Macedoniae acta archaeologica 5 (1979) · стр. 9–29

Неолитска населба во село Могила кај Битола

Денешното село Могила се најдува на околу 10 км северно од Битола а на околу 2 км источно од современиот пат Битола--При-Ден. Името го добило најверојатно по повеќето тумби-могили распоредени низ целото село. Повеќето од нив се населби од праисторискиот период. Оваа Тумба се најдува во централниот дел на селото врз која се изградени старото училиште, задружниот дом и денешната амбуланта. Денес Тумбата не е карактеристична заради подигнатите објекти не како и заради симнувањето-заравнувањето на површинските слоеви со што е добиен рамен слободен простор за разни селски потреби.

Ископувањата се извршени во 1975 година непосредно пред изградбата на селската амбуланта.1 Сондата беше поставена во јужниот дел на Тумбата во правец И--3 со димензии 6,005 3,00 м.

Спремна познаниот материјал од порано евидентно беше дека покрај праисториските наоди на оваа населба постоела и средновековна некропола.2 Ова се потврди и со самото археолошко ископување, бидејки на целата површина од сондата до длабочина од 1,20—1,50 м. културниот слој е пореметен. Покрај некрополата констатирани се и повеќе јами со словенски наоди кои одеа до длабочина од 3,00 м. со што се нарушени стратиграфските односи на подвижниот материјал.

Дебелината на културниот стратум од современата површина до здравицата покрај источниот профил на сондата изнесува 6,05 м. Во овој дел се најдуваше и една јама која делумно беше копана во здравицата. Во останатите делови на сондата, здравицата се појавува

Без оглед на нарушеноста на културните стратуми до кота од околу 3,000 м, па и подлабоко, докаде поедините јами ги нарушиле подвижните керамички и други наоди, можат да се издвојат два културни стратуми, се подразбира не сметајки го најмладиот горен слој со дебелина од околу 1,20 м што беше особено нарушен со словенската некропола,3

Илустрација, стр. 10

Првиот-најстар културен стратум појдува од кота 6,05 м, односно 4,60 м и се завршува приближно на кота 3,50 м.

Вториот стратум појдува од котата 3,50 и се завршува на околу

Најмладиот културен стратум-rper по ред како што веќе е споменато и припаѓа на словенската некропола, а се наоѓа помеѓу котите 1,20 и 000 м. Покрај словенските наоди во него беа застапени и фрагменти од I и II културен стратум.

Првиот најстар културен стратум е извонредно богат со керамички наоди кои припаѓаат во неолтискиот период. Во овој стратум евидентни се два станбена хоризонта-постар со јами и помлад со надземни куќи, кои се градени со техника на преплет во комбинација со вертикални колци налепени со кал. Можно е во овој хоризот населбата да била обновувана повеќе пати, каков што е случајот кај многу населби од тоа време.4

Од подвижните наоди како и на сите неолитски населби најзастапена е убавата монохромна керамика, со топкалест облик, малку подотворен реципиент и кружно рамно дно. (Са. 1) Потоа садови со малку нагласени биконусни облици чии рабови на ободот се извлечени во вид на низок врат или со низок разгранет обод. (Сл. 2) Како варијанта присутен е и садот исто така со топкалест облик но со повисок цилиндричен врат, чија површина е монохромна црвена и полирана со орнамент на хоризонтален низ од сигми (Σ) изведени со бела боја на црвена основа. (Сл. 3) Овој тип на сад и орнамент се среќава и на Велушка Тумба.5 Покрај оваа, застапена е и black topped техника (сл. 4).

Се појавуваат и затворени чинии со црвена монохромна површина, низок врат или позавратен раб на ободот. (сА. 5) Оваа боја ја има во нијанси од темно-црвена до оранжова. Орнаментиката на ваквите садови и капаци е изведена со бела боја, а мотивите се ленти, ромбоиди, кругови и извлечени триаголници. (Са. 6) Поедини ленти се со темна боја што укажува на black topped техника. Постојат и примероци на вакви чинии кај кои надворешната површина е црно мазнета, а внатрешната кафејавкасто црвена. Ваквите примероци се ретки но сепак ги има во овој стратум.

Во убавата ќерамика овдека се појавуваат и чинии со сивоцрна мазнета или мат површина кои што во наредниот стратум имаат водечка улга.

