Macedoniae acta archaeologica 5 (1979) · стр. 65–74
Рановизантискиот град на Маркови кули на Водно кај Скопје - истражувања 1977 година
РАНОВИЗАНТИСКИОТ ТРАД НА МАРКОВИ КУЛИ НА ВОДНО КАЈ СКОПЈЕ -- ИСТРАЖУВАЊА1 1977 ГОДИНА
ИВАН МИКУЛЧИЌ — Скопје2
НАДА НИКУЉСКА — Скопје
Во 1977 г. продолжија заштитно-археолошките истраужвања на рановизантискиот град на Маркови Кули на Водно кај Скопје? Во оваа година работите беа насочени на:
I — дорасчистување на површината на кула 1, која го претставува челото на акрополата;
II — расчистување на дел од северниот одбранбен бедем, кој на исток изгелува од кула 1 и
III — расчистување на просторот меѓу северниот и јужниот одбрамбен бедем. Пл. 1.
Овие истражувања го покажаа следново:
Западниот дел (челото) на кула 1, долг 9,15 м, е ѕидан масивно и без внатрешна просторија. Лицата му се формирани од поголеми, плочести кршени камења врзани со цврст варовен малтер, а внатрешната зидана маса исполнета со многу малтер и без ред нафрлени камења (техника на емплектон). Градењето е вонредно цврсто. Овој дел од кулата стои на површината уште од старо време, без да му наштетат атмосферилиите. Поради цврстината на компактноста, на овој дел за сега не му е потребна заштитна конзервација, освен реставрација во иднина.
Ако западниот дел на челото е неразурнат-компактен, дотогаш северната третина на кулата е урната до многу пониско ниво Спросечно за 1 м). На тој леа се гледаат дупки обраснати со грмушки од дива слива. Северното лице на кулата не се гледаше на површината. Овој дел целосно го ослободивме од хумусот и вегетацијата и од најновите отпадоци. При ова расчистување констатиравме дека северното лице на кулата е мошне оштетено поради прокопување на војнички ров од Првата светска војна, широк 1,30 м — 1,50 м и длабок до 2,70 м под точката 0,00. Ровот продрел право на југ до средиштето на темелната маса на кулата. Овој пробој е долг повеќе од 2,00 м има неправилно проширување и неправилен завршеток и денес се уште подвлечен под зидната маса. По се изгледа дека овој пробој во целата должина бил натсводен со зидната маса (затоа е и вкопан во неа), а веројатно по една подоцнежна екскплозија масата пропаднала надолу и делумно го затрупупала ровот. При чистењето, во ровот беше најден материјал од Првата светска војна, што зборува дека овој дел на Водно во тоа време бил користен како воено упориште.
По исчистувањето на целниот ров, до неговото дно, беа измерени и исцртани неговите контури и потоа беше извршена привремена кон: зервација. Ровот во најголемиот дел е исполнет со јадар камен и чист малтеров прав. Пробиениот ров на северното лице е изидан со големи плочести камења со суво зид, во ист опис како и оригиналот. Оставен е, само не пополнет челниот дел од пробојот, поткопан под масата. Достигната е нивелета од 1,00--0,80 м под точката 0,00.
