Macedoniae acta archaeologica 4 (1978) · стр. 69–80
Нов халштатски наод од околината на Куманово
Прешевската вододелница зазема значајно место во однос на стариот балкански пат, кој, просечувајќи ја дијагонално Источна Македонија, уште во праисторијата минувал одовде за да се поврзе преку Прешево со природната комуникација по долината на Јужна Морава. Наизглед многу понекомуникативен од паралелната врска со Јужна Морава, преку Вардарската долина и Качаниката клисура, овој пат, токму во Кумановско се надоврзувал на патот што водел кон Крива Паланка и Западна Бугарија и не само што бил во постојана употреба, туку во определени периоди и историско-политички услови го имал, можеби, и приматот. Во прилог на негово долго користење и важност во пренесувањето на културните придобивки од Север кон Југ и во спротивна насока зборува и концентрацијата од близу 200 археолошки локалитети (од праисториски до средновековни), колку што се досега евидентирани во Кумановско, заклучно со последните рекогносцирања што беа изведени од страна на Археолошкиот музеј на Македонија во 1975 и 1976 год.1
Меѓутоа, досега во кумановско не се преземени пообемни археолошки потфати така што бројот на соодветни публикации за овој, од археолошки аспект многу значаен регион, не е голем, а реконструкцијата на културно-историското минато се потпира на Недоволен број материјални потврди. Ова особено се однесува за епохата на постарото железно време, која инаку претставува најдобро проучен период во рамките на праисториските култури во Македонија. Имено, оттука се познати само два халштатски наоди и тоа случајни: еден од месноста TpoOme кај с. Војник, кој му припаѓа на раниот халштат2 и еден значително помлад од југоисточната периферија на Куманово.3 Тие долго беа единствени наоди иако постојат неколу познати градишта чија површинска керамика делумно води кон халштатската епоха (Глаучица кај с. Липково, лок. „Брана I“ кај истото село и др.). Денес на овие им се придружува еден нов, исто така случаен наод, значаен дотолку повеќе што потекнува од подрачјето каде е откриен наодот што во 1949 год. го објавил Н. Вулиќ. На околу 7 км. југоисточно од Куманово, во месноста „Бел Брег", од десната страна на патот кон Кумановска Бања, при земјените работи за подземна гаража до новоизградениот стамбен објект, во 1972 год. GHA откопан еден гроб кој покрај остатоци од скелет имал повеќе бронзени прилози и два фрагментирани керамични сада. Гробот се наоѓал на длабочина од околу | M., а го сочинувала само постилка од речни камења, оријентирана во насока си-ЈЗ. Интересно е тоа што тој се допирал до еден сувозид од крупни варовни камења кој, исто така е делумно откопан и урнат. Извадениот камен можеше сеуште да се види летото 1973 год. кога потпишаниот прв пат го посети локалитетот, а една година подоцна дел од овој ѕид, што се состоеше од два реда такви камења со вкупна височина од 0,60 м., беше видлив во профилот на една варница, потребна за изградбата на соседната куќа. демјаните работи за оваа куќа особено ги отежнувало големото количество ваков камен.
Од разговорот со сопствениците на земјиштето се дознава дека подоцна не е откопан никаков друг наод иако во непосредна близина се изградени поголем број објекти чии темели поединечно не зафаќаат површина помала од 120 м. Нема други податоци ни за споменатиот ѕид. Колку што можеше да се оцени, според неговото откривање на четири места на линија од дваесеттина метри, тој се протегал во правец ЈН-С3, образувајќи одвај забележителен лак. Неговата намена останува нејасна, како што е нејасно и тоа за каков тип гробови се работи, макар што би била прифатлива и претпоставката дека во прашање е погребување под могила.
