Macedoniae acta archaeologica 4 (1978) · стр. 113–126
За старото рударство на Мариово II. археолошко рекогносцирање во атарот на селата Витолиште, Мелница, Полчиште и Бешиште.
Содржина
II. Археолошко рекогносцирање во атарот на селата BuTOoAH. ште, Мелница, Полчиште и Бешиште.
Средниот дел Мариово со селата Витолиште, Мелница, Полчице. те, Бешиште и др. кој што административно е вклучен во составот на Прилепската општина, представува една пространа висоромнина со средна надморска височина од 1000 м. Таа е испресечена со голем број долови по кои што се формират лесни долини и мали тераси. Најголемата река на ова подрачје-Витолишката река (или Бутурица)- -ги собира своите води од планинските извори на Козјак и течејќи во длабоко корито се влива во Црна река северно од с. Манастир. На источната страна на висорамнината се издига високиот планински венец на Козјак, кој што како огромна брана го разделува овој предел на Мариово1 од источниот дел, кој што, пак, влегува во составот на општината Кавадарци.
Најголемото село во Мариовскиот крај-Витолиште е расположено покрај бреговите на истоимената река и е опкружено од исток и југ со ниски ридови. И соседните села — Полчиште, Бешиште и Мелница, за кои што ќе стане збор во овој прилог, се сместени западно од Витолиште покрај истоимените долови.
Во геолошки поглед земјиштето на Мариово е составено од аргирошисти и варовички карпи по чии раседи се среќаваат еруптивни продукти. Вакви еруптивни карпи се евидентирани западно и север: но од Ниџе планина, особено во атарот на селата Бешиште и Трново. На многу места по долината на Бутурица се среќава серпентин со ситни зрна магнетит. Евидентирани се, исто така, слоеви од доломит и пропилит, мермер, вулкански туф и јаглен.2 Но најголемото минерално богатство во овој крај претставува лискунот, чија експлоатација ја започнала германска фирма во текот на Г-та светска војна.
Археолошкото рекогносцирање,3 кое е изведено во 1974 година во врска со испитувањето на остатоците од старото рударство како и на остатоците од стари материјални култури, траеше де жетина дена и го опфати атарот на селата Витолиште, Полчиште, Мелница и Бешиште, кои за проблемот на старото рударство представуваат интересни наоѓалишта. Резултатите од теренската акција ги изнесуваме во овој прилог,4
Село Витолиште
За старата рударска дејност во Витолиште располагаме со некои податоци од досега објавените прилози,5 од кои се гледа дека на ова подрачје се одвивала рударска и металургиска експлоатација во минатото. Тоа го потврдија и нашите опсервации на теренот по деталниот преглед на новооткривените локалитети. Подолу ги одбележуваме новите рударски локалитети, за кои даваме најосновни податоци за нивната географска местоположба, како и за откриените остатоци од стари материјални култури.
1. Локалитет „Грамади" — римска населба, градиште и то-
Локалитетот „Грамади" се наоѓа северно од с. Витолиште, на левиот брег на Садра Река. Во питомата долина, која се формира на ова место, се зачувани многу траги од една голема селска населба од римско време. 3a време на орање на нивите, досега се пронајдени епиграфски споменици,6 мермерни статуи и делови од архитектонска пластика.7 На поголем простор од двете страни на реката има многу фрагменти од римска керамика, од покривни керамиди, а на места И ОА питоси.
На локалитетот „Грамади" за првпат се вршени ископувања во 1917 година од учителот С. Стефанов, кога биле откриени камени орудија и керамички фрагменти од една неолитска населба. Но помногубројни биле наодите од римско време (керамика, мермерни статуи и релјефи и др.). Во текот на ископувањето биле откопани темели од римски згради и од една црква, а се пронајдени и делови од фрески, веројатно од средниот век.8 Сето тоа индицира дека населбата егзистирала подолго време, од праисторијата до средниот век.
