Macedoniae acta archaeologica 4 (1978) · стр. 205–216

Извештај за макеаонско-полските археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај селото Дебреште- 1976 година

Археолошките истражувања во 1976 година на локалитетот Градиште кај селото Дебреште1, концентрирани на внатрешната страна од, рановизантиската тврдина, во близината на источната порта, ги опфатија квадрантите во секторот II: 221, 239, 240, 258, 259, 260, 277 и 278. Понатамошната експлорација вршена е и во квадрантите започнати и во минатата година: 279, 280, 298 и 299. Исто како и минатите години работите се изведуваа по систем на квадранти со димензии 4 х 4 м. Во некои квадранти, во случаеви кога требаше да се добијат архитектонски целини, се вршеше ликвидација на контролните зидови со профилите и на тој начин нивната површина се зголемуваше на 90 х 9, односно 4 х 9 м. Во согласност со заземениот став во 1974. година вршени се ископувања на горните слоеви со трагови од рановизантискиот и средновековниот период, а долните слоеви од касно-римскиот период и од уште постари времиња оставени се за понатомошни истражувања. Со ископувањата во 1976. година се доби површината и големината на некрополата од хронолошко најмладиот слој на просторот кај источната порта.2 Некрополата ги опфаќаше квадрантите: 11, 12 и 30 во секторот IV и квадрантине: 247, 248, 249 297, 298, 299, 316, 317 и 318 во секторот П. Гробовите се концентрираѕе воглавно во пределот на руините од црквата. Најголем број од нив е откриен во централниот брод. Со исклучок на презбитеријалниот дел, тие не го преминуваат северниот дел од црквата. Меѓутоа, таков случај се појавува во јужниот дел, каде што се утврдени погрерака во квадрантите 11, 12 и 30 во секторот IV. Во неколку случаеви утврдена е појава на два гроба еден над друг. Фактот дека некои гробови се пронајдени во ЅИДОВИТЕ од црквата и дека кај истите се појавуваат бочни страници од камени плочи, укажува дека погребувањата не се вршени во нишите на црквените зидови и во времето кога постоела црквената градба туку во времето кога таа била веќе подолго во рушевини. Непостоењето на гробови во западниот дел на северниот брод и во припратата, може да сугерира дека тој дел од поранешното светилиште во периодот кога се користела некрополата бил подобро сочуван и можеби користен како некоја врста на мала гробна капела. Сите погребувања покажуват доста регуларна ситуација со незначителни отстапувања. Главата на погребениот е поставена на западната страна со лицето свртено кон исток. Сосема е друга ситуацијата со положбата на рацете, кои ги наоѓаме во комбинацио-НИ OAHOCH.

Во 1976. година откриени се 12 погребувања, од кои 6 во целост. Всушност, во целост се откриени 58 костури.3 Самата некропола, веројатно, не броела повеќе од 70—80 погребувања. Од 12 испитани гробови во истата година поголемиот дел им припаѓал на возрасни лица. Повеќето од нив имале каменеста гробна конструкција. Во испитаните гробови, со исклучок на еден, не се утврдени никакви прилози. Костурите се пронајдени на грб. Утврдена е следната положба на рацете: во два гроба (53 и 63), левата рака лесно е свиткана во лактот, а десната испружена покрај телото; во два гроба (54 и 59), обете раце се свиткани во лактите и поставени на карлицата; во еден (52), левата рака е свиткана, со дланката на десната страна од градите придржувајќи крст-енколпион. Погребениот во пробот 52 секако бил некој црковен достоинственик. Појавата на неговиот "гроб во оваа некропола би не упатила на мислење дека во неговата близина морало да постои во функција некој, макар и доста оштетен храм. Овогодишните ископувања ја потврдија оправданоста на поранешното датирање на таа некропола во X—X]I век.