При откопувањето на гробот, како и при најголем број случајни откритија, не му е посветено поголемо внимание, така што керамиката е сосем уништена. Благодарејќи му на сеќавењето на наоѓачот, дознаваме дека неа ја сочинувале една плитка чинија и поголем сад со една рачка, обата со типично халштатска фактура и врежувана декорација. Наспроти нив, металните предмети се сочувани4 и се состојат од следното:
1. Дијадема, изработена од бронзен лим, дебел 2, мм., чии отворени краеви се стеснуваат. По целата должина на листот, кој во средината е широк до 27 мм., се протега високо ребро што го дели лицето на две полиња. Во овие се врежани концентрични кругови и паралелни коси линии кои образуваат мотив на „елово гранче". Дијадемата е скршена на три дела од кои еден недостасува. Сочуваната должина на листот изнесува 245 мм. (недостасува дел од сса 50 мм.).
2. Масивен бронзен висулец во вид на четиричленна макара. Има валчесто тело на кое на правилни растојанија се распоредени пет дискови од кои средишниот и надворешните се значително поголеми (61 х 55 мм.) и со елипсеста форма, а останатите два-помали и кружни. Во средината на бочните од надворешната страна, врежана е декорација од шрафирани триаголници околу кружна линија, додека на потесните периферии на дисковите стои бордура од коси линии. Средишниот диск е оштетен. Тој има кружен отвор со пречник од 4,5 мм., а уште еден ваков, очигледно постар, видлив е кај оштетувањето. Висина 81 мм.
3. Кружна плочеста фалера со крстесто пробиен централен дел, украсена со четири концентрично врежани кругови. Пречник 64 мм.
4. Спирална очилеста фибула, без „осмица“" меѓу дисковите, изработена од бронзена жица со елипсест пресек и просечна дебелина од 3,6 мм. Кај двата лиска фибулата е свиена во седум концентрични кругови. Иглата недостасува, а во пределот на ногата има траги од железен оксид. Димензии: 55 110 мм.
5—6. Чифт масивни бронзени белегзии со прекрстени остри краишта. Имаат елипсесто-триаголен пресек, со најголема дебелина од 12,5 мм. Дим.: 69,5 x 69; 73,567,5 мм.
7. Масивна биконусна перла со профилирани отвори. Висина 24 мм., пречник 36 мм.
8. Помала биконусна перла со асиметричен облик. Дим.: 23x
9-10. Десет бронзени копчиња со калотен облик чиј јазел во вид на тесна лента поврзува два краја од калотата. Едното од нив има широк кос 3аре3 на калотниот раб. Пречник 32—35 мм., просечна висина 17 мм.
Гледано во целост, овој наод и припаѓа на групата добро познати наоди од зрелата и доцната фаза на постарото железно време, застапени на целокупното подрачје5 што го зафаќала илирската материјална културата во текот на првата половина од I милениум на старата ера. Меѓутоа, дел од него, т. е. дијадемата и висулецот-макара претставуваат едни од најретките објекти од оваа епоха, не само во Македонија, туку воопшто на Балканот и како такви заслужуваат посебно внимание. Сепак, најнапред ќе се задржеме на останатите форми кои го определуваат наодот и временски и културно.
