Macedoniae acta archaeologica 4 (1978) · стр. 137–150

Рановизантиски град »Маркови Кули« на Водно

На југоисточната периферија на Скопје, на источниот крај на

планината Водно, на многу висока позиција (до кота 568 м), лежи локалитетот „Маркови кули" (на поширокиот потег ,МарКоѕо Kpyшче1). Од пред неколку години направени се први теренски снимања на одбранбената архитектура што се гледа на површината и јавноста за прв пат е запозната со ова наоѓалиште2).

Во прашање е рановизантиско гратче со извонредно силна и сложена фортификација, чиј што целосен обем сеуште не е согледан. Утврдениот дел на населбата поставен е на три тераси, опфатени со единствен одбранбен зид, меѓутоа одделен меѓу себе со внатрешни преградни 5идови со кули и порти. Кулите имаат големи размери, со триаголна или петаголна основа, а ги има околу 40 иди повеќе. Во рамките на највисоката тераса е компонирана акрополата на градот. Има форма на правилен делтоид бранет на боковите со тригонони. Во внатрешноста на акрополата се назираат темели од повеќе градби, меѓу нив и две големи цистерни за вода (со запремина од најмалку 2.100 m* — сп. сл. | и 5. Водата била доведувана до цистерните од надвор, од западна насока, а преку планинското седло западно од челото на акрополата била преведена.

Во текот на октомври 1976. година беа изведени први заштитни работи на локалитетот, и тоа на западното чето на акрополата?) (сл. 2). Оваа акција имаше за цел да се исчистат и снимаат челните партии, тешко оштетени и прекопани во I, светска војна и по Неа, и денес крајно запуштени. Потоа да се даде прва појасна интерпретација на овие градби и истите да се припремат за презентирање на посетителите, инаку бројни во тој дел на Водно. Потоа, преку согледувања на стратиграфијата на слоевите да се добие попрецизна хронологија на локалитетот. Со спомнатата акција беа опфатени следните објекти.

Кула бр. 2 Откоџана е целосно, површината на кулата ослободена е од наноси и вегетација а бројни дупки од диви копања и ровови од I светска војна се ишчистени и пополнети со чист камен.

Илустрација, стр. 138

Кулата има форма на неправилен 10-аголник, со најголем диаметар од 17 м и површина од преку 200 м. Истата нема внатрешни простории, туку е градена масивно, како челен бастион. Сета ѕидна Маса армирана е со водорамно сложени дебели дрвени греди, кои се крстосуваат во различни нивои.

На западната страна на бастионот, со еден ров широк 1,50 м, ослободена е партијата на лицето до некогашното ниво на теренот околу бастионот. Лицето е обложено со големи квадери од варовник, наизменично комбиновани со големи плочести парчиња на шкрилец и убаво фугирани со малтер. Две соседни зидни површини на бастионот цврсто се поврзани преку правилен раб со систем на брава. Некогашното ниво на теренот околу бастионот, насипано од камен и земја, има покрај ѕидовите во тесен појас убаво поплочена партија — тротоар, а подалеку од зидовите паѓа постепено надвор (сл. 6).

Овој бастион бил изграден во една подоцнежна фаза од животот на акрополата, несомнено кон крајот на 6 век.. Бастионот опфаќа врв на една постара триаголна кула — протогената челна кула (бр. 1). Конфигурацијата на теренот укажува дека главната насока на напади врз челото на акрополата можела да доаѓа од југозапад. Поради тоа и бастионот како дополнително изградениот одбранбен елемент има главна страна истурена во југозападната насока. Северната страна е извонредно стрма и практично неприступачна, така што и бастионот од таа страна има рамно отсечено лице, невешто и нефункционално оформено (сл. 2).

Кула 6p.1. Има триаголна форма, долга 9 м, а челото од 45 степени свртено е кон запад. На исток излегуваат од кулата северниот и јужниот одбранбен зид кои водат околу целата акропола. Кулата бр. 1 го преставува првобитното чело на акрополата и целиот град. Од копањето во I. светска војна во најголем дел е уништена до под нивото на теренот.

Од источната страна на оваа масивна кула, без внатрешна просторија, беше залепена поголема засведена просторија широка околу 6 м. Со кулата, веројатно, претставувала една функционална целина. Камената сводна маса, со многу малтер, разбиена е несомнено во I, светска војна и падната надолу. Откопувањето на оваа просторија не е завршено. Источно од оваа просторија поставена е Сонда 1. Голема е 8 х 2 м, залепена е на јужниот одбранбен зид и во неа е констатирана следната стратиграфија:

— Ниво IV: завршува долу со нивелисан насип -- под од Набиен кршен Aanop и глина. Подот лежи на длабочина од 1,70 м под површината на денешниот терен и круницата на бедемот. Споменатиот насип лежи на здравицата -- самородната карпа, на која се потпираат и одбранбените зидови.