Многу посложено е прашањето околу прецизната хронологија на остатоците од архитектура со зидови од кршен и делкан камен, пронајдени на овој дел од локалитетот Градиште. Меѓу најмлади треба да се сметаат темелите од две згради, како и жрвањот, пронајден во североисточниот АСА на квадрантот 221 во секторот II, и евентуално делот од доградбата, откриени при западниот ѕид на припратата. Северозападниот агол на првата од горе споменатите градби делумно е откриен во квадрантите 259 и 260 на длабочина од 261. 60 м. н. H. м. Стратиграфската положба на оваа градба е потполна јасна благодарејќи на фактот што нејзиниот западен зид се наоѓа над 5иданата гробница, откриена во југоисточниот дел на квадрантот 259. Сочуваната должина на откриениот ѕид изнесува 2.80 м. (на линија север-југ) и 5.25 м. (на линија запад-исток), а ширината 0.70 м. Во фундаментот од кршен камен на линијата запад-исток се појавува недостаток на малтер од вар како врзивно средство.

Темелите на другата градба откриени се во квадрантите: 239, 240, 258 и 259 во секторот II, на длабочина 621. 46--621. 69 м н. н. м. Ос новата на оваа градба е неправилно правоаголна. На својата северна страна делумно користи зид од баптистериум. Нејзината најголема должина изнесува 6. 10 м (западниот ѕид), а ширината 4. 60 м (јужниот зид). Дебелината на зидот изнесува околу 0.70 м. Траги на малтер од вар утврдени се само помеѓу4 неколку камења.

Положбата на наведената градба надвор од делот на некрополата не ја исклучува можноста за нејзиното постоење во време кога се вршеле погребувањата. Донсекаде на тоа можело да укажува и тоа што на тоа ниво, помеѓу измешаните фрагменти на керамички садови од разни временски периоди, се наоѓаат и фрагменти на керамички садови од средната фаза на раното средновековие. Сепак, затоа што пронајдените фрагменти на керамички садови не се откриени во чисти целини, не е можно горната сугестија да се третира како потполно сигурна. Секако дека овие градби можеле да постојат и да се претворат во урнатини и во периодот пред користењето на некрополата.

На XII век несомнено му припаѓа жрвањот откопан во квадрантот 221 и, поврзувајќи се со него, слојот 2 и двете јами за зрнеста храна откриени во 1975. година. Овие наоди укажуваат на тоа дека овде, во тој период, постоела доста развиена изградба.

По ред, од постарото хронолошко ниво потекнуваат зидовите од сакралната зграда, чии делови се откривени во 1974—1975 година. а нејзините понатамошни елементи и во 1976. година. Бо 1976 година откриена е во северниот брод уште една ѕидана гробница (број 55) внатре во црквената градба. Гробницата била делумно девастирана од страна на гробот 51, во кој е извршено погребување на мртовецот во X—XI век. Гробницата, означена со бројот 55, немаше покривни камени плочи, што покажува дека истата порано била ограбена. Таа претпоставка ја потврдија ископувањата извршени во самата гробница. На нејзиното дно, на длабочина. 620. 43 м н. н. м. најдени се коски од долниот дел на КОСТУРСТ, исто така и дел од вилицата во секундарната наслага. Самата гробница била изградена од камења и тули, на длабочина од 621. 17 м н. н. м. и имаше внатрешни површини на зидовите премачкани со малтер од вар. Димензии на гробницата: АОАжина 1. 93, ширина 0.76 и длабочина 0. 82 м. Дното се наоѓаше на длабочина од 620. 36 м н. н. м. Содржината на гробницата претставуваше темна земја, измешана со парчиња од тули и тегули и малубројни фрагменти од керамички садови.

На нивото каде е пронајден делот од скелетот, во аглите на гробницата, особено во западниот дел, пронајдени се бројни железни окови од ковчегот на покојникот. Еден фрагмент е пронајден непосредно на карлицата од погребениот.