За фибулите во вид на очила досега е пишувано повеќе пати при што е одбележана нивната широка распространетост од Алпите до Средна Грција.6 Од матичното источноалпско-западнопанонско подрачје, овие фибули се распространуваат во текот на ШТ бран на Илирските миграции кон Македонија и Грција, со кој воедно се одбележува почетокот на зрелата халштатска епоха и стануваат едно од основните нејзини обележја. На Гласинац во Босна, каде што се откриени во голем број, се јавуваат за прв пат во фазата ТУ (800—750 r. ст. e)’., за да веќе во следната се изработуваат и од железо, а егзистираат до во фазата ма (500- 350 г. ст. е.)?. Во Македонија овие фибули се исто така бројни во обете основни варијанти-со „осмица“ и без неа. Во Повардарието се познати од три наоѓалишта: с.7 Волково, кај Скопје,10 Демир Капија11 и повеќе примероци од големата некропола во Гевгелија.12 Во Источна Македонија три вакви фибули дале могилите I и VI од ,„Орлова Чука" кај с. Караорман-Штип13, додека најголемиот број потекнува од Пелагонија: две од „Касарни" во Прилеп,14 повеќе примероци од постарите и помладите гробови од могилата „Висои" кај с. Беранци,15 две
од с. Живојно,16 една од „Пешта" — с. Градешница,17 од „Сарај“ кај с. Брод18 и по една од „Најданка" кај с. Орае и околината на с. Трап- -Битолско.19
За разлика од Гласиначкиот регион каде напоредно со очилестите фибули се среќаваат и лачни, во Македонија првите егзистираат како единствен тип на овој вид накит (со неколку исклучоци) до длабоко во втората половина на УП век, кога со новите културни импулси од Југ предизвикани и забрзани со експанзијата на севернотексалските етнички групации, се прифаќаат и новите лачни фибули со поразвиени форми. Но, во условите на силни халштатски традиции и длабока конзервативност на наполно илиризираното македонско подрачје, очиaectute фибули ќе продолжат да живеат уште цел еден век; последните изданци на овој типично халштатски облик ги среќаваме во архајските рамни гробови во „Сарај -Брод, Градешница, Живојно и во подоцна вкопаните гробови во могилата ,„,Висои"-Беранци, но веќе едноставни, со мали димензии и мал број навои“.20
Белегзиите со прекрстени краишта се исто така едни од најкарактеристичните форми за фазата С од халштатската култура, кои, како и очилестите фибули, го задржуваат основниот облик до крајот на епохата. Иако нивната појава на север, на пример во Унгарија,21 паѓа во фазата на. А-В (крај на бронзеното време во Унгарија)“, во рамките на Југославија најпрво се среќаваат на „Гласинац“, во почетокот на тамошната фаза ГУ“"“, а егзистираат континуирано до фазата “3, во Македонија се појавуваат речиси истовремено, но треба да се одбележи дека оние со стеснети или изразито остри краеви, какви што се белегзиите од Куманово, релативно се поретки. Нив ги познаваме главно од постарите гробови под могили, на пример, во Радање24 и Висои-Беранци, но, иако поретко, и во рамните гробови во Волково25,26 »bpasaa”* и „Калдрма"-Прилеп““, заедно со веќе честите белегзии со кружен пресек и проширени краишта во вид на печат, какви што се познати уште од „Три Uemycru’’-Охрид”, „Орешани"-Скопје“ и „Радаwe, по кусата егзистенција на сродните но многу раскошни белегзии од „јањевски" тип, чија појава паѓа во преодот од VII во VI век, се појавуваат крајно сиромашни белегзии од тенка бронзана жица, често со вкрстени краеви, кои ќе го преживеат целиот архајски УТ век како последни, секако, дегенерирани претставници на своите масивни претходници“.32
Фалерите, како добро познат облик меѓу материјалот од „тракокимерската" група наоди, на територијата на Македонија не се така бројни како во подрачјето на Србија и Босна. Скоро сите досега познати потекнуваат од Скопско-Кумановскиот регион: четири многу рани од с. Војник кај Куманово33 и една од с. Бразда-Скопје.34 Територијално најблиску до овие е фалерата од „Радање““,35 додека последните два примери, што потекнуваат од Гевгелија“,36 со средишниот калотен дел и лента за прицврстување од задната страна, типолошки, а можеби и временски се доближуваат до оние од Војник.
