Macedoniae acta archaeologica 5 (1979) · стр. 55–64

Две мермерни култни слики од збирката на прилепскиот музеј

Во текот на 1966 г. шумарот Андон Гически донесе во музејот фрагментирана култна слика на богот Дионис, изработена во бел површински мермер. Доносителот изјави дека култнава слика ја нашол во СУВОЅНАаНаТа ограда на селските гробишта во c. Ракле. Селото Ракле се наоѓа на околу 25 КМ источно од Прилеп, а на 2 КМ северно од современиот пат Прилеп — Скопје. (Са. 1) Култната слика била секако донесена од блиската околина на селото и употребена како сполија во сувозидот. За нејзиното точно место на наоѓање не знаеме, зашто околината на с. Ракле обилува со наоди и локалитети од римскиот период, какви што се локалитетите Венци, Грамаѓе, Аниште, Чаршија и др. На овие локалитети, со рекогносцирањето, извршено од страна на Народниот музеј од Прилеп, беа констатирани мали населби со отстатоци од 5идана архитектура, камена пластика, керамички садови, монети и други подвижни археолошки материјали. Сите овие локалитети лежат во непосредна близина на с. Ракле и крај патот кој ги спојувал римските градови Стоби и Хераклеја, односно меѓу станиците Еурист и Kepamue.1

Споменатите локалитети, кои важат како можно наоѓалиште на култната слика, лежеле непосредно крај патот на благите падини над Раечка Река.

Култната слика, заведена под инвентарен број 3.384, е доста оштетена; недостига нејзината долна половина и дел од левата страна. Изработена е од бел површински и доста порозен мермер и ги има следниве димензии: висина 15 см, ширина 21 и дебелина 4,5 см.

Култната слика првотно имала правоаголна форма, на неа е прикажан во релативно плиток релјеф богот Дионис, кој стои ан фас, а неговото тело е зачувано во висина на горниот дед од стомакот. Телото на Дионис е голо, со грубо назначена мускулатура на надлактиците и градите, висок, масивен и јак врат и кружно решена глава, на која поради излижаноста на релјефот одвај се видливи високо поставените очи. Косата на Дионис е претставена со два прамена што се Авојат АеСВО и десно од патецот насреде; со по две плитко врежани линии, мајсторот сакал нејзе да и даде пластич-

55

Сл. 1, Топографски снимак на атарот на селото Ракле
Сл. 1, Топографски снимак на атарот на селото Ракле

ност. Од највисокиот дел на патецот излегуваат два ластара од винова доза, кои со благ лак свртуваат десно и лево од главата. Ластарите се доста масивно и длабоко изведени; десниот ластар на сликата е доста зачуван, додека од левиот е останат само мал дел. На десниот АаСТар наизменично висат гроздови со крупно изведени зрна од гројзе и лисја од винова лоза. Претпоставуваме дека иста таква била ситуацијата и од левата страна на сликата, а исто така и тоа дека Дионис во својата спуштена десна река држел грозд или пак кантарос, додека со нешто подигнатата лева рака се потпирал на својот тирс. Не е исклучена и можноста крај неговите нозе да стоел неговиот верен придружник — цантерот. Нашава претпоставка се темели врз мноштвото култни слики на кои е прикажан богот Дионис со своите стандардни атрибути и придружба:2

Нашата култна слика е секако плод на локална каменорезачка работилница или пак локален самоук мајстор, зашто целиот релјеф е доста нестручно и шематски изведен, а да не зборуваме за диспропорциите во однос на изведбата на одделни детали и делови од неговото тело. Преназначената мускулатура на надлактиците со масивно поставен на среде мускул, кој неприродно одскокнува, робусните гради кои со еден хоризонтален зарез нагло преминуваат во горниот А€А од стомакот, како и високиот и јак врат, во однос на релативно малата и тркалезна глава, зборуваат за недоволно познавање на анатомијата на човечкото тело од страна на мајсторот или пак за неговото недоволно умеење складно да ги пренесе пропорциите на телото во камен. Но, и покрај овие недостатоци, култната слика на Дионис во својот првобитен изглед мора да изгледала доста уверливо, особено кога се знае дека била плод на нестручна рака и производ наменет за потребите на едно подрачје што навистина лежело крај тогаш современиот пат, а сепак оддалечено и изолирано од современиот градски живот.