Џо расчитувањето на хумусниот слој со вегетација, се покажа дека источната половина на кула 1 е дополнително догидана. Наместа се познава спојната линија на западниот и јужниот раб, потпрени врз челото на кулата и северниот и јужниот одбранбен зид. Површината на каменитата маса е изразито нерамна, таа во правец 3—H а широка околу 6,00 м; линијата на источното лице на оптималниот дел не е зачувана, а во правецот С—Ј u до 7,00 м. Оваа половина веројатно имала конструкција во вид на масивна плоча, која се потпирала од три страни врз соседните ѕидови,а од источната страна врз зидани носачи. За жал, под неа биле вкопани ровови од Првата светска војна со големо главно засолниште (бункер) и, по една силна експлозија, целата оваа ѕидна маса била раздробена во низа парчиња, кои нерамномерно пропаднала надолу и, на таков начин, се формирале помали и една поголема централна дупка. Како превентивна мерка за заштита и поубав изглед на оваа урнатина, централната дупка дополу е исполнета со јадар чист камен. Сл. 4. II. Северниот одбранбен бедем, кој излегува од кула 1, исчистен е во должина од 15 м, а ако сметаме од врвот на челната кула-TOUHO 24 м. Северниот раб на акрополата е многу пострм од другиот терен и, со тоа, изложен на полесно пропаѓање и симнување на градежниот материјал. Со откопување на хумусниот слој, се појави масата на зидот, косо пресечен нанадвор. Зачуваното ниво на надворешниот раб во просек е за 0,60—0,70 м, понизок од зачуваниот внатрешен раб на зидот. Натаму, констатирани се нови оштетувања, меѓу нив и еден голем пробив од војнички ров од Првата светска војна. Широк е 1,30 м и води на југ, до под паднатата идна маса на источниот дел од кула 1. Источно и западно од ровот се гледаат повеќе дупки од гранати; на тој начин, оштетено е и лицето на зидот, на 2 м источно од ровот. Меѓу парчињата од гранати интересен е наодот на една цела глава-запалка од тешка германска хаубица, сигнирана од 1915. г;
Опусот на градењето на северниот зид е послаб од јужниот. Фидан е од поситни парчиња камен, а надворошното лице не е обложено со ДОЛГИ јадри камења. Масата на зидот е градена во слоеви во целата своја широчина, а наместа пополнувана со ситен камен и малтер.
Линиите на надворешното и внатрешното лице криват; зидот е широк 1,90--1,97 м. Паднатиот шут пред надворешното лице на зидот е симнат во тесен појас а во длабочина само толку да се ослободи лицето во висина од 0,30—0,40 м. Овој шут се састои од големи и поситни парчиња камен, во долните партии мешан со чист малтерен прав. Малтерниот прав е користен за привремена конзервација на овој ѕид.
Со откопувањето на просторот внатре од овој ѕид, на поголема длабочина, е констатиран правилен испуст (банкина) вдолж зидот. широк 0,30—0,35 м. Банкината е органски врзана за зидниот темел, зидана исто со малтер, а само силно оштетена во еден голем пожар, при што камењата доста се размрдани а малтерните фуги сосем испаднати.
Стратиграфски, банкината лежи под нивото на под 3, кој ја Најавнува (овој е формиран на крајот на 6 в.) Тоа се, всушност, остатоците-најдолната партија, односно темелот на постариот одбрамбен ѕид, временски соодветен на подовите 4 и 5, а од средината на VI в.
Од ова може да се заклучи следново: по големото уривање на акрополата со одбрамбените зидови, проследено со пожар, 5идот е обновен речиси од темел, врз стариот ѕид, кој останал висок само 0,60--0,80 м над здравицата. Новиот зид е исто така поместен на една страна (0,30 80,35 м) накај надворешната страна и на тој начин, од внатрешната страна се оформила споменатата банкина. А според површинските остатоци на истиот зид, кои се гледаат недалеку источно од просторот што ro копавме, се гледа дека 5идот има и две надворешни лица; постарото вовлечено внатре и помладото издадено за 0,30—0,40 м пред постарото лице. Втората фаза е обновениот ѕид, што и денес се гледа на површината.
По исчистувањето на северниот одбранбен зид низ целата откопана должина и по земањето нивелети на секој 1 м од внатрешниот и надворешниот раб на зидот, беше извршена и привремена конзервација, со појадар камен, а на места и со чист малтерен прав, врз целата широчина на зидот беше поставен заштитен слој. даштитниот слој е висок вдолж надворешното лице, просечно 0,50--0,70 м, а навнатре се симнува на еден ред камења. На тој начин е постигната хоризонтала на откриениот зид и, со тоа, стабилизирана е зидната маса, да не се урива и натаму или оштетува. Со ова наедно е постигнат и задоволотелен естетски изглед и овозможено комуницирање преку откопаната зидна партија.