За време на нашата посета во с. Витолиште видовме еден нов епиграфски споменик, кој според кажувањата на селаните, бил изваден од некрополата кај локалитетот „Грамади". Овој споменик е изработен од андезит и има димензии 0,84<0,55 0,47 м. Неговото натписно поле е врамено и го зафаќа поголемиот дел од површината на споменикот. Натписот е на латински језик и гласи:
C. DOMITIO BE
LLICO VETERANO
LEG (ionis) I MINERVIAE
DOMITIUS VA
MILITAVIT ANNOS
LES FILIUS DOMI
TIA CLAUDIA ET DO
MITIA JULIA FILIAE
EX TESTAM (ento) CURAV (erunt)
Висината на буквите изнесува 4 см. Во натписот има две лигатури, во осмиот и деветиот ред, каде што се легирани буквите A +E u А+В. Интерпункцијата во вид на точки стои по секој збор.
Како што се гледа од содржината на натписот, овој стоменик бил подигнат за сеќавање на Г. Домициј Белик, ветеран од Г-та легија на Минерва, кој што служел во римската војска 25 години. Дедиканти се неговиот син и керќи Домициј Валес, Домиција Клаудија и Домиција Јулија. Сите наведени имиња во натписот се од латинско потекло и се среќаваат и на други натписи од Македонија со исклучок на когноменот BELLICUS (на гр. BeAhuxvos), кој се јавува за првпат во натписите од Македонија. Означувањето на имињата на римските граѓани со два и три члена, (форми) секако говори за еден преоден период, кога започнува да се изоставува преноменот и Аа се употребува само TrCHTHAHOTO име и когноменот.
Нашиот споменик е забележителен и по тоа што за прв пат во натписите од Македонија се спомнува името на легијата 1-а Минерва, која не била никогош стационирана во провинција Македонија. Како што е познато,9 оваа легија била регрутирана за време на Домицијан во 89 година и служела во Германија инфериор. За време на Трајан, во 103 година, таа била преместена во Мезија инфериор. Подоцна, во 112 година, повторно била вратена во Германија инфериор, каде останала се до времето на Диоклецијан.
Врз основа на стилско јазичните особености на натписот, на дативната форма (за името на починатиот ветеран), на двочленето предавање на имињата (без преномен) и особено на заклучниот израз, ех testam (ento) curav (erunt)",10 може да се оцени дека овој споменик бил подигнат во првата половина на П-от век. Во прилог на ваквото датирање е и еден друг епиграфски споменик, кој бил откриен порано и објавен од Н. Вулиќ.11 Најверојатно е дека ветеранот С. Domitius Bellicus бил демобилисан и населен во околината на с. Витолиште помеѓу 103 и 111 година, кога легијата Г-ва на Минерва се наоѓала во соседната провинција на Македонија Мезија инфериор.
Утврдениот пункт на римската населба се наоѓал на ридот ,,3aградичка чука", кој се издига доминантно на јужната периферија на локалитетот. Од бедемот, којшто оградувал простор од околу 150 100 м., денес се зачувани само темелите, како и урнатини од зградите на тврдината. На самиот рид како и во подножјето има многу фрагменти од римска керамика, покривни керамиди, а на места и од питоси.
На локалитетот „грамади", во нивата на Стојан Мисирлиовски, која се наоѓа на пространа тераса на левиот брег на Садна Река, се зачувани многу остатоци од топена железна руда. Тие се распрснати на поголем простор и се испомешани со остатоци од старата населба. Од изведената хемиска анализа на згурите,12 се покажа дека во нив останало Fe 48,649/o, додека од другите метали има минимален процент (Pb 0,11%; Аѕ 0,01% и Си 0,03%).
2. Аохаа. „Кочевачево“ — римска населба и топилница.
На источниот крај на витолишката висорамнина, во подножјето на Козјак, се наоѓа месноста „Ковачево". Во непосредна близина до неа се издига ниска чука, која што, исто така, е позната под името Ковачева могила. Како што и самите месни имиња-топоними индицираат, на ова место се одвивала рударска и топилничарска дејност во минатото.
