Macedoniae acta archaeologica 4 (1978) · стр. 59–67
Бронзени предмети од околината на Скопје
Во Археолошкиот музеј на Македонија се наоѓаат четрнаесет бронзени предмети кои потекнуваат од селото Орешани близу Скопје1. Предметите неодамна се објавени од страна на К. Kilian,2 Поради овој факт, тука нема да се задржуваме детално на материјалот, но сепак ќе биде даден еден општ преглед. Целта на овој напис ќе да даде објаснување во врска со околностите под кои се најдени предметите. Имено дали е во прашање остава3 или некропола. Овие предмети досега се третирани како остава. По раскажувањето на наоѓачот тие се најдени при копањето дупки за садници на едно место. Но, нешто подоцна, во непосредна близина, на истиот овоштарник, откриени се уште неколку предмети. Тоа се една бронзена белегзија и три калотни копичиња (копчињата не ќе бидат овде презентирани) (Т. II, 1). Овие наоди го доведуваат во сомневање постоењето на еден затворен наод — остава во селото Орешани. Во овој случај би може-АО повеќе да се зборува за некропола во споменатото село. Објаснувањата на наоѓачот во врска со гробните конструкции се прилично неодредени, но сепак може да се заклучи дека има индиции за постоење на гробни конструкции кои биле од помали камени плочи и камења. Интересен е податокот што во истиот овоштарник се откриени керамички садови со пепел и коски, а затворени со речен облуток. Овие податоци зборуват за едновремено егзистирање на двострук погребен обичај, на инхумација и кремација. Недостасува само податок за постоење на прости плитки јами исполнети со остатоци на ломача.
Предметите кои потекнуваат од овоштарникот „Оградак се следните:
— Шупливо лиена птица со лепезест опаш и конична нога при крајот шарена. Од горната страна алка. Должина 9 см (T. I, 10) — Маа сад без поклопец, мешест со висока нога завршена во форма на печат. Висина 5 см (Т. I, 13)
-- Два предмета скоро идентични, слични на прешлени, биконусна орма, вертикално продупчени (Т. I, 6) — Предмет со шупливо цилиндрично тело и поголем отвор на АОАниот крај. На горниот крај завршува со два рога кои се допираат. Висина 8,5 см (Т. 1, 14).
-- Две слични калотести копчина со панделка од внатрешната страна, R— 3 см (Т. I, 8,9).
-- Висулец во форма на звечка со биконусна форма, ажуриран. На горната страна алка за провлекување. Висина 5,5 см (Т. 1, 5).
— Предмет од полукружна свиткана шипка со алка во средината. Краевите оштетени. Од горната страна жлеб по средина, затворен со ажурирани троаголници. Должина 9 см (Т. 1, 11).
— Масивна белегзија со вкрстени и нешто стеснети краеви на кои се наога орнамент од коси, врежани цик-цак линии (Т. I, 12).
— Предмет со биконусна форма, вертикално пробиен и издолжен. Висина 4,6 см (T. I, 1).
— Перла со биконусна форма, висина 1,8 см (Т. I, 7). — Две калотести минијатуни копчиња (Т. I, 2,3).