Истражувањата во 1976. година овозможија конечно да се оцрта целината на планот од црквата. Утврдено е дека таа била тробродна базилика со потполна должина од 17. 30 м., потполна ширина заедно со зидовите 11. 45 м. Во продолжението на осовината од централниот брод поседувала полукружна апсида со ширина 4. 50 и длабочина 2. 80 м. Страничните бродови на источната страна биле затворени со прави зидови. Источниот зид од јужниот брод покажуваше извесно задебљување и продолжување на сметка на полукружната апсида. Таква појава не е утврдена кај северниот брод. Во западната партија апсидата беше делумно затворена со каменен ѕид, кој не е утврден на целата ширина од централниот брод. Тој претставува граница помеѓу апсидата и централниот брод. Во сочуваните темели на апсидата, во разни нивоа, утврдени се траги на малтер од вар. Траги на малтер од вар не се утврдени во други зидови од сакралната градба. Во апсидата успеа да се дојде до приближното ниво на подот кој е означен со сочувани ниски столпчиња, конструирани од лошо печени дебели тули во неколку редови. Тие ниски столпчиња се поставени во два реда, по четири на работ од ризницата-реликвијар. Веројатно претставувале цокл, со кој се украсувало и затворало местото на кое се наоѓал олтарот. Централниот брод имал АОАжина 10. 10 м. а ширина 5. 25 м. Во тој брод, во југоисточниот дел, минатата година откриена е гробница со тројно погребување (број 36). Страничните бродови имаа должина 8, 70 м. Ширината на северниот брод изнесуваше 1. 85 м. Со такова ширина сигурно бил и јужниот брод, но, за жал, тоа е тешко да се утврди заради неговата девастација од страна ца подоцнешните погребни закопувања. Должаната на припратата изнесуваше 2. 85, а ширината 10. 15 м.

Откриените фрагменти на црквените зидови покажуваат дека во тој АСА тие биле издигнати од парчиња на кршен камен, како и фрагменти од секундарно користените тули и тегули. Дебелината на з5идот изнесуваше помеѓу 0. 62 и 0. 70 м.

Доградениот објект при западниот зид на припратата не ја оцфака нејзината цела ширина. Дел од доградениот објект откриен е и во квадрантот 296. Во таков случај, можно е во подоцнешниот период да бил дограден до припратата некој вид на портик. Рекапитулирајќи го добиениот план на основата од градителскиот комплекс на црквата, можеме да утврдиме дека тоа било тробродна базилика со една полукружна апсида и нартекс. Црквата поседувала грижливо организиран презбитеријален дел. Задебелувањето кое го констатиравме кај јужниот завршеток на апсидата, во смисла на неговата функција, во овој момент е тешко попрецизно да се објасни. Влезот во светилиштето се наоѓал во централниот дел на западната страна, на местото каде во подоцнешно време можеби бил изграден портик.

Во светилиштето се наоѓале гробници само на значајни личности на своето време од овој терен. Во рамките на зидовите од црквата утврдени се две гробници (број 36 и 55), како и четири надвор од нив: две покрај јужниот (број 15 и 16) и две покрај северниот 5ид (број 65 и 66). Една од овие последните му припаѓала на дете.

Гробницата број 65, пронајдена е надвор од црквата, при северниот зид, во квадрантите 259 и 278, на длабочина 621. 04 м н. н. м., со димензии 2. 46 х 1.00 х 1. 00 м., била изградена од кршен камен и тули, а од внатрешната страна премачкана со танок слој на белосив малтер од вар. На западната страна од горната површина на зидовите се сочувале камења поврзани со малтер од вар, кои изгледа имале функција на ослонац за покривачот на гробот. Плочите кои го покривале гробот, веројатно се симнати во моментот на неговото ограбување. За тоа дека гробот бил покриен со четери плочи, најверојатно камени, сведочат отпечатоците на истите во остатоците на малтерот од вар во слојот. Гробницата беше исполнета со темна земја во која на разни места се наоѓаа фрагменти од тегули, често украсени со орнаменти во вид на брановидни линии. Покрај ова, во земјата се наоѓани и фрагменти на керамички и стаклени садови, парчиња на сликано прозорско стакло, како и две мали топчиња бронза. На висина од околу 0.30 м. од дното на гробот, во западниот дел, пронајдени се два златни предмети. Едниот од нив се состои од два скоро идентична дела, со облик приближно сличен на паралелопипед, кои на двата краја завршуваат со петеи, преку кои на едниот крај и се спојуваат. Вториот златен предмет е секако, полиедарска глава од некоја игла. Во гробницата се пронајдени и неколку ситни парчиња од човечки коски. Дното на гробот беше прекриено со две камени плочи. Во долниот дел е утврдено присуство на некоја камена конструкција, составена од шест камења од кои пет се поставени на кант. Камењата беа поставени како во западниот, така и во источниот дел кај главата и нозете на покојникот. Функцијата на тие камења не с доволно јасно изразена. Хипотезата дека тие претставуваат остатоци на постар гроб кој бид ликвидиран при градењето на гробницата е малку веројатна. Во исто време можна е друга претпоставка дека покојникот бил погребен прво во поедноставен гроб во облик на циста со страни од парчиња на камења, а подоцна е изградена гробницата. Kon таа претпоставка оди во прилог и исклучителната големина на гробницата во однос на другите кои се испитани во кругот на црквата, што може да се протолкува дека истата била зависна од димензиите на првобитната камена конструкција.

