Macedoniae acta archaeologica 4 (1978) · стр. 93–112
Археолошки истражувања во Демир Капија
Во текот на 1972 и 1974 година, во Демир Капија продолжија археолошките ископувања на вске започнатиот сектор »Болница«, каде се вршени истражувања во 1969—70 год.1 Ископувањата се изведенувани по систем на сонди- што беше диктирано од расположивиот простор за нашата работа.2 Во текот на овие две кампањи откриени се вкупно 15 гробови, од кои пет се грчко-хеленистички, додека останатите припаѓаат на римската епоха. Во оваа прилика ќе се задржиме на гробовите што се карактеристични како по својата конструкција, така и по прилозите значајни за нивното временско определување.
Опис и датирање на гробовите и наодите
ГРОБ — 53 — Откриен е на длабочина од 1.20 м., без одредена, јасна конструкција. Неколкуте нафрлени речни камења од горе и од страна се негово единствено обележје. Гробот бил спален, а прилозите расфрлени по целата негова должина. Помеѓу нив откриени се неколку нагорени коски, пепел и гареж, а дното, всушност, претставува слој од потпечена црвена земја. Се добива впечаток дека покојникот бил спален во самата гробна рака, а потоа затрупан со земја.
Од прилозите во гробот најбројни се малечки паници-сланици, една премачкана со убав црн фирнис, а друга со кафен фирнис, додека другите три паници се знатно послаби по квалитет, нееднакво премачкани со разреден црн фирнис. (Т. I, 1-5). Во гробот е откриена една ојнохоа со сисак од бледо-жолта глина со сумарно изведена палмета (T. I, 9), како и еден сив кантарос (Т. I, 10). Интересни се три плитки чинии-пинакси, од кои две се погруби, недоволно печени, така што нивниот цртеж изведен со црна боја во знатна мера отпаднат (Т. 1, 7,8). Третата чинија има знатно подобар квалитет. Нејзиниот убаво профилиран обод украсен е со спирали, а целото дно исполнето е со голема палмета поставена на една низа од јајчест орнамент. (1. I, 6). Макар што се знатно бројни, прилозите од гробот 53 не се од посебен интерес во однос на порано откриените грчки вази од Демир Капија. Тие воглавно претставуваат едноставни примероци на грчкото керамично производство од 4-ти Бек наменето на широките слоеви од општеството. Поголемо внимание привлекуваат чиниите, во Демир Капија откриени за прв пат, а колку ми е познато, нивната појава на други локалитети не е така честа. За нас е од посебен интерес сивиот кантарос, најверојатно локално произведен. Изработен е од светло-сива глина, со убава фактура, премачкан со светло сивосин посен лак. Дното е рамно, незнатно вдлабнато. Нашиот кантарос припаѓа на типот од овис вази познати уште од рано-архајскиот период, кој ќе ја задржи својата форма во текот на следните векови.3
Карактерот на керамиката од гробот 53, присуството на примероци од послаб квалитет, како и кантаросот од локална изработка, упатуваат на средината или втората половина на 4-тот век од ст. е.4
ГРОБ 54 — Припаѓа на истиот тип како и претходниот, со неодредена конструкција, кремиран. Во гробот е откриен еден овален Тег од порозен камен, вдлабнат во средината од обете страни (Т. II, 1). Другиот прилог е еден убав, некомплетно сочуван кантарос, премачкан со убав црн фирнис (T. II, 22). На внатрешната страна дното е украсено со круг од цртички и три втиснати палмети,. Ослонувајќи се на формата на кантаросот, гробот би можел да го поставвиме во средината на 4-от век од ст. е.
ГРОБ 64 — Откриен е на секторот „Манастирх. Тој е ограден со камени плочи, делумно порушени. Присуство на подгорени коски, гареж и пепел навестуваат дека покојниот бил кремиран. Единствениот прилог од гробот е еден кантарос со убава форма и КВаАНтетна изработка (Т. 11, 3). Премачкан е нееднаково со разреден темен фирнис од обете страни. Припаѓа на 4-от век од ст. е.
ГРОБ — 51 Претставува овална јама со црвено прегорени страни. Покрај знатната концентрација на гареж и пепел, во гробот е откриена една паница од бледо-жолта, слабо печена глина, поради што црвениот фирнис во кој била премачкана е скоро сосема отпаднат. Уште еден прилог од овој гроб е некомплетно сочуваниот кантарос (T. II, 4). Неговите рачки со извлечени краеви, профилацијата на те-АОТО и ногата се елементи карактеристични за кантаросите од 4-71 Век’.5 Но поради послабата изработка на двете вази, гробот би го МОставиле во крајот на 4-ти или почетокот на 3-ти век пред н. е.
Останатите гробови припаѓаат на знатно покасно време, во поголем АСА на 2 и 3 век од н. е. Меѓу нив се застапени два основни типа, веќе констатирани со поранешните ископувања. Тоа се 5идани гробови од тули (гроб 52) покриени со камени плочи. На другиот тип припаѓаат гробовите на две води, изразито застапени на Демиркаписката некропола. Тоа се гробовите од 56—62, 65.
ГРОБ 52 -- има должина 195 см, широчина 0.60 м. Оријентиран е во правец север--југ. Внатрешноста на гробот е исполната со темна земја. Единствениот прилог, бокал со една рачка, широк врат агол.
Гробовите со конструкција на две води содржеа кремирани остатоци (гробовите 58 и 65), а скелетни (57, 59—62). Сите овие гробови закопани се мошне плитко, на длабочина од 50—70 см.