За хронолошкото определување на фалерите од територијата на Југославија од пресудно значење се наодите од „Гласинац" каде што првите, сеуште малубројни, се јавуваат во фазата ІІІ^с 37^,37 а карактеристични се за фазата ГУ (750—625 г. ст. е.)“,38 значи во времето на кое му припаѓа за нас исто така важниот наод од Мегара Хиблеја во Грција, кој со помош на грчки арибалос и алабастрон е39 датиран околу 700
Меѓу материјалот од халштатските наоѓалишта ширум територијата на Илирската материјалната култура дијадемите се многу ретки. Затоа и наодот од Куманово посебно го привлекува вниманието, дотолку повеќе што таа и по формата и по декорацијата битно се разликува од познатите дијадеми од Вергина во Долна Македонија40 и од повеќето локалитети во гласинечкиот регион.41 Засега единствени аналогии во таа смисла наоѓаме во две белегзии од могилата I на локалитетот „Куново-Чуки" кај с. Оризаре-Кочанско.42 Овие се издвојуваат единствено со своите помали димензии. Постојат и две белегзии од Гевгелија кои се исто така изработени од бронзен лим и носат слична декорација,43 но немаат пластично ребро по средината на листот. Освен тоа, краевите им се задебелени и прекрстени, така што тие претставуваат само ретки варијанти на разгледаните белегзии со вкрстени краишта.
Тука оправдано може да се постави прашањето, дали сепак се работи за дијадема? Очевидно е дека и покрај тоа што должината на листот е значително поголема во споредба со аналогните белегзии од Куново, се чини дека таа е, сепак, мала за дијадема, макар и со отворени краеви. Заради тоа, а и заради приличната оштетеност на предметот, не сме во состојба со потполна сигурност да ја исклучиме можноста овој предмет да претставува непозната варијанта на белегзија со прекрстени краишта. Меѓутоа, бидејќи досега немаме ниту еден познат ваков пример, сметаме дека овој наод треба да се толкува како дијадема, дотолку повеќе што белегзиите од Куново веќе ги познаваме како тип на белегзии со отворени краишта.
Поаѓајќи од местоноаѓањето на споменатите осамени форми, како и од карактерот на материјалот што ги проследува, веќе станува јасно и тоа дека во иднина тие треба да се очекуваат на подрачјето на Јужна Србија, Косово и Метохија, во скопско-кумановскиот басен и крајниот североисток на ср Македонија.
Висулецот во вид на макара е, исто така, еден од исклучително ретките објекти во илирските гробови. Всушност, единствени аналогии на примерот од Куманово представуваат поединечните наоди од с. Бразда-Скопје,44 од периферијата на Врање45 и од гробот | во могилата I на лок. „Широко“ кај Сува Река, во Метохија.46 Компарирајќи ги сите нив забележуваме дека: кумановскиот висулец има назабени m0- мали дискови, што се среќава само кај значително помалиот примерок од Широко; речиси исти димензии и ЅВОНЕСТО проширување на телото кон периферните дискови како кај оној од Врање, и многу слична декорација на надворешните дискови (покрај блиските димензии) со примерот од Бразда. Од друга страна, само нему својствено му е фланкирањето на централниот диск на преодот во телото и благо КОНкавната површина на крајните дискови. Тој, на извесен начин, ги содржи во себе скоро сите карактеристики на познатите висулци ОА овој тип.47
Што се однесува до хронологијата, сите тие до скоро беа вклопени во широките рамки на фазата на-С.48 Неодамна, разработувајќи го материјалот од халштатските наоѓалишта во Македонија, К. Килиан ги определил попрецизно преку датирањето на наодот од, „Бразда"" високо во неговата фаза П? (650—550 г. ст.. е.)“.49