Кај Ковачево егзистирала и една мала рударска населба во римско време, од која останале многу траги (урнатини од згради и фрагменти од покривни керамиди). На долниот крај на старата населба, на простор од околу 20520 м., се среќаваат голем број остатоци од топена железна руда (згури), кои се распрснати и помешани со парчиња од покривни керамиди-римски формат. Според хемиската анализа, во овие згури останало уште Fe 36,860/,; Pb 0,119/о и Cu 0,030/0.
Атарот на с. Витолиште е богато подрачје и со неметали: со биотит (Лискун)", кварц, мермер и јаглен. Особено појавите на лискунот се видливи на површината на земјата на повеќе места. За време на ІІ-Та светска војна Германците вршеле интензивна експлоатација на лискунот на 20-тина локалитети. На некои од нив, како кај „Гробот“, „Куша", „Полените" и ,,Auropaca” експлоатација се вршела со површински раскопи. На други наоѓалишта (Сканците, Столева тумба и др.), лискунот бил ваден од длабочината на замјата од рударски јами. Кај Минови млаки и Kopayeso има појави на кварц и фелдад, а кај „Грамади" и во долот низ с. Витолиште има интересни појави на мрк јаглен со дебелина на жицата од 2 м.
Село Полчиште
3. Докал. „Јолева ограда" — римска населба и топилница
седлото Полчиште е расположено крај длабокото корито на истоимениот дол, притока на Витолишка Река. Од источната страна на селото се издига чуката „Јолева ограда", а на западната страна ридот Пантелејмон. Локалитетот „Јолева ограда" представува широка падина, благо наведена кон запад, оддалечена од селото околу 1 км. На овај локалитет има многу грамади од камења, кои што селаните ги насобрале при чистење на нивите кои што некогаш служеле за градежен материјал на зградите од старата населба. Овде на еден поголем простор, низ нивите, се среќаваат фрагменти од римска керамика и покривни керамиди, а на места и од питоси. Исто така, покрај овие материјали можат да се видат и многу остатоци од топена железна руда (згури), кои индицираа дека на ова место се вршела топилничарска дејност. Од хемиската анализа на згурите: Fe 50,60°/0; Pb 0,06°/o и Си 0,02°/0, може да се заклучи дека главен продукт на топената руда е железото И дека топилничарската техника била на ниско ниво.
Село Мелница
4. Локал. „Садевите" — римска населба, градиште и топилница.
На местото каде што се влива полчискиот АОА во Витолишка Река, спроти напуштеното село Мелница, се издига високиот рид Провалија. Тој доминира над околината и на патот кој води по речната долина. Под него, на една широка тераса од неколку хектари, се зачувани многу траги од една голема селска населба од римско време, која била утврдена. На овој локалитет, на простор од 2--3 хектара, се среќаваат голем број фрагменти од римска керамика, покривни керамиди, а на места и од питоси, низ локалитетот видовме и неколку грамади од камења, насобрани од селаните при чистење на нивите. Од бедемот. кој бил граден со камен и малтер, се зачувани делови, со висина од 1 м. Низ целата стара населба можат да се видат во изобилство и остатоци од топена железна руда (згури) испомешани со остатоци од старата населба. Се добива впечаток дека населбата, која егзистирала во римско време, била рударска населба, исто толку голема како и таа кај месноста ,„Грамади“, близу с. Витолиште. Населбата била напуштена кон крајот на античкото време (VI век) и во неа не бил обновен населбинскиот живот. Според хемиската анализа на пронајдените згури: Fe 51,00°/o; Pb 0,099, и Си 0,059/о се заклучува дека и на ова место била топена железна руда и тоа со ниска, примитивна техника.
Остатоци од згури се забележани и кај блиската месност „Про-ШИЛНИК", која се наоѓа во северното подножје на истоимениот рид. Вакви згури се среќаваат во нивата на Б. Шишков , во кои останале уште Fe 49,719/0.