Втора побројна врста ќерамика е со груба фактура и барботин орнаментика што се поблаго нагласена таканаречен „срамежлив барботин“, додека на поедини примероци е јасно изразена во вид организиран барботин. (Са. 7, 8) Барботин мотивите се изведени воглавно на топкалести садови со низок рамен врат. Кај оваа техника на украсување е важно што барботинот не е преку целата површина на садот, туку само на средината и долниот дел. Една TIOLIHрока лента околу реципиентоте рамна и мазнета. Ваков начин на украсување се најдува и на други неолитски населби во Пелагонија и Источна Македонија.6 Во најстариот стратум се откриени неколку

Илустрација, стр. 12

фрагменти од жртвеник-модел на куќа, на четири нозе со (плиток) реципиент, на чии страни има по две откршени вертикални брадавици. (Сл. 9) Како тип е нов и не е познат во досегашните археолошки проучувања во Пелагонија.

Од орудијата што се многу ретки во најстариот стратум се откријани само неколку помали калапести секири од камен. (Сл. 9, 9a)

Помладиот стратум II појдува од кота 3,20 м и се завршува на кота 1,20 м. Стратумот е прилично нарушен во длабочина со вкопување на поголеми јами и тоа во централниот АСА На сондата. Во него се издвојуваат два хоризонти на станување. Едниот е на кота 2,40 м, а вториот на 1,60 м. Веројатно и овдека како и кај други населби доаѓало до обновувања што не влијаело на измената на структурата на материјалот, а пред cé на керамиката.

Во подвижниот материјал најбројна е керамиката и тоа по фактура груба и убава. Во грубата керамика застапени се топкалести садови со низок цилиндричен врат, полутопкалести и конусни. Кај грубите садови се јавува барботин орнаментика и тоа во главно аркаден, (Са. 10, 11) „срамежлив (Са. 12 и 13), организиран. (Сл. 14). Покрај ова застапени се примероци украсени со налепци со втиснат прст (Са. 15), со плетеница (СА. 16), со паралелни пластични ребра. (Сл. 17) Има и конусни чинии со обод украсен со вдлабнатинки од прет. (Сл. 18) Некои од овие садови имале хоризонтални или Вертикални лентести држалки (Сл. 19 и 20), петличести или помали и поголеми брадавици.

Во втората-убава керамика доминира чинијата со отворен и широк реципиент, а конусен или биконусен облик. Поедини примероци се без никаков или со покус врат, како и со рамен или позавратен раб на ободот. (Са. 21—27) Застапени се и садови со висок цилиндричен врат (СА. 28), како и затворени-топкалести чинии. (СА. 29 до 31) Чиниите се со сивоцрна, мат и темномрка боја.

Во овој стратум егзистирале и садови со сиво мат боја во облик на пехар. (Са. 32)

Од орнаменталните техники со кои се украсуваат убавите керамички садови, застапено е сликањето со бела боја на црвена основа. Мотивите се издолжени триаголници (сА. 33), кружна лента (Са. 34), поголеми аглести површини (сл. 35), хоризонтални широки ленти. (сл. 36) Некои од садовите со висок цилиндричен врат имаат обод

украсен со вдлабени крукчиња. (Са, 37)

Во керамичките производи спаѓаат и минијатурни топкалести садчиња со низок цилиндричен врат и две хоризонтални лентести држалки. (Са. 38)

Во овој културен стратум спаѓаат кружни плочки од камен (Са. 39), исти такви плочки од керамички садови во средината продупцчени или не. (Са. 40, 41) Исто така овде спаѓаат и елипсести куглички за праќа од камен и печена земја. (Сл. 42, 43)

Во производите од коска спаѓаат разни шила (Са. 44), a од кремен ношчиња и стругалки. (Сл. 45)

Илустрација, стр. 14
Илустрација, стр. 15
Илустрација, стр. 16

Во овој културен стратум од пластиката застапени се фигури од печена земја и тоа со столбест долен дел и триаглеста глава, со издолжени рогови и пластични бадемасти очи (Сл. 46), го има и типот статуетки што седат со назначена стеатопигија извлечени екстремитети. (Сл. 47) Кај статуетките што стојат интересен е примерокот со пластична претстава на женски гениталии (СА. 48), како и една стеатопигна статуетка со куси нозе (Сл. 49)