III. Во текот на 1976 г. вдолж јужниот одбранбен зид однатре беше поставена сонда 1 (голема 8X2 м) за да се ослободи внатрешното лице на бедемот до темел и да се согледа стратиграфијата на слоевите во тој дел. Сега беше откопан преостанатиот простор, меѓу двата бедема, во иста широчина. Овој простор е широк 6,0 м во правец З—И (почнувајќи од уништеното источно лице на кула 1), а во правец С—Ј 5 до 9 м (форма на трапез).
Со чистењето на ОАНОСННОВ простор, беа констатирани културни слоеви од доцноантичкиот — рановизантиски период и повторно од византиско-словенскиот среден век, со вкупно 5 нивоа на живеење. Слоевите на низа места биле оштетени во Првата светска војна до значителна длабочина. Но, и покрај тоа, успеавме да ја согледаме и точно расчлениме стратиграфијата и целата површина.
За да може полесно и попрецизно да се симнат слоевите на овој простор, во текот на работата тој беше поделен на неколку секции (С. 2, С. 3 и С. 1). Неотконана остана само сосем мала партија во сре-
дишниот дел, потпрена до челото на кула 1, голема 10 м:
Стратиграфија на слоевите:
Под површинскиот рецентен слој беше константиран голем слој на урнатини. Овој беше составен претежно од големи камења, паднати од источното чело на кула 1, наместа со малтер и парчиња од покривни ќерамиди од византиски тип (XII и XIII в.).
Слојот е дебел просечно 0,30 м и содржи темна ровка земја подна пепел и горетини, а на северниот и јужниот крај покривни ќерамиди. Тоа е слој од голем пожар и уривање на акрополата, пошто животот не се обновил на ова место.
Слојот почнува долу на нивелетата на подот 1, оформен од набиена земја во која се уфрлени камени плочки и вгазени многу жи· вотински коски.
Под 1 настанал врз насипана земјена подлога, дебела 0,12—0,15 м, која во текот на повеќе децении (или еден век) е таложена врз подот, без некои поголеми реконструкции или уривања. Под 2 бил оформен од набиена земја врз интезивно нивелиран терен, при што во субструкцијата, наместа, има и слоеви од ХКОАТ Aallop, a покрај бедемите и тенок слој фрлен малтер (под па). Според концентрацијата за покривни тегули, се назираат два помали зидни објекта до северниот и јужниот одбранбен ѕид, но источно од просторот што се копа. Нашиот простор, се до челото на кула 1, бил на отворено. Нивоата на живеење 1 и 2 временски одговараат на XII и XIII в. Од ситните наоди истакнуваме делови од словенски црепни, делови од украсни византиски чинии боени со глеѓ и од други керамички категории.
Под под 2 лежат дебел слој ча урнатини и повеќевековни на-НОСН и таложења, во време кога бил обновуван животот на она место (околу XII в). Овој слој е одгоре нивелиран со споменативе насипувања за нови градби, но во долните партии содржи руини и многу тегули од рановизантиски тип. Тоа се траги од последното уривање и напуштање на рановизантиската акропола — под аварословенскиот притисок некаде во УП в. Кон ова припаѓаат3 ситни наоди (глинени изработки, стакло и друго) од тоа време.
Споменатиот слој лежи долу на под 3, кој се шири просечно на 0,40 м под нивелетата на под 2. Оформен е од тврдо набиена глина со лушпеста структура, а кошулката му7 е зајакната со набиени парчиња камен и пепел. На средишниот простор што копаме, под 3 е прекинат со карпеста подлога, која во вид на двосливен срт, избива нагоре и го дели теренот на два појаса северен и јужен.
Под 3 настанал за време на голема реконструкција на акрополата, во последните две децении до VI в. Под неговото ниво останале да лежат остатоците од постарите одбранбени зидови. Под 3 дежи на слој урнатини и пожар, полн со камења и покривни тегули. дебел е до 0,30 м -- покрај северниот бедем, и 0,55 м вдолж јужниот бедем. Во средината на теренот е прекинат со издигната карпа. Од подвижните наоди маркантно е стакло, два коскени чешла, Сл. 2. а во ју- 7КНМОТ Крај делови од помал питос вкопан до здравица и неколику ра-
новизантиски монети од Јустинијан I и Јустин II, дел парагнатида од
шлем и др. сл. 2. Шлемот типолошки се врзува за Аварите. Тоа е една сосем малку позната форма од групата источњачки шлемови од крајот на антиката и раниот среден век, креирана во руското северно Причерноморје. Долниот слој подлогата на парагнатидата — е железен, одгоре обложен со бакар.