Ге то од бронза со украси во ВНА на топчиња, R — 6 см TAT, Ds
Шупливо лиената птица од село Орешани има најблиски аналогии со примероците од Радање4 (Т. I, 10). Слично обликувани птици се сретнуваат во низа наоѓалишта, добро познати во научната јавност (Гевгелија, Долно Оризаре кај Т. Велес, Крушевица кај Прилеп, Кесендре (Рајец), Рапеш, Куманово, Горна Љубата кај Босилград, Делфи, Церахора, Чаушица, Вардарофца, Олинт)".5 Во Рере, во Тесалија, птиците се украс на горниот дел на други привезоци.6 Во бронзите од Т. Велес (сега во музејот Бенаки) објавени неодамна во синтетичкиот напис на Р. Васиќ,7 птиците се украс на поклопците на Малите садови во вид на протоми или како украс на предмет идентификуван како трензла (псалија).8 Со поделбата на птиците се има занимавано J. Bouzek, Според него формата од селото9 Орешани би припаѓала на групата С по бочните отвори на телото. Врз основа на овој отвор, Bouzek ја разгледува можноста за влијанието на кавкаските бронзи на Грција и Балкан.10
Предметот во форма на садче без поклопец припаѓа на типот ситни бронзи кои се предимно познати во Македонија и Грција (T. I, 13). Покрај веќе познатите наоди од Радање,11 каде што наодот од Орешани има најблиски аналогии, постојат бројни наоѓалишта каде што се најдени слични садови. Во написот на Р. Васиќ дадена е прегледна слика на овие наоѓалишта. Во последно време бројот на овие локалитети е зголемен, така што и регистарот на наогалиштата нешто поголем (Радање, Чаушица, Патели, Дедели, Олимпија, ферс, Линдос, Титов Велес, Оризари, Лероа (Итака), Куманово, Висои-Беранци, Кучи и Зи, Амфиполис, Аксиокастрон, Филија кај Карлица, Хортата, Леукада, Вергина, Вица кај Јањина).12 Овие наоди се сместени во четири различни групи.13 Првата има форма која се издвојува од вообичаените форми најдени во Македонија. Втората е со два високо поставени протоми (животински глави на самиот сад, а не на поклопецот). Во третата каде што се застапени садови кои имаат протоми на поклопецот и вертикална рачка во средина, наодот од Орешани има најблиски аналогии. Оваа група е најбројна и предимно се јавува во Македонија. По Васиќ, третата група би одела во средината или почетокот на втората половина од УП век пред нашата ера. Четвртата група ја карактеризираат садови со големи и необични протоми.
Вертикално дупчените предмети од биконусна форма, секако, спаѓаат во предмети карактеристични за македонскиот халштат"“14 (Т. I, 4,6). Предметот со два израстока во вид на рогови кои се допираат има најблиски аналогии со наодите од Радање15 (Т. I, 14). Овој наод М. Гарашанин го врзува за соларниот култ кај Пеонните, за кој податоци даваат пишаните извори.16 Висулецот во вид на звечка има сличности со исти наоди од селото Бразда,17 во Радање18 од Чаушица19, Бохемица,20 воопшто има широка распространетост (T. I, 5). М. Га. рашанин истакнува дека вакви привезоци често се наоѓаат во илирските и трако-кимерските наоди.21 Има повеќе варијанти кои често се ограничуваат на локални подрачја. Така, во Конопница кај Лесковац, се среќава висулец во форма на 5вачка.22 Во Рере, во Тесалија оваа форма ја срекаваме во вид на стилизирана птица23, која носи украс.
Калотестите копчиња од селото Орешани имаат аналогии со наодите од селото Бразда кај Скопје24 (T. I, 8,9). Во Радање е најден голем број калотести копчиња,25 како и во оставата од Куманово.26 М. Гарашанин истакнува дека разни варијанти на калотни копчиња се карактеристични за наодите од трако-кимерската група.27 Постојат и во самиот Халштат.28 Свитканата шипка со алка во средината многу е слична со еден од двата примери најдени во околината на Т. Велес (сега во музејот Бенаки). Примерите од Бенаки идентификувани се како трензли (псалии).29 Примерот од селото Орешани кои не € во целост сочуван, нема отвори за провлекување на ремен, освен алка на горната страна. Но формално, сепак личи на дел од коњска опрема, бидејќи малку е веројатно дека можел да биде висулец. Донекаде оваа форма на шипка покажува паралели со еден одреден тип бронзени трензли, распространети на Кавказ и Јужна Русија.30