Помладиот културен стратум се одликува и со богатство на жртвеници-модели на куќи, кои во претходниот стратум со сигурност можат стратиграфски да се утврдат. Жртвениците се воглавно на четири нозе и правоаголна основа, освен минијатурниот примерок на три куси столбести нозе со плиток кружен реципиент со нарецкан раб. (Са. 50) Присутен е типот со рамен реципиент и назабени нозе. На аглите се поедна вертикална пластично шилесто извлечена брадавица, од двете страни на нозете под рецепиентот има по една брадавица. (Са. 51) Наодот на Аеа од цилиндар (Са. 52) како и повеќе фрагменти од зидови, основа и кров ни потврдуваат дека бил познат и жртвеникот-модел тип I Породин.7 Исто така неколкуте животински статуетки-апликации зборуваат за постоењето и на жртвеник кој што на аглите имал вертикално аплицирани животински глави.8 (Сл. 53) Во овој културен стратум на Могила познати се амулети од коска и школка (Сл. 54, :

Третиот најмлад културен стратум на оваа населба се најдува помеѓу котите 1,20 до 000 м Заради присуството на словенската некропола овој стратум е испретурен, така да точното стратиграфско фиксирање е неможно. Кон ова има придонесено и современото зарамнување на површинските делови од Тумбата-населбата.

Во ископуваниот дел се откриени пет словенски гробови со испружени скелети на грб со раните свиткани во лактовите и положени над стомакот. Ориентацијата му е исток-запад со мали отстапувања во зависност од годишното време кога е извршено сохранувањето. Скелетите се положени директно во земја, а над куќниот лепеж од последниот станбен хоризонт на населбата. Во целост откриени и очистени се само гробовите 1 и 2, а останатите се делумно, бидејки навлегуваат во профилите. Во гробовите немаше прилози, освен во гробот 2 каде беше откриен еден обичен бронзен прстен.

Без оглед на сето досега речено за овој стратум подвижните наоди констатирани и откриени во него се интерсни, па споменуваме без претензија на некакво строго хронолошко фиксирање. Можно е наодите што ќе ги спомениме да потекнуваат дури и од I најстар културен стратум, или оној што му претходел на овој најмладиот, а исто така има и поедини примероци што не беа констатирани во претходните стратуми барем во овој истражуван дел.

Се разбира дека и овде се најбројни керамичките наоди. Од облиците застапени се затворени топкалести садови, полутопкалести, конусни. Некои од овие садови со груба фактура се украсени со барботин техника („срамежлив“, организиран, садови во горниот дел

Илустрација, стр. 18
Илустрација, стр. 19
Илустрација, стр. 20

мазнети, а долу барботинирани), како и примероци со една или две паралелни плетеници. (Сл. 56)

Кај убавата керамика се забележуваат облиците што ги имаше воглавно и во претходните стратуми. Побројни се конусните и полутопкалестите, како и топкалестите садови со низок и висок цилиндричен врат. (Са. 57) Покрај од порано познатите орнаментални технеки кај убавата керамика сликање со бела боја на црвена основа (Са. 58, 59), во овој стратум се забележуваат и нови. Таков е случајот со еден примерок на биконусен сад со оштер премин, мазнети површини со мали кружни налепци кои ја формираат буквата 5, а под неа на рамото хоризнотален низ од исти такви налепци (Са. 60), со убава фактура боја темно сива. Ваквиот орнамент е единствен во Пелагонија. Покрај ова исто така за прв пат на оваа населба се појавуваат и паралелни низови од триаглести убоди. (Са. 61)

Новина е и еден примерок на сад со брадавица од внатрешната страна поставена на ободот, која всушност во мал дел и го надвишува. (Са. 62)

Продолжуваат да егзистираат и земјените куглички за праќа како и дискоидните плочки од керамички садови во средината продупчени или не.

Единствената минијатурна пинтадера од печена земја е откриена во овој стратум, а потекнува од кота 1,05 м. (Са. 63).

Кај пластиката во однос на претходните примероци не се забележуваат никакви промени. Иако е ретка таа, ги покажува воглавно истите карактеристики-нагласена стеатоцигија (Са. 64). Како нов ТНМ е примерокот на (Са. 65) од горниот дел на плосната статуетка со свиткани и шилести завршени раце поставени на градите.

Од жртвениците-модели се појавува типот Породин I, како и примероци на четири нозе со животинска апликација на аглите (Сл. 66). Нов тип на жртвеник -- модел правоагална масичка на четири нозе со рамен реципиент со поголем кружен отвор во средината (Са. 67)

Како што е споменато врз основа на сите наоди на населбата Тумба во Могила низ сите стратуми материјалот е единствен односно постои континуитет.