Ова е најстариот под, оформен во времето на 5идањето на градот и акрополата. Една монета на Јустинијан I, најдена на попречниот внатрешен зид, го датира овој почеток пред средината на 6. век. Во слојот на насипот над споменатиот под се забележуваат траги од помали уривања и поправки, малку пепел, делови од повеќе лонци за готвење; најдени се и 2 големи железни клуча (сл. 20, 26, 27).

Ca. 4.
Сл. 4.

— Ниво III. Започнува долу со силен и јасен под од жолта глина, делумно зајакнат со уфрлани плочести камења. Лежи на ▽ 1,40 м под површината. Над овој под констатиран е слој на живеење со секојдневни ситни отпадоци, прекриен со силен слој на големо рушење и силен пожар. Во овај слој лежат големи камења и малтер урнати од соседниот одбранбен зид, многу пепел и големи покривни тегули (коринтски тип — рановизантиска варијанта со остри странични рабови). Со горната линија на овој слој се совпаѓа и линијата на рушење на одбранбениот зид. Внатрешното лице на овој ѕид, сочувано до споменатата линија, има од силниот пожар кородирана површина со испаднати малтерни фуги. Во слојот на рушење над подот ІІТ констатирани се многу подвижни наоди: расфрлени и здробени лонци за готовење, 2 големи железни клуча, алатка-стругало и голем 5вонец од железо (сл. 20, 21, 22), делови од скршена стаклена чаша (ел. 28), 2 монети од Јустин II со Софија (X и XII, година -- са, 15, 16). Најзначаен е наодот на една железна лачна фибула од долноподунавски словенски тип (сл. 17).

Животот на нивото III, до неговото рушење, може да се датира во седмата, осма и девета деценија од 6. век. Големиот пожар и уривањето на одбранбениот ѕид и челната кула на акрополата може да се поврзи со големата аваро-словенска инвазија во 586. година, кога беа урнати и сите преостанати наши градови и позначајни упоришта.

— Ниво II. Започнува долу со нивелисан под од жолта лапореста глина, добро набиен и израмнет. Истиот лежи на V 095-- 1,10 м под денешната површина. Подот е оформен над големиот слој на рушење и пожар од претходното ниво.

Над подот 2. продолжува животот на обновената акропола. Сега е обновен и одбранбениот ѕид: над линијата на рушење созидано е ново 5идно платно со убаво фугирано лице. Интересен детал претставуваат степеништата за качување на кулите Ор. | и 3 на постарата, долна идна партија, кои сега не функционираат повеќе. Новото ѕидно платно едноставно ги најавнува и президува скалилата, дури и без посебен темел над нив. Судејќи по опусот на градењето од оваа фаза, несомнено сега е изграден и споменатиот голем бастион, како замена за уништената челна триаголна кула, како и потковичестата кула бр 3.

Големата обнова и реконструкција на акрополата изведена е веројатно кусо време по претходното големо уривање. Според сегашните согледувања, тоа е крајот на 6. век. Со ова, животот продолжува во 7. век.

Од наодите над подот II се истакнува голема луксузна амфора, боена со кафаева и маслинесто-зелена боја чии делови беа расфрлени на поголема површина (са. 13). Животот на ова ниво завршува со тенок слој на уривање — знак дека ова второ рушење на акрополата не било ниту тотално ниту особено драматично. Се добива впечаток дека тврдината како да била напуштена, а не со сила освоена и yривана.