ГРОБ 58 -- Покрај големата концентрација на гареж и големи парчиња од јагленисано дрво, во гробот се најдени мноштво фрагменти од керамични садови. Нив главно ги карактеризира грубата и примитивна изработка, најверојатно од локално потекло. Покрај длабоки и плитки паници, како и чаша со хоризонтални ребра, се истакнува посебно еден мешест сад со една рачка и убаво профилиран обод. Изработен е од глина со подобар квалитет, на мевот украсен со втиснати орнаменти (Т. ПТ, 1). Садот е премачкан со темен фирнис без сјај.
Ослонувајќи се на типовите на садовите што се јавуваат како во спалените така и во скелетните гробови, гробот 58 потекнува од 2-ри век од н. е. Од ова време е и садот со печатени орнаменти, еден манир кој во ова време се јавува на керамичните садови откриени на повеке локалитети во Македонија, а посебно во Повардарието.
ГРОБ 65 -- е од типот на две води, исто така кремиран. Меѓутоа во однос на претходниот тука среќаваме еден сосема друг приод кон погребувањето. Спалувањето на покојникот е извршено вон гробот, а одбраните остатоци од ломачата ставени се во урна на источниот крај во гробот. Останатиот дел од гробот исполнет е со темно-кафена зема.
Типот на урната од овој гроб е доста невообичаен. Тоа е биконусен сад со профилиран обод и нешто вдлабнато дно. Тордираната рачка поставена е над садот како рачка на кошница (Т. III, 7). Покрај еден фрагментиран сад, бокал со тролисно устие (Т. III, 8), во гробот е откриена бронзена монета на Антонин Пие (138-161).
Според тоа, гробот би можел да потекува од средината или втората половина на 2-ри век од H. е.
На нешто подоцнежно време припаѓаат гробовите 56, 57, 59—62. Сите тие се од типот на две води со скелетно укопување, чија ориентација е главно запад--исток. Прилози се откриени единствено во гробот 59 и тоа една лампа и чаша со една рачка (T. III, 9,10) и во гробот 61 една паница и чаша од истиот тип како претходната. Вакви чаши наоѓани се и порано во Демир Капија и тоа како во кремираните, така и во скелетните гробови. Другиот прилог од гробот 59, тркалезната керамична лампа, има диск исполнет со голема розета. На ободот се два правоаголни редефни украси. Рачката не е7 дупната. Аналогните примероци од Атинската Агора, датираат во 4-ти век
На крајот ќе го истакнеме присуството на една јама, закопана плитко во слој на жолта земја, неправилна по форма (дим. 3x4 м.). Нафрланиот камен од горе формираше возвишение во вид на хумка. Содржаната на јамата се состоеше од стотици фрагменти од керамични садови искршени во многу ситни парчиња. Тоа е керамика
95
за домашна употреба, паници, мешести садови, бокали со цилиндрично грло, мали паници и чаши, која секако има локално потекло.8 Извесни елементи што се забележуваат, формата на ободите, дното и рачките, како и неколкуте фрагменти со печатени орнаменти, укажуваат на 2-ри век, како време кога јамата настанала (Т. IV 2,3,5).
Два наоди откриени на работ од јамата не би можеле да се збројат во нејзината содржина. Тоа е една фрагментирана теракота на седната богиња со типично архаични карактеристики, од јонско потекло. Уште еден наод од постара дата (4 век пред H. е.) е непот-МОАНО сочуваниот кантарос од убава сива глина, премачкан со квалитетан црн фирнис (T, II, 5,6).
Завршувајќи го излагањето за истражувањата на некрополата во Демир Капија, ќе се обидеме колку што ни дозволуваат расположивите податоци, да ги проследиме промените во начиниот на погребувањето и типовите на гробовите што се јавуваат во текот на античката епоха. На овие прашања делумно сме се задржувале и до сега, меѓутоа, во оваа прилика ќе ги земеме во предвид и гробовите откриени со поранешните ископувања. Веднаш треба да се истакне дека бројната состојба на сигурно регистрирани и испитани гробови не е доволна за поцелосното согледување на проблемите и донесување на посигурни заклучоци. Меѓутоа, ситуацијата на теренот е таква што нови резултати тешко можат да се очекуваат, така што мораме да се задоволиме со сегашната состојба.
Демиркаписката некропола опфаќа еден тесен појас што се протега од Манастир па до устието на Бошава во Вардар. Меѓународниот пат што минува тука има зафатено добар дел од некрополата. Со изградбата на низа приватни куќи како и болничкиот круг, уништен е голем број гробови?.9 При тоа треба да се додаде дека уште во антиката со нови закопувања рушени се стари, така што знатен број гробови за секогаш се пропаднати. Неколку гробови откриени на секторот Црквиште укажуваат дека античката некрополата се пружала и во јужен правец.10 Некрополата се наоѓала покрај античниот пат чии остатоци се сочувани на теренот.11
Поаѓајки од археолошките наоди откриени во гробовите може да се заклучи дека Демиркаписката некропола е користена од крајот на 5-ти век пред н. е. па до длабоко во 4-ти од н. е. Бројната состојба на гробовите, како и наодите покажуваат дека интензитетот на погребувањето не бил еднаков во сите временски периоди. Додека во текот на 4ТН век пред н. е. гробовите се бројни, кон крајот на хеленистичката епоха тој опаѓа, за повторно во 2 и 3 век од H. е. нивниот број се зголеми. Овој податок, макар што недоволно сигурен, наведува на помисла дека во доцниот хеленизам бројот на населението во Демир Капија знатно опаднал, а во врска со тоа и самото погребување. Во текот на 2-ри и З-ти век од. H. е., во времето на стабилизацијата која настапува по доаѓањето на Римјаните, се чини дека бројот на населението повторно се зголемува.