Сопствениците на оваа култна слика секако биле жители на една од оние мали населби, или пак некоја вила раустика, кои биле распоредени непосредно крај патот меѓу веќе споменатите патни станици. Дали култната слика била сопствеништво на некој приватен лојзар и поклоник на култот на Дионис ил ипак таа била прилог во некое светилиште посветено на богот на виното == не можеме со сигурност да утврдиме, зашто теренот на подрачјето на Раец, односно атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, е само делумно рекогносциран.

ОА митологијата ни е познато дека Дионис е роден во Huca и дека таму ја посадил првата лоза од чиј плод го направил првото вино, кое им го подарил на луѓето.3

Колку и како бил почитуван на интересното за нас подрачје богот Дионис од страна на романизираното домашно население, ни зборува нашата култна слика, засега единствен наод на тоа подрачје,

а од друга страна и специфичен по својот единствен третман. Не ни

е познат друг примерок на култна Дионисова слика со приближно сличен третман на растење на лозата, директно од темето на неговата глава. Во нашиов случај имаме отстапување од неговите стандардни прикази, т. е. вообичаено е лозата или лозите да растат покрај неговите нозе и во висина на неговата глава да се преплетуваат, односно да го овенчаваат со своите гроздови и лисја4

Постојат исто така и варијанти и решенија виновата лоза да стои над неговата глава, така што гроздовите и лисјето му прават сенка и му се достапни за користење.5

Дека лозарството, покрај сточарството, им било главно занимање на жителите на нашето интересно подрачје — ни зборуваат и неколкуте случајно откриени камени двојни корита, издлабени во жи: вец-камен, кои биле користени на просторот меѓу селата Ракле ц Никодин. Познато е дека ваквите двојни корита служеле за гмечење и цедење грозје на повеќе лозарски подрачја.6

Сл. 2. Култна слика на Дионис од село Ракле
Сл. 2. Култна слика на Дионис од село Ракле

Од друга страна, пак, конфигурацијата на теренот, благите ридови што постепено се спуштаат кон долините на Царевичка и Раечка Река, како и благата клима и сонцето, се елементи што зборуваат во

прилог на погодноста на теренот за развиено лозарство. Ке споменеме уште еден податок што зборува во прилог на тоа дека лозарството на ова подрачје било едно од главните занимања на месното население, а тоа е податокот дека Земјоделскиот комбинат „Прилеп“ од Прилеп, во последниве неколку години, подигна плантажни лозја на потегот на селата Топлица, Ракле и Никодин, на површина од неколку стотици хектари, и дека на овие плантажи се добиваат рекордни приноси од квалитетно винско грозје.

Од досега реченово можеме да констатираме дека култот на Дионис во првите векови на нашата ера на поширокото подрачје на Раец она доста почитуван и дека лозарите гледале свој заштитник во неговиот лик. Во нашиов случај него го изедначиле со извор на животот на лозата, зашто таа расте директно од неговата глава.

Што се однесува до стилските одлики и до квалитетот на нашата култна слика, погоре констатиравме дека е тоа една скромна провинциска работа, без големи уметнички и ликовни претензии, тоа е всушност едно видување на локален самоук мајстор кој ги пренел во камен своите мајсторски квалитети, од една, и верувањето во својот бог и заштитник, од друга страна.

Со оглед дека не располагаме со конкретни податоци за време траењето на животот во споменатите населби, а бедејќи нашата култ: на слика не носи во себе некои стилски карактеристики со кои би можеле да се послужиме за одредување на времето на нејзиното настанување, со извесна резерва, неа ја ставаме во временските рамки на III век од наша ера.

Во текот на мај 1977 г. градежното претпријатие „Прилепец“ од Прилеп вршеше земјени работи за подигање станбени згради во месноста Али Чаир, што се наоѓа во североисточниот периферен дел на Прилеп. На габаритот на станбената зграда што делумно влегува во дворот на Зоолошката градина, на длабочина од 1,20 м, била откопана во песочен нанос мала мермерна култна слика со неправилна правоаголна форма. Авторот на текстов излезе на самото место и можеше да констатира дека култната слика била најдена во дебел слој речен нанос од песок и ситни камења. Траги од архитектура или друг подвижен археолошки материјал околу местото на наодот немаше. На мислење сум дека култната слика била донесена на тоа место со речниот нанос од Ореовечка Река, која и денес тече на околу 200 м, југоисточно од местото на наодот, а од поодамна веројатно го менувала својот тек. Друга евентуална можност би била таа во непосредна близина на местото на наодот да постоела некоја вила рустика или пак станбен објект сличен на неа, какви на поблиското подрајче на градот досега се констатирани две.7

Сл. 3. Култна слика на Афродита -- Венера од Али Чаир — Прилеп
Сл. 3. Култна слика на Афродита -- Венера од Али Чаир — Прилеп

Во месноста Али Чаир е регистрирана од страна на нашиот музеј неолитска населба8 откриена на околу 100 M, од местото на наодот на мермерната култна слика. Освен овој, во Али Чаир немаме регистрирано други археолошки наоди.

