Macedoniae acta archaeologica 5 (1979) · стр. 75–82

Археолошки комплекс Суводол локалитет Керамидница и прашањето за убикација на античката населба Пелагонија

Подрачјето на Суводол Битола го зафаќа југоисточниот дел од денешниот географски поим Пелагонија. Поволната географска положба на западните падини на Селечка Планина и плодната рамница Пелагонија отсекогаш обезбедувале поволни услови за човечка егзистенција.

Археолошките истражувања вршени на ова подрачје во предвоениот период, како и оние во последните години, во целост ја оправдуваат констатацијата на Никола Вулиќ, кој Пелагонија ја класира меѓу најнаселените области на Балканскиот Полуостров.

Франце Месеснел, кој ги раководеше археолошките истражувања на ранохристијанската базилика кај месноста Сланец на источната периферија од с. Суводол, во своите извештаи за работите на овој објект ги изнесе и резултатите од увидот на теренот во кои, меѓу другото, заклучува дека во непосредна близина на базиликата се наоѓаат остатоци од една неидентификувана античка населба, со доста големи размери, што е лоцирана на левиот брег на Ореовска Река, почнувајќи од самото село кај месноста Грмаѓе, во должина околу 3 км кон запад.1

Со експлатацијата на камен-јаглен за потребите на Рударско- -енергетскиот комбинат Битола, кој е во фаза на изградба, им претстои наполно уништување на бројните археолошки локалитети, регистрирани на ова подрачје, кои датираат од праисторискиот, античкиот и средновековниот период.

Како дел од долгорочната програма за заштита на археолошките локалитети загрозени со изградбата на овој рударско-енергетски комбинат, во 1977 г. беа вршени заштитни археолошки истражувања на локалитетите загрозени со изградбата на акумулационото езеро на просторот меѓу селата Суводол и Долно Ореово. Целта на овие заштитни археолошки истражувања беше да се одреди заштитниот режим на шест археолошки локалитети на кои им претстои наполно уништување. Тоа се: Бртви, Ума, Ѓорчева воденица, Музги-населба, Музги-некропола и Керамидница.2

Илустрација, стр. 76

ЛОКАЛИТЕТ КЕРАМИДНИЦА -- С. ДОЛНА ОРЕОВО

Локалитетот „Ќерамидница“ се наоѓа во подножјето на западните огранки на Селечка Планина, на широкото плато меѓу Ореовска Река и потокот Синевир. Одредено влијанија за негова идентификација, покрај неговиот топоним, имаше и големиот интензитет на фрагментирана керамика и градежен материјал по површината, како и случајните наоди на мештаните. Истражувањата беа насочени на западниот раб на локалитетот, кој е директно загрозен со изградбата на идното акумулационо езеро.

Средишниот дел од истражената површина то зафаќа дворно место изведено со „калдрма“ од плочести камења со приближна димензија 1,000,60 м, чија дебелина варира 0,80--0,20 м. (Са. 1) Дворното место — кое е со надолжна оска со правец И--3 — е со димензии сса 15X15 ми е нагласено со вертикално поставени камени плочи со височина 0,15—0,20 м од нивото на поплочениот двор. (Са. 2) На овој начин дворот е заграден од сите страни, со исклучок на источната. Недостигот на плочи од оваа страна на дворот и појавата на ѕид по неговиот североисточен агол ја поткрепуваат претпоставката дека на оваа линија се наоѓа фасадата на куќата кон која припаѓа дворот. Инаку, самиот плочник на дворот е делумно оштетен во средната зона. Ова се зема како нормална последица од земјодедската обработка, бидејки плочите се многу плитки. Стратиграфската состојба нема никакви специфичности, односно таа е вообичаена за овој терен. Ако го изземеме површинскиот слој од околу 0,20 м, кој испретурен со обработка на земјата, следува слој од светлосив компактен и сув хумус со дебелина од околу 0,30 м. Потоа следи здравицата, составена од свелоцрвена исклучително тврда земја.