Масивната белегзија со вкрстени краеви со кружен пресек и орнамент од врежани линии (Т. 1, 12) може да се најде во нешто измената форма на територија на Босна, Србија со Космет и Метохија, Македонија, во Западна Бугарија и во Егејска Македонија. Се наоѓа и во грчките светилишта воглавно, во оставите!31 Наодот од селото Орешани има најблиски аналогии со еден пример од Вучји Дол кај Скопје,32 како и во сличните наоди од село Бразда.33 Предметот со биконусна форма, издолжен и вертикално пробиен има аналогии со наодите од селото Бразда34 и во оставата од Куманово,35 се среќава на АОАНО-МаКеАОНСКНОТ простор, во Tlareau.© Има широка распространетост (Т. 1, 1). Биконусната перла е чест предмет во инвентарот на македонскиот халштат (T. I, 7) како и малите калотести копчиња (Т. 1, 2). Бронзената белегзија која е подоцна откриена, необична е
ј Т. II. Наод од село
Ng : : Орешани, Скопско
по својата обликуваност (Т. II, 1). Пречникот изнесува 6 см и се добива впечаток дека немала отворени краеви (скршена). Украсите во вид на топчиња одат преку целиот круг. Овие орнаменти, како украсен елемент, се срекаваат во наодите од железно време (најновите наоди од Гевгелија, од некрополата датирани под крај на УП век пред нашата ера). :
За потеклото на некои форми на бронзите, во последно време е доста расправено. Така е потеклото на садот (во форма на макова чашка) барано во Грција, како и претставата на птица. Со право е укажано на проблематичноста околу илирското потекло на овие бронзи, но извесни форми можеле да допрат многу37 порано во Егеј од Средна Европа, така што во епохата на геометрискиот стил се развиваат како продукт на многу локални работилници. Секако дека на овие форми се придружиле нови, никнати во Егеј. Металургијата на изработка на бронзите многу подолго цутела во Северна Грција, веројатно поради близината на Халкидик и развојот на халкидичкопангејското рударство, што придонесло побрзо да се раширит овие бронзи на македонското подрачје38.39 Веројатно дека богатите градови на Халкидик произведувале и тргувале со овие бронзи со житородните подрачја, какви што се областите околу долниот тек на Вардар и Северна Грција. Наодите од овие бронзи најповеќе се среќават око-AVY долниот и средниот тек на Вардар, како и на север од Грција.
Наодите од селото Орешани имаат аналогии со низа наоѓалишта со слични предмети, но најповеќе со наодите од Радање. Некои форми од металниот инвентар од селото Орешани укажуваат на присутноста на тракокимерските елементи. Разгледувајќи ги проблемите околу илирската етничка интерпретација на наодите од железното време, Д. Гарашанин неодамна изнесе една анализа околу проблемот на т. н. змакедонска бронзак. Конфронтирајќи ги наодите од Орлова Чука (очилести фибули со осмица и без неа) со наодите од Радање (присутна е и македонска бронза-висулци), изнесено е мислење дека металниот инвентар од Орлови Чуки би можел да се стави во самог почеток на Халштат Срана фаза на железно време II (по Reinecke) и по материјалот покажува врски со дарданското подрачје. Наодите од Радање временски би одела нешто подоцна (во текот на VII век пред нашата ера) и тие, донекаде, покажуваат елементи карактеристични за пеонското подрачје. М. Гарашанин смета дека во рамките на илирската целина постаи извесно племенско раздвојување, постојат локални специфичности. На регионалните разлики во последно време укажува и К. Kilian. Така, подрачјето северно од Гевгелија е издвоено како посебна област позната по карактеристични привезоци.40 J. Bouzek дава потполна слика на распространетоста на македонската бронза.41 По хронолошката скала на К. Kilian, наодите од село Орешани се ставени во фаза II Б или во втората половина на VII век42 (кон крајот на овој век)
Најновите наоди на овие бронзи од Гевгелија, каде што преовладуваат привезоци, можеби ќе фрлат повеќе светлина во врска со потеклото на овие предмети. Се наметнува помислата дека на под рачјето на Пеонните можел да постои центар за изработка на овие бронзи (можеби долен тек на Вардар), секако, делумно во зависност од грчките работилници на брегот. Почитувањето на сончевиот диск на стап (можеби поклопците со птичии протоми и вертикална рачка во средина) и развиеното одгледување на коњи (делови од коњска опрема) се припишуваат на Пеонните кои се, несомнено, јак етнички елемент во долината на Вардар. Пеонните, од времето кога датираат овие бронзи -- УП век пред нашата ера, се од долниот тек на Вардар. Во ова време доаѓа до внатрешни провирања на долно-македонскиот простор -- ширење на Македонците во долна Македонија и постепено потискување на Пеонните. Какви биле етничките заедници на Македонците и Пеонните, даваат податоци Тукидид (II, 99) и (IX, 344) како и за надмоќноста на Македонците над другите племиња.