Треба да се одбележи дека, иако оваа форма се толкува како висулец, вистинската нејзина намена сепак не е позната. За неа постои и мислење дека представува дел од коњска опрема и дека во ова подpauje продрела, најверојатно, од североисток, т. е. од изворните об-АасТН на групата тракокимерски наоди.50 Заради ваквата диспаратност, а и заради реткоста на овие наоди, наоѓаме за потребно да се задржиме малку повеќе на нив и да видиме до какви согледување се доаѓа ако го анализираме кумановскиот висулец. Пред се, сите познати примери немаат посебно извлачена алка за прикачување, како кај бројните останати форми на висулци, туку имаат пробиен отвор на цен-ТРаАННОТ диск кој што е толку далеку од периферијата на дискот што ја налага претпоставката дека низ него била провлечена прилично голема алка. Бидејќи таква не е најдена со ниеден пример, останува единствено можноста тие да биле прикачувани директно за перфорираниот диск, се разбира, ако ја имала класичната функција на висулец, Меѓутоа, кај кумановскиот наод евидентно е дека низ отворот била провлечена таква алка или можеби шипка, зошто само со Нејзино посредство можело да дојде до абење и издолжување на отворот до конечното оштетување на дискот. Изгледа дека предметот имал функција на некаква спојка бидејќи ако неговата тежина (270 гр) дури и можела да доведе до абење на отварот, таа во никој случај не би била доволна да предизвика ненадејно откинување од претпоставената алка при што бил повлечен и голем дел од дискот. Очигледно е и тоа дека предметот бил изложен на големо триење од две страни по неговита должина, така што средниот и надворешните дискови од кружна добиле елипсеста форма. Тоа го потврдува и недостатокот на дел од декорацијата од шрафирани линии со која била бордирана периферијата на надворешните дискови, а која секако првобитно образувала правилен круг. По оштетувањето предметот бил повторно дупчен, што пак го сугерира заклучокот дека тој имал повеќе практична отколку декоративна примена. Сепак, иако споменатото оштетување фрла нова светлина врз проблемот на примената на ова форма, тоа прашање останува отворено до евентуалните идни посрекни наоди.
Датирањето на гробниот наод од Куманово не причинува поголема тешкотија. Иако најголемиот број од формите заради својата долга употреба ја дозволува определбата во широките рамки на железното доба делоднив, особено дијадемата и висулецот, овозможуваат овој наод да се фиксира во потесни временски рамки. При тоа истите налагаат да се движиме во хронолошката релација на аналогните лока-Литету ,„Широко“-Бразда-Куново, особено на последните два. Матери-
јалот од Куново, К. Килиан го датирал во неговото железно време II**!, што глобално се поклопува со определбата на М. Гарашанин за суворечката група51,52 додека Бразда је сместил високо во својата фаза II, т. е. во текот на третата четвртина од VII век ст. е., што го сметаме за време и на материјалот од Куманово. При тоа, имајќи ја предвид хронологијата на Куново, па и на Широко, ја допуштаме можноста за негово поместување нешто повисоко в хрнолошката табела.
Тука треба да укажеме на уште еден момент во врска со датирањето на лок. „Куново-Чуки", на кој упатува кумановскиот наод. Имено, Килиановата фаза ПЕ, во која е датиран наодот од Куново, а која започнува негде по 700 год; во својата последна третина се поклопува со првата третина од фазата П. Во апсолутна хронологија тоа е времето од 650 до 625. год. ст. е., време на кое со голема веројатност би можел да му припаѓа и наодот од Куново.