Плочите од дворното место се фундирани врз самата здравица. Во југоисточниот, северниот и северозападниот дел на дворот е регистрирана поголема концентрација на фрагменти од имбрицеси, кои наместа ти преминуваат границите на поплочениот двор. (Сл. 2) Оваа појава, во сегашнава фаза на проученост, се објаснува како последица од уривање на покривот на соседните куќи, иако еден процент од овие фрагментирани имбрицеси стојат како дополнително поплочување на оштетените места на плочникот од дворот.

Западната граница на дворот, освен со плочи, е одредена и со правоаголна просторија во димензии 7,5 X4,10 м (внатрешни мери), со надолжна оска север -- југ. Веднаш до внатрешниот раб, на западниот зид од просторијата е откриен дел од постар 5ид со широчина 0,80 м. Очигледно е дека оваа градба продолжува на запад, така што со ова е иницирано постоењето уште најмалку на една просторија. Сите зидови се откриени во супструкција, изведена со еден ред од кршен камен во слободен слог поврзан со кал. Дебелината на 5идовите варира 0,50--0,80 м. Со оглед дека се работи за супструкција, не се констатирани елементи на поден опус. Во овој степен на истраженост на мислење сум дека се работи за дел од станбен објект. Интересно е да се напомене дека при опсервација на откриениот поплочен двор е најдена директна аналогија, во непосредна близина, со селските гумна во с. Долно Ореово.

Од подвижниот археолошки материјал најброен е керамичкиот, кој е застапен со фрагменти од садови од домашна изработка карактеристични 3a Ш vu IV в. од н.е.

Илустрација, стр. 78

Посебно место од оваа група наоди зазема еден фрагмент од светлосива земја. Од надворешната страна фрагментот има релјефна претстава на божицата Изида Фортуна во исправена положба, од која е зачувана само горната половина на телото. (Сл. 3) Во левата рака држи рог на изобилие ((cornu соріае), а во десната рака држела, најверојатно, или крмило или патера. Божицата е облечена во долг хитон со набори под вратот и изидискиот јазол на градите. Атрибутите на главата, освен лотосовите цветови, се доста деформирани и нејасни поради излижаност на фрагментот. На главата, најверојатно стоел лунест знак, кој го содржи сончевиот диск и завршува во форма на систрум (култна тропалка на божицата), исто како и кај бронзената изведба на Изида Фортуна од Прилеп.3 Главата и е благо свиена надолу и надесно, а цртите на лицето се нејасни. Од бујната коса, која највероватно била исчешлана на патец на средината, паѓаат по два прамена на градите.

Почнувајќи од крајот на Републиката и почетоците на нашата ера, веќе во полниот царски период одредени наоди во извесна мера го потврдуваат на само продорот, туку и раширувањето, зацврстувањето и почитувањето на култот од поширок круг луѓе во урбаните центри.4 Античките области Дасаретија, Линкестида и Поенија, припаѓајки кон римската провинција Македонија, евидентно биле вклучени во сите културни придобивки и влијанија на Раното царство. Секако дека на ова подрачје египетските култови продреле преку грчкиот хеленизиран свет при крајот на првиот милениум. Но продорите најверојатно биле интензивни за време на римската управа во царскиот период.5

Илустрација, стр. 79

Присуството на Изида Фортуна на овој локалитет ја навестува можноста дека постоело нејзино светилиште на овој простор. Имајки го предвид целокупниот подвижен материјал откриен на овој локалитет, релјефната претстава на божицата Изида Фортуна ја датираме во периодот од втората половина на III до срединатана IV в.

На нивото на поплочениот двор се откриени седум бронзени и седна сребрена монета. Бронзените монети, доста оштетени, главно се ситна и средна бронза.

Сребрената монета -- денар му припаѓа на императорот Валеријан (CAIS PVBLIVS LICINIVS VALERIANVS) 254—260 г. од H. e. Ав. Биста на императорот со глава свртена на десно. На главата има зрачеста круна: IMP VALERIANVS P AVG.

