, под кој се најдени големи камења, фрагменти од постари мозаици и мноштво тесери од ПОДНИ И ЅНАН мозаици. Подлогата со супструкцијата е зачувана на просторот од целиот презвитериум. Сл. 3, 5

Сл. 5. Презвитеринум на Епинеконската базилика, Стоби, 1975. Субструкција на помладиот под.
Сл. 5. Презвитеринум на Епинеконската базилика, Стоби, 1975. Субструкција на помладиот под.

Со истражувањата во 1970, 1973, 1974, 1975 беа јасно откриени двете фази на подот во презвитериумот. Постариот презвитериум имал канцел од повторно употребените седишта од театарот од бел мермер, сместен 1,20 м. на исток од подоцнежниот. Канцелот од овој период, односно неговата северна и јужуна преграда, котерминира со колонадата на помладиот канцел. Сл. 2

Хоросанот од подот зачуван во одлична состојба, со отпечатоци од подни плочки со кои бил оргинално поплочен. Подот според отпечатоците и најдените фрагменти од мермерните плочки формирал ши-РОКО поле на мотиви — ОКОЛУ 6 поголеми правоаголни Плочи, надополнет од јужната страна со еден луксузен мотив. Пред јужниот синтронос во хоросанот беа констатирани отпечатоци од плоча со претстава на тракиски коњаник, а употребени се и постари мермерни колони со луксузна профилација.

Сл. 6. Апсидалниот простор на Епископската базилика, 1972.
Сл. 6. Апсидалниот простор на Епископската базилика, 1972.

Во јужниот коридор, меѓу главната колонада и јужниот синтронос, откриени се отпечатоци од парапетна плоча со мотив ОА лушпа на риба, која припаѓала кон една постара сакрална градба на овој простор сл., 7. Самиот мотив на лушна од риба е од античко потекло, а во честа употреба е во ранохристјанските сакрални градби. Во самата базилика постои една парапетна плоча со ист мотив, а го наоѓаме и на мозаичниот под во баптистериумот. Синтроносите се изградени во првата фаза и проширени прво кон запад и повторно со по едно седиште. Во втората фаза биле покриени со мермени плочки, од кои две беа најдени in situ на западната страна од јужниот синтронос. Местото на чесната трпеза изгледа дека е оргинално со остатоци од подоцнежни поправки. Центарот на култот на светителот е поставен во криптата, источно од чесната трпеза, за 1,75 м подолу од подоцнежниот павимент или 1,68 м подолу од првибитниот павимент. Според досегашните резултати од истражувањата и нашите сознанија, двата влеза во криптата изгледа дека се наоѓале од страни од северниот, односно јужниот коридор, мислење што го имат изнесено уште В. Egger и E. Kitzinger. Сл. 6

Сл. 7. Јужен коридор, од Презвитериумот, 1975, Одпечаток од постара парапетна плоча.
Сл. 7. Јужен коридор, од Презвитериумот, 1975, Одпечаток од постара парапетна плоча.

Во јужниот брод на Епископската базилика беа констатирани два слоја мозаици. На горниот, помлад мозаик се предадени флорални и животински мотиви и тој има сличен карактер со мозаиците од нартексот датирани во У в, и тоа како по техниката, колорот, така и по манирот на изведувањето. Сл. 4.

Под овој мозаик се наоѓа постар мозаичен под со геометриски орнаменти кој го зафаќал просторот на широчината на целиот брод. Геометриските мотиви одговараат на оние во триклиниумот во куќата на псалмите, кои имаат стилизирани флорални мотиви во ромбови. Во 1970 и 1972 r, во овој постар мозаик беа најдени два грчки натписа, изведени со бели букви на црно поле. Мегу двата слоја на мозаиците најдени се монети на Теодосие I и Теодосие II, што укажува на староста на фазите при крајот на IV или поверојатно во почетокот на V в., додека помладата фаза би можела да се датира во втората половина на У век. Овие две фази на подови во јужниот брод одговараат на двете фази подови во презвитериумот.