Присутноста на овие квалитетно моделирани бронзи во Скопската област, укажува на први, појаки контакти на ова подручје со хеленизираниот југ. Во времето кога датираат овие бронзи — УП век п. н. е., подрачјето на Скопје и Куманово е населено, според најновите соопштувања (Ф. Папазоглу од историски аспект,43 а потоа МикулuHK следејќи ја ова можност дава и археолошки потврди) со Трибали.44
Ова моќно племе е јак автохтон елемент во овие области пред доаѓањето на Дарданците. Во Скопското подрачје археолошките наоди даваат индиции дека со културата која би можела да се препише на автохтониот елемент, егзестира напоредо, само во што ограничен обем, една друга култура која My се припишува на новиот инфилтриран елемент-Дарданци (ран продор на помали сточарски патријархални групации преку Скопска Црна Гора и преку Качаничка клисура во Скопската котлина)“.45
Оваа констатација е најевидентна во сепулкралните елементи, значајни белези на духовната култура на еден народ. Така можеби во некрополата кај село Вучји Дол, близу Скопје, имало двострук погребен обичај: инхумација-гробови во вид на циста од груби камени плочи и кремација -- прости плитки јами во земја исполнети со остатоци од ломача. Ваков погребен обичај, со идентични сепул-КраАНН елементи, познат е само на подрачјето на Косово-на матичното дарданско подрачје.
Во таа смисла би требало да се согледа од извесни проблеми кои стојат во врска со некрополата во селото Орешани (инхумација и кремација-урни), а за чие постојање судиме брз основа на кажувањето на мештаните. Наодите од селото Орешани се уште еден доказ за рапространетоста на овие бронзи на едно пошироко подрачје, за контактите на северните подрачја со југот.
Јрјдет, 35.
Белешки
- Предметите се најдени во овоштарникот викан „Ограда“3 на земјоделецот Ангела Грнчароски. За Археолошкиот музеј предметите ги откупил A. Керамитчиев. За отстапениот материјал, во оваа прилика се заблагодаруваме на колегата Керамитиев. ↩
- K. Kilian, Praehistorische Zeitschrift, 50. Band 1975, Heidelberg, 94, 95, Taf. 57. ↩
- И. Микулчиќ, кон проблемот на предримското население на Скопската котлина, Историја, бр. 2, год. VII, Скопје 1971, 169; ↩
- И. Венедиков, Баргала, Разкопки и проучвания I, София 1948, 93; М. Гарашанин-Д. Гарашанин, Археолошка истраживања у селу Радања — Криви Дол, Зборник на музејот I, Штип 1959, 40. ↩
- Гевгелија: Р. Попов, Материјали за проучаванне на халштатска и латенска култура в България, Годишник на Нар. музеј за 1922, 164; Долно Оризаре: Б. Алексова, Гласник на муз. кон. друштво I 1954, сл. 17; Крушевица и Кесендре: И. Венедиков, op. cit., 93 i Mikulčić, Pelagonija, 31. sl. 17e; Rapeš: I. Mikulčić, op. cit., sl. 17b; Куманово: Н. Вулић, Споменик сан, CXIVIII (1941—1948), 271 со слика и М. Гарашанин, Разматрања о македонском халштату, Старинар V—VI, 1954/55, 32; Горна Љубата; В. Миков, Извес. на Българс. арх. инст. XX (1957), 295, обр. 2; Perahora: G. Kossak, Studien zum Sumbolgut der Urnenfelder und Hallstattzeit Mitteleuropas (1954), 65—66; Tsautsitsa, Vardarofsa, Olint: P. Amandry, Collection Stathatos, Les bijoux antiques (1953), 66. ↩
