Macedoniae acta archaeologica 5 (1979) · стр. 131–139

Група доцноримски гробови од Камник Скопје

Содржина
  1. ОПИС НА ГРОБОВИТЕ
  2. ОПИС НА ГРОБНИТЕ ПРИЛОЗИ
  3. ПРИЛОЗИ ОД СТАКЛО
  4. ПРИЛОЗИ ОД МЕТАЛ
  5. 0,6 см. фибулава е од типот крстести бронзени фибули со луковичести
  6. МОНЕТИ
  7. ЗАКЛУЧОК

Во месец август 1970 г. при изведувањето на земјените работи за подигање на објектот ,,Arpocepsuc“,1 на потегот Камник пред населбата Сингелиќ--Скопје, беа откриени седум доцноримски гробови. Земјените работи се изведуваа машински и првоодкриениот гроб беше скоро целосно уништен;2 а другите во поголема мера. Теренот претставува падина и со машинското работење беше симнат хумусниот слој, а некаде и повеќе под него.

Откриените гробови се наоѓаа на простор од 20x10 м. Археолошките заштитни испитувања се изведоа во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје, а работите ги раководеше авторот на статијава.

ОПИС НА ГРОБОВИТЕ

ГРОБОВИ СО ИНХУМАЦИЈА:

Гроб 1. Најден е на длабочина околу 1,30 м од површината на земјата, ориентиран во правец северозапад--југоисток. Откако бил откриен, работниците го испретурале. (Т. I, Са. 1) Деловите од конструкцијата биле развлечени наоколу, некои од прилозите испокршени а in situ беше само северната надолжна страна, така што нашиов опис е негова реконструкција според кажувањето на работниците.

Гробот е граден во вид на правилна циста, од две раноцарски стели — надолжни страни со димензии 2,15 м и 1,93 м, и направени од варовник; две попречни, грубо обработени плочи од варовник со димензии: 0,84 x 060 х 0,17 mM. Покривот е направен од три грубо обработени камени блокови од варовник со димензии: I—18 x0,78x0,20 м, II 085x0,74xX0,29 м, III 1,16x0,66x0,21 mM, a подот од три опеки со деминзии: 0,57×0,56×0,07 м. На едната од нив е врежан полукружен орнамент изведен со прсти. При градењето не е употребено везивно средство за поврзување. Внатрешните димензии на гробот се: 2,15 хХ 0,80 0,84 м. Цистата била исполнета со земја и и во неа биле изведени два потреба. Скелетот од второзакопаниот покојник машко лице -- беше испретуран. Меѓутоа, според кажување-

Сл. 2
Сл. 2
Сл. 3
Сл. 3
Илустрација, стр. 133

то на работниците, тј. бил поставен на плеќи, со испружени раце покрај телото а главата потпрена со по парче тегула од двете страни и добро зачуван. Во југоисточниот дел од цистата, во ќуп земја, се наиде на собрани остатоци од првозакопаниот покојник.

ПРИЛОЗИ:

— во пределот на градниот кош, од десната страна, се наоѓаше доцноантичка крстеста фибула со луковичести главички од позлатена бронза;3

— кај левата рака беше најдено бронзено сатче оштетено, НСНОАнето со јагленисана материја, а во неа се наоѓаше монета;

— во пределот на карлицата и десната рака беше откриен стаклен сад.

На првозакоцаниот покојник му припаѓале овие прилози: шест бронзени алчиња, фрагмент од стаклен сад-фиола и фрагменти од керамички сад.

Гроб 2. Откриен е на длабочина 0,60 м од површината на земјата, ориентиран во правец исток-запад (Т. 1, Сл. 3). Граден е од тегули во вид на циста. Капакот и страничните тегули се оштетени, а подот е целосен и неговите димензии изнесуваат 0,5950,41 х 0,03 м. Зачувани димензии на попречните страни се 0,41 х 0,20 м, а на надолжните 0,50×0,20 м. Корисната површина на цистата е смалена и изнесува 0,500,200,30 м. При градењето не е употребено везивно сретство за поврзување. Цистата беше исполнета со земја. Најден е детски скелет, со глава поставена на источната страна и раце испружени покрај телото. Скелетот е лошо зачуван, со должина 0,50 м. Прилози:

— покрај левата нога во пределот на стапалото е најден прешлен светлосина стаклена паста, орнаментиран со вертикално пластични ребра.