Култната слика, заведена под инвентарен број 3.623 (Са. 3), има неправилна правоаголна форма и ги има следниве димензии: висина 24 см, ширина по средината 14 см и дебелина 4 см. Горниот леа На

сликата е потесен, а надолу од десната страна се проширува за 5 см.

Култната слика и е посветена на божицата Афродита --- Венера, таа стои ан фас на малку издаден напред постамент со исправена статична лева нога и малку напред поставена и благо свиткана десна нога. Десната рака и е благо свиткана во лактот и со прстите ја придржува ткаенината со која е опашана преку карлицата, а левата рака и е поставена косо преку градите и со шепата ја придржува, односно поткрева десната дојка. Со лактот од левата рака божицата се потпира врз благо тордирано столпче чии горен дел е двојно профилисан. Негде во висина на свитканиот лев лакт и е поставена доста ниско левата дојка. Божицата, во својот карличен АСА, е препашана со лесна ткаенина, чиј АСА се спушта меѓу двете нозе и делумно ја прекрива и десната нога. Десно од неа, во проширениот дел на култната слика, е поставен нејзиниот атрибут, делфинот, со глава делумно откршена и свртена надолу. Главата на божицата е поставена на складно решен врат, а на неа се назначени во плиток релјеф, широкиот нос, складно поставените очи и уши. Интересно с решението на фризурата на косата на божицата, над чистото и рамно чело косата е во средината со патец на два дела, кои се спуштаат лево и десно и ги покриваат ушите на божицата. Двата прамена коса, со по неколку брановидни зарези, се така решени, што целата изгледа во благи локни кои лесно се спуштаат надолу. Над вака решената коса на божицата е поставен масивен хоризонтален прамен коса, назначен со хоризонтални плитки зарези, во средината пресечени со три вертикални зарези, кои треба да претстават јазол, односно место каде што е косата преплетена и врзана. Меѓутоа, мајсторот фризурата ја извел доста невешто, така што се добива впечаток дека додадениот горен дел од фризурата е нешто друго, поставено врз косата, т. е. како да е тоа некакво јастаче или пак капа со чуден облик. Сметам дека оваа култна слика е производ на некоја локална каменорезачка работилница. Индиректно ми се наметнува помислата дека е таа изработена во непосредна близина на местото на наоѓањето, дотолку повеќе што рудникот за мермер Сивец, од кој е таа изработена, се наоѓа на 5--б километри североисточно од Али Чаир.

Квалитетот на изработката исто така зборува во прилог на погоре изнесената мисла; релјефот е доста плитко и нестручно изведен, а исто така се уочливи и доста диспропорции во изработката на одделни детали од телото. Целата фигура изгледа доста статично и тешко, широкиот и масивен граден кош со скоро дијагонално поставени дојки, масивните и јаки раце со изразито нагласени вертикални мускули — изгледаат тешко спрема неприродно долгите и тенки прсти на левата шепа со која ја придржува десната дојка, особено спрема палецот на левата рака, кој завршува шилесто.

Од митологијата е познато дека е Афродита родена од морска пена9 и дека е таа божица на дубовта. Исто така познато е и тоа дека таа била почитувана најмногу на Кипар, т. е. во Пафос, каде што било седиштето на нејзиниот култ.10

Ќе се обидеме првин да утврдиме дали нашата култна сликан е посветена на Афродита, односно на Венера, или пак се работи за некоја римска интерпретација, односно изедначување на култот на некоја друга божица со нјезиниот култ.

Ликовниот третман на нашава божица ни оддалеку не ги задоволува критериумите што ја красат класичната фигура на Афродита, односно Венера. Навикнати сме во статуите на Венера да гледаме одлицетворување на убавина, хармонија и пропорции на младо женско тело што зрачи живост и убавина, какви што се на пример, Венера Мидоска, Афродита Капитолинска, Афродита Сиракушка и др.