Скромно конструиран беше и гробот на дете број 66, откриен во квадрантот 277. Неговата форма претставуваше обична циста од тули на кант со под и покривач од две камени плочи. Цистата имаше димензи: 0.74 х 040 и висина 0.34 м. Димензиите на тулата од страните на цистата изнесува 28 x 36.5 x 3 см.; 27 x 22 x 4.5 см. u 25 х 30 х 5 см. Под плочата на подот од гробот пронајден е златен прстен. Поставувањето на прстенот во тој дел на гробот би укажувало на тоа дека родбината на погребениот вниивамала дека гробот не ќе биде ограбен во моментот кога би го отвориле некои ограбу. вачи. а

За попрецизно одредување на функцијата на откриениот храм, како посебно интересно ни изгледа отсусвото на поголем број погребувања освен оние во порано опишаните гробници. Тоа може да укажува дека црквата била врзана за претставници на фамилии од повисок општествен слој, чии членови вршеле фудкции на високи државни службеници во овој крај. Во поширокиот круг на заклучоците треба да се регистрира и впечатокот дека храмот бил напуштен во мирнодопските услови, за што зборува и празнењето на ризницата во малата крипта под олтарот, што не ја исклучива можноста дека тоа било направено од страв заради поголемите опасности што ги носеле наездите на варварите од дунавските страни.

Тулата која се појавува во југозападниот профил на квадрантот 299, на висина 621.19, сигурно претставува остаток по изградбата на конструкцијата за цоклот на олтарот. Тоа во исто време е ниво на користениот терен за времето кога црквата функционирала.

Северозападно од црквата, во квадрантите 239, 240 и 221, откриена е во минитата година скоро цела основа на кружна камена зграда, сочувана висина 621.69 M ч. н. м. Нејзинот пречник изнесува 470 м. а дебелината на зидовите 0,72 — 074 м. идот е изведен од кршен камен, парчиња тули, тегули и малтер од вар. Во средината на градбата сочувани се остатоци од писцина со основа во облик на рамнокрак крст, со должина на краците 2.13 и 2.08 m. Истата е изградена од тули и малтер од вар. Во средината се наоѓаше правоаголен базен со димензии: 0.71 x 0.64 м. и висина 0.10 M. со канал во јужниот дел со дим. 6 x 9.5 см. Во писцината се слегувало по скали изграден од поголеми тули чии траги се воглавно сочувани во слоевите на малтерот од вар. Базенот се наоѓаше на длабочина од 62124 — 621.04 mu. н. м. Сочувани се остатоците на два пода во ситуација еден над друг. Јужниот крак на крстот се потпира на камениот ѕид, кој се наоѓа во внатрешноста на просторијата во југозападниот дел на ротондата, по осовина исток-запад. Тој зид и ѕидот кој оди по осовината север--југ и допира до југоисточниот дел на базенот чинат една конструктивна целина. Тој ѕид веројатно го затворал просторот во јужниот дел на ротондата.

Во североисточната партија на ротондата, на висина 621.26 Mm H. н. м. се наиде на површина на земја со портокалова боја измешана со парченца од толчена тула. Можеби е тоа траг дека градбата била користена и подоцна кога веќе ја изгубила својата сакрална функција.