Гроб 3 најден е на длабочина 0,96 м од површината на земјата, ориентиран во правец северозапад-југоисток. Гробот е граден од опеки, во вид на правоагална циста. И оваа циста е оштетена (T. I,

Са. 4), така што од неа го имаме зачувано целосно подот, а делумно покривот и страните надолжни и попречни. Подот е направен од две опеки, со димензии 0,57×0,54×0,06 м. Внатрешните димензии на цистата изнесуваат 1,15 0,56 х 0,22 mM. Видливи се траги од бело бојадисување. Во северозападниот дел на гробот беше најден остаток од скелет на дете, черепот слабо зачуван. Прилози нема. Скелетот и прилозите се секако растурени од страна на работниците.

Гроб 4, Зачуваниот дел од овој гроб се најде на длабочина 0,80 M од површината на земјата, ориентиран северозапад-југоисток. Цистата е пресечена скоро наполу од неа е зачуван само северозапад-

ниот дел. Градена е од тегули и опеки, но и тие дислоцирани. Ди-

мензиите на зачуваниот дел од гробот изнесуваат 1,60 1,00 0,60 м, а димензиите на опеките се 0,56 0,56 0,06 м, со траги од бело бојадисување. Од скелетот на покојникот — жена беа најдени череп и коски од рацете, прекрстени во пределот на градите, лошо зачувани. Прилози:

— во пределот на главата беше најдена монета, мала бронза, а во пределот на прстите фрагменти од тенко бронзено прстенче. Од десната страна, покрај главата, на 0,30 м подлабоко беше откриен дел од керамички сад.

ТРОВОВН СО КРЕМАЦИЈА:

Гроб 5. Гробна јама со неправилна изложена форма, откриена на 0,20 м. под површината на земјата. Ориентирана исток-запад, со димензии 1,44Х0,80 м и длабочина 0,14—0,18 м. Покриена делумно со фрагменти од хоризонтално поставени тегули. Во јамата беа со брани остатоци од клада: ТОРеТННН, пепел и изгорени парчиња од коските на умрениот. Гробни прилози нема.

Гроб 6. Плитка издолжена јама, откриена на 0,10 M под површината на земјата, оринтирана север -- југ; димензии 2,10X0,60 м. и длабочина 0,10 м. Во јамата беа собрани остатоци од клада: горетини, пепел и неколку парчиња изгорено дрво. Гробни прилози: во средината на јамата се најде дно од керамичен сад и две бронзени монети.

Гроб 7. Плитка издолжена јама, откриена на 0,30 м под површината на земјата, со димензии 1,40Х0,34 Mm и длабочина 0,16 м. Во јамата беа собрани остатоци од клада: горетини, пепел, изгорени парчиња од коските на умрениот, како и шајки деформирани од горењето. Прилози нема.

Пред да поминеме на описот и датирањето на гробните прилози во наведените гробови, ќе се вратиме уште еднаш на гроб 1, односно на надгробните стели што се вградени во неговата конструкција како надолжни страни, на нивната содржина и временската детерминација.

I. Стелата е направена од варовик, а со одбивање на двете попречни страни е приспособена за конструкција на гробот, односно поставена како негова јужна страна. На предната страна од стелата, која је убаво обработена, се наоѓа профилирано натписно поле, а над него стрм фронтон со пластична розета, од натписот што е изведен во девет реда (Т. I, Са. 2) дознавме дека стелата му е4 подигната на Кесус, Местриев син, за кого е нагласено дека е Македо, живеел седумдесет години, дедиканти се сопругата Делус и синот Битус, кој е наведен како Кесувов наследник. Временски стелата припаѓа кон првата третина на II в. од H. е.

II. Стелата е од ист материјал како и претходната, на ист начин

приспособена за конструкција на гробот а поставена како негова

северна страна. (Т. I, Са. 1) На предната страна од стелата, која е убаво обработена, се наоѓа профилирано натписно поде, а над него висока полукружна ниша, во која се изведени две женски натпојасни претстави и две детски глави во висок persed.5 Од натписот, изведен во десет реда (T. I, Са. 1), дознавме дека стелата и ја подига мајката Клаудија Валерија на својата ќерка Клаудија Фирмина, која живеела дваесет години. Временски припаѓа, секако, кон средината на II в. од H. е.

ОПИС НА ГРОБНИТЕ ПРИЛОЗИ

Керамика. Во погоре наведените гробови не откривме цели керамички садови, туку само фрагменти, и тоа во гробовите 1,4 и 6. Во гробот 1--фрагмент од мев на сад, изработен од лошо пречистена глина со темно црвена боја. Димензии: 0,08 0,060,003 м. Фрагмент од мев и дно на сад, беше најден во гроб 4. Изработен од пречистена глина. со темноцрвена боја; висина 0,08 м. Во гроб 6 најдениот фрагмент е дно, малку вовлечено со П--004 м. Изработен од добро пречистена глина, со темножолтеникава боја. Сите споменати фрагменти типолошки ѝ ӏрипаѓат на доцноримската керамика од IV в. од н. е.