Во источниот дел на јужниот брод беа откриени остатоци од градбата В, чие ниво е приолижно на нивото на баптистериумот. Со ископувањата нешто по западно во јужниот брод, беше откриен ѕид од градбата A со правец H—3 паралелно со базиликата во должина од 8,40 м, со зачуван под на просторот од 4,10 м, кон северната страна. Од северната страна зидот е живописан со зачуван живопис во два слоја, од кои постариот е изработен во фреско а помладиот во секо — техника.

Со истражувањата во јужниот брод изведени во 1977 г, под постариот мозаичен под, јужно од презвитериумот а источно од квадратното поплочено поле, за кое се мислеше дека претставува последна, трета фаза на подот во јужниот брод — беше откриена засводена гробница, чии влез од западната страна го претставува имено ова четвртесто поплочено поле со градежни тули. Самата гробница има димензии: 1,70х 1,50, со височина 0,70 м. Меѓутоа, таа е поставена на еден правоаголен простор постелен со камења чија големина е 2,56 х2,19 м, вокок димензии е исечен и уништен мозаичниот под од постарата фаза. :

Засводениот простор на гробницата е изведен од тули и хоросан, под него се наоѓа гробница оформена од камени плочи од зеленикав шкрилец, чии рабови биле залепени со бел малтер. Источната страна е затворена со една арка, додека од западната страна полукружниот отвор е слободен, бидејки низ него било спуштено телото на умрениот во камениот гроб, длабоко укопан под сводот. Четвртестото поле, опкружено со тули, претставува отвор длабок 1,12 м, наполнет со шут и камен потопени во хоросан. Самиот пак, отвор на гробницата беше затворен со плоча од црвена бреча со грчки натпис, секундарно употребена, со димензии: 0,75 х 0,65 0,05 м. Таа претставувала дел од една поголема плоча (1,005:1,3050,05 м) откриена во 1933 г., пред скалите што водат од припратата во главниот брод на црквата, свртена со натписот надолу и сета здробена.

В. Saria уште тогаш заклучи дека од големата плоча недостига едно помало парче, на кое продолжува третата колумнија. Токму тоа парче беше откриено на отворот од самата гробница.

Натписот на плочата е почесен, секако направен при поставување статуа на форумот или на некое друго место. Таа е од почетокот на III в.

Во самата гробница, на камената плоча, беше најден скелет од машко возрасно лице со ориентација 3 -- И, така што е со глава кон исток. Лицето е свртено на север, десната рака нешто собрана, раните испружени вдолж тело. На коските остатоци од кожа. Ске-

План II Презвитериум на епископската базилика, Стоби
План II Презвитериум на епископската базилика, Стоби

летот лошо зачуван. Крај нозете беа откриени шилести кожни сандали.

Во денешната фаза од проучувањата е јасно дека постариот мозаичен под во јужниот брод бил пресечен и уништен со цел да се изгради конструкција на гробница за еден великодостојник. Работната хипотеза за датирањето на оваа гробница би можела да се прифати во втората половина на У в.

Подот во наосот, во сегашната фаза од испитувањата и најновите податоци од 1977 г. бил поплочен во техниката opus sectile со бели и црвеникави мермерни плочки во медалјони, во комбинација со поголеми плочки од сив шкрилец, со бордура од два реда тули покрај стилобатите. Во северната страна на наосот, во 1977 г. беа констатирани на подот аранжмани на квадратни полиња, во КОМбинација со ромбовидни плочки од шкрилец и интерполирани триаголници со ситни тесери во црно-бела комбинација на кои се наоѓаат флорални и животински претстави, претежно мотиви на риби. Овој крајно необичен аранжман на павиментот во централниот брод укажува на посебно истанчен вкус на мајсторите изведувачи, кои секако работеле според картони на цариградските мајстори-мозаичари.

Целокупните досегашни резултати од истражувањата во Епископската базилика, а посебно во презвитериумот и во јужниот брод — ни укажуваат дека во овој дел од црквата треба да се очекува откривање на една постара сакрална градба — конструкција, која лежи под темелите на Епископската базилика.