Меѓутоа, нашата култна слика, односно женскиот лик на неа, ги носи со себе сите елементи на божицата Афродита, се разбира во едно минијатурно, провинциско и доста рустично издание. Нејзиниот став, поставеноста на рацете, прекриениот карличен појас, нејзината фризура и, најпосле, делфинот што стои крај нејзината десна нога -- се елементи што зборуваат во прилог на тоа дека се работи за ликот на Афродита, односно Венера.

Би споменале на ова место дека скоро на сите хеленистички статуи косата на Афродита е решена на погоре опишаниот начин,11 со таа разлика што таму каменоресците тоа го извеле складно и вешто, т. е. горниот дел од косата го врзале во јазол што е карактеристичен за фризурата на Афродита од хеленистичкиот период.

Немаме претензии нашава култна слика да ја ставиме во кругот на хеленистичките продукти; напротив, истакнуваме дека е тоа производ работен според образецот на некоја римска копија, изведена според хеленистички оригинал. Вештината на нашиот провинциски мајстор не била на завидна висина, зашто тој ги уочил и пренел скоро сите елементи на образецот кој го имал некогаш пред очи, со таа разлика што не успеал тоа да го стори складно и вешто како авторот на неговиот образец.

За почитувањето на божицата Афродита, односно Венера, на нашето потесно подрачје сосем малку знаеме; ни се чини дека е ова еден од ретките споменици посветени на нејзиниот култ.13

На мислење сме дека во нашиов случај се работи за некакво изедначување на култот на Венера со култовите на други божества.

Кога го велиме тоа, првенствено мислиме дека нејзе и е во извесна мера придодаден и култот на плодноста, водата, односно вла: гата, а со тоа и вегетацијата. Посветувајќи и на божицата вакви култни слики, домашното население верувало во тоа дека таа ќе им обезбеди подобра летнина и последнава ќе ја заштити со својата моќ. Зашто, според митолошките верувања, каде Афродита ќе стацнела -- зад неа никнувале трева, растенија и цвеќиња.14 Не е исклучена и можноста во нашиов случај таа да биде идентификувана со некоја речна нимфа, или пак, во интерпретација на месните жители, да е идентификувана со речна локална божица, како што имаме случај во соседната Стибера, каде што среќаваме посвета од страна на граѓаните на локалниот бог Еригон и Нимфите.15

Се додека не дојдеме до нови податоци и, преку нив, добиеме нова поткрепа за раширеноста на култот на Афродита, односно Венера, кај жителите на нашето пошироко подрачје, нашиот случај ќе го сметаме за една локална римска интерпретација на култот на Венера. Можеби не е на одмет на ова место да го наспомнеме и фактот дека нашиот каменорезец со потегот на божичината лева рака, со која ја подига и истакнува својата десна дојка, заправо сака да ја истакне како извор на животот, односно плодноста.

Во недостиг на аналогни наоди, посветени на овој или нему сличен култ, на нашето пошироко подрајче, приморани сме да се послужиме со други елементи, така што барем приближно да го утврдиме времето кога настанал и бил почитуван нашиот споменик. Имено, за фризурите на коса чии горен дел е изведен во јазол, карактеристичен за приказите на Афродита од хеленистичкиот период, некои автори16 сметаат дека бил одново во мода при владеењето на династијата Антонини. Моето мислење, дека култната слика потекнува од тоа време или пак веднаш потоа, го поткрепувам со изгледот на портретот на Фаустина млада, најден во Афродизијас.17

Се надевам дека прилогов ќе донесе нешто повеќе за запознавањето и раширеноста на култовите, воопшто и конкретно за култот на Афродита -- Венера, на подрачјето на Пелагонија. Истовремено ќе ги поттикне работите и интересот на тоа поле, аспект што заслужува поголемо внимание.