Сите елементи на откриената кружна градба, која се наоѓа на оддалеченост од 6.25 м. северно од црквата, укажуваат дека таа имала функција на баптистеријум. Горе споменатиот одвоен простор можел да се користи за соблекување и облеќување на лицата кои биле крштавани во писцината.

Хронологијата на комплексот на градбата на баптистеријумот не е доволно јасна. Во секој случај, тој е несомнено постар од делот на некрополата од X—XI век, кој се наоѓа во исто ниво со него.

зидовите од црквата биле изградени во III слој, кои се одликува со жолто-темно обоена земја и со присуство на поголем број фрагменти од тули и тегули. Врз основа на појавата во некои квадранти на остатоци на архитектура со камени зидови, можно е да се рече дека зидовите од црквата се помлади во однос на некои од нив. Во хронолошкиот редослед, ни се чини, односот е следен: Временски најблиску стои делумно уништената подна површина 3.80 x 5.50 M., пресечена со конструкцијата на гробницата број 65, откриена на длабочина 621.09—620.98 mM н. н. м. во квадрантите 258 и 259. Изведена е од парченца на толчена тула и тегули поврзани со светло-розикав малтер од вар. Таа подна површина паѓа спрема средината каде што се ствара незначително вдлабување. Досегашната опсервација не допушта поврзување на овој под со некои делови на сочуваните остатоци од архитектурата. За разгледување е претпоставката дека тој под можел да биде поврзан со црквата, односно дека е тоа ојачана површина во делот на просторот кој се поврзува со преминот од црквата до баптистеријумот. Во тој случај гробницата број 65 би била незначително помлада од опишаниот под.

Постар од подот е зидот кој оди по дијагоналата на квадрантот 259, на длабочина 621.17 м ин. н. м. Во моментот кога подот се поставувал, тој ѕид се наоѓал во состојба на актуелна урнатина, што е можно да се докаже со наодот дека подот делумно оди преку него. Откриениот фрагмент на зид не ниа допушта квалификацијата на неговата функција. Постар од него е североисточниот агол на камена зграда, сместен во североисточниот дел на квадрантот 259, со круна на 620.99 м н. н. M, Намената на таа зграда не е позната. Меѓутоа, тој стратигртфски се врзува со зидовите откопани при источниот профил во квадрантот 277 на 621.06 МН. н. м., како и со зидовите во квадрантот 258 на 62146 м н. н. м.

Од сомото тоа време потекнува сигурно и камениот 5ид испитан во квадрантот 280 (длабочина 620.82 м н. н. м) и во квадрантот 200 (длабочина 620.77 M н. н. M.), како и аголот на таа градба во квадрантите 318, 280 и 299. На тој зид се потпира источниот дел на апсидата. Можно е споменатите зидови да претставуваат остаток од постара сакрална градба. Можеби таа била специјално изградена како хрисјанска црква или изградена како зграда за други потреби, а подоцна адапритрана за црквени обреди. Таа претпоставка ја оправдува околноста што се со таа зграда поврзани гробовите во источниот профил н квадрантот 280, како и гробницата број 37 во квадрантот 310, испитана во 1955 година.

Елементи на камена архитектура, постари од црквата, откриени се исто така и во квадрантот 255. Бидејќи тој квадрант не е ископан до лежиштето на зидовите, а истите не се откриени во целост, во овој момент тешко е да се каже дали постои нивна взаемна хронолошка релација.

Од подвижните споменици пронајдени се примероци изработени од злато, олово, бронза, железо, стакло и тлина.

Најскапоцени наоди претставуваат два предмети од злато пронајдени во гробот број 65. Еден од нив е глава во облик на полиедар од игла со големина 4 х 4 мм., а другиот, веројатно копча од два споени дела преку конци со следните димензии: должина 2.6 и 2.8 см. и висина 0.30 0.4 M.5

Под подната керамичка плоча во гробот на дете број 66 пронајден е златен профилисан прстен со раширена овална круна, на која наоѓаме комбиниран врез на монограм М. Пречник на прстенот 1.5 см. Најблиски аналнгии на овој прстен со слични монограми познати се од Коринт, каде се датирани во VI век.