Аа се осврнеме уште еднош на односот помеѓу спомнатите локалитети, на нивната взаемна, поврзаност, која што ни ја открива истородноста на археолошкиот материјал и на местото и значењето на кумановскиот наод53 меѓу нив. Преку идентичните белегзии со остри краишта, обликот на висулецот, бројноста на калотните копчиња и типот на фалерата, тој се поврзува со Суворечката група во Метохија, макар што последната форма со декорацијата од концентрични кругови повеќе се доближува до гласиначките наоди. Со Широко се поврзува и преку едноставната очилеста фибула, бидејќи меѓу тамошните неколку примери нема ниту енед со „осмица“ меѓу дисковите. Во тој поглед наодот од Куманово по карактер и значење речиси наполно му одговара на територијално блискиот наод од Бразда. Од друга страна, преку висулецот од Врање се поврзува И со Јужна Србија. Од особена важност се аналогиите на формата на дијадемата, кои, како што видовме, ги наоѓаме во Куново, со што, макар посредно, се потврдуваат порано согледаните врска меѓу овој локалитет и Широко. Што се однесува до наодот од Врање, на мислење сме дека иако помеѓу54 Сува Река и Врање веројатно постоела директна природна врска, (по трасата на денешниот пат Урошевац-Гњилане-Бујановац), сепак наодите од Врање и Куманово можеме со голема сигурност да ги доведеме во врска со комуникацијата преку Прешевската вододелница. Доколку го прифатиме ова, доаѓаме до едно од најзначајните сознанија дека непосредно по средината на УП век ст. е., па натаму, движењето од Јужноморавската долина кон Кумановско Поле преку Прешево, го има истиот интензитет како и движењето од Косово кон Вардар преку Качаничката Клисура. Ваквата интензивна комуникација по природните патишта на подрачјето на Северна-Североисточна Македонија и посеверните области, во етнички поглед може да се доведе во врска со Дарданците, за кои е изнесено мислењето дека ја запоседнуваат новата тактовина околу Јужна Морава и Горен Вардар во вековите непосредно по првите бранови на илирските селидби.56 Меѓутоа, дали наброените форми, или барем АСА од нив, можеме да им ги припишеме на Дарданците, како што тоа неодамна го строил M. Гарашанин со дел од халштатската керамика од Македонија, која ја поврзува со керамиката од Сува Река57 (особено кога знаеме дека меѓу металот има значителен број форми што му припаѓаат на T. H. „тракокимерски“ стил, чии влијанија се сеуште недоволно објаснети) претставува комплексен проблем на кој во иднина треба да му се посвети многу поголемо внимание.
Белешки
- да податокот и должам благодарност на Радмила Пашиќ, виш кустос во Археолошкиот музеј на Македонија. . ↩
- М. Гарашанин -- В. Санев -- A. Симовсека -- Б. Китаноски, Предисторијски култури во Македонија, Штип 1971, 19—20, 59; — K. Kilian, Trachtzubehor der Eisenzeit zwischen Agais und Adria, Praehistorische Zeitschrift, Berlin, 1975, 81, T. 53 sl. 1—13; T. 101. ↩
- Н. Вулић, Куманово, Споменик XCVIII, Београд 1949, 271 сл. 1 — М. Гарашанин Разматрања о македонском халштату, Старинар НС. V—VI, Београд 29—31. ↩
- Среќна околност е тоа што наодите се сочувале до 1973 год. Сепак не е исклучена можност некои предмети да се загубени, бидејќи истите им биле досгапни на детски раце. ↩
- E. Stare, Grob 108 iz Dobove, Situla I, Ljubljana 1960, 93. | ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Skopje 1966, 21. ↩
- A. Benac — B. Čović, Glasinac 2, Sarajevo 1957, 27, T. II сл. 15. ↩
- ibid. 8—10, T. VIII сл. 14—16; T. IX сл. 14 и 15; T. X сл. 6 и 7; T. XI сл. 20—22. ↩
- ibid. 40, 42. ↩
- Ђ. Трухелка, Археолошке белешке из Јужне Србије, Гласник снд-V, Скопље 1929, 62—63, сл. 5. Праисторииски култури, 60 сл. 274. ↩
- J. Корошец, Заштитно ископавјање у Демир Капији, Зборник на Ахеолошкиот музеј I, Скопје 1956, 103. ↩
- Искупаваља од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците (1975) и Археолошкиот музеј (1976), случајни наоди во историската збирка во Гевгелија. Во тек на објавување. ↩
- И. Микулчић, Могили од „Орлова Чука“ кај село Караорман, Зборник на Штипскиот Народен музеј II, Штип 1961, 59, T. VI сл. 1. ↩
- B. Kitanoski, Nekolku praistoriski naodi od Prilep, Macedoniae Acta Archaeologica-2, Прилеп 1976, 122—123, ca. 3. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija, 17, T.IV сл. 9 а. ↩