— Ниво3 Іа. Се протега во источната половина од сондата; започнува долу со убав под, зајакнат со малтерна кошула, на V 0,80-- 0,85 м. под површината. Како подлога за под користен е дробен Аапор, со кого се нивелисани рановизантиските урнатини под него. Подот е прислонет на одбранбениот рановизантиски ѕид (од крајот на 6. Век), — знак дека овој зид бил сочуван во знатна висина и употребуван и во ова време. Во насипот над подот Іа лежеа парчиња од византиски тегули и имбрекси со карактеристична форма и украси; потоа делови од повеќе словенски црепни за печење леб. Исто така делови од византиски луксузни чинии сликани со глеѓ, кујнска грнчарија, животински коски, железо и др. (сл. 9--12, 23—25). Слојот завршува горе со Јасни знаци на уривање на ѕидот. — Ниво I. Започнува долу со под од набиена земја, на VY 0,40-- 0,55 м од денешното ниво и круната на бедемот. Врз подот се протегал изразит слој на пожар: изгорена кровна конструкција од дрво со железни клинци. Со ова беа измешани и бројни ситни наоди: многу животински коски (од готвењето), делови од повеќе словенски црепни за леб, парчиња од луксузни византиски чинии сликани со глеѓ во повеќе бои. Датирањето на нивоите I, и Іа, може да се изведе на основа на овие последни наоди: од 11. до 13. век.

Са. 5 — Поглед во големата цистерна
Сл. 5 — Поглед во големата цистерна
Са. 6 — Фасада на челниот бастион
Сл. 6 — Фасада на челниот бастион

Вредноста на оваа стратиграфија лежи во нејзината чистота, во сигурното датирање и во неочекуваниот временски распон. И тука е потврдено големото аваро-словенско уривање во првите години од владењето на Маврикиј (несомнено 586. r.), кога беа уништени за секогаш и последните грагчиња кај нас (Хераклеја, Баргала, Стоби и др.). Меѓутоа, како особено значаен елемент имаме кај нас обновување на ора рикотајата и неочекувано наставување на животот и во 7. век; беше насетено и со една монета на Фока од овој локали5 тет. Идентично надживување на фамозниот крај на 6. век регистрирано е во C. Р. Македонија само на укрепената акропола на „Исарк кај Валандово, потврдено со пари на Фока и Ираклие?). Изненадуваат и нивоите I. и Іа., од зрело словенско-византиско време. Значи дека рановизантиската акропола не била сосем урната и сеуште употреблива. Во распонот од 11. — 13. век истата во два наврата се оспособува (целосно или само еден нејзин дел) за кастел византиски, а потоа како словенско феудално упориште -- зград Чрнче«, чиј спомен е сочуван во една повелба од 1300 година).

Подвижните археолошки наоди од сондата 1. привлекуваат внимание поради своите особености. Ние, всушност, и немаме аналогни наоди од доцниот 6. век и подоцна, бидејќи досега истражуваните рановизантиски центри кај нас порано прекинала со животот. Наодите од нивоите Г.и Іа., од 11. — 13. век, претставуваат, исто така, ретки наоди на нашата почва; покрај истовремените наоди од »Калс« — средновековниот град Скопје, »Кале« — Дебрепте и »Маркови кули6 — Варош кај Прилеп, ова е еден нов чекор во расветлувањето на нашите средовековни остатоци. Луксузните византиски чинии

сликани со глеѓ засега се ориентација во датирањето на другите наоди од тие векови. Всупшост, ние сеуште немаме разработени ниту основни схеми за типолошкото и временско одредување на византиски и словенски форми И техники на останатите керамички категории.

Поради горе изнесенето, даден е и приказ на некои од позначајните ситни наоди:

— Hue, 1: керамичка покривна тегула, фрагментирана. Има рабови благо извиени надолу, внатрешната страна украсена вдолж рабовите со чешел (8 тенки бразди), а во средина со прст (4 подолжни паралелни бразди). Црвеникаво печена. Ниво Іа, сл. 11. Аналогии: Скопско Кале, ископувања во 1967., на повеќе места вдолж јужниот и североисточен градски ѕид: »црвена фаза«, време на Комнени. — Црква Св. Пантелејмон, Г. Нерези кај Скопје (1164 г.) -- фрагменти од најстариот покрив.

— Инв. 2: Покривна керамида — имбрекс, благо довсливно моделиран, со иста ширина на два краја. Од горе мазен. Цел, голем 430 х 185 мм. Темно црвеникаво печен, делумно мрко. Ниво Іа (сл. 12) Аналогии: Варош — Прилеп, црква Св. Димитрија.

— Инв. 7--8: Делови од византиски глеѓосани чинии. Фина глина црвено печена, прелиена со бела енгоба и боена со бела (крем), зеленикава, темно-зелена и жолто-кафеава глеѓ. Растителни орнаменти, втиснати пред да се пече. Ниво I и Іа. Са. 9. Аналогии: Скопско Кале, воглавно од визбата на Североисточната кружна кула (чини од доцниот 12. век), потоа Варош-Прилеп (12. и 13. век)“.