Во недвижните наоди односно објекти за живеење на оваа населба не можеме да зборуваме поопширно, бидејки податоците се многу малку. Иако во првиот најстар стратум се евидентни два станбена хоризонта-постар со јами и помлад со надземни куќи, сепак останува отворено прашањето дали слојот со јами бил за живеење. Исто така за надземните кукќи- нивниот облик големина и начин на градба не може поодредено да се каже. Во овој поглед слична е ситуацијата и со помладиот културен стратум каде што исто така се евидентни два станбени хоризонти со надземни куќи. За најмладиот стратум во оваа смисла не добиваме никакви податоци.

За I стратум карактеристично е дека на истражуваната површина камените и другите орудија се ретки.

Илустрација, стр. 22

Кај грубата керамика се забележуваат топкалести, полутопка-АеСТН, конусни облици со зарамнети или заоблени ободи, дна кружни и равнии. На некои примероци на дната има отпечатоци од ткаенина. Држалките на ваквите садови се лентести поставени, хоризонтално или верти-кално на вратот или стомакот. По боја се монохромни, а преовладува црвенкаста нијанса и сиво мат. Единствената орнаментална техника кај грубата керамика е барботинот што се појавува во налепци, организиран и „срамежлив“, со кого се украсуваат воглавно од рамото на надолу, а нагоре се замазнети или убаво мазнети. Вакви садови со слична орнаментика се застапени во Велушко породинската културна група и тоа во сите фази, така да не претставуваат посебна хронолошка одлика.9

Облиците кај убавата керамика се конусни, топкалести, полутопкалести и биконусни, со висок и низок цилиндричен врат, заоблен или позавратен раб на ободот, мазнети и сјајно мазнети површини, со рамни и кружни дна. По боја се монохромни црвени, црвени нееднакво печени и темно сиво. Орнаментиката воглавно кај оваа керамика е сликање со бела боја на црвена основа со мотиви на ленти и (Σ) сигми. Исто така е застапена black topped, техника, како и тенки паралелни ребра. Како орнамент можат да се третираат и малите брадавици со кои се украсени поедини примероци со повисок цилиндричин врат.

Слично сликање е познато во Велушко-Породинската група во фазите II и ІІІ.10 Во истава група се јавува black topped орнаментот, како и во населбата Чука и тоа во фазата ПИ.

Единствениот фрагмент од жртвеник модел од овој стратум претставува нов тип засега непознат на други наоѓалишта во Пелагонија. (Сл. 9)

Врз основа на реченото за поглавните карактеристики може да се каже дека овој стратум припаѓа во Велушко-Породинската културна група и да се синхронизира со фазите II и III, односно Чука 1.

Помладиот ІТ no ред културен стратум се одликува со сосема ретки наоди на камени секири, како и кремени ношчиња и стругалки. Од останатите орудија застапени се кружни плочки од камен, исто такви плочки од керамички садови во средината продупчени или не, како и елипсести кугли за праќа од камен и печена земја. Орудијата од животински коски (шила) и САСНСКН рог (алатка) се исто така ретки. :

Во облиците на грубите керамички садови не се забележува скоро никаква промена туку оние што се појавија во претходниот продолжуваат и во овој стратум. Слична е ситуацијата и со барботин орнаментиката. Новост е така наречениот аркаден барботин како и пластични кружни налепци втиснати со прсти.12 Пластичната плетеница што се појави во претходниот стратум проодолжува и во овој. Како орнамент се појавуваат и вертикални паралелни тенки пластични ребра со краеви завршени со втиснување. Се појавуваат и конусни чинии чии обод е украсен со вдлабнатинки од прст.

Илустрација, стр. 24

Грубата керамика има хоризонтални или вертикални лентести држалки, помали и поголеми петличести, како помали и поголеми брадавици. Застапени се и минијатурни топкалести сатична со НИзок цилиндричен врат и две хоризонтални лентести дежалки. Покрај кружните и рамни се појавуваат и профилирани како и подигнати дна. Карактеристичен е и фрагментот од керамичен сад со подебели зидови сива боја кој на внатрешната страна има хоризонтално пластично ребро, слично како во Породин I и ЦП13.