Во гробот број 52 пронајден е граден крст реликвијар од бронза со големина 10.347 см. и дебелина 1.1 см. На реверсот е врежана фигура на Исус Христос, а на аверсот фигура на Богородица во став на оранта. Слични крстови од палестинско потекло, познати од наоди во разни краеви на Балканскиот полуостров и надвор од него, вообичаено се пошироко датирани во X—XII век.

Исто така е пронајдена алка од бронзена жица со отворени краеви, со пречник 1.8 см. Помеѓу предметите од олово треба да се спомене доста добро сочувана пломба од олово со грчки натпис »LOU-POU« кој е два пати повторен. Веројатно од слично потекло бил предметот од олово без натпис, пронајден минитата година. Меѓутоа, еден друг предмет од олово пронајден оваа година во облик на правоаголник со заоблени рабови, имал некоја друга функција.

Од подвижните наоди врзина со продукцијата на железо, треба да се споменат неколку фрагменти на згура и шака и некои готови производи, како стрелки, нож, бројни шајки со различни големини и окови на саркофаг. Наодот на железна згура покажува дека на овој локалитетот некогаш постоеле ковачки работилници. АеА од железните предмети најдени на локалитетот Градиште кај Дебреште можеби потекнуваат од локална продукција.

Слично како и минатите години и оваа година во издвоените наоди имаме предмети од стакло, како што се фрагменти од садови и делови од прозорци. Овие наоди потекнуваат од разни места и длабочини на истражуваниот дел на локалитетот. Воглавно ги откриваме во насипите од гробниците. Од стаклените предмети треба да се споменат фрагментите на пехари, како и парчиња од подебело стакло кои потекнуваат од некој поголем сад. Покрај овие, пронајдени се фрагменти од прозорско стакло, од кои некои носеа траги на боење, што можело да значи дека потекнуваат од витражи. Покрај сето тоа откриени се и две римски бронзени монети.

Најбројната група на наоди претставена е со предмети изработени од глина. Тука се на прво место бројните фрагменти од керамички садови. Најголем од нив пронајден е во квадрантите кои не беа заземени со делови од црквата и покриени со гробови. Дури до горните нивоа во мешани групи се појавуваше хеленистичка, римска, рановизантиска и средновековна керамика. Напоредно во слојот 11, во сива земја, како и во плафонот на слојот III, кој го сочинуваше жолто-кафеана земја, се појавуваат примероци кои се од една страна блиски на рановизантиската, а од друга страна на раносредновековната наддунавска керамика. Но основа на оваа уводна анализа можно е да се каже дека се тие примероци срекавани во мал број во слојот III и дека не го преоѓаат IX—X век. Таа оценка е дадена на основа на хронолошките критериуми за наддунавската керамика на Средна Европа. Заради тоа не е исклучено дека таа керамика во овие краеви потекнува и од поранешни времиња. Во исто време пронајдените примероци во слојот II, а особено во североисточниот дел во квадрантот 221, и Припаѓаат на керамиката чија горна граница можеме да ја сместиме во XI—-XII век. Од тоа време потекнува и жрвањот пронајден во споменатиот дел на квадрантот 221.

Од керамичките производи посебно треба да се спомене глинената лампа од V1 век, која се сочувала во целост.

Во оваа категорија на наоди треба да се споменат и бројните глинести тегови со разни големини, облици и намени. Пронајдени се исто така и неколку прешлени со топчести облици.