— Hue, 9: Делови од голем лонец за готовење на отворен оган. Темнокафеаво печен, однадвор изгорен темно до црно. Има цврста фактура, со ситно порозна површина. Ободот е широк и конусно извлечен надвор. На рамото горе втисната е зона од 14 ситни бразди (со чешел); на преминот во мев втисната е тесна лента, исполнета со куси коси убоди. Ободот има пречник од 188 мм. Ниво I, са. 24. Аналогии: Скопско Кале, слоеви од 12. и 13. век, од повеќе квадрати.

Сл. 8 -- Внатрешен зид -- носач
Сл. 8 -- Внатрешен зид -- носач

— Hue. 10: делови на длабока чинија со топчеста форма. Ободот е вертикален, вратот благо гушест. Темно-кафеаво е печена, со цврста фактура; во глината има мешано мика, површината е ситно порозна. Украсена е под ободот и околу7 вратот со врежани паралелни линии, (по 3) како и со низа широки, а куси, коси убоди (под устието). Обод: --196 мм. Ниво I, са. 23. Многу квалитетен занаетски производ.

— Hue. 11; дел од вратот на амфора, цврсто печена, со примеси од кварцитни зрна. Однадвор е мазна, боена со посен темно-кафеав пре: маз (лак?). Вратот нагоре конусно се шири, благо гушесто, во горниот дел украсен со 4 широки ребра. Пречник на ободот 125 мм. Ниво Та, сл. 25. Многу квалитетен занаетски производ.

— Hue. 12: Горна половина од голема луксузна амфора. Работена е од фина глина, сиво печена, лесно се крши. Боена е со темно кафеава и маслинесто-зелена глеѓ. Рачките поаѓат од средината на вратот, кој е зајакнат на таа висина со пластичен прстен. Пречник на ободот 150 мм, на мевот сса 280 мм. Ниво II, ран 7. век Са. 13. Ква-AHTCTCH импорт.

— Hne, 13: лачна фибула со подвиена нога, кована од железо. Лакот и ногата имаат остра правоаголна форма, разделени со тенок „врат“ околу кој е навиен крајот на подвиениот дел на ногата. Главата е во вид на двострана опрѓга, со лачен запон. Долга е 78, висока 33 мм, лакот широк до 15 мм. Ниво III (големо рушење); сл. 17.

Фибулите од овој тип се ретки. Познати се во областите север-НО ОА АОАНОТО течение на Дунав, на неколку наоѓалишта во источните делови на Романија (,„Милитари" во Влашка, „Мургени" во Молдавија и др.). Таму, тие се јавуваат на локалитети со изразити словенски обележја, од втората половина на 6. и раниот 7. век. Овие локалитети ги представуваат првите сиг урни словенски живеалишта на територијата на Романија и преку нив се следат насоките на словенските миграции кон Дунав и натаму кон Балкан. Во Македонија вакви фибули досега не се откриени.

— Hue, 14: голем клуч од железо, кован вешто и правилно. Рачката завршува во прстен (за бесење). Главата е подвиткана под прав агол на рачката, се крши бочно под прав агол и носи два големи заба. Должина 193 мм, глава 7145 мм. Ниво III.

— Инв. 15: клуч идентичен на претходниот. A. 190 мм, глава 82x48 мм. Ниво II] — најден со претходниот.

— Инв. 27: клуч од ист тип, полесно кован. A. 138, глава 68X61 мм. — Инв. 28: клуч од ист тип, поголем И масивен. A. 210, глава 77X52 мм. Најден близу до претходниот, во нивото IV. Са. 20.

— Инв. 16: алатка за делкање на дрво, кована од железо. На носачите беа набиени дрвени рачки. Сечилото е широко и рамно, лачно силно свиткано. A.—140, ш. 95 мм; висина на лакот 93 мм. Ниво IIT, ca. 21.

Илустрација, стр. 146

— Hue. 23: парче од фин керамичен сад, сиво печен. Надворешната површина е глачана, разбранста со широки и плитки канелури, а украсена со длабоко втиснати жигови (триаголници, мрежасто шрафирани). Во насипот на нивото ІІТ, Са, 18. Аналогии: ова е многу карактеристична германска сива жигосана керамика од тоа време. — Ние. 24: делови од стаклена чаша, намерно скршена во слојот на рушењето на акрополата. Бледо маслинеста боја. Ободот е подебел и благо извиен, дното сферно и втиснато во средината. Околу вратот водат два тенки пластични прстени. Пречник на устието 90 мм.

Ca. 28.