- ibid. 28. ↩
- ibid. loc. cit. ↩
- ibid. 33. ↩
- A. Симоска — B. Санев, Праисторија во централна Пелагонија, Народен музеј, Битола 1976, 57—58, сл. 298 и 300. ↩
- I. Mikulčić, op. cit. 33, T. IX сл. 18 е. ↩
- M. Гарашанин, Разматрања о македонском халштату, 30. ↩
- A. Benac-B. Čović, op. cit. 29, 33. ↩
- ibid. 50, T. XXXXI сл. 1. ↩
- М. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању, на локалитету „Криви дол“, Зборник на штипскиот Народен музеј I, Штип, 1959, 42 сл. 67, 68, 69. ↩
- I. Mikulčić ,op. cit, 17, T. V сл. 10 е. ЈТ, МкиејкС ор. си, 17, T. V са. 10 е. ↩
- Ђ. Трухелка, op. cit. 62—63, сл. 4. ↩
- K. Kilian, op. cit. T. 58, сл. 3 и 5. ↩
- Б. Китаноски, Некрополата Калдрма кај Прилеп, Macedoniae Acta Агchaeologica-1, Прилеп 1975, 115, T. XVI инв. бр. 374. ↩
- В. Маленко, Сува Чешма, Три Чељусти и Вртуљка, Macedoniae Acta Archaeologica-1, 142 сл. 10, 13—14. ↩
- K. Kilian, op. cit. 95, T. 57 сл. 12. ↩
- ibid. T. 49. сл. 7. ↩
- I. Mikulčić, op. cit. 33. ↩
- I, Мише, op. cit. 33. ↩
- S. Kilian, op. cit. 94—95, T. 59 сл. 10; — В. Санев, Д. Симоска, Б. Китаноски, С. Саржоски. Праисторија во Македонија, Скопје 1976, 60 сл. 620. ↩
- Ив. Венедиков, Разкопки и проучвании, Софии, 1948, 1948, 94—95, сл. 66; -- Праисторија во Македонија, 58, кат. бр. 587. ↩
- ibid. 60, кат. бр. 644, 645. ↩
- A. Benac-B. Čović, Glasinac-1, Sarajevo 1956, T. XXXXVI сл. 1. — ibid, Glasinac-2, 34. ↩
- ibid. loc cit. : . ↩
- G. Kossack, Studien zum Symbolgut der Urnenfelder und Hallstattzeit Mitteleuropas (1954), 66 — според M. Гарашанин, Радање 47. ↩
- 1969, 251—253, T; 101 III a. ↩
- A. Benac-B. Čović op. cit. 9, 11, T. XIII сл. 7; T. XIV сл. 13: T. XV сл. 14; T. X сл. 11; — ибид. Glasinac-1, T. XI sx. 8; T. XIII сл. 6; T. XXIV сл 2; T. XXIX сл. 4. ↩
- Праисториски култури, 57—58, кат. бр. 242; — K. Kilian, op. cit. 92, T. 52 сл. 1. ↩
- Праисторија во Македонија, 60, кат. бр. 630, 631. ↩
- Op. cit. 60, кат. бр. 621; -- K. Kilian, op. cit. 94—95, T. сл. 1. ↩
- М. Јовановиħ, Неколико железнодопских налаза из околине Враћа, Врањски гласник кп. II, Врање 1966. 248, 250 сл. 2. ↩
- N. Slavković-Gjurić, Ilirski tumuli kod Suve Reke, Glasnik muzeja Kosova i Metohije IX (1964), Priština 1965, 537—538, T. II сл. 7. ↩
- Висулците од Потидеја, Валанида, Рера, Козани, Аксиокастрон, Кик и Зи-во Албанија и Босна, што ги наведува Килиан (ор. си. 109, забелешка 1104 и 131, Т. 87, са. 2), ги издвојуваме бидејќи тие со своите три, наместо пет дискови во многу се разликуваат и чинат посебна, поедноставна варијанта. ↩
- N. Slavković-Gjurić, op. cit. 548. ↩
- K, Kilian, op. cit. 94—95, T. 101. ↩
- М. Јовановиħ, оп. цит. 50. ↩
- K. Kilian, op. cit. 92, ↩
- М. Гарашанин, Праисторија на тлу ср Србије II, Београд 1973, 484. ↩
- A. Benac-B. Čović, op. cit. 34 T, сл. 4; — T. VI сл. 9—11 и натаму. ↩
- K. Kilian, op. cit., T. 67 сл. 11 и 12; T. 68 сл. 6; T. 70 сл. 1; T. 73 сл.7. ↩
- Праисториски култури, 20-21; -- M. Гарашанин, Праисторија на тлу Србије II, 484; — K. Kilian, ор. cit. 92; — A. Гарашанин, Проблемот од датира: њето на „македонската бронза", Macedoniae Acta Archaeologica-2, 137. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija, 22. ↩
- М. Гарашанин, Некои проблеми на македонската праисторија, Macedoniae Acta Archaeologica-1, 16. ↩
- In the southeast outskirts of Kumanovo, in the settlement Bel Breg, in 1972, a Hallstatt grave was accidentally excavated which besides the remains of a skeleton contained some bronze objects. The grave was about | m. deep, the bottom was covered with river stones and it had northeast-southwest orientation. ↩