На еден висок рид јужно од Садевите, познат под името Козјак, се среќаваат многу траги од едно мало градиште. Бедемот оградувал простор од 7050 м. во кој има рушевини од згради. Тој е граден од речен камен со употреба на кал. На ова место не е пронајден никана една утврдена позиција-логор во средниот век или во турскиот период, намената за контрола на патот, кој води по долината на Витолишката Река.
Село Бешиште
5. Докал. „Огради" -- римска населба, градиште и топилница.
На јужната периферија на селото се наоѓа месноста ,,Orpaan”, која представува пространа падина, расположена непосредно на источното подножје на ридот Амот. Орде на една поголема површина има остатоци од утврдена населба од римско време (остатоци од бедем, керамика и керамиди). На повеќе места низ локалитетот има грамади од камења, кои некогош им припаѓале на бедемот и на зградите на тврдината. Помеѓу овие материјални остатоци има и голем број остатоци од топена железна руда. Најверојатно и оваа населба од римскиот период била рударска населба. Од хемиската анализа на згурите се потврди дека во нив има уште Fe 48,82°/0; Pb 0,18“/0 и Си
За време на геолошките испитувања, изведени во текот на 1963— 1967 година во атарот на с. Бешиште биле откриени големи резерви од мермерен оникс. Овие резерви се простираат на околу 4 КМ13,14
121
Заклучок
Откриените и регистрирани стари населби (наоѓалишта) во аторот на селата Витолиште, Полчиште, Мелница и Бешиште, од кои останале многу траги, се однесува до римско време и рановизантискиот период. Покрај тоа, на локалитетот „Грамади" се зачувани остатоци од една неолигска населба, а пак кај локалитетот „Садеви", фрагменти од керамика од раноримско време со зачетоци од предавгустово време ““. Фактот што остатоците од топена железна руда се наоѓаат на самите локалитети од римско време, а не на друго место е уверлив доказот дека овие рударски работи се во тесна врска и се однесуват на времето кога егзистирале старите населби. Врз основа на пронајдените наоди може да се заклучи дека рударската и металургиската дејност во овој дел од Мариово започнала во текот на II век, кога е одбележен поинтензивен развој на населбинскиот живот, а продолжила до времето на Јустинијан I, кога престанала секаква рударска дејност во овој крај.
Мегу бројните археолошки наоди, одкриени досега околу с. Витолиште, посебен интерес заслужува еден епиграфски споменик на грчки језик, подигнат од стобјанинот Јулиј Келад во 132 година, за време на Хадријан.15 Во неговиот натпис се наведува дека Јулиј Келад бил texvitNS, односно уметник, мајстор. И на други натписи од Македонија се евидентирани лица со звањето на својата професија texvitnc. На една надгробна плоча, взидана во Скопското кале стои натпис на латински језик во кој с е спомнува еден фукционер на фабриката на III-ra легија.16
Како што е познато,17 во поголемите центри на Балканскиот по-ЛУОСТроВ изникнале работилници (fabricae), кои изработувале оружје и опрема за војската. Вакви фабрики имало во Солун, Ниш, Куприја и Одрин, од кои фабриките во Солун и Ниш правеле секакво оружје за војската.
Не се знае на кои места се наоѓале старите рудници, од кои била експлоатирана железната руда во тоа далечно време. Забот на времето го сторил своето и ги затрупал и закрил рударските јами (окна). Анкетираните лица од с. Витолиште и др. села не знаат дека постоела рударска експлоатација во турско време. Не се зачувани н никакви предавања и легенди во врска со овие стари рударски работи.
Од изведената хемиска анализа на откриените згури на 5-те локалитети, спомнати погоре, дознаваме дека процентот на железото
Најверојатно е дека старите рудници се наоѓале во доловите и падините на Козјак и Пантелејмон. На ваков заклучок наведува податокот дека и во источното подножје на Козјак, во атарот на селата Рожден и Мајдан, се вршела обемна рударска експлоатација на же-АеѕНа руда на 17 локалитети,18 Инаку, подрачјето19 на Мариово е богато со железна руда, која според геолошките испитувања, се среќава на просторот помеѓу селата Ржаново и Бешиште. Не е исклучено дел од топените железни отпадоци (srypH) да потекнуват од собираниот по речните корита магнетит, со кој изобилува ова подрачје. што останал во нив се движи од 36% (лок. Ковачево) до 51% (лок. Садеви). Со исклучок на топилницата кај локал. Ковачево, каде што била употребена поусовршена топилничарска техника во останатите топилници топењето на железната руда се одвивало многу примитивно. Се разбира, на тоа влијаеле многу фактори, како самиот состав на рудата, така и квалитетот на употребуваното гориво (јаглен) па и техничките способности.