Истражувањата исто така покажаа дека оваа некропола е користена во текот на целиот античен период. Почнувајќи од секторот „Манастирх (на десната падина од брдото што ја формира Демиркаписката клисура), па спуштајќи се кон равницата до устието на Бошава, насекаде се регистрирани, како грчко-хеленистички, така и римски гробови, со тоа што првите се побројни на секторот „Манастир“ додека на секторот „Болница се чувствува поголема концентрација на римски. Густината на гробовите не е насекаде еднаква. Додека постарите, грчки и хеленистички гробови, се знатно оддалачени еден од друг, кај римските се забележува групирање што не би можело секогаш да се објасни со родбински односи.
Помеѓу постарите гробови од 5-ти и 4-ти век пред H. е. застапени се две основни конструкции, со низа помали НАН поголеми разлики диктирани од моменталните услови. Еден тип на гробовите е, всушност, рудиментирана форма на архајските цисти,12 градени од камени плочи, сумарно обработени и прилагодени на својата намена. Кај некои се среќава камено дно, додека кај други има само една плоча на која се ставани гробните прилози.13 (Т. У, Скица 1).
Друг тип гробови имаат венец формиран од камења без особен ред. Дното по некогаш го сочинува слој од речен камен (гроб 45), но во повеќето случаеви покојникот е ставан директно на земја (гроб 44). Гробовите се засипувани со земја над која се нафрлувани по неколку14 камења. (Т. У, Скица).
Овие два типа ги среќаваме и кај скелетните и кај спалените гробови и тоа во временскиот распон од крајот на 5-ти век, па до почетокот на 3-ТН век, што покажува паралелна егзистенција на двата вида закопувања. Меѓутоа, на истекот на 4-ти век и натаму низ хеленистичкиот период, гробовите се повторно скелетни. Дали кремацијата и натаму била применувана и во која мера, не би можело да се каже. Гробовите од ова време се малубројни.
Кон крајот на класичниот и почетокот на хеленистичкиот период, се практикува уште еден начин на погребување во гробни јами со изразито нагорени страни (гроб 51).15
Во доцниот хеленизам и раноцарскиот период се јавува еден нов тип на зидани гробови, мошне солидно градени од тули, понекогаш во комбинација со камен и секогаш покриени со камени плочи.16 (Т. V, Скица 3). Веќе имаме нагласено дека сите вакви гробови беа потполно празни, така што нивното прецизно датирање е мошне отежнато. Од доцно хеленистичко време би бил спалениот гроб 178 откриен во ексонартексот на ранохристијанската црква. Гробот содржеше урна со остатоци од покојникот и два издолжени унгвен-
Римскиот период на Демиркаписката некропола обележан е со едноставен тип гробови, мошне распространети низ провинциите на Римската империја. Овој најмасовно прифатен тип се јавува скоро во неизмената форма почнувајќи од Г-ви па до 4-ТН век од н. е. Макаршто токму во ова време се случуваат крупни промени во начинот на погребувањето, формата на гробот го задржува своето основно обележје. Кремацијата која сега, во текост на !|-ви и 2-ри па до длабоко во третиот век доминира, во текот на овој последниот постепено настанува, отстапувајќи и го местото на инхумацијата која суверено ќе владаее во натамошните историски епохи.
Макар што исти тип среќаме и кај спалените и кај скелетните гробови, се забележува изразита разлика во начинот на погребувањето. Еден тип на спалени гробови покажува дека остатоците од ломачата се директно ставани во гробната рака, а прилозите едноставно нафрлени. (гроб 58 Т. У, скица 5). Во друг случај, очигледен е повнимателен однос кон погребниот ритуал. Остатоците од ломачата се одбрани, собрани во урна која е поставена во еден агол од гробот (гроб 65),18 Во останатиот дел од гробот се поставувани прилозите. (Т. V, скица 4).
Во ритуалот на подоцните, скелетни гробови од типот на две води очигледен е поинаков однос кон погребувањето (T. У, скица 6). Кај главата и нозете ставани се редевно по еден или два камења, а даровите се обикновено поставувани кај нозете на покојникот. Гро-Oot с формиран од две заоблени керамиди и засипуван со слој земја (робови 32, 59, 61).
Покрај наведените типови гробови и нивните варијанти, во доцниот хеленизам и раноцарискиот период во Демир Капија се јавува еден нов начин на закопување во погребни питоси. Нивната содржина не бевме во состојба да ја испитаме поради тоа што сите питоси беа уништени. Но и покрај тоа, остатоците од пепел како и самото ore присуство на некрополата укажуваат на нивната погребна
нкција.19
Преглед на археолошкиот материјал откриен на некрополата во Демир Капија
Во недостаток на податоци за проучавање на населбата со сите свои компоненти, за одговор на извесни прашања што не интересираат, или сами по себе се наметнуваат, мораме да се задоволиме со археолошкиот материјал откриен на некрополата во Демир Капија. Иако тој број е знатно голем се пак не може да ни даде целосна слика за општествено-економските движења во текот на античката епоха. Но на извесен начин ќе се осветлат поедини моменти од животот на оваа стара населба на самиот влез од Македонија во Поенија. Во таа смисла ќе се осврнеме на наодите, откриени било случајно, било по пат на археолошките искупувања, давајќи еден кус хронолошки и типодлошки преглед, нивната појава и провениенција.