ПРИЛОЗИ ОД СТАКЛО

Во гроб 1 беше најден стаклен сад, прилог на второзакопаниот покојник, а прилог на првозакопаниот се фрагменти од стаклен сад- -фиола. Во моментот на откривањето стаклениот сад она цел, но работниците го искршиле. Од прибраните делови на теренот, подоцна, извршивме реконструкција. (Т. II, Са. 1) Садот има облик на пресечен конус, со рамен обод и малку заоблено и вовлечено дно. Бојата на стаклото е бледозелена. Висина на садот: 0,11 mM. На те-АОТО се изведени четори плитки хоризонтални канелури. Слични по форма стаклени садови, во достапна за нас литература, беа најдени на некрополата во Пештерица кај Прилеп?6 а секако дека нив ги има и на другите доцноримски некрополи во нашата земја.

Вториот прилог, фрагменти на фиола од 3САСННКАВО стакло, со вретенеста форма. Вакви садови беа најдени во Скупи;7 Зајас -- киyescxo,8 Охрид, Добри Дол?9 и др. Нисен ги датира во III в. од н. е. ќе го споменеме и наодот од гроб 2. прешлен направен од сина стаклена паста, со топкалеста форма и пластични вертикални ребра. Висина 1,5 см, П--1--8 см. (T. II, Са. 3)

ПРИЛОЗИ ОД МЕТАЛ

Во гроб 1 беше најдена фибула, изроботена од масивна бронза со позлата, добро зачувана. (Т. II. Са. 2) Долга е 8,5 см, широка

0,6 см. фибулава е од типот крстести бронзени фибули со луковичести

главички, кои се јавуват во III в. од H. е. и ја надживуваат Римската империја.10 Таа е11 со назабени раменици, луковиците се при врввот малку оштетени а на лакот и ногата е изведен орнамент-пелта; освен тоа, на ногата се наоѓаат и пластични украси. Составен дел од фибулата беше и иглата, која подоцна се загуби. Луксузните примероци, како што е овој, позлатени, се јавуваат во IV в. од н. е. Најблиски примероци се најдени на локалитетите во Драчево,12 Скупи,13 Зајас14 и др.

Во гроб 1 беа најдени и шест, бронзени алки со правоаголен пресек (T. II, Са. 4) прилог на првозакопаниот покојник. Алките се без орнаментика и со различен пречник од 2,4 и 2,5 см. Тие биле секако аплицирани на некој дел од покојниковата облека. Неколику фрагменти од тенко бронзено прстенче беа најдени во гроб 4 и тоа плоскава глава без орнаментика, со дел од алка на која се врежани паралелно по два хоризонтални вреза.

МОНЕТИ

Беа најдени четори монети, т. н. мали бронзени по една во гробовите 1 и 4 а две во гроб 6. Тие биле ставени, најверојатно, како ободи на покојниците. Монетата од гроб 1 е доста оштетена, но по она што се гледа може да кажеме дека е од времето на Константин | или неговите наследници, односно првата половина или средината на ТУ в. од н. е. Оштетена и нечитка е и монетата од гроб 4, И овде се работи за монета од времето на Константиновите наследници, можеби Констанциј II, т. е. 1/2 иди средина на IV в. од н. е. Монетите од гроб 6 се само делумно оштетени и се од времето на императорите Константин I и Дедмациус.

I. Константин I (306—337 г. од н. е.).

Ав. Биста на императорот со дијадема надесно, околу текстот CONSTANTINUS MAX. AUG.

Рѕ. Двајца војници држат по копје и штит во рацете, застанати меѓу два војнички сигнума, околу текст: GLORIA EXERCITUS.15

II. Далмацице, (335—337 г. од H. е.).

Ав. Биста на императорот со ловоров венец надесно, околу текст: FL DALMATIUS NOBC.

Рѕ. Двајца војници држат по копје и штит во рацете, застанати меѓу еден војнички сигнум, околу текст: GLORIA EXERCITUS16 (Т. II,

Ca. 5a и 56)

ЗАКЛУЧОК

Испитаните седум гроба, секако не се осамени, туку се дел од некропола што била во склопот на полски имот чии остатоци не можевме да ги констатираме и покрај деталного рекогносцирање на околниот терен. Меѓутоа, веруваме дека со текот на времето и тие ќе се појават. Од гробовите со инхумација, ќе го споменеме гроб 1 гробница, кој се издвојува од другите по својата конструкција и богатите прилози. Кај него во конструкцијата се употребени раноримски стели од првата третина и од средината на II в. од н. е, на ист начин биле градени и гробови откриени во Скопје и неговата околина (Момин Поток, Рокомија, A. Водно и др.), главно гробови на богати земјовладелци закопани на своите имоти.17 Се прашуваме дали во гробот на Камник е закопан сопственикот на полскиот имот, богатиот земјовладелец или некој што е во семејна врска со него. Појавата, раноримски стели да се вградуваат во гробовите од IV в., некои од авторите! ја толкуваат како тенденција умрените да бидат што поблиску до остатоците на своите далечни прадедовци.