Под овој слој лежи под 4, оформен врз насипан земјен слој а дебел од 0,20 м крај северниот ѕид, односно до 0,30 м вдолж јужниот одбранбед зид. Под него се шири нивелетата на под 5. Под овој под следи насип од чист лапор и ситен камен, речиси стерилен во археолошка СМНСАа, а завршува АОАУ На самородна карпа — здравица WTO паѓа. косо надвор од тврдината. Врз карпата лежат темелите на северниот и јужниот одбрамбен зид. Под 4 бил оформен за време на градењето на зидовите, а теренот бил насипан поради неговата стрмнина. И под 5 настанал кратко време по претходниот под, пак со насипување на теренот, а заради негова натамошна нивелација.
АРХИТЕКТОНСКИ ЕЛЕМЕНТИ НА ОТКОПАНИОТ ПРОСТОР
На откопаниот простор беа откриени 4 помали зидови:
Sua 1 — овој зид е лоциран близу до јужниот одбранбен зид, на 1,40--1,60 м од него. Граден е од плочести парчиња камен, врзани со кал. Југоисточниот агол му е урнат, но и извлечен кон југ и иницирал (уште во 1976 г.) довратник (2): Со оглед дека основата на овој четириаголник е неправилна, во текот на неговото преѕидување била извршена помала корекција-косо му било додадено западното лице со издаден c/3 агол, голем 2,05 1,63/1,778 м зачуван во височина само до 0,45 м. Лежи на ниво на под 4, a егзистирал и на под 3. Подовите 2 u 1 воделе преку него — доказ дека во тоа време веќе не егзистирал. Голема Маса од распаднатиот плитар во слојот околу овој ѕид индицира дека горните партии на овој широк столбец-носач биле градени веројатно од плитар. Во прилог на ова зборува и сосем слабата зидарија на темелот (врзување со многу кал). Напомнуваме дека најголем дел од овој ѕид беше откопан во 1976 г. Тогаш претпоставуваме дека може тоа да биде еден внатрешен преграден ѕид, кој оставал порта-премин покрај јужниот бедем. Неговата намена се уште не се сосем јасна (сн. бр. 7).
Sua 2 се Наога во непосредна близина на северозападниот агол на ѕид 1. Лежи директно врз карпата и им одговара на подовите 5 и 4. Тоа се куп камења, неправилно нафрлани и врзани со цврст варовен малтер, во чија средина стои правилна четвртеста дупка. Оваа ес голема 0,300,23 м, длабока 0,32 м, обложана со мазен малтер. Тоа е, всушност негатив-лежиште од еден голем дрвен столб-носач, вертикално поставен врз самата здравица. За да не му се помести АОАниот крај, тој е фиксиран со куп големи камења и малтер. Овој куп продолжува делумно на запад, во права линија, навестувајки можеби темел на едно уништено зидче покрај столбот. Ѕид 3 е потпрен врз северниот ѕид од неговата постара фаза. Има правец управен на правецот на бедемот. Лежи плитко под нивелетата на под 4, на кој временски му одговара, а зачуван е нагоре само до нивелетата на под 3 кој одел преку него — значи веќе не егзистирал во тоа време. На јужниот крај зид 3 е прекинат со издигнат карпест срт. Правецот му се поврзува со положбата на древниот столб во зид 2. Зачуваниот дел е всушност само темелна стопа, грубо зидана од парчиња камен и многу кал. Широк е 0,60—0,80 м, а долг до 2,20 м. Натаму е уништен.
Ѕид 4 има иста позиција, орјентација и висина како и под 3, и во се друго му е идентичен. Лежи на 0,50—0,65 м од него и е паралелен со него. Припаѓа кон истиот објект. Широк е 0,65--0,75 м, долг до 2,50 м и на јужниот крај е прекинат.