Во убавата керамика од овој стратум се истакнува чинијата со отворен широк реципиент, а конусен или биконусен облик, без НАН со покус врат, како и со рамен или позавратен раб на ободот. Продолжуваат затворените-топкалести чини. Сивата боја преовладува, а црвената е поретка. Во облиците како новина е пехарот на висока шуплива нога со сива боја. Белото сликање на црвена основа продолжува, а мотивите се издолжени триаголници, пошироки ленти, ромбоиди, кружни ленти додека сигмата се губи. Кај примероците со висок цилиндричен врат се појавуваат и садови со обод украсен со вдлабнати крукчиња. Судејки по белото сликање овој стратум може да се спореди со Велушко-Породинска група IV, бидејки во таа фаза не се појавува сигма.14

Од пластиката се застапени женски статуетки што седат и стојат со назначена стеатопигија, извлечени екстремитети. Интересен е примерокот со кружна пластична претстава на гениталии.15 Покрај антропоморфната иако поретка се јавува и животинска пластика

Жртвениците-модели од овој стратум во главно ги покажуваат карактеристиките на таквите примероци од Велушко-Породинската група. Покрај жртвеникот модел тип Породин I, овдека се појавуваат и варијанти со четири полни нозе во горниот дел украсени со по една брадавица од двете страни, реципиентот во долниот дел триаглесто назабен. (сл. 69) Овој примерок на аглите имал апликации од животински глави. (сл. 53) Од истиот тип постои варијанта која што на аглите вместо апликации има зашилени вертикални украси. (ед. 51) Како тип ваквиот жртвеник-модел е познат Породин, Чука и др.16 Примерокот на минијатурен жртвеник модел исто така е познат во Породин и Чука.

Спрема споменативе карактеристики овој стратум од Могила најповеќе одговара на Породин II, односно Велушко -- Породинска група IV17 или Чука ІТ.

Што се однесува до најмладиот III то ред стратум како што веќе рековме тој е пореметен и за него поодредено не може да се каже, освен тоа дека само постоел. Покрај керамичките наоди 3aстапени и во претходните стратуми, за овој може да се каже дека се појавуваат и нови. Таков е случајот со изразито биконусната чинија убаво мазнета со темно сива боја и орнамент од ситни кружни налепци (сА. 60), како и паралелни низови од триаглести убоди (сл. 61). Сивата боја бројчано е позастапена уште и во претходниот стратум.

За оваа населба новост е примерокот на (Сл. 62) со мала брадавица

Илустрација, стр. 26

на внатрешната страна од ободот, сличен со оној од Аличаир од Прилеп.18 Единствената пинтадера од оваа населба му припаѓа на овој стратум. (Са. 63)

Во пластиката од овој стратум карактеристична е појавата на плоснатата статуетка со свиткани раце (Сл. 65), позната како тип во Анадолија и Предна Азија воопшто.19

Кај жртвениците покрај типот I Породин и примероците на четири нозе со животински апликации на аглите како новина е типот на масичка со правоаголен рамен реципиент во средината со поголем кружен отвор. (Са. 67)

За овој стратум поодредено можеби ќе може да се зборува по обработката на материјалот од сондажното истражување во 1977 година, извршено северозападно од оваа Тумба.

Секако дека овие резултати ја надополнуваат сликата за неолитскиот период на Пелагонија, а посебно Велушко-Породинската културна група.

