Macedoniae acta archaeologica 4 (1978) · стр. 227–234
Доцноантичка утврдена населба кај Горно Нерези Скопско
Скопската котлина сеуште е недоволно испитана во археолошка смисла. Тоа се однесува како на праисторијата, така и на античката епоха. Во последните години направени се први поголеми обиди да се согледа животот на античкиот центар Скупи во сите етапи од неговото живеење.!)1
Доцната антика на теренот околу Скопје оставила многу траги кои можеме да ги забележиме дури на површината на теренот, без потреба да се ископуваат. Еден од локалитетите е населбата кај Горно Нерези.
На северната страна на планината Водно во средишниот дел на плананскиот венец релативно високо над Скопската котлина се наоѓа селото Горно Нерези. Еден километар источно од селото се издига мал купест врв наречен »Градиште« (Сл. 1—3).
Западната и источната страна на ридот се спуштаат стрмо во две длабоки поројни бразди. Од јужната страна на платото преку едно ниско, благо седло на ритчето се надоврзува гребен кој постепено се стопува со планинскиот масив (Са. 5). Северната, челна страна се спушта во ритчесто подножие преку две тераси, на кое денес се посадени лојза (Са. 2). Северната, источната и западната падина на ридот се обраснати со ниска шума, додека платото на врвот е карпест и гол.
На локалитетот селаните уште одамна наоѓале остатоци од старо време: големи тегули, бакарни византиски монети, камени теме-АМ, железни предмети и друго. Оттука потекнува и името на месноста — Градиште. Во гекот на 1976 година започнав да го работам
планот на архитектонските остатоци што се гледаат на површината Мерењето е изведено по пат на триангулација. Резултатите се нанесени на готова геодетска подлога во размер 1:500. Од подвижниот материјал направен е избор на фрагменти од тегули и карактеристична грнчарија.
Од собраните податоци може да се заклучи дека е во прашање доцноантичка населба од утврдена физиономија, со помали димен-
зии. Има неправилна триаголна форма. Одбранбените 5идини обиколуваат мало, тесно плато на врвот од ритчето и широка тераса северно и северопазадно под платото (Са. 1, бр. 3—5 на планот). Ѕидот е граден од кршен камен (варовник и прост шкрилец), сврзан со бел малтер. Понекаде надворешнето лице на зидот е разголено и до еден метар висина (Са. 6). Камењата формираат донекаде правилни хоризонтални слоеви, а некои блокови се и грубо делкани. Овој опус потсетува на идентични градби од шести век на соседниот локалитет2 Маркови кули, на источниот крај на Водно, а 4,7 км. источно од нашиот локалитет.
Со ова се совпаѓа и широчината на зидот: изнесува шест стапки, односно 1,80 м.
Инаку зидот во поголем дел ја следи конфигурацијата на теренот без поголеми преломи, освен на североисточниот крај на објектот, каде јасно се разбира помала четвртеста полукула. Истата служела како контрафор на најистурсичот дел ла периметарот. На ова место поради стрмината на теренот, бедемот можел најлесно да попушти (бр. 12 на планот).
Уште еден прелом се гледа на југоисточниот, вовлечен дел на —_ и дава индиции дека тука можеби стоела кула (бр. 7 на
планот).
На средниот дел на источниот бедем се протегаат две паралел-НН ЅИДНИ платна и тоа едното над другото. Најверојатно се работи за една обнова, можеби само делумна (бр. 6 на планот).
На јужниот крај зидовите се спојуваат во тесен клин, поставен на карпите што доминираат над спомнатото седло. Седлото било очигледно вештачки продлабочено (бр. 8 на планот). Од таа страна, преку седлото и по теснист гребен од југ, постоел најлесен пристап на населбата и оттука доаѓала најголемата опасност.
Должината на утврдената населба во насоката север--југ изнесува 112 M., а широчината во насока запад--исток 105 м. Внатрешноста на утврдувањето е разделена на тераси кои паѓаат на север и запад и на неколку места се гледаат траги од камени темели на градби (бр. 1 и 2 на планот).