Во прилог на нашиот заклучок, дека откриените рударски работи во Мариово се однесуваат на римско време, зборува и фактот дека Римјаните ги лоцирале топилниците во близина на рудниците (на суровината) и не ја преносувале рудата на подалечни места).20 Спроти тоа во средниот век и особено во турскиот период печките биле градени покрај речните корита21 каде ја користеле водата за плавење на рудата и за погонска сила на дувалата и самоковите. Тоа го потврдуваат топилниците од средниот век и турскиот период од Крива Падланка, Кратово, Дамјан и Самоков, кои се лоцирани до речните
Рударската дејност во Мариово била прекината и рудниците напуштени во текот на VI—VII век, кога е ставен крај на многувековната римска и византиска доминација, а Македонија била населена со словенски племиња.
Во текот на раниот среден век не била обновена работата во старите (римски) рудници, не само во Мариово, туку и во другите делови на Македонија. Можно е некои локални рудници на железо да биле повремено во ограничена експлоатација со оглед на големите потреби на стопанстовото и војската, но за тоа не располагаме со никакви податоци. Во Мариово не постоела рударска експлоатација и подоцна кога по падот на Самоиловата држава Македонија одново била завладеана од Византија, како и за време на Средновековна Србија. Поради специфичните теренски услови Мариово останало подалеку сл главните историски настани и сосем ретко се спомнува од средновековните автори).22
Во прилог на горенаведеното зборува и фактот, дека во Мариово не се евидентирани карактеристичните рударски топоними (Саса, Шлегово, Штона, Шталковица, Саска Река и са.), што биле наложени од саските рудари и металурзи, каков што е случајот со Источна Македонија-- -Кратово, Злетово, Дамјан и Саса. Рударската дејност во Мариово била обновена кон крајот на XIX век (во 1891 година) во атарот на с. Мајдан, каде биле откриени богати резерви од антимон, арсен, реалгар и други минерали, екпслоатирани од фирмата алшар).23
Врз основа на добиените податоци од теренот, на откриените наоди од рамско време на локалитетите, како и на податоците од хемиската анализа на згурите, сметаме дека во текот на II век до крајот на античко време во атарот на селата Витолиште, Полчиште, Мелница и Бешиште, се одвивала обемна рударска експлоатација. Тогаш Мариово преставувало едно од поголемите железодобивни центри на Македонија и во него работеле голем број рудници и топилници. Развојот на населбинскиот живот во доцноримско време во овој планински крај и во тесна врска со експлоатацијата на железните рудници).