Резултатите од овогодишните ископувања на локалитетот Градиште кај селото Дебреште, дозволуваат објаснување на проблематиката која се однесува на дел од тврдината во близината на источната порта, како и утврдување на хронологијата на откриените сакрални објекти. Се покажа дека на тоа место, најдоцна во полниот

Ca. 4.
Сл. 4.
Илустрација, стр. 213

крај на IV век или во почетокот на V век е подигната сакрална град-Оа при која се вршени погребувања. Гаа најстара сакрална градба не можеше да биде испитана во целост, но нејзиното постоење е сосема веројатно од причините кои се веќе изнесени. На тоа место, во подоцнешно време, веројатно при крајот на VI век, изградена е Оа: зилика чиј план на основата е скоро во целост откриен во 1974—1976 година. Со таа базилика врзан е северно од неа баптистеријумот Можно е дека оваа црква со сден свој дел служела и во подоцнешно време, од крајот [Х-ТН до почетокот на X век. Во тој период можеби настапила гвалтовна девастација. Гробовите од X—XI век на нејзините зидови покажуваат дека таа во тоа време била веќе во полна руина. Мошне важен наод кој го потврдува ова е откритието на гробот на црквеп достоинственик со крст реликвијар на градите во руините на централниот брод од базиликата. Во XII век, северно од овие гробови од X—XI век, веројатно егзестирала населба чии остатоци ги имаме откриено во квадрантот 221.

Драгоцените резултати добиени во истражувањата во последните години наметнуваат потреба за континуација на археолошките ископувања на тој локалитет. Со понатамошниот план се предвидува концентрација на истражувања на овој археолошки комплекс каде што можат да се појават слоеви од времето на полната доминација на словенското племе Брсјаци, од крајот на VI до средината на IX век и подоцнешната егзистенција на сваа територија под управата на кометопулот Никола и владеењето на неговиот син царот Самуил.

Белешки

  1. Археолошките истражувања на локалитетот Градиште кај селото Дебреште во 1976 година извршени се во време од 11 септември до 14 октомври, во рамките на соработката помеѓу7 Народниот музеј во Прилеп и Институтот за историја на матернијалната култура на Полската академија на науки во Варшава. Заједничките истражувања на овој локалитет започнаа во 1974, а про-АОА#КНја и во 1975. година. Со работите раководел Бошко Бабиќ, директор на Народниот музеј во Прилеп и Др Јадвига Раухут, адјункт на Институтот за историја на матернијалната култура во Варшава. Повремено во работите учеству-Ваја Миле Тодороски, студент на историја на уметност на чилозофскиот факултет во Скопје и Миле Богески, кустос на Народниот музеј во Прилеп. Фото и техничката документација ја изведоа Катарина Зјентецка и Тадеуш Павлицки од Варшава. ↩
  2. Просторот од внатрешната страна, кај источната капија на рановизантиската тврдина, ни го зачувал, нам евидентен, најмладиот културен слој согробови од X-XI век и остатоци на населба од XII век. Постоел, веројатно, уште еден помлад културен слој кој му припаѓа на времето после XII век, но за жал, тој је потполно уништен со акцијата на булдожери во 1964 година. Име-НО, со цел да се формира масивна земјена брана по средината на локалитетот, приближно во осовината запад-исток, сечени се со булдожери горните слоеви и истите туркани на линијата од браната. ↩
  3. Во 1975. година откопани се 45 гробови (Б. Бабик, Б. Хензел, Ј. Раухут, Археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај село Дебрешће. Прилеп, 1976, 251—261). Во 1970. година, за време на ископувањето во петоаголните кули и во просторот на самата источна капија, непосредно од западната страна на нејзиното внатрешен јужен довратник, Тадеуш Калегин, археолог од Вроцлав. ↩
  4. Б. Бабиќ, В. Хензел, J Раухут, оп. цит. 259—260. Некрополата с датирана во X-XI век. Постои веројатност дека била користена и во XII век. Појавата на друга некропола, надалеку, северозападно од оваа, ископувана 1964. година со прилози во гробови од XII и XIII век, ни ја сугерира на одреден начин горната временска граница на егзистенцијата на постарата некропола. ↩
  5. Според информацијата на професорот на Универзитетот во Скопје Др Иван Микулчиќ, слични примероци изработени од бронза и сребро наоѓани се и во гробови од IV7 век на теренот на античкиот град Скупи. ↩

Résumé

Rapport sur les fouilles exécutees par l’équipe macédono-polonaise sur le site de Gradište pres du village de Debrešte en 1976 par B. Babić