За одбележување е и појавата на гробови со кремација, гробовите 5,6 и 7, кои хронолошки (датирани со монетите на Константин I и Делмациус од гроб 6) се вклопуват во средината на IV в Кремацијата, како начин на погребување, кој е одамна заборавен, се јавува пак, и тоа за кратко време. Нејзината појава некои ја толкуваат како одраз на се посилното христијанизирање, односно враќање кон старите идеи и верувања, кон паганството. Приврзаници на овие идеи биле припадници од повисоките слоеви на доцноримското општество.19 Едни од нив биле веројатно и жителите на полскиот имот на Камник.

Да заклучиме, накрај, дека овие седум гробови, по својата конструкција, начинот на погребување, како и гробните прилози, хронолошки припаѓаат кон средината на IV в. од н.е.

Белешки

  1. Изведувач на градежните работи е I. П. „Илинден“ — Скопје, а инвеститор „Скопско Поле“3 — с. Петровец, на кои и овој пат им заблагодаруваме за укажаната помош и разбирање. ↩
  2. Со откривањето на овој гроб, се наметна и археолошко заштитно ископување, бидејки на повеќе места се срекаваа индиции за постоење на гробни конструкции, што со ископувањето и се потврди. ↩
  3. Овој, како и другите прилози, се наоѓаат во Музејот на град Скопје. Техничката документација ја изработи инг. арх. А. Танева, а фотографиите М. Димески, фотограф во Музејот на град Скопје. ↩
  4. Стелите се наоѓаат во Музејот на град Скопје. Нив детално ги обработи и објави Б. Драгојевиќ-Јосифовска, Две римске стела из Скопја, Ж. А. 1971, год. XXI ср. 1, 231 и натаму. ↩
  5. Ibid., 236. ↩
  6. К. Кепески, Северозапдана некропола на вилата рустика во Пештерица kaj Прилеп, Macedoniae acta archaeologica II, 210, сл. 1, 3. ↩
  7. И. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на фил. факултет на Универзитетот во Скопје 26, 1974, 123. ↩
  8. В. Битракова, Римски гроб од Зајс, Зборник на Археолошкиот музеј, Скопје, IV—V, 96. ↩
  9. Д. Вучковиќ-Тодоровиќ, Римски двојни гроб из Доброг Дола, Старинар VII—VIII, 295. ↩
  10. В. Битракова, ор. cit., 96, цитиран В. Кондиќ. ↩
  11. Д. Вучковиќ-Тодоровиќ, op. cit., 296, цитиран Dorin Popescu. ↩
  12. Б. Јосифовска, Две позноримске гробнице из Драчева, Ж. A., год. IV, св. 2, 1956, 288. ↩
  13. И. Микулчиќ, ор. cit. 136. ↩
  14. B, Битракова, ор. cit. 96. ↩
  15. H, Cohen, Monaies sous l’empire romain, Graz 1955, VII, 257, Ne 253. ↩
  16. H. Cohen, ibid. 362, Ne 14. На колегата K. Кепески му благодариме за укажаната помош при идентификацијата на монетите. ↩
  17. И. Микулчиќ, ор. cit. 113. ↩
  18. И. Микулчиќ, ор. cit. 119, ↩
  19. И. Микулчиќ, ор. cit. 129, цитиран Б. Бабиќ. ↩

Summary

A Group of Late Roman Graves in Kamnik- Skopje

Gordana Dimitrioska — Kiéevo

The group of late Roman graves discovered between Kamnik and Skopje in the vicinity of the settlement Singelik in August, 1970 consists of4 seven graves, four of which with interment and three with cremation. They belonged to a larger necropolis which was a part of a field estate extending around. In the construction of grave Ne 1 two grave steles were built in later. They date back to the first third and the middle of the 2nd century A. D.

Grave objects were present in almost all of the graves, i. e. objects of metal, glass, glass paste as well as coins. Grave N2 1 was the richest. In it two burials, had been performed. Besides the other objects a late antique cross fibula with bulb heads of gilded bronze as well as a glass vessel were found in it, T. I, pics. 1,2—4. Considering the typological characteristics of the material, the construction of the graves, as well as the coins of Konstantin I and his heirs to the throne Konstancij П and Delmacius, this group of1 graves near Kamnik dates back to the middle of the 4th century A. D.

Radmila Radevska