ЦЕНТРАЛНА БАЗИЛИКА -- СИНАГОГА БАЗИЛИКА

Во центарот на проучениот архитектонски комплекс во Стоби се наоѓаат јавните градби познати сега како Централна базилика и куќата на псалмите. Познато е дека откривањето на остатоците од овие градби пага во 1930--31 г., кога беше откриена колоната со надолжниот натпис со името на Полихармос. Оваа христјанска базилика, која се наоѓа јужно од Цивилната базилика, во научната литература е позната како Синагога базилика. Во црквата се влегува од улицата Via Principalis Inferior низ порталот и скалите во еден ходник што го опкружува дворот со колонади. На западната страна од дворот се наоѓа базен за вода. Во предворјето, што било делумно поплочено, се влегувало од северната страна (поплочен бил само југозападниот дел). Овој простор е атриумот на базиликата, кој не е симетричен со оската на базиликата поради двете простории од западна страна што ја намалуваат неговата широчина.

Низ две порти се влегува од атриумот во нартексот, кој е поплочен со камени плочи, од кои по една врата води во централниот от и страничните бродови. Подот во наосот бил покриен со камени плочи од песочник. На источната страна е зачуван дел од канцелот in situ. Базите од двете колонади што ги делат бродовите се од

План III Централна базилика, Стоби, Според Dean L. Мое
План III Централна базилика, Стоби, Според Dean L. Мое
Илустрација, стр. 95

различни стилови, бидејки припаѓале кон постари објекти. Базилика та е од доцниот IV или раниот У в. со повторна реконструкција при крајот на У в., можеби по 479 г. по готските пустошења.

На длабочина од 1,5 м беше откриен мозаичен под со геометриски мотиви под базиликата, кој и припаѓал на една синагога, бездруго подигната во раниот ТУ в., а која била изградена врз една постара синагога од III в. Последнава се поврзува со колоната со натпис во кој се опишува дека работите околу подигањето на синагогата биле извршени на сметка на Тибериус Клаудиус Полихармус. Тој столб бил повторно употребен во северозападниот агол на колонадата, во атриумот на базиликата.

Во текот на 1956--69 г. Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, под раководство на Ж. Винчиќ, пристапи кон подготвување на објектот за конзервација. Тогаш дел од просториите, фонтаната, дворот и мозаичниот павимент во куќата на псалмите беа комплетно конзервирани и реставрирани. Со ископувањата под базиликата беа откриени остатоци од сосем друга градба, која лежела под базиликата. Во оваа правоаголна градба бил откриен павимент со мозаици и фрагменти од живопис со флорални орнамент ти што припаѓале на нејзините зидови. Функцијата и датирањето на сите три јавни градби — куќата на псалмите, Централната базилика и новооткриениот простор под базиликата — не беше можно да бидат прецизно детерминирани и датирани.

Во овој објект во текот од 1970—1973 г. беа изведени опсежни сондажни истражувања. Во 1971 г. под објектот, беа констатирани остатоци од постари градби од II в. пр. н. е., под наосот беше најдено депо со сребрени монети од 211—125 пр. н. е., во една груба стомна и во еден лекитос.

Со истражувањата, во текот на идните години, над Централната базилика, кои ги изведе Dean Мое, јасно стана дека полихармосовата колона, откопана во 1931 т., не припаѓа на ниеден од двете откриени градби. Таа без друго и припаѓала на една постара градба од овој ареал. Со натамошните истражувања беше установено дека холот со мозаичниот павимент и ѕидовите СО фреско — ЖИВОПиИсот ја представуваат втората синагога со централната базилика, која лежи врз нив. Градбата на која и припаѓа Полихарносовата колона е делумно, како и претходната, синагога. Меѓутоа, нема сигурна евиденција за функцијата на двете синагоги, бидејки нема доволно артефакти, и конографија, ниту натписи за да објаснат што припаѓа кон кој објект, дотолку повеќе што засега се многу14 ретки урнатини од синагоги надвор од Палестина.

Со истражувањата во 1974 г. и подоцна, беше констатирано дека базиликата била директно подигната врз структурата на синагогата која може да се датира во IV в., додека базиликата над неа може да биде подигната во доцниот IV или раниот У B. Како најзначајно откритие во 1975 г. секако представува криптата во апсидалниот простор во вид на иззидан крст за реликвите на коските на светецот. Криптата има форма на грчки крст. Во истата, 1975 г. беше откриена Менора во зграфито, со кое со сигурност може да се каже дека јавниот хол бил синагога со една постара синагога подолу17 идентификувана со полихармосовиот натпис.