-- Инв. 25: делови од лонец за готвење на огниште. Темно-кафеаво печен (на места црно изгорен), со примеси од „златна“ мика. Има сплескан јајчест профил, тесен и надвор извиен обод, лентести рачки кои поаѓат од коренот на вратот. Пречник на ободот 156, на мевот 210 мм. Ниво IV. Сл. 26.

— Ane. 26; делови од топчест лонец-амфора, за готвење на огниште. Има тенки сидови и „сребренеста“ мика во глината. Печен е темно- -кафеаво, однадвор црно изгорен. Дното е заоблено, на средината втиснато и тука има мал пластичен „папук“. Овој карактеристичен доцноримски украс на дното досега не бил потврден толку доцна. Пречник на истиот 102, на мевот са. 170 мм, висина са. 160 мм. Ниво — Ние. 29: голем звонец од железен лим, бочно сплескан со овален пресек и трапезен профил. Горе е додадена лачна лентеста рачка, внатре лачен носач за привезокот. На површината се гледаат траги од побакрување. Висина (без рачката) 155, ширина долу 136, дебелина до 60 мм. Ниво III, во големиот пожар, скриен во скалилото во зидот. Са, 22.

Досега кај нас нас неколку примери е забележана чудна појава, предметите кои обично се работат од бронза, во доцниот 6. век да се коват од железо, а потоа побакаруваат. Оваа макотрпна и сложена техника настанала несомнено во длабоката економска криза во доцниот 6. век, кога поради крајната несигурност опустуваат и последните рудници, а одливот на квалитетните метали од Византија во околните варварски земји до крај го истоштува Царството. Само така можеме да ја објасниме оваа необична техника, како и накитот од тоа време работен од обично железо.

— Инв. 19: врв од противоклопна стрела, кована од железо и калена. Врвот е во форма на четворостран конус, масивен. Трнот има кружен пресек. Должина 69 мм, најголема дебелина 8 мм. Са. 19.

Во прашење е веројатно византиска специјална форма, наменета за пробивање на поцврсти оклопи. Аналогии на овој врв познати се кај Нас од Варош-Прилеп.

Са. 17-22 — Наоди од преминот од 6. во 7. век
Сл. 17-22 — Наоди од преминот од 6. во 7. век

DIE FRUHBYZANTNISCHE STADT »MARKOVI KULI« AM VODNO BEI SKOPJE

Ivan Mikulčić — Nada Nikuljska — Skopje

Илустрација, стр. 151
Са. 26--28 — Садови од доцниот 6. век.
Сл. 26--28 — Садови од доцниот 6. век.
Илустрација, стр. 151
Илустрација, стр. 151