- Y, Bequigeon, Recherches archeologique a Pheres de Thessalie, Strasbourg 1937, 69 Pl. XIX, XX. ↩
- Р. Васић, Бронзе из Титовог Велеса у музеју Бенаки, Жива Антика XXIV, св. 1—2, Скопје 1974, 214—228. ↩
- Ibidem, 217. ↩
- J, Bouzek, Makedonske bronzy, Ustav pro Klasickou archeologii University2 Karlovy, Praha, Pamatky archeologicke LXV 1974-Separatum, 330. и ↩
- P. Васић, op. cit., 218. ↩
- И. Венедиков, op. cit., 91, Obr. 60. ↩
- Радање: И. Венедиков, ор. cit., 91, Обр. 60: М. Гарашанин-Д. Гарашанин, op. cit., 40; Tsautsitsa: 5. Casson, Macedonia, Thrace and Illyria, Oxford 1926, 148 sl. 54; Pateli: T. Makrides, Archaiologike Epfemeris 1937/1938, 16; Dedeli: S. Casson, op. cit., 144; Olimpija: A. Furtwaengler, Olimpia IV (1890) T. XXIII, 416: Fere: T. Maki. op. cit., 514: Efes: O, Kossack, op. cit., 103; Lindos: Ch. Blinkenberg, Lindos I (1931), T. 11, 220, 221 (цитирано кај Р. Васиќ во дело под напомена 7); Т. Велес: P. Bacuh, ор. cit., 214, Т.Т,би T. II, 1; A. Оризаре: Б. Алексова, ор. cit., сл. 13, 14; Aetos (kaka): Heurtley-Robertson, BSA XLIII (1948) Pl. 49, E 184 (цитирано кај Р. Васиќ во дело под напомена 7); Куманово: H. Byanh, ор. cit., 271; M. Гарашанин-Д.Гарашанин, op. cit., 30; Visoi-Beranci: I. Mikuléi¢, op. cit., sl. 11 h; Kuéi i Zi: Andrea, Stud. Hist. 1972/4, 84, T. V, 8; Amfipolis: 5. Foltini, Mitt. Amthr. Cesellschaft, Wien XCII/IV (1964) Tf. 7 (цитирано kaj P. Васиќ во дело под напомена 7); Aksiokastron: Arh. Делтион 17/1961/62, Hronika 214, sl. Зе; Filija kaj Kardica: BCH 94 (1970) 1049, fig. 350; Hortata, Leukada: W. Dorpfeld, Alt-Ithaka (1965), 326 (цитирано кај Р. Васиќ во дело под напомена 7); Vergina: Ph. Petsas, Arh, Deltion 17 (1961/62), T. 137 b; Vica: Arh. Deltion 23 (1968), Hronika 287 sq. ↩
- Р. Васић, op. cit., 220—225. ↩
- М. Гарашанин, op. cit., 30. ↩
- И. Венедиков, ор. cit., 95, Обр. 67. ↩
- М. и Д. Гарашанин, op. cit., 45. ↩
- Материјалот во Музејот на град Скопје, сега во печат во Macedoniae Acta Archacologica 3. ↩
- И. Венедиков, ор. cit., 94, Обр. 64. ↩
- 5. Casson, Annual of British School at Athens XXIV7 (1919/21, T. VII, 67. ↩
- L. Rey, Bohemica, Albania IV (1932), 44, sl. 7. ↩
- М. и Д. Гарашанин, op. cit., 44. ↩
- М. Гарашанин-В. Ивановић, Праисторија Лесковачког краја 1958, 30, 41, T. XI, 2, 3. ↩
- Y. Bequignon, op. cit. T. XX, 5. ↩
- Види ја напомената под бројот 17. ↩
- М. и Д. Гарашанин, op. cit., 45. ↩
- М. Гарашанин, ор. cit., 30. ↩
- Ibidem, 35. ↩
- Ibidem. ↩
- Р. Васић, op. cit., 216, T. I, 3, 4; N. G. L. Hammond, A History of Macedonia, I, 1972, 55. ↩
- G. Kossak, Pferdegeschirr aus Graben der Alteren Hallstatzeit Bayerns, J.R. 7. M. 1954 (1), Mainz 1954, 111—178. ↩
- М. и Д. Гарашанин, op. cit., 42. ↩
- Материјалот е во Музејот на град Скопје, необјавен. ↩
- Види ја напомената под бројот 17. ↩
- Ibidem. ↩
- Н. Вулић, op. cit., 217. ↩
- P. Amandry, op. cit., 65, fig. 42. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija, 32. ↩