Рѕ. (Есперанса) во движење налево, со десната рака држи цвет, а со левата го подига крајот од облеката: -- ЅРЕЅ PVBLICE. пречник:

Иако истражувањата на овој локалитет се незначителни по обем, откриениот фонд на подвижен материјал ни дозволува пошироко да ro датираме во III и IV в. од н. е. Локалитетот Керамидница, како и другите археолошки локалитети истражувани со наведените заштитни работи, претставувале помали рурални римски населби распоредени на западните падини на Селечка Планина и гравитираат кон комплексот Сланец, каде што наведовме е — откриена ранохристјанска базилика и, во непосредна близина неидентификувана населба.

За подрачјето на Суводол се наметнува потреба од одговор на две доста значајни прашања:

1. Одредување на територијалната припадност на подрачјето на Суводол во античкиот период.

2. Идентификација на античката населба.

Што се однесува до првото прашање, се уште не е докажано дали подрачјето на Суводол влегувало во територијата на Линкестида, Деуриоп или Пелагонија. Фанула Папазоглу ова подрачје го сместува во Линкестида и претпоставува дека населбата крај Суводол била хераклејска κώμη7 додека Иван Михулчиќ е на мислење дека ова подрачје е во составот на Пелагонија, односно дека главниот дел од областа Пелагонија се протегал на источинот раб од рамницата Пелагонија со ниските падини во заднината (види карта)8 Во прилог на исправноста на претпоставката на Микулчиќ изнесувам еден податок што секако влијаел при територијалната поделба. Имено, познато ни е дека до неодамна, кога беа извршени мелорациони зафати на коритото на Црна Река (антички Еригон), таа се изливаше, особено во јужните предели од нејзиниот тек, низ Пелагонија образувајки непреодно мочуриште. Доколку ова се земе предвид, во тој случај мочуришниот дел претставувал природна граница Мегу Линкестида и Пелагонија, а подрачието на Суводол би било во областа Пелагонија, но поврзано со Хераклеја по најкус пат, што наведува на можност за претпоставка во однос на второто прашање.

Имено, едно од најзагадачните, а наедно и најинтересно прашање во проучувањето на топографијата на античка Македонија е убикацијата на градот Пелагонија, кој по римската окупација бил седиште на IV македонска област.9 Ова прашање е третирано од повеќе мина научници, а овде ќе изнесеме некои од најново време.

Фанула Папазоглу градот Пелагонија го убицира во Мориовската област, негде околу големиот свијок што Еригон го прави свртувајки кон север.10 Својот предлог таа го базира врз податоците што ги искажал Страбон11 и врз натписот најден во мориовската област.12 Иван Микулчиќ не се согласува со оваа интерпретација на Страбон и е на мислење дека градот Пелагонија треба да се бара во непрекинатиот синџир хеленистички полисми на источната периферија од рамницата Пелагонија, кои континуирано течат од хеленистичкиот период (односно порано) до доцната антика. Под импресија на преостанките на големиот полис, античкиот град Пелагонија го убицира кај месноста Долиште, близу до Прилеп. Во прилог на своето мислење Микулчиќ ја наведува и слабата економска подлога на Мариовската област, каде што Франула Папазоглу го убицира градот Пелагонија.14 Доста интересно е толкувањето на Страбон што го дава Томо Томовски. Тој е на мислење дека во Страбоновиот опис на текот на Еригон е прикриен нејзиниот тек низ долгата и непреодна клисура од с. Скочивир до с. Возарци.15 Томовски предлага градот Пе-AaroHuja да се бара секако пред влезот на Еригон во клисурата кај Скочивир, и тоа на територијата што се протега меѓу селата Гермијан, Бач, Брод и Гнеотино. Поводен од резултатите на претходните истражувачи, античкиот град Пелагонија го убицира кај с. Брод (лок. Букри), а средновековниот град Пелагонија го убицира во негова непосрдена близина кај локалитетот „Градиште“ -- с. Сливица.16

Од досега изнесеново произлегува дека прашањето за убикација на античкиот град Пелагонија е се уште отворено, а Страбоновиот цитат дозволува различни толукавања.

Сметам дека античкиот град Пелагонија не треба да се бара во Мариовската област, која ја карактеризира слаба економска МОК,17 на што алудира Фанула Папазоглу, туку вдолж источната периферија на рамницата Пелагонија меѓу бројните хеленистички полисми18 кои се со континуитет на живење до доцната антика.