За Епископската базилика:

За двете базилики новите резултати објавени од J. Wiseman и D. M. Zizi:

CENTRAL BASILICA AND SYNAGOGUE

Белешки

  1. Р. Егер, Градска црква у Стобима, Гласник Скопског научног друштва 5, Скопље 1929, 14—44. ↩
  2. B. Egger, Die stadtische Kirche von Stobi, Jahreshefte des dstereichischen archaologischen Institute 24, Wien 1929, 42—87. ↩
  3. Б. Capua, Нови наласци у Епископској цркви у Стобима, Гласник Скоп: ског научног друштва 12, Скопје 1933, 1122. ↩
  4. Saria, Neue Funde in der Bischofskirche von Stobi, Jahreshefte des Ostereichischen archéologischen Instituts 28, Wien 1933, 112—139. ↩
  5. E. Kitzinger, A, Survey of the Early Christian Town of Stobi, DO Papers 3, Washington D. C. 1946, 87—110. ↩
  6. Ќ. F, Hoddinott, Early7 Byzantine Churches in Macedonia and Southern Serbia, London and New2 York, 1963, 161—167. ↩
  7. J. Петровић, Ископавања у Стобима, 1931, Старинар 7, Београд 1932, 81—86, 135—136. ↩
  8. J. Петровић, Стоби 1932, Старинар 8—9, Београд 1933—1934, 169—191. За Централната базилика: на іе . Terpospuh, Ископавања у Стобима, 1931, Старинар 7, Београд 1932, 81--86, 8 Ј. Петровиќ, Стоби 1932, Старинар 8—9, Београд 1933--1934, 169—191. “ ↩
  9. Dean L. Moe, Cross and the Menorah, Archaeology, Archaeological Institute of America, Volume 30 Number 3, May 1977, 148—158. ↩
  10. American Journal of Archaeology7 75 (1971) 393—411. ↩
  11. American Journal of Archaeology 76 (1972) 407—424. ↩
  12. American Journal of Archaeology 77 (1975) 391—403. ↩
  13. Journal of Field Archaeology I (1974) 117—148. ↩
  14. Journal of Field Archaeology7 3 (1976) 269- 302. ↩
  15. A Guide to the Excavations,3 Beograd 1973. ↩
  16. Studies in the Antiquities of Stobi. Volume I, Beograd 1973. Volume II, Beograd 1975. ↩
  17. Volume I, Beograd 1973. ↩
  18. EPISCOPAL BASILICA ↩
  19. Blaga Aleksova — Skopje ↩
  20. The two basilica rises from an artifical terrace and was the dominant architectural The two basilica rises from an artifical terrace and was the dominant architectural teature of the Early Christian city. The basilica itself, built during the first half of the 5th century A. D. With the excavations during 197G—1977 has identified two phases with floor of the south aisle, which was paved with mosaics, as well as two successive floors in the presbyterium. ↩
  21. of the major discoveries in the 1970—1972 is a large baptistery on the south side of the building. The baptistery is located over four meters lower than the floor of the basilica. The baptismal pool is reveted with marble slabs and a large marble kantharos. The floor is decorated with colored mosaic with motifs of deer, waterfowl, and peacocks gathered around kantharoi from which flow the water of life and salvation. ↩
  22. Volume II, Beograd 1975. ↩

Summary

The Episcopal Basilica

Excavations since 1970 have revealed that the Central Basilica area has a land compiex history. A part of the Hellenistic settlement was in this area, centuries before the construction of the Central Basilica. Early Roman activity is attested by a hoard of over 500 silver coins.

The Synagogue of Polycharmus was located here dating to the 3rd century A. C. There was discovery in 1975 of a plastered wall with graffiti of at least two menorahs, so important in Juwish iconography. The wall belongs to a structure with a mosaic floor built above the Synagogue of Polycharmus, identified as Synagogue TT, dating to the 4th century.

The Central Basilica was later built over the ruins of the Synagogues. In 1975 is discovered in the apse a cross-shaped reliquary crypt. The temple of the Jewish community was replaced by a Christian church.4

Blaga Aleksova