Откриените зидови 1—4 се прекриени со тер-хартија и слој камења. Фидовите 3 и 4, по некоја година, без сомнение ќе мора да се симнат бидејќи нивната состојба и културно-историската вредност не ги оправдуваат потребните конзерваторски зафати. Теренот покрај зидовите (северен и јужен) е насипан до нивелетата на под 4.
Белешки
- оваа година истражувањата ги водеа потпишаните, со помошта на група студенти по историја на уметноста со археологија на Филозофскиот3 факултет во Скопје. ↩
- На ова место нагласуваме дека локалитетов го споменува и A. Evans, Antiquarian Researches in Illyricum, IV, Archaeologia Vol. 49—1, London 1885, р. 92. Го регистрирал под името „Маркова Магаза“; тргнувајќи од ова име, го сметал објектов за српска тврдина и се откажал од неговото истражување. Локалитетов го прикажал и А. Керамидчиев во весникот „Вечер“ м. IX 1964 г. („Маркови Кули — Водно — сè уште очувани ѕидови“); тој зборува за патот што го поврзува локалитетот со населбата кај денешното село Сопиште, за остатоци на ѕидови во три појаси околу објектот, за големи простории (мисли на цистерни); меѓутоа, не дава никаква конкретна интерпретација на некој од зачуваните детали ниту какво и да е временско или културно определување на објектов. ↩
- Сп. J. Werner, Zur Herkunft der frühmittelalterlichen Spangenhelme, Prähistorische Zeitschrift Band 34/35, Berlin 1950, 178—193. — Isto i P. Post, Der kupferne Spangenhelm, 34. Bericht der R G K, 1951—53, Berlin 1954, 115—150; особено стр. 133—136, со наоди од источниот („понтиски“, аварски) тип на овие шлемови. ↩
- Ivan Mikulčić — Skopje ↩
- Nada Nikuljska — Skopje ↩
- In dem Jahre 1977. fiihrte das Stadtische Museum in Skopje weitere_Ausgrabungen an dem friihbyzantinischen Oppidum »M. Kuli«, hoch an dem Berge Vodno neben Skopje. Dieses Objekt zeichnet sich durch auserordentlich starke Befestigung -mit mehreren Zehnten von Tiirmen, grossen Zisternen und grossem Umfang -in drei Terrassen geteilt- aus. Dabei sind neue Beobachtungen an der Stratigraphie im Inneren der Akropolis -in ihrer Westfront- gemacht. ↩
- Der tiefste Wohnungsniveau stammt aus der Regierungszeit des Justinianus I, Nach einer kleineren Rekonstruktion ist ein neuer Fussbode naufgeschiittet, liber dem dann eine starke Brand- und Zerstdrungschicht liegt. In dieser4 Katastrophe wurden die Fronttiirmen und Mauern der Akropolis véllig zertriimmert. ↩
- Befestigung war nach dem griindlich erneuert — mit neuen Mauern und einem grossen poligonalen Bastion an der Spitze der Akropolis- und lebte weiter in das 7. Jahrhundert. Endlich war die doch verlassen. ↩
- In voller byzantinisch-slavischen Zeit — vom 11. — 13. Jh. — war die Akropolis noch einmal erneuert und als Kastell прег der Stadt Skopje bnutzt. Byzantinische glasierte polychrome Keramik wie auch die slavischen Gefasstypen gehéren den letzten zwei Wohnhorizonten an. ↩
- Ivan Mikul¢ié ↩
Zusammenfassung
Frühbyzantinische Feste Stadt < Nach den Miinzfunden ist die grosse Zerstrérung in das letzten Viertel des 6. Jh. datiert, wahrscheinlicht mit den grossen Avarisch-slavischen Einfallen nach Makedonien verbunden. Auf das zeigen auch manche Kleinfunde hin: Teile eines kupfernen Spangenhelmes vom Ostlichen (pontischen) Typ (Abb.), eine grosse eiserne Bogenfibel mit umgeschlagenem Fuss die aus derselben Richtung stammt, u. a.