Белешки

  1. I. Mikulčić, Za mestopoložbata na antičkoto Skopje, Istorija IX-2, Skopje 1973, 262—272; — idem, From the topografy of Scupi, Archaeologia iugoslavica XIV, Beograd 1973, 29—35. ↩
  2. Vo organizacijata na Muzejot na grad Skopje, pod rakovodstvo na potpi-Sanite, so ucestvo na grupa studenti po istorija na umetnosta 1 arheologija na Filozofskiot fakultet vo Skopje. ↩
  3. V. MoSin, T. Tomoski i dr., Spomenici za srednovekovnata i ponovata istorija na Makedonija, Tom I (Arhiv na Makedonija), Skopje 1975, 220; gramota па kral Milutin od 299/300 godina, pasus 28. ↩
  4. Gradežnite elementi, materijalot i opusot na Sv. Pantelejmon, točno datirani (vo 1164 g.), ni ovozmožija i precizno datiranje na identični naodi od Skopskoto Kale, otkopani vo 1967 g. vo zonata na severniot, severoistočniot i južniot zid na Goren grad. ↩
  5. B. Babić, Trouvaille scellée de poterie de table Byzantine à Skopsko Kale Archaeologia iugoslavica XII, Beograd 1971, 45—53, Pl. I-VIII. — B. Babić, Kulturno bogatstvo Prilepa (katalog), Beograd-Skopje 1976,76, br. 228 234,236 (činii od 12. i 13. vek). ↩
  6. Ovoj značaen materijal seušte ne e objaven vo celina. Za najstarite naodi na vakvi lonci od Kaleto sp. B. Babić, Wann sind die älteste Teile heutiger alten Burg von Skopje gebaut, Actes du VIIIe Congres UISPP, Tome III, Bograd 1973, 359 ff., 363. ↩
  7. p. Gh. Teodor, La Pénétration des Slaves dans les régions du SE de Г Europe d’aprés les données archéologiques des régions orientales de la Roumanie, Balcanoslavica Vol. 1, Prilep-Beograd 1972,29,42, oscbeno sl. 6.2,3,4 i navedena literatura (pod nap. 16 i 23). ↩
  8. Za naodite na ovaa mnogu specifična keramika vo našata zemja sp. L. Bolta, Rifnik pri Sentjurju, Arheolo&ki Pregled br. 9, Beograd 1967,129-131, T. XLV; — za naodite od Bled: J. Werner, Die Langobarden in Pannonien, Miinchen 1962,85, T.18; vo istoto delo se navedeni 1 brojni vakvi naodi od Panonija, pripi$ani na Langobardite i Gepidite. Za ulogata na Herulite i Gepidite vo -vojskata na Justinijan, koga stignaa i na naSiot teren, sp. J. Kovaéevié, Varvarska kolonizacija ји7- noslovenskih oblasti, Novi Sad 1960, 30—32,36 ↩
  9. Za odlivot na vizantiskite pari kon avarskata teritorija vo toa vreme sp. J. Kovacevic, Avari i zlato, Starinar N. 5. XIII-XIV, Beograd 1962-63, 127—134. ↩
  10. der Akropolis sind Fundamente mehrerer Gebäude sichtbar, ebenso zweier Zisternen fiir Wasser, heute noch 6,5 m tief, mit einem Rauminhalt von 2.100 та. Das Wasser wurde mittels keramischer Rohre aus westlicher Richtung vom Gebirge in die Zisternen geleitet; iiber den tiefen Sattel vor der Front der4 Akropolis war das Wasser iiberbriickt. hohen slawisch-byzantinischen Zeit vor’ (1. -- 13. Jahrh.). Sie werden an Hand der zahlreichen kleinen Funde byzantinischer und slawischer Produktion datiert (Abb. 9—12, 23—25). ↩

Zusammenfassung

Die frohbyzantnische Stadt »Markovi Kuli« am Vodno bei Skopje

Schon diese Uberreste von Architektur auf der Oberflache, nebst Miinzen und Keramik aus dem 6. Jahrhundert, kiinden eine sehr komplizierte Fortifikation aus der Zeit Justinians ап".

Im Oktober 1976 wurde eine Flache auf der Westfront der Akropolis sondiert. Der protogene Frontturm in Form eines 15 m langen Dreiecks wurde freigelegt. Im 9. Dezennium des 6. Jahrhunderts waren dieser Turm und die dazugehdérenden Teile der Wehrmauer stark beschadigt worden, aber kurz darauf wurde die Akropolis wieder erneuert, Dann wurde an der Frontseite eine massive zehnseitige Bastion erbaut, mit vielen Balken armiert und ohne Innenraume.

Die Stratigraphie der Schichten innerhalb des Frontturmes zeigt folgendes:

— Der dalteste Fussboden (Niveau IV, in der Tiefe von 1,70 m) ist in der Zeit Justinians I vor der Mitte des 6. Jahrhunderts gebaut worden. Einige Dezennien spater wurde eine kleinere Rekonstruktion durchgefiihrt, eine innere Trennmauer (ohne Mortel) errichtet und ein neuer Fussboden aufgeschiittet (Niveau ШТ, auf Y 1,40 m). Das Leben auf diesem Niveau endete mit einer schrecklichen Feuersbrunst, als auch der Frontturm und die siiddliche Mauer der Zitadelle zerstort wurden (awaro-slawische Invasion im J. 586?). Unter den kleineren Funden tritt eine eiserne Fibel (slawisch?) hervor (Abb. 13)“.

— Das Niveau II mit dem Fussboden auf VY7 0,95—1,10 m unter der heutigen Oberflache stellt eine grosse Erneuerung der Zitadelle vor. Die Werhrmauer wurde neu errichtet, aber die friiheren Treppenaufgdnge auf die Tiirme wurden jetzt zugemauert. Das Leben setzt sich im 7. Tehrinmnderet fort. Dieses Uberleben des Ausganges des 6. Jahrhunderts ist bisher in den iibrigen mazedonischen Stadtchen friihbyzantinischen Zeit (Stobi, Heraclea, Bargala usw.) erfolglos gesucht worden

— Die Niveaus I und Ia mit Fussbéden auf V 0,40 m und 0,65 m stellen eine Erneuerung des Lebens oberhalb der fruhbyzantinischen Fortifikation in der