Les fouilles archéologiques exécutées en 1976 sur le site de Gradiste auprés de village de DebreSte se sont concentrées sur la partie interrieure de la forteresse paléobvzantine qui se trouve auprés de la porte orientale et ont englobé les carrés 221,239,240,258,259,260,277 et 278 du secteur II. Des explorations ultérieures ont aussi сте effectuées sur les carrés 279,280,298 et 299 dont les fouilles avaient dé a été amorcées au cours de l’année derhiére. Les fouilles de 1976 ont réussi a englober dans les recherches la surface et la hauter de la nécropole qui date de la couche culturelle la plus récente située auprés de Ja porte orientale. Cette nécropole s’étendait sur les careés 11, 12 et 30 du IV° secteur, et 277,278,279,297, 298, 316, 317 et 318 du IIe secteur. Cette année l’on a mis a jour 12 tombes dont six ont été découvertes en entier. En réalité l’on a découverte jusqu’a a présent 58 squelettes. La nécropole toute entiére ne comptait pas plus de 70 a 80 tombes.

Топ peut attribuer avec certitude au XIIe siécle la meule découverte дата le carré 221 de méme que les deux fosses de la zone culturelle Ne 2 qui étaient destinées a recevoir du grain et qui ont été découvertes en 1975.

La nécropole mentionnée plus haut appartient probablement a un niveau chronologique plus ancien a savoir aux X* te XI* siécle. Viennent ensuite les гите d’un édifice cultuel accompagné de caveaux datant du МП“ siécle. En 1976 les recherches ont permis de tracer le plan complet de l’ensemble de cet édifice. L.on a constaté qu'il avait été une basilique a trois nefs avec un narthex dont la longueur totale était de 17,30 m et la largeur, v compris |’épaisseur des murs, de 11.45 m. Dans le prolongement de l’axe longitudinal de la nef centrale se trouvait une abside demi-circulaire d’une largeur de 4,5 m et d’une profondeur1 de 2,80 m. Dans l’édifice méme ne se trouvaient que les tombes des personnalités les plus en vue de Геродие sur ce terrain. A J’intérieur des тирс de l’église Yon па trouvé que deux tombeaux (36 et 55) et, flanquant les murs du cédté extérieur, quatre autres tombeaux, deux (15 et 16) auprés du mur sud et deux (65 et 66) aupres du mur nord.

L’on a découvert entre autre chose, dans la caveau No 65 deux objets en or dont ап semble étre une agrafe de manteau et l’autre la téte en forme de polvédre, arrachée a une épingle. Dans la tombe d’un enfant (66) l’on a découvert une bague en or datant probablement du VIᵉ siècle.

Des recherches ultérieures ont aussi été effectuées dans les carrés 239,240 et 221, au nord-ouest de l’église dans lesquels l'on avait découvert l’annce derniere presque tous les fondements d’un édifice en pierre en forme de rotonde. Son. diamétre était de 470т et l’épaisseur des murs 0,72 a 0,74m. Au milieu de l’édifice se trouvait une piscine cruciforme. Tous les éléments de cet édifice en forme де rotonde qui se trouve a une distance de 6m25 au nord de l|’église так quent qu il avait di servir de baptistere.

Parmi les autres découvertes importantes faites au cours de cette année il faut mentionner la croix pectorale format reliquiaire de type palestinicn, avec les figures gravées du Christ et de la Vierge trouvée dans la tombe Ne 52. Cette tombe avait appartenu a la nécropole des X* et XI¢ siécles.

La découverte d’un double sceau en plomb est intéressante, elle a été faite directement dans la couche de terre et l'objet porte sur ses deux faces l'inscription grecque »loupou«. Parmi les autres trouvailles il faut mentionner les fragments de poteries de diverses époques, des fragments de vaisselle de verre et des fragments de verre peint provenant des vitraux. Parmi les objets en argile il faut remarque une lampe datant de l’époque paléochrétienne. Les nombreux morceaux de scories de fer montrent ди! devait y avoir eu sur cette localité a une époque donnée de la production de fer et d’objets faits en fer.