Една од локациите која, во оваа фаза на проученост, може оправдано да се вброи во можните за идентификување со градот Пелагонија е подрајчето на Суводол, каде што имаме континуитет на живеење од праисторијата до доцната антика. Имено, југозападно од познатиот комплекс Сланец, во негова непосредна близина на левиот брег од Ореовска Река, на површина од околу 15 ха (лок. „Туриграв“) се протега голема античка населба со голем интензитет на површинска керамика и случајни наоди на мермерни стели, натписи и архитектура.19

Секако дека разрешувањето на овој проблем во науката ќе уследи по опстојните археолошки истражувања на наведените и другите можни локации во овој регион.

Белешки

  1. Франце Месеснел, Ископавања у Мориовском Суводолу, Гласник скопског научног друштва, књ. XI, Скопје 1932, 204; Франце Месеснел, Старохришћанска базилика у Суводолу7 код Битоља, књ. I, Скопје 1937, 72. ↩
  2. Заштитните археолошки истражувања ги вршеше екипа од Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости и музеј конот Битола и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата -- Скопје. ↩
  3. Вера Битракова-Грозданова, Египатски култови во Македонија, Жива антика, год. XXVIII, св. 1—2, Скопје 1978, 335. ↩
  4. Нав. дело, 332. ↩
  5. Нав. дело, 335. ↩
  6. H, Cohen, Monnaies frappées sous l’empire romain, Graz 1955, V, 208. ↩
  7. Фанула Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Жива антика, посебна издања, књ. I, Скопје 1957, 197. ↩
  8. Ivan Мише, Pelagonija и svetlosti arheoloskih nalaza, Arheolosko druSstvo Jugoslavije, Skopje 1966, 71. ↩
  9. Фанула Папазоглу, нав. дело, 200. ↩
  10. Фанула Папазоглу, нав. дело, 209; Фанула Папазоглу, Хераклеја и Пе. лагонија, Жива антика св. 2, год. IV, Скопје 1954, 341. ↩
  11. Фанула Папазоглу, Македонски градови... 204—205.; Фанула Папазоглу, Хераклеја и Пелагонија ... 333-334. ↩
  12. Фанула Папазоглу, Македонски градови... 209, Фанула Папазоглу, Хераклеја и Пелагонија... 341. ↩
  13. Ivan Mikulčić, nav. delo, 71. ↩
  14. Nav. delo, 71. ↩
  15. Tomo Томовски, Градиштето на средновековна Пелагонија, Жива антика, год. XVII, Скопје 1967, 245. ↩
  16. Нар. дело, 245—246. ↩
  17. Ivan Mikulčić, nav. delo, 71. ↩
  18. Tvan Mikuléi¢, nav. delo, 71. ↩
  19. ARCHAEOLOGICAL COMPLEX OF SUVODOL-LOCALITY »KERAMIDNICA« ↩
  20. Tome Janakievski — Bitola ↩
  21. Suvodol area is about 20 kilometres east from Bitola. In the archaeological excavations on this terrain up to now, 30 archaeological localities from prehistoric, antique and middle centuries have been registered. In the immediate vicinity of the village Suvodol an early Christian basilica was discovered, and next to this locality there are surface remains of unindentified antique settlement of9 wide scale. ↩
  22. Total destruction of these archaological localities is imminent with the construction of the mining-energetic plant as well as with the exploitation of chargcoal on this area. ↩
  23. While performing some protective archaeological excavations on the locality13 »Keramidnica«, a yard of a house paved with stones was discovered, One of the most significant finds among the movable archaeological materials is the presentation of Izida Fortuna on a caramic fragment and seven bronze as well as one silver coin from the III rd and IV th centuries A. D. On the basis of these finds this building dates back to the III rd and LV th centuries A. D. ↩
  24. There are real possibilities that the unindentified antique settlement at Suvodol was the town of Pelagonija, the ubiety of which has not been proved yet ↩
  25. Франце Месеснел, нав. дело, 72; од овој локалитет потекнуваат и една мермерна стела и постамент со грчки натпис (необјавени), кои се чуваат во археолошката збирка на Заводот и музеј -- Битола. ↩
  26. Radmila Radevska ↩