Илустрација, стр. 30
Илустрација, стр. 30
Илустрација, стр. 30

Белешки

  1. Археолошките исковуњава се извршени во рамките на проектот: „Зачетокот и развојот на првите земјоделски заедници во неолитскиот период и нивниот премин во метално доба на територијата на Пелагонија“. Во финансирањето учествуваше и Медицинскиот центар од Битола. ↩
  2. Случајни наоди се познати од порано: Garaganin M., Neolithikum und Bronzezeit in Serbien und Makedonien, 39 BRGK, 1959, 116, Taf. 24/1; Симоска Д. Санев B., Неолитска населба Велушка Тумба кај Битола, Macedoniae Acta Archaeologica 1, Prilep 1975, 30, прилог 3; Санев В., Симоска Д., Китаноски B., Саржоски С., Праисторија во Македонија, Скопје 1976, 45. ↩
  3. Сите гробови со вообичаена ориентација запад -- исток, слободно вкопани и не содржеа никакви дарови, освен еден бронзен прстен со мала круна. ↩
  4. Гарашанин M., Санев В., Симоска Д., Китаноски Б., Предисториски култури во Македонија, Штип 1971, 14; Симоска Д., Санев В. Праисторија во Централна Пелагонија, Битола 1976, 10, 31, 39, 41, 43, 44; Симоска Д., Китаноски b., Тодоровин J., Праисториска тумба во село Карамани кај Битола, Macedoniae Acta Archaeologica 3, Prilep 1977, 10; Китаноски Б., Неолитска населба Чука кај село Тополчани, Macedoniae Acta Archaeologica 3, Prilep 1977, 27; Китаноски B., Симоска Д., Tonoposuk J., Нови археолошки истражувања на неолитската населба Чука во Тополчани kaj Прилеп, Macedoniae Acta Archaeologica 4, Prilep 1978, 10 и др. ↩
  5. Grbić M., Mačkić P., Šandor N., Simoska D., Stalio B., Porodin kasnoneolitsko naselje na tumbi kod Bitolja, Bitolj 1950, 44, T XLI; Симоска Д., Санев В., Mac. Acta Archaeol. 1, 71, 72, T. XVII/3, 4; T. XIX/8; Санев В., Симоска Д., Китаноски Б., Саржоски С., ор. с., 42, сл. 196. ↩
  6. Ibid., 40, T. XVI/1; Симоска Д., Санев B., Mac. Acta Archaeol. 1, 51, T. IV; Гарашанин M., Гарашанин Д., Ископавања у Таринцима на локалитету Вршник, Зборник на штипкиот Народен музеј I, Штип 1959, 64; Истите, Неолитска населба Вршник кај село Тарници, истиот Зборник II, Штип 1961, 22, 25, 27, сл. 42; Санев В., Неолитска населба Руг Баир кај с. Горобинци, истиот Зборник IV—V, Штип 1975,223, T. XJJ/1; Arandelovic-GaraSanin D., Staréeva¢éka kultura, Ljubljana 1954, 64, Т. Уи др. Ќ ↩
  7. Grbić M., Mačkić P., Šandor N., Simoska D., Stalio B., op. c. 21, T. VII/1; Симоска Д., Санев В., Maced. Acta Archaeologica 1, 65, T. XXIII/1—3; Санев В., Симоска Д., Китаноски Б., Саржоски С., ор. с., 44, сл. 245; Симоска Д., Санев В., Централна Пелагонија, 35, сл. 90. ↩
  8. Grbié M., Mack P., Sandor N., Simoska D., Stalio B., op. c., T. XXVIII/1—4; Симоска Д., Санев B., Централна Пелагони“а, 64, Т. ХХІІ/3; Санев B., Симоска Д., Китаноски Б., Саржоски C., ор. c., 44, + 249. ↩
  9. Симоска Д., Санев B., Maced. Acta 4 .chaeologica 1, 71. ↩
  10. Tbid., 71, а во фразата ТУ7 сигмата се губи. ↩
  11. Со и Tbid., 54; Китаноски Б., Симоска Д.,,ТодоровиБ J., Мас. Acta Archeologica , 27, сл. 3. ↩
  12. Tbid., сл. 48. ↩
  13. Стрес. M., Mack P., Sandor N., Simoska D., Stalio B., op. c., 38. ↩
  14. Симоска Д. Санев B., Maced. Acta Archaeologica 1, 77. ↩
  15. Симоска Д., Санев В., Централна Пелагонија, 33, сл. 36; Гарашанин М., Санев B., Симоска Д., Китаноски B., ор. c., 45, сл. 98; Санев В. Симоска Д., Китаноски Б., Саржоски С., ор. с., 43, сл. 202, 233; Антонова Е. В., Антропоморфная скулптура древних земледельцев Переднеи и Среднеи Азии, Москва 1977, 65, 68, T. LIX/9, T. LX/5, T. LXI/16. ↩
  16. Grbié M., Maékié P., Sandor N., Simoska D., Stalio B.,, op. c., 47, T. XXVII/1, 2, 4; Симоска Д., Санев B., Maced. Acta Archaeologica 1, 64, T. XXII/1; Китаноски Б. Mac. Acta Archaeologica 3, 34, VII a, Б, сл. 24, сл. 25 a, b; Китаноски B., Симоска Д., ТодоровиН J., Maced. Acta Archaeologica 4, 13, сл. 18, 19. ↩
  17. Grbi¢é M., Macki¢ P., Sandor N., Simoska D., Stalio B., op. c., 47, T. XXI. ↩
  18. Китаноски Б., Аличаир--Прилеп, неолитска населба Arheoloski pregled 11, Beograd 1969, 19, T. Y/1. ↩
  19. NEOLITHIC SETTLEMENT IN THE VILLAGE OF MOGILA NEAR BITOLA ↩
  20. Dragica Simoska — Bitola ↩