На највисокото место на платото јасно се гледаат контури на голема правоаголна просторија всечена во карпа (бр. 1 на планот). Тоа е супструкцијата на една од најдоминантните градби во населбата. На површината на локалитетот лежат бројни парчиња од тегули, со остро профилирани подолжни страни (коринтски тип; Са, 8). Тие временски упатуваат на доцноантичко време. Од судова кетемиња се застапени фрагменти од огнишна керамика — лонци
Ск. 1),
Кастелот она снабдуван со вода за пиење преку керамички цевки — тубули кои доаѓале по спомнатиот тесен гребен од југ. Веднаш под северното подножие на утврдената населба лежи некропола. На тоа место, во неколку парцели со лојзе сопствениците разориле повеке гробови. Два гроба беа раскопани на теренот во 1976 година, кога го разгледував. Гробовите се скелетни, со ориентација запад-- исток. Еден има конструкција од кршен камени плочи во форма на груба циста. На западната страна на кастелот, на местото каде ѕидот во благ лак свртува кон исток рељефот на почвата укажува дека и тука се наогала една влезна порта (бр. 9 на планот).
Површината на утврдената населба изнесува близу еден хектар. Наведените остатоци од гробови под кастелот, градбите во утврдениот простор и водоводот, зборуваат дека во фортификацијата постојано бил присутен животот на крајот на антиката. Тоа не била тврдина (кастел, фрурион) во класична смисла на зборот, или ре-VIHVM за повремено засолнување на околното население туку помала утврдена населба.3 Во прилог на нашето тврдење оди и податок дека на потегот на нашиот локалитет е пронајден јонски импост капител од варовник — травертин од страна на селаните. Тука некаде постоела ранохристјанска црква (ран шести век) која била во врска со утврдената населба.)
За фортификациите на крајот од антиката кај нас е пишувано сосема малку. Вакви доцноантички градишта има доста во нашата земја и тие обично се третираат како тврдини, без подетално да им се проучи и објасни нивниот карактер.
Белешки
- Од позначајните работи објавени во последно време наведувам: И. Ми-KyAuHK, Територија Скупа, жа ХХІ-2, Скопје 1971, 463—483. Истиот, за местоположбата на античкото Скопје, Историја, X-2, Скопје, 1974, 262-272. Истиот, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Филозоф. факултет кн. AXVI, Скопје 1973-1974, 109—143. ↩
- И. Микулчиќ — Н. Никуљска, Маркови кули, Водно, Скопје — рановизантиски град, Археол. преглед бр. 18, Београд 1976, 96—98. ↩
- И. Николаевиќ — Стојковић, Јонски импост — капители из Македоније и Србије, Зборник радова Византолошког института књ. XXI, Београд 1952 год. 174 стр. За овој податок како и за укажаните совети при подготовката на овој прилог најсрдечно му се заблагодарувам на проф. д-р Иван Микулчиќ. ↩
Zusammenfassung
Поздно-античное укрепленное поселение вблизи Верхнего Нерези, Скопје
В. Лилчиќ -- Скопје
Античный центр Скопской котловины Скупи в последнее время интензивно исследуется. В окресностях Скупи находятся более поздноантичных укреплений. Одно из них, на средней части горы Водно, близ села Верхнее Нерези представлено в этом тексте.
Укрепление окружено стенами которые укрывают поверхность одного гектара (Рис. 1). Стены выстроены из ломанного камня (сланец) связаного белой штукатуркой (Рис. 6). На северовосточной стороне укрепленного поселения находится одна полу-башня. Внутри укрепления видны фундаменты многочисленных построек. В цетральной части укрепления, на высочайшей точке стоит врезанная в скалу основа одной большой постройки (Рис. 4). По отношению к конфигурации почвы главный приступ находился на западной стене (Рис. 1).
Подвижной материал представляют: черепицы (коринтский вид), кухонная керамика (BHAbI сосудов), византииские MOHETbI H3 шестого века (Рис. 7—8).
Возвышение на котором поставлено укрепление природно связано тесным седлом с южной стороны с горными массивом. По этому седлу доводилась вода в укрепление, через керамичные трубы.
На северном подножии укрепления находится некрополь. Гробы скелетиые ориентированы запад-восток, строены каменными плитами, формы цисты.
Перечисленные элементы: фундаменты жилищных построек в укреплении, водопровод и некрополь в подножии укрепления говорят что наш объект был постоянно населён в позднем антике. Согласно этому это не крепость в класическом смысле, а меньшее укреплённое поселение. Именно это новое сознание про поздноантичнее фортификации у нас так-как характер и функции НХ АО сих пор вообице не бели известнет.