И. Микулчиќ, Пелагонија (карта)
Белешки
- Поголемоит дел од Мариово е вклучен во Прилепската општина, додека другите делови влегуваат во составот на општина Кавадарци п Битола. ↩
- J. Цвијић, Основе за географију и геологију Македоније и Старе Србије, ки, I, Београд 1906, с. 320—325. ↩
- Во 1974 година беше изведено рекогиоспирање на старите рударски локалитети и во други келови на ЈужнаМакедонија (Струмица, Гевгелија, Неготино и Кавадарци). ↩
- Резултатите од рекогносцирањето во кавадаречкиот дел на Мариново се објавени во 1975 година Macedoniae Acta Archaeligica) kn. II, Skopje 1975, s. 237—243). ↩
- Ј. Цвијић, н. д. с. 340; И. Микулчиќ, Старого рударство кај витолиште сп. Стремеж бр., 7, Прилеп 1967, с. 46—53. ↩
- Н. Вулић, Споменик XXV бр. 193. ↩
- Б. Филов, Известия на Археол. дружество бр. СИИ, София 1921, с. 133; И. Микулчиќ, н. д. с. 50. ↩
- Б. Филов, н. д. с. 133. ↩
- Paulus, Real-encyclopädie, v. 12a, Stutgard 1925, s. 1326, 1366 (legio Minerviae I) ↩
- Д. Димитров, Надгробните плочи от римско време в Северна България София 1942, с. 18. ↩
- Н. Вулић, Споменик XXV, бр. 193. ↩
- Хемиската анализа на згурите е извршена во лабораторијата на рудниците »Злетово-Саса«, Пробиштип. ↩
- Лискунот се простира на простор од 10×2 км. со моќност од 24 м. Според анализата извршена во фирмата AEG во Берлин резервите од лискун се сметат за многу квалитетни. (Извештај, Архив на Геолошкиот завод, Скопје). ↩
- Извештај за рударството на с. Бешиште (Архив на Геолошкиот завод, Скопје). И. Микулчиќ, Пелагонија (карта) ↩
- Н. вулић, Споменик LXXV, бр. 193. ↩
- Н. Вулић, Споменик LXXV, бр. 142 (с. Глишић) и Споменик LXXV, бр. 116 (с. Венје). Н. Вулић, Споменик LXXV бр. 209. ↩
- В. Велков, Рудодобиване и минно дело в древна Тракия, Годишник на национ, политехн. музей кн. 2, София 1972, с. 36. ↩
- Апостол Керамидчиев, I Старото рударство во Мариово, Mecedoniae Acta archeologicia br. IT, ce. 237—243. ↩
- J. Цвијић, н. д. с. 340 ↩
- Сепак мали количини железна руда биле пренесувани и топени во римските градишта, каде работеле работници за поправка на оружје и воена опрема. Досега се пронајдени остатоци од топена железна руда на голем број градишта од период во Источна и Јужна Македонија. ↩
- А. Керамидчиев, за железните рудници во Кривопаланечко во турскиот период, Зборник на Археол. музеј кн. VI—VII, Скопје 1975, с. 85—96. ↩
- Во I-ra грамота на Василије П (1018) година се споменува Мариово како енориско место на Магленската епископија. ↩
- J. Цвијић, н. д. с. 326; А. Керамичиев I, н. д. с. 247. ↩
Summary
Old Mining in Mariovo
During the archaeological recognition in 1974 the district of the villages Vitoliste, Poléiste, BeSiste, and Melnica was visited and inspected. There many traces of five mining settlements with towns and necropoles from the Roman time have been preserved. In the ruins of these settlements we found numerous fragments of Roman ceramics, roof tiles and pithoses. Epygraphic monuments, statues, reliefs and parts of architectonic figuration have aiso been found.
In the district of the village Vitoliste on the locality Gramadi оп the banks of the Sadna river ihere existed a large rural settlement in Roman time. The abundant mining and smeltery work, the testimony of which is the large quantity of smelted iron ore (dross) preserved on this locality and dispersed along a wider area, represented a base for its existence. During the excavations in 1917 on this territory2 some stone tools and ceramics from the neolithic period were discovered, During our visit to the village Vitoliste we saw another epygraphic monument which had been discovered on this locality. From the inscription we see that it was erected in memory of the veteran C. Domitius Bellicus who served in the legion I Minerva. From the stylistic and linguistic characteristics of the inscription4 we conclude that the monument was built in the second or the third decade of the 2nd century.
Abundant mining exploitation of iron ore during Roman time was also developed on the locality Sadevi in the vicinity of the village Melnica, On this location many traces of a large rurai settlement have been preserved. The settlement was fortified. Besides parts of the wall lots of ceramic fragments have been preserved as well as тои ucts, pinoses and a lot of remains of smelted iron ore.
A more limited exploitatiton was also developed on the localities of Kovaéevo (at the village of VitoliSte), Joleva Ograda (at the village of Polciste) and poe (at the village BesiSte) where remains of smelted iron ore have been preserved.