  21. Blagoja Pitanoski — Prilep ↩
  22. Jovan Todorović —. Beograd ↩
  23. The archaeological excavations on this locality were carried out in 1975 in the village of Moglia, in the vicinity of the new Medical Clinic. ↩
  24. A small sondage was done and it showed a cultural layer, 6.05 m thick with three separate strata. ↩
  25. The oldest, cultural stratum I with two housing horizons is characterized by3 coarse and fine ceramics. In form they are globular, semi-globular, with shorter or longer necks. The coarse ceramics are decorated with barbotine, the so-called »shy« and organized ornaments. With the fine ceramics the most numerous are the globular wares with a slightly opent recipient. slightly or gentlv emphasized biconical profilations, with short and long cylindrical neck, closed bowls with short necks or curved rims. They are decorated by white drawino on red base (pics. 3, 6). Some are black-topped (pic. 4). The ceramics are mainly monochromatic. The red colour in various nuances dominates over the gray colour. The fragments of the sacrificial altor represent a new type unknown so far in Pelagonija (pic. 9). According to the characteristics this stratum belongs to Velu&ina-Porodin cultural group, to stage II and III, i. e. Cuka I. ↩
  26. Антонова Е. В., ор. с., 41, Т. XXVII/4; Т. ХХІХ/3. miniature pots (pic. 38). Among the other findings there are circular stone tiles (pic. 39), ceramics (pics. 40, 41), elliptical stone balls or balls, made of fired earth tek slingshots (pics. 42, 43), as well as various awls (pic. 44) and flinty knives pic. 45). ↩
  27. There are also standing figurines (pics. 48, 49) and sitting figurines (pic. 47). In both types we can notice emphasized steatopygia. ↩
  28. This stratum is relatively rich with sacrificial alters-models mainly on four legs and rectangular base. Type I Porodin (pics. 51, 52, 53, 69) is the only sample of2 miniature sacrificial alter (pic. 50). ↩
  29. Cultural stratum II of Mogila belongs to Porodin II, 1. e. VeluSina-Porodin group IV7 or Сика IT. ↩
  30. Cultural stratum II is between the peak elevations of 3.20 m and 1.20 m. Two housing horizons with overground houses are also evident here. The ceramics have mainly the same characteristics as in the. previously described stratum. The only difference is that besides the barbotine ornament there is the so-called »arcade« ornament (pics.-10, 11). There is innovation in the moulded stickings with pressed-in finger (pic. 15), tress (pic. 16), parallel moulded ribs (pic. 17) as well as rims decorated with recesses made by fingers (pic. 18). With the fine ceramics which is also monochromatic, the gray colour: dominates while in form the biconical samples are more numerous. The white drawing on red base with similar motifs (pics. 33—36) can be seen again except the sygma which disappears. The cup with long hollow leg in gray opaque colour appears in this period (pic. 32). AMong the wares with long cylindrical neck there appear samples with decorated rim with pressed-in circes (pic. 37). In this stratum there are also be chronologically fixed more definitely. However some characteristics never found before can be noticed (pics. 60, 61, 62). The figurine on pic. 65 is characteristic as well as the unique pintadera (pic. 63). The little table with flat re cipient and circular opening of the sacrificial alters-models represents something new (pic. 67). ↩
  31. will be possible to say something more definitely about this stratum after working out the material of the sondage researches of 1975 carried out north-west of this Tumba. ↩
  32. Radmila Radevska ↩
  33. Cultural stratum III has been disturbed by a Slovene necropolis in which there are findings which could belong to stratum I and II of Mogila.. It cannot 1. насипан слој ↩
  34. XyYMYCeH слој ↩
  35. слој гареж со кукен лепеж 4. слој мркожолта земја ↩
  36. сив слој -јама ↩
  37. слој пепел ↩
  38. слој rapex4 со пепел ↩
  39. слој сива земја ↩
  40. слој мркосива боја ↩
  41. Ло„лепеж ↩
  42. 14„слој кафејава земја ↩