- The objects found in the grave were a diadem with open ends, a pendant somewhat like a quadrinomial reel, a falera with a cross-like perforation, a fibula in the form of spectacles, two bracelets with crossed pointed ends, two biconical beads one of which with profilated perforations, and ten sector-like buttons. Besi- ↩
Summary
A New Hallstatt Find in the Vicinity of Kumanovo
des these objects it also contained two ceramic vessels which have not been preserved.
Although this find consists fundamentally of well-known forms of jewelry from the earlier Iron Age, it also contained objects which are exclusively rare in Illyrian graves i. e. forms which can be found in a limited number on a relatively small area. So, for instance, parallels to the pendant can be found only in some finds on the locality »Siroko« near Suva Reka in Kosovo and Metohija, in the outskirts of1 Vranje and at the village Brazda near Skopje while the only close arallel to the diadem in consideration of its form and ornament are the two racelets from the locality »Kunovo-Cuki« at the village Orizari near Koéani. In that way this find is close not only to the material of these localities but indirectly it confirms the previously vizualized link between »Široko« and »Kunovo«.
It is not difficult to determine the date of this find. Although most of the forms because of their long usage are dated back to the Iron Age II (Reinecke Hallstatt-C), some of them especially the ciadem and the pendant make it possible to determine this find within closer time frames. They also make us follow the chronological relations of the parallel localities of Siroko-Brazda-Kunovo, especially of the last two. K. Kilian has recently determined the material from Kunovo to belong to the Iron Age Па which to a certain degree conforms with M. Garasanin’s dating of the finds of Suva Reka group. He has determined Brazda high in the phase II’ i. e. during the third quarter of the 7th century B. C. The same is considered to be the date of the material from Kunovo but at the same time taking the chronology of Kunovo into consideration as well as that of Siroko we are free to agree with the possibility of its replacement to a higher position on the chronological table. On the other hand we consider that the find of Kunovo, which according to the chronology of Siroko has been determined to belong to the first half of the 7th century so far, could now be determined with greater certainty to belong to the period following 650 B. C.
The similarities in the type of the archaeological material from the regions of13 Kosovo and Metchija, south Serbia and north- east Macedonia confirm that they were more deeply and mutually connected i. e. that there was a great movement along the natural paths in this part of the Balkans. The identical pendants from Vranje and Kumanovo can be with greater certainty related to the communication through PreSevo besides the existing connection between Kosovo and south Serbia. It means that in the second half of the 7th century the movement from the river valley of Juzna Morava toward the field of Kumanovo cree PreSevc was of the same intensity as that from Kosovo toward the river valley of Vardar through the gorge of Kaéanik.
In the ethnical sense of3 the word this kind of live communication on this territory could be in relation with the Dardans who at that time began to settle their future homeland, But whether the above mentioned forms, or at least some of them, can be ascribed to the Dardans at it has recently been done by M. GaraSanin with a portion of Hallstatt ceramics from Suva Reka — that is a question which should be paid a greater attention in future especially when we know that among the metal objects there is a considerable number of forms which belong to the so-called »Thrace-Kimer« style the influences of which have not been explained yet.