Керамика
Со својата обемност и разноврсност керамичките наоди од крајот на 5 и од 4 век пред н. е. заземаат значајно место меѓу Демиркапискиот материјал. Се работи за грчка, поточно атичка керамика во стил на црвени фигури,20 која во ова време достига голема распространеност во земјите на Медитеранот, посебно Егејскиот регион, како и Црноморскиот брег. Тракиските и Пеонско-илирските наоѓалишта добро го познаваат овој вид грчки производи. Нив ги среќаваме во соседните Пелагониски некрополи,21 како и на повеќе локалитети во внатрешноста на Балканот.22
Макар што предимно се работи за примероци од грчкото керамичко производство наменето за поширока потрошувачка, тука се забележуваат примероци што можат да се вбројат меѓу најквалитетните атички производи. Ќе ја истакнеме, на прво место, хидријатаприпишана на сликарот Меидијас, кој работел во Атина на крајот од 5 век, како и еден убав примерок на пелике, двете украсени со сцени од Дионисовиот круг.23 Помеѓу фрагментите се истакнуваат бројни мошне квалитетни и убави примероци што припаѓале на вази со поголеми димензии. Помеѓу оваа керамика застапен е широк репортоар на форми. Тука се веќе спомнатата хидрија и пелике, потоа бели лекити карактеристични во погребниот ритуал, садови за вино — ојнохои, скифоси и кантароси, потоа бројни лекит-арибалоси, панички-сланици, пиксиди, гутуси и лампи. Меѓу керамиката откриена во слоевите се истакнуваат повеке фрагменти на ихтии, плитки чинии за риби, чиј пречник варира од 19 до 33 см. Како што е позна-То,24 Во текот на времето ихтијата не ја има изменето видно својата форма, што се забележува и на примероците од Демир Капија.
Треба, исто така, да се нагласи значителното присуство на кантароси во Демир Капија, кои покрај лекит-арибалосите, се мошне омилена форма. Покрај постарите типови (оА гробовите 54, 64, 51) кои припаѓаат на 4 век, се забележува знатен број на овие вази со висока нога и потесно тело, форма која е карактеристична за подоцнежната епоха.
Бројните панички-сланици во Демир Капија, исто така, опфаќаат поголем временски период. Додека постарите панички се мошне ква-АНТеТНН, убаво моделирани и премачкани со црн фирнис, подоцнежните примероци стануваат поплитки, погруби и небрижно премачкани со разреден фирнис.
Појавата на овие Атички производи во Демир Капија е до толку позначајна што сама по себе зборува за многу раното и брзо прифаќање на грчки производи, како и за мошне живите врски одржувани во текот на овој период со културните центри на југот. Кон ова треба да се додаде и веќе оформениот вкус на населението, кое во ова рано време имало разбирање, па и потреба за ваков вна производи.
Наспроти интензивниот увоз, домашното керамичко производство во ова време се чини не би било така развиено. Керамика за домашна употреба секако постоела, но во текот на ископувањата не беше можно стратиграфски да се изводи. Културните слоеви на извесни сектори се толку плитки што грчкиот и римскиот материјал се потполно измешани. Но и покрај тоа, извесни наоди укажуваат на
грчките, што во крајна линија се сведува на имитирање на поупростените форми. Како илустрација ќе го наведеме сивиот кантарос од гробот 53, две варијанти на олпе,)25 како и неколку панички од сива глина, веројатно производи на домашните грнчари. Од локално потекло е секако и урната од гробот 5.”)26
Керамичкиот материјал од следната епоха не е така броен и разноврстен како од претходната епоха. Веќе истакнавме дека и бројот на гробовите од ова време не е голем. И покрај тоа, примероците што ќе ги сретнеме укажуваат на натамошните врски со производните центри на Грција, Овие, веќе доцни примероци на грчката керамика ги карактеризира видното опаѓање на квалитетот. Репортоарот на формите не е така богат, а фирнисот постанува разреден и се почесто добива метален сјај. Вазите често не се цели премачкани, а до колку е претставен цртеж, тој е изведен сумарно и шаблонски. Црвениот и кафениот фирнис се често употребени.
Но и покрај тоа, карактеристичните претставници во керамиката од ова време не го заобиколиле нашето наоѓалиште. Пред се треба да се истакне присуството на лагиносот, една форма карактеристична за подоцната грчка керамика, која сета, во 5 inl на хеленистичката епоха ќе достигна голема распространентост.27 Значајно е, исто така, присуството на вази со цртеж изведен со црвена боја, манир познат во Атика како West slope, а кој особено ќе се развие на италското тло како Gnatia стил. Треба да се истакне фрагментот на мегарска (хомеровска) чаша,“)28 еден од најтипичните претставници во керамиката на оваа епоха. Поголем број фрагменти од овие садови, чие потекло прецизно тешко може да се определи, опфаќа временски пери-ОА ОА 3 до 1 век од ст. е. Тука се застапени предимно билни орнаменти, богати розети, јајчести украси и спирали, кои распоредени во зони ја исполнуваат целата површина на вазата.
Меѓу доцнохеленистичките наоди се истакнува, исто така, една керамичка маска-апликација, која припаѓала на поголема посуда, веројатно ситула, слична на примероците од Атинската Агора. Покрај ројните аналогии што Робинсон ги наведува се наоѓаат примероци според кои може да се заклучи дека овие садови, било да се изработени од глина или бронза, припаѓаат на времето пред | век од н. е. Ова датирање би можело да се однесува и на нашата апликација која има доста заеднички одлики со Атинската.")29
Нашата маска-апликација изработена е одделно по пат на калапење, а потоа прилепена за садот. Таа претставува помлад маж, веројатно Херакле, со убаво изразени црти на лицето.
Додека во текот на грчко-хеленистичкиот период се чувствува голем прилив на импортирани производи, типични претставници на своето време, керамиката од рамскиот период во Демир Капија покажува едно општо осиромашување и ориентирање кон домашни, поевтини производи. Освен ретките примероци на поквалитетна керамика на која може да и се припише туѓо потекло, во ова време
103
домашната продукција доминира. Тоа е главно груба керамика со послаб квалитет, често недоволно печена, работена за домашна употреба. Од локално потекло се урните во спалените гробови. Тоа се мешести или биконични садови со средна големина, изработени од погруба глина, со широки отвори.30
Раноримската керамика ја илустрираат две плитки паници изработени од квалитетна глина, со благо вовлечен обод и прстенести дна.)31 Премачкани се со црвен фирнис од добар квалитет. На ова време припаѓа и фрагментот од т. н. трновита керамика. Повеќе фрагменти од садови со печатени орнаменти го илустрираат манирот што некаде од крајот на 1-ви па низ целиот 2-ри век од H. е. се јавува на производите од овој вид (Т. IV, цртеж 1--7) .Тоа се примерокот од гроб 58, неколку фрагменти од јамата како и од слоевите откриени во текот на поранешните ископувања. Оваа керамика наоѓана е во Тетово, Дојран, Пробиштип, а посебно квалитетни примероци откриени се во Стоби.32
Помеѓу керамичките садови од 2 и 3 век се истакнуват посебно два типа чаши. Тоа се мешести чаши со една рачка грубо прилепена на телото и вратот. Почетокот на вратот нагласен е со пластично ребро.) На другиот тип припаѓаат чаши без рачки со широк прстенесто задебелен обод и тело украсено со хоризонтални ребра.“")33
Значаен, а колку ни е познато, најмлад наод од 4 век, би бил
прилогот од гробот 193, откриен на секторот »Црквиште«.)35 Позлатената фибула од крстообразен тип најдена во овој гроб овозможува датирање на двата керамични сада, значајни за согледувањето и следењето на формите што се одржале или појавиле во ова време. Тоа е еден мешест бокал со тролисно устие, елемент што се јавува на погрубата керамика во текот на целата римска епоха. Не помалку е значаен и другиот сад, бокал со една рачка и типично високо цилиндрично грло, форма што ја среќаваме во доцноантичките гробови на Скупската некропола, Железарата кај Скопје и во Кавадарци.
Aamnu
Прегледот на античките лампи од Демир Капија не дава потполна слика на овој вид археолошки наоди, инаку мошне погодни за хронолошко определување.
Меѓу најстарите примероци би можела да се вброи една тркалезна лампа премачкана со црн фирнис, со поголем отвор и клун, тиен рони на Атичките производи од овој вид од 4 век пред
Неколку хеленистички лампи ги карактеризира проширениот клун и испакнатиот додаток на телото што има функција на држалка. Премачкани се со разреден фирнис кој има метален сјај.)37 Од гробот 30 потекнува еден мошне убав и не така чест примерок на бронзена лампа со крушколика форма, чија рачка завршува во вид на трагична маска, најверојатно од александриско потекло.) Меѓу лампите од римско време треба да се истакнат и неколку по карактеристични примероци. Лампата од гробот 36, со јајчест орнамент на ободот би можела да се припише на коринтските производи од 1 и 2 век од H. e.”)39 Кон крајот на 1 и 2 век припаѓа лампата со клун во вид на срце (гроб 50).“)40 Во доцниот 2 или почетокот на 3 век се датира лампата од гробот 8, со орнамент во вид на грозд.41 Додека спомнатите лампи се припишуваат на италските производи, лампата со претстава на Ерос е од грчко потекло и претставува нова фаза во производството на лампите од империјалната епоха. Иако овој тип постанал во Грција, подоцна e произведуван и на други места42) Нашата лампа би припаѓала во 3 век. Натписот на вазата, иако е недволно читлив го индицира името на мајсторот ZWΣIM.43
На 4 век од н. е. би припаѓала лампата од гробот 59, која би можела да се вброи во Bronner тип XXIII, што се совпата со датирањето на примероците од Атинската Агора.44
На ова место ќе го спомениеме присуството на две теракоти од типот Танагра, откриени во гробот 44.“)45 Другите наоди од овој гроб ги датираат теракотите во самиот почеток на 3 век, во време на нивната најголема експанзија. Уште една теракота откриена во јамата (T. II, 6) карактеристична по својата архаичност од јонско потекло, претставува седната богиња.
Накит
Меѓу накитот од класичната епоха во Демир Капија истакнато место зазема една златна обетка во вид на полумесец, изработена во техника на филигран и гранулација, која може да се вброи меѓу врвните достигања на златарските произвди на Халкидските рабо тилници.“)46 Од крајот на 5 век пред н. е. е сребрениот накит од гробот 5, нараквица, прстен и две перли со топчести украси.)47 Нешто подоцниот примерок, од почетокот на 3 век, златната огрлица од гробот 44, со лавовски протоми, се приклучува кон овој уметнички круг. Златната обетка во форма на Ерос и златните биконусни перли од истиот гроб, го прошируваат репертоарот на формите на нактито од Демир Капија, истовремено одразувајќи ги промените во стилот, техниката и вкусот што се јавуваат во текот на грчко-хеленистичкиот период.)48 Неколку елементи застапени на сребрените и бронзените гривни од Демир Капија, меѓу кои посебно се истакнува мотивот на змиската глава, можат да се припишат кон производите на работилниците од крајбрежните Халкидски градови.“)49 На некои гривни (и. 424 и и. 425)8)50 вредно е да се спомене претставата на палмети што во исти третман ги среќаваме на истовремените И нешто подоцните малоазиски фибу-АМ, што би упатувало на исто потекло. Овој тип фибули, постари сребрени и побогато украсени, како и нешто подоцните бронзени примероци, констатирани се, исто така, во Демир Капија. За потеклото и распространетоста на овие фибули на тракиските и пеонските наоѓалишта е веќе доста расправано.")51 Демиркациските наоди би Укажувале на патот по кој фибулите од малоазискиот тип стигнале во Скопје.52
Доцнохеленистичкиот и римскиот накит во Демир Капија застапен е само со неколку упростени примероци. Освен фрагментираната златна перла од гробот53 30 која може да се припише на Августовиот период, како и бронзената позлатена петлица од гробот 32 (од крајот на 3 или почетокот на 4 век) и една фибула од крстест тип (од 4 век), накитот од ова време скоро потполно недостига. Ова е и разбирливо ако се има предвид дека римскиот период носи извесно осиромашување, а металот како знатно поскап занатски производ не можел да има поширок број купувачи. По некој осамен, но маркантен примерок сепак е познат, на што укажува наодот од соседниот Будур Чифлик од гробот на некоја властелника, кој по своите одлики упатува на 3 век од H. е. 8)
Бронзени садови
Бронзените садови во Демир Капија се мошне ретки. Но некои примери се типични за времето на раните продирања на грчките влијанија по долината на Вардар. Честиот тип ситула, цедилка, лажици и други садови, познати во тракиските и илирските наоѓалишта, зазастапени се и кај нас. Тука треба да се додадат и две топчести бронзени садчиња, откриени вон гробови на секторот „Болницак. Карактеристични се нивните рачки идентични со рачките на керамичните скифоси, кои всушност се, произлезени од металните примероци.
Оружје
Наодите од оружје во Демир Капија се мошне малубројни. Како најзначајна ќе ја споменеме сарисата од гробот 45, типична за македонското вооружување. Од истиот гроб е и еден врв од копје. Неколку фрагментирани железни примероци откриени се со нопанешните ископувања. Ќе го споменеме бронзениот стригилис од гробот 45 кој се одликува со мошне убава изработка5455
Монети
Прегледот на античките монети од Демир Капија откриени во повеќето случаи вон гробови56 “), треба да се дополни со некои нови наоди. Тоа се пред се еден убав сребрен примерок на Патраус, како и депото од мошне оштетени бронзени монети на Тесалоника и Амфиполис, ковани во времето на Филип У до имперлијаната епоха, откриени во светилиштето на Диоскурите.57 Во гробот 32 откриена е една бронзена монета на Проб, а во гробот 65 една бронзена монета на Хадријан. Временските рамки на наодите од монетите во Демир Капија одговараат на другиот археолошки материјал, макар што тие не се така бројни како би можело да се очекува.
Се уште останува отворено прашањето кое се однесува до идентификувањето на населбата кај Демир Капија. Од времето на изнесените претпоставки и мислења не е откриен ниту еден натпис со кој би се осветлило ова мошне значајно прашање. Анализирајќи го Фраг. 4 од Страбоновата УП книга Фанула Папазоглу покажа дека под името Stenas забележано на Појтингеровата карта е обележана станицата кај кланецот, а дека населбата се викала поинаку58
Малубројните архитектонски остатоци откриени во текот на ископувањата не даваа можност за согледување карактерот и обемот на населбата. Комплексот од градби на секторот „Манастирх не би можел временски да се врзе за гробовите од класичната сепоха.")59 Нивното присуство на некрополата, го зборува спротивного, дека се тие од знатно помладо време. Остатоците од градбите на секторот »Болница« припаѓаат, најверојатно, на некој објект со култна намена, на што укажуваат масивните зидови и мермерните архитектонски блокови.
Во секој случај, античката населба кај Демир Капија, макар што била значаен стратегиски пункт, никогаш не достигнала поголеми размери. Својот најголем економски просперитет го бележи доста рано (крајот на 5 и низ целиот 4 век), кога е во можност да набавува скапи антички керамички производи и предмети од златарските работилници на кајбрежните Халкидички градови, со кои одржува живи трговски верски. Причините за оваа појава не би можеле да се објаснат само со близината на грчко-македонсккиот свет. Низа историски околности (оснивање на грчките колонии, како и ширењето на македонската држава) што одиграле пресудна улога во формирањето на повисокото општествено ниво пропратени со културно издигање, се одразила, на извесен начин, и на оваа пеонска населба. Мислењето на A. Вучковиќ-Тодоровиќ дека во Демир Капија имало доселени Грци60 би можело да се поткрепи и со неодамна изнесената претпоставка на Фанула Папазоглу за трајното и масовно населување на Грци на пеонска територија61
Во доцнохеленистичката епоха, во времето кога Македонија, а со неа и Поенија, пропаѓа под римска доминација, се чини дека населението во Демир Капија е знатно редуцирано, иако и натаму одржува врски со Егејските градови од каде набавува стока но не како во претходната епоха.
Во времето на римјаните, во Демир Капија не се чувствува посебен напредок. Како што веќе спомнавме, гробовите од ова време се предимно сиромашни, често пати без прилози, а таму каде што ги има, тие главно представуваат евтини керамички садови од локално потекло. Извесни форми во керамиката од 2 и 3 век укажуваат на врските со југот. Култот на грчките божества Диоскурите нашол свои приврзаници и во Демир Капија, каде е откриено и нивно светилиште. И додека во ова време се уште се чувствува влијанието на Медитеранот, во 4 век наоѓаме индиции кои упатуваат на врски со северните поблиски и подалечки соседи.
дока Блаватскиј, Историја античној расписној керамики, Москва
8 Монетата е знатно оштетена поради што € отежнато нејното прецизно одредување. ча не ци Perlzweig, Lamps of the Roman period, The Athenian Agora vo.
, 1651.
" I, Mikulcic¢, Pelagonija .. ,54.
4H. Петровин, Демир Капија, Архитектонски налази на сектору Манастир, Старинар, Н. С. 1961, 227, са. 7.
2 |. Мише, Pelagonija .. .,34—35.
го 1. Mikuléi¢, Pelagonija ... 49.
"" М. Паровиќ-Пешикан, O карактеру грчког материјала на Гласинцу и путевима његовог продирања, Старинар, Н. C. XI, 1961,33,
"а В. A. Блаватскиј, ор. c....49
"5 В. Соколовска, Новија археолошка ископавања у Демир Капији, Старинар XXIV-XXV, T. ЦА.
27 В. A. Блаватскиј, ор. cit. 51. ,
“8 A. Вучковин-Тодоровин, Античка Демир Капија, 263, сл. 91, .
51 1, Mikuléié, Pelagonija ..., 42, 43, 57, 58.
В. Соколовска, Р. Пашиќ, Еден гроб од Жданец, Зборник на Археолошкиол музеј VI, Скопје 1975, I. II, сл. 108.
5, I. Mikuléic, Pelagonija ..., 42, 43, 57, 58,
В. Соколовска, Р. Пашиќ, Еден гроб од Жданец, Зборник на Археолошкиот музеј V1, Скопје 1975, I. 1, са. 108.
60 A. Вучковин-Тодоровиќ, Античка Демир Капија, 267. .
5 E. Papazoglu, Politi¢ka organizacija Шта u vrijeme njihove samostalnosti ior izdanja — V, Centar га Balkanoloska ispitivanja. knj. 2, Sarajevo
Белешки
- Резултатите од ископувањата во 1969/70 год. објавени се во Старинар XXIV-XXV, 185 и натаму. ↩
- Гробовите 51, 53-62 откриени се во дворот од куќата на Ацо Пејков, гробот 52 во темелите од куќата на Филип Димитровски, а гробот 65 во дворот на Стево Димитровски. : ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Beograd 1966, 29. ↩
- Иста форма на кантарос наоѓаме кај: M. Bucovala, Necropole elenistice la Tomis, Constanta 1967, 9 а, како и кај Т. Иванов, Антична керамиха от некропола на Аполония, Аполония, Раскопките в некропола на Аполония през 1947-49, 194,T 104,460. ↩
- В. Д. Блаватскиј, Историја античној расписной керамики, Москва 1953,49. ↩
- Монетата е значително оштетена поради што е отежнато нејното прецизно одредување. ↩
- Judith Perlzweig, Lamps of the Roman period, The Athenian Agora vo. VII, 1651. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija ..,54. ↩
- За поранешните наоди пооширно кај Душанка Вучковић-Тодоровић, античка Демир Капија, Старинар Н. С. XII, Београд 1961, 232. ↩
- B. Aleksova, Demir Kapija, Beograd 1966, grobovi 193 i 178. ↩
- Н. Петровић, Демир Капија, Архитектонски налази на сектору Манастир, Старинар, Н. С. 1961, 222, сл. 7. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija ...,34—35. ↩
- Изразит пример кај гробот 5, Д. Вучковић-Тодоровић, Грчки гроб из Демир Капије, Старинар IX—X, 1958-59, 281. ↩
- Гробови од ист тип откриени се на некрополите во Пелагонија, I. Mikulčić, Pelagonija ... ,60—61. ↩
- Ibid. Tbid. ↩
- За појавата и распространетоста на овој тип гробови, I. Mikulčić, Pelagonija ... ,62, ↩
- B. Aleksova, op. cit. 36. ↩
- Двете варијанти на спалените гробови констатирани се на рано царските некрополи во нашала земја, Д. Срејовић, Римске некрополе раног царства у Југославији, Старинар, Н. С. XII-XIV, 1965, 78,79. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija ... 62. ↩
- Грчката керамика од Демир Капија опширно е обработена од Д. Вучковић-Тодоровић, Античка Демир Капија, 244 и натаму. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija ... 49. ↩
- М. Паровић-Пешикан, О карактеру грчког материјала на Гласинцу и путевима његовог продирања, Старинар, Н. С. XI, 1961,33. ↩
- Д. Вучковић-Тодоровић, Античка Демир Капија 246,252. ↩
- В. Д. Блаватскиј, ор. с. . .49 ↩
- В. Соколовска, Нових археолошка ископавања у Демир Капији, Старинар XXIV-XXV, Т. II,4. ↩
- Д. Вучковић-Тодоровић, Грчки гроб ... ,285, сл. 11. ↩
- В. Д. Блаватскиј, ор. cit. 51. ↩
- Д. Вучковић-Тодоровић, Античка Демир Капија, 263, сл. 91. ↩
- H. S. Robinson, Pottery of the Roman period, Princeton 1959,32,G 102. ↩
- В. Соколовска, op. cit. Т. В, сл. 1—4. ↩
- Ibid., T. V. сл. 6 ↩
- В. Соколовска, Прилог кон проучавањето на керамиката со печатени орнаменти од Македонија, Macedoniae Actae Archaeologicae 2, 157 и натаму. ↩
- В. Соколовска, Новија ископавања ... ,Т. VI, сл. 7. ↩
- Ibid., T. VI, сл. 5. ↩
- B. Aleksova, op. cit.. T. III, sl. 11013. ↩
- Д. Вучковић-Тодоровић, Античка Демир Капија, 261, сл. 82. ↩
- Ibid., 261, сл. 83—85. ↩
- Judith Perlzweig, op. cit., 7. ↩
- T. Szentleleky, Ancient lamps, Budapebt 1969, 145—148. ↩
- Д. Вучковић-Тодоровић, Античка Демир Капија, сл. 23, слична, Agora VII 271. ↩
- T. Szentleleky, op. cit., 106,107. ↩
- Judith Perlezweig op. cit., Agora VII, 38, no. 725. ↩
- T. Szentleleky, op. cit., 112, Agora VII, 1651. ↩
- В. Соколовска, Новија ископавања ..., Т. II, сл. 1,2. ↩
- И. Микулчић, Накит класичног доба из Демир Капије Старинар XXI, 1970, Т. I. и 181. ↩
- Д. Вучковић-Тодоровић, Грчки гроб ...,285,286, сл. 12—15. ↩
- В. Соколовска, Нови ја ископавања ...,Т, II, сл. 3. ↩
- И. Микулчић, Накит класичног доба ..., 137. ↩
- Ibid., T. I, i. 424,425. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija ..., 42, 43, 57, 58. ↩
- В. Соколовска, Р. Пашиќ, Еден гроб од Ждането, Зборник на Археолошкиол музеј VI, Скопје 1975, I. II, сл. 108. ↩
- Д. Вучковић-Тодоровић, Античка Демир Капија, 243,244. ↩
- Б. Филов, Надгробните могили при Дуванлиј, Софија, 1934,220; М. Паровић-Пешикан, О карактеру грчког материјала, 29. ↩
- В. Соколовска, Нови ја ископавања ..., Т. III, сл. 103. ↩
- Д. Вучковић-Тодоровић, Античка Демир Капија, 267. ↩
- В. Соколовска, Светилиште на Диоскурите кај Демир Капија, Жива Антика 1974, 276, 277. ↩
- Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје 1957, 242. ↩
- Н. Петровић, op. cit., 220. ↩
- Д. Вучковић-Тодоровић, Античка Демир Капија, 267. ↩
- F. Papazoglu, Politička organizacija Ilira u vrijeme njihove samostalnosti Posebna izdanja — V, Centar za Balkanološka ispitivanja. knj. 2, Sarajevo 1967, 16. ↩
- Viktorija Sokolovska — Skoplje ↩
- The excavations carried out in the antique necropolis at Demir Kapija in 1972 and 1974 yielded 15 graves, five of which are older, Greek-Hellenistic, while the others belong to the Roman time. The graves 51, 53, 54 and 64, ranged to the period from the middle to the end of the 4th century B. C., contained the remains of1 the cremated dead and canthari, bowls etc. as grave goods, characteristic for this time. Among the graves originating in the Roman period are characteristic the graves with cremated bodies (58 and 65) from the 2nd century A. D., while the others are skeletal, from the 3rd and the early 4th century. ↩
- Many objects found in the necropolis at Demir Kapija during the excavations carried out by now, in the first place ceramic ware, jewelry, lamps_terracottas, coins etc., which belong to the period from the end of the 5th century B. C. to the 4th century A. D., show that the settlement had existed throughout the antique period. However, the scttlement at Demir Kapija, although an important strategic3 point, never reached larger extents. It had its highest5 economic prosperity rather early — Ше end of the 5th throughout the 4th century — when the inhabitants were in a position to buy expensive antique ceramic objects, ↩
Summary
Archaeological Excavations at Demir Kapija
as well as the objects made in the goldsmith’s workshops in the coastal Chalcidice towns, with which the settlement had lively trading connections. At the time of the late Hellenism, when Macedonia, as well as Paeonia, fell under the Roman domination, the dwellers of the settlement at Demir Kapija seem to have been reduced, although they still had ties with the Aegean world. No special progress is to be seen in Demir Kapija during the Roma: period. The graves were most frequently poor. Some elements point to the connections with the south. The cult of Greek deities Dioskuri found worshippers in Demir Kapija as well.
However, a question still remains open for discussion, 1. e. the identification of the antique settlement at Demir Kapija. From the time when respective assumptions and opinions were made known, no inscription was found which would throw light on this very important question. Analyzing the frg. 4 of the Strabo’s book VII, Fanula Papazoglu showed that by the name Stenas, set out in the Tabula Peutingeriana, the station at the gorge was designated, but that the settlement must have had another name.