- D. Garašanin, Razmišljanja o ilirskoj etničkoj interpretaciji nalaza iz gvozdenog doba, 176 (Alojz Benac-SEXAGENARIO DICATUM, Godišnjak, knj. XIII, Akademija Nauka i Umet. B. i H., Sarajevo 1976). ↩
- A. Гарашанин, Проблемот на датирањето на „македонската бронза“ со посебен осврт на наодите под Радање, Macedoniae Acta Archaeologica 2, 138. ↩
- J. Bouzek, op. cit., 284—311. ↩
- K. Kilian, op. cit., Tafel 101. ↩
- F. Papazoglu, Srednjobalkanska plemena u predrimsko doba, Djela, knj. XXX, Akad, Nauka i Umet. B. i H., Sarajevo 1969, напомена 97 на страна 355. ч ↩
- И. Микулчиќ, кон проблемот на предримското население во Скопската котлина, Историја бр. 2, год. VII, Скопје 1971, 168—173. ↩
- Ibidem, 171. ↩
- The objects which derive from the orchard »Ograda« are these: — Hollow bird with fan-like tail and conical leg (T. I, 10). — Small, lidless vessel with two lugs and vertical mouths (T. I, 13), — Two identical objects similar to spindle whorls (T. I, 4, 6). — Object with hollow body and two opposing horns (T. I, 14). — Two calotte-like buttons (T. I, 8, 9). — Rattle formed objects with a hoop (T. I, 5). — rer il) in the form of semicircularly bent rod with a hoop in the middle — Massive bangle with overlapping ends (T. I, 12). — Biconical, vertically pierced object (T. I, 1). — Biconically shaped bead (T. I, 7). — Two miniature, calotte-like buttons (T. I, 2, 3). — Bronze bangle decorated with leafy, small balls (T. IT, 1). ↩
- In the recent years there were discussions concerning the origin of some forms of these bronze objects. The problematic Illyrian origin of these objects was rightly pointed out. However, some forms might have reached the Aegean world from middle Europe much earlier and in the epoch of the geometric style to develop as the products of many local workshops. It seems that the rich towns of Chalcidice produced and traded these bronze objects with the regions abounding in wheat, such as the regions in the lower course of the Vardar and in north Greece. ↩
- At the time to which these bronze objects are dated — the 7th century B. C. — the Paeones lived at the lower course of the Vardar. We know of the deep, inner turbulations which took place at that time of ohe penetration of the Macedonians into south Macedonia and gradual pushing back the Paeones. By eit бина the Paeones must have been a strong ethinical element in the Vardar valley. ↩
Summary
Bronze Finds from Skopje
Many finds similar to the bronze objects from Devdelija show that the Paeones might have had their own workshops, which, most probably, were depending on the Greek workshops situated at the coast.
The presence of such quality modelled bronze objects in the Skopje region paves to the first, stronger contacts of this region with he Hellenized south, ccording to the latest data, at the time to which the bronze objects have been dated, the Skopje region might have bene settled by the Triballi, a mighty tribe which lived in this region before the arrival of the Dardanians. However, only12 further researches in the territory of Macedonia may give a better and more сот: plete explanation of the problem concerning these bronze objects.
67