Белешки

  1. Микулчиќ И., Топографија на Еударист, Macedoniae Acta Archaeologica 1, Прилеп 1975, 174и сл. 1. ↩
  2. Suić M., Kasnoantička enfora iz Burnuma ,Diadora vol. I, Zadar 1960, 98. i sl. 2; Mihajlov G., Inscriptiones graece in Bulgaria repertae, vol. III, Serdicae MCMLXI, Ne — 1050 i Ne — 958, 99 i 59; Митова-Джонова Д., Светилиште на Дионис край Свишчов, Археология год. III, книга 2, София 1961, 21. ↩
  3. Grevs R., Gréki mitovi I, Nolit, Beograd 1974, 103; Herman A. NYSA, PWRE, Bd. XVII, 2, 1654—61. ↩
  4. Suić M., Ibid, sl. 2; Вулић Н., Антички споменици наше земље, Споменик ска, 71, 1931, 19, бр. 32. Истиот Споменик ска, 77, 1934, 39. ↩
  5. Митова-Джонова Д., Ibid. 22, sl. 2. ↩
  6. Вакви двојни корита се констатирани на подрачјето на селата Штавица, Горно Село, Ракле и др. ↩
  7. Кепески K., Villa Rustica во Пештерица кај Прилеп, Macedoniae Acta Archaelogica 2, Прилеп 1976, 43 и 148. ↩
  8. Китаноски Б., Аличаир--Прилеп--Неолитска населба, Arheoloski pregled 11, Beograd 1969, 19. ↩
  9. Grevs R.,. Ibid. 49. ↩
  10. Ibid. 49 i natamu. ↩
  11. Charbonneaux J., Marten R., Grece clasique, Paris 1969, sl. 402; Rodenvaldt G., Die kunst der Antike, Berlin 1927, 478 i dr. ↩
  12. Вулиќ Н., Споменик ска, 77, 1934, 34; Споменик ска, 71, 1931, 170; СпоменикСКА, 98, 1941—48, 178. ↩
  13. Grevs R., Ibid. 49. ↩
  14. Vuckovié-Todorovié D., Styberra — Античное поселение B селе Чепигове B окресностах Прилеп, Archaeologia Iugoslavica IV, Beograd MCMLXIII, 82. ↩
  15. Vermeule C., Ibid. 285. ↩
  16. Tbid. 285, fig. 151. ↩
  17. Снимки и фотографии: Бранко Јелиќ — фотограф при Народниот музеј во Прилеп.. ↩

Summary

Two Marble Cult Pictures from the Collection of the Museum in Prilep

In 1966 the collection of museum in Prilep was enriched with a fragmented cult picture of Dionysus which was made on white surface marble.. According to the bearer’s words it was built in the stone wall of the cemetery in the village of Rakle which is about 25 km east of Prilep and about 2 km far from the highway Prilep — Skopje across Pletvar saddle (pic. 1).

The dimensions of the cult picture of Dionysus are the following: 15/21/4,5 cm. In the middle of the picture is Dionysus, en face, naked with distinctly pronounced musculature of the body. The hair on his head is divided into two parts by7 a deep part. From the part which is in the middle of the top of the head two massive tendrils of vine come out and in gentle curves fall by his shoulders. On the tendrils bunches of grapes and vine leaves are alternately placed. This cult picture was made by a local province master who was not so successful in presenting the anatomy of the body, nor in the relief itself.

By now this cult picture is the only example devoted to god Dionysus on the larger region of Rajca, so we cannot confirm with certainty how much he was worshipped by the local inhabitants. As the region of Rajca was at a strong rise in the first centuries of A. D. the testimony of which is the desnity of vicgi and settlements along the mentioned antique road, we think that this cult picture of Dionysus was made in that period.

In 1977 a marble cult picture was brought to the museum of Prilep. It was found in the north-eastern part of the town, called Ali Cair. The cult picture is irregular rectangular in form and has the following dimensions: 24/14/4 cm. It was devoted to a female deity because there is a presentation of a stocky static

figure on it who stands en face, and judging by the appearance and attributes it was possibly devoted to goddess Aphrodite — Venus.

The goddess stands on a low pedestal, the weight being on her left leg because the right leg is somewhat bent at the knee. She supports herself with a small stick with her left hand while in her right hand she holds a drapery which falls down from her waist by her legs gently covering her right foot, With her left hand she supports herself and lifts her highly placed right breast. The head is harmoniously shaped, the only detail which is awkwardly made is her hairstyle, 1. e. its upper part. Namely, when the master made it, hellenistic presentations of the statues of Aphrodite were his model, so we can see very well the hair tied in a luxurious knot. He was not so successful in making what he wanted so the hairstyle looks more like a hat of an unusual form.

On the basis of the stylistic characteristics and other elements of this cult picture taking as an example the treatment of the hair and its style characteristic for hellenistic presentations of the statues of goddess Aphrodite, and which element was also in fashion during the reign of dynasty of Antonin, we classify this cult picture with a reservation in